македонско-бугарското пријателство Archives - Република https://republika.mk/tema/makedonsko-bugarskoto-prijatelstvo/ За подобро да се разбереме Tue, 25 Jan 2022 15:31:22 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png македонско-бугарското пријателство Archives - Република https://republika.mk/tema/makedonsko-bugarskoto-prijatelstvo/ 32 32 Стаклените нозе на македонско-бугарското пријателство https://republika.mk/kolumni/staklenite-noze-na-makedonsko-bugarskoto-prijatelstvo/ Tue, 25 Jan 2022 15:29:37 +0000 https://republika.mk/?p=449353

Петар Поп-Арсов

Посета на Петков на Македонија. Возвратна на Ковачевски на Бугарија. Средби, состаноци, заедничка седница на двете влади, церемонии, свечености, насмевки, гушкања и најави за конкретни чекори за зајакнување на меѓусебната соработка.

Добар почеток! Навистина добар... или само обична илузија?!
Ќе видиме, крајот ќе каже!

Крајот на приказната или крајот на нивните мандати? Едно од двете!
Почетокот на оваа приказна многу наликува на почетоците на „врската“ меѓу Бојко и Заев. Тоа беше „ветувачка приказна“, полна со „добри намери“, иницијативи, решеност и посветеност за остварување на целта која што здружно си ја поставија. Таква беше на почетокот. За жал, средината на нивната приказна ја знаеме, доживеавме и преживеавме, а нивниот крај дојде како олеснување од сите проблеми и тензии кои што заедно ги создадоа.

Каков ќе биде „рилејшншипот“ на Ковачевски и Петков? Ќе има хепиенд или ќе гледаме реприза на истата претстава во изведба на новите премиери?!

Суштински гледано, во односите меѓу два соседни народа крајот никогаш нема крај. Секогаш има нешто потоа. Затоа овие почетни средби на двата премиера се само добар вовед во она на кое што вистински треба да се фокусираме, средината на приказната и текот на процесот. Тука е супстанцата на меѓусебниот однос и на она што го живееме меѓу двете точки во времето, наречени почеток и крај.

Пријателски однос, меѓусебно почитување, соработка во различни области и конкретна реализација на проекти со кои што постојано се жонглира пред македонската и бугарската јавност веќе триесет години, е она што се очекува од двата премиери. Пруга, автопат, авионски линии, нови гранични премини, зголемување на трговската размена, треба да ги заменат несогласувањата и различните агли на гледање на историјата. Прашањето за тоа дали пругата и автопатот за меѓусебното поврзување ќе одат од запад кон исток, според нашата перцепција, или пак од исток кон запад, според бугарска перспектива на гледање, треба да останат единственото спорно прашање кое што ќе треба да го расчистуваме. Дебатата за историски прашања е беспредметна, антиевропска и непотребна. Тука не смее да има отстапки. Нашето гледање и поимање на нештата е нашата вистина, исто како што погледот и поимањето на соседот од другата страна е неговата (Miguel de Unamuno). Секој нека живее со својата вистина. Повторното ставање на сопствените поимања на историската вистина на иста маса со реализацијата на посакуваните проекти одново ќе не втурне во прегратките на сите оние кои што посакуваат конфликт, нестабилност и стагнација.

А, ги има многу. На сите страни и од сите страни. Провакации, подбуцнување, навреди и омаловажување до степен на негирање беа секојдневие во македонско-бугарските односи до пред само неколку месеци, да не кажам недели. Тоа беше стандарден вокабулар на оние кои што патриотизмот го поистоветуваат со омразата кон другиот, кон соседот, па дури и кон своите кои остварувањето на националните интереси го гледаат на поинаков начин. Патриотизмот не е шовинизам, ниту пак е ксенофобија.

Негирањето, опструкциите и блокадите кон соседот во никој случај нема да дадат позитивен резултат за оној што блокира. Напротив, ќе создадат реакција, реципроцитет, подигање на гардот, дури и говор на омраза кај повеќето кои што се чувствуваат загрозени и погодени од негаторските политики на било кој сосед, држава или народ. Ќе создаде дури и зголемена кохезија по етничка основа, мобилизација за одбрана на идентитетот и сите останати атрибути кои што детерминираат еден народ, во случајов македонскиот.

Историски гледано, ако нешто позитивно му се има случено на македонскиот народ како производ од грчките и бугарските негирања и блокади е подигањето на националната свест, зајакнувањето на идентитетското чувство и зголемувањето на свеста за вредноста на сопствениот јазик, култура и традиција. Ако им се лутиме за блокадите, за ова другото треба да им кажеме благодарам.

Негаторскиот пристап на Андонис Самарас, Божидар Димитров, Каракачанов и останатите се покажа како пречка за меѓународната интеграција на македонската држава и македонскиот народ, но истовремено и како исклучително корисен за македонската меѓусебната кохезија и внатрешната интеграција. Нивната тврда сила кон Македонија, Македонците и македонскиот идентитет е „мала беба“ во однос на ефектите кои што ги има меката сила на Цеца и Карлеуша, гледано пред се од аспект на културниот идентитет. Но тоа е друго прашање кое заслужува сериозно внимание.

Токму затоа, секое зацврстување на пријателските односи со соседите, со сите соседи, во конкретниов случај со Бугарија, се приоритет и од исклучително значење за самите нас. Македонскиот патриотизам не смее да биде резултат на омраза кон другиот и анимозитет кон соседите. Но, во исто време не смее да оди во друга крајност и да се сведе на инфериорност и дефетизам како што беше демонстриран во несмасната изјава на Маричиќ: „Не е на Македонија да кажува каде, какво малцинство има во регионот. Тоа е внатрешно прашање на држави во регионот, вклучувајќи ја и Бугарија“.

Ова веќе прераснува во сериозна патетика. Постојаните бугарски барања да декларираме дека немаме некакви претензии и намера за мешање во нивните суверени права и внатрешно уредување, од една страна, и постојаното наше повторување и декларирање дека навистина тоа го мислиме, од друга страна, се единствениот „реализиран проект“ на двете (добро)соседски држави. Не гледам потреба Маричиќ експлицитно да го потенцира овој факт, особено не гледам потреба од огромната доза на неговата самоувереност и задоволство со која го искажа својот став, небаре ни соопштува нешто ново. Тој ги навреди чувствата на Македонците. Ги навреди со цел да се додвори до бугарската страна.

Маричиќ треба да знае неколку работи.

Прво, Македонија уште во 1992 година, со Амандманот 2 на Уставот, декларираше дека: „Републиката притоа нема да се меша во суверените права на други држави и во нивните внатрешни работи“. Зборуваме за далечната 1992 година, не за минатата недела или минатиот месец. Второ, во 2019 година, со Амандманот 36 на Уставот, Македонија повторно декларираше дека: „Републиката притоа нема да се меша во суверените права на други држави и во нивните внатрешни работи“. Истата реченица, до збор. Трето, во меѓувреме беа потпишани спогодби, договори и што ли уште не со кои македонската држава повторно и повторно се обврзуваше на не мешање во суверенитетот и внатрешното уредување на соседот. Сето ова треба да го знае доскорешниот министер за правда.

Тој треба да знае и дека Бугарија нема толкав проблем со македонската држава колку што има самата со себе. Бугарија е членка на Советот на Европа, дел од Европската конвенција за човекови права, а со тоа е под директна јурисдикција на Судот во Стразбур. Концептот на нивното внатрешно уредување не дозволува практикување на малцинските етнички права како колективна димензија, туку само како индивидуално човеково право. Со други зборови, не признава етнички малцинства на својата територија.

Во исто време, Бугарија е членка на Рамковната конвенција за заштита националните малцинства на Советот на Европа, која како акт на оваа организација е фокусирана токму во правец на заштитата на малцинските права како колективитети.

Тука е парадоксот на бугарската држава. Со меѓународен договор се обврзала на почитување и заштита на националните малцинства како колективитети, а со внатрешното уредување не дозволува практикување на правата на националните малцинства. Можеби бугарското членување во Рамковната конвенција за заштита на националните малцинства е само заради заштита на сопственото малцинство во соседните земји?! За правата на другите кај себе, „мало сутра“, што би рекол ликот кој ја запржи оваа чорба и не доведе во крајно комплицирана и подредена положба.

Проблемот кој што бугарската држава го има самата со себе е причина за вовлекување на целата ЕУ во оваа парадоксална ситуација. Во случајов имаме обратен процес, односно извоз на неконзистентност и непочитување на стандарди од страна на ЕУ кон земја кандидат за членство во ЕУ, односно од една земја членка на ЕУ кон една земја членка кандидат.

Ваквата поставеност на нештата ја прави Бугарија исклучително ранлива на меѓународен план, особено ако доследно се почитуваат европските договори, конвенции и стандарди. Европската конвенција за човекови права претставува исклучително моќна алатка во рацете на Македонците кои што живеат во Бугарија и која што во повеќе наврати беше ефектуирана преку бројните пресуди на Судот во Стразбур во полза на Македонците од Бугарија. Истовремено, постојаните наоди на експертите од Рамковната конвенција за национални малцинства за постоењето на Македонци во Бугарија, претставуваат дополнителен товар за нашиот сосед кој мака мачи со сопственото членување во овој меѓународен договор.

Сума сумарум, Маричиќ треба да знае дека тој воопшто не е важен за заштитата на правата на Македонците во Бугарија. За волја на вистината, никој не очекува ниту пак се надева дека Маричиќ нешто и некого ќе заштити. Зарем личи на таков?! Единствено нешто што можеме да очекуваме од него е да има минимум политички сенс при давањето на изјави за чувствителни теми. Да не ги навредува чувствата на мнозинството граѓани на оваа држава и да го сокрие сопственото задоволство и триумфализам со кои зрачи мислејќи дека кажал нешто паметно. Тој треба да е свесен дека македонската држава, како дел од системот на Конвенцијата (ЕКЧП), има обврска да се залага и бори на мултилатерален план за заштита на правата сопственото национално малцинство, но и на сите национални малцинства каде и да живеат, врз основа на принципи и стандарди.

Тука Маричиќу имаш обврска, не можеш да се криеш! Држи се само до надлежностите.

Можеби е подобро е што не замина во Софија. Ќе го расипеше продолжението на „премиерската идила“ и сите оние церемонии. Подобро е за сите нас, но и за тебе. И така веќе се претвораш во симбол, инспирација и провокација за други политички ликови, без разлика на страната, кои со нови непромислени изјави можат да го загрозат процесот на помирување, кој и без тоа е на стаклени нозе, а Македонија во недоглед да остане соочена со блокади и опструкции.

The post Стаклените нозе на македонско-бугарското пријателство appeared first on Република.

]]>

Петар Поп-Арсов

Посета на Петков на Македонија. Возвратна на Ковачевски на Бугарија. Средби, состаноци, заедничка седница на двете влади, церемонии, свечености, насмевки, гушкања и најави за конкретни чекори за зајакнување на меѓусебната соработка. Добар почеток! Навистина добар... или само обична илузија?! Ќе видиме, крајот ќе каже! Крајот на приказната или крајот на нивните мандати? Едно од двете! Почетокот на оваа приказна многу наликува на почетоците на „врската“ меѓу Бојко и Заев. Тоа беше „ветувачка приказна“, полна со „добри намери“, иницијативи, решеност и посветеност за остварување на целта која што здружно си ја поставија. Таква беше на почетокот. За жал, средината на нивната приказна ја знаеме, доживеавме и преживеавме, а нивниот крај дојде како олеснување од сите проблеми и тензии кои што заедно ги создадоа. Каков ќе биде „рилејшншипот“ на Ковачевски и Петков? Ќе има хепиенд или ќе гледаме реприза на истата претстава во изведба на новите премиери?! Суштински гледано, во односите меѓу два соседни народа крајот никогаш нема крај. Секогаш има нешто потоа. Затоа овие почетни средби на двата премиера се само добар вовед во она на кое што вистински треба да се фокусираме, средината на приказната и текот на процесот. Тука е супстанцата на меѓусебниот однос и на она што го живееме меѓу двете точки во времето, наречени почеток и крај. Пријателски однос, меѓусебно почитување, соработка во различни области и конкретна реализација на проекти со кои што постојано се жонглира пред македонската и бугарската јавност веќе триесет години, е она што се очекува од двата премиери. Пруга, автопат, авионски линии, нови гранични премини, зголемување на трговската размена, треба да ги заменат несогласувањата и различните агли на гледање на историјата. Прашањето за тоа дали пругата и автопатот за меѓусебното поврзување ќе одат од запад кон исток, според нашата перцепција, или пак од исток кон запад, според бугарска перспектива на гледање, треба да останат единственото спорно прашање кое што ќе треба да го расчистуваме. Дебатата за историски прашања е беспредметна, антиевропска и непотребна. Тука не смее да има отстапки. Нашето гледање и поимање на нештата е нашата вистина, исто како што погледот и поимањето на соседот од другата страна е неговата (Miguel de Unamuno). Секој нека живее со својата вистина. Повторното ставање на сопствените поимања на историската вистина на иста маса со реализацијата на посакуваните проекти одново ќе не втурне во прегратките на сите оние кои што посакуваат конфликт, нестабилност и стагнација. А, ги има многу. На сите страни и од сите страни. Провакации, подбуцнување, навреди и омаловажување до степен на негирање беа секојдневие во македонско-бугарските односи до пред само неколку месеци, да не кажам недели. Тоа беше стандарден вокабулар на оние кои што патриотизмот го поистоветуваат со омразата кон другиот, кон соседот, па дури и кон своите кои остварувањето на националните интереси го гледаат на поинаков начин. Патриотизмот не е шовинизам, ниту пак е ксенофобија. Негирањето, опструкциите и блокадите кон соседот во никој случај нема да дадат позитивен резултат за оној што блокира. Напротив, ќе создадат реакција, реципроцитет, подигање на гардот, дури и говор на омраза кај повеќето кои што се чувствуваат загрозени и погодени од негаторските политики на било кој сосед, држава или народ. Ќе создаде дури и зголемена кохезија по етничка основа, мобилизација за одбрана на идентитетот и сите останати атрибути кои што детерминираат еден народ, во случајов македонскиот. Историски гледано, ако нешто позитивно му се има случено на македонскиот народ како производ од грчките и бугарските негирања и блокади е подигањето на националната свест, зајакнувањето на идентитетското чувство и зголемувањето на свеста за вредноста на сопствениот јазик, култура и традиција. Ако им се лутиме за блокадите, за ова другото треба да им кажеме благодарам. Негаторскиот пристап на Андонис Самарас, Божидар Димитров, Каракачанов и останатите се покажа како пречка за меѓународната интеграција на македонската држава и македонскиот народ, но истовремено и како исклучително корисен за македонската меѓусебната кохезија и внатрешната интеграција. Нивната тврда сила кон Македонија, Македонците и македонскиот идентитет е „мала беба“ во однос на ефектите кои што ги има меката сила на Цеца и Карлеуша, гледано пред се од аспект на културниот идентитет. Но тоа е друго прашање кое заслужува сериозно внимание. Токму затоа, секое зацврстување на пријателските односи со соседите, со сите соседи, во конкретниов случај со Бугарија, се приоритет и од исклучително значење за самите нас. Македонскиот патриотизам не смее да биде резултат на омраза кон другиот и анимозитет кон соседите. Но, во исто време не смее да оди во друга крајност и да се сведе на инфериорност и дефетизам како што беше демонстриран во несмасната изјава на Маричиќ: „Не е на Македонија да кажува каде, какво малцинство има во регионот. Тоа е внатрешно прашање на држави во регионот, вклучувајќи ја и Бугарија“. Ова веќе прераснува во сериозна патетика. Постојаните бугарски барања да декларираме дека немаме некакви претензии и намера за мешање во нивните суверени права и внатрешно уредување, од една страна, и постојаното наше повторување и декларирање дека навистина тоа го мислиме, од друга страна, се единствениот „реализиран проект“ на двете (добро)соседски држави. Не гледам потреба Маричиќ експлицитно да го потенцира овој факт, особено не гледам потреба од огромната доза на неговата самоувереност и задоволство со која го искажа својот став, небаре ни соопштува нешто ново. Тој ги навреди чувствата на Македонците. Ги навреди со цел да се додвори до бугарската страна. Маричиќ треба да знае неколку работи. Прво, Македонија уште во 1992 година, со Амандманот 2 на Уставот, декларираше дека: „Републиката притоа нема да се меша во суверените права на други држави и во нивните внатрешни работи“. Зборуваме за далечната 1992 година, не за минатата недела или минатиот месец. Второ, во 2019 година, со Амандманот 36 на Уставот, Македонија повторно декларираше дека: „Републиката притоа нема да се меша во суверените права на други држави и во нивните внатрешни работи“. Истата реченица, до збор. Трето, во меѓувреме беа потпишани спогодби, договори и што ли уште не со кои македонската држава повторно и повторно се обврзуваше на не мешање во суверенитетот и внатрешното уредување на соседот. Сето ова треба да го знае доскорешниот министер за правда. Тој треба да знае и дека Бугарија нема толкав проблем со македонската држава колку што има самата со себе. Бугарија е членка на Советот на Европа, дел од Европската конвенција за човекови права, а со тоа е под директна јурисдикција на Судот во Стразбур. Концептот на нивното внатрешно уредување не дозволува практикување на малцинските етнички права како колективна димензија, туку само како индивидуално човеково право. Со други зборови, не признава етнички малцинства на својата територија. Во исто време, Бугарија е членка на Рамковната конвенција за заштита националните малцинства на Советот на Европа, која како акт на оваа организација е фокусирана токму во правец на заштитата на малцинските права како колективитети. Тука е парадоксот на бугарската држава. Со меѓународен договор се обврзала на почитување и заштита на националните малцинства како колективитети, а со внатрешното уредување не дозволува практикување на правата на националните малцинства. Можеби бугарското членување во Рамковната конвенција за заштита на националните малцинства е само заради заштита на сопственото малцинство во соседните земји?! За правата на другите кај себе, „мало сутра“, што би рекол ликот кој ја запржи оваа чорба и не доведе во крајно комплицирана и подредена положба. Проблемот кој што бугарската држава го има самата со себе е причина за вовлекување на целата ЕУ во оваа парадоксална ситуација. Во случајов имаме обратен процес, односно извоз на неконзистентност и непочитување на стандарди од страна на ЕУ кон земја кандидат за членство во ЕУ, односно од една земја членка на ЕУ кон една земја членка кандидат. Ваквата поставеност на нештата ја прави Бугарија исклучително ранлива на меѓународен план, особено ако доследно се почитуваат европските договори, конвенции и стандарди. Европската конвенција за човекови права претставува исклучително моќна алатка во рацете на Македонците кои што живеат во Бугарија и која што во повеќе наврати беше ефектуирана преку бројните пресуди на Судот во Стразбур во полза на Македонците од Бугарија. Истовремено, постојаните наоди на експертите од Рамковната конвенција за национални малцинства за постоењето на Македонци во Бугарија, претставуваат дополнителен товар за нашиот сосед кој мака мачи со сопственото членување во овој меѓународен договор. Сума сумарум, Маричиќ треба да знае дека тој воопшто не е важен за заштитата на правата на Македонците во Бугарија. За волја на вистината, никој не очекува ниту пак се надева дека Маричиќ нешто и некого ќе заштити. Зарем личи на таков?! Единствено нешто што можеме да очекуваме од него е да има минимум политички сенс при давањето на изјави за чувствителни теми. Да не ги навредува чувствата на мнозинството граѓани на оваа држава и да го сокрие сопственото задоволство и триумфализам со кои зрачи мислејќи дека кажал нешто паметно. Тој треба да е свесен дека македонската држава, како дел од системот на Конвенцијата (ЕКЧП), има обврска да се залага и бори на мултилатерален план за заштита на правата сопственото национално малцинство, но и на сите национални малцинства каде и да живеат, врз основа на принципи и стандарди. Тука Маричиќу имаш обврска, не можеш да се криеш! Држи се само до надлежностите. Можеби е подобро е што не замина во Софија. Ќе го расипеше продолжението на „премиерската идила“ и сите оние церемонии. Подобро е за сите нас, но и за тебе. И така веќе се претвораш во симбол, инспирација и провокација за други политички ликови, без разлика на страната, кои со нови непромислени изјави можат да го загрозат процесот на помирување, кој и без тоа е на стаклени нозе, а Македонија во недоглед да остане соочена со блокади и опструкции.

The post Стаклените нозе на македонско-бугарското пријателство appeared first on Република.

]]>