македонски пошти Archives - Република https://republika.mk/tema/makedonski-poshti/ За подобро да се разбереме Fri, 16 Aug 2024 09:29:37 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png македонски пошти Archives - Република https://republika.mk/tema/makedonski-poshti/ 32 32 Николоски: Конечно плата за Пошти и Железници, следи период на истраги и одговорност за претходното недомаќинско работење! https://republika.mk/vesti/ekonomija/nikoloski-konechno-plata-za-poshti-i-zheleznitsi-sledi-period-na-istragi-i-odgovornost-za-prethodnoto-nedomakinsko-rabotene/ Fri, 16 Aug 2024 09:29:37 +0000 https://republika.mk/?p=807132

Работите се менуваат - во време на СДСМ и ДУИ немаше плата, сега има!, рече денеска министерот за транспорт и вицепремиер Александар Николоски, најавувајќи дека денес плата ќе добијат вработените во Македонски Пошти, вчера добија во Македонски Железници Инфраструктура, а од понеделник ќе има плата и за Железници Транспорт.

Втор месец со ред има редовна плата, а од следниот месец нема да има проблеми за плата затоа што ќе стане ефективен ребалансот на буџетот. 4400 семејства го добиваат тоа што го сработиле. Знам дека многумина ќе речат дека исплата на плата е нормална работа, ама и тоа не беше така во времето на СДСМ и ДУИ.
Честитки за менаџментот на Македонски Пошти, Железници Инфраструктура и Железници Транспорт. Сега следи период на истраги и одговорност за претходното недомаќинско работење!, најави тој.

The post Николоски: Конечно плата за Пошти и Железници, следи период на истраги и одговорност за претходното недомаќинско работење! appeared first on Република.

]]>

Работите се менуваат - во време на СДСМ и ДУИ немаше плата, сега има!, рече денеска министерот за транспорт и вицепремиер Александар Николоски, најавувајќи дека денес плата ќе добијат вработените во Македонски Пошти, вчера добија во Македонски Железници Инфраструктура, а од понеделник ќе има плата и за Железници Транспорт.
Втор месец со ред има редовна плата, а од следниот месец нема да има проблеми за плата затоа што ќе стане ефективен ребалансот на буџетот. 4400 семејства го добиваат тоа што го сработиле. Знам дека многумина ќе речат дека исплата на плата е нормална работа, ама и тоа не беше така во времето на СДСМ и ДУИ. Честитки за менаџментот на Македонски Пошти, Железници Инфраструктура и Железници Транспорт. Сега следи период на истраги и одговорност за претходното недомаќинско работење!, најави тој.

The post Николоски: Конечно плата за Пошти и Железници, следи период на истраги и одговорност за претходното недомаќинско работење! appeared first on Република.

]]>
Николоски: МВР и ОЈО ќе истражуваат зошто МЖ и Пошта се презадолжени, плата ќе има https://republika.mk/vesti/makedonija/nikoloski-mvr-i-ojo-ke-istrazhuvaat-zoshto-mzh-i-poshta-se-prezadolzheni-plata-ke-ima/ Wed, 10 Jul 2024 10:10:21 +0000 https://republika.mk/?p=795256

Проблемот со платите на вработените во Македонска Пошта и во Македонски Железници - Инфраструтура и Македонски Железници - транспорт ќе биде надминат, за што веќе се работи на план за реструктуирање на постојните долгови и на постигнување нивна профитабилност, вели вицепремиерот за економски прашања и министер за транспорт Александар Николоски.

Се работи вкупно за 4400 вработени од кои дел се во Македонска Пошта, а дел се во Македонска Железница - Инфаструктура и Македонска Железница - Транспорт. Значи зборуваме за три претпријатија. Од овие три претпријатија две се АД, тоа се Македонска Пошта и Македонски Железници - транспорт, а за акционерските друштва финансирањето не оди од буџет туку од приходите кои што ги остваруваат и тука работиме на целосен план за реструктуирање на двете друштва кој што треба да им овозможи профитабилност од една страна, а од друга страна тоа што го правиме во моментов е реструктуирање на постојните долгови кои што ги имаат со цел да вработените земаат редовно плата, рече Николоски на новинарско прашање дали со ребалансот на државниот буџет ќе се обезбедат пари за Железници со оглед дека тоа претпријатие е во загуба веќе подолг период.

За МЖ - Инфраструктура Николовски вели дека има можност да се интервенира од буџетот и тоа ќе се направи со оглед дека станува збор за претпријатие во држава сопственост.

Во однос на Македонски железници - инфраструктура што е јавно претпријатие во државна сопственост, тука веќе можеме и ќе помогнеме од буџетот со цел да се стабилизира, да имаме една стабилна ситуација до крајот на годината и веќе од следната година да зборуваме за развој. Затоа што нема поента да го стабилизираме и нема поента, сега да ја видиме и од другата страна од работата, сега да луѓето земаат плата, а да нема продуктивност. Значи мора да најдеме баланс каде што луѓето дома ќе носат плата и мора да е така, затоа што на крајот на денот сите имаат семејства и треба да живеат, но од друга страна мора да има и продуктивност како тоа би се оправдало. Јас сум убеден, ова е најтешката битка со која се соочувам затоа што проблемите само биле туркани под тепих, појаснува Николоски.

Тој укажа и на задолженоста на Македонска Пошта и на МЖ - транспорт, која според него е недозволива и треба да се истражи од надлежните органи - МВР и Обвинителството.

Ќе кажам дека Македонска Пошта во моментов има отворен кредит кон една банка, не ја кажувам затоа што има таков договор потпишано, кој што кредит, според мене, е лихварски и тоа моите претходници само го оставале. Јас седнувам со раководството на Пошта да го тоа репреговараме  затоа што не може да е така и недозволиво е да е така затоа што на тој начин се уништува претпријатието. Исто така, МЖ - транспорт има позајмици од МЕПСО, кои што според мене, се недозволиви како се направени и тоа исто така го оптеретува претпријатието. Зошто е тоа правено во минатото ќе си открие Обвинителството. Јас повикав врз основа на ревизорските извештаи кои што ги достави ДЗР до мене, да си влезе Полицијата и Обвинителството и ова да го истражат, но моја цел е во следниот период вработените таму да имаат стабилна плата, секој  месец, а додека тоа се случува паралено да работиме на развој за веќе следната година да ги немаме овие главоболки и да не треба да зборуваме дали ќе земат плата или нема да земат плата, рече министерот Николоски  пред обраќањето на трибината: “Развој како услов за опстанок на македонското градежништво”, во организација на Градежниот факултет. 

The post Николоски: МВР и ОЈО ќе истражуваат зошто МЖ и Пошта се презадолжени, плата ќе има appeared first on Република.

Штрајк во Македонска пошта https://republika.mk/vesti/makedonija/shtrajk-vo-makedonska-poshta/ Mon, 18 Mar 2024 09:06:39 +0000 https://republika.mk/?p=755793

Синдикалните организации на Македонска Пошта, денеска од 08:00 до 10:00 организираат протест на членството пред Дирекцијата и во сите подружници на националната Пошта, преку кој ќе побараат исплата на платата за минатиот месец и решение за состојбата во претпријатието.

Во најавата за протестот од Синдикатот на Македонска пошта наведоа дека „поради алармантноста на состојбата и финансиската криза во која е доведена АД Пошта, вработените се загрижени за опстојувањето и иднината на Поштата и работните места“.

На протестот вработените ќе го изразат револтот и загриженоста од серизноста на состојбите во која е доведена АД Пошта предизвикани од финансиската криза, крајно лошата организација во работењето, необезбедени услови и средства за работа, а најголемата загриженост и револт кај вработените е предизвикано од грубото непочитување на работничките права од страна на работодавачот. Работодавачот и покрај законската обврска за редовна исплата на плата, не им исплати плата на работниците во законскиот рок до 15-ти во месецот, за февруари 2024 година доведувајќи ги работниците до работ на егзистенција и неможност за обезбедување пристоен живот на нивните семејства, вели претседателот на Синдикатот на Македонска пошта Боро Велигденов.

Според Синдикатот, комуникацијата со раководството е на многу ниско ниво, нема слух за проблемите на вработените и не се придржува до договорените ставови, права и обврски.

Сите досегашни средби со менаџментот не вродија со плод, односно нема спремност за реформирање и реорганизање на друштвото кое е повеќе од потребно. Токму затоа принудени од актуелната ситуација, огромната неизвесност за иднината на нашата компанија и зачувување на работните места, вработените – членови на синдикатите својот револт и незадоволство ќе го искажат на општ протест, најави Синдикатот на Македонска пошта.

The post Штрајк во Македонска пошта appeared first on Република.

]]>

Синдикалните организации на Македонска Пошта, денеска од 08:00 до 10:00 организираат протест на членството пред Дирекцијата и во сите подружници на националната Пошта, преку кој ќе побараат исплата на платата за минатиот месец и решение за состојбата во претпријатието. Во најавата за протестот од Синдикатот на Македонска пошта наведоа дека „поради алармантноста на состојбата и финансиската криза во која е доведена АД Пошта, вработените се загрижени за опстојувањето и иднината на Поштата и работните места“.
На протестот вработените ќе го изразат револтот и загриженоста од серизноста на состојбите во која е доведена АД Пошта предизвикани од финансиската криза, крајно лошата организација во работењето, необезбедени услови и средства за работа, а најголемата загриженост и револт кај вработените е предизвикано од грубото непочитување на работничките права од страна на работодавачот. Работодавачот и покрај законската обврска за редовна исплата на плата, не им исплати плата на работниците во законскиот рок до 15-ти во месецот, за февруари 2024 година доведувајќи ги работниците до работ на егзистенција и неможност за обезбедување пристоен живот на нивните семејства, вели претседателот на Синдикатот на Македонска пошта Боро Велигденов.
Според Синдикатот, комуникацијата со раководството е на многу ниско ниво, нема слух за проблемите на вработените и не се придржува до договорените ставови, права и обврски.
Сите досегашни средби со менаџментот не вродија со плод, односно нема спремност за реформирање и реорганизање на друштвото кое е повеќе од потребно. Токму затоа принудени од актуелната ситуација, огромната неизвесност за иднината на нашата компанија и зачувување на работните места, вработените – членови на синдикатите својот револт и незадоволство ќе го искажат на општ протест, најави Синдикатот на Македонска пошта.

The post Штрајк во Македонска пошта appeared first on Република.

]]>
Вработен во пошта си „присвоил“ над 50.000 евра https://republika.mk/vesti/crna-hronika/vraboten-vo-poshta-si-prisvoil-nad-50-000-evra/ Mon, 27 Nov 2023 12:49:43 +0000 https://republika.mk/?p=716730

Дебарското одделение за внатрешни работи, кое со својата активност ја покрива и општина Центар Жупа, поднесе кривична пријава против дебранец, вработен во подружницата на „Македонски пошти“ во Центар Жупа, поради неовластено присвојување на над три милиони денари.

Кривична пријава е поднесена против Е.М.(29) од Дебар, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“. Тој, во текот на 2023 година, како вработен во АД „Македонски пошти“ - подружница во општина Центар Жупа, со искористување на својата службена положба и со пречекорување на своето службено овластување, од сметката на акционерското друштво извршил неовластено присвојување на парични средства, информираше Стефан Димоски, портпарол на Секторот за внатрешни работи-Охрид.

Додава дека со тоа Е.М. се стекнал со противправна имотна корист од 3.095.358 денари.

The post Вработен во пошта си „присвоил“ над 50.000 евра appeared first on Република.

Од септември поскапуваат и поштенските услуги https://republika.mk/vesti/makedonija/od-septemvri-poskapuvaat-i-poshtenskite-uslugi/ Thu, 17 Aug 2023 06:13:57 +0000 https://republika.mk/?p=672846

Од први септември се воведуваат нови цени на поштенските услуги во меѓународниот поштенски сообраќај. Новите цени се однесуваат за писмата, поштенските картички, печатените работи и малите пакети.

За стандардизираното писмо, поштенската услуга ќе чини 42 денари, а исто толку ќе чини и за поштенската картичка.

Поштенската услуга за нестандардизираното писмо до 20 грама во соседните држави и во земјите од Европа, кои се во втора зона, од септември ќе биде 42 денари, а за останатите држави од Европа, кои се во трета зона, како и за Австралија, Нов Зеланд и останатите држави од светот 45 денари.

За препорачаните писма, ќе се доплаќа 139 денари како дополнителна цена која ќе се додава на цената за основната услуга.

Дваесет и четири проценти од физичките лица опфатени со истражување на Агенцијата за пошти рекле дека воопшто не примаат пратки преку електронска трговија, 20 проценти примаат до две пратки г

Кај малите пакети до 100 грама, доколку се праќаат во соседните држави и во земјите од Европа од втора зона ќе се плаќа поштенска услуга од 105 денари, а за останатите европски држави кои се во трета зона, како и за Австралија, Нов Зеланд и останатите држави од светот 120 денари. За најголемите пакети од 1000 до 2000 грама, цената на поштенската услуга за соседните држави и за Европа, втора зона, ќе биде 1.115 денари, додека за останатите европски држави, Австралија, Нов Зеланд и останатите држави од светот ќе биде 1.285 денари.

За печатени книги, весници и списанија до 20 грама, поштенската услуга за соседните држави и Европа, втора зона, ќе биде 37 денари, а за Австралија, Нов Зеланд и останатите држави од светот 39 денари. За пратка со печатени книги, весници и списанија кои тежат од 1000 до 2000 грама, ќе се плаќа поштенска услуга од 1.112 денари за соседните држави и Европа, втора зона, додека за Австралија, Нов Зеланд и останатите држави во светот 1.265 денари...

За авионски превоз за писмо, поштенска картичка, печатени работи, мали пакети и секограми (сите видови печатени работи за слепи)  за Австралија и Нов Заланд и за останатите земји во светот, цената ќе биде по 6 денари за секои 10 грама тежина на пратката, која ќе се пресметува како дополнителна цена и ќе се додава на цената за основната услуга. За земјите од Европа, цената за оваа услуга останува четири денари на секои 10 грама тежина на пратката.

Потребата од зголемување на цените, како што стои во образложението од Агенцијата за пошти, е оправдано од неколку причини - некои од постојните цени на основните и дополнителните услуги во меѓународниот сообраќај како писмо и поштенска картичка се во примена повеќе од 20 години, додека цените на нестандардизираното писмо, печатени работи и мали пакети, препорачано ракување и ракување со писмо, не се сменети шест години, а трошоците за нивно обезбедување се зголемени.

Во образложението се наведува и дека вака зголемените цени на поштенските услуги се меѓу пониските во регионот и дека се во рамки на просекот со земјите од регионот.

The post Од септември поскапуваат и поштенските услуги appeared first on Република.

]]>

Од први септември се воведуваат нови цени на поштенските услуги во меѓународниот поштенски сообраќај. Новите цени се однесуваат за писмата, поштенските картички, печатените работи и малите пакети. За стандардизираното писмо, поштенската услуга ќе чини 42 денари, а исто толку ќе чини и за поштенската картичка. Поштенската услуга за нестандардизираното писмо до 20 грама во соседните држави и во земјите од Европа, кои се во втора зона, од септември ќе биде 42 денари, а за останатите држави од Европа, кои се во трета зона, како и за Австралија, Нов Зеланд и останатите држави од светот 45 денари. За препорачаните писма, ќе се доплаќа 139 денари како дополнителна цена која ќе се додава на цената за основната услуга. Дваесет и четири проценти од физичките лица опфатени со истражување на Агенцијата за пошти рекле дека воопшто не примаат пратки преку електронска трговија, 20 проценти примаат до две пратки г Кај малите пакети до 100 грама, доколку се праќаат во соседните држави и во земјите од Европа од втора зона ќе се плаќа поштенска услуга од 105 денари, а за останатите европски држави кои се во трета зона, како и за Австралија, Нов Зеланд и останатите држави од светот 120 денари. За најголемите пакети од 1000 до 2000 грама, цената на поштенската услуга за соседните држави и за Европа, втора зона, ќе биде 1.115 денари, додека за останатите европски држави, Австралија, Нов Зеланд и останатите држави од светот ќе биде 1.285 денари. За печатени книги, весници и списанија до 20 грама, поштенската услуга за соседните држави и Европа, втора зона, ќе биде 37 денари, а за Австралија, Нов Зеланд и останатите држави од светот 39 денари. За пратка со печатени книги, весници и списанија кои тежат од 1000 до 2000 грама, ќе се плаќа поштенска услуга од 1.112 денари за соседните држави и Европа, втора зона, додека за Австралија, Нов Зеланд и останатите држави во светот 1.265 денари... За авионски превоз за писмо, поштенска картичка, печатени работи, мали пакети и секограми (сите видови печатени работи за слепи)  за Австралија и Нов Заланд и за останатите земји во светот, цената ќе биде по 6 денари за секои 10 грама тежина на пратката, која ќе се пресметува како дополнителна цена и ќе се додава на цената за основната услуга. За земјите од Европа, цената за оваа услуга останува четири денари на секои 10 грама тежина на пратката. Потребата од зголемување на цените, како што стои во образложението од Агенцијата за пошти, е оправдано од неколку причини - некои од постојните цени на основните и дополнителните услуги во меѓународниот сообраќај како писмо и поштенска картичка се во примена повеќе од 20 години, додека цените на нестандардизираното писмо, печатени работи и мали пакети, препорачано ракување и ракување со писмо, не се сменети шест години, а трошоците за нивно обезбедување се зголемени. Во образложението се наведува и дека вака зголемените цени на поштенските услуги се меѓу пониските во регионот и дека се во рамки на просекот со земјите од регионот.

The post Од септември поскапуваат и поштенските услуги appeared first on Република.

]]>
Објект на „Македонски пошти“ ограбен во тетовско https://republika.mk/vesti/makedonija/objekt-na-makedonski-poshti-ograben-vo-tetovsko/ Thu, 06 Jul 2023 19:00:33 +0000 https://republika.mk/?p=658750

Во Секторот за внатрешни работи Тетово е пријавено дека помеѓу 4 и 5 овој месец во периодот од 15.30 до 08.00 часот во с.Желино, тетовско, со употреба на сила било влезено во објект на „Македонски пошти“ при што биле одземени пари, поштенски марки и други предмети.

Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

The post Објект на „Македонски пошти“ ограбен во тетовско appeared first on Република.

]]>

Во Секторот за внатрешни работи Тетово е пријавено дека помеѓу 4 и 5 овој месец во периодот од 15.30 до 08.00 часот во с.Желино, тетовско, со употреба на сила било влезено во објект на „Македонски пошти“ при што биле одземени пари, поштенски марки и други предмети. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

The post Објект на „Македонски пошти“ ограбен во тетовско appeared first on Република.

]]>
Рашиди нов директор на МЕПСО, Абази ја презема Македонска пошта https://republika.mk/vesti/makedonija/rashidi-nov-direktor-na-mepso-abazi-ja-prezema-makedonska-poshta/ Tue, 07 Mar 2023 09:31:05 +0000 https://republika.mk/?p=616754

Пратеникот Сурија Рашиди ќе биде предлог за директор на МЕПСО, а Бујаре Абази, поранешната заменичка на градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска ќе биде новата директорка на „Македонски пошти“, потврдуваат за „Слободен печат“ од Алијанса за Албанците.

Рашиди за директор на МЕПСО ќе дојде на местото на Орхан Муртезани од Алтернатива, откако таа партија излезе од Владата. Нов пратеник од Алијанса за Албанците, на местото на Рашиди ќе биде Ремзи Мехмеди од Кичево.

Абази пак, на директорската позиција ќе го смени Васко Стефанов, откако Алијанса за Албанците стана владин партнер.

Абази е актуелна советничка во Советот на Град Скопје и потпретседателка на Алијанса за Албанците.

The post Рашиди нов директор на МЕПСО, Абази ја презема Македонска пошта appeared first on Република.

]]>

Пратеникот Сурија Рашиди ќе биде предлог за директор на МЕПСО, а Бујаре Абази, поранешната заменичка на градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска ќе биде новата директорка на „Македонски пошти“, потврдуваат за „Слободен печат“ од Алијанса за Албанците. Рашиди за директор на МЕПСО ќе дојде на местото на Орхан Муртезани од Алтернатива, откако таа партија излезе од Владата. Нов пратеник од Алијанса за Албанците, на местото на Рашиди ќе биде Ремзи Мехмеди од Кичево. Абази пак, на директорската позиција ќе го смени Васко Стефанов, откако Алијанса за Албанците стана владин партнер. Абази е актуелна советничка во Советот на Град Скопје и потпретседателка на Алијанса за Албанците.

The post Рашиди нов директор на МЕПСО, Абази ја презема Македонска пошта appeared first on Република.

]]>
77 отсто од Македонците не знаат што да прават кога пратката им е изгубена, оштетена или задоцнета https://republika.mk/vesti/makedonija/77-otsto-od-makedontsite-ne-znaat-shto-da-pravat-koga-pratkata-im-e-izgubena-oshtetena-ili-zadotsneta/ Sat, 07 Jan 2023 19:00:06 +0000 https://republika.mk/?p=593781

Дваесет и четири проценти од физичките лица опфатени со истражување на Агенцијата за пошти рекле дека воопшто не примаат пратки преку електронска трговија, 20 проценти примаат до две пратки годишно, 19 проценти до пет, а 20 проценти до 10 пратки годишно. Оние кои примаат пратки почесто во текот на годината се испитаници од 18-44 години, студенти/ученици, вработени во приватен сектор, со вишо или високо образование и со повисоки месечни примања.

Повеќе од половина од испитаниците, односно 60 проценти, интернет нарачките на пратки ги прават во внатрешниот поштенски сообраќај, а 40 проценти во меѓународен. Оние кои во поголем број нарачуваат во државава се на возраст од 18-24, од 55 до 64 години, како и испитаници над 75 години, невработени, студенти/ученици, пензионери и приватници/сопственици на бизнис, стои во резултатите од истражувањето спроведено од 10-ноември до 5-ти декември 2022 година.

Од деловните корисници на поштенски услуги, пак, 23 проценти годишно нарачуваат 20 и повеќе пратки, 20 проценти нарачуваат до 10 пратки, 14 проценти до пет пратки, а 12 проценти до две пратки. Триесет и еден процент воопшто не нарачуваат пратки преку интернет на годишно ниво.

Мнозинството од испитаниците опфатени со истражувањето на Агенцијата за пошти, 77 проценти не се запознаени со постапката за поднесување рекламации кај поштенскиот оператор за изгубени, оштетени поштенски пратки и пречекорување на рокот за достава, а 23 проценти изјавиле дека се запознаени со оваа постапка. Испитаниците кои се запознаени со постапката во поголем број се на возраст од 18 до 24 години, учениците/студентите или сопствениците на приватен бизнис.

Нешто повеќе од две третини од испитаниците, 70 проценти, воопшто не испраќаат писма на месечна основа, а 18 проценти изјавиле дека испраќаат до две писма.

На прашањето поврзано со цената на стандардно писмо која изнесува 25 ден, 56 проценти се многу или донекаде задоволни, а 34 проценти ниту се задоволни, ниту не се задоволни. Дури 41 процент од испитаниците би платиле повисока цена за услугата за достава на пратка нареден ден или за два дена.

Нешто помалку од половина од испитаниците, 46 проценти, се донекаде задоволни, додека 23 проценти се многу задоволни од поштенските услуги.

Главни причини за незадоволство од поштенските услуги според истражувањето на Агенцијата за пошти се проблемите со доставата (88 проценти), краткото работно време (63 проценти) како и застарените процедури и цените на поштенските услуги со 50 проценти.

Речиси две третини од испитаниците 62 проценти сметаат дека е во ред, Пошта на Македонија да ги обезбедува своите услуги не само во нивните деловни простории преку нивниот персонал, туку и преку договорни пошти (приватни продавници, продажни места, трговија, бензински пумпи). Со оваа идеја се согласуваат во поголем број најмладите од 18-24 години, но и постарите од 65- 74, невработените, учениците/студентите…

Најважен фактор за квалитетот на обезбедување на поштенските услуги според мнозинството од испитаниците (78 проценти) опфатени со истражувањето на Агенцијата за пошти, е брзината на преносот на поштенски пратки, како и цената на поштенската услуга со 61 процент. Исто така важни се и факторите на локацијата на поштенските единици и цена на поштенската услуга.

Најкористени поштенски услуги во државава се подигање пакет, 57 проценти, прием и подигање на писма, сметки, честитки на домашна адреса (51 процент) и подигање препорачани пратки (50 проценти).

Половина од испитаниците односно 49 проценти, ги посетуваат поштенските единици еднаш месечно. Најважни критериуми за избор на поштенска единица која се посетува се личното подигање на поштенски пратки 67 процент, и локацијата 62 проценти, како и работното време 53 проценти.

Повеќе од половина од испитаниците немаат предлог како да се подобрат условите за пристап до поштенски услуги 59 проценти. За побрза достава на пратките се изјасниле осум проценти, додека за постоење на повеќе филијали шест проценти.

Две третини, 68 проценти, користеле поштенски услуги од друг давател на поштенски услуги покрај услугите на Пошта на Македонија, а најголем дел од нив, 81 процент, користеле услуги од Карго. Главни причини за користењето на овие конкурентски компании се брзината на достава 83 проценти, брзина на прием 61 процент, како и итноста 53 проценти.

Само 17 проценти од испитаниците изјавиле дека знаат за постоењето на збирни сандачиња за прием и достава на пакети, 46 проценти рекле дека би ги користеле.

The post 77 отсто од Македонците не знаат што да прават кога пратката им е изгубена, оштетена или задоцнета appeared first on Република.

]]>

Дваесет и четири проценти од физичките лица опфатени со истражување на Агенцијата за пошти рекле дека воопшто не примаат пратки преку електронска трговија, 20 проценти примаат до две пратки годишно, 19 проценти до пет, а 20 проценти до 10 пратки годишно. Оние кои примаат пратки почесто во текот на годината се испитаници од 18-44 години, студенти/ученици, вработени во приватен сектор, со вишо или високо образование и со повисоки месечни примања. Повеќе од половина од испитаниците, односно 60 проценти, интернет нарачките на пратки ги прават во внатрешниот поштенски сообраќај, а 40 проценти во меѓународен. Оние кои во поголем број нарачуваат во државава се на возраст од 18-24, од 55 до 64 години, како и испитаници над 75 години, невработени, студенти/ученици, пензионери и приватници/сопственици на бизнис, стои во резултатите од истражувањето спроведено од 10-ноември до 5-ти декември 2022 година. Од деловните корисници на поштенски услуги, пак, 23 проценти годишно нарачуваат 20 и повеќе пратки, 20 проценти нарачуваат до 10 пратки, 14 проценти до пет пратки, а 12 проценти до две пратки. Триесет и еден процент воопшто не нарачуваат пратки преку интернет на годишно ниво. Мнозинството од испитаниците опфатени со истражувањето на Агенцијата за пошти, 77 проценти не се запознаени со постапката за поднесување рекламации кај поштенскиот оператор за изгубени, оштетени поштенски пратки и пречекорување на рокот за достава, а 23 проценти изјавиле дека се запознаени со оваа постапка. Испитаниците кои се запознаени со постапката во поголем број се на возраст од 18 до 24 години, учениците/студентите или сопствениците на приватен бизнис. Нешто повеќе од две третини од испитаниците, 70 проценти, воопшто не испраќаат писма на месечна основа, а 18 проценти изјавиле дека испраќаат до две писма. На прашањето поврзано со цената на стандардно писмо која изнесува 25 ден, 56 проценти се многу или донекаде задоволни, а 34 проценти ниту се задоволни, ниту не се задоволни. Дури 41 процент од испитаниците би платиле повисока цена за услугата за достава на пратка нареден ден или за два дена. Нешто помалку од половина од испитаниците, 46 проценти, се донекаде задоволни, додека 23 проценти се многу задоволни од поштенските услуги. Главни причини за незадоволство од поштенските услуги според истражувањето на Агенцијата за пошти се проблемите со доставата (88 проценти), краткото работно време (63 проценти) како и застарените процедури и цените на поштенските услуги со 50 проценти. Речиси две третини од испитаниците 62 проценти сметаат дека е во ред, Пошта на Македонија да ги обезбедува своите услуги не само во нивните деловни простории преку нивниот персонал, туку и преку договорни пошти (приватни продавници, продажни места, трговија, бензински пумпи). Со оваа идеја се согласуваат во поголем број најмладите од 18-24 години, но и постарите од 65- 74, невработените, учениците/студентите… Најважен фактор за квалитетот на обезбедување на поштенските услуги според мнозинството од испитаниците (78 проценти) опфатени со истражувањето на Агенцијата за пошти, е брзината на преносот на поштенски пратки, како и цената на поштенската услуга со 61 процент. Исто така важни се и факторите на локацијата на поштенските единици и цена на поштенската услуга. Најкористени поштенски услуги во државава се подигање пакет, 57 проценти, прием и подигање на писма, сметки, честитки на домашна адреса (51 процент) и подигање препорачани пратки (50 проценти). Половина од испитаниците односно 49 проценти, ги посетуваат поштенските единици еднаш месечно. Најважни критериуми за избор на поштенска единица која се посетува се личното подигање на поштенски пратки 67 процент, и локацијата 62 проценти, како и работното време 53 проценти. Повеќе од половина од испитаниците немаат предлог како да се подобрат условите за пристап до поштенски услуги 59 проценти. За побрза достава на пратките се изјасниле осум проценти, додека за постоење на повеќе филијали шест проценти. Две третини, 68 проценти, користеле поштенски услуги од друг давател на поштенски услуги покрај услугите на Пошта на Македонија, а најголем дел од нив, 81 процент, користеле услуги од Карго. Главни причини за користењето на овие конкурентски компании се брзината на достава 83 проценти, брзина на прием 61 процент, како и итноста 53 проценти. Само 17 проценти од испитаниците изјавиле дека знаат за постоењето на збирни сандачиња за прием и достава на пакети, 46 проценти рекле дека би ги користеле.

The post 77 отсто од Македонците не знаат што да прават кога пратката им е изгубена, оштетена или задоцнета appeared first on Република.

]]>
Во мирување протестот во „Пошта“, платата за септември мора да легне најдоцна до петок https://republika.mk/vesti/makedonija/vo-miruvanje-protestot-vo-poshta-platata-za-septemvri-mora-da-legne-najdocna-do-petok/ Wed, 26 Oct 2022 21:00:59 +0000 https://republika.mk/?p=565956

Протестот во Македонска Пошта да се стави во мирување, платата  за септември да се исплати  најдоцна до петок, 28 октомври, а за наредните месеци да се исплаќа во законски предвидениот рок, до 15. во месецот, договориле денеска на средба министерот за транспорт и врски Благој Бочварски и директорт на Пошта Васко Стефанов со претставници на синдикалните организации во поштенското претпријатие Боро Велигденов и Младен Стојановски, придружувани од претседателот на ССМ Дарко Димовски.

За исходот од средбата  преку соопштение информираше Министерството за транспорт и врски, а Велигденов и Стојановски за МИА потврдија дека протестот се става во мирување, но најавуваат дека доколку не се исполни договореното ќе ја активираат најавата за генерален протест пред Владата.

Министерството за транспорт на средбата се обврзало да достави информација до Владата и на наредната владина седница да стави точка на дневен ред со која се дава задолжение до сите државни институции да ги користат услугите на АД Пошти, согласно со измените во Законот за поштенски услуги.

Според обврските и иницијативите што произлегле од средбата, се задолжува АД Пошта да направи план за намалување на непродуктивните расходи, рационализација согласно со препораките на Владата, а нејзиниот Управен одбор да започне со изготвување нова систематизација и нова реонизација за максимална продуктивност на вработените.

Владата ќе го следи целокупниот процес на реорганизација, рационализација и оптимизација на работењето на АД Пошти, процес кој ќе започне веднаш и ќе трае до 31 декември 2022 година. Ќе препорача на Агенцијата за пошти да продолжи со надзор и контрола на поштенскиот пазар над правни субјекти кои немаат добиени општо овластување за обезбедување на поштенски услуги издадено до Агенцијата за пошти. Со ваквите завземени ставови протестот се става во мирување и засегнатите страни се обврзуваат на взаемна поддршка за почитување на обврските, наведе ресорното Министерство во соопштение.

Како што изјави претседателот на синдикатот на Македонска пошта Велигденов, со оглед на фактот дека се прифатени сите барања, синдикалните организации го ставаат во мирување предупредувачкиот протест и најавениот генерален протест што беше најавен за в сабота пред Владата.

На средбата се прифатени нашите ставови и барања. Ако не се почитуваат роковите за исплата на платите ќе има генерален протест. Договорено е и во сите процеси во насока на реорганизација и реформирање на друштвото да биде вклучена Владата, изјави Велигденов.

Министерот Бочварски, според соопштението, ја потенцирал поддршката од ресорното Министерство и Владата и посочил дека само со заеднички заложби на сите инволвирани страни ќе можат да се подигне квалитетот на поштенските услуги во насока на повторно стекнување доверба кај граѓаните во АД Пошти.

Вработените во националната Пошта пред една недела почнаа со секојдневни предупредувачки протести барајќи првенствено исплата на платата за септември. Протестите се одржаа во тек на паузите во подружниците на поштенското претпријатие во подружниците во Скопје и низ државата.

The post Во мирување протестот во „Пошта“, платата за септември мора да легне најдоцна до петок appeared first on Република.

]]>

Протестот во Македонска Пошта да се стави во мирување, платата  за септември да се исплати  најдоцна до петок, 28 октомври, а за наредните месеци да се исплаќа во законски предвидениот рок, до 15. во месецот, договориле денеска на средба министерот за транспорт и врски Благој Бочварски и директорт на Пошта Васко Стефанов со претставници на синдикалните организации во поштенското претпријатие Боро Велигденов и Младен Стојановски, придружувани од претседателот на ССМ Дарко Димовски. За исходот од средбата  преку соопштение информираше Министерството за транспорт и врски, а Велигденов и Стојановски за МИА потврдија дека протестот се става во мирување, но најавуваат дека доколку не се исполни договореното ќе ја активираат најавата за генерален протест пред Владата. Министерството за транспорт на средбата се обврзало да достави информација до Владата и на наредната владина седница да стави точка на дневен ред со која се дава задолжение до сите државни институции да ги користат услугите на АД Пошти, согласно со измените во Законот за поштенски услуги. Според обврските и иницијативите што произлегле од средбата, се задолжува АД Пошта да направи план за намалување на непродуктивните расходи, рационализација согласно со препораките на Владата, а нејзиниот Управен одбор да започне со изготвување нова систематизација и нова реонизација за максимална продуктивност на вработените.
Владата ќе го следи целокупниот процес на реорганизација, рационализација и оптимизација на работењето на АД Пошти, процес кој ќе започне веднаш и ќе трае до 31 декември 2022 година. Ќе препорача на Агенцијата за пошти да продолжи со надзор и контрола на поштенскиот пазар над правни субјекти кои немаат добиени општо овластување за обезбедување на поштенски услуги издадено до Агенцијата за пошти. Со ваквите завземени ставови протестот се става во мирување и засегнатите страни се обврзуваат на взаемна поддршка за почитување на обврските, наведе ресорното Министерство во соопштение.
Како што изјави претседателот на синдикатот на Македонска пошта Велигденов, со оглед на фактот дека се прифатени сите барања, синдикалните организации го ставаат во мирување предупредувачкиот протест и најавениот генерален протест што беше најавен за в сабота пред Владата.
На средбата се прифатени нашите ставови и барања. Ако не се почитуваат роковите за исплата на платите ќе има генерален протест. Договорено е и во сите процеси во насока на реорганизација и реформирање на друштвото да биде вклучена Владата, изјави Велигденов.
Министерот Бочварски, според соопштението, ја потенцирал поддршката од ресорното Министерство и Владата и посочил дека само со заеднички заложби на сите инволвирани страни ќе можат да се подигне квалитетот на поштенските услуги во насока на повторно стекнување доверба кај граѓаните во АД Пошти. Вработените во националната Пошта пред една недела почнаа со секојдневни предупредувачки протести барајќи првенствено исплата на платата за септември. Протестите се одржаа во тек на паузите во подружниците на поштенското претпријатие во подружниците во Скопје и низ државата.

The post Во мирување протестот во „Пошта“, платата за септември мора да легне најдоцна до петок appeared first on Република.

]]>
И вработените во Пошти на протест зошто немаат плата, прашуваат и зошто се прават тендери за приватници, кога може да се работи преку државниот сервис? https://republika.mk/vesti/makedonija/i-vrabotenite-vo-poshti-na-protest-zoshto-nemaat-plata-prashuvaat-i-zoshto-se-pravat-tenderi-za-privatnici-koga-moze-da-se-raboti-preku-drzavniot-servis/ Thu, 20 Oct 2022 10:31:42 +0000 https://republika.mk/?p=563511

Двети синдикални организации на Македонска пошта денеска повторно одржаа предупредувачки протест за време на паузата. Бараат да им биде исплатена септемвриската плата, да не се доцни во иднина со исплатата на платите, да се подобрат нивните услови за работа и државата да ги користи нивните услуги и да не ангажира приватни пошти, со цел да се зголемат нивните приходи.

Претседателот на едниот Синдикат на Македонска пошта Боро Велигденов појасни дека протестот го одржуваат поради доцнењето на платите, кои требало да бидат исплатени најдоцна до 15-ти месецов.

Дополнително како вработени се грижиме за нашата егзистенција, за нашите работни места, односно за иднината на нашата компанија, проблем кој со години се провлекува и особеното немање интерес од Владата да заземе цврст став во надминување на состојбите и на подобрување на работењето на Македонска пошта. Македонска пошта е државна компанија која е од суштинско значење за државата и мора како пошта да постои и да биде главен сервис на граѓаните, потенцираше Велигденов.

Тој предупреди дека доколку не се исплатата платите до вторник, сите вработени од Македонска пошта ќе одржат протест пред Влада.

Сепак, станува збор за егзистенција на нашите семејства – немаме плата во оваа криза кога енормно се покачуваат цените не можеме дома да ги исплатиме нашите обврски, да однесеме леб, кредити и ред други работи. Впрочем, не можеме да дојдеме на работа, немаме пари за издржување, истакна претседателот на Синдикатот.

Тој информираше дека вчера одржале состанок со Управниот одбор, но оти сè уште немаат добиено официјален одговор.

Инаку, се изготвувало план и стратегија за надминување на состојбите, штом ќе ги добиеме ќе биде информирана целата јавност. Ние како синдикат впрочем и тоа бараме, не само гаранција секој месец да добиваме редовно плата, туку и да ни ја приложат стратегијата како ќе излеземе ние од ситуацијата, како секој нареден месец ние ќе имаме работа пред се и ќе се обезбеди плата за сите вработени, бидејќи станува збор за 2.200 вработени, тоа се 2.200 семејства, додаде Велигденов.

Дарко Димовски, претседателот на Сојузот на синдикати на Македонија информираше дека до Владата и до менаџерскиот тим уште во вторник ќе поднесат барање, на владина седница со заклучок, бидејќи станува збор за АД во државна сопственост, да нареди премиерот до сите министри да ги користат услугите на „Македонски пошти“.

Не може ние да правиме тендери и да ангажираме приватни т.н. пошти, или брзи пошти, а нашата национална пошта која ја има државата како нејзин сервис, да биде скокната и да не прави приходи од писмата кои се носат во одредени министерства, судски пресуди итн. Значи, решението е државата да си ги користи своите ресурси кои ги има – АД „Пошта на Македонија“ кои се во сопственост на државата. Тоа е решението. Ние ќе бараме тоа да се процесуира бидејќи гледаме секакви заклучоци се носат на Влада, па редно е да се помогне и на ова АД во државна сопственост за да може и понатаму да работи, бидејќи знаеме – ја опслужуваме целата држава Македонија, а ствараме повеќе расходи отколку што добиваме приходи, потенцираше Димовски.

The post И вработените во Пошти на протест зошто немаат плата, прашуваат и зошто се прават тендери за приватници, кога може да се работи преку државниот сервис? appeared first on Република.

]]>

Двети синдикални организации на Македонска пошта денеска повторно одржаа предупредувачки протест за време на паузата. Бараат да им биде исплатена септемвриската плата, да не се доцни во иднина со исплатата на платите, да се подобрат нивните услови за работа и државата да ги користи нивните услуги и да не ангажира приватни пошти, со цел да се зголемат нивните приходи. Претседателот на едниот Синдикат на Македонска пошта Боро Велигденов појасни дека протестот го одржуваат поради доцнењето на платите, кои требало да бидат исплатени најдоцна до 15-ти месецов.
Дополнително како вработени се грижиме за нашата егзистенција, за нашите работни места, односно за иднината на нашата компанија, проблем кој со години се провлекува и особеното немање интерес од Владата да заземе цврст став во надминување на состојбите и на подобрување на работењето на Македонска пошта. Македонска пошта е државна компанија која е од суштинско значење за државата и мора како пошта да постои и да биде главен сервис на граѓаните, потенцираше Велигденов.
Тој предупреди дека доколку не се исплатата платите до вторник, сите вработени од Македонска пошта ќе одржат протест пред Влада.
Сепак, станува збор за егзистенција на нашите семејства – немаме плата во оваа криза кога енормно се покачуваат цените не можеме дома да ги исплатиме нашите обврски, да однесеме леб, кредити и ред други работи. Впрочем, не можеме да дојдеме на работа, немаме пари за издржување, истакна претседателот на Синдикатот.
Тој информираше дека вчера одржале состанок со Управниот одбор, но оти сè уште немаат добиено официјален одговор.
Инаку, се изготвувало план и стратегија за надминување на состојбите, штом ќе ги добиеме ќе биде информирана целата јавност. Ние како синдикат впрочем и тоа бараме, не само гаранција секој месец да добиваме редовно плата, туку и да ни ја приложат стратегијата како ќе излеземе ние од ситуацијата, како секој нареден месец ние ќе имаме работа пред се и ќе се обезбеди плата за сите вработени, бидејќи станува збор за 2.200 вработени, тоа се 2.200 семејства, додаде Велигденов.
Дарко Димовски, претседателот на Сојузот на синдикати на Македонија информираше дека до Владата и до менаџерскиот тим уште во вторник ќе поднесат барање, на владина седница со заклучок, бидејќи станува збор за АД во државна сопственост, да нареди премиерот до сите министри да ги користат услугите на „Македонски пошти“.
Не може ние да правиме тендери и да ангажираме приватни т.н. пошти, или брзи пошти, а нашата национална пошта која ја има државата како нејзин сервис, да биде скокната и да не прави приходи од писмата кои се носат во одредени министерства, судски пресуди итн. Значи, решението е државата да си ги користи своите ресурси кои ги има – АД „Пошта на Македонија“ кои се во сопственост на државата. Тоа е решението. Ние ќе бараме тоа да се процесуира бидејќи гледаме секакви заклучоци се носат на Влада, па редно е да се помогне и на ова АД во државна сопственост за да може и понатаму да работи, бидејќи знаеме – ја опслужуваме целата држава Македонија, а ствараме повеќе расходи отколку што добиваме приходи, потенцираше Димовски.

The post И вработените во Пошти на протест зошто немаат плата, прашуваат и зошто се прават тендери за приватници, кога може да се работи преку државниот сервис? appeared first on Република.

]]>
Управник на Пошта уништувал службен материјал од 2018 година https://republika.mk/vesti/crna-hronika/upravnik-na-poshta-unishtuval-sluzben-materijal-od-2018-godina/ Wed, 05 Oct 2022 08:55:05 +0000 https://republika.mk/?p=557515

СВР Скопје – Единица за економски и компјутерски криминал поднесе кривична пријава против скопјанецот К.Л.(59), поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „уништување или прикривање на необработен архивски материјал”.

Пријавениот, управник на експозитура во АД Пошта, во текот на 2021 година самоволно придонел за уништување на документиран службен материјал за 2018 година без да има дозвола и одобрение добиени од Државниот архив за уништување на предметниот службен материјал, соопшти МВР.

The post Управник на Пошта уништувал службен материјал од 2018 година appeared first on Република.

Зеќири се гони поради физибилити студија за приватизација на „Македонски пошти“ https://republika.mk/vesti/makedonija/zekjiri-se-goni-poradi-fizibiliti-studija-za-privatizacija-na-makedonski-poshti/ Fri, 08 Apr 2022 11:44:46 +0000 https://republika.mk/?p=485290

Обвинителството денеска информираше дека е отворена истрага против генералниот секретар на Владата, Мухамед Зеќири и двајца хрватски државјани, за наводна проневера на 145.000 евра. Поточно истрагата е отворена поради сомнеж за незаконски договор за консултантски услуги.

https://republika.mk/vesti/makedonija/se-bara-pritvor-za-muhamed-zekjiri-kumashinot-na-zaev-kje-se-goni-za-zloupotreba-na-sluzbenata-polozba/

Како што дознава „Фокус“, од добрупатени извори, станува збор за договор поврзан со Македонски Пошти, поточно за изработка на фезибилити студија за приватизација на Пошти.

Оваа физибилити студија беше најавена од Владата кон крајот на 2020 година потребна за продажба на Македонски Пошти. Односно од неа требаше да се утврди дали ќе се оди со приватизација или со јавно приватно партнерство.

Владата ги задолжи заменикот на претседателот на Владата задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, министерот за економија и директорот на Национални пошти да иницираат поодготовка на физибилити студија за можностите за отпочнување на постапка за преземање на компанијата со јавно-приватно партнерство или со приватизација за да продолжи процесот на либерализација на поштенските услуги во земјата согласно регулативата на ЕУ, се наведуваше во владиното соопштение од 2020 година.

https://republika.mk/vesti/makedonija/zekjiri-dade-ostavka/

The post Зеќири се гони поради физибилити студија за приватизација на „Македонски пошти“ appeared first on Република.

]]>

Обвинителството денеска информираше дека е отворена истрага против генералниот секретар на Владата, Мухамед Зеќири и двајца хрватски државјани, за наводна проневера на 145.000 евра. Поточно истрагата е отворена поради сомнеж за незаконски договор за консултантски услуги. https://republika.mk/vesti/makedonija/se-bara-pritvor-za-muhamed-zekjiri-kumashinot-na-zaev-kje-se-goni-za-zloupotreba-na-sluzbenata-polozba/ Како што дознава „Фокус“, од добрупатени извори, станува збор за договор поврзан со Македонски Пошти, поточно за изработка на фезибилити студија за приватизација на Пошти. Оваа физибилити студија беше најавена од Владата кон крајот на 2020 година потребна за продажба на Македонски Пошти. Односно од неа требаше да се утврди дали ќе се оди со приватизација или со јавно приватно партнерство.