Македонски културен центар во Благоевград Archives - Република https://republika.mk/tema/makedonski-kulturen-tsentar-vo-blagoevgrad/ За подобро да се разбереме Sun, 12 Feb 2023 10:00:35 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Македонски културен центар во Благоевград Archives - Република https://republika.mk/tema/makedonski-kulturen-tsentar-vo-blagoevgrad/ 32 32 Одбиена регистрацијата на македонскиот клуб клуб „Никола Вапцаров“ во Благоевград https://republika.mk/vesti/makedonija/odbiena-registratsijata-na-makedonskiot-klub-klub-nikola-vaptsarov-vo-blagoevgrad/ Sun, 12 Feb 2023 10:08:36 +0000 https://republika.mk/?p=607951

Македонскиот културен клуб „Никола Вапцаров“ соопшти дека им била одбиена регистрација откако на 7 февруари до Агенцијата за регистрација во Благоевград, Бугарија, ги доставиле основните документи на истоименото здружение.

Ова одбивање ќе го обжалиме пред судот. На 10 февруари добивме решение за одбивање на регистрацијата, што значи дека на нашето здружение му е ускратена легитимноста и е забранета, се вели во пораката потпишана од Атанас Мазнев.

Македонскиот културен клуб „Никола Вапцаров“ - Благоевград“ беше отворен по приватна иницијатива на крајот на октомври лани, а неодамна беше скршен излогот на клубот и беа приведени четири лица во врска со инцидентот.

Целите на здружението, декларирани од клубот, се: „културна комуникација меѓу народите и земјите од Балканот за мир и добрососедство, како и поддршка на универзалните човекови права, вклучително и правата на лицата кои припаѓаат на малцинствата“.

Сметаме дека ова одбивање е непринципиелно. Во одбивањето е цитиран единствен правен текст – од Уставот на Република Бугарија – чл. 12, ст. 2, дека здруженијата на граѓани не можат да поставуваат политички цели и да вршат политички активности, кои ние, како што може да се види од горенаведените цели, не само што сме ги запазиле, туку дополнително сме напишале експлицитно во статутите кои нашето здружение ги нема за целта на вршење политичка дејност. Сепак, имаме одбивање за регистрација, додаваат од клубот.

The post Одбиена регистрацијата на македонскиот клуб клуб „Никола Вапцаров“ во Благоевград appeared first on Република.

]]>

Македонскиот културен клуб „Никола Вапцаров“ соопшти дека им била одбиена регистрација откако на 7 февруари до Агенцијата за регистрација во Благоевград, Бугарија, ги доставиле основните документи на истоименото здружение.
Ова одбивање ќе го обжалиме пред судот. На 10 февруари добивме решение за одбивање на регистрацијата, што значи дека на нашето здружение му е ускратена легитимноста и е забранета, се вели во пораката потпишана од Атанас Мазнев.
Македонскиот културен клуб „Никола Вапцаров“ - Благоевград“ беше отворен по приватна иницијатива на крајот на октомври лани, а неодамна беше скршен излогот на клубот и беа приведени четири лица во врска со инцидентот. Целите на здружението, декларирани од клубот, се: „културна комуникација меѓу народите и земјите од Балканот за мир и добрососедство, како и поддршка на универзалните човекови права, вклучително и правата на лицата кои припаѓаат на малцинствата“.
Сметаме дека ова одбивање е непринципиелно. Во одбивањето е цитиран единствен правен текст – од Уставот на Република Бугарија – чл. 12, ст. 2, дека здруженијата на граѓани не можат да поставуваат политички цели и да вршат политички активности, кои ние, како што може да се види од горенаведените цели, не само што сме ги запазиле, туку дополнително сме напишале експлицитно во статутите кои нашето здружение ги нема за целта на вршење политичка дејност. Сепак, имаме одбивање за регистрација, додаваат од клубот.

The post Одбиена регистрацијата на македонскиот клуб клуб „Никола Вапцаров“ во Благоевград appeared first on Република.

]]>
Се пролонгира отворањето на Македонскиот културен центар во Благоевград https://republika.mk/vesti/kultura/se-prolongira-otvoraneto-na-makedonskiot-kulturen-tsentar-vo-blagoevgrad/ Wed, 25 Jan 2023 14:03:53 +0000 https://republika.mk/?p=600925

Министерството за култура ги направи сите подготовки и целиот елаборат во врска со отворање на Македонски културен центар (МКЦ) во Благоевград, кој потоа беше доставен до Министерството за надворешни работи. Меѓутоа, Бугарија ќе оди на избори во првата недела на април. Штом ќе завршат изборите, ќе можат да продолжат разговорите на долгорочна основа во однос на тој дел, изјави денеска премиерот Димитар Ковачевски.

Премиерот напомена дека и министерот за надворешни работи има разговарано со неговиот колега од Бугарија околу отворањето на МКЦ во Благоевград, но Бугарија во моментов работи со техничка влада.

Проценките беа дека ќе успее таму да се направи политичка влада, со која ќе може да се разговара подолгорочно, меѓутоа Бугарија повторно ќе оди на избори во првата недела на април. Штом ќе завршат со нивното политичко екипирање и со изборите, ќе можат да продолжат разговорите на долгорочна основа во однос на тој дел, рече Ковачевски по посетата на Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип, одговорајќи на новинарско прашање.

Тој потенцираше дека барањето веќе го имаат подготвено и е разговарано, но со техничката влада во Бугарија.

За овие прашања ние разговараме. Ние, кога отворивме канцеларија на МИА во Софија, тоа беше направено врз основа на добра волја на властите во Софија и во Скопје. Исто така, имаме МКЦ во центарот на Софија, каде е сместена и МИА, како што Бугарија има културен центар во Скопје. Тоа е начин накој две држави ги регулираат своите односи на планот на информирање и размена на културните вредности, додаде премиерот Ковачевски.

The post Се пролонгира отворањето на Македонскиот културен центар во Благоевград appeared first on Република.

]]>

Министерството за култура ги направи сите подготовки и целиот елаборат во врска со отворање на Македонски културен центар (МКЦ) во Благоевград, кој потоа беше доставен до Министерството за надворешни работи. Меѓутоа, Бугарија ќе оди на избори во првата недела на април. Штом ќе завршат изборите, ќе можат да продолжат разговорите на долгорочна основа во однос на тој дел, изјави денеска премиерот Димитар Ковачевски. Премиерот напомена дека и министерот за надворешни работи има разговарано со неговиот колега од Бугарија околу отворањето на МКЦ во Благоевград, но Бугарија во моментов работи со техничка влада.