македонија - јапонија Archives - Република https://republika.mk/tema/makedonija-japonija/ За подобро да се разбереме Mon, 24 Jun 2024 10:48:13 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png македонија - јапонија Archives - Република https://republika.mk/tema/makedonija-japonija/ 32 32 Претседателката Сиљановска Давкова го прими јапонскиот амбасадор, Оцуко Казуја https://republika.mk/vesti/makedonija/pretsedatelkata-silanovska-davkova-go-primi-japonskiot-ambasador-otsuko-kazuja/ Mon, 24 Jun 2024 10:48:13 +0000 https://republika.mk/?p=790231

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска го прими амбасадорот на Јапонија, Оцуко Казуја. На средбата, како што соопшти нејзиниот Кабинет, беше потенциран интересот за натамошното јакнење на соработката и зближувањето меѓу двете земји и народи.

Сиљановска Давкова изрази очекување за интензивирање на политичкиот дијалог со Јапонија во иднина, со цел унапредување на меѓусебно разбирање и соработка на политички, економски и културен план. Во тој контекст беа поздравени проектите од Јапонската иницијатива за соработка со државите од регионов, кои се очекува дополнително да го унапредат развојот на економските односи и да го зголемат интересот на јапонската бизнис заедницата за инвестирање во земјава.

Во разговорот со јапонскиот амбасадор, претседателката изрази поддршка за сите поголеми активности и иницијативи со цел продлабочување на билатералната соработка во сферата на културата, образованието и науката и го поздрави македонското учество на Осака ЕКСПО 2025.

Сиљановска Давкова упати благодарност до Јапонија, како една од најголемите билатерални донатори во нашата земја, за континуираната поддршка во областа на образованието и здравството, преку проектите за техничка соработка, грантови и донации.

На средбата беше посочено дека годинава се одбележува 30 годишнината од воспоставување на дипломатските односи и 100 годишнината од раѓањето на познатиот архитект Кензо Танге, кој учествуваше во обновата на Скопје по катастрофалниот земјотрес.

The post Претседателката Сиљановска Давкова го прими јапонскиот амбасадор, Оцуко Казуја appeared first on Република.

]]>

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска го прими амбасадорот на Јапонија, Оцуко Казуја. На средбата, како што соопшти нејзиниот Кабинет, беше потенциран интересот за натамошното јакнење на соработката и зближувањето меѓу двете земји и народи. Сиљановска Давкова изрази очекување за интензивирање на политичкиот дијалог со Јапонија во иднина, со цел унапредување на меѓусебно разбирање и соработка на политички, економски и културен план. Во тој контекст беа поздравени проектите од Јапонската иницијатива за соработка со државите од регионов, кои се очекува дополнително да го унапредат развојот на економските односи и да го зголемат интересот на јапонската бизнис заедницата за инвестирање во земјава. Во разговорот со јапонскиот амбасадор, претседателката изрази поддршка за сите поголеми активности и иницијативи со цел продлабочување на билатералната соработка во сферата на културата, образованието и науката и го поздрави македонското учество на Осака ЕКСПО 2025. Сиљановска Давкова упати благодарност до Јапонија, како една од најголемите билатерални донатори во нашата земја, за континуираната поддршка во областа на образованието и здравството, преку проектите за техничка соработка, грантови и донации. На средбата беше посочено дека годинава се одбележува 30 годишнината од воспоставување на дипломатските односи и 100 годишнината од раѓањето на познатиот архитект Кензо Танге, кој учествуваше во обновата на Скопје по катастрофалниот земјотрес.

The post Претседателката Сиљановска Давкова го прими јапонскиот амбасадор, Оцуко Казуја appeared first on Република.

]]>
Ковачевски-Савада: Јапонски компании сакаат да инвестираат во земјава https://republika.mk/vesti/ekonomija/kovachevski-savada-japonski-kompanii-sakaat-da-investiraat-vo-zemjava/ Wed, 18 May 2022 18:23:49 +0000 https://republika.mk/?p=503986

Претседателот на Владата на Република Македонија, Димитар Ковачевски, се сретна со Хиронори Савада, амбасадор на Јапонија во земјава.

На состанокот се потврдени традиционално добрите и пријателски односи помеѓу двете држави и определеноста од двете страни за развој на соработката.

Посочено е дека предвидената скорешна посета на министерот за надворешни работи, Бујар Османи, на Јапонија е потврда за блиската билатерална соработка меѓу државите.

Заеднички е оценето дека постојат потенцијали за унапредување на економската соработка. Во таа насока, пренесена е заинтересираност од јапонски компании за инвестирање во земјава.

Истакната е и силна поддршка од Јапонија за напредокот на нашата држава во европските интеграции, бидејки, како што е оценето, од важност за сите, и за Македонија, но и за Европската Унија и за светот е обединета Европа, со интегриран Западен Балкан во Унијата.

Исто така, заеднички е констатирана важноста на политичката стабилност во државава, со цел задржување на економската и на социјалната стабилност, во полза на граѓаните.

Премиерот Ковачевски се заблагодари за искреното пријателство со Јапонија и за значајната поддршка што ја добива земјава од Јапонија, како еден од најголемите билатерални донатори.

Претседателот на Владата Ковачевски, ја поздрави Иницијативата на Јапонија за соработка со Западен Балкан од 2018 година и упати покана до компаниите во Јапонија за посета на државава.

„Економијата е стабилна и денарот е стабилен. Носиме одлуки за доброто на граѓаните и нема да дозволиме какви било несериозни притисоци за политички интереси да наштетат. За таа цел ја развиваме и регионалната соработка преку иницијативата Отворен Балкан. Во однос на отворањето преговори, Република Македонија го прави потребното, работиме напорно за напредок на државата и поставени сме принципиелно во развојот на добрососедските односи“, рече премиерот Ковачевски.

The post Ковачевски-Савада: Јапонски компании сакаат да инвестираат во земјава appeared first on Република.

]]>

Претседателот на Владата на Република Македонија, Димитар Ковачевски, се сретна со Хиронори Савада, амбасадор на Јапонија во земјава. На состанокот се потврдени традиционално добрите и пријателски односи помеѓу двете држави и определеноста од двете страни за развој на соработката. Посочено е дека предвидената скорешна посета на министерот за надворешни работи, Бујар Османи, на Јапонија е потврда за блиската билатерална соработка меѓу државите. Заеднички е оценето дека постојат потенцијали за унапредување на економската соработка. Во таа насока, пренесена е заинтересираност од јапонски компании за инвестирање во земјава. Истакната е и силна поддршка од Јапонија за напредокот на нашата држава во европските интеграции, бидејки, како што е оценето, од важност за сите, и за Македонија, но и за Европската Унија и за светот е обединета Европа, со интегриран Западен Балкан во Унијата. Исто така, заеднички е констатирана важноста на политичката стабилност во државава, со цел задржување на економската и на социјалната стабилност, во полза на граѓаните. Премиерот Ковачевски се заблагодари за искреното пријателство со Јапонија и за значајната поддршка што ја добива земјава од Јапонија, како еден од најголемите билатерални донатори. Претседателот на Владата Ковачевски, ја поздрави Иницијативата на Јапонија за соработка со Западен Балкан од 2018 година и упати покана до компаниите во Јапонија за посета на државава. „Економијата е стабилна и денарот е стабилен. Носиме одлуки за доброто на граѓаните и нема да дозволиме какви било несериозни притисоци за политички интереси да наштетат. За таа цел ја развиваме и регионалната соработка преку иницијативата Отворен Балкан. Во однос на отворањето преговори, Република Македонија го прави потребното, работиме напорно за напредок на државата и поставени сме принципиелно во развојот на добрососедските односи“, рече премиерот Ковачевски.

The post Ковачевски-Савада: Јапонски компании сакаат да инвестираат во земјава appeared first on Република.

]]>