македонија - шпанија Archives - Република https://republika.mk/tema/makedonija-shpanija/ За подобро да се разбереме Fri, 13 Sep 2024 16:34:02 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png македонија - шпанија Archives - Република https://republika.mk/tema/makedonija-shpanija/ 32 32 Муцунски за шпанска ЕФЕ: Интеграцијата во ЕУ е главниот надворешно-политички приоритет и клучен национален интерес https://republika.mk/vesti/makedonija/mutsunski-za-shpanska-efe-integratsijata-vo-eu-e-glavniot-nadvoreshno-politichki-prioritet-i-kluchen-natsionalen-interes/ Fri, 13 Sep 2024 16:34:02 +0000 https://republika.mk/?p=816158

Главниот надворешно-политички приоритет на новата македонска Влада е целосната интеграција во Европската Унија, и тој процес е клучен за остварување на националните интереси, изјави министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски, во интервју за шпанската новинска агенција ЕФЕ, соопшти МНР.

Во однос на блокадата од Бугарија, Муцунски нагласува дека Владата останува на ставот за одложена примена на уставните измени.

Остврнувајќи се на евроинтегративниот процес, тој забалежува дека има „неправедна билатерализација и двојни стандарди кои станаа дел од процесот на пристапување во Европската Унија“.

Потсетува дека земјава има направено повеќе од која било друга за пристапување кон Унијата, а блокадите од нашите соседи ги поврза со интересите на трети страни кои не сакаат европска иднина за Западен Балкан.

Ние сме земја која доби кандидатски статус во 2005 година и имаме многу позитивни препораки од Европската комисија за отворање на преговорите, но за жал сè уште не сме таму. Ова е нешто што го заслужуваме и се надеваме дека ќе го постигнеме што е можно поскоро, истакна Муцунски.

Тој додава дека како држава направивме многу отстапки за исполнување на европските барања, а новата Влада е подготвена да ги исполни и останатите услови за приближување кон стандардите на ЕУ.

Тоа се критериумите по кои сакаме да бидеме оценети. Не е фер да се оценува нашата земја врз основа на субјективни билатерални стандарди кои немаат врска со ЕУ. Кога ќе има историска книга за одлучувањето и проширувањето на ЕУ, ние ќе бидеме поглавје за неправедната билатерализација, вели Муцунски.

Интервјуто е направено за време на посетата на Муцунски во Мадрид, по повод 30-годишнината од воспоставувањето на дипломатските односи со Шпанија. Тој и неговиот шпански колега ги оценија односите како пријателски, со акцент на силната поддршка од Шпанија за побрза интеграција на земјата во ЕУ.

The post Муцунски за шпанска ЕФЕ: Интеграцијата во ЕУ е главниот надворешно-политички приоритет и клучен национален интерес appeared first on Република.

]]>

Главниот надворешно-политички приоритет на новата македонска Влада е целосната интеграција во Европската Унија, и тој процес е клучен за остварување на националните интереси, изјави министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски, во интервју за шпанската новинска агенција ЕФЕ, соопшти МНР. Во однос на блокадата од Бугарија, Муцунски нагласува дека Владата останува на ставот за одложена примена на уставните измени. Остврнувајќи се на евроинтегративниот процес, тој забалежува дека има „неправедна билатерализација и двојни стандарди кои станаа дел од процесот на пристапување во Европската Унија“. Потсетува дека земјава има направено повеќе од која било друга за пристапување кон Унијата, а блокадите од нашите соседи ги поврза со интересите на трети страни кои не сакаат европска иднина за Западен Балкан.
Ние сме земја која доби кандидатски статус во 2005 година и имаме многу позитивни препораки од Европската комисија за отворање на преговорите, но за жал сè уште не сме таму. Ова е нешто што го заслужуваме и се надеваме дека ќе го постигнеме што е можно поскоро, истакна Муцунски.
Тој додава дека како држава направивме многу отстапки за исполнување на европските барања, а новата Влада е подготвена да ги исполни и останатите услови за приближување кон стандардите на ЕУ.
Тоа се критериумите по кои сакаме да бидеме оценети. Не е фер да се оценува нашата земја врз основа на субјективни билатерални стандарди кои немаат врска со ЕУ. Кога ќе има историска книга за одлучувањето и проширувањето на ЕУ, ние ќе бидеме поглавје за неправедната билатерализација, вели Муцунски.
Интервјуто е направено за време на посетата на Муцунски во Мадрид, по повод 30-годишнината од воспоставувањето на дипломатските односи со Шпанија. Тој и неговиот шпански колега ги оценија односите како пријателски, со акцент на силната поддршка од Шпанија за побрза интеграција на земјата во ЕУ.

The post Муцунски за шпанска ЕФЕ: Интеграцијата во ЕУ е главниот надворешно-политички приоритет и клучен национален интерес appeared first on Република.

]]>
Шамбевски: Замислете во Шпанија, амбасадор на друга земја да настапува на вакви настани https://republika.mk/vesti/makedonija/shambevski-zamislete-vo-shpanija-ambasador-na-druga-zemja-da-nastapuva-na-vakvi-nastani/ Thu, 31 Aug 2023 06:36:13 +0000 https://republika.mk/?p=677437

Секој дипломат, особено високи дипломати како во случајов шпанскиот амбасадор во Македонија, мора да биде свесен и за перцепцијата и имиџот кои ги остава за него и неговата земја, во земјата домаќин, потенцира поранешниот амбасадор Оливер Шамбевски, реагирајќи на обраќањето на Хозе Луиз Лозано Гарсија на првата трибина „ЕУ за македонската економија“ од кампањата на власта „Ние сме Европа“, која почна синоќа.

Особено треба да е свесен за ова кога решил да настапува на настан кој не е ништо друго, иако формално организиран од Владата, освен маскирана партиска активност на една владеачка партија, дизајниран да го поларизира општеството. Замислете во Шпанија, амбасадор на друга земја да настапува на такви настани на кои се клевети опозицијата, па и 80% од населението кое не се согласува со одредена политика на Владата. Притоа истиот настан да е под сериозен сомнеж за корупција...
Верувам, незамисливо Ви е… ама амбасадоре бидете свесен дека, иако овде еве се случи, немојте да мислите дека е прифатливо тоа што се случи и дека му правите услуга на имиџот на кралството кое го претставувате.
Јас, колега, во ваков случај, најискрено, професионално би се засрамил, макар и да имам формално оправдување за мојот настап, порача Шамбевски.

The post Шамбевски: Замислете во Шпанија, амбасадор на друга земја да настапува на вакви настани appeared first on Република.

]]>

Секој дипломат, особено високи дипломати како во случајов шпанскиот амбасадор во Македонија, мора да биде свесен и за перцепцијата и имиџот кои ги остава за него и неговата земја, во земјата домаќин, потенцира поранешниот амбасадор Оливер Шамбевски, реагирајќи на обраќањето на Хозе Луиз Лозано Гарсија на првата трибина „ЕУ за македонската економија“ од кампањата на власта „Ние сме Европа“, која почна синоќа.
Особено треба да е свесен за ова кога решил да настапува на настан кој не е ништо друго, иако формално организиран од Владата, освен маскирана партиска активност на една владеачка партија, дизајниран да го поларизира општеството. Замислете во Шпанија, амбасадор на друга земја да настапува на такви настани на кои се клевети опозицијата, па и 80% од населението кое не се согласува со одредена политика на Владата. Притоа истиот настан да е под сериозен сомнеж за корупција... Верувам, незамисливо Ви е… ама амбасадоре бидете свесен дека, иако овде еве се случи, немојте да мислите дека е прифатливо тоа што се случи и дека му правите услуга на имиџот на кралството кое го претставувате. Јас, колега, во ваков случај, најискрено, професионално би се засрамил, макар и да имам формално оправдување за мојот настап, порача Шамбевски.

The post Шамбевски: Замислете во Шпанија, амбасадор на друга земја да настапува на вакви настани appeared first on Република.

]]>
Шпанскиот министер за надворешни работи денеска во Скопје https://republika.mk/vesti/makedonija/shpanskiot-minister-za-nadvoreshni-raboti-deneska-vo-skopje/ Fri, 14 Apr 2023 07:47:58 +0000 https://republika.mk/?p=630721

Министерот за надворешни работи, ЕУ и соработка на Кралството Шпанија, Хосе Мануел Албарез Буено, денеска ќе престојува во еднодневна работна посета на Македонија, на покана на министерот за надворешни работи Бујар Османи, соопшти македонското МНР.

Освен средбата со својот домаќин, министерот Османи, шефот на шпанската дипломатија Албарез ќе се сретне и со заменик-претседателот на Владата задолжен за европски прашања Бојан Маричиќ.

Покрај билатералните односи меѓу двете земји, според МНР, централно место во разговорите се очекува да биде забрзувањето на пристапниот процес процес на СМакеоднија во Европската Унија, во светло на претстојното претседавање на Шпанија со Советот на ЕУ во втората половина на годината. Во таа насока, предвидено е и потпишување на билатерален Меморандум за разбирање за развој на соработката во процесот на пристапување во ЕУ.

На средбите ќе се разговара и за можностите за продлабочување на економските односи, како и секторската соработка во останатите сегменти на општественото живеење.

Посетата на Албарез наМакедонија е дел од неговата балканска турнеја. Тој завчера беше во Белград, вчера во Сараево, а деенска пред Скопје ќе ја посети и Тирана.

Шпанското МНР соопшти дека Албарес доаѓа на Балаканот за да го пренесе обновениот интерес на Мадрид за земјите од регионот и да најави дека Шпанија, откако ќе го преземе претседавањето со ЕУ на 1 јули, ќе ги поддржи нивните напори да и се приклучат на Унијата.

The post Шпанскиот министер за надворешни работи денеска во Скопје appeared first on Република.

]]>

Министерот за надворешни работи, ЕУ и соработка на Кралството Шпанија, Хосе Мануел Албарез Буено, денеска ќе престојува во еднодневна работна посета на Македонија, на покана на министерот за надворешни работи Бујар Османи, соопшти македонското МНР. Освен средбата со својот домаќин, министерот Османи, шефот на шпанската дипломатија Албарез ќе се сретне и со заменик-претседателот на Владата задолжен за европски прашања Бојан Маричиќ. Покрај билатералните односи меѓу двете земји, според МНР, централно место во разговорите се очекува да биде забрзувањето на пристапниот процес процес на СМакеоднија во Европската Унија, во светло на претстојното претседавање на Шпанија со Советот на ЕУ во втората половина на годината. Во таа насока, предвидено е и потпишување на билатерален Меморандум за разбирање за развој на соработката во процесот на пристапување во ЕУ. На средбите ќе се разговара и за можностите за продлабочување на економските односи, како и секторската соработка во останатите сегменти на општественото живеење. Посетата на Албарез наМакедонија е дел од неговата балканска турнеја. Тој завчера беше во Белград, вчера во Сараево, а деенска пред Скопје ќе ја посети и Тирана. Шпанското МНР соопшти дека Албарес доаѓа на Балаканот за да го пренесе обновениот интерес на Мадрид за земјите од регионот и да најави дека Шпанија, откако ќе го преземе претседавањето со ЕУ на 1 јули, ќе ги поддржи нивните напори да и се приклучат на Унијата.

The post Шпанскиот министер за надворешни работи денеска во Скопје appeared first on Република.

]]>
Aхмети на шпанскиот амбасадор му зборувал дека не е момент да се воведува една Изборна единица https://republika.mk/vesti/makedonija/ahmeti-na-shpanskiot-ambasador-mu-zboruval-deka-ne-e-moment-da-se-voveduva-edna-izborna-edinica/ Thu, 03 Feb 2022 18:40:26 +0000 https://republika.mk/?p=453779

Претседателот на Демократската унија за интеграција, Али Ахмети на средбата што денеска ја остварил со амбасадорот на Кралството Шпанија, Хозе Луис Лозано Гарсија истакнал дека сегашниот модел со шест изборни единици е посоодветен од моделот со една изборна единица. Според него, за промена на Изборниот законик и изборните единици потребни се поширок консензус и усогласеност со сите политички фактори во државата, а прашањето треба да се постави на расправа во Собранието.

Ахмети и Гарсија заклучиле дека изборите не се решение во моментот бидејќи земјата оди напред и дека интеграцискиот процес не треба да биде блокиран и решавањето на сите спорови со соседните земји е позитивно за Македонија во приклучувањето кон големото европско семејството.

За време на разговорот, како што се вели во соопштението, Ахмети го запознал шпанскиот амбасадор Гарсија за новата динамика на разговорите за решавање на спорот со Бугарија, посетите на Скопје и Софија, воспоставувањето дијалог и акцискиот план на работните групи и добрата политичка волја за решавање на отворените и прифатени прашања од двете страни.

The post Aхмети на шпанскиот амбасадор му зборувал дека не е момент да се воведува една Изборна единица appeared first on Република.

]]>

Претседателот на Демократската унија за интеграција, Али Ахмети на средбата што денеска ја остварил со амбасадорот на Кралството Шпанија, Хозе Луис Лозано Гарсија истакнал дека сегашниот модел со шест изборни единици е посоодветен од моделот со една изборна единица. Според него, за промена на Изборниот законик и изборните единици потребни се поширок консензус и усогласеност со сите политички фактори во државата, а прашањето треба да се постави на расправа во Собранието. Ахмети и Гарсија заклучиле дека изборите не се решение во моментот бидејќи земјата оди напред и дека интеграцискиот процес не треба да биде блокиран и решавањето на сите спорови со соседните земји е позитивно за Македонија во приклучувањето кон големото европско семејството. За време на разговорот, како што се вели во соопштението, Ахмети го запознал шпанскиот амбасадор Гарсија за новата динамика на разговорите за решавање на спорот со Бугарија, посетите на Скопје и Софија, воспоставувањето дијалог и акцискиот план на работните групи и добрата политичка волја за решавање на отворените и прифатени прашања од двете страни.

The post Aхмети на шпанскиот амбасадор му зборувал дека не е момент да се воведува една Изборна единица appeared first on Република.

]]>