македонија - косово Archives - Република https://republika.mk/tema/makedonija-kosovo/ За подобро да се разбереме Mon, 23 Sep 2024 09:01:59 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png македонија - косово Archives - Република https://republika.mk/tema/makedonija-kosovo/ 32 32 40-годишен македонски државјанин предизвикал сообраќајка при обид да шверцува стока од Косово https://republika.mk/vesti/crna-hronika/40-godishen-makedonski-drzhavjanin-predizvikal-soobrakajka-pri-obid-da-shvertsuva-stoka-od-kosovo/ Mon, 23 Sep 2024 07:48:40 +0000 https://republika.mk/?p=818857

Косовската полиција објави дека во саботата вечерта спречила шверц на стока – обувки и облека - од Косово во Македонија, во близина на граничниот премин Генерал Јанковиќ/Блаце меѓу двете држави, при што уапсила македонски државјанин кој се судрил со возилото со кое ја превезувал стоката низ нелеган пат, јави дописникот на МИА од Приштина.

Во вчерашното соопштение на полицијата се наведува дека прексиниќа околу 20 часот, во атарот на село Сеќиште кај Генерал Јанковиќ, е забележано сомнително возило како се обидува да ја премине граничната линија и веднаш се преземени дејствија за негово сопирање.

Возачот на возилото, со иницијали З.А., македонски државјанин од албанска националнот, на возраст од околу 40 години, откако увидел дека бил забележан од патроли на граничната полиција, при обид да побегне во правец на територијата на Република Македонија, предизвикал сообраќајна незгода со материјална штета.

Полицијата го извлекла возилото со македонски регистарски таблички и при контрола на истото во него нашла 120 пара обувки (патики) и 260 парчиња облека (дуксери и тренерки).

Се сомнева дека намерата била стоката да се прокриумчари од територијата на Република Косово на територијата на Република Македонија преку планински патишта. Во врска со случајот преземени се сите дејствија во соработка со државен обвинител, при што по негова наредба на осомничениот му е одреден притвор во траење од 48 часа, додека шверцуваната стока и возилото се одземени и испратени на царински термин за понатамошна законска процедура, се наведува во соопштението на полицијата.

The post 40-годишен македонски државјанин предизвикал сообраќајка при обид да шверцува стока од Косово appeared first on Република.

]]>

Косовската полиција објави дека во саботата вечерта спречила шверц на стока – обувки и облека - од Косово во Македонија, во близина на граничниот премин Генерал Јанковиќ/Блаце меѓу двете држави, при што уапсила македонски државјанин кој се судрил со возилото со кое ја превезувал стоката низ нелеган пат, јави дописникот на МИА од Приштина. Во вчерашното соопштение на полицијата се наведува дека прексиниќа околу 20 часот, во атарот на село Сеќиште кај Генерал Јанковиќ, е забележано сомнително возило како се обидува да ја премине граничната линија и веднаш се преземени дејствија за негово сопирање. Возачот на возилото, со иницијали З.А., македонски државјанин од албанска националнот, на возраст од околу 40 години, откако увидел дека бил забележан од патроли на граничната полиција, при обид да побегне во правец на територијата на Република Македонија, предизвикал сообраќајна незгода со материјална штета. Полицијата го извлекла возилото со македонски регистарски таблички и при контрола на истото во него нашла 120 пара обувки (патики) и 260 парчиња облека (дуксери и тренерки).
Се сомнева дека намерата била стоката да се прокриумчари од територијата на Република Косово на територијата на Република Македонија преку планински патишта. Во врска со случајот преземени се сите дејствија во соработка со државен обвинител, при што по негова наредба на осомничениот му е одреден притвор во траење од 48 часа, додека шверцуваната стока и возилото се одземени и испратени на царински термин за понатамошна законска процедура, се наведува во соопштението на полицијата.

The post 40-годишен македонски државјанин предизвикал сообраќајка при обид да шверцува стока од Косово appeared first on Република.

]]>
Косово испратило протестна нота до Македонија за инцидентот на скопскиот аеродром со Османи https://republika.mk/vesti/makedonija/kosovo-ispratilo-protestna-nota-do-makedonija-za-intsidentot-na-skopskiot-aerodrom-so-osmani/ Sat, 03 Aug 2024 07:38:30 +0000 https://republika.mk/?p=802968

Министерството за надворешни работи и дијаспора на Косово соопшти дека во петокот упатило протестна нота до Македонија, барајќи итно и целосно објаснување во врска со инцидентот на скопскиот аеродром со косовската претседателка Вјоса Османи, јави дописникот на МИА од Приштина.

Според соопштението на МНР, претседателката Османи била соочена со „несоодветен и незаконски третман“ од обезбедувањето на скопскиот аеродром.

Министерката (Доника) Грвала достави протестна нота до властите во С Македонија, барајќи итно и целосно објаснување за овој инцидент. Истовремено, побарано е македонските власти да преземат итни мерки за расветлување на случајот и да се погрижат вакви настани во иднина да не се повторуваат, се вели во соопштението на Министерството.

Грвала, според соопштението, веднаш по инцидентот, во четвртокот вечерта и во петокот се сретнала со амбасадорката на Македонија во Косово за да побара појаснување за случајот.

Министерката Грвала денеска во МНР оствари средба и со вицепремиерот на С Македонија, Арбен Фетаи со кого разговараше за предметниот инцидент и потребата од преземање брзи институционални дејствија. Во рамки на преземените дејствија, министерката Гервала попладнево прими телефонски повик од нејзиниот македонски колега, министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски, при што беше изразена загриженоста на косовските институции за вчерашниот инцидент, се наведува во соопштението.

На претседателката Османи, според соопштението што го објави Претседателството, во четвртокот имало обид да ѝ се одземе телефонот од обезбедувањето на скопскиот аеродром. Дури, како што велат, имало обид и Османи физички да се оттурне.

https://republika.mk/vesti/makedonija/tav-makedonija-nashiot-vraboten-ne-se-obide-da-i-go-odzeme-telefonot-na-kosovskata-pretsedatelka/

Претседателството на Република Косово во соопштение до јавноста ја изразува својата огорченост од „неприфатливите изјави на Министерството за внатрешни работи на С Македонија“, како и од „пропагандата што се развива против Република Косово“.

The post Косово испратило протестна нота до Македонија за инцидентот на скопскиот аеродром со Османи appeared first on Република.

]]>

Министерството за надворешни работи и дијаспора на Косово соопшти дека во петокот упатило протестна нота до Македонија, барајќи итно и целосно објаснување во врска со инцидентот на скопскиот аеродром со косовската претседателка Вјоса Османи, јави дописникот на МИА од Приштина. Според соопштението на МНР, претседателката Османи била соочена со „несоодветен и незаконски третман“ од обезбедувањето на скопскиот аеродром.
Министерката (Доника) Грвала достави протестна нота до властите во С Македонија, барајќи итно и целосно објаснување за овој инцидент. Истовремено, побарано е македонските власти да преземат итни мерки за расветлување на случајот и да се погрижат вакви настани во иднина да не се повторуваат, се вели во соопштението на Министерството.
Грвала, според соопштението, веднаш по инцидентот, во четвртокот вечерта и во петокот се сретнала со амбасадорката на Македонија во Косово за да побара појаснување за случајот.
Министерката Грвала денеска во МНР оствари средба и со вицепремиерот на С Македонија, Арбен Фетаи со кого разговараше за предметниот инцидент и потребата од преземање брзи институционални дејствија. Во рамки на преземените дејствија, министерката Гервала попладнево прими телефонски повик од нејзиниот македонски колега, министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски, при што беше изразена загриженоста на косовските институции за вчерашниот инцидент, се наведува во соопштението.
На претседателката Османи, според соопштението што го објави Претседателството, во четвртокот имало обид да ѝ се одземе телефонот од обезбедувањето на скопскиот аеродром. Дури, како што велат, имало обид и Османи физички да се оттурне. https://republika.mk/vesti/makedonija/tav-makedonija-nashiot-vraboten-ne-se-obide-da-i-go-odzeme-telefonot-na-kosovskata-pretsedatelka/ Претседателството на Република Косово во соопштение до јавноста ја изразува својата огорченост од „неприфатливите изјави на Министерството за внатрешни работи на С Македонија“, како и од „пропагандата што се развива против Република Косово“.

The post Косово испратило протестна нота до Македонија за инцидентот на скопскиот аеродром со Османи appeared first on Република.

]]>
Македонија не воведува визи за Косово https://republika.mk/vesti/makedonija/makedonija-ne-voveduva-vizi-za-kosovo/ Wed, 07 Dec 2022 10:59:58 +0000 https://republika.mk/?p=582906

Македонија не воведува визи за Косово, изјави денеска министерот за надворешни работи Бујар Османи, наведувајќи дека станува збор за грешка на Европската комисија која ќе биде поправена.

Тоа е грешка на Европската комисија, ставањето на Косово на листата на земји со коишто треба да има визен режим е пропуст којшто е увиден од страна на Европската комисија. Никогаш не е поминато низ телата на ЕК и тоа ќе биде ревидирано, рече Османи.

Османи посочи дека трендот не е воведување визи туку поинаков, да се минува границата со лични карти.

Тоа е целосно контрадикторно со политиката на ЕК. Ние во рамки на Берлинскиот процес само што потпишавме договор шесте земји – членки за движење со лични карти во регионот, така што трендот е спротивен од воведување на визи. Ние сега не само со Косово, со БиХ, со Црна Гора, со Србија нема потреба ни пасош да вадиме, а целта е на крај целосно овој регион да влезе во рамки на слободното движење на граѓани, изјави Османи.

Министерот за надворешни работи одговарајќи на новинарско прашање ги отфрли тврдењата за одземање на визната либерализација на Македонија. Османи кажа дека ќе се работи на дополнителни ослободување во односите со ЕУ.

The post Македонија не воведува визи за Косово appeared first on Република.

Пендаровски ги прими акредитивите на новоименуваниот косовски амбасадор Флоријан Ќехаја https://republika.mk/vesti/makedonija/pendarovski-gi-primi-akreditivite-na-novoimenuvaniot-kosovski-ambasador-florijan-kjehaja/ Fri, 03 Jun 2022 13:01:17 +0000 https://republika.mk/?p=510691

Претседателот Стево Пендаровски денеска ги прими акредитивните писма на новоименуваниот амбасадор на Република Косово во Република Македонија, Флоријан Ќехаја.

На свечената церемонија, претседателот Пендаровски му посака добредојде на амбасадорот Ќехаја и изрази очекување дека неговиот професионален ангажман ќе придонесе за збогатување на билатералните односи и соработката меѓу нашите две земји.

„Би сакал да Ве уверам дека особено ја цениме заложбата и интересот за соработка во делот на евро-интегративните процеси и остварување на европските аспирации за полноправно членство во Европската Унија, како стратешки приоритети на нашите две земји. Ве уверувам дека Македонија секогаш ќе биде достапна и подготвена да пружи помош во Вашите ангажмани во процесот на интеграција на Вашата земја, како и за други придвижувања на надворешно-политички план, особено во делот на унапредувањето на регионалната соработка“, порача претседателот Пендаровски во поздравното обраќање и воедно изрази подготвеност за интензивирање на економската соработка со Косово.

Амбасадорот Ќехаја истакна дека ќе биде целосно посветен на натамошно продлабочување на односите меѓу Косово и Македонија, пред сé на унапредување на трговската размена.

„И двете наши земји се соочуваат со предизвици во постигнувањето на целта да станат членки на ЕУ, од различни причини, без оглед на повремениот замор како резултат на долготрајните процеси, сепак нема да бидеме обесхрабрени“, порача новоименуваниот косовски амбасадор.

Заблагодарувајќи се за досегашната поддршка од нашата земја, Ќехаја посочи дека Косово и во иднина ќе очекува засилена поддршка за исполнување на стратешките цели во однос на членството во меѓународните организации.

„Особено ќе ни биде потребна гласна и силна јавна поддршка од Република Македонија за нашите напори да станеме членка на Советот на Европа, како и во нашата амбиција да станеме дел од Партнерството за мир и подоцна од НАТО“, рече амбасадорот во обраќањето.

Ќехаја потенцираше дека активно ќе се ангажира за зголемувањето на билатералната безбедносна соработка и јакнењето на довербата со цел минимизирање на заедничките безбедносни ризици и закани.

The post Пендаровски ги прими акредитивите на новоименуваниот косовски амбасадор Флоријан Ќехаја appeared first on Република.

]]>

Претседателот Стево Пендаровски денеска ги прими акредитивните писма на новоименуваниот амбасадор на Република Косово во Република Македонија, Флоријан Ќехаја. На свечената церемонија, претседателот Пендаровски му посака добредојде на амбасадорот Ќехаја и изрази очекување дека неговиот професионален ангажман ќе придонесе за збогатување на билатералните односи и соработката меѓу нашите две земји. „Би сакал да Ве уверам дека особено ја цениме заложбата и интересот за соработка во делот на евро-интегративните процеси и остварување на европските аспирации за полноправно членство во Европската Унија, како стратешки приоритети на нашите две земји. Ве уверувам дека Македонија секогаш ќе биде достапна и подготвена да пружи помош во Вашите ангажмани во процесот на интеграција на Вашата земја, како и за други придвижувања на надворешно-политички план, особено во делот на унапредувањето на регионалната соработка“, порача претседателот Пендаровски во поздравното обраќање и воедно изрази подготвеност за интензивирање на економската соработка со Косово. Амбасадорот Ќехаја истакна дека ќе биде целосно посветен на натамошно продлабочување на односите меѓу Косово и Македонија, пред сé на унапредување на трговската размена. „И двете наши земји се соочуваат со предизвици во постигнувањето на целта да станат членки на ЕУ, од различни причини, без оглед на повремениот замор како резултат на долготрајните процеси, сепак нема да бидеме обесхрабрени“, порача новоименуваниот косовски амбасадор. Заблагодарувајќи се за досегашната поддршка од нашата земја, Ќехаја посочи дека Косово и во иднина ќе очекува засилена поддршка за исполнување на стратешките цели во однос на членството во меѓународните организации. „Особено ќе ни биде потребна гласна и силна јавна поддршка од Република Македонија за нашите напори да станеме членка на Советот на Европа, како и во нашата амбиција да станеме дел од Партнерството за мир и подоцна од НАТО“, рече амбасадорот во обраќањето. Ќехаја потенцираше дека активно ќе се ангажира за зголемувањето на билатералната безбедносна соработка и јакнењето на довербата со цел минимизирање на заедничките безбедносни ризици и закани.

The post Пендаровски ги прими акредитивите на новоименуваниот косовски амбасадор Флоријан Ќехаја appeared first on Република.

]]>
Косовската полиција заплени два тона мед од Македонија, возачот на комбето во бегство https://republika.mk/vesti/crna-hronika/kosovskata-policija-zapleni-dva-tona-med-od-makedonija-vozachot-na-kombeto-vo-begstvo/ Sun, 20 Mar 2022 17:57:52 +0000 https://republika.mk/?p=475757

Косовската полиција објави дека денеска околу пладне, во село во близина на косовско-македонската граница, запленила 2.000 килограми мед, кој со комбе бил илегално внесен од Македонија, јави дописникот на МИА од Приштина.

Според полициското соопштение, патрола на пограничната полиција од станицата во Жегра го забележала сомнителното возило со бела боја во селото Дебелде, близу градот Витина во регионот на Карадак – Скопска Црна Гора, на границата со Македонија.

Возилото било запрено при обид да изврши нелегална трговија со медот, додека возачот го искористил планинскиот терен и успеал да побегне во непознат правец.

Возилото и товарот се запленети и предадени на Царините на Косово, додека случајот е оквалификуван како „криумчарење стоки“ и е проследен во натамошна судска процедура.

The post Косовската полиција заплени два тона мед од Македонија, возачот на комбето во бегство appeared first on Република.

]]>

Косовската полиција објави дека денеска околу пладне, во село во близина на косовско-македонската граница, запленила 2.000 килограми мед, кој со комбе бил илегално внесен од Македонија, јави дописникот на МИА од Приштина. Според полициското соопштение, патрола на пограничната полиција од станицата во Жегра го забележала сомнителното возило со бела боја во селото Дебелде, близу градот Витина во регионот на Карадак – Скопска Црна Гора, на границата со Македонија. Возилото било запрено при обид да изврши нелегална трговија со медот, додека возачот го искористил планинскиот терен и успеал да побегне во непознат правец. Возилото и товарот се запленети и предадени на Царините на Косово, додека случајот е оквалификуван како „криумчарење стоки“ и е проследен во натамошна судска процедура.

The post Косовската полиција заплени два тона мед од Македонија, возачот на комбето во бегство appeared first on Република.

]]>