македонски ракометари Archives - Република https://republika.mk/tema/makedonski-rakometari/ За подобро да се разбереме Sun, 10 Nov 2024 18:01:50 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png македонски ракометари Archives - Република https://republika.mk/tema/makedonski-rakometari/ 32 32 Македонските ракометари поразени во Литванија https://republika.mk/sport/rakomet/makedonskite-rakometari-porazeni-vo-litvanija/ Sun, 10 Nov 2024 18:01:50 +0000 https://republika.mk/?p=836164

Македонската ракометна репрезентација вечерва загуби на гости од Литванија со 29:27 во 2. коло од квалификациите за пласман на Европското првенство 2026.

Избраниците на селекторот Кирил Лазаров не успеаја да одговорат на агресивната, на моменти и груба игра од домаќините. Во неколку наврати словачките судии не ги санкционираа прекршоците на Литванците и им овозможија лесни голови во транзиција.

Најефикасни во македонскиот состав беа Филип Кузмановски со осум, Мартин Серафимов и Жарко Пешевски со пет погодоци.

На другиот натпревар од Групата-1, Словенија ја победи Естонија на гости со 29:28.

Табела: Словенија 4 бода, Македонија 2, Литванија 2, Естонија 0.

Директен пласман на ЕП 2026 ќе обезбедат двете првопласирани репрезентации по завршување на групната фаза.

The post Македонските ракометари поразени во Литванија appeared first on Република.

]]>

Македонската ракометна репрезентација вечерва загуби на гости од Литванија со 29:27 во 2. коло од квалификациите за пласман на Европското првенство 2026. Избраниците на селекторот Кирил Лазаров не успеаја да одговорат на агресивната, на моменти и груба игра од домаќините. Во неколку наврати словачките судии не ги санкционираа прекршоците на Литванците и им овозможија лесни голови во транзиција. Најефикасни во македонскиот состав беа Филип Кузмановски со осум, Мартин Серафимов и Жарко Пешевски со пет погодоци. На другиот натпревар од Групата-1, Словенија ја победи Естонија на гости со 29:28. Табела: Словенија 4 бода, Македонија 2, Литванија 2, Естонија 0. Директен пласман на ЕП 2026 ќе обезбедат двете првопласирани репрезентации по завршување на групната фаза.

The post Македонските ракометари поразени во Литванија appeared first on Република.

]]>
Македонските ракометари ги совладаа Фарски Острови и се пласираа на Светското првенство 2025 https://republika.mk/sport/rakomet/makedonskite-rakometari-gi-sovladaa-farski-ostrovi-i-se-plasiraa-na-svetskoto-prvenstvo-2025/ Sun, 12 May 2024 19:01:09 +0000 https://republika.mk/?p=777396

Македонската ракометна репрезентација вечерва ги совладаа Фарски Острови со 34:26 и се пласираа на Светското првенство следната година.

Разликата од осум голови беше доволна да се анулираат седумте негатива од првиот дуел од барашот за СП одигран во средата на гостински терен кој Фараните го добија со 34:27.

Селекторот Кирил Лазаров постави извонредна игра, како во нападот, така и во одбраната. Македонците покажаа голема борбеност, беа агресивни во дуелите, играа трпеливо во нападот и на крајот заслужија мундијалски билет.

По првите 30 минути Македонија водеше со 19:15, во 37. минута ги имаше посакуваните +7, а во неколку наврати водеше и со девет разлика.

Жарко Пешевски со осум погодоци беше најефикасен во победничкиот состав. Се истакнаа и Филип Кузмановски со седум, Марко Митев со шест и Мартин Серафимов со пет погодоци.

За „Црвено-жолтите“ следното Светско првенство ќе биде деветти, по 17 пат ќе играат на голем ракометен настан, а задржан е и континуитетот на учество на големите натпреварувања кој трае од 2012 година.

The post Македонските ракометари ги совладаа Фарски Острови и се пласираа на Светското првенство 2025 appeared first on Република.

]]>

Македонската ракометна репрезентација вечерва ги совладаа Фарски Острови со 34:26 и се пласираа на Светското првенство следната година. Разликата од осум голови беше доволна да се анулираат седумте негатива од првиот дуел од барашот за СП одигран во средата на гостински терен кој Фараните го добија со 34:27. Селекторот Кирил Лазаров постави извонредна игра, како во нападот, така и во одбраната. Македонците покажаа голема борбеност, беа агресивни во дуелите, играа трпеливо во нападот и на крајот заслужија мундијалски билет. По првите 30 минути Македонија водеше со 19:15, во 37. минута ги имаше посакуваните +7, а во неколку наврати водеше и со девет разлика. Жарко Пешевски со осум погодоци беше најефикасен во победничкиот состав. Се истакнаа и Филип Кузмановски со седум, Марко Митев со шест и Мартин Серафимов со пет погодоци. За „Црвено-жолтите“ следното Светско првенство ќе биде деветти, по 17 пат ќе играат на голем ракометен настан, а задржан е и континуитетот на учество на големите натпреварувања кој трае од 2012 година.

The post Македонските ракометари ги совладаа Фарски Острови и се пласираа на Светското првенство 2025 appeared first on Република.

]]>
Македонските ракометари ќе добијат премија 50 илјади евра за пласман во втората фаза на ЕП https://republika.mk/sport/rakomet/makedonskite-rakometari-kje-dobijat-premija-50-iljadi-evra-za-plasman-vo-vtorata-faza-na-ep/ Mon, 10 Jan 2022 12:03:48 +0000 https://republika.mk/?p=442570

Македонската ракометна репрезентација ќе биде наградена со 50 000 евра доколку успее да се пласираат во втората рунда на Европското првенство.

Ракометна федерација на Македонија уште еднаш покажа дека знае да ги вреднува резултатите на националниот тим и да придонесе за дополнителна мотивација кај играчите.

Репрезентацијата утре со чартер-лет ќе отпатува за Дебрецен, а на 13 јануари во првото коло се среќава со Словенија.

Во групата се уште и селекциите на Црна Гора и на Данска. Пласман во втората фаза ќе обезбедат двете првопласирани репрезентации.

The post Македонските ракометари ќе добијат премија 50 илјади евра за пласман во втората фаза на ЕП appeared first on Република.

]]>

Македонската ракометна репрезентација ќе биде наградена со 50 000 евра доколку успее да се пласираат во втората рунда на Европското првенство. Ракометна федерација на Македонија уште еднаш покажа дека знае да ги вреднува резултатите на националниот тим и да придонесе за дополнителна мотивација кај играчите. Репрезентацијата утре со чартер-лет ќе отпатува за Дебрецен, а на 13 јануари во првото коло се среќава со Словенија. Во групата се уште и селекциите на Црна Гора и на Данска. Пласман во втората фаза ќе обезбедат двете првопласирани репрезентации.

The post Македонските ракометари ќе добијат премија 50 илјади евра за пласман во втората фаза на ЕП appeared first on Република.

]]>
Македонските ракометари негативни на коронавирус, дуелите против Израел зад затворени врати https://republika.mk/sport/rakomet/makedonskite-rakometari-negativni-na-koronavirus-duelite-protiv-izrael-zad-zatvoreni-vrati/ Sun, 02 Jan 2022 11:44:31 +0000 https://republika.mk/?p=439548

Македонската ракометна репрезентација во комплетен состав го почна вториот дел од подготовките за претстојното Европско првенство, откако сите репрезентативци се негативни на коронавирус на последното тестирање, соопшти денеска Ракометната федерација на Македонија (РФМ).

Од РФМ посочуваат дека согласно протоколите за учество одредени од Европската ракометна федерација (ЕХФ), сите ракометари во репрезентативниот табор се имунизирани против вирусот Ковид-19, а во текот на подготовките биле извршени превентивни ковид тестирања и истите биле негативни.

Македонската репрезентација ќе ги одработи последните тренинзи во Скопје пред заминување за Дебрецин, а предвидени се два контролни натпревари, на 3 и 4 јануари против Израел, кои ќе бидат од затворен тип.

Протоколот од ЕХФ за учество на ЕП 2022 предвидува ковид тестирања на учесниците на 4-ти, 7-ми и 10-ти јануари, а ракометните репрезентативци заминуваат за Дебрецин на 11-ти јануари. Првиот натпревар е против селекцијата на Словенија на 13 јануари, со почеток во 18:00 часот.

The post Македонските ракометари негативни на коронавирус, дуелите против Израел зад затворени врати appeared first on Република.

]]>

Македонската ракометна репрезентација во комплетен состав го почна вториот дел од подготовките за претстојното Европско првенство, откако сите репрезентативци се негативни на коронавирус на последното тестирање, соопшти денеска Ракометната федерација на Македонија (РФМ). Од РФМ посочуваат дека согласно протоколите за учество одредени од Европската ракометна федерација (ЕХФ), сите ракометари во репрезентативниот табор се имунизирани против вирусот Ковид-19, а во текот на подготовките биле извршени превентивни ковид тестирања и истите биле негативни. Македонската репрезентација ќе ги одработи последните тренинзи во Скопје пред заминување за Дебрецин, а предвидени се два контролни натпревари, на 3 и 4 јануари против Израел, кои ќе бидат од затворен тип. Протоколот од ЕХФ за учество на ЕП 2022 предвидува ковид тестирања на учесниците на 4-ти, 7-ми и 10-ти јануари, а ракометните репрезентативци заминуваат за Дебрецин на 11-ти јануари. Првиот натпревар е против селекцијата на Словенија на 13 јануари, со почеток во 18:00 часот.

The post Македонските ракометари негативни на коронавирус, дуелите против Израел зад затворени врати appeared first on Република.

]]>