Македониум Archives - Република https://republika.mk/tema/makedonium/ За подобро да се разбереме Fri, 02 Aug 2024 15:42:34 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Македониум Archives - Република https://republika.mk/tema/makedonium/ 32 32 На денешен ден пред 50 години официјално е пуштен за посетители монументалниот споменик „Македониум“ https://republika.mk/vesti/kultura/na-deneshen-den-pred-50-godini-ofitsijalno-e-pushten-za-posetiteli-monumentalniot-spomenik-makedonium/ Fri, 02 Aug 2024 15:35:57 +0000 https://republika.mk/?p=802842

На денешен ден пред 50 години, 2 Август 1974 год, на денот на триесетгодишнината на заседанието на АСНОМ и 71 годишнина од Илинденското Востание, официјално е пуштен за посетители монументалниот споменик „Македониум“.

Споменикот, кој се смета за еден од десетте најинспиративни дела на бруталистичката архитектура во светот, е создаден од страна на уметниците Јордан Грабулоски и Искра Грабулоска, додека четирите витражи се дело на Борко Лазески, а дел од комплексот изработил и Петар Мазев.

Споменикот ја означува непокорноста, борбата и вечната стремеж на македонскиот народ за слобода и самостојна држава. Нека ни е честит Илинден!

The post На денешен ден пред 50 години официјално е пуштен за посетители монументалниот споменик „Македониум“ appeared first on Република.

]]>

16-годишната Јована не остава Македонец рамнодушен кога ја пее „Не плачи мајко, не жали“ https://republika.mk/scena/muzika/16-godishnata-jovana-ne-ostava-makedonec-ramnodushen-koga-ja-pee-ne-plachi-majko-ne-zali/ Wed, 30 Nov 2022 13:21:59 +0000 https://republika.mk/?p=580063

Оние што ја сакаат и ја чуствуваат Македонија како своја татковина, безразлика каде во моментов се наоѓаат, сигурни сме дека ги лазат морници по целото тело кога го слушаат музичкото ремек-дело кое беше промовирано пред неколку дена со наслов „Не плачи мајко, не жали“.

Младата Јована Богдановска (16) од тетовска Брвеница е интерпретаторот на оваа стара македонска патриотска песна, која особено беше актуелна во 2001 година, а се разбира и наназад низ годините.

Не само што талентираната Јована ја изведува оваа песна, туку таа е носечки изведувач на музичкиот проект „МАКЕДОНИУМ“ на кој продуцент е Темелко Андреев, а на кој ќе се најдат најубавите македонски патриотски песни.

Мора да се истакне дека овој проект кој е од големо значење за зачувување на духот и љубовта кон татковината, ќе заврши со концертна промоција до крајот на 2024 година.

Искуството да бидам дел од еден ваков проект, од едно „РЕМЕК-ДЕЛО“ за мене претставува големо задоволство. Среќна сум што овој проект буди љубов и надеж за нашата прубава земја Македонија. Искуството беше преубаво пред се затоа што имав можност да работам со големи професионалци, а потоа и затоа што направивме нешто што ќе остане за навек. Најголем впечаток ми остави идејата и замислата која ја има продуцентот Темелко, затоа што кој и да го погледно спотот кој и да ја слушне песната не останува рамнодушен, вели младата Богдановска.

Како настанала идејата и како Јована е избрана да биде токму дел од овој голем проект, открива продуцентот Темелко...

Пред два месеци на социјалните мрежи објавив јавен повик до сите артисти кои сакаат да творат песни со патриотска содржина да ми испратат снимки, а мегу нив беше и Јована. Да бидам искрен, не очекував буквално ништо посебно од 15 годишно девојче, но само што ја слушнав нејзината снимка, уште во првите 3 секунди го најдов тоа што го барав со години, како боја на глас и експресија... Имаше душа, имаше нешто повеќе од тонови, едноставно Јована е родена за ова. Уште одма почнав со оркестрација и разработување на песната, Јована ја изведе феноменално, буквално снимањето траеше 15 минути. Кога ја завршив песната и видов какво дело родивме се решив да направам и видео на сериозно високо ниво соодветно на песната, открива продуценетотТемелко и вели дека ова е само почеток.

Допрва следуваат проекти од ваков карактер, акои се дел од музичкиот проект „МАКЕДОНИУМ“. За песната беше снимен и прекрасен видеоспот во кој учествува професионална актерска екипа која допринесе да ја доловат суштината и пораката на стиховите во песната.

Инаку кратко по објавувањето на „Не плачи мајко, не жали“ на адреса на Јована веќе пристигнуваат покани за настапи, а она што веќе со сигурност може да се потврди е турнејата закажана за 2023 година во март во Австралија, но за тоа наскоро ќе бидат објавени повеќе детали.
Во студиото на продуцентот Темелко веќе привршува и новата песна, а едно е повеќе од сигурно, а тоа е дека на младата Јована и се смешка блескава музичка кариера.

https://youtu.be/RXxaWQb5kRc

The post 16-годишната Јована не остава Македонец рамнодушен кога ја пее „Не плачи мајко, не жали“ appeared first on Република.

]]>

Оние што ја сакаат и ја чуствуваат Македонија како своја татковина, безразлика каде во моментов се наоѓаат, сигурни сме дека ги лазат морници по целото тело кога го слушаат музичкото ремек-дело кое беше промовирано пред неколку дена со наслов „Не плачи мајко, не жали“. Младата Јована Богдановска (16) од тетовска Брвеница е интерпретаторот на оваа стара македонска патриотска песна, која особено беше актуелна во 2001 година, а се разбира и наназад низ годините. Не само што талентираната Јована ја изведува оваа песна, туку таа е носечки изведувач на музичкиот проект „МАКЕДОНИУМ“ на кој продуцент е Темелко Андреев, а на кој ќе се најдат најубавите македонски патриотски песни. Мора да се истакне дека овој проект кој е од големо значење за зачувување на духот и љубовта кон татковината, ќе заврши со концертна промоција до крајот на 2024 година.
Искуството да бидам дел од еден ваков проект, од едно „РЕМЕК-ДЕЛО“ за мене претставува големо задоволство. Среќна сум што овој проект буди љубов и надеж за нашата прубава земја Македонија. Искуството беше преубаво пред се затоа што имав можност да работам со големи професионалци, а потоа и затоа што направивме нешто што ќе остане за навек. Најголем впечаток ми остави идејата и замислата која ја има продуцентот Темелко, затоа што кој и да го погледно спотот кој и да ја слушне песната не останува рамнодушен, вели младата Богдановска.
Како настанала идејата и како Јована е избрана да биде токму дел од овој голем проект, открива продуцентот Темелко...
Пред два месеци на социјалните мрежи објавив јавен повик до сите артисти кои сакаат да творат песни со патриотска содржина да ми испратат снимки, а мегу нив беше и Јована. Да бидам искрен, не очекував буквално ништо посебно од 15 годишно девојче, но само што ја слушнав нејзината снимка, уште во првите 3 секунди го најдов тоа што го барав со години, како боја на глас и експресија... Имаше душа, имаше нешто повеќе од тонови, едноставно Јована е родена за ова. Уште одма почнав со оркестрација и разработување на песната, Јована ја изведе феноменално, буквално снимањето траеше 15 минути. Кога ја завршив песната и видов какво дело родивме се решив да направам и видео на сериозно високо ниво соодветно на песната, открива продуценетотТемелко и вели дека ова е само почеток.
Допрва следуваат проекти од ваков карактер, акои се дел од музичкиот проект „МАКЕДОНИУМ“. За песната беше снимен и прекрасен видеоспот во кој учествува професионална актерска екипа која допринесе да ја доловат суштината и пораката на стиховите во песната. Инаку кратко по објавувањето на „Не плачи мајко, не жали“ на адреса на Јована веќе пристигнуваат покани за настапи, а она што веќе со сигурност може да се потврди е турнејата закажана за 2023 година во март во Австралија, но за тоа наскоро ќе бидат објавени повеќе детали. Во студиото на продуцентот Темелко веќе привршува и новата песна, а едно е повеќе од сигурно, а тоа е дека на младата Јована и се смешка блескава музичка кариера. https://youtu.be/RXxaWQb5kRc

The post 16-годишната Јована не остава Македонец рамнодушен кога ја пее „Не плачи мајко, не жали“ appeared first on Република.

]]>
Експерти од Полска ќе го обновуваат витражот во „Македониумот“ во Крушево https://republika.mk/vesti/kultura/eksperti-od-polska-kje-go-obnovuvaat-vitrazot-vo-makedoniumot-vo-krushevo/ Sun, 13 Mar 2022 16:19:26 +0000 https://republika.mk/?p=472174

Експерти од Полска, со светско искуство, може да го решат долгорочниот проблем со витражот на „Македониумот“ во Крушево, симболот на Илинденското востание. Со години се работи на заштитата на овој монументален споменик, еден од најзначајните за македонската историја.

Според Благоја Атанасоски, директор на прилепскиот „Завод и Музеј“, обновата на витражите се покажа како комплициран проблем, којшто бара висока стручност што тешко може да се најде на овие простори.

Обновата на „Македониумот“ во Крушево е со подолга историја. Работите беа почнати уште пред 2017 година. Проектот е обемен и е речиси во завршна фаза. За обнова ги опфаќа: бетонскиот, витрашниот, керамичкиот кај амфитеатарот пред споменикот. Ние дури донесовме и стручни лица од Полска, преку наш соработник. Тие многу темелно ја испитаа состојбата на витражите и можноста за нивна обнова. Ќе бидат вклучени во изработката на проектот. Ние ќе направиме радикални промени, зашто, оној, многу битниот, витражниот дел, е во многу лоша состојба. Со проектот е предвидена поголема сума пари и сакаме да направиме нешто што ќе трае 100, 200, па и повеќе години, изјавува Атанасоски.

Досега во Македониумот е направен подот, поставен е индустриски под, со што е решен тој проблем. Годинава, Прилепскиот музеј ќе работи на санирањето на бетонскиот дел од Споменикот, кој прокиснува.

За годинава имаме одобрени два милиона денари и ќе работиме на бетонскиот дел, мора да распишеме и тендер и фирма да го заштити со најсоодветни материјали за да се стопираат прокиснувањето и влагата, вели Атанасоски.

Споменикот „Илинден“ е дело на уметниците Јордан и Искра Грабулоски. Во употреба е од 2 август 1974 година.

The post Експерти од Полска ќе го обновуваат витражот во „Македониумот“ во Крушево appeared first on Република.

]]>

Експерти од Полска, со светско искуство, може да го решат долгорочниот проблем со витражот на „Македониумот“ во Крушево, симболот на Илинденското востание. Со години се работи на заштитата на овој монументален споменик, еден од најзначајните за македонската историја. Според Благоја Атанасоски, директор на прилепскиот „Завод и Музеј“, обновата на витражите се покажа како комплициран проблем, којшто бара висока стручност што тешко може да се најде на овие простори.