македонски актери Archives - Република https://republika.mk/tema/makedonski-akteri/ За подобро да се разбереме Tue, 30 Jul 2024 08:24:47 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png македонски актери Archives - Република https://republika.mk/tema/makedonski-akteri/ 32 32 „Златна маска“ за двајца македонски актери на фестивалот во Требиње https://republika.mk/vesti/kultura/zlatna-maska-za-dvajtsa-makedonski-akteri-na-festivalot-vo-trebine/ Tue, 30 Jul 2024 08:24:47 +0000 https://republika.mk/?p=801533

Драмското студио Летечка театарска трупа од Тетово информира дека вчера по завршувањето на „Фестивалот на фестивалите“ во Требиње, Босна и Херцеговина добиле три награди од стручното жири.

Меѓу наградените на фестивалот стручното жири одлучи награда „Златни маска“  за најдобра машка и најдобра женска улога“ да добијат Владимир Јованоски и Мелиса Ценовска Серафимовска за улогите на Франц и Елса Вајсман во „Момчето со пругасти пижами“ која драмското студио Летечка Театарска Трупа од Тетово ја изведе на 22 јули.

Специјална диплома „Влог во иднината“ стручното жири му додели на Никола Стојаноски за улогата на Бруно Вајсман.

Владимир Јованоски вели дека наградата доаѓа во момент се изминува три децении на  театарската сцена.

-Сепак, наградата не е привилегија, туку обврска. Од денес сите добитници се врзани и обврзани да бидеме уште подобри луѓе и квалитетни уметници, бидејќи успесите не се крај, туку залог за иднината. И покрај индивидуалната награда, колективниот напор во раѓање на една заедничка успешна и убава приказна е тоа што ја донесе наградата, изјави Јованоски.

-Конечно признание на мојот труд, посветеност, а пред сè огромна љубов кон театарот за 15 години активно аматерисување по даските. Моите откажувања од многу друго во досегашниот живот за сметка на театарот, конечно ја добија својата награда. Се надевам вечно да ме краси епитетот – глумица, некако ми е најдраг, а сега и меѓународно признат. Оваа награда исто ми значи и признание дека во моментот мајчинството како животна улога најдобро ми прилега, таа емоција ја пренесов на сцената, чиста, неодглумено – одглумена“, изјави Мелиса Ценовска Серафимовска.

По изведбата на претставата на 22 јули Владимир Јовановски со диплома беше награден како најдобар актер во рамки драмското студио.

The post „Златна маска“ за двајца македонски актери на фестивалот во Требиње appeared first on Република.

]]>

Драмското студио Летечка театарска трупа од Тетово информира дека вчера по завршувањето на „Фестивалот на фестивалите“ во Требиње, Босна и Херцеговина добиле три награди од стручното жири. Меѓу наградените на фестивалот стручното жири одлучи награда „Златни маска“  за најдобра машка и најдобра женска улога“ да добијат Владимир Јованоски и Мелиса Ценовска Серафимовска за улогите на Франц и Елса Вајсман во „Момчето со пругасти пижами“ која драмското студио Летечка Театарска Трупа од Тетово ја изведе на 22 јули. Специјална диплома „Влог во иднината“ стручното жири му додели на Никола Стојаноски за улогата на Бруно Вајсман. Владимир Јованоски вели дека наградата доаѓа во момент се изминува три децении на  театарската сцена. -Сепак, наградата не е привилегија, туку обврска. Од денес сите добитници се врзани и обврзани да бидеме уште подобри луѓе и квалитетни уметници, бидејќи успесите не се крај, туку залог за иднината. И покрај индивидуалната награда, колективниот напор во раѓање на една заедничка успешна и убава приказна е тоа што ја донесе наградата, изјави Јованоски. -Конечно признание на мојот труд, посветеност, а пред сè огромна љубов кон театарот за 15 години активно аматерисување по даските. Моите откажувања од многу друго во досегашниот живот за сметка на театарот, конечно ја добија својата награда. Се надевам вечно да ме краси епитетот – глумица, некако ми е најдраг, а сега и меѓународно признат. Оваа награда исто ми значи и признание дека во моментот мајчинството како животна улога најдобро ми прилега, таа емоција ја пренесов на сцената, чиста, неодглумено – одглумена“, изјави Мелиса Ценовска Серафимовска. По изведбата на претставата на 22 јули Владимир Јовановски со диплома беше награден како најдобар актер во рамки драмското студио.

The post „Златна маска“ за двајца македонски актери на фестивалот во Требиње appeared first on Република.

]]>