Македонија Archives - Република https://republika.mk/tema/makedonija/ За подобро да се разбереме Tue, 19 Nov 2024 20:02:59 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Македонија Archives - Република https://republika.mk/tema/makedonija/ 32 32 Први во регионот: Македонија и ЕУ потпишаа Договор за партнерство за безбедност и одбрана https://republika.mk/vesti/makedonija/prvi-vo-regionot-makedonija-i-eu-potpishaa-dogovor-za-partnerstvo-za-bezbednost-i-odbrana/ Tue, 19 Nov 2024 20:02:59 +0000 https://republika.mk/?p=839705

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски и високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Жозеп Борел денеска во Брисел потпишаа Договор за партнерство за безбедност и одбрана меѓу Република Македонија и Европската Унија, соопшти Министерството за надворешни работи и надворешна трговија.

Неоправданата и неиспровоцирана војна на агресија на Русија против Украина ја истакна суштинската потреба за единство и солидарност во самата Европската унија, така и меѓу нејзините најблиски партнери, што дополнително ја нагласи важноста на зајакнатото Партнерство за безбедност и одбрана меѓу Европската унија и Македонија, се наведува во соопштението.

Македонија е важен и вреден партнер за Европската унија во областа на мирот, безбедноста и одбраната, како и активен учесник во својство на трета земја во Заедничката безбедносна и одбранбена политика на Европската унија (ЗБОП).

Потпишувањето на Партнерството за безбедност и одбрана е одраз на одличната и континуираната соработка меѓу Европска унија и Македонија и е клучен чекор кон потесна соработка за широк спектар безбедносни прашања, а во полза на граѓаните на Европската унија и Македонија, претставувајќи исто така и важен елемент на напорите на Македонија за интеграција во Европската унија. Новиот инструмент, меѓу останатите области, ги опфаќа областите на соработка за управување со кризи, поддршка за Украина, спречување на хибридни закани, сајбер прашања, градење капацитети и обуки, борба против тероризам и надворешни аспекти на интегрираното управување со границите.

Областите утврдени во Партнерството за безбедност и одбрана редовно ќе се разгледуваат, при што ќе се прави преглед на напредокот и ќе се даде поттик за натамошно јакнење на соработката, се вели во соопштението.

The post Први во регионот: Македонија и ЕУ потпишаа Договор за партнерство за безбедност и одбрана appeared first on Република.

]]>

Во Приштина денеска заедничка седница на Владите на Македонија и на Косово https://republika.mk/vesti/makedonija/vo-prishtina-deneska-zaednichka-sednitsa-na-vladite-na-makedonija-i-na-kosovo/ Mon, 18 Nov 2024 07:53:54 +0000 https://republika.mk/?p=839002

Денеска во Приштина ќе се одржи меѓувладина седница помеѓу Владата на Македонија и Владата на Косово.

Во 10:30 часот е пристигнувањето на косовската и македонската делегација, по што следува пречекот на македонскиот премиер Христијан Мицкоски од страна на косовскиот премиер Албин Курти.

Предвидено е пред почетокот на меѓувладината седница, односно од 11:20 часот да се одржи тет-а-тет средба помеѓу премиерот Христијан Мицкоски и премиерот на Владата на Косово, Албин Курти, како и тет-а-тет средби помеѓу министрите од двете Влади.

Во 12:00 часот ќе се одржи меѓувладината седница, по чие завршување ќе се потпишат протоколи и меморандуми за соработка во три области.

Првиот е меморандум за енергетика, рударство и минерални суровини каде се дефинираат иницијативи за соработка во полето на енергетиката, гас, јаглен, електрична енергија и на релевантни инфраструктурни проекти за интерконекција за гас и други проектни иницијативи, како и иницирање соработка за испитување на можноста за развој на нова директна врска за гас Република Косово-Република Македонија.

Вториот е информација за склучување на Протокол помеѓу Владите на Република Македонија и Република Косово за спроведување на Договорот за заеднички гранични премини „Блаце - Елез Хан“ и „Јажинце-Глобочица“. Со овој протокол се регулира начинот на проверки и царинска контрола, инфраструктурата на заедничките гранични точки, меѓусебно поврзување на системите на гранично управување, и начинот на одржување на објектите.

Третиот документ кој ќе се потпише е меморандум за разбирање и соработка меѓу Министерството за образование и наука на Македонија и Министерството за образование, наука, технологија и иновации на Косово. Страните се согласни да работат заедно со цел подигање на квалитетот во стручното образование и обука и во образованието на возрасните во двете држави, имајќи ги предвид законските прописи на двете држави, со кои се уредува нивната работа. Страните со меморандумот се согласни за размена на искуства за стручното образование и обука, вклучително размена на информации за начинот на функционирање на регионалните центри за стручно образование и обука.

Во 13:45 часот ќе одржи заедничка прес-конференција на претседателот на Владата на Република Македонија Мицкоски и претседателот на Владата на Република Косово, Курти, соопштија од Владата.

The post Во Приштина денеска заедничка седница на Владите на Македонија и на Косово appeared first on Република.

]]>

Денеска во Приштина ќе се одржи меѓувладина седница помеѓу Владата на Македонија и Владата на Косово. Во 10:30 часот е пристигнувањето на косовската и македонската делегација, по што следува пречекот на македонскиот премиер Христијан Мицкоски од страна на косовскиот премиер Албин Курти. Предвидено е пред почетокот на меѓувладината седница, односно од 11:20 часот да се одржи тет-а-тет средба помеѓу премиерот Христијан Мицкоски и премиерот на Владата на Косово, Албин Курти, како и тет-а-тет средби помеѓу министрите од двете Влади. Во 12:00 часот ќе се одржи меѓувладината седница, по чие завршување ќе се потпишат протоколи и меморандуми за соработка во три области. Првиот е меморандум за енергетика, рударство и минерални суровини каде се дефинираат иницијативи за соработка во полето на енергетиката, гас, јаглен, електрична енергија и на релевантни инфраструктурни проекти за интерконекција за гас и други проектни иницијативи, како и иницирање соработка за испитување на можноста за развој на нова директна врска за гас Република Косово-Република Македонија. Вториот е информација за склучување на Протокол помеѓу Владите на Република Македонија и Република Косово за спроведување на Договорот за заеднички гранични премини „Блаце - Елез Хан“ и „Јажинце-Глобочица“. Со овој протокол се регулира начинот на проверки и царинска контрола, инфраструктурата на заедничките гранични точки, меѓусебно поврзување на системите на гранично управување, и начинот на одржување на објектите. Третиот документ кој ќе се потпише е меморандум за разбирање и соработка меѓу Министерството за образование и наука на Македонија и Министерството за образование, наука, технологија и иновации на Косово. Страните се согласни да работат заедно со цел подигање на квалитетот во стручното образование и обука и во образованието на возрасните во двете држави, имајќи ги предвид законските прописи на двете држави, со кои се уредува нивната работа. Страните со меморандумот се согласни за размена на искуства за стручното образование и обука, вклучително размена на информации за начинот на функционирање на регионалните центри за стручно образование и обука. Во 13:45 часот ќе одржи заедничка прес-конференција на претседателот на Владата на Република Македонија Мицкоски и претседателот на Владата на Република Косово, Курти, соопштија од Владата.

The post Во Приштина денеска заедничка седница на Владите на Македонија и на Косово appeared first on Република.

]]>
Владата на Косово усвои две одлуки во врска со утрешната заедничка седница со Владата на Македонија https://republika.mk/vesti/makedonija/vladata-na-kosovo-usvoi-dve-odluki-vo-vrska-so-utreshnata-zaednichka-sednitsa-so-vladata-na-severna-makedonija/ Sun, 17 Nov 2024 18:35:21 +0000 https://republika.mk/?p=838931

Владата на Косово попладнево одржа електронска седница, на која усвои две иницијативи поврзани со соработката со Македонија, а во пресрет на заедничката седница на владите на двете држави што ќе се одржи утре во Приштина.

Како што јави дописникот на МИА од Приштина, во соопштението од кабинетот на ксовскиот премиер, Албин Курти се наведува дека е усвоена иницијатива за склучување на „Протоколот меѓу двете влади за спроведување на Договорот меѓу Владата на Република Косово и Владата на Република Македонија за заедничките гранични премини Генерал Јанковиќ – Блаце и Глобочица – Јажинце“.

Според соопштението, усвоена е и иницијативата, за „потпишување на Меморандум за разбирање помеѓу Министерството за економија на Република Косово и Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини на Република Македонија, во секторот енергетика во согласност со нивните политики и стратегии“.

Делегација на македонската Влада се очекува утре претпладне да допатува во косовскиот главен град. По билатералната средба на премиерите Албин Курти и Христијан Мицкоски предвидени се билатерални средби меѓу министрите (колеги) на двете влади, а потоа ќе се одржи меѓувладината седница, по што ќе бидат потпишани предвидените договори. Најавена е и заедничка прес-коференција (во 13.45) на премиерите Курти и Мицкоски.

The post Владата на Косово усвои две одлуки во врска со утрешната заедничка седница со Владата на Македонија appeared first on Република.

]]>

Владата на Косово попладнево одржа електронска седница, на која усвои две иницијативи поврзани со соработката со Македонија, а во пресрет на заедничката седница на владите на двете држави што ќе се одржи утре во Приштина. Како што јави дописникот на МИА од Приштина, во соопштението од кабинетот на ксовскиот премиер, Албин Курти се наведува дека е усвоена иницијатива за склучување на „Протоколот меѓу двете влади за спроведување на Договорот меѓу Владата на Република Косово и Владата на Република Македонија за заедничките гранични премини Генерал Јанковиќ – Блаце и Глобочица – Јажинце“. Според соопштението, усвоена е и иницијативата, за „потпишување на Меморандум за разбирање помеѓу Министерството за економија на Република Косово и Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини на Република Македонија, во секторот енергетика во согласност со нивните политики и стратегии“. Делегација на македонската Влада се очекува утре претпладне да допатува во косовскиот главен град. По билатералната средба на премиерите Албин Курти и Христијан Мицкоски предвидени се билатерални средби меѓу министрите (колеги) на двете влади, а потоа ќе се одржи меѓувладината седница, по што ќе бидат потпишани предвидените договори. Најавена е и заедничка прес-коференција (во 13.45) на премиерите Курти и Мицкоски.

The post Владата на Косово усвои две одлуки во врска со утрешната заедничка седница со Владата на Македонија appeared first on Република.

]]>
Владата на Косово усвои две одлуки во врска со утрешната заедничка седница со Владата на Македонија https://republika.mk/vesti/balkan/vladata-na-kosovo-usvoi-dve-odluki-vo-vrska-so-utreshnata-zaednichka-sednitsa-so-vladata-na-makedonija/ Sun, 17 Nov 2024 17:13:51 +0000 https://republika.mk/?p=838909

Владата на Косово попладнево одржа електронска седница, на која усвои две иницијативи поврзани со соработката со Македонија, а во пресрет на заедничката седница на владите на двете држави што ќе се одржи утре во Приштина.

Како што јави дописникот на МИА од Приштина, во соопштението од кабинетот на ксовскиот премиер, Албин Курти се наведува дека е усвоена иницијатива за склучување на „Протоколот меѓу двете влади за спроведување на Договорот меѓу Владата на Република Косово и Владата на Република Македонија за заедничките гранични премини Генерал Јанковиќ - Блаце и Глобочица - Јажинце“.

Според соопштението, усвоена е и иницијативата, за „потпишување на Меморандум за разбирање помеѓу Министерството за економија на Република Косово и Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини на Република Македонија, во секторот енергетика во согласност со нивните политики и стратегии“.

Делегација на македонската Влада се очекува утре претпладне да допатува во косовскиот главен град. По билатералната средба на премиерите Албин Курти и Христијан Мицкоски предвидени се билатерални средби меѓу министрите (колеги) на двете влади, а потоа ќе се одржи меѓувладината седница, по што ќе бидат потпишани предвидените договори. Најавена е и заедничка прес-коференција (во 13.45) на премиерите Курти и Мицкоски.

The post Владата на Косово усвои две одлуки во врска со утрешната заедничка седница со Владата на Македонија appeared first on Република.

]]>

Владата на Косово попладнево одржа електронска седница, на која усвои две иницијативи поврзани со соработката со Македонија, а во пресрет на заедничката седница на владите на двете држави што ќе се одржи утре во Приштина. Како што јави дописникот на МИА од Приштина, во соопштението од кабинетот на ксовскиот премиер, Албин Курти се наведува дека е усвоена иницијатива за склучување на „Протоколот меѓу двете влади за спроведување на Договорот меѓу Владата на Република Косово и Владата на Република Македонија за заедничките гранични премини Генерал Јанковиќ - Блаце и Глобочица - Јажинце“. Според соопштението, усвоена е и иницијативата, за „потпишување на Меморандум за разбирање помеѓу Министерството за економија на Република Косово и Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини на Република Македонија, во секторот енергетика во согласност со нивните политики и стратегии“. Делегација на македонската Влада се очекува утре претпладне да допатува во косовскиот главен град. По билатералната средба на премиерите Албин Курти и Христијан Мицкоски предвидени се билатерални средби меѓу министрите (колеги) на двете влади, а потоа ќе се одржи меѓувладината седница, по што ќе бидат потпишани предвидените договори. Најавена е и заедничка прес-коференција (во 13.45) на премиерите Курти и Мицкоски.  

The post Владата на Косово усвои две одлуки во врска со утрешната заедничка седница со Владата на Македонија appeared first on Република.

]]>
Мицкоски на чело на македонската делегација на утрешната заедничка седница на владите на Косово и Македонија https://republika.mk/vesti/makedonija/mitskoski-na-chelo-na-makedonskata-delegatsija-na-utreshnata-zaednichka-sednitsa-na-vladite-na-kosovo-i-makedonija/ Sun, 17 Nov 2024 17:00:44 +0000 https://republika.mk/?p=838903

Утре во Приштина ќе се одржи меѓувладина седница помеѓу Македонија и Косово. Седницата ќе започне во 12:00 часот, а претходно ќе се одржи тет-а-тет средба помеѓу премиерите Христијан Мицкоски и Албин Курти.

Како дел од активностите на седницата, се предвидени и тет-а-тет средби помеѓу министрите од двете Влади, кои ќе разгледуваат можности за продлабочување на билатералната соработка во различни области.

По завршувањето на седницата, ќе бидат потпишани билатерални договори и меморандуми за соработка, кои ќе ги отворат патиштата за нови иницијативи и проекти меѓу двете земји.

Со оваа седница ќе ја унапредиме нашата соработка со Косово и ќе продолжиме да работиме на зајакнување на нашите билатерални односи“, информираат од владината прес-служба.

За крај, во 13:45 часот, ќе се одржи заедничка прес-конференција на премиерите Мицкоски и Курти, на која ќе бидат соопштени резултатите од средбите и новите договори.

The post Мицкоски на чело на македонската делегација на утрешната заедничка седница на владите на Косово и Македонија appeared first on Република.

]]>

Утре во Приштина ќе се одржи меѓувладина седница помеѓу Македонија и Косово. Седницата ќе започне во 12:00 часот, а претходно ќе се одржи тет-а-тет средба помеѓу премиерите Христијан Мицкоски и Албин Курти. Како дел од активностите на седницата, се предвидени и тет-а-тет средби помеѓу министрите од двете Влади, кои ќе разгледуваат можности за продлабочување на билатералната соработка во различни области. По завршувањето на седницата, ќе бидат потпишани билатерални договори и меморандуми за соработка, кои ќе ги отворат патиштата за нови иницијативи и проекти меѓу двете земји.
Со оваа седница ќе ја унапредиме нашата соработка со Косово и ќе продолжиме да работиме на зајакнување на нашите билатерални односи“, информираат од владината прес-служба.
За крај, во 13:45 часот, ќе се одржи заедничка прес-конференција на премиерите Мицкоски и Курти, на која ќе бидат соопштени резултатите од средбите и новите договори.  

The post Мицкоски на чело на македонската делегација на утрешната заедничка седница на владите на Косово и Македонија appeared first on Република.

]]>
Кои се „најдебелите“ земји во светот? Каде е Македонија на листата? https://republika.mk/zivot/zdravje/koi-se-najdebelite-zemji-vo-svetot-kade-e-makedonija-na-listata/ Sun, 17 Nov 2024 16:45:50 +0000 https://republika.mk/?p=838899

Нивоата на дебелина скокнаа за 17 пати во делови од светот во последните две децении. Од 200 земји кои историски ја следат состојбата на нацијата кога станува збор за килограмите, само Франција забележа пад на бројот на дебели возрасни лица помеѓу 1990 и 2022 година. Затоа Бангладеш, Непал и африканската држава Буркина Фасо забележаа скокови кои надминуваат неверојатни 1.000 отсто во истиот временски период. Потценување е да се каже дека епидемијата на дебелина сега е евидентна на секој агол на Земјата.

Според податоците собрани од Светската здравствена организација, стапките на дебелина се удвоиле во светот, вклучително и во Британија и САД. Повеќе од милијарда луѓе ширум светот сега се сметаат за дебели, со БМИ над 30.

А кога ќе се кликне за Македонија на светската мапа на дебелината, се појавува информацијата дека кај нас во 1990 година процентот на дебелото население бил само 14,37 отсто, додека во 2022 година таа бројка била 30,65 отсто. Така, меѓу 1990 и 2022 година, нивото на дебелина во Македонија се променило за 113,29 отсто.

За тој период, според најновите податоци на СЗО, Американска Самоа е најдебелата нација. Излегува дека три четвртини од возрасните на полинезискиот остров, територија на САД, се технички дебели. Стапките на дебелина од 70 проценти, исто така, ги надминуваат островите Тонга и Наури во јужниот дел на Тихиот Океан, кои беа на врвот на табелата во 1990 година.

Кога ќе се споредат сите податоци, СЗО покажува дека Французинките и Шпанките денес се помалку дебели отколку во 1990 година.

Во тоа време, возрасното население во Обединетото Кралство беше 73-то на светската листа за дебелина, сместено помеѓу Бермудите и Чиле со просечни 12,4 проценти. И до 2022 година, Британија падна за едно место на 74-то место на листата Во 1990 година, САД беа 21-ви на меѓународната листа за дебелина помеѓу Саудиска Арабија и Украина, со 18,5 отсто од возрасните кои пријавиле ниво на БМИ од најмалку 30. До 2022 година, 42,9 проценти од возрасните Американци биле дебели, поради што сега се рангирани на 18-то место, што е исто така пораст од над 130 проценти.

Што се однесува до најтенките, уште во 1990 година, Виетнам, Источен Тимор, Етиопија и Бангладеш имале најниско ниво на дебелина. Помалку од 0,3 проценти од луѓето што живееле таму се сметале себеси за дебели во тоа време – што е еквивалентно на еден од 333 луѓе. А во 2020 година, на самото дно на табелата се Виетнам (2,1 отсто), Источен Тимор (2,3 отсто) и Етиопија (2,4 отсто).

Овие податоци се неверојатно загрижувачки. Она што е најзагрижувачко е колку брзо се зголемија нивоата, особено во делови од светот каде што исто така има голема сиромаштија. Во тие земји постои голема несигурност кога е во прашање храната, а сега и дебелината. Тоа само покажува дека дебелината не се сфаќа сериозно – истакнува професорот Александар Мирас, експерт за третман на дебелината на Империјалниот колеџ во Лондон, на што Там Фрај, претседател на Националниот британски форум за дебелината.

Тој смета дека бројките се катастрофални.

Во Африка сега има повеќе дебели отколку неухранети, што изненади многумина. Ова ризикува да го влоши глобалното здравје. Дебелината е состојба која во голема мера може да се спречи. Но, тоа не е само состојба сама по себе, туку предизвикува многу други проблеми кои се уште поважни, како што се дијабетес тип два, срцеви заболувања, бубрежни заболувања. Затоа цената на здравјето ќе расте.

The post Кои се „најдебелите“ земји во светот? Каде е Македонија на листата? appeared first on Република.

]]>

Нивоата на дебелина скокнаа за 17 пати во делови од светот во последните две децении. Од 200 земји кои историски ја следат состојбата на нацијата кога станува збор за килограмите, само Франција забележа пад на бројот на дебели возрасни лица помеѓу 1990 и 2022 година. Затоа Бангладеш, Непал и африканската држава Буркина Фасо забележаа скокови кои надминуваат неверојатни 1.000 отсто во истиот временски период. Потценување е да се каже дека епидемијата на дебелина сега е евидентна на секој агол на Земјата. Според податоците собрани од Светската здравствена организација, стапките на дебелина се удвоиле во светот, вклучително и во Британија и САД. Повеќе од милијарда луѓе ширум светот сега се сметаат за дебели, со БМИ над 30. А кога ќе се кликне за Македонија на светската мапа на дебелината, се појавува информацијата дека кај нас во 1990 година процентот на дебелото население бил само 14,37 отсто, додека во 2022 година таа бројка била 30,65 отсто. Така, меѓу 1990 и 2022 година, нивото на дебелина во Македонија се променило за 113,29 отсто. За тој период, според најновите податоци на СЗО, Американска Самоа е најдебелата нација. Излегува дека три четвртини од возрасните на полинезискиот остров, територија на САД, се технички дебели. Стапките на дебелина од 70 проценти, исто така, ги надминуваат островите Тонга и Наури во јужниот дел на Тихиот Океан, кои беа на врвот на табелата во 1990 година. Кога ќе се споредат сите податоци, СЗО покажува дека Французинките и Шпанките денес се помалку дебели отколку во 1990 година. Во тоа време, возрасното население во Обединетото Кралство беше 73-то на светската листа за дебелина, сместено помеѓу Бермудите и Чиле со просечни 12,4 проценти. И до 2022 година, Британија падна за едно место на 74-то место на листата Во 1990 година, САД беа 21-ви на меѓународната листа за дебелина помеѓу Саудиска Арабија и Украина, со 18,5 отсто од возрасните кои пријавиле ниво на БМИ од најмалку 30. До 2022 година, 42,9 проценти од возрасните Американци биле дебели, поради што сега се рангирани на 18-то место, што е исто така пораст од над 130 проценти. Што се однесува до најтенките, уште во 1990 година, Виетнам, Источен Тимор, Етиопија и Бангладеш имале најниско ниво на дебелина. Помалку од 0,3 проценти од луѓето што живееле таму се сметале себеси за дебели во тоа време – што е еквивалентно на еден од 333 луѓе. А во 2020 година, на самото дно на табелата се Виетнам (2,1 отсто), Источен Тимор (2,3 отсто) и Етиопија (2,4 отсто).
Овие податоци се неверојатно загрижувачки. Она што е најзагрижувачко е колку брзо се зголемија нивоата, особено во делови од светот каде што исто така има голема сиромаштија. Во тие земји постои голема несигурност кога е во прашање храната, а сега и дебелината. Тоа само покажува дека дебелината не се сфаќа сериозно – истакнува професорот Александар Мирас, експерт за третман на дебелината на Империјалниот колеџ во Лондон, на што Там Фрај, претседател на Националниот британски форум за дебелината.
Тој смета дека бројките се катастрофални.
Во Африка сега има повеќе дебели отколку неухранети, што изненади многумина. Ова ризикува да го влоши глобалното здравје. Дебелината е состојба која во голема мера може да се спречи. Но, тоа не е само состојба сама по себе, туку предизвикува многу други проблеми кои се уште поважни, како што се дијабетес тип два, срцеви заболувања, бубрежни заболувања. Затоа цената на здравјето ќе расте.
 
The post Кои се „најдебелите“ земји во светот? Каде е Македонија на листата? appeared first on Република.

]]>
Студен бран од север доаѓа во Македонија https://republika.mk/zivot/servisi/studen-bran-od-sever-doaga-vo-makedonija/ Sun, 17 Nov 2024 16:26:07 +0000 https://republika.mk/?p=838894

Стабилното и суво време ќе се задржи само до вторник. Веќе Од среда 20.11.2024 па се до крајот на неделата под влијание на моќен циклонски систем кој ќе биде во склоп со многу поладниот воздух кој ќе се спушта од север, ќе условува серија на изразени влажни воздушни бранови кои ќе условуваат повремени врнежи од дожд, и истите повремено ќе бидат обилни.

На планините и на повисоките места повремено ќе има врнежи од снег, а повремено снежната граница можно е повторно да се спушти до околу, па и под 1000 метри надморска височина, со што појава на повремен снег би можело да има и во повисоките населени места.

Сето ова ќе биде проследено со засилен, до повремено силен ветер од јужен, југоисточен и од западен правец, додека во сабота ветерот ќе биде повторно силен и од северен правец. Повремено и локално ветерот ќе достигнува доста голема брзина (и тоа од над 80/90 км/час).

За време на оваа серија на влажни воздушни бранови, повремено и локално ќе наврне значително количество на воден талог (над 30 литри дожд на метар квадратен), а на планините ќе се формира снежна покривка со висина од 10 до 20 cм, а на високите планини таа би можела да биде и поголема. Помала снежна покривка има услови да се формира и во повисоките населени места.

Што се однесува до температурите, тие најпрвин ќе бидат во пораст, особено во среда кога тие ќе се искачуваат во интервалот од 9 до 17 степени. Од четврток тие ќе опаѓаат и ќе се искачуваат во интервалот од 7 до 14 степени, меѓутоа повремено тие ќе бидат и значително пониски, а во утринските часови особено во петок и за време на викендот ќе биде многу постудено кога температурите во најголем дел од Македонија ќе се спуштаат под нулата, а понекаде тие ќе се спуштат и до близу -10 степени, на високите планини и под -10 степени.

The post Студен бран од север доаѓа во Македонија appeared first on Република.

]]>

Стабилното и суво време ќе се задржи само до вторник. Веќе Од среда 20.11.2024 па се до крајот на неделата под влијание на моќен циклонски систем кој ќе биде во склоп со многу поладниот воздух кој ќе се спушта од север, ќе условува серија на изразени влажни воздушни бранови кои ќе условуваат повремени врнежи од дожд, и истите повремено ќе бидат обилни. На планините и на повисоките места повремено ќе има врнежи од снег, а повремено снежната граница можно е повторно да се спушти до околу, па и под 1000 метри надморска височина, со што појава на повремен снег би можело да има и во повисоките населени места. Сето ова ќе биде проследено со засилен, до повремено силен ветер од јужен, југоисточен и од западен правец, додека во сабота ветерот ќе биде повторно силен и од северен правец. Повремено и локално ветерот ќе достигнува доста голема брзина (и тоа од над 80/90 км/час). За време на оваа серија на влажни воздушни бранови, повремено и локално ќе наврне значително количество на воден талог (над 30 литри дожд на метар квадратен), а на планините ќе се формира снежна покривка со висина од 10 до 20 cм, а на високите планини таа би можела да биде и поголема. Помала снежна покривка има услови да се формира и во повисоките населени места. Што се однесува до температурите, тие најпрвин ќе бидат во пораст, особено во среда кога тие ќе се искачуваат во интервалот од 9 до 17 степени. Од четврток тие ќе опаѓаат и ќе се искачуваат во интервалот од 7 до 14 степени, меѓутоа повремено тие ќе бидат и значително пониски, а во утринските часови особено во петок и за време на викендот ќе биде многу постудено кога температурите во најголем дел од Македонија ќе се спуштаат под нулата, а понекаде тие ќе се спуштат и до близу -10 степени, на високите планини и под -10 степени.  

The post Студен бран од север доаѓа во Македонија appeared first on Република.

]]>
Мисајловски: Македонија како полноправна членка на НАТО носи бројни придобивки за безбедноста и економијата https://republika.mk/vesti/makedonija/misajlovski-makedonija-kako-polnopravna-chlenka-na-nato-nosi-brojni-pridobivki-za-bezbednosta-i-ekonomijata/ Wed, 13 Nov 2024 20:02:15 +0000 https://republika.mk/?p=837386

Во поткастот „ВМРО-ДПМНЕ Зборува“, министерот за одбрана и потпретседател на ВМРО ДПМНЕ, Владо Мисајловски се осврна како членството на Македонија во НАТО, има значителни придобивки, не само за безбедноста на Македонија, туку и за економскиот развој.

Круцијално е што добива Македонија со членството во НАТО, а тоа се пред се колективна безбедност. НАТО е најголемиот политички воен сојуз, и се подразбира дека прво и основно е стабилноста на сите граѓани“, кажа Мисајловски.

Мисајловски истакна дека нашата земја е во добра позиција, затоа што одлучува рамо до рамо со големите светски сили. Членството на Македонија во НАТО, ја позиционира земјата во силна и сигурна алијанса, што и овозможува да донесува одлуки заедно со најголемите светски сили.

Што се случува околу нас, посебно во Украина, Блиски Исток, нови жаришта, постојано се наоружуваат земјите, но ние сме во системот каде што заеднички седиме на маса со најсилните држави во светот. Една од придобивките е тоа што можеме постојано да имаме контакт со тие луѓе, да бидеме пријатели, да разменуваме искуство, но исто така е многу важно со обврските што сме во НАТО, да одвојуваме над 2% од буџетот и да се модернизираме“, рече Мисајловски.

Мисајловски говореше за тековната модернизација на армијата, и насоките во кои се движи оваа модернизација.

Секоја земја си има одреден степен на модернизација, насочување, што се нивни способност и цели, и во моментот сме насочени кон лесната пешадиска баталјонска група, каде што се вложува за модернизација, посочи Мисајловски.

Мисајловски потенцираше дека членството во НАТО може да влијае и позитивно на нашата економија и го спомена НАТО пазарот и што тоа може да значи за нас.

Мисајловски истакна и дека со зголемената безбедност, се отвораат и нови можности за инвестиции во Македонија, а компаниите имаат пристап до НАТО пазарот.

Она што го добиваме од НАТО, а не се политичките моменти, она што е колективно е безбедност, а влијае и врз економијата. Многу компании може да учествуваат и на НАТО пазарот со отворање нов спектар на можности. Од друга страна со самото тоа што сме членка во НАТО зголемување на безбедноста се отвора и ново поле во економијата, односно многу компании сакаат да инвестираат и поради таа причина што е многу добро за нашата економија. Придобивките се огромни, поготово во момент каде што има многу жаришта околу нас, и многу е важно да ги следиме сите оние трендови на модернизација и на други земји, како и ние да се модернизираме и да гледаме да се подобруваме, и да обезбедуваме средства за човечки ресурси“, потенцираше Мисајловски.

Мисајловски додаде дека Владата, предводена од ВМРО-ДПМНЕ, обезбедува во континуитет 2% од буџетот, со што ќе овозможи бројни проекти за модернизација и подобрување на инфраструктурата.

The post Мисајловски: Македонија како полноправна членка на НАТО носи бројни придобивки за безбедноста и економијата appeared first on Република.

]]>

Во поткастот „ВМРО-ДПМНЕ Зборува“, министерот за одбрана и потпретседател на ВМРО ДПМНЕ, Владо Мисајловски се осврна како членството на Македонија во НАТО, има значителни придобивки, не само за безбедноста на Македонија, туку и за економскиот развој.
Круцијално е што добива Македонија со членството во НАТО, а тоа се пред се колективна безбедност. НАТО е најголемиот политички воен сојуз, и се подразбира дека прво и основно е стабилноста на сите граѓани“, кажа Мисајловски.
Мисајловски истакна дека нашата земја е во добра позиција, затоа што одлучува рамо до рамо со големите светски сили. Членството на Македонија во НАТО, ја позиционира земјата во силна и сигурна алијанса, што и овозможува да донесува одлуки заедно со најголемите светски сили.
Што се случува околу нас, посебно во Украина, Блиски Исток, нови жаришта, постојано се наоружуваат земјите, но ние сме во системот каде што заеднички седиме на маса со најсилните држави во светот. Една од придобивките е тоа што можеме постојано да имаме контакт со тие луѓе, да бидеме пријатели, да разменуваме искуство, но исто така е многу важно со обврските што сме во НАТО, да одвојуваме над 2% од буџетот и да се модернизираме“, рече Мисајловски.
Мисајловски говореше за тековната модернизација на армијата, и насоките во кои се движи оваа модернизација.
Секоја земја си има одреден степен на модернизација, насочување, што се нивни способност и цели, и во моментот сме насочени кон лесната пешадиска баталјонска група, каде што се вложува за модернизација, посочи Мисајловски.
Мисајловски потенцираше дека членството во НАТО може да влијае и позитивно на нашата економија и го спомена НАТО пазарот и што тоа може да значи за нас. Мисајловски истакна и дека со зголемената безбедност, се отвораат и нови можности за инвестиции во Македонија, а компаниите имаат пристап до НАТО пазарот.
Она што го добиваме од НАТО, а не се политичките моменти, она што е колективно е безбедност, а влијае и врз економијата. Многу компании може да учествуваат и на НАТО пазарот со отворање нов спектар на можности. Од друга страна со самото тоа што сме членка во НАТО зголемување на безбедноста се отвора и ново поле во економијата, односно многу компании сакаат да инвестираат и поради таа причина што е многу добро за нашата економија. Придобивките се огромни, поготово во момент каде што има многу жаришта околу нас, и многу е важно да ги следиме сите оние трендови на модернизација и на други земји, како и ние да се модернизираме и да гледаме да се подобруваме, и да обезбедуваме средства за човечки ресурси“, потенцираше Мисајловски.
Мисајловски додаде дека Владата, предводена од ВМРО-ДПМНЕ, обезбедува во континуитет 2% од буџетот, со што ќе овозможи бројни проекти за модернизација и подобрување на инфраструктурата.  

The post Мисајловски: Македонија како полноправна членка на НАТО носи бројни придобивки за безбедноста и економијата appeared first on Република.

]]>
Таравари: Минимум 1.000 лекари ѝ се потребни на Македонија итно и неодложно, барем до крајот на наредната година https://republika.mk/zivot/zdravje/taravari-minimum-1-000-lekari-se-potrebni-na-makedonija-itno-i-neodlozhno-barem-do-krajot-na-narednata-godina/ Tue, 12 Nov 2024 16:39:00 +0000 https://republika.mk/?p=836908

Најмалку 1.000 лекари недостасуваат во македонското здравство посочува во разговор за Гласот на Америка ресорниот министер Арбен Таравари. Министерот најавува вработување на 600 приватни специјализанти, како и изнаоѓање решение и за 1.200 здравствени работници ангажирани со договор на дело

Таравари нагласува дека за надминување на оваа состојба било донесенo и владино решение за вработување на 600 приватни специјализанти. Триста од нив дo крајот на оваа година, и уште триста наредната година.

Минимум 1000 лекари ѝ се потребни на Македонија итно и неодложно, барем до крајот на наредната година“, вели министерот за здравство Арбен Таравари во изјава за Глас на Америка.

The post Таравари: Минимум 1.000 лекари ѝ се потребни на Македонија итно и неодложно, барем до крајот на наредната година appeared first on Република.

Камала Харис ветува поддршка за македонските идентитет и јазик, Доналд Трамп најави економска соработка и безбедност https://republika.mk/vesti/makedonija/kamala-haris-vetuva-poddrshka-za-makedonskite-identitet-i-jazik-donald-tramp-najavi-ekonomska-sorabotka-i-bezbednost/ Sun, 03 Nov 2024 18:00:06 +0000 https://republika.mk/?p=833835

Доколку биде избрана за претседател на САД, потпретседателката и демократска кандидатка Камала Харис кажа дека ќе ги штити правата на граѓаните и земјите слободно да го изразуваат својот национален идентитет, вклучително и македонските идентитет и јазик, додека поранешниот претседател и републикански кандидат Доналд Трамп вети економска соработка и безбедност на Западен Балкан ако тој победи на изборите во вторник, објави Гласот на Америка на македонски.

И двете кампањи најавија поддршка на демократските институции и борба против корупцијата во регионот.

НАТО и ЕУ се базираат на заеднички демократски вредности, вклучувајќи силни, независни и одговорни институции. Нашите вредности, исто така, ги штитат и почитуваат правата на граѓаните и земјите слободно да го изразуваат својот национален идентитет, вклучително и македонскиот идентитет - и да го зборуваат својот национален јазик, вклучително и македонскиот јазик. Потпретседателката Харис разбира колку се важни овие вредности за виталната македонско-американска заедница, вели портпарол на кампањата на Харис за Гласот на Америка на македонски.

Од штабот на Харис потенцираат дека корупцијата е клучен национален безбедносен интерес на САД.

Потпретседателката Харис постојано се залага за унапредување на демократијата, владеење на правото и борбата против корупцијата. Корупцијата е клучен национален безбедносен интерес на САД, што е една од причините зошто потпретседателката Харис е целосно посветена на унапредување на евроатлантските аспирации на шесте земји од Западен Балкан, наведуваат од кампањата на Харис.

Администрацијата на претседателот Џо Бајден на почетокот на мандатот најави борба против корупцијата, велејќи дека претставува закана за национална безбедност, не само во САД, туку и во цел свет. Претседателот Џо Бајден во 2021 година потпиша извршна наредба, со која се предвиде блокада на имот и спречување влез во САД за одредени лица кои придонесуваат кон дестабилизација на Западен Балкан, за постапки кои, меѓу другото, вклучуваат корупција.

Кампањата на Трамп, пак, ја критикува надворешната политика на Бајден во однос на борбата против корупцијата и интеграцијата на Западен Балкан во ЕУ, нарекувајќи ја „пасивна“.

Надворешната политика на администрацијата на Бајден на Балканот е обележана со неактивност, празни ветувања и недостаток на посветеност за вистинско разбирање на уникатните предизвици на регионот. Наместо да се спроведуваат значајни економски и иницијативи за раст во земји како Грција, Србија, Албанија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Хрватска, Косово, Црна Гора, Македонија, Романија и Словенија, за поддршка на овие нации во нивната борба против корупцијата и интеграцијата во ЕУ, администрацијата на Бајден се одлучи за пасивен пристап. Овој недостаток на ангажман не само што го попречи економскиот напредок, туку и остави многу балкански држави да се чувствуваат занемарени и невреднувани додека тензиите вријат без соодветна интервенција, изјави Христос Марафацос, заменик-претседавач со Националната коалиција за различности на претседателот Трамп.

Марафацос вели дека надворешната политика на Трамп кон Западен Балкан ќе се фокусира на трговски партнерства и економски можности.

Белата куќа предводена од Трамп нема едноставно да турка широкогради изјави за демократијата. Ќе донесе вистински, одговорни резултати преку директно работење со локалните лидери и луѓето во регионот, вели Марафацос.

Србија и Косово потпишаа договор за економска нормализација во 2020 година за време на администрацијата на претседателот Трамп. Марафацос вели дека Трамп ќе ја продолжи политиката на поддршка на стратешки економски договори.

Дополнително, неговата администрација ќе даде приоритет на индивидуалните слободи и ќе ја намали бирократијата која го задушува напредокот во овие нации, помагајќи да се унапредат вистинските демократски вредности преку зајакнување на граѓаните и локалните институции, велат од кампањата на Трамп.

Оттаму велат и дека ако Трамп се врати во Белата куќа, ќе преземе активни чекори за да го спречи странското влијание насочено кон дестабилизација на балканскиот регион.

Одлучниот стил и посветеноста на Трамп за градење силни сојузи засновани на заемна корист и почит би биле во целосна спротивност со пасивните политики на сегашната администрација, давајќи им надеж на оние кои веруваат во посветла иднина на Балканот, наведуваат од Кампањата на Трамп.

Стејт департментот на 21 ноември 2023 година, за Гласот на Америка на македонски, изјави дека администрацијата на Бајден ќе работи со земјите од Западен Балкан да се намали можноста за „малигно руско влијание“.

Посветени сме да работиме со земјите од Западен Балкан, нашите европски партнери и меѓународната заедница, за унапредување на реформите во управувањето, владеење на правото, изборните и антикорупциските реформи, кои ќе ја намалат можноста за малигно руско влијание и ќе донесат траен мир, стабилност и просперитет на регионот“, се вели во изјавата на Стејт департментот.

Обединетата македонска дијаспора (ОМД), која неодамна прослави 20 години постоење, минатиот месец доби писмо од потпретседателката Харис, со кое таа ѝ се обрати на македонската заедница во САД.

Покрај придонесите кон економијата и културата, македонските Американци активно се вклучуваат во нашата демократија. Многумина служат во законодавните тела и граѓански организации, рефлектирајќи ги принципите на слобода и заедница што ја прават нашата држава посилна. Нивната посветеност во граѓанскиот сектор е инспирирачка и клучна за здравјето на нашата демократија, пишува во писмото.

Викендов во Мичиген, сојузна држава во која живеат околу 125 илјади Американци со македонско потекло, Македонците организираат настани за поддршка на кампањите на Харис и на Трамп. Трамп и Харис ги завршуваат нивните последни изборни митинзи пред претседателските избори во вторник. Милиони гласаат предвреме, пишува Гласот на Америка на македонски.

The post Камала Харис ветува поддршка за македонските идентитет и јазик, Доналд Трамп најави економска соработка и безбедност appeared first on Република.

]]>

Доколку биде избрана за претседател на САД, потпретседателката и демократска кандидатка Камала Харис кажа дека ќе ги штити правата на граѓаните и земјите слободно да го изразуваат својот национален идентитет, вклучително и македонските идентитет и јазик, додека поранешниот претседател и републикански кандидат Доналд Трамп вети економска соработка и безбедност на Западен Балкан ако тој победи на изборите во вторник, објави Гласот на Америка на македонски. И двете кампањи најавија поддршка на демократските институции и борба против корупцијата во регионот.
НАТО и ЕУ се базираат на заеднички демократски вредности, вклучувајќи силни, независни и одговорни институции. Нашите вредности, исто така, ги штитат и почитуваат правата на граѓаните и земјите слободно да го изразуваат својот национален идентитет, вклучително и македонскиот идентитет - и да го зборуваат својот национален јазик, вклучително и македонскиот јазик. Потпретседателката Харис разбира колку се важни овие вредности за виталната македонско-американска заедница, вели портпарол на кампањата на Харис за Гласот на Америка на македонски.
Од штабот на Харис потенцираат дека корупцијата е клучен национален безбедносен интерес на САД.
Потпретседателката Харис постојано се залага за унапредување на демократијата, владеење на правото и борбата против корупцијата. Корупцијата е клучен национален безбедносен интерес на САД, што е една од причините зошто потпретседателката Харис е целосно посветена на унапредување на евроатлантските аспирации на шесте земји од Западен Балкан, наведуваат од кампањата на Харис.
Администрацијата на претседателот Џо Бајден на почетокот на мандатот најави борба против корупцијата, велејќи дека претставува закана за национална безбедност, не само во САД, туку и во цел свет. Претседателот Џо Бајден во 2021 година потпиша извршна наредба, со која се предвиде блокада на имот и спречување влез во САД за одредени лица кои придонесуваат кон дестабилизација на Западен Балкан, за постапки кои, меѓу другото, вклучуваат корупција. Кампањата на Трамп, пак, ја критикува надворешната политика на Бајден во однос на борбата против корупцијата и интеграцијата на Западен Балкан во ЕУ, нарекувајќи ја „пасивна“.
Надворешната политика на администрацијата на Бајден на Балканот е обележана со неактивност, празни ветувања и недостаток на посветеност за вистинско разбирање на уникатните предизвици на регионот. Наместо да се спроведуваат значајни економски и иницијативи за раст во земји како Грција, Србија, Албанија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Хрватска, Косово, Црна Гора, Македонија, Романија и Словенија, за поддршка на овие нации во нивната борба против корупцијата и интеграцијата во ЕУ, администрацијата на Бајден се одлучи за пасивен пристап. Овој недостаток на ангажман не само што го попречи економскиот напредок, туку и остави многу балкански држави да се чувствуваат занемарени и невреднувани додека тензиите вријат без соодветна интервенција, изјави Христос Марафацос, заменик-претседавач со Националната коалиција за различности на претседателот Трамп.
Марафацос вели дека надворешната политика на Трамп кон Западен Балкан ќе се фокусира на трговски партнерства и економски можности.
Белата куќа предводена од Трамп нема едноставно да турка широкогради изјави за демократијата. Ќе донесе вистински, одговорни резултати преку директно работење со локалните лидери и луѓето во регионот, вели Марафацос.
Србија и Косово потпишаа договор за економска нормализација во 2020 година за време на администрацијата на претседателот Трамп. Марафацос вели дека Трамп ќе ја продолжи политиката на поддршка на стратешки економски договори.
Дополнително, неговата администрација ќе даде приоритет на индивидуалните слободи и ќе ја намали бирократијата која го задушува напредокот во овие нации, помагајќи да се унапредат вистинските демократски вредности преку зајакнување на граѓаните и локалните институции, велат од кампањата на Трамп.
Оттаму велат и дека ако Трамп се врати во Белата куќа, ќе преземе активни чекори за да го спречи странското влијание насочено кон дестабилизација на балканскиот регион.
Одлучниот стил и посветеноста на Трамп за градење силни сојузи засновани на заемна корист и почит би биле во целосна спротивност со пасивните политики на сегашната администрација, давајќи им надеж на оние кои веруваат во посветла иднина на Балканот, наведуваат од Кампањата на Трамп.
Стејт департментот на 21 ноември 2023 година, за Гласот на Америка на македонски, изјави дека администрацијата на Бајден ќе работи со земјите од Западен Балкан да се намали можноста за „малигно руско влијание“.
Посветени сме да работиме со земјите од Западен Балкан, нашите европски партнери и меѓународната заедница, за унапредување на реформите во управувањето, владеење на правото, изборните и антикорупциските реформи, кои ќе ја намалат можноста за малигно руско влијание и ќе донесат траен мир, стабилност и просперитет на регионот“, се вели во изјавата на Стејт департментот.
Обединетата македонска дијаспора (ОМД), која неодамна прослави 20 години постоење, минатиот месец доби писмо од потпретседателката Харис, со кое таа ѝ се обрати на македонската заедница во САД.
Покрај придонесите кон економијата и културата, македонските Американци активно се вклучуваат во нашата демократија. Многумина служат во законодавните тела и граѓански организации, рефлектирајќи ги принципите на слобода и заедница што ја прават нашата држава посилна. Нивната посветеност во граѓанскиот сектор е инспирирачка и клучна за здравјето на нашата демократија, пишува во писмото.
Викендов во Мичиген, сојузна држава во која живеат околу 125 илјади Американци со македонско потекло, Македонците организираат настани за поддршка на кампањите на Харис и на Трамп. Трамп и Харис ги завршуваат нивните последни изборни митинзи пред претседателските избори во вторник. Милиони гласаат предвреме, пишува Гласот на Америка на македонски.

The post Камала Харис ветува поддршка за македонските идентитет и јазик, Доналд Трамп најави економска соработка и безбедност appeared first on Република.

]]>
На 18 ноември во Приштина ќе се одржи билатерална средба меѓу Владите на Македонија и Косово https://republika.mk/vesti/makedonija/na-18-noemvri-vo-prishtina-ke-se-odrzhi-bilateralna-sredba-megu-vladite-na-makedonija-i-kosovo/ Wed, 30 Oct 2024 18:37:48 +0000 https://republika.mk/?p=832551

Министерот за европски прашања, Орхан Муртезани попладнево соопшти дека на 18 ноември во Приштина ќе се одржи билатерална средба меѓу владите на Македонија и Косово.

Муртезани во интервју за „Лајм“ потенцира дека важноста на оваа посета е зајакнувањето на соработката и стабилноста на регионот.

На 18 ноември Владата на Република Македонија предводена од премиерот Христијан Мицкоски ќе ќе претстојува во посета на Приштина, за билатерална средба влада со владата на Косово. Оваа посета е доказ за јасната ориентација на Владата кон регионалната соработка и зајакнување на односите со Косово, отфрлајќи ги обвинувањата и клеветите на албанската опозиција дека новата влада е ориентирана кон Србија. Со оваа волја паѓаат во вода сите тие обвинувања од опозицијата, особено албанската, кои се обидуваат да го покријат стравот од прифаќање на фактот дека се во опозиција продавајќи магла дека Македонија е ориентирана кон Србија, рече Муртезани, стои во информацијата од политичката партија Алтернатива од коалицијата „Вреди“.

The post На 18 ноември во Приштина ќе се одржи билатерална средба меѓу Владите на Македонија и Косово appeared first on Република.

Извештај на ЕК за напредокот на Македонија: Пофалби за политичката посветеност и меѓуетничките односи, критики за кривичниот законик на СДСМ/ДУИ и администрацијата https://republika.mk/vesti/makedonija/izveshtaj-na-ek-za-napredokot-na-makedonija-pofalbi-za-politichkata-posvetenost-i-meguetnichkite-odnosi-kritiki-za-krivichniot-zakonik-na-sdsm-dui-i-administratsijata/ Wed, 30 Oct 2024 15:08:54 +0000 https://republika.mk/?p=832514

Македонија постојано ја истакнува својата политичка посветеност на стратешката цел за интеграција во ЕУ, како и нејзината амбиција да продолжи во процесот на пристапните преговори, се наведува во годишниот Извештај на Европската комисија за напредокот на земјава на европскиот пат, објавен денеска.

По првата Меѓувладина конференција за пристапните преговори на 19 јули 2022 година, скрининг сесиите за сите шест кластери беа завршени на 7 декември 2023 година. Македонија продолжи да ја спроведува Спогодбата за стабилизација и асоцијација и се одржаа средби на заедничките тела согласно договорот, се вели во документот.

Во Извештајот се посочува дека земјата треба да ги спроведува суштинските реформи поврзани со членството во ЕУ, да одржува добри односи со другите земји опфатени со процесот на проширување, како и да го продолжи својот ангажман во регионалните иницијативи.

Постојните билатерални договори со соседните земји треба да се спроведуваат со добра волја од сите страни, вклучително и Договорот од Преспа меѓу Македонија и Грција и Договорот за пријателство, добрососедство и соработка со Бугарија, се наведува во извештајот.

– Институциите задолжени за процесот на интеграција се поставени. Новата Влада формираше Министерство за европски прашања, кое го замени Секретаријатот за европски прашања. По успешното завршување на процесот на скрининг, Македонија треба да продолжи да ги зајакнува своите преговарачки структури со ЕУ и да постигне здрава координација меѓу ресорните министерства и институции, истовремено развивајќи ја експертизата поврзана со правото на ЕУ низ јавната администрација. Потребни се постојани и решителни чекори за да се забрза имплементацијата на реформите во ЕУ и да се придвижи напред во процесот на преговори за пристапување во ЕУ. Меѓупартиската соработка останува од витално значење во овој поглед, се потенцира во Извештајот. Во документот се нагласува дека земјата и натаму е целосна усогласена со заедничката надворешна и безбедносна политика на ЕУ, вклучително и во однос на руската агресија врз Украина, испраќајќи јасен сигнал за нејзиниот стратешки избор за пристап во ЕУ и уште еднаш докажувајќи се како доверлив партнер.

Во 2023 година, Македонија одигра активна улога во сложениот геополитички контекст за време на нејзиниот мандат како претседавач со Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ), потенцира ЕК. Извештајот посочува и дека земјата активно се вклучи во спроведувањето на новиот План за раст за Западен Балкан преку неговите четири столба – постепена интеграција во единствениот пазар на ЕУ, регионална економска интеграција, фундаментални реформи и зголемена финансиска поддршка.

– Нејзината реформска агенда ги опфаќа реформските заложби во областите на управување, реформи во јавната администрација и менаџирање со јавните финансии, потоа зелената и дигитална транзиција, човечкиот капитал, развојот на приватниот сектор и на соодветно деловно опкружување, како и во заштитата на основни права и владеењето на правото, се нагласува во Извештајот, при што се додава дека земјата годинава првпат беше вклучена и во Извештајот за владеењето на правото во ЕУ.

Во документот се наведува дека претседателските и парламентарните избори одржани оваа година биле спроведени „главно задоволително“, биле конкурентни и на нив биле почитувани основните слободи, а изборното законодавство дава соодветна рамка за одржување на демократски избори.

Сепак, постигнат е ограничен напредок во однос на спроведувањето на препораките на Канцеларијата за демократски институции и човекови права на ОБСЕ (ОБСЕ/ОДИХР) и на Венецијанската комисија. Македонија треба да ги спроведе препораките брзо и многу време пред следните избори, се вели во текстот.

Во врска со Собранието се нагласува дека тоа ги извршува своите овластувања на претежно задоволителен начин, но дека и натаму продолжува политичката поларизација во него и беа одложено усвојувањето на важни реформи и неколку именувања… Парламентот треба внимателно да ја планира и усвои својата агенда и да ја ограничи употребата на брзи законодавни процедури или несоодветната употреба на процедурата „европско знаменце, што беше пракса досега, се потенцира во текстот и се додава дека меѓупартиската соработка е од суштинско значење за да се забрза спроведувањето на реформите поврзани со ЕУ во интерес на граѓаните.

Комисијата наведува дека е потребна реформа на локалната самоуправа и треба „повторно да започне дијалогот меѓу различните нивоа на власта“.

Меѓуетничките односи останаа стабилни, а Охридскиот рамковен договор продолжи да се спроведува. Граѓанските организации во Македонија работат во опкружување, кое овозможува нивно функционирање. Сепак, Владата треба да ги зголеми своите напори за вклучување на граѓанското општество во приоритетните области и во консултативните активности. Сè уште треба да се изменат и имплементираат постојните правни и финансиски рамки, особено за да се обезбедат конзистентни механизми за обезбедување транспарентно јавно финансирање на граѓанските организации, посочува ЕК.

Во однос на реформата на јавната администрација се оценува дека земјата останува умерено подготвена и е постигнат ограничен напредок во текот на извештајниот период, особено со усвојувањето на измените на Законот за државна организација, кои донесоа подобрувања преку појаснување на одговорностите, воведувањето проценки на влијанието за формирањето нови државни органи и намалување на бројот на примарни буџетски корисници.

Препораките на Комисијата од минатата година не беа целосно имплементирани и затоа остануваат во голема мера валидни, се вели во извештајот.

Во врска со правосудството се посочува дека земјата е „помеѓу одредено и умерено ниво на подготовка“ за примена на правото на ЕУ и на европските стандарди во оваа област и дека генерално оствариле ограничен напредок во зајакнувањето на судската независност и подобрување на правната рамка за заштита на основните права.

Најавите на новата Влада за планови за „распуштање“ на Судскиот совет и Советот на јавни обвинители предизвикуваат сериозна загриженост, бидејќи таквите активности ќе ја нарушат независноста на судството. Зголемениот дефицит на човечки ресурси во судството предизвикува загриженост за влијанието врз квалитетот и ефикасноста на правдата, се вели во Извештајот.

Во делот на судството се посочува дека треба да се донесе нов Закон за парнична постапка, во согласност со европските стандарди и да започне имплементација на новата стратегија за реформи во судството, да се зајакне Судскиот совет и да се обезбеди дека АКМИС системот е целосно функционален и компатибилен со нивото на сложеност на судските случаи.

Македонија е помеѓу одредено ниво на подготовка и умерено ниво на подготовка и не постигна напредок во превенцијата и борбата против корупцијата. Корупцијата останува распространета во многу области и е прашање што предизвикува сериозна загриженост, се наведува во текстот, при што се потенцира дека актуелната Влада јави дека борбата против корупцијата е нејзин приоритет.

Според ЕК, институционалната рамка за борба против корупцијата е поставена и е задоволителна во однос на превентивните мерки, сепак потребно е подобрување на спроведувањето на законите.

Измените на Кривичниот законик од септември 2023 година ја ослабнаа правната рамка, негативно влијаејќи на гонењето на корупцијата, особено во случаите на високо ниво. Многу тековни случаи беа прекинати или поради истечен рок на застареност или поради тоа што конкретни прекршоци, како што е злоупотребата на службената положба при јавните набавки, веќе не постојат, се додава во Извештајот.

Комисијата препорачува дека треба да се донесе нов Кривичен законик во согласност со правото на ЕУ и меѓународните стандарди, да се подобри имплементацијата на националната стратегија за спречување на корупцијата и судирот на интереси и да се обезбедат човечки и финансиски ресурси на Основното јавно обвинителство за организиран криминал, како и да подобри проверката на имотните листови на избраните и именуваните функционери и надзорот над финансирањето на изборната кампања.

Во Извештајот се оценува дека правната рамка за заштита на основните права е делумно усогласена со правото на ЕУ и европските стандарди, како и дека земјата продолжува да ги исполнува своите општи обврски за почитување на основните права, но законодавството треба да се спроведува на систематски начин. Во овој дел во Извештајот се нагласува дека земјата треба посебно да посвети внимание тешките услови во затворите, да додели доволно ресурси до Канцеларијата на Народниот правобранител и на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација, како и да обезбеди соодветна поддршка на ранливите категории деца, особено децата жртви на насилство, децата Роми и децата со попреченост.

Македонија е помеѓу одредено ниво на подготовка и умерено ниво на подготовка за слободата на изразување и има ограничен напредок во оваа област, се наведува во документот и се препорачува да продолжи усогласувањето на правната рамка што ги регулира медиумите со правото на ЕУ и европските стандарди, особено со воведување правила за целосна транспарентност во сопственоста и рекламирањето на медиумите, конкуренцијата и државната помош и правата на интелектуална сопственост, да спроведе стратегијата за реформирање на Јавниот радиодифузен сервис и да продолжи да се справува со сите закани и акти на насилство врз новинарите и да обезбеди сторителите да бидат изведени пред лицето на правдата, се наведува во документот.

Во Извештајот, меѓу другото, се даваат оценки и за функционирањето на пазарната економија, состојбата со јавните набавки, статистика и финансиската контрола, внатрешниот пазар, слободното движење на стоки и работниците, интелектуална сопственост, конкурентноста, финансиските услуги, заштита на потрошувачите и здравјето, дигиталната трансформација.

Економска, монетарната и социјалната политика, образованието, културата, науката и истражувањето, зелената агенда, транспортот, енергијата, животна средина и климатски промени, природните ресурси, земјоделство и кохезијата.

Во завршниот дел од Извештајот се потсетува дека земјата е вклучена во процесот на стабилизација и асоцијација од 1999 година, дека е кандидат за членство во ЕУ од 2005 година, како и дека на 26 март 2020 година Европскиот совет одобри отворање на пристапните преговори, по што на 19 јули се одржа Првата меѓувладина конференција и истиот ден Комисијата го започна скрининг процесот.

The post Извештај на ЕК за напредокот на Македонија: Пофалби за политичката посветеност и меѓуетничките односи, критики за кривичниот законик на СДСМ/ДУИ и администрацијата appeared first on Република.

Македонија да го интензивира темпото на реформи и да ги комплетира уставните измени, стои во Предлог-извештајот на ЕК https://republika.mk/vesti/makedonija/makedonija-da-go-intenzivira-tempoto-na-reformi-i-da-gi-kompletira-ustavnite-izmeni-stoi-vo-predlog-izveshtajot-na-ek/ Wed, 30 Oct 2024 11:31:04 +0000 https://republika.mk/?p=832414

Македонија преставува добар пример за изградба на мултиетничко општество, но земјата мора да ја зајакне довербата во правосудниот систем, да го интензивира темпото на реформите поврзани со ЕУ, како и да ја исполни преземената обврска за комплетирање на уставните измени.

Ова се едни од главните пораки содржани во Предлог-извештајот за напредокот на земјава на патот кон ЕУ од „Пакетот за проширување“ на Европската комисија, што официјално треба да биде усвоен денеска и објавен попладнево.

Покрај усвојувањето на уставните измени во Извештајот се нагласува потребата од „спроведување со добра волја“ на билатералните договори со соседните земји, односно на Договорот од Преспа и на Договорот за пријателство, добрососедство и соработка со Бугарија.

Во документот се повикува и на интензивирање и на темпото на реформи поврзани со приближувањето кон ЕУ, пред се на зајакнување на владеењето на правото, зголемување на довербата во правосудниот систем, како и на спроведување на истрагите, гонењето и конечното завршување на долготрајните судски процеси поврзани со „лица од висок профил“.

Македонија треба да продолжи со спроведувањето на реформите поврзани со зачленувањето во ЕУ, пред се оние од Кластерот „Основни вредности“, како судските реформи, борбата против корупцијата и организираниот криминал, се вели во Предлог-извештајот.

Во делот на пристапниот процес на земјава се потсетува дека првата Меѓувладина конференција ЕУ-Македонија, со што беше означен официјален старт на преговорите за членство, се одржа во јули 2022 година, а скрининг процесот по сите шест кластери заврши во декември 2023 година.

Комисијата со нетрпение очекува брзо и решително следење на скрининг извештајот за Кластерот „Основни вредности“, вклучително и во однос на патоказите на земјата во согласност со Преговарачката рамка, со цел да се отвори првиот кластер што е можно поскоро, кога ќе се исполнат релевантните услови, се наведува во Предлог-извештајот на ЕК за земјава

The post Македонија да го интензивира темпото на реформи и да ги комплетира уставните измени, стои во Предлог-извештајот на ЕК appeared first on Република.

]]>

Македонија преставува добар пример за изградба на мултиетничко општество, но земјата мора да ја зајакне довербата во правосудниот систем, да го интензивира темпото на реформите поврзани со ЕУ, како и да ја исполни преземената обврска за комплетирање на уставните измени. Ова се едни од главните пораки содржани во Предлог-извештајот за напредокот на земјава на патот кон ЕУ од „Пакетот за проширување“ на Европската комисија, што официјално треба да биде усвоен денеска и објавен попладнево. Покрај усвојувањето на уставните измени во Извештајот се нагласува потребата од „спроведување со добра волја“ на билатералните договори со соседните земји, односно на Договорот од Преспа и на Договорот за пријателство, добрососедство и соработка со Бугарија. Во документот се повикува и на интензивирање и на темпото на реформи поврзани со приближувањето кон ЕУ, пред се на зајакнување на владеењето на правото, зголемување на довербата во правосудниот систем, како и на спроведување на истрагите, гонењето и конечното завршување на долготрајните судски процеси поврзани со „лица од висок профил“. Македонија треба да продолжи со спроведувањето на реформите поврзани со зачленувањето во ЕУ, пред се оние од Кластерот „Основни вредности“, како судските реформи, борбата против корупцијата и организираниот криминал, се вели во Предлог-извештајот. Во делот на пристапниот процес на земјава се потсетува дека првата Меѓувладина конференција ЕУ-Македонија, со што беше означен официјален старт на преговорите за членство, се одржа во јули 2022 година, а скрининг процесот по сите шест кластери заврши во декември 2023 година. Комисијата со нетрпение очекува брзо и решително следење на скрининг извештајот за Кластерот „Основни вредности“, вклучително и во однос на патоказите на земјата во согласност со Преговарачката рамка, со цел да се отвори првиот кластер што е можно поскоро, кога ќе се исполнат релевантните услови, се наведува во Предлог-извештајот на ЕК за земјава

The post Македонија да го интензивира темпото на реформи и да ги комплетира уставните измени, стои во Предлог-извештајот на ЕК appeared first on Република.

]]>
Мицкоски: Она што се случува со перформансите на германската економија кај нас ќе се почувствува во вториот квартал од следната година https://republika.mk/vesti/ekonomija/mitskoski-ona-shto-se-sluchuva-so-performansite-na-germanskata-ekonomija-kaj-nas-ke-se-pochuvstvuva-vo-vtoriot-kvartal-od-slednata-godina/ Tue, 29 Oct 2024 09:40:12 +0000 https://republika.mk/?p=831952

Она што сега се случува на економско поле во Германија ние нема веднаш да го почувствуваме. Сепак, можно е во вториот квартал идната година да имаме негативни ефекти, но од тоа нема да има негативни ефекти само кај нас, туку во целиот свет, а посебно во Европа, оцени денеска премиерот Христијан Мицкоски.

Нашата цел е да дадеме еден драјвер на економијата преку инвестиции, реализација на капитални инвестиции и вложувања од страна на компаниите во сопствени основни средства за работа. На тој начин очекуваме да се зголеми продуктивноста, а со зголемување на продуктивноста да се обидеме и да го зголемиме приходот и да ги подобриме перформансите на економијата. Затоа ние многу внимателно пристапуваме и затоа многу внимателно планираме да ги трошиме средствата коишто ги заработуваме и во централниот буџет, но и позајмуваме. И тоа треба да бидат трошења само во насока на вложување во инвестиции, не во јавна потрошувачка, туку во инвестиции - изјави Мицкоски пред почетокот на конференцијата на „Блумберг Адрија“ на тема „Економски потенцијал и развојни можности за Македонија“ во одговор на прашање што треба да направи земјава за диверзификација на извозот и на кој начин да стане поконкурентна.

Тој нагласи дека не може еден систем кој е граден со децении да се промени преку ноќ и посочи дека е потребно време за да се појави нова опција за економијата на земјава целосно да не зависи од случувањата во Германија.

Доколку очекуваме ние веднаш од една опција која што сме ја имале да имаме наеднаш 10, 20, 50 опции тоа е невозможно, бидејќи немаме толку голем број на природни ресурси на располагање, немаме нафта, немаме гас, не сме држава на море. За да се случи тоа потребно е да ги реализираме стратешките цели на државата. Бидејќи сме земја која не излегува на море овој недостаток треба да го претвориме во предност, а тоа е да станеме раскрсница на транспортниот, железничкиот и енергетскиот коридор во овој дел од Европа. Тоа е она што како држава треба да ни даде геостратешка предност за да можеме да бидеме во радарот на големите инвеститори од големите земји - рече Мицкоски.

Потенцира дека тоа е можно бидејќи земјава е природна раскрсница на два многу значајни европски коридори, коридорите 8 и 10.

За средствата од унгарскиот кредит од половина милијарда евра кои веќе се легнати на сметката на Народната банка рече дека половина ќе бидат за компаниите, односно кредити за компаниите, останатите средства ќе бидат за капитални инвестиции, дел за општините, дел за централната Влада.

Веќе сме во преговори со банките како овој процес ќе функционира во пракса за да останат истите услови. Морам да кажам дека почетоците на овие преговори не се онакви какви што ние очекувавме, но тоа што е. Ќе разговараме со банките па ќе видиме до каде ќе стигнеме. Но, во секој случај компаниите ќе ги имаат истите услови коишто ги имаше оној заем, односно 3,25 проценти камата, 3 години грејс период и период на отплата до 12 години - појасни Мицкоски.

Прецизира дека кај некои од банките има дилема дали можат машините повеќе од седум години да бидат интабулирани поради амортизацијата итн. Но, како што рече, се надева дека низ еден разговор сето ова ќе биде минато.

Прашан дали банките бараат висока провизија, рече дека засега би се воздржал од коментар.

Но, она кое што е важно е дека на крајот компаниите и стопанството мора да ги имаат истите услови коишто ние ги кажавме. Како ќе го изорганизираме сето тоа оставете ние да го испреговараме - потенцира Мицкоски.

На прашањето дали се планира напуштање на фиксниот курс на денарот рече дека тоа нема да се случи, а за каматните стапки посочи дека полека се намалуваат.

Не, тоа нема да има. Тоа не зависи од нас, тоа зависи од Народната банка. Колку што знам јас во изминатите неколку месеци откако е избрана новата Влада Народната банка на двапати ги коригираше каматните стапки така што полека, но сигурно имаме растоварување од тој аспект - потенцира Мицкоски

The post Мицкоски: Она што се случува со перформансите на германската економија кај нас ќе се почувствува во вториот квартал од следната година appeared first on Република.

]]>

Она што сега се случува на економско поле во Германија ние нема веднаш да го почувствуваме. Сепак, можно е во вториот квартал идната година да имаме негативни ефекти, но од тоа нема да има негативни ефекти само кај нас, туку во целиот свет, а посебно во Европа, оцени денеска премиерот Христијан Мицкоски.
Нашата цел е да дадеме еден драјвер на економијата преку инвестиции, реализација на капитални инвестиции и вложувања од страна на компаниите во сопствени основни средства за работа. На тој начин очекуваме да се зголеми продуктивноста, а со зголемување на продуктивноста да се обидеме и да го зголемиме приходот и да ги подобриме перформансите на економијата. Затоа ние многу внимателно пристапуваме и затоа многу внимателно планираме да ги трошиме средствата коишто ги заработуваме и во централниот буџет, но и позајмуваме. И тоа треба да бидат трошења само во насока на вложување во инвестиции, не во јавна потрошувачка, туку во инвестиции - изјави Мицкоски пред почетокот на конференцијата на „Блумберг Адрија“ на тема „Економски потенцијал и развојни можности за Македонија“ во одговор на прашање што треба да направи земјава за диверзификација на извозот и на кој начин да стане поконкурентна.
Тој нагласи дека не може еден систем кој е граден со децении да се промени преку ноќ и посочи дека е потребно време за да се појави нова опција за економијата на земјава целосно да не зависи од случувањата во Германија.
Доколку очекуваме ние веднаш од една опција која што сме ја имале да имаме наеднаш 10, 20, 50 опции тоа е невозможно, бидејќи немаме толку голем број на природни ресурси на располагање, немаме нафта, немаме гас, не сме држава на море. За да се случи тоа потребно е да ги реализираме стратешките цели на државата. Бидејќи сме земја која не излегува на море овој недостаток треба да го претвориме во предност, а тоа е да станеме раскрсница на транспортниот, железничкиот и енергетскиот коридор во овој дел од Европа. Тоа е она што како држава треба да ни даде геостратешка предност за да можеме да бидеме во радарот на големите инвеститори од големите земји - рече Мицкоски.
Потенцира дека тоа е можно бидејќи земјава е природна раскрсница на два многу значајни европски коридори, коридорите 8 и 10. За средствата од унгарскиот кредит од половина милијарда евра кои веќе се легнати на сметката на Народната банка рече дека половина ќе бидат за компаниите, односно кредити за компаниите, останатите средства ќе бидат за капитални инвестиции, дел за општините, дел за централната Влада.
Веќе сме во преговори со банките како овој процес ќе функционира во пракса за да останат истите услови. Морам да кажам дека почетоците на овие преговори не се онакви какви што ние очекувавме, но тоа што е. Ќе разговараме со банките па ќе видиме до каде ќе стигнеме. Но, во секој случај компаниите ќе ги имаат истите услови коишто ги имаше оној заем, односно 3,25 проценти камата, 3 години грејс период и период на отплата до 12 години - појасни Мицкоски.
Прецизира дека кај некои од банките има дилема дали можат машините повеќе од седум години да бидат интабулирани поради амортизацијата итн. Но, како што рече, се надева дека низ еден разговор сето ова ќе биде минато. Прашан дали банките бараат висока провизија, рече дека засега би се воздржал од коментар.
Но, она кое што е важно е дека на крајот компаниите и стопанството мора да ги имаат истите услови коишто ние ги кажавме. Како ќе го изорганизираме сето тоа оставете ние да го испреговараме - потенцира Мицкоски.
На прашањето дали се планира напуштање на фиксниот курс на денарот рече дека тоа нема да се случи, а за каматните стапки посочи дека полека се намалуваат.
Не, тоа нема да има. Тоа не зависи од нас, тоа зависи од Народната банка. Колку што знам јас во изминатите неколку месеци откако е избрана новата Влада Народната банка на двапати ги коригираше каматните стапки така што полека, но сигурно имаме растоварување од тој аспект - потенцира Мицкоски

The post Мицкоски: Она што се случува со перформансите на германската економија кај нас ќе се почувствува во вториот квартал од следната година appeared first on Република.

]]>
Новиот тим македонски историчари во заедничката комисија утре на прва средба со тимот од Бугарија https://republika.mk/vesti/makedonija/noviot-tim-makedonski-istorichari-vo-zaednichkata-komisija-utre-na-prva-sredba-so-timot-od-bugarija/ Wed, 23 Oct 2024 18:28:51 +0000 https://republika.mk/?p=830326

Новиот состав во македонскиот тим во заедничката Комисија за историски и образовни прашања помеѓу Македонија и Бугарија утре, по подолг период, треба да има прва средба со нивните колеги од бугарска страна.

Историчарот Митко Панов, кој е дел од новиот состав што Владата го назначи  минатиот месец, во интервју за ТВ Сител вечерва изјави дека не може предвреме да каже за очекувањата од средбата, но, рече, оптимист е доколку се постигнат начелата на слободно изразување на ставовите за историјата.

-За моите очекувања не можам ништо да кажам сега, пред време, бидејќи треба да се запознаеме, треба да ја запознаеме методологијата на работа, концептот на работа, принципите на делување... Доколку се држиме до современите принципи на работа, европските практики на работа на ваков тип комисии, можам да кажам дека сум оптимист, не дека нешто ќе се постигне, сега ќе видиме, но доколку ги постигнеме тие начела на работа, мислам дека ќе можеме слободно да ги изразуваме своите ставови и, впрочем, тоа е и целта и моето разбирање  на комисијата – да ги изразиме сопствените ставови, ставовите на македонската историографија и да видиме кои се тие проблематични точки коишто едната страна ги смета за некакви конфликтни проблеми, истакна Панов.

Посочи дека претходно многупати кажал дека не се согласува со концептот на работа на претходната Комисија, и нагласи дека ќе работат „растоварени од какви било политички влијанија“ затоа што, рече, комисијата треба да работи во таква атмосфера за да дискутира.

- Генерално, комисијата треба да работи во некаква атмосфера во која ќе дискутираме за одредени историографски проблеми коишто, да кажам, се можеби продукт на 19 век... Ќе видиме како понатаму ќе се делува. Она што е охрабрувачки е фактот дека како тим на историчари сме оставени слободно да ги изразуваме своите ставови и своите научни гледишта. Впрочем, со министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски имавме протоколарна средба на која беше дециден дека ние како историчари и како комисија, формално сега, апсолутно имаме академска слобода на делување за какви било одлуки што ќе ги донесеме, ако ги донесеме, и за какви било дискусии во рамките на комисијата. Така што, тоа е за поздравување, додаде Панов, историчар од Институтот за национална историја.

Нов претседател на македонскиот тим во заедничката Комисија за историски и образовни прашања помеѓу Македонија и Бугарија е Ванчо Ѓорѓиев, професор на Филозофскиот факултет во Скопје, а покрај Митко Панов, членови во Комисијата се и Александар Литовски, Никола Минов, Сашо Додевски, Бесник Емини и Димитар Љоровски.

The post Новиот тим македонски историчари во заедничката комисија утре на прва средба со тимот од Бугарија appeared first on Република.

]]>

Новиот состав во македонскиот тим во заедничката Комисија за историски и образовни прашања помеѓу Македонија и Бугарија утре, по подолг период, треба да има прва средба со нивните колеги од бугарска страна. Историчарот Митко Панов, кој е дел од новиот состав што Владата го назначи  минатиот месец, во интервју за ТВ Сител вечерва изјави дека не може предвреме да каже за очекувањата од средбата, но, рече, оптимист е доколку се постигнат начелата на слободно изразување на ставовите за историјата.
-За моите очекувања не можам ништо да кажам сега, пред време, бидејќи треба да се запознаеме, треба да ја запознаеме методологијата на работа, концептот на работа, принципите на делување... Доколку се држиме до современите принципи на работа, европските практики на работа на ваков тип комисии, можам да кажам дека сум оптимист, не дека нешто ќе се постигне, сега ќе видиме, но доколку ги постигнеме тие начела на работа, мислам дека ќе можеме слободно да ги изразуваме своите ставови и, впрочем, тоа е и целта и моето разбирање  на комисијата – да ги изразиме сопствените ставови, ставовите на македонската историографија и да видиме кои се тие проблематични точки коишто едната страна ги смета за некакви конфликтни проблеми, истакна Панов.
Посочи дека претходно многупати кажал дека не се согласува со концептот на работа на претходната Комисија, и нагласи дека ќе работат „растоварени од какви било политички влијанија“ затоа што, рече, комисијата треба да работи во таква атмосфера за да дискутира.
- Генерално, комисијата треба да работи во некаква атмосфера во која ќе дискутираме за одредени историографски проблеми коишто, да кажам, се можеби продукт на 19 век... Ќе видиме како понатаму ќе се делува. Она што е охрабрувачки е фактот дека како тим на историчари сме оставени слободно да ги изразуваме своите ставови и своите научни гледишта. Впрочем, со министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски имавме протоколарна средба на која беше дециден дека ние како историчари и како комисија, формално сега, апсолутно имаме академска слобода на делување за какви било одлуки што ќе ги донесеме, ако ги донесеме, и за какви било дискусии во рамките на комисијата. Така што, тоа е за поздравување, додаде Панов, историчар од Институтот за национална историја.
Нов претседател на македонскиот тим во заедничката Комисија за историски и образовни прашања помеѓу Македонија и Бугарија е Ванчо Ѓорѓиев, професор на Филозофскиот факултет во Скопје, а покрај Митко Панов, членови во Комисијата се и Александар Литовски, Никола Минов, Сашо Додевски, Бесник Емини и Димитар Љоровски.

The post Новиот тим македонски историчари во заедничката комисија утре на прва средба со тимот од Бугарија appeared first on Република.

]]>
Работниците немаат никакви права во приватниот сектор, вели Ристески, со овој притисок ќе избегаат од Македонија https://republika.mk/vesti/ekonomija/rabotnitsite-nemaat-nikakvi-prava-vo-privatniot-sektor-veli-risteski-so-ovoj-pritisok-ke-izbegaat-od-makedonija/ Sun, 20 Oct 2024 15:38:04 +0000 https://republika.mk/?p=829168

Конфедерацијата на синдикалните организации во Македонија (КСОМ) истакнува дека во последно време има сериозни прекршувања на законите од страна на сопственици на компании во однос на правото на работниците за синдикално организирање, како и зголемен притисок од страна на директорите врз работниците преку институции, насочен кон гасење на синдикалните организации од кои дел се од КСОМ. Доколку продолжи притисокот најавуваат протести пред седиштата на компаниите кои тоа го прават и се надеваат на поддршка и од останатите синдикати.

Ваков притисок врз работниците, како што велат, има во повеќе градови, а некаде дури и ги тераат преку нотарска изјава да потврдат дека не сакале да формираат синдикат. Притисок да не се формираат синдикални организации, како што посочуваат, досега вршеле повеќе од 40 работодавачи, најчесто од градежниот сектор и оние кои управуваат со минералните суровини.

-Одредени работодавачи, особено во приватниот сектор, синхронизирано и организирано без да бираат средства вршат големи притисоци врз работниците за да не се организираат синдикално, дури и во некои компании каде ние имаме свој синдикат. Тоа го прават преку разни комисии кои даваат приговори на Првостепена, а потоа и на Второстепена комисија за да дојде до згаснување на синдикатите, а на крај дури и до Управен суд. Додека Управниот суд донесе одлука може да потрае и до три години, а во тој период не смее да се формира нова синдикална организација. На следниот состанок на Економско-социјалниот совет ќе побараме помош за тоа и од премиерот, истакна претседателот на КСОМ Марјан Ристески на денешната прес-конференција и праша што им смета на работодавачите ако работниците се синдикално организирани и ги бараат своите права.

Тој посочи дека на работодавачите покрај тоа што не им чинат работниците бидејќи биле неспособни и непродуктивни, не им чини и владата која само што е формирана. Најверојатно, додаде, тоа е притисок за да не се потпишат колективните договори.

-Работниците немаат никакви права во приватниот сектор. Ако се продолжи со овој притисок работниците ќе избегаат од Македонија, а дури и работниците кои доаѓаат од странство за неколку дена ја напуштаат државава. Сакаме да седнеме со работодавачите и стопанските комори и да разговараме, бидејќи не може нив ништо да не им чини во државата, а даваат минимални плати и ја изигруваат обврската за исплата на К-15. Капиталот, коморите, работодавачите и синдикатите што беа досега се највиновни што сме доведени во ваква состојба. Тие се навикнати само да се жалат, а ние како работници не добиваме ништо, потенцира Ристески.

Нагласи дека ќе побараат од Владата оние компании кои имаат синдикат да имаат одреден приоритет при добивањето на субвенции и програми за инвестиции, а од коморите да си ги дисциплинираат своите членки. Смета дека проблемот не го прават сопствениците на мултинационалните компании кои знаат што е синдикално организирање кај нив, туку раководните лица кои се поставени од нашата држава кои, како што рече, им велат на газдите ние го знаеме менталитетот на работниците и знаеме како треба да се постапува со нив.

Тоа покрај потценување на работниците е и потценување на државата. Затоа треба да го кренеме гласот и конечно работникот да се чувствува дека е почитуван во државата и да не се сели, потенцира Ристески.

The post Работниците немаат никакви права во приватниот сектор, вели Ристески, со овој притисок ќе избегаат од Македонија appeared first on Република.

]]>

Конфедерацијата на синдикалните организации во Македонија (КСОМ) истакнува дека во последно време има сериозни прекршувања на законите од страна на сопственици на компании во однос на правото на работниците за синдикално организирање, како и зголемен притисок од страна на директорите врз работниците преку институции, насочен кон гасење на синдикалните организации од кои дел се од КСОМ. Доколку продолжи притисокот најавуваат протести пред седиштата на компаниите кои тоа го прават и се надеваат на поддршка и од останатите синдикати. Ваков притисок врз работниците, како што велат, има во повеќе градови, а некаде дури и ги тераат преку нотарска изјава да потврдат дека не сакале да формираат синдикат. Притисок да не се формираат синдикални организации, како што посочуваат, досега вршеле повеќе од 40 работодавачи, најчесто од градежниот сектор и оние кои управуваат со минералните суровини.
-Одредени работодавачи, особено во приватниот сектор, синхронизирано и организирано без да бираат средства вршат големи притисоци врз работниците за да не се организираат синдикално, дури и во некои компании каде ние имаме свој синдикат. Тоа го прават преку разни комисии кои даваат приговори на Првостепена, а потоа и на Второстепена комисија за да дојде до згаснување на синдикатите, а на крај дури и до Управен суд. Додека Управниот суд донесе одлука може да потрае и до три години, а во тој период не смее да се формира нова синдикална организација. На следниот состанок на Економско-социјалниот совет ќе побараме помош за тоа и од премиерот, истакна претседателот на КСОМ Марјан Ристески на денешната прес-конференција и праша што им смета на работодавачите ако работниците се синдикално организирани и ги бараат своите права.
Тој посочи дека на работодавачите покрај тоа што не им чинат работниците бидејќи биле неспособни и непродуктивни, не им чини и владата која само што е формирана. Најверојатно, додаде, тоа е притисок за да не се потпишат колективните договори. -Работниците немаат никакви права во приватниот сектор. Ако се продолжи со овој притисок работниците ќе избегаат од Македонија, а дури и работниците кои доаѓаат од странство за неколку дена ја напуштаат државава. Сакаме да седнеме со работодавачите и стопанските комори и да разговараме, бидејќи не може нив ништо да не им чини во државата, а даваат минимални плати и ја изигруваат обврската за исплата на К-15. Капиталот, коморите, работодавачите и синдикатите што беа досега се највиновни што сме доведени во ваква состојба. Тие се навикнати само да се жалат, а ние како работници не добиваме ништо, потенцира Ристески. Нагласи дека ќе побараат од Владата оние компании кои имаат синдикат да имаат одреден приоритет при добивањето на субвенции и програми за инвестиции, а од коморите да си ги дисциплинираат своите членки. Смета дека проблемот не го прават сопствениците на мултинационалните компании кои знаат што е синдикално организирање кај нив, туку раководните лица кои се поставени од нашата држава кои, како што рече, им велат на газдите ние го знаеме менталитетот на работниците и знаеме како треба да се постапува со нив.
Тоа покрај потценување на работниците е и потценување на државата. Затоа треба да го кренеме гласот и конечно работникот да се чувствува дека е почитуван во државата и да не се сели, потенцира Ристески.
 
The post Работниците немаат никакви права во приватниот сектор, вели Ристески, со овој притисок ќе избегаат од Македонија appeared first on Република.

]]>
Лига на нации: Македонија убедливо ја победи Летонија https://republika.mk/sport/fudbal/liga-na-natsii-makedonija-ubedlivo-ja-pobedi-letonija/ Thu, 10 Oct 2024 19:06:56 +0000 https://republika.mk/?p=825352

Фудбалската репрезентација на Македонија ја совлада екипата на Летонија на гостувањето со 3:0 (1:0) во дуел од третото коло од Лигата на нациите.

„Жолто-црвените“ остануваат на првата позиција во својата група по оваа победа.

Головите за нашата репрезентација ги постигнаа Атанасов во 35. минута, а резервистот Ќамили во 70. минута го удвои водството. Победата ја запечати Елмас со убав гол во 93. минута.

Македонија по овој меч има 7 бодови, а по три дена гостува кај Ерменија во Ереван, а натпреварот почнува од 18 часот. Во првиот натпревар помеѓу двете репрезентации во Скопје нашите фудбалери славеа со 2:0.

The post Лига на нации: Македонија убедливо ја победи Летонија appeared first on Република.

]]>

Фудбалската репрезентација на Македонија ја совлада екипата на Летонија на гостувањето со 3:0 (1:0) во дуел од третото коло од Лигата на нациите. „Жолто-црвените“ остануваат на првата позиција во својата група по оваа победа. Головите за нашата репрезентација ги постигнаа Атанасов во 35. минута, а резервистот Ќамили во 70. минута го удвои водството. Победата ја запечати Елмас со убав гол во 93. минута. Македонија по овој меч има 7 бодови, а по три дена гостува кај Ерменија во Ереван, а натпреварот почнува од 18 часот. Во првиот натпревар помеѓу двете репрезентации во Скопје нашите фудбалери славеа со 2:0.

The post Лига на нации: Македонија убедливо ја победи Летонија appeared first on Република.

]]>
Во Свети Николе свечена академија за егзодусот на Македонците и граѓанската војна во Грција https://republika.mk/vesti/makedonija/vo-sveti-nikole-svechena-akademija-za-egzodusot-na-makedontsite-i-graganskata-vojna-vo-grtsija/ Sun, 06 Oct 2024 13:55:29 +0000 https://republika.mk/?p=823502

Грчката агресија врз Македонија почнува од 1844 година и оттогаш се уште водиме борба за самодокажување. Тоа се покажа и во поновата историја, со потпишувањето на Преспанскиот договор во 2018 година, рече професор Виолета Ачковска денеска на свечената академија во Свети Николе, по повод егзодусот на Македонците и граѓанската војна во Грција. Таа посочи дека со потпишувањето Преспанскиот договор, тогашните политичари го одзедоа правото на самоопределување.

Договорот во Преспа 2018 е еден од најголемите порази и капитулација која сопствената држава и народ ги потпиша за себеукинување. Тоа е еден таков самоубиствен чин на македонскиот народ со многу долгорочни последици и јас не гледам како, многу тешко, но мора да се извлечеме од тоа наметнато откажување од самите себе, изјави Ачковска.

Универзитетската професорка Елка Јачева-Улчар посочи дека виновни за состојбата во која се наоѓа државата, не ни се соседите, туку нашата политика, а потпишувањето на Преспанскиот договор, само ги зголемил апетите на Бугарија. Таа смета дека Преспанскиот договор е избрзан, бидејќи во тој момент Македонија под уставното име беше признаена од 130 држави

Ова го потврдува и еден неодамнешен исказ на Ципрас, кој вели дека треба да бидеме задоволни, што сепак дозволил да постои во нашето име терминот Македонија, правдајќи се пред својата, грчката јавност, вели дека тоа било и најмногу што можеле да добијат тие, затоа што од како што биле позициите во тоа време, многу лесно можело да се случи да пропадне целата работа во врска со промената на нашето име, вели Јачева-Улчар.

На Свечената седница во Свети Николе се говореше за значењето на Абецедарот за Македонците во Егејска Македонија, испечатен и објавен пред речиси сто години.

The post Во Свети Николе свечена академија за егзодусот на Македонците и граѓанската војна во Грција appeared first on Република.

Казахстан најавува повеќе посети и повеќе трговија со Македонија https://republika.mk/vesti/makedonija/kazahstan-najavuva-poveke-poseti-i-poveke-trgovija-so-makedonija/ Sun, 06 Oct 2024 08:24:43 +0000 https://republika.mk/?p=823337

Дипломатските односи меѓу Република Македонија и Република Казахстан се воспоставени на 1 јуни 1995 година. Досега двете земји имаат потпишано повеќе договори за соработка во различни области. Протоколот за редовни консултации помеѓу МНР-а на двете држави е потпишан во Скопје, ноември 2017 година, а македонската Амбасада во Астана официјално е отворена септември 2021 година за време на првата посета на тогашниот министер за надворешни работи Бујар Османи. Амбасадата на Казахстан пак, официјално почна со работа оваа година во мај.

Меѓу двете земји постојат амбициозни планови за соработка, за која се смета дека би била поинтензивна со укинување на постојниот визен режим меѓу двете земји и поедноставување на административните процедури, како и зајакнување на правната заштита до пристап до поголеми пазари и можност за меѓународни бизниси.

Заменик министерот за надворешни работи на Казахстан Роман Василенко, прашан за потенцијалите на билатералната соработка со Скопје ќе посочи дека Казахстан досега во регионов има отворено амбасади со Србија, Хрватска, Словенија, а од оваа година и во Македонија, како и конзулат во Црна Гора.

Нашата перцепција е дека ова е регион во подем, со многу потенцијал. Некои земји се дел од ЕУ, некои се кандидати за членство и ние им посакуваме среќа на тој пат. Ние гледаме потенцијал во трговијата, рударството, земјоделството и во фармацевтската индустрија. Македонската компанија Алкалоид порано оваа година отвори свое претставништво овде. Мислиме дека нашите односи со овие земји во кои само што ги отворивме нашите амбасади беа некако заспани и сега повторно ги будиме. Во наредниот период ќе видиме повеќе посети, повеќе трговија и повеќе контакти меѓу луѓето, вели Василенко.

Инаку, во однос на трговската размена меѓу двете земји, според Заводот за статистика увозот од Казахстан само за првите седум месеци за 2024 година е 7.764.981 евра и е зголемена споредбено со 2023 за 2.227.472 евра, а извозот од Македонија за Казахстан во првите седум месеци е 261.033 евра.

Казахстан и Македонија планираат наскоро да организираат бизнис форум во Скопје, на кој се очекува присуство на казахстански компании од различни сектори и потенцијални македонски компании.

The post Казахстан најавува повеќе посети и повеќе трговија со Македонија appeared first on Република.

]]>

Дипломатските односи меѓу Република Македонија и Република Казахстан се воспоставени на 1 јуни 1995 година. Досега двете земји имаат потпишано повеќе договори за соработка во различни области. Протоколот за редовни консултации помеѓу МНР-а на двете држави е потпишан во Скопје, ноември 2017 година, а македонската Амбасада во Астана официјално е отворена септември 2021 година за време на првата посета на тогашниот министер за надворешни работи Бујар Османи. Амбасадата на Казахстан пак, официјално почна со работа оваа година во мај. Меѓу двете земји постојат амбициозни планови за соработка, за која се смета дека би била поинтензивна со укинување на постојниот визен режим меѓу двете земји и поедноставување на административните процедури, како и зајакнување на правната заштита до пристап до поголеми пазари и можност за меѓународни бизниси. Заменик министерот за надворешни работи на Казахстан Роман Василенко, прашан за потенцијалите на билатералната соработка со Скопје ќе посочи дека Казахстан досега во регионов има отворено амбасади со Србија, Хрватска, Словенија, а од оваа година и во Македонија, како и конзулат во Црна Гора.
Нашата перцепција е дека ова е регион во подем, со многу потенцијал. Некои земји се дел од ЕУ, некои се кандидати за членство и ние им посакуваме среќа на тој пат. Ние гледаме потенцијал во трговијата, рударството, земјоделството и во фармацевтската индустрија. Македонската компанија Алкалоид порано оваа година отвори свое претставништво овде. Мислиме дека нашите односи со овие земји во кои само што ги отворивме нашите амбасади беа некако заспани и сега повторно ги будиме. Во наредниот период ќе видиме повеќе посети, повеќе трговија и повеќе контакти меѓу луѓето, вели Василенко.
Инаку, во однос на трговската размена меѓу двете земји, според Заводот за статистика увозот од Казахстан само за првите седум месеци за 2024 година е 7.764.981 евра и е зголемена споредбено со 2023 за 2.227.472 евра, а извозот од Македонија за Казахстан во првите седум месеци е 261.033 евра. Казахстан и Македонија планираат наскоро да организираат бизнис форум во Скопје, на кој се очекува присуство на казахстански компании од различни сектори и потенцијални македонски компании.

The post Казахстан најавува повеќе посети и повеќе трговија со Македонија appeared first on Република.

]]>
Македонија изгуби врвни лекари кои спасувале илјадници човечки животи https://republika.mk/vesti/makedonija/makedonija-izgubi-vrvni-lekari-koi-spasuvale-iljadnitsi-chovechki-zhivoti/ Fri, 04 Oct 2024 17:38:34 +0000 https://republika.mk/?p=822846

Д-р Александар Ристески (75) специјалист-радиолог, д-р Никола Василески (42) специјалист-гинеколог акушер и Фанче Јованоска (51) радиолошки технолог, сите од Прилеп, вчера загинаа во тешка сообраќајна несреќа.

Животите ги загубија на патот Прилеп-Битола патувајќи на работа во болницата „Плодност“.

Денес таму се одржа комеморација, на која присуствуваа нивните колеги, членови на семејствата и познаници.

На комеморацијата се обрати и градоначалникот на Прилеп, Борче Јовчески, кој исто така е доктор по професија.

Тој вчера, по несреќата, напиша:

Прилеп и Македонија изгуби врвни лекари специјалисти, еминетни и почитувани луѓе, посветени и одговорни граѓани, кои спасувале илјадници човечки животи и помагале на многу луѓе со својата специјалност, но ги загубија животите, патувајќи токму, на своите работни места во Битола за да им помогнат на други луѓе. Прилеп вечно ќе се сеќава на Прим. д-р Александар Ристески, спец. радиолог, д-р Никола Василески гинеколог и Фанче Јованоска радиолошкиот технолог, кои ќе бидат вечна наша тага и непребол. Во оваа прилика сакам да изразам сочуство до семејствата за нивната огромна загуба и болка, напиша градоначалникот.

Во Прилеп e прогласен Ден на жалост, а знамињата пред општинската зграда и македонското знаме на влезовите од градот и на јарболот во центарот на градот се поставени на половина копје.

The post Македонија изгуби врвни лекари кои спасувале илјадници човечки животи appeared first on Република.

]]>

Д-р Александар Ристески (75) специјалист-радиолог, д-р Никола Василески (42) специјалист-гинеколог акушер и Фанче Јованоска (51) радиолошки технолог, сите од Прилеп, вчера загинаа во тешка сообраќајна несреќа. Животите ги загубија на патот Прилеп-Битола патувајќи на работа во болницата „Плодност“. Денес таму се одржа комеморација, на која присуствуваа нивните колеги, членови на семејствата и познаници. На комеморацијата се обрати и градоначалникот на Прилеп, Борче Јовчески, кој исто така е доктор по професија. Тој вчера, по несреќата, напиша: