македонска дијаспора Archives - Република https://republika.mk/tema/makedonska-dijaspora/ За подобро да се разбереме Sat, 13 Jul 2024 16:37:00 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png македонска дијаспора Archives - Република https://republika.mk/tema/makedonska-dijaspora/ 32 32 Да се обединиме во градењето на иднината на Македонија, порача премиерот Мицкоски на средбата со македонската дијаспора во Њујорк https://republika.mk/vesti/makedonija/da-se-obedinime-vo-gradeneto-na-idninata-na-makedonija-poracha-premierot-mitskoski-na-sredbata-so-makedonskata-dijaspora-vo-nujork/ Sat, 13 Jul 2024 12:26:23 +0000 https://republika.mk/?p=796395

Претседателот на Владата на Република Македонија Христијан Мицкоски, оствари средби со македонската дијаспора во Њујорк, САД.

Присуствуваше на вечерната богослужба во чест на светите Петар и Павле во црквата Св. Кирил и Методиј во Њујорк, како и на собирот организиран од Македонците во САД.

Мицкоски пред присутните посочи дека основните постулати од кои поаѓа новата Влада на надворешен план се забрзан напредок во евроинтеграцискиот процес, унапредување на односите со соседните држави и регионалната соработка, пораст на кредибилитетот на државата како членка на НАТО, засилување на стратешкото партнерство со САД и другите западни демократии, како и поцврст ангажман во насока на привлекување на странски инвестиции.

На внатрешен план посветено ќе работиме за да ги обезбедиме сите потребни услови за остварување на побрз економски развој, ќе даваме силна поддршка на домашната индустрија и земјоделието, ќе ја зголемуваме енергетската независност, ќе водиме засилена борба против корупцијата и криминалот, ќе ја реформираме администрацијата, ќе се залагаме за поголема независност и ефикасност на правосудниот систем. Истовремено ќе градиме стабилен здравствен систем, поквалитетно образование и ќе го зголемуваме ученичкиот и студентски стандард. Ќе обезбедиме поголема поддршка и вложувања во науката, научните истражувања и иновациите, важно е да се зголеми степенот на заштита на животната средина, да се зацврсти пензискиот фонд и спокојот за пензионерите и поголемо внимание да се обрне кон задоволување на мноштвото од потребите на младите“, истакна премиерот Мицкоски.

Мицкоски истакна дека Македонија сака да ја направи модерна држава, во која сите уште посилно ќе веруваме и ќе ја градиме нашата заедничка и просперитетна иднина.

Во оваа прилика би сакал да ви се заблагодарам на сите вас овде присутни, но и на оние припадници на дијаспората ширум светските меридијани, за се што сторивте досега, постојано и достојно претставувајќи ја македонската историја, култура, јазик и обичаи. Немаме било каков сомнеж во вашата подготвеност дека и во иднина ќе продолжите да ни помагате, нам на вашите најблиски и на вашите роднини и пријатели дома, истакна Мицкоски.

Тој додаде дека во насока на надминување на актуелните и идните потешкотии и остварување на амбициозно поставените државни цели, ќе биде неопходно да се зголеми меѓусебната соработка со дијаспората.

Мицкоски ги повика членовите на дијаспората заеднички и посилно да работат на унапредување на комуникацијата, дијалогот и заедничките активности.

Помагајќи си едни на други и дејствувајќи сплотено ќе можеме многу побрзо и поефикасно да ја оствариме заедничката визија и да ја направиме Македонија посакувано и многу подобро место за живеење. Вие сте нашата жива и постојана врска со светот, вие сте нашите најдобри амбасадори кои силно ни помагаат во промоцијата на нацијата, јазикот, културата, уметноста, образованието и сите други области кои не ги спомнавме, но сепак се дел од вашата секојдневна помисла и агенда на дејствување, посочи Мицкоски.

The post Да се обединиме во градењето на иднината на Македонија, порача премиерот Мицкоски на средбата со македонската дијаспора во Њујорк appeared first on Република.

]]>

Претседателот на Владата на Република Македонија Христијан Мицкоски, оствари средби со македонската дијаспора во Њујорк, САД. Присуствуваше на вечерната богослужба во чест на светите Петар и Павле во црквата Св. Кирил и Методиј во Њујорк, како и на собирот организиран од Македонците во САД. Мицкоски пред присутните посочи дека основните постулати од кои поаѓа новата Влада на надворешен план се забрзан напредок во евроинтеграцискиот процес, унапредување на односите со соседните држави и регионалната соработка, пораст на кредибилитетот на државата како членка на НАТО, засилување на стратешкото партнерство со САД и другите западни демократии, како и поцврст ангажман во насока на привлекување на странски инвестиции.
На внатрешен план посветено ќе работиме за да ги обезбедиме сите потребни услови за остварување на побрз економски развој, ќе даваме силна поддршка на домашната индустрија и земјоделието, ќе ја зголемуваме енергетската независност, ќе водиме засилена борба против корупцијата и криминалот, ќе ја реформираме администрацијата, ќе се залагаме за поголема независност и ефикасност на правосудниот систем. Истовремено ќе градиме стабилен здравствен систем, поквалитетно образование и ќе го зголемуваме ученичкиот и студентски стандард. Ќе обезбедиме поголема поддршка и вложувања во науката, научните истражувања и иновациите, важно е да се зголеми степенот на заштита на животната средина, да се зацврсти пензискиот фонд и спокојот за пензионерите и поголемо внимание да се обрне кон задоволување на мноштвото од потребите на младите“, истакна премиерот Мицкоски.
Мицкоски истакна дека Македонија сака да ја направи модерна држава, во која сите уште посилно ќе веруваме и ќе ја градиме нашата заедничка и просперитетна иднина.
Во оваа прилика би сакал да ви се заблагодарам на сите вас овде присутни, но и на оние припадници на дијаспората ширум светските меридијани, за се што сторивте досега, постојано и достојно претставувајќи ја македонската историја, култура, јазик и обичаи. Немаме било каков сомнеж во вашата подготвеност дека и во иднина ќе продолжите да ни помагате, нам на вашите најблиски и на вашите роднини и пријатели дома, истакна Мицкоски.
Тој додаде дека во насока на надминување на актуелните и идните потешкотии и остварување на амбициозно поставените државни цели, ќе биде неопходно да се зголеми меѓусебната соработка со дијаспората. Мицкоски ги повика членовите на дијаспората заеднички и посилно да работат на унапредување на комуникацијата, дијалогот и заедничките активности.
Помагајќи си едни на други и дејствувајќи сплотено ќе можеме многу побрзо и поефикасно да ја оствариме заедничката визија и да ја направиме Македонија посакувано и многу подобро место за живеење. Вие сте нашата жива и постојана врска со светот, вие сте нашите најдобри амбасадори кои силно ни помагаат во промоцијата на нацијата, јазикот, културата, уметноста, образованието и сите други области кои не ги спомнавме, но сепак се дел од вашата секојдневна помисла и агенда на дејствување, посочи Мицкоски.
 
The post Да се обединиме во градењето на иднината на Македонија, порача премиерот Мицкоски на средбата со македонската дијаспора во Њујорк appeared first on Република.

]]>
„Ни ги стопли срцата“: ДНК објавија видео на кое 40 дечиња од Австралија во еден глас ја пеат „Ајде, ајде“ https://republika.mk/scena/muzika/ni-gi-stopli-srtsata-dnk-objavija-video-na-koe-40-dechina-od-avstralija-vo-eden-glas-ja-peat-ajde-ajde/ Mon, 27 May 2024 11:48:44 +0000 https://republika.mk/?p=782058

Пред само неколку дена ДНК во соработка со кралот на фолк музиката кај нас, Наум Петрески и виртуозот на труба - Џамбо Агушев ја објавија нивната најнова песна со наслов „Животе брате“.

Требаше само кратко време за песната да се рашири како „вирус“ и буквално да ја пеат и стари и млади од сите делови на земјата, но и сите делови на светот каде има Македонци.

Овој пат едно такво видео споделија момците од ДНК на нивната официјална страница на Фејсбук, на кое може да се видат десетина дечиња облечени во традиционални македонски носии, како во еден глас го пеат новиот хит на ДНК.

Станува збор за дечиња од далечната Австралија, поточно од Мелбурн.

На наше големо задоволство, по само 4 дена од издавањето на нашата нова песна, од Мелбурн ни стигна поздрав и кратко видео кое ни ги стопли срцата а веруваме дека ќе ве допре и вас. Точно 40 деца од културно играорно друштво „Гоце Делчев“ од Мелбурн, Австралија кои ја испеаа „Ајде, ајде” во хор. Ви благодариме за огромната поддршка и љубовта која ни ја секојдневно ни ја покажувате, стои во објавата на официјалната страница на ДНК.

The post „Ни ги стопли срцата“: ДНК објавија видео на кое 40 дечиња од Австралија во еден глас ја пеат „Ајде, ајде“ appeared first on Република.

]]>

Пред само неколку дена ДНК во соработка со кралот на фолк музиката кај нас, Наум Петрески и виртуозот на труба - Џамбо Агушев ја објавија нивната најнова песна со наслов „Животе брате“. Требаше само кратко време за песната да се рашири како „вирус“ и буквално да ја пеат и стари и млади од сите делови на земјата, но и сите делови на светот каде има Македонци. Овој пат едно такво видео споделија момците од ДНК на нивната официјална страница на Фејсбук, на кое може да се видат десетина дечиња облечени во традиционални македонски носии, како во еден глас го пеат новиот хит на ДНК. Станува збор за дечиња од далечната Австралија, поточно од Мелбурн.
На наше големо задоволство, по само 4 дена од издавањето на нашата нова песна, од Мелбурн ни стигна поздрав и кратко видео кое ни ги стопли срцата а веруваме дека ќе ве допре и вас. Точно 40 деца од културно играорно друштво „Гоце Делчев“ од Мелбурн, Австралија кои ја испеаа „Ајде, ајде” во хор. Ви благодариме за огромната поддршка и љубовта која ни ја секојдневно ни ја покажувате, стои во објавата на официјалната страница на ДНК.

The post „Ни ги стопли срцата“: ДНК објавија видео на кое 40 дечиња од Австралија во еден глас ја пеат „Ајде, ајде“ appeared first on Република.

]]>
Претседателката Сиљановска Давкова во Рим оствари средба со претставници на македонската дијаспора https://republika.mk/vesti/makedonija/pretsedatelkata-silanovska-davkova-vo-rim-ostvari-sredba-so-pretstavnitsi-na-makedonskata-dijaspora/ Sat, 25 May 2024 07:52:51 +0000 https://republika.mk/?p=781576

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова за време на престојот во Рим, остварила средба со претставници на македонската дијаспора и на италијанско-македонската стопанска комора, АПИ НОРДЕС.

На средбата, како што соопштија од претседателскиот Кабинет, соговорниците ја запознале претседателката со нивните тековни активности и вклученоста на дијаспората во севкупните општествено-економски процеси во Италија. Во разговорот со Мунир Шемси, успешен бизнисмен и претседател на АПИ НОРДЕС, претседателката била информирана за заложбите на Комората, за неговиот личен и професионален развој, како и за над тридеценискиот хуман активизам насочен кон социјално ранливи семејства во неговиот роден крај.

Сиљановска Давкова изразила благодарност за исклучителниот придонес на македонските иселеници во континуираното унапредување и продлабочување на соработката меѓу македонската и Италијанската република.

Таа ја нагласила важноста од одржувањето на врските со дијаспората, што како нераскинлив дел од македонското ткиво доследно ги негува културата и традицијата, афирмирајќи ја нивната матична држава во странство.

Во таа насока, стои во соопштението, ја потенцирала и потребата од почитување на нивните согледувања на состојбите во нашето општество, имајќи ги предвид децениските искуства и демократски вредности стекнати во државите во коишто живеат и работат.

Средбата со претставниците на македонската дијаспора се реализира за време на посетата на претседателката Сиљановска Давкова на Италијанската Република и Светиот Престол, по повод манифестацијата „Македонија во чест на Св. Кирил“.

The post Претседателката Сиљановска Давкова во Рим оствари средба со претставници на македонската дијаспора appeared first on Република.

]]>

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова за време на престојот во Рим, остварила средба со претставници на македонската дијаспора и на италијанско-македонската стопанска комора, АПИ НОРДЕС. На средбата, како што соопштија од претседателскиот Кабинет, соговорниците ја запознале претседателката со нивните тековни активности и вклученоста на дијаспората во севкупните општествено-економски процеси во Италија. Во разговорот со Мунир Шемси, успешен бизнисмен и претседател на АПИ НОРДЕС, претседателката била информирана за заложбите на Комората, за неговиот личен и професионален развој, како и за над тридеценискиот хуман активизам насочен кон социјално ранливи семејства во неговиот роден крај. Сиљановска Давкова изразила благодарност за исклучителниот придонес на македонските иселеници во континуираното унапредување и продлабочување на соработката меѓу македонската и Италијанската република. Таа ја нагласила важноста од одржувањето на врските со дијаспората, што како нераскинлив дел од македонското ткиво доследно ги негува културата и традицијата, афирмирајќи ја нивната матична држава во странство. Во таа насока, стои во соопштението, ја потенцирала и потребата од почитување на нивните согледувања на состојбите во нашето општество, имајќи ги предвид децениските искуства и демократски вредности стекнати во државите во коишто живеат и работат. Средбата со претставниците на македонската дијаспора се реализира за време на посетата на претседателката Сиљановска Давкова на Италијанската Република и Светиот Престол, по повод манифестацијата „Македонија во чест на Св. Кирил“.

The post Претседателката Сиљановска Давкова во Рим оствари средба со претставници на македонската дијаспора appeared first on Република.

]]>
Ѓорге Иванов ја повика македонската дијаспора да гласа на претстојните избори во земјава https://republika.mk/vesti/makedonija/gorge-ivanov-ja-povika-makedonskata-dijaspora-da-glasa-na-pretstojnite-izbori-vo-zemjava/ Sat, 16 Mar 2024 17:49:28 +0000 https://republika.mk/?p=755458

Поранешниот претседател на Република Македонија, Ѓорге Иванов, преку „Фејсбук“ ја повика македонската дијаспора да гласа на претстојните претседателски и парламентарни избори во Македонија.

-Како поранешен Претседател на Република Македонија од 2009 до 2019 година, една од моите заложби беше односите со дијаспората да бидат на највисоко ниво и работев посветено на тоа поле.

Одржував редовни средби со претставниците на дијаспората, мојот Кабинет секогаш беше отворен за средби и соработка со лидерите на организациите на дијаспората. При секоја моја посета на странска држава инсистирав на средба со претставници на дијаспората и сакав да слушнам за нивните предизвици, но и за нивните идеи како да го продолжат и да го јакнат мостот на пријателство на татковината со земјата во која живеат и работат.

Во 2013 година, одлучив да доделувам Медал за заслуги за Македонија на поединци и Повелба на Република Македонија на организации кои живеат и работат надвор од Македонија, сметајќи дека нивната исклучително посветена работа и ангажираност треба да бидат препознаени и наградени. Да бидат препознаени затоа што даваат значаен придонес за афирмација на Република Македонија во светот и за унапредување на пријателските односи и соработката со државите во кои живеат. Сепак, тие се најдобрите амбасадори на нашата земја во странство и затоа сакав да им доделам признание од највисок ранг за нивниот труд како Претседател на земјата за која работат. Затоа пак, посебно ми беше драга највисоката награда на Обединетата Македонска дијаспора за мојата лична заложба за дијаспората која ја добив во 2018 година на Гала вечерата организирана во Детроит, САД.

Денес, ги повикувам сите граѓани на Република Македонија надвор од татковината да се регистрираат и да го изразат своето право на глас на претстојните претседателски и парламентарни избори во Македонија. Посветено работевме да го овозможиме правото на глас на сите македонски граѓани без разлика каде живеат и работат.

За да се регистрирате можете да ја пополните пријавата на следниот линк: https://dijaspora.sec.mk/ или лично во дипломатско конзуларните претставништва на Македонија во странство.

Искористете ја својата можност да го дадете својот глас за опцијата која вие сметате дека најдобро ќе ја предводи Македонија.

Ви испраќам срдечен поздрав од Македонија!
Да живее Република Македонија!, вели Иванов во повикот до македонската дијаспора.

The post Ѓорге Иванов ја повика македонската дијаспора да гласа на претстојните избори во земјава appeared first on Република.

]]>

Поранешниот претседател на Република Македонија, Ѓорге Иванов, преку „Фејсбук“ ја повика македонската дијаспора да гласа на претстојните претседателски и парламентарни избори во Македонија. -Како поранешен Претседател на Република Македонија од 2009 до 2019 година, една од моите заложби беше односите со дијаспората да бидат на највисоко ниво и работев посветено на тоа поле. Одржував редовни средби со претставниците на дијаспората, мојот Кабинет секогаш беше отворен за средби и соработка со лидерите на организациите на дијаспората. При секоја моја посета на странска држава инсистирав на средба со претставници на дијаспората и сакав да слушнам за нивните предизвици, но и за нивните идеи како да го продолжат и да го јакнат мостот на пријателство на татковината со земјата во која живеат и работат. Во 2013 година, одлучив да доделувам Медал за заслуги за Македонија на поединци и Повелба на Република Македонија на организации кои живеат и работат надвор од Македонија, сметајќи дека нивната исклучително посветена работа и ангажираност треба да бидат препознаени и наградени. Да бидат препознаени затоа што даваат значаен придонес за афирмација на Република Македонија во светот и за унапредување на пријателските односи и соработката со државите во кои живеат. Сепак, тие се најдобрите амбасадори на нашата земја во странство и затоа сакав да им доделам признание од највисок ранг за нивниот труд како Претседател на земјата за која работат. Затоа пак, посебно ми беше драга највисоката награда на Обединетата Македонска дијаспора за мојата лична заложба за дијаспората која ја добив во 2018 година на Гала вечерата организирана во Детроит, САД. Денес, ги повикувам сите граѓани на Република Македонија надвор од татковината да се регистрираат и да го изразат своето право на глас на претстојните претседателски и парламентарни избори во Македонија. Посветено работевме да го овозможиме правото на глас на сите македонски граѓани без разлика каде живеат и работат. За да се регистрирате можете да ја пополните пријавата на следниот линк: https://dijaspora.sec.mk/ или лично во дипломатско конзуларните претставништва на Македонија во странство. Искористете ја својата можност да го дадете својот глас за опцијата која вие сметате дека најдобро ќе ја предводи Македонија. Ви испраќам срдечен поздрав од Македонија! Да живее Република Македонија!, вели Иванов во повикот до македонската дијаспора.

The post Ѓорге Иванов ја повика македонската дијаспора да гласа на претстојните избори во земјава appeared first on Република.

]]>
Македонската дијаспора со осуда: Касами го нарекува Тетово главен град и истакнува обележја на друга држава https://republika.mk/vesti/makedonija/makedonskata-dijaspora-so-osuda-kasami-go-narekuva-tetovo-glaven-grad-i-istaknuva-obelezhja-na-druga-drzhava/ Fri, 28 Apr 2023 09:34:15 +0000 https://republika.mk/?p=634909

Обединетата македонска дијаспора повторно го осудува градоначалникот Билал Касами нарекувајќи го Тетово како главен град на Албанија на Македонија и истакнувајќи неуставни обележја на друга држава.

За време на приемот на косовската претседателка Вјоса Османи, градоначалникот Касами и претставниците на неговата администрација го вееја знамето на Албанија во знак на прослава на наводната големоалбанска идеологија, велат од ОМД.

Од тука забележуваат дека во Уставот има конкретни пишани правила за употреба на симболи и знамиња на друга држава и употреба на македонскиот јазик при формални средби и посети на политички претставници.

ОМД бара официјална претпазливост од БЕСА и построги мерки против носителите на функции кои го прекршуваат македонскиот Устав, особено кога се среќаваат со странски делегации.

Македонија, за жал, премногу често е стереотипна како само уште еден балкански „хаос“. Како да им понудиме на нашите меѓународни сојузници, инвеститори, трговски партнери дека сме сериозна земја, отворена за бизнис, кога локалните градоначалници се однесуваат како студенти-политичари? Иредентистичкиот и националистичкиот токенизам немаат работа на официјалните приеми. Без оглед на вашите ставови и вашата политика, Македонците треба да можат да очекуваат државнички способности од нејзините лидери. Немаше ништо овде прикажано и тоа мора да се промени заради сите нас, рече Гордан Јорданов од ОМД.

Вчера, Касами ја пречека косовската претседателка со транспаренти и билборди напишани само на албански јазик со порака „Добредојдовте претседателке“.

The post Македонската дијаспора со осуда: Касами го нарекува Тетово главен град и истакнува обележја на друга држава appeared first on Република.

]]>

Обединетата македонска дијаспора повторно го осудува градоначалникот Билал Касами нарекувајќи го Тетово како главен град на Албанија на Македонија и истакнувајќи неуставни обележја на друга држава. За време на приемот на косовската претседателка Вјоса Османи, градоначалникот Касами и претставниците на неговата администрација го вееја знамето на Албанија во знак на прослава на наводната големоалбанска идеологија, велат од ОМД. Од тука забележуваат дека во Уставот има конкретни пишани правила за употреба на симболи и знамиња на друга држава и употреба на македонскиот јазик при формални средби и посети на политички претставници. ОМД бара официјална претпазливост од БЕСА и построги мерки против носителите на функции кои го прекршуваат македонскиот Устав, особено кога се среќаваат со странски делегации. Македонија, за жал, премногу често е стереотипна како само уште еден балкански „хаос“. Како да им понудиме на нашите меѓународни сојузници, инвеститори, трговски партнери дека сме сериозна земја, отворена за бизнис, кога локалните градоначалници се однесуваат како студенти-политичари? Иредентистичкиот и националистичкиот токенизам немаат работа на официјалните приеми. Без оглед на вашите ставови и вашата политика, Македонците треба да можат да очекуваат државнички способности од нејзините лидери. Немаше ништо овде прикажано и тоа мора да се промени заради сите нас, рече Гордан Јорданов од ОМД. Вчера, Касами ја пречека косовската претседателка со транспаренти и билборди напишани само на албански јазик со порака „Добредојдовте претседателке“.

The post Македонската дијаспора со осуда: Касами го нарекува Тетово главен град и истакнува обележја на друга држава appeared first on Република.

]]>
Ковачевски: Македонци има во Грција, Бугарија, Србија, Албанија, Косово и секаде зборуваат македонски јазик https://republika.mk/vesti/makedonija/kovachevski-makedontsi-ima-vo-grtsija-bugarija-srbija-albanija-kosovo-i-sekade-zboruvaat-makedonski-jazik/ Thu, 23 Feb 2023 07:47:21 +0000 https://republika.mk/?p=612141

Во реплика на вчерашната собраниска седница, претседателот на СДСМ Димитар Ковачевски осврнувајќи се на македонската дијаспора, порача дека Владата, државата, се грижи за секој припадник на дијаспората, за Македонците без разлика на тоа каде живеат, додавајќи дека единствено ВМРО-ДПМНЕ е таа која се обидува да ги наруши добрососедските односи.

-Во однос на прашањата со дијаспората, сакам овде многу јасно да кажам, Македонци има и во Америка, Канада, Германија и во Швајцарија, Австралија, Грција, Бугарија, Србија, Албанија и во Косово и секаде се тоа Македонци кои што зборуваат македонски јазик на кој што сме ние исклучително горди. Земете ги само од пред две недели снимките од МНР каква се помош беше однесена во Албанија за нашите Македонци кои живеат таму, рече Ковачевски.

Претседателот на СДСМ потенцираше дека добрососедските односи ги руши единствено ВМРО-ДПМНЕ.

-Добрососедските односи ги руши единствено ВМРО-ДПМНЕ. Сите оние основачи и растурачи на бугарски клубови се членови на ВМРО-ДПМНЕ, на вашата сестринска партија ВМРО БНД на кои заеднички именител ви е заедничкиот претседател Ванчо Михајлов, порача Ковачевски обракајќи се кон пратениците од ВМРО-ДПМНЕ.

The post Ковачевски: Македонци има во Грција, Бугарија, Србија, Албанија, Косово и секаде зборуваат македонски јазик appeared first on Република.