македонија - грција Archives - Република https://republika.mk/tema/makedonija-grcija/ За подобро да се разбереме Wed, 23 Oct 2024 14:08:38 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png македонија - грција Archives - Република https://republika.mk/tema/makedonija-grcija/ 32 32 Николоски: Нови работни места и инвестиции за Македонија https://republika.mk/vesti/ekonomija/nikoloski-novi-rabotni-mesta-i-investitsii-za-makedonija/ Wed, 23 Oct 2024 09:17:22 +0000 https://republika.mk/?p=830095

Имаме амбициозна програма со која започнавме да ја менуваме сликата за Македонија. Ја реализираме наголемата инвестициона активност во патната мрежа каде започнуваме постапки за изградба на неколку автопати. Завршуваме со изградба на неколку брзи патишта. Нашиот најамбициозен проект е изградба на брза пруга токму на коридор 10 со што ќе овозможиме брза врска до солунското пристаниште и до Централна Европа. Започнавме и со промена на перцепцијата за инвеститорите, да понудиме услови кој ќе бидат конкуретни за инвеститорите и да бидеме препознати како погодна земја за инвестирање, рече вчера заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски, на Форумот за поврзување со Југоисточна Европа што се одржува во Солун.

https://republika.mk/vesti/ekonomija/nikoloski-od-solun-ekonomskiot-razvoj-na-regionot-zavisi-od-infrastrukturnoto-povrzuvane-imame-ambitsiozna-agenda-vo-patnata-i-zheleznichkata-mrezha/

Николоски ги покани грчките бизниси да инвестираат во Македонија, која, како што им порачал, се надградува и енергетски и на ниво на транспортната инфраструктура, а новата Влада спроведува многу амбициозна програма за економски развој на земјата.

Веќе ја намаливме инфлацијата за два процентни поени. Ќе бидеме земја број еден во економскиот развој на Балканот во 2025 година. Добрите односи меѓу двете земји дополнително ќе се развиваат во следниот период, нагласил Николовски и додал дека е „природно да има интеракција меѓу економиите на Грција и Македонија“, но и дека развојот на нашата земја е во интерес на јужниот сосед.

The post Николоски: Нови работни места и инвестиции за Македонија appeared first on Република.

]]>

Имаме амбициозна програма со која започнавме да ја менуваме сликата за Македонија. Ја реализираме наголемата инвестициона активност во патната мрежа каде започнуваме постапки за изградба на неколку автопати. Завршуваме со изградба на неколку брзи патишта. Нашиот најамбициозен проект е изградба на брза пруга токму на коридор 10 со што ќе овозможиме брза врска до солунското пристаниште и до Централна Европа. Започнавме и со промена на перцепцијата за инвеститорите, да понудиме услови кој ќе бидат конкуретни за инвеститорите и да бидеме препознати како погодна земја за инвестирање, рече вчера заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски, на Форумот за поврзување со Југоисточна Европа што се одржува во Солун.
https://republika.mk/vesti/ekonomija/nikoloski-od-solun-ekonomskiot-razvoj-na-regionot-zavisi-od-infrastrukturnoto-povrzuvane-imame-ambitsiozna-agenda-vo-patnata-i-zheleznichkata-mrezha/ Николоски ги покани грчките бизниси да инвестираат во Македонија, која, како што им порачал, се надградува и енергетски и на ниво на транспортната инфраструктура, а новата Влада спроведува многу амбициозна програма за економски развој на земјата.
Веќе ја намаливме инфлацијата за два процентни поени. Ќе бидеме земја број еден во економскиот развој на Балканот во 2025 година. Добрите односи меѓу двете земји дополнително ќе се развиваат во следниот период, нагласил Николовски и додал дека е „природно да има интеракција меѓу економиите на Грција и Македонија“, но и дека развојот на нашата земја е во интерес на јужниот сосед.

The post Николоски: Нови работни места и инвестиции за Македонија appeared first on Република.

]]>
Коридор 10, железничкото поврзување кај Битола, заеднички таг за патарини – дел од проектите кои Николоски ги дискутираше со грчкиот колега https://republika.mk/vesti/makedonija/koridor-10-zheleznichkoto-povrzuvane-kaj-bitola-zaednichki-tag-za-patarini-del-od-proektite-koi-nikoloski-gi-diskutirashe-so-grchkiot-kolega/ Tue, 22 Oct 2024 16:08:13 +0000 https://republika.mk/?p=829962

Имаме амбициозна агенда за развој на патната и железничката инфраструктура и преку тие проекти планираме да ја зголемиме конкурентската позиција на Коридорот 10 и да го вратиме значењето на регионот каде што заслужува во европскиот транспорт на добра и патници, истакна заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски на билатералната средба во Солун со Христос Стакурас, министер за инфраструктура и транспорт на Грција.

https://republika.mk/vesti/ekonomija/nikoloski-gi-povika-grchkite-investitori-da-investiraat-kaj-nas/

Како што информираат од Министерство за транспорт, Николоски потенцираше дека Владата е силно посветена на проектот за изградба на нова брза пруга на коридор 10 со која ќе се забрза транспортот на добра и услуги од пристаништата од Грција кон Централна Европа и обратно.

Овој проект кој има регионално значење е од огромен интерес за сите земји и оттаму се јавува потребата заеднички да се пристапи кон негова реализација се со цел бенефитот од брза пруга да го имаат сите земји и економиите во нив, потенцираше министерот Николоски.

Во таа насока го отвори и прашањето за железничкото поврзување кај Кременица (Битола), заради потребата од побрза регионална конекција во Пелагонискиот регион и алтернативна врска со пристаништата. Исто така на средбата се отворија и прашањата за подобрување на патната инфраструктура во двете земји како услов за побрз транспорт и побезбеден сообраќај. Во тој контекст министерот ги презентираше плановите на Владата за реализација на проекти во патната мрежа како и инсталација на интелигентни транспортни системи на Коридор 10.

Министерот Николоски ја отвори и темата за наплатните станици и поминување на македонските и грчки граѓани на патарините со еден заеднички таг, по примерот со Србија. Двајцата министри разговараа и за олеснување на транспортот и трговијата на граничните премини како регионален проект преку кој бенефит би имале двете економии.

Двајцата министри изразија огромно задоволство за оваа прва билатерална средба, со заклучок дека двете земји имаат широко поле на соработка и дека во периодот што следи ќе се интензивира таквата соработка со цел економски развој на регионот преку заеднички проекти.

The post Коридор 10, железничкото поврзување кај Битола, заеднички таг за патарини – дел од проектите кои Николоски ги дискутираше со грчкиот колега appeared first on Република.

]]>

Имаме амбициозна агенда за развој на патната и железничката инфраструктура и преку тие проекти планираме да ја зголемиме конкурентската позиција на Коридорот 10 и да го вратиме значењето на регионот каде што заслужува во европскиот транспорт на добра и патници, истакна заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски на билатералната средба во Солун со Христос Стакурас, министер за инфраструктура и транспорт на Грција. https://republika.mk/vesti/ekonomija/nikoloski-gi-povika-grchkite-investitori-da-investiraat-kaj-nas/ Како што информираат од Министерство за транспорт, Николоски потенцираше дека Владата е силно посветена на проектот за изградба на нова брза пруга на коридор 10 со која ќе се забрза транспортот на добра и услуги од пристаништата од Грција кон Централна Европа и обратно.
Овој проект кој има регионално значење е од огромен интерес за сите земји и оттаму се јавува потребата заеднички да се пристапи кон негова реализација се со цел бенефитот од брза пруга да го имаат сите земји и економиите во нив, потенцираше министерот Николоски.
Во таа насока го отвори и прашањето за железничкото поврзување кај Кременица (Битола), заради потребата од побрза регионална конекција во Пелагонискиот регион и алтернативна врска со пристаништата. Исто така на средбата се отворија и прашањата за подобрување на патната инфраструктура во двете земји како услов за побрз транспорт и побезбеден сообраќај. Во тој контекст министерот ги презентираше плановите на Владата за реализација на проекти во патната мрежа како и инсталација на интелигентни транспортни системи на Коридор 10. Министерот Николоски ја отвори и темата за наплатните станици и поминување на македонските и грчки граѓани на патарините со еден заеднички таг, по примерот со Србија. Двајцата министри разговараа и за олеснување на транспортот и трговијата на граничните премини како регионален проект преку кој бенефит би имале двете економии. Двајцата министри изразија огромно задоволство за оваа прва билатерална средба, со заклучок дека двете земји имаат широко поле на соработка и дека во периодот што следи ќе се интензивира таквата соработка со цел економски развој на регионот преку заеднички проекти.

The post Коридор 10, железничкото поврзување кај Битола, заеднички таг за патарини – дел од проектите кои Николоски ги дискутираше со грчкиот колега appeared first on Република.

]]>
Во Њујорк прва средба Муцунски – Герапетритис https://republika.mk/vesti/makedonija/vo-nujork-prva-sredba-mutsunski-gerapetritis/ Mon, 23 Sep 2024 05:42:40 +0000 https://republika.mk/?p=818823

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски денеска ќе има средба со министерот за надворешни работи на Грција, Јоргос Герапетритис. Ова е прва средба меѓу двајцата министри, која ќе се одржи на маргините на 79. Генерално собрание на ОН.

На средбата, како што соопштија од Министерството за надворешни работи и надворешна тровија, ќе се разговара за актуелните регионални и меѓународни теми, како и за понатамошното продлабочување на билатералните односи и економската соработка меѓу двете земји.

Средбата ја потврдија и од грчкото МНР, посочувајќи дека на маргините на Генералното собрание, Герапетритис ќе има одделни билатерални средби со министрите за надворешни работи на Боливија, Македонија, Бахреин и Саудиска Арабија.

Шефовите на дипломатиите на двете земји првпат ќе имаат билатерална средба. На средината на јули, Муцунски и Герапетритис остварија телефонски разговор, а во фокусот беше справувањето со пожарите што тогаш беа активни кај нас.

Муцунски и Герапетритис денеска ќе учествуваат и на Министерскиот состанок на неформалната група „Пријатели на Западен Балкан“, во присуство на министрите за надворешни работи на земјите од Западен Балкан.

Mинистерот Муцунски, како што најавија од МНРНТ, ќе има значајни средби со претставници на земјите од А5, земјите членки на ПСЈИЕ, ОБСЕ Тројката, и ќе оствари билатерални средби со министри за надворешни работи на повеќе земји. Исто така, тој ќе одржи бизнис средби поврзани со надворешната трговија и странските инвестиции.

Планирано е министерот да се обрати на „Интерактивниот дијалог 2“ на тема „Зајакнување на мултилатерализмот за меѓународен мир и безбедност“, што е клучен настан за повторно обврзување на глобалното единство според Повелбата на ОН.

Дополнително, Муцунски ќе учествува и на вториот состанок на министрите за надворешни работи на земјите од Г20, како и на отворената дебата на високо ниво на Советот за безбедност на ООН на тема: „Лидерство за мир: Обединети во почитување на Повелбата на ООН во потрага по безбедна иднина.

The post Во Њујорк прва средба Муцунски – Герапетритис appeared first on Република.

]]>

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски денеска ќе има средба со министерот за надворешни работи на Грција, Јоргос Герапетритис. Ова е прва средба меѓу двајцата министри, која ќе се одржи на маргините на 79. Генерално собрание на ОН. На средбата, како што соопштија од Министерството за надворешни работи и надворешна тровија, ќе се разговара за актуелните регионални и меѓународни теми, како и за понатамошното продлабочување на билатералните односи и економската соработка меѓу двете земји. Средбата ја потврдија и од грчкото МНР, посочувајќи дека на маргините на Генералното собрание, Герапетритис ќе има одделни билатерални средби со министрите за надворешни работи на Боливија, Македонија, Бахреин и Саудиска Арабија. Шефовите на дипломатиите на двете земји првпат ќе имаат билатерална средба. На средината на јули, Муцунски и Герапетритис остварија телефонски разговор, а во фокусот беше справувањето со пожарите што тогаш беа активни кај нас. Муцунски и Герапетритис денеска ќе учествуваат и на Министерскиот состанок на неформалната група „Пријатели на Западен Балкан“, во присуство на министрите за надворешни работи на земјите од Западен Балкан. Mинистерот Муцунски, како што најавија од МНРНТ, ќе има значајни средби со претставници на земјите од А5, земјите членки на ПСЈИЕ, ОБСЕ Тројката, и ќе оствари билатерални средби со министри за надворешни работи на повеќе земји. Исто така, тој ќе одржи бизнис средби поврзани со надворешната трговија и странските инвестиции. Планирано е министерот да се обрати на „Интерактивниот дијалог 2“ на тема „Зајакнување на мултилатерализмот за меѓународен мир и безбедност“, што е клучен настан за повторно обврзување на глобалното единство според Повелбата на ОН. Дополнително, Муцунски ќе учествува и на вториот состанок на министрите за надворешни работи на земјите од Г20, како и на отворената дебата на високо ниво на Советот за безбедност на ООН на тема: „Лидерство за мир: Обединети во почитување на Повелбата на ООН во потрага по безбедна иднина.

The post Во Њујорк прва средба Муцунски – Герапетритис appeared first on Република.

]]>
Грчката амбасадорка се сретна со министерот Муцунски https://republika.mk/vesti/makedonija/grchkata-ambasadorka-se-sretna-so-ministerot-mutsunski/ Fri, 09 Aug 2024 12:55:25 +0000 https://republika.mk/?p=804976

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски денеска оствари средба со амбасадорот на Република Грција Софија Филипиду.

На средбата соговорниците го потврдија заемниот интерес и посветеност за натамошно унапредување на билатералната, регионалната и соработката во меѓународните организации. Во текот на разговорот, беа подвлечени и заемните заложби за унапредување и натамошно интензивирање на економската и соработката во други области од заемен интерес. Притоа беше истакнат заедничкиот интерес за продолжување и интензивирање на политичкиот дијалог и соработка на високо ниво во функција на безбедност, стабилност и просперитет на регионот, соопштуваат од Министерството за надворешни работи.

The post Грчката амбасадорка се сретна со министерот Муцунски appeared first on Република.

САД: Ќе работиме со Македонија и Грција да го одржaт Договорот од Преспа https://republika.mk/vesti/sad-ke-rabotime-so-s-makedonija-i-grtsija-da-go-odrzhat-dogovorot-od-prespa/ Fri, 12 Jul 2024 11:18:12 +0000 https://republika.mk/?p=796136

САД ќе работат со Македонија и Грција да ги одржат придобивките од Договорот од Преспа, соопштиле од Стејт департментот за Гласот на Америка на македонски јазик во врска со реакциите на официјална Атина за употребата на уставното име на државата од страна новите власти во Скопје.

Договорот од Преспа беше историско достигнување во отклучувањето на безбедносните придобивки во јужна и источна Европа. САД го поддржуваат овој витален договор, ја повторуваат важноста од почитување на истиот и ќе работат со сите страни за да ги одржат неговите придобивки, велат од Стејт департментот.

Премиерот Христијан Мицкоски кој престојува во Вашингтон на Самитот на НАТО, кога стана премиер, кажа дека дома ќе ја вика државата Македонија, а надвор, во официјален контекст – Cеверна Македонија.

Мицкоски, како што пренесува Гласот на Америка, изминативе три дена во Вашингтон, во јавните изјави и објави на социјалната мрежа Икс, ја нарекуваше државата Македонија, а јавно официјалното име на државата го кажа наколку пати на дебата во Школата на меѓународни односи на Универзитетот Џонс Хопкинс во Вашингтон.

Во Вашингтон е и претседателот на грчката Влада Киријакос Мицотакис, но премиерите на двете земји, иако учествуваа на исти настани на НАТО Самитот, сепак не остварија билатерална средба, нешто што секако не ни беше претходно најавено. Портпаролот на грчката Влада на вчерашниот редовен брифинг со новинарите, одговарјаќи на прашањето на дописничката на МИА од Атина зошто Мицкоски и Мицотакис не се сретнаа, кусо одговори дека она што знае е дека не се одржа средба и дека не знае нешто повеќе.

Мицотакис, на прес-конференција за грчки медиуми на Самитот на НАТО во Вашингтон, кажал дека премиерот Мицкоски на официјалните состаноци на сите лидери на НАТО го користел уставното име на државата. Мицотакис, сепак, ги информирал колегите во НАТО оти не се спроведува клучниот член од Договорот од Преспа, а тоа е името Cеверна Македонија да се употребува ерга омнес, што значи внатре и надвор од државата.

Тој кажал и дека „Грција во овој момент нема да ги открие оружјата што ѝ се на располагање за да одговори на евентуалното инсистирање на раководството на соседната земја на оваа тактика“.

The post САД: Ќе работиме со Македонија и Грција да го одржaт Договорот од Преспа appeared first on Република.

]]>

САД ќе работат со Македонија и Грција да ги одржат придобивките од Договорот од Преспа, соопштиле од Стејт департментот за Гласот на Америка на македонски јазик во врска со реакциите на официјална Атина за употребата на уставното име на државата од страна новите власти во Скопје.
Договорот од Преспа беше историско достигнување во отклучувањето на безбедносните придобивки во јужна и источна Европа. САД го поддржуваат овој витален договор, ја повторуваат важноста од почитување на истиот и ќе работат со сите страни за да ги одржат неговите придобивки, велат од Стејт департментот.
Премиерот Христијан Мицкоски кој престојува во Вашингтон на Самитот на НАТО, кога стана премиер, кажа дека дома ќе ја вика државата Македонија, а надвор, во официјален контекст – Cеверна Македонија. Мицкоски, како што пренесува Гласот на Америка, изминативе три дена во Вашингтон, во јавните изјави и објави на социјалната мрежа Икс, ја нарекуваше државата Македонија, а јавно официјалното име на државата го кажа наколку пати на дебата во Школата на меѓународни односи на Универзитетот Џонс Хопкинс во Вашингтон. Во Вашингтон е и претседателот на грчката Влада Киријакос Мицотакис, но премиерите на двете земји, иако учествуваа на исти настани на НАТО Самитот, сепак не остварија билатерална средба, нешто што секако не ни беше претходно најавено. Портпаролот на грчката Влада на вчерашниот редовен брифинг со новинарите, одговарјаќи на прашањето на дописничката на МИА од Атина зошто Мицкоски и Мицотакис не се сретнаа, кусо одговори дека она што знае е дека не се одржа средба и дека не знае нешто повеќе. Мицотакис, на прес-конференција за грчки медиуми на Самитот на НАТО во Вашингтон, кажал дека премиерот Мицкоски на официјалните состаноци на сите лидери на НАТО го користел уставното име на државата. Мицотакис, сепак, ги информирал колегите во НАТО оти не се спроведува клучниот член од Договорот од Преспа, а тоа е името Cеверна Македонија да се употребува ерга омнес, што значи внатре и надвор од државата. Тој кажал и дека „Грција во овој момент нема да ги открие оружјата што ѝ се на располагање за да одговори на евентуалното инсистирање на раководството на соседната земја на оваа тактика“.

The post САД: Ќе работиме со Македонија и Грција да го одржaт Договорот од Преспа appeared first on Република.

]]>
Гајдов: Грција нема спроведено ниту еден потпишан договор од Првата светска војна https://republika.mk/vesti/makedonija/gajdov-grtsija-nema-sprovedeno-nitu-eden-potpishan-dogovor-od-prvata-svetska-vojna/ Wed, 10 Jul 2024 07:13:28 +0000 https://republika.mk/?p=795144

Грчкиот премиер Мицотакис јуниор го искористи инаугуралниот говор на претседателката Гордана Силјановска да истури оган дека ние не го почитуваме договорот од Преспа, рече Љубомир Гајдов, надворешно политички коментатор, во вечерашната дебата во „Топ тема“ на ТВ Телма.

Тој е син на еден голем државник, брат на еден голем државник. Тој се покажа како мало човече, бидејќи Грција од Првата светска војна до денеска, ниту еден потпишан договор не спровела. Плус не спроведе пресуда на Меѓународниот суд на Обединетите нации во Хаг, рече Гајдов.

The post Гајдов: Грција нема спроведено ниту еден потпишан договор од Првата светска војна appeared first on Република.

САД силно го поддржуваат Договорот од Преспа, ќе продолжиме да правиме сè за зајакнување врската меѓу двете земји во НАТО https://republika.mk/vesti/makedonija/sad-silno-go-poddrzhuvaat-dogovorot-od-prespa-ke-prodolzhime-da-pravime-se-za-zajaknuvane-vrskata-megu-dvete-zemji-vo-nato/ Sat, 06 Jul 2024 08:08:27 +0000 https://republika.mk/?p=793962

САД силно го поддржуваат Договорот од Преспа и се надеваат дека билатералните спорови ќе останат надвор од НАТО, изјави во интервју за Гласот на Америка на македонски јазик главниот директор за Европа и НАТО во Пентагон Олтон Бјуланд, пред одбележувањето на 75 години од безбедносната алијанса, следната недела во Вашингтон.

Секогаш ги охрабруваме нашите сојузници и партнери да се придржуваат до договорите и да ги остават билатералните спорови и несогласувања надвор од НАТО Алијансата, за да се осигура дека има соработка и регионална стабилност во вашиот регион, рече Бјуланд.

Тој кажа и дека државите од Западен Балкан треба да ги направат потребните реформи за влез во ЕУ, како и дека долгиот процес на интеграција може да доведе Русија и други „малигни актери“ да го искористат незадоволството на народот.

Членството во ЕУ секако е одлука на Европската Унија и нејзините земји-членки. Сепак, САД отсекогаш биле силен поборник за евроатлантските интеграции на Западен Балкан. Ние продолжуваме да ги охрабруваме земјите да ги направат потребните реформи на тој пат и да се придржуваат до меѓународните договори. Мислам дека кога постои нетрпеливост за тоа што може да биде долг процес на интеграција, тоа може да создаде можности за разочарување, и Русија и другите малигни актери да шират дезинформации и да го искористат незадоволството на народот. Значи, постои ризик дотолку повеќе што би ги охрабриле земјите да направат се` што можат за да продолжат по овој пат на евроатлантските интеграции на регионот, рече главниот директор за Европа и НАТО во Пентагон.

Бјуланд во интервјуто упатува на Стејт департментот за коментари за конкретни политички прашања.

За политички проблем како овој и особено билатерален, повторно, би ве упатил на нашите колеги од Стејт департментот на САД, кои ја предводат нашата дипломатија. Од гледна точка на Одделот за одбрана, силно го поддржуваме Договорот од Преспа. И ние силно го поддржуваме членството во НАТО и придонесите на Cеверна Македонија и Грција, и ќе продолжиме да правиме сè што можеме за да ги зајакнеме тие врски во Алијансата и да продолжиме да го правиме овој најуспешен и најсилен сојуз во историјата на светот, рече Бјуланд.

Запрашан дали тоа што земјите од Западен Балкан чекаат толку долго време за влез во ЕУ е ризик за поширок безбедносен проблем, американскиот претставник вели дека секое несогласување што постои и продолжува долго време, може да создаде можности за „надворешни актери и малигни актери“ да го искористат, поради што ќе поддржи секоја дипломатија што е потребна за да се решат ваквите несогласувања.

И нашиот фокус, повторно, е на единство, солидарност и зајакнување на колективната одбрана и одвраќање на НАТО и нивната поддршка за Украина, вели Бјуланд.

Главниот директор за Европа и НАТО во Пентагон Бјуланд вели дека со нетрпение ги очекува лоидерите од земјава да им се придружат на одбележувањето на 75 години од НАТО, следната недела во Вашингтон.

За Cеверна Македонија, мислам да продолжи да игра водечка улога во унапредувањето на регионалната стабилност на Западен Балкан. Морам да искажам благодарност на Министерството за одбрана за придонесот на Cеверна Македонија во мировната мисијата на НАТО-КФОР во Косово, во мисиите на ЕУ во Босна и Херцеговина, која помогна да се промовира стабилноста во таа земја. Го цениме придонесот на Cеверна Македонија за Украина. Дури и од земја која не е голема, таа безбедносна помош е клучна за да ѝ помогне на Украина да се одбрани од бруталната и неиспровоцирана руска агресија во оваа војна која убива илјадници цивили во Украина. Затоа, со нетрпение очекувам Cеверна Македонија да се приклучи со другите сојузници на НАТО овде следната недела и повторно да прославиме 75 години од најсилниот, најуспешниот сојуз во историјата на светот, кој работи на зајакнување на нашето колективно одвраќање и одбрана. И ова е толку критичен момент и ова е навистина заложба што нашата земја, нашите граѓани ја презедоа кон Cеверна Македонија и кон граѓаните на 30 други држави, да застанат едни со други и да се поддржуваат ако има конфликт внатре во НАТО од надворешен извор. И со нетрпение очекуваме да ја унапредиме и подготвиме Алијансата за заканите со кои може да се соочи во иднина, од справување со тероризмот, до предизвиците со климатските промени. И очекувам дека следната недела ќе видиме силни изјави и исклучително моќни и историски одлуки од 32 лидери на сојузници, вклучително и на Cеверна Македонија за унапредување на сите овие цели, рече Бјуланд.

The post САД силно го поддржуваат Договорот од Преспа, ќе продолжиме да правиме сè за зајакнување врската меѓу двете земји во НАТО appeared first on Република.

Муцунски се сретна со грчката амбасадорка, ѝ порачал дека нашиот интерес е градење добрососедски односи https://republika.mk/vesti/makedonija/mutsunski-se-sretna-so-grchkata-ambasadorka-porachal-deka-nashiot-interes-e-gradene-dobrososedski-odnosi/ Thu, 04 Jul 2024 12:56:04 +0000 https://republika.mk/?p=793447

Министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски денес оствари средба со амбасадорката на Грција, Софија Филипиду.

На средбата изразив уверување дека остануваме силно посветени на натамошното унапредување на билатералната, регионалната и мултилатералната соработка, пред се како партнери и сојузници во НАТО алијансата. Истакнав дека нашиот интерес е градење добрососедски односи кои се пред се во функција на просперитетот, безбедноста и стабилноста на регионот, а во таа насока потенцирав дека остануваме отворени за дијалог за унапредување на билатералните односи и сите прашања од заеднички интерес, рече министерот Муцунски по средбата.

The post Муцунски се сретна со грчката амбасадорка, ѝ порачал дека нашиот интерес е градење добрососедски односи appeared first on Република.

Што содржат трите меморандуми што Грција сè уште ги нема ратификувано во Парламентот? https://republika.mk/vesti/makedonija/shto-sodrzhat-trite-memorandumi-shto-grtsija-se-ushte-gi-nema-ratifikuvano-vo-parlamentot/ Sun, 09 Jun 2024 10:09:23 +0000 https://republika.mk/?p=785888

На средината на септември 2020 година, неколку месеци откако Нова демократија дојде на власт, во грчкиот Парламент беа доставени трите меморандуми со Македонија, но оттогаш, веќе три години и девет месеци процесот е замрзнат, меморандумите се во фиока, а пред 20 дена, опозициската СИРИЗА одново ги актуализираше, доставувајќи ги како нови предлог-закони, јави дописничката на МИА од Атина.

Во изминатите години, додека чекаа да бидат ставени на дневен ред во Парламентот, одвреме навреме се споменуваа меморандумите: на средби на македонските со грчките политичари, во пратенички прашања и соопштенија на опозициската СИРИЗА, но и дописничката на МИА од Атина, континуирано прашањето за ратификацијата го поставуваше до владините портпароли на редовните брифинзи со новинарите, а одговорот беше речиси идентичен дека меморандумите ќе дојдат на гласање во соодветно време кога тоа ќе го одлучи Владата.

По инаугурацијата на претседателката Гордана Сиљановска Давкова и откако Договорот од Преспа се актуализираше во Грција, опозициската СИРИЗА сметајќи дека меморандумите ќе ја унапредат соработката, но и дека тоа што не се ратификувани им штета на интересите на земјата, на 15 мај, одново ги достави во Парламентот во облик на предлог-закони.

Од друга страна, ставот на актуелната грчка Влада е дека нератификуваните меморандуми се „дополнително преговарачко оружје“ за Грција, од кое земјата не смее да се откаже и најавија дека „во овие околности меморандумите нема да се ратификуваат во грчкиот Парламент“.

Претседателката Сиљановска Давкова на крајот на мај, говорејќи за односите со Грција се осврна и на меморандумите, истакнувајќи дека за неа, „најважниот меморандум е оној за помошта при евроинтеграциите“.

МИА, исто како и кога првпат беа донесени во Парламентот, така и сега, анализира што точно содржат трите протоколи меѓу двете земји, потпишани уште во 2019 година, односно Меморандумот за забрзување на процесот на интеграција на Македонија во ЕУ; Меморандумот за формирање на Координативен комитет за економска соработка и Техничката спогодба за надгледување на FIR Скопје.

Станува збор за три меѓународни договори, два од Министерството за надворешни работи на Грција, кои беа потпишани за време на првата меѓувладина седница одржана во април 2019 година во Скопје и еден од Министерството за одбрана, потпишан пет месеци подоцна, а во грчкиот Парламент се предлог-закони од надлежните грчки министри.

Предлог законите, кои СИРИЗА сега ги достави во идентична и оригинална форма како од 2020 година, имаат два члена, во првиот се меморандумите во целина, а вториот се однесува на стапувањето во сила, односно по неговото објавување во Службен весник на Грција, откако претходно ќе биде ратификуван од Парламентот.

Сите предлог-закони се потпишани од надлежните министри од тогашната Влада на Нова демократија (во 2020 година).

Откако (повторно) беа доставени, следниот чекор е да бидат разгледани на надлежната комисија за национална безбедност и надворешни прашања, а откако членовите на комисијата ќе дадат зелено светло, ратификацијата ќе биде на пленарна седница на Парламентот.

Меморандум за забрзување на процесот на интеграција на Македонија во ЕУ

Првиот предлог закон е „Ратификација на Меморандумот за соработка меѓу Министерството за надворешни работи на Грција и Секретаријатот за европски прашања во Владата на Македонија за забрзување на процесот на интеграција на Република Македонија кон Европската унија“, меморандум потпишан на 2 април 2019 година во Скопје од тогашната алтернативна шефица на грчката дипломатија Сиа Анагностопулу и тогашниот вицепремиер надлежен за европски прашања на Македонија Бујар Османи.

Во извештајот, кога првпат беа доставени до грчкиот Парламент, пишуваше дека меморандумот ќе даде одлучувачки придонес за унапредување на билатералните односи“, но и дека е „во рамките на грчката политика за активно промовирање на европската перспектива на земјите од Западен Балкан“.

Самиот меморандум, содржи пет члена што се однесуваат на поттикнување на билатералната соработка; соработката во политичките, економските, технолошките и културните аспекти на процесот на интеграција на Македонија во Европската унија; формирање Заеднички комитет за размена на идеи и предлози и изготвување акциски планови во вториот семестар од секоја година; разгледување на можностите за финансирање на програми за соработка и акциски планови, а последниот член се однесува на постапките за стапување во сила и раскинување на Меморандумот за соработка .

Предлог-законот за ЕУ перспективата на Македонија од 2020 година е потпишан од тогашните министри за финансии, надворешни и внатрешни работи на Грција, како и од алтернативниот шеф на грчката дипломатија од владата на Нова демократија, додека пак сега, истиот текст го потпишуваат членовите на пратеничката група на СИРИЗА.

Меморандум за основање Координативен комитет за економска соработка

Вториот предлог закон е „Ратификација на Меморандумот за разбирање помеѓу Владата на Република Грција и Владата на Република Македонија за основање Координативен комитет за економска соработка“.

Според извештајот за предлог законот, меморандумот, „ќе придонесе за унапредување на билатералните економски односи“.

Конкретниот меморандум е потпишан на 2 април 2019 година во Скопје од тогашниот вицепремиер и министер за финансии на Грција Јанис Драгасакис и тогашниот вицепремиер надлежен за економски прашања Кочо Анѓушев, а има осум члена што се однесуваат на начинот на функционирање на конкретниот комитет.

Согласно потпишаниот меморандум, Комитетот за економска соработка ќе брои 18 членови, по девет од секоја страна, од кои најмалку три треба да бидат владини функционери и најмалку пет институционални претставници на приватниот сектор, а со Комитетот заедно ќе претседаваат вицепремиерите или министрите од двете земји надлежни за економски теми.

Комитетот, како што пренесува МИА, ќе има за цел да ја координира билатералната економска соработка и да поттикне поблиска соработка меѓу економските комори на двете земји, а првиот состанок ќе треба да биде свикан од заменик-претседателот на Владата на Македонија, во рок од 30 дена од стапувањето на сила на меморандумот.

Предлог-законот од 2020 година за економската соработка е потпишан од тогашните министри за финансии, развој и инвестиции и надворешни работи на Грција.

Техничката спогодба за надгледување на FIR Скопје

Третиот предлог закон е „Ратификација на техничката спогодба меѓу Министерството за национална одбрана на Република Грција и Министерството за одбрана на Република Македонија во врска со ер полисинг на FIR Скопје (LWSS)“, се однесува на надзор на воздушниот простор на нашата земја од грчки воени авиони и беше потпишан на 30 септември 2019 година во Скопје.

Предвидува надзорот да го вршат Ф-16 и М-2000 од грчкото воено воздухопловство.

И овој предлог-закон, исто како и претходните два, од СИРИЗА го доставија идентично како што беше доставен од Владата на Нова демократија и потпишан од тогашните министри за финансии, за надворешни работи, за безбедност и за правда на Грција.

Целта на техничката спогодба, како што пишува е „да ги одреди процедурите на координација што ќе се спроведат од двете страни, со цел одржување успешно надгледување за справување на Renegade закани во воздушниот простор (FIR) Скопје“.

Во спогодбата што содржи 13 члена и седум анекси, детално се опишани сите активности во рамките на ер полисингот на авионите од грчкото воено воздухопловство.

Но, не се само меморандумите обврска на Грција, туку како што неколку пати во минатото има пишувано МИА, во однос на имплементацијата на Договорот од Преспа од грчка страна, постојат одредени доцнења меѓу кои и одржувањето на вториот Совет на високо ниво.

Согласно Договорот, Советот за соработка на високо ниво предводен од премиерите на двете земји, „ќе се состанува најмалку еднаш годишно и ќе биде надлежно тело за правилно и делотворно спроведување на оваа Спогодба и Акцискиот план кој ќе произлезе од истата“.

Првата и единствена меѓувладина седница беше одржана во Скопје во април 2019 година, при посетата на тогашниот грчки премиер Алексис Ципрас, додека пак на втората домаќин треба да биде Грција.

Паралелно, грчкиот премиер сè уште не бил во официјална, работна или неформална посета на Скопје, ниту пак беше договорена возвратната посета на претседателката на Грција Катерина Сакеларопулу, по официјалната на Атина од претходниот претседател Стево Пендаровски.

The post Што содржат трите меморандуми што Грција сè уште ги нема ратификувано во Парламентот? appeared first on Република.

]]>

На средината на септември 2020 година, неколку месеци откако Нова демократија дојде на власт, во грчкиот Парламент беа доставени трите меморандуми со Македонија, но оттогаш, веќе три години и девет месеци процесот е замрзнат, меморандумите се во фиока, а пред 20 дена, опозициската СИРИЗА одново ги актуализираше, доставувајќи ги како нови предлог-закони, јави дописничката на МИА од Атина. Во изминатите години, додека чекаа да бидат ставени на дневен ред во Парламентот, одвреме навреме се споменуваа меморандумите: на средби на македонските со грчките политичари, во пратенички прашања и соопштенија на опозициската СИРИЗА, но и дописничката на МИА од Атина, континуирано прашањето за ратификацијата го поставуваше до владините портпароли на редовните брифинзи со новинарите, а одговорот беше речиси идентичен дека меморандумите ќе дојдат на гласање во соодветно време кога тоа ќе го одлучи Владата. По инаугурацијата на претседателката Гордана Сиљановска Давкова и откако Договорот од Преспа се актуализираше во Грција, опозициската СИРИЗА сметајќи дека меморандумите ќе ја унапредат соработката, но и дека тоа што не се ратификувани им штета на интересите на земјата, на 15 мај, одново ги достави во Парламентот во облик на предлог-закони. Од друга страна, ставот на актуелната грчка Влада е дека нератификуваните меморандуми се „дополнително преговарачко оружје“ за Грција, од кое земјата не смее да се откаже и најавија дека „во овие околности меморандумите нема да се ратификуваат во грчкиот Парламент“. Претседателката Сиљановска Давкова на крајот на мај, говорејќи за односите со Грција се осврна и на меморандумите, истакнувајќи дека за неа, „најважниот меморандум е оној за помошта при евроинтеграциите“. МИА, исто како и кога првпат беа донесени во Парламентот, така и сега, анализира што точно содржат трите протоколи меѓу двете земји, потпишани уште во 2019 година, односно Меморандумот за забрзување на процесот на интеграција на Македонија во ЕУ; Меморандумот за формирање на Координативен комитет за економска соработка и Техничката спогодба за надгледување на FIR Скопје. Станува збор за три меѓународни договори, два од Министерството за надворешни работи на Грција, кои беа потпишани за време на првата меѓувладина седница одржана во април 2019 година во Скопје и еден од Министерството за одбрана, потпишан пет месеци подоцна, а во грчкиот Парламент се предлог-закони од надлежните грчки министри. Предлог законите, кои СИРИЗА сега ги достави во идентична и оригинална форма како од 2020 година, имаат два члена, во првиот се меморандумите во целина, а вториот се однесува на стапувањето во сила, односно по неговото објавување во Службен весник на Грција, откако претходно ќе биде ратификуван од Парламентот. Сите предлог-закони се потпишани од надлежните министри од тогашната Влада на Нова демократија (во 2020 година). Откако (повторно) беа доставени, следниот чекор е да бидат разгледани на надлежната комисија за национална безбедност и надворешни прашања, а откако членовите на комисијата ќе дадат зелено светло, ратификацијата ќе биде на пленарна седница на Парламентот.

Меморандум за забрзување на процесот на интеграција на Македонија во ЕУ

Првиот предлог закон е „Ратификација на Меморандумот за соработка меѓу Министерството за надворешни работи на Грција и Секретаријатот за европски прашања во Владата на Македонија за забрзување на процесот на интеграција на Република Македонија кон Европската унија“, меморандум потпишан на 2 април 2019 година во Скопје од тогашната алтернативна шефица на грчката дипломатија Сиа Анагностопулу и тогашниот вицепремиер надлежен за европски прашања на Македонија Бујар Османи. Во извештајот, кога првпат беа доставени до грчкиот Парламент, пишуваше дека меморандумот ќе даде одлучувачки придонес за унапредување на билатералните односи“, но и дека е „во рамките на грчката политика за активно промовирање на европската перспектива на земјите од Западен Балкан“. Самиот меморандум, содржи пет члена што се однесуваат на поттикнување на билатералната соработка; соработката во политичките, економските, технолошките и културните аспекти на процесот на интеграција на Македонија во Европската унија; формирање Заеднички комитет за размена на идеи и предлози и изготвување акциски планови во вториот семестар од секоја година; разгледување на можностите за финансирање на програми за соработка и акциски планови, а последниот член се однесува на постапките за стапување во сила и раскинување на Меморандумот за соработка . Предлог-законот за ЕУ перспективата на Македонија од 2020 година е потпишан од тогашните министри за финансии, надворешни и внатрешни работи на Грција, како и од алтернативниот шеф на грчката дипломатија од владата на Нова демократија, додека пак сега, истиот текст го потпишуваат членовите на пратеничката група на СИРИЗА.

Меморандум за основање Координативен комитет за економска соработка

Вториот предлог закон е „Ратификација на Меморандумот за разбирање помеѓу Владата на Република Грција и Владата на Република Македонија за основање Координативен комитет за економска соработка“. Според извештајот за предлог законот, меморандумот, „ќе придонесе за унапредување на билатералните економски односи“. Конкретниот меморандум е потпишан на 2 април 2019 година во Скопје од тогашниот вицепремиер и министер за финансии на Грција Јанис Драгасакис и тогашниот вицепремиер надлежен за економски прашања Кочо Анѓушев, а има осум члена што се однесуваат на начинот на функционирање на конкретниот комитет. Согласно потпишаниот меморандум, Комитетот за економска соработка ќе брои 18 членови, по девет од секоја страна, од кои најмалку три треба да бидат владини функционери и најмалку пет институционални претставници на приватниот сектор, а со Комитетот заедно ќе претседаваат вицепремиерите или министрите од двете земји надлежни за економски теми. Комитетот, како што пренесува МИА, ќе има за цел да ја координира билатералната економска соработка и да поттикне поблиска соработка меѓу економските комори на двете земји, а првиот состанок ќе треба да биде свикан од заменик-претседателот на Владата на Македонија, во рок од 30 дена од стапувањето на сила на меморандумот. Предлог-законот од 2020 година за економската соработка е потпишан од тогашните министри за финансии, развој и инвестиции и надворешни работи на Грција.

Техничката спогодба за надгледување на FIR Скопје

Третиот предлог закон е „Ратификација на техничката спогодба меѓу Министерството за национална одбрана на Република Грција и Министерството за одбрана на Република Македонија во врска со ер полисинг на FIR Скопје (LWSS)“, се однесува на надзор на воздушниот простор на нашата земја од грчки воени авиони и беше потпишан на 30 септември 2019 година во Скопје. Предвидува надзорот да го вршат Ф-16 и М-2000 од грчкото воено воздухопловство. И овој предлог-закон, исто како и претходните два, од СИРИЗА го доставија идентично како што беше доставен од Владата на Нова демократија и потпишан од тогашните министри за финансии, за надворешни работи, за безбедност и за правда на Грција. Целта на техничката спогодба, како што пишува е „да ги одреди процедурите на координација што ќе се спроведат од двете страни, со цел одржување успешно надгледување за справување на Renegade закани во воздушниот простор (FIR) Скопје“. Во спогодбата што содржи 13 члена и седум анекси, детално се опишани сите активности во рамките на ер полисингот на авионите од грчкото воено воздухопловство. Но, не се само меморандумите обврска на Грција, туку како што неколку пати во минатото има пишувано МИА, во однос на имплементацијата на Договорот од Преспа од грчка страна, постојат одредени доцнења меѓу кои и одржувањето на вториот Совет на високо ниво. Согласно Договорот, Советот за соработка на високо ниво предводен од премиерите на двете земји, „ќе се состанува најмалку еднаш годишно и ќе биде надлежно тело за правилно и делотворно спроведување на оваа Спогодба и Акцискиот план кој ќе произлезе од истата“. Првата и единствена меѓувладина седница беше одржана во Скопје во април 2019 година, при посетата на тогашниот грчки премиер Алексис Ципрас, додека пак на втората домаќин треба да биде Грција. Паралелно, грчкиот премиер сè уште не бил во официјална, работна или неформална посета на Скопје, ниту пак беше договорена возвратната посета на претседателката на Грција Катерина Сакеларопулу, по официјалната на Атина од претходниот претседател Стево Пендаровски.

The post Што содржат трите меморандуми што Грција сè уште ги нема ратификувано во Парламентот? appeared first on Република.

]]>
Керим: „Скопиа“ не е провокација? https://republika.mk/vesti/makedonija/kerim-skopia-ne-e-provokatsija/ Mon, 20 May 2024 19:36:18 +0000 https://republika.mk/?p=780260

Поранешниот министер за надворешни работи и дипломат Срѓан Керим, зборувајќи за заклетвата на шефицата на државата Гордана Сиљановска Давкова, рече дека „претседател на држава кој полага заклетва пред својот Парламент, пред своите граѓани и пред својот народ не може да направи гаф кога го изговара името на државата Македонија“, посочувајќи дека пораката што таа сакала да ја упати била внатрешно-политичка односно кон мнозинствотот граѓани што гласаа за неа, а не да се испровоцира Грција или некоја друга земја.

Ако барате порака тогаш јас ја читам како внатрешно - политичка, а не надворешно - политичка затоа што една од основните одлики и карактеристики на демократијата е мнозинството. Госпоѓата Сиљановска Давкова беше избрана со огромен број на гласови на мнозинство на граѓаните на оваа држава и поради тоа тој гест беше наменет на нив, а не да се провоцира ни Грција ни никој друг, рече Керим во тема на денот на ТВ Сител.

Ако треба да одговори како дипломат, рече тој, дипломатски е да се седне на маса и да се разговара.

Има причина да разговараме затоа што ако ние провоцираме со тоа што го употребуваме името Македонија што е тогаш употребата на „Скопиа“ цело време од грчка страна кога зборуваат за нашата земја. Нели е и тоа провокација, праша Керим.

Се што ќе излезе од Скопје или од Македонија, вели поранешниот министер, подлага на еден диоптер од Брисел и ние треба да бидеме постојано фрустрирани, укочени, да пазиме што зборуваме и што ќе кажеме за тоа да не не одалечи од Брисел

The post Керим: „Скопиа“ не е провокација? appeared first on Република.

Наумовски: СДСМ избрза и претера со имплементирање на „Северна“ насекаде https://republika.mk/vesti/makedonija/naumovski-sdsm-izbrza-i-pretera-so-implementirane-na-severna-nasekade/ Thu, 16 May 2024 12:19:30 +0000 https://republika.mk/?p=778842

Поранешниот вицепремиер за евроинтеграции и амбасадор и поранешен амбасадор во САД, Васко Наумовски денеска во изјава за медиумите истакна дека новата додавка на името на државата треба да се употребува во документите во рок од пет години од отворањето на соодветното поглавје.

По денешната панел-дискусија и промоција на публикацијата „Со надеж за најдобро, подготвени за најлошо: Дали Република Македонија е ранлива на економски притисок од Народна Република Кина?”, Наумовски посочи дека некои аспекти на имплементацијата на Преспанскиот договор се направени предвреме и избрзано штом, како што рече, земјава ги нема отворено преговорите за членство со ЕУ и нема отворено ниту едно поглавје.

Имено, доколку детално се анализираат одредбите, ќе видиме дека претходната Влада на СДСМ отиде и предалеку со имплементацијата на Преспанскиот договор во внатрешната употреба и документите кои се однесуваат исклучиво за внатрешна употреба, односно некои одредби кои што требаше да бидат имплементирани постепено согласно отворањето на поглавјата за приговорите со Европската унија беа имплементирани избрзано. Доколку ја направиме анализата, ќе видиме дека самиот договор предвидува постепено имплементирање на додавката во документите согласно отворањето на поглавјата, односно новата додавка треба да се употребува во документите во рок од пет години од отворањето на соодветното поглавје. Ние ги немаме отворено преговорите за членство со Европската унија и немаме отворено ниту едно поглавје, што значи дека некои аспекти на имплементацијата се направени предвреме и избрзано, рече Наумовски.

Според поранешниот вицепремиер Наумовски, избегнувањето на претседателката Гордана Сиљановска Давкова да го каже целосното уставно име на државата во нејзината свечена изјава не претставува никакво прекршување на Преспанскиот договор.

Она што професорката Сиљановска Давкова го направи, според мене, не претставува никакво прекршување на Преспанскиот договор, туку ние сме доведени во ситуација да го толкуваме Преспанскиот договор од гледна точка на Грција. Она што било претходно направено, таа избрзана и предвремена имплементација, според мене, било погрешно. Можеби е добро да се направи детална анализа што всушност треба да значи внатрешната употреба на Преспанскиот договор и како таа да се употребува понатаму. За очекување беше дека нашите соседи нема да го игнорираат овој потег, меѓутоа сметам дека ние би требало малку подлабоко да гледаме на ова прашање, односно да видиме дали во суштина некои одредби од т.н Преспански договор се прекршени или не, и што всушност значи неговата примена во документите што се однесуваат исклучиво за внатрешна употреба, рече Наумовски, потенцирајќи дека ставот на Сиљановска Давкова по ова прашање бил јавно деклариран уште во нејзината предизборна кампања и таа останала доследна на она што го ветувала на граѓаните.

The post Наумовски: СДСМ избрза и претера со имплементирање на „Северна“ насекаде appeared first on Република.

]]>

Поранешниот вицепремиер за евроинтеграции и амбасадор и поранешен амбасадор во САД, Васко Наумовски денеска во изјава за медиумите истакна дека новата додавка на името на државата треба да се употребува во документите во рок од пет години од отворањето на соодветното поглавје. По денешната панел-дискусија и промоција на публикацијата „Со надеж за најдобро, подготвени за најлошо: Дали Република Македонија е ранлива на економски притисок од Народна Република Кина?”, Наумовски посочи дека некои аспекти на имплементацијата на Преспанскиот договор се направени предвреме и избрзано штом, како што рече, земјава ги нема отворено преговорите за членство со ЕУ и нема отворено ниту едно поглавје.
Имено, доколку детално се анализираат одредбите, ќе видиме дека претходната Влада на СДСМ отиде и предалеку со имплементацијата на Преспанскиот договор во внатрешната употреба и документите кои се однесуваат исклучиво за внатрешна употреба, односно некои одредби кои што требаше да бидат имплементирани постепено согласно отворањето на поглавјата за приговорите со Европската унија беа имплементирани избрзано. Доколку ја направиме анализата, ќе видиме дека самиот договор предвидува постепено имплементирање на додавката во документите согласно отворањето на поглавјата, односно новата додавка треба да се употребува во документите во рок од пет години од отворањето на соодветното поглавје. Ние ги немаме отворено преговорите за членство со Европската унија и немаме отворено ниту едно поглавје, што значи дека некои аспекти на имплементацијата се направени предвреме и избрзано, рече Наумовски.
Според поранешниот вицепремиер Наумовски, избегнувањето на претседателката Гордана Сиљановска Давкова да го каже целосното уставно име на државата во нејзината свечена изјава не претставува никакво прекршување на Преспанскиот договор.
Она што професорката Сиљановска Давкова го направи, според мене, не претставува никакво прекршување на Преспанскиот договор, туку ние сме доведени во ситуација да го толкуваме Преспанскиот договор од гледна точка на Грција. Она што било претходно направено, таа избрзана и предвремена имплементација, според мене, било погрешно. Можеби е добро да се направи детална анализа што всушност треба да значи внатрешната употреба на Преспанскиот договор и како таа да се употребува понатаму. За очекување беше дека нашите соседи нема да го игнорираат овој потег, меѓутоа сметам дека ние би требало малку подлабоко да гледаме на ова прашање, односно да видиме дали во суштина некои одредби од т.н Преспански договор се прекршени или не, и што всушност значи неговата примена во документите што се однесуваат исклучиво за внатрешна употреба, рече Наумовски, потенцирајќи дека ставот на Сиљановска Давкова по ова прашање бил јавно деклариран уште во нејзината предизборна кампања и таа останала доследна на она што го ветувала на граѓаните.

The post Наумовски: СДСМ избрза и претера со имплементирање на „Северна“ насекаде appeared first on Република.

]]>
СИРИЗА не знае кога и како, ама тврди дека ќе ги поднесе Меморандумите со Македонија во Грчкиот парламент https://republika.mk/vesti/makedonija/siriza-ne-znae-koga-i-kako-ama-tvrdi-deka-ke-gi-podnese-memorandumite-so-makedonija-vo-grchkiot-parlament/ Tue, 14 May 2024 11:24:24 +0000 https://republika.mk/?p=777952

СИРИЗА во следниот период ќе ги поднесе за ратификација во Парламентот трите меморандуми со Македонија, соопшти портпаролката на грчката опозициска партија Вула Кехаја на денешниот брифинг со новинарите, а на прашањето на дописничката на МИА од Атина, на кој начин ќе го сторат тоа, објасни дека ги разгледуваат можностите и веројатно ќе биде во форма на законска иницијатива.

Кехаја истакна дека СИРИЗА, која како Влада го промовираше и ратификуваше Договорот од Преспа „без во ниеден момент да не ја земе предвид политичката цена, туку исклучиво ставајќи го над сè националниот интерес“, следниот период ќе ги донесе за ратификација протоколите за соработка, за кои коментираше дека Владата на Мицотакис „избегнува да ги донесе во Парламентот од внатрепартиски причини и за да ја одржи рамнотежата во самата Влада“.

Се истражува и се читаат законските текстови што произлегуваат од Договорот и претставуваат она што се нарекува Протоколи или Меморандуми за соработка со соседната земја и во следниот период, веројатно во облик на законска иницијатива ќе бидат доставени во Парламентот. Но, со големо изненадување и незадоволство ја слушаме Владата и нејзините претставници да најавуваат дека ќе гласаат против или нема да гласаат или дека не се согласуваат со таква иницијатива. Зошто се крие Нова демократија и не се обидува барем сега владината партија да го спаси угледот на Договорот од Преспа, кој во минатото го карактеризираше како предавнички, а сега смета дека треба да го одбрани, но без притоа да го заштити законски?, објасни Кехаја на прашањето на МИА за начинот на кој СИРИЗА би ги донел меморандумите.

На денешниот брифинг со новинарите, портпаролката на СИРИЗА упати прашање до актуелната грчка Влада, зошто, како што рече, „ако толку многу е вознемирена од ставот на новата претседателка на Cеверна Македонија, веднаш не ги донесе во Парламентот меморандумите како што налага Договорот од Преспа?“

Еден овие протоколи се однесува на интеграцијата на Cеверна Македонија во Европската Унија. Ова немаше да биде преговарачка карта за нашата Влада да изврши притисок врз Cеверна Македонија, да се усогласи со Договорот, а во спротивно нема да се отвори патот кон Европската Унија?, праша портпаролката на СИРИЗА.

Дополнително ја праша грчката Влада и „дали има намера да го покрене прашањето за исфрлање на националистичката ВМРО од Европската народна партија, односно сестринска партија на Нова демократија“.

Трите потпишани меморандуми меѓу двете земји се: Меморандумот за забрзување на процесот на интеграција на Македонија во ЕУ; Меморандум за формирање на Координативен комитет за економска соработка и Техничка спогодба за надгледување на FIR Скопје, а веќе неколку години чекаат да бидат ставени на дневен ред за ратификација во грчкиот Парламент.

The post СИРИЗА не знае кога и како, ама тврди дека ќе ги поднесе Меморандумите со Македонија во Грчкиот парламент appeared first on Република.

]]>

СИРИЗА во следниот период ќе ги поднесе за ратификација во Парламентот трите меморандуми со Македонија, соопшти портпаролката на грчката опозициска партија Вула Кехаја на денешниот брифинг со новинарите, а на прашањето на дописничката на МИА од Атина, на кој начин ќе го сторат тоа, објасни дека ги разгледуваат можностите и веројатно ќе биде во форма на законска иницијатива. Кехаја истакна дека СИРИЗА, која како Влада го промовираше и ратификуваше Договорот од Преспа „без во ниеден момент да не ја земе предвид политичката цена, туку исклучиво ставајќи го над сè националниот интерес“, следниот период ќе ги донесе за ратификација протоколите за соработка, за кои коментираше дека Владата на Мицотакис „избегнува да ги донесе во Парламентот од внатрепартиски причини и за да ја одржи рамнотежата во самата Влада“.
Се истражува и се читаат законските текстови што произлегуваат од Договорот и претставуваат она што се нарекува Протоколи или Меморандуми за соработка со соседната земја и во следниот период, веројатно во облик на законска иницијатива ќе бидат доставени во Парламентот. Но, со големо изненадување и незадоволство ја слушаме Владата и нејзините претставници да најавуваат дека ќе гласаат против или нема да гласаат или дека не се согласуваат со таква иницијатива. Зошто се крие Нова демократија и не се обидува барем сега владината партија да го спаси угледот на Договорот од Преспа, кој во минатото го карактеризираше како предавнички, а сега смета дека треба да го одбрани, но без притоа да го заштити законски?, објасни Кехаја на прашањето на МИА за начинот на кој СИРИЗА би ги донел меморандумите.
На денешниот брифинг со новинарите, портпаролката на СИРИЗА упати прашање до актуелната грчка Влада, зошто, како што рече, „ако толку многу е вознемирена од ставот на новата претседателка на Cеверна Македонија, веднаш не ги донесе во Парламентот меморандумите како што налага Договорот од Преспа?“
Еден овие протоколи се однесува на интеграцијата на Cеверна Македонија во Европската Унија. Ова немаше да биде преговарачка карта за нашата Влада да изврши притисок врз Cеверна Македонија, да се усогласи со Договорот, а во спротивно нема да се отвори патот кон Европската Унија?, праша портпаролката на СИРИЗА.
Дополнително ја праша грчката Влада и „дали има намера да го покрене прашањето за исфрлање на националистичката ВМРО од Европската народна партија, односно сестринска партија на Нова демократија“. Трите потпишани меморандуми меѓу двете земји се: Меморандумот за забрзување на процесот на интеграција на Македонија во ЕУ; Меморандум за формирање на Координативен комитет за економска соработка и Техничка спогодба за надгледување на FIR Скопје, а веќе неколку години чекаат да бидат ставени на дневен ред за ратификација во грчкиот Парламент.

The post СИРИЗА не знае кога и како, ама тврди дека ќе ги поднесе Меморандумите со Македонија во Грчкиот парламент appeared first on Република.

]]>
Грција: Билатералните односи и европскиот пат на соседите зависат од употребата на уставното име https://republika.mk/vesti/makedonija/grtsija-bilateralnite-odnosi-i-evropskiot-pat-na-sosedite-zavisat-od-upotrebata-na-ustavnoto-ime/ Sun, 12 May 2024 14:31:10 +0000 https://republika.mk/?p=777345

Билатералните односи со соседната земја и нејзиниот европски пат зависат од целосното спроведување на Договорот од Преспа и употребата на уставното име, соопштија од Министерството за надворешни работи на Грција за инаугурацијата на Гордана Силјановска Давкова и употребата на името Македонија и посочија дека оваа постапка претставува прекршување и на договорот и на Уставот, јави дописничката на МИА од Атина.

Во реакцијата од грчкото МНР пишува дека „за време на денешната заклетва во Собранието и покрај фактот што во официјалниот текст на заклетвата што ѝ беше диктиран, земјата беше под името „Cеверна Македонија“, „новата претседателка на Република Cеверна Македонија, г-ѓа Силјановска-Давкова, одбра земјата да ја нарече Македонија“.

Оваа постапка јасно го прекршува Договорот од Преспа, но и Уставот на соседната земја, кој е усогласен со нејзините меѓународни обврски, соопштија од грчкото МНР.

Посочија дека грчката Влада, и покрај приговорите што ги искажа како опозиција, го почитува Договорот како ратификуван меѓународен договор, кој надвладува која било друга законска одредба.

Грција, во овој контекст, категорично изјавува дека дополнителниот напредок во нејзините билатерални односи со Cеверна Македонија, како и европскиот тек на земјата зависат од целосното спроведување на Договорот од Преспа и главно од употребата на уставното име на земјата, соопштија од грчкото МНР, пренесе МИА.

The post Грција: Билатералните односи и европскиот пат на соседите зависат од употребата на уставното име appeared first on Република.

]]>

Билатералните односи со соседната земја и нејзиниот европски пат зависат од целосното спроведување на Договорот од Преспа и употребата на уставното име, соопштија од Министерството за надворешни работи на Грција за инаугурацијата на Гордана Силјановска Давкова и употребата на името Македонија и посочија дека оваа постапка претставува прекршување и на договорот и на Уставот, јави дописничката на МИА од Атина. Во реакцијата од грчкото МНР пишува дека „за време на денешната заклетва во Собранието и покрај фактот што во официјалниот текст на заклетвата што ѝ беше диктиран, земјата беше под името „Cеверна Македонија“, „новата претседателка на Република Cеверна Македонија, г-ѓа Силјановска-Давкова, одбра земјата да ја нарече Македонија“.
Оваа постапка јасно го прекршува Договорот од Преспа, но и Уставот на соседната земја, кој е усогласен со нејзините меѓународни обврски, соопштија од грчкото МНР.
Посочија дека грчката Влада, и покрај приговорите што ги искажа како опозиција, го почитува Договорот како ратификуван меѓународен договор, кој надвладува која било друга законска одредба.
Грција, во овој контекст, категорично изјавува дека дополнителниот напредок во нејзините билатерални односи со Cеверна Македонија, како и европскиот тек на земјата зависат од целосното спроведување на Договорот од Преспа и главно од употребата на уставното име на земјата, соопштија од грчкото МНР, пренесе МИА.

The post Грција: Билатералните односи и европскиот пат на соседите зависат од употребата на уставното име appeared first on Република.

]]>
Се надевам дека нема да има промена во надворешната политика кај соседите, вели грчкиот шеф на дипломатијата https://republika.mk/vesti/balkan/se-nadevam-deka-nema-da-ima-promena-vo-nadvoreshnata-politika-kaj-sosedite-veli-grchkiot-shef-na-diplomatijata/ Thu, 09 May 2024 13:07:11 +0000 https://republika.mk/?p=776393

Надеж дека новата Влада на ВМРО-ДПМНЕ нема да направи промени во надворешната политика, но и дека земјата ќе го продолжи својот европски пат, изрази шефот на грчката дипломатија Јоргос Герапетритис во интервјуто за грчкото радио Скај“, јави дописничката на МИА од Атина.

Министерот за надворешни работи на Грција, говорејќи за вчерашните избори кај нас, рече дека одблиску го следат развојот на настаните и посочи дека се подготвени за сите сценарија.

Од друга страна, се надевам дека нема да има промена во надворешната политика, но и во внатрешните теми на Cеверна Македонија. Имаме убедлива победа на ВМРО. Нивната предизборна агенда беше фокусирана и на прашањето со Договорот од Преспа и за тоа колку Договорот од Преспа претставува достоинствено решение за граѓаните на Cеверна Македонија. За овој случај сакам да го кажам следново: Нова демократија како опозиција ги покрена сивите точки од Договорот. Од друга страна, со доаѓањето на власт имаме и политичка и правна обврска не само да го почитуваме Договорот од Преспа, туку да се погрижиме да има и негово доследно спроведување, нешто што се заснова на самиот наш Устав, објасни Герапетритис.

Паралелно додаде дека договорите што се ратификуваат од парламентите „преовладуваат над секоја спротивна одредба од законот“, што според него, практично значи дека што и да сака Грција, што и да сака Македонија, не можат еднострано да го изменат Договорот од Преспа.

Односно, не може да дојде внатрешен закон и да го ревидира или поништи Договорот. Значи сите сме должни да се придржуваме до договореното. Иако предизборно навистина постоеја одредени реторики, јас чувствувам дека климата нема да биде нарушена и од дополнителна причина што Договорот од Преспа претставува формален предуслов за интегративниот пат на Cеверна Македонија кон Европската Унија, нешто што мислам дека не се оспорува како главна цел на соседната земја, истакна шефот на грчката дипломатија.

За европската перспектива, како на нашата земја, така и на целот регион, уште еднаш ја повтори грчката поддршка, бидејќи, како што рече, сметаат дека на овој начин се воспоставуваат мирот и безбедноста во поширокиот регион, но и додаде дека конкретно за Македонија големиот проблем што постои сега, не е толку прашањето со Грција и Договорот од Преспа, колку што е во главно прашањето со Бугарија.

Вклучувањето на бугарското малцинство во Уставот, исто како и Договорот од Преспа претставува предуслов за напредокот на интегративните процеси, па во овој момент Cеверна Македонија со новата Влада и новата претседателка ќе се најдат пред важни дилеми. Моето верување и надеж е дека соседната земја ќе го продолжи нејзиниот европски пат и нема да имаме оживување на национализам и проблеми од минатото, истакна министерот за надворешни работи на Грција, во интервјуто за радиото „Скај“.

The post Се надевам дека нема да има промена во надворешната политика кај соседите, вели грчкиот шеф на дипломатијата appeared first on Република.

]]>

Надеж дека новата Влада на ВМРО-ДПМНЕ нема да направи промени во надворешната политика, но и дека земјата ќе го продолжи својот европски пат, изрази шефот на грчката дипломатија Јоргос Герапетритис во интервјуто за грчкото радио Скај“, јави дописничката на МИА од Атина. Министерот за надворешни работи на Грција, говорејќи за вчерашните избори кај нас, рече дека одблиску го следат развојот на настаните и посочи дека се подготвени за сите сценарија.
Од друга страна, се надевам дека нема да има промена во надворешната политика, но и во внатрешните теми на Cеверна Македонија. Имаме убедлива победа на ВМРО. Нивната предизборна агенда беше фокусирана и на прашањето со Договорот од Преспа и за тоа колку Договорот од Преспа претставува достоинствено решение за граѓаните на Cеверна Македонија. За овој случај сакам да го кажам следново: Нова демократија како опозиција ги покрена сивите точки од Договорот. Од друга страна, со доаѓањето на власт имаме и политичка и правна обврска не само да го почитуваме Договорот од Преспа, туку да се погрижиме да има и негово доследно спроведување, нешто што се заснова на самиот наш Устав, објасни Герапетритис.
Паралелно додаде дека договорите што се ратификуваат од парламентите „преовладуваат над секоја спротивна одредба од законот“, што според него, практично значи дека што и да сака Грција, што и да сака Македонија, не можат еднострано да го изменат Договорот од Преспа.
Односно, не може да дојде внатрешен закон и да го ревидира или поништи Договорот. Значи сите сме должни да се придржуваме до договореното. Иако предизборно навистина постоеја одредени реторики, јас чувствувам дека климата нема да биде нарушена и од дополнителна причина што Договорот од Преспа претставува формален предуслов за интегративниот пат на Cеверна Македонија кон Европската Унија, нешто што мислам дека не се оспорува како главна цел на соседната земја, истакна шефот на грчката дипломатија.
За европската перспектива, како на нашата земја, така и на целот регион, уште еднаш ја повтори грчката поддршка, бидејќи, како што рече, сметаат дека на овој начин се воспоставуваат мирот и безбедноста во поширокиот регион, но и додаде дека конкретно за Македонија големиот проблем што постои сега, не е толку прашањето со Грција и Договорот од Преспа, колку што е во главно прашањето со Бугарија.
Вклучувањето на бугарското малцинство во Уставот, исто како и Договорот од Преспа претставува предуслов за напредокот на интегративните процеси, па во овој момент Cеверна Македонија со новата Влада и новата претседателка ќе се најдат пред важни дилеми. Моето верување и надеж е дека соседната земја ќе го продолжи нејзиниот европски пат и нема да имаме оживување на национализам и проблеми од минатото, истакна министерот за надворешни работи на Грција, во интервјуто за радиото „Скај“.

The post Се надевам дека нема да има промена во надворешната политика кај соседите, вели грчкиот шеф на дипломатијата appeared first on Република.

]]>
Денеска на неколку часа ќе се затворени граничните премини од Грција кон Македонија https://republika.mk/vesti/balkan/deneska-na-nekolku-chasa-ke-se-zatvoreni-granichnite-premini-od-grtsija-kon-makedonija/ Mon, 26 Feb 2024 07:52:20 +0000 https://republika.mk/?p=748298

Грчките земјоделци од северниот и северозападниот дел на Грција, денеска, на неколку часа ќе ги затворат граничните премини Евзони (Богородица) и Ники (Меџитлија) кон Македонија, јави дописничката на МИА од Атина.

На Евзони ќе се одржи земјоделски собир што ќе започне околу 13-13.30 по грчко, односно 12-12.30 часот по македонско време и во периодот додека трае протестот се очекува да биде блокиран сообраќајот на граничниот премин на неколку часа.

Граничниот премин Ники, според локалните медиуми, ќе биде затворен во периодот од 12 до 16 часот по грчко, односно од 11 до 15 часот по македонско време.

Причината за денешните интензивирани активности на земјоделците во Грција е состанокот во Брисел на министрите за земјоделство на Европската Унија на кој ќе се дискутира за новата заедничка земјоделска политика.

Во изминатите денови, по големиот протест во вторникот во Атина, кога земјоделците одлучија дека секој блок посебно ќе ги одреди своите чекори, оние од северна Грција остануваат најактивни и секојдневно во периодот меѓу 20 и 22 часот по локално, односно меѓу 19 и 21 часот по македонско време периодично го затвораат граничниот премин Евзони (Богородица), како што беше случај и вчера.

Претседателот на земјоделското здружение од областа Пеониа, Томас Карипидис, кој воедно и ги предводи активностите на граничниот премин, во разговор со дописничката на МИА од Атина вчера рече дека на Евзони се паркирани околу 100 трактори и пет комбајни и објасни дека за денеска е планиран „голем земјоделски собир на граничниот премин“, што според него ќе започне околу 13-13.30 часот и ќе заврши во зависност од тоа колку говори ќе има, „но сигурно ќе трае два-три часа“.

Секако дека ќе биде затворен граничниот премин, ќе има многу народ, ќе биде големо учеството со земјоделски возила, истакна Карипидис, објаснувајќи дека блокадата ќе трае сè додека не заврши протестот.

Земјоделците веќе над еден месец се активни во цела Грција и бараат од Владата да ги исполни сите нивни барања поврзани со зголемените трошоци за производство, а иако на средбата со грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис пред речиси две седмици им беа соопштени дополнителни мерки, изразија незадоволство и продолжија со активностите, кои кулминираа со големиот протест во Атина.

Нашите барања се познати, енергијата, трошоците за производство, трошоците за снабдување и сето она што го засега секој регион поединечно, барања за кои не добивме обврзувачки одговори дека ќе се исполнат во блиска иднина. И затоа остануваме на нашите блокови, без да направиме чекор кон отстапка, рече вчера за МИА претседателот на земјоделското здружение од областа Пеониа, Томас Карипидис.

The post Денеска на неколку часа ќе се затворени граничните премини од Грција кон Македонија appeared first on Република.

]]>

Грчките земјоделци од северниот и северозападниот дел на Грција, денеска, на неколку часа ќе ги затворат граничните премини Евзони (Богородица) и Ники (Меџитлија) кон Македонија, јави дописничката на МИА од Атина. На Евзони ќе се одржи земјоделски собир што ќе започне околу 13-13.30 по грчко, односно 12-12.30 часот по македонско време и во периодот додека трае протестот се очекува да биде блокиран сообраќајот на граничниот премин на неколку часа. Граничниот премин Ники, според локалните медиуми, ќе биде затворен во периодот од 12 до 16 часот по грчко, односно од 11 до 15 часот по македонско време. Причината за денешните интензивирани активности на земјоделците во Грција е состанокот во Брисел на министрите за земјоделство на Европската Унија на кој ќе се дискутира за новата заедничка земјоделска политика. Во изминатите денови, по големиот протест во вторникот во Атина, кога земјоделците одлучија дека секој блок посебно ќе ги одреди своите чекори, оние од северна Грција остануваат најактивни и секојдневно во периодот меѓу 20 и 22 часот по локално, односно меѓу 19 и 21 часот по македонско време периодично го затвораат граничниот премин Евзони (Богородица), како што беше случај и вчера. Претседателот на земјоделското здружение од областа Пеониа, Томас Карипидис, кој воедно и ги предводи активностите на граничниот премин, во разговор со дописничката на МИА од Атина вчера рече дека на Евзони се паркирани околу 100 трактори и пет комбајни и објасни дека за денеска е планиран „голем земјоделски собир на граничниот премин“, што според него ќе започне околу 13-13.30 часот и ќе заврши во зависност од тоа колку говори ќе има, „но сигурно ќе трае два-три часа“.
Секако дека ќе биде затворен граничниот премин, ќе има многу народ, ќе биде големо учеството со земјоделски возила, истакна Карипидис, објаснувајќи дека блокадата ќе трае сè додека не заврши протестот.
Земјоделците веќе над еден месец се активни во цела Грција и бараат од Владата да ги исполни сите нивни барања поврзани со зголемените трошоци за производство, а иако на средбата со грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис пред речиси две седмици им беа соопштени дополнителни мерки, изразија незадоволство и продолжија со активностите, кои кулминираа со големиот протест во Атина.
Нашите барања се познати, енергијата, трошоците за производство, трошоците за снабдување и сето она што го засега секој регион поединечно, барања за кои не добивме обврзувачки одговори дека ќе се исполнат во блиска иднина. И затоа остануваме на нашите блокови, без да направиме чекор кон отстапка, рече вчера за МИА претседателот на земјоделското здружение од областа Пеониа, Томас Карипидис.

The post Денеска на неколку часа ќе се затворени граничните премини од Грција кон Македонија appeared first on Република.

]]>
„Имавте доволно време“, вели Грција за промената на пасошите https://republika.mk/vesti/makedonija/imavte-dovolno-vreme-veli-grtsija-za-promenata-na-pasoshite/ Thu, 01 Feb 2024 12:32:56 +0000 https://republika.mk/?p=739389

Исклучително тешко е за Грција да прифати дека во период од пет години не беше можна замена на пасошите, брифираат грчки дипломатски извори во однос на издавањето нови патни исправи кај нас и додаваат дека Скопје не ја контактирало Атина за евентуално продолжување на рокот, јави дописничката на МИА од Атина.

Владините извори од Грција објаснуваат дека 12 февруари како краен датум за приспособување на документите, особено на патните исправи и регистарските таблици на автомобилите е временски рок одреден пред пет години, а официјална Атина очекува целосна имплементација.

На прашањето на дописничката на МИА од Атина дали постоела комуникација и барање од Македонија до Грција за евентуално продолжување на рокот, грчките дипломатски извори одговараат негативно.

„Личните документи ќе се менуваат кога ќе им истече рокот, за граѓаните да немаат дополнителни трошоци“ – со заложби како оваа, пред 5 години, Владата предводена од Зоран Заев ја уверуваше јавноста, дека Преспанскиот договор, помеѓу другите последици, нема и финансиски да ги оптовари граѓаните.

https://republika.mk/vesti/makedonija/vlasta-vo-2018-uveruvashe-i-vetuvashe-deka-dokumentite-ke-ni-vazhat-do-istekot/

Во однос на трите меморандуми со Македонија, истите извори објаснуваат дека тие се поврзани и со почитувањето на Договорот од Преспа и како тој се имплементира, а во Парламентот за ратификација ќе бидат донесени во соодветното време кое ќе го одлучи грчката Влада.

Истите извори потенцираат дека Атина инсистира на доследно и строго почитување на Договорот од Преспа.

The post „Имавте доволно време“, вели Грција за промената на пасошите appeared first on Република.

]]>

Исклучително тешко е за Грција да прифати дека во период од пет години не беше можна замена на пасошите, брифираат грчки дипломатски извори во однос на издавањето нови патни исправи кај нас и додаваат дека Скопје не ја контактирало Атина за евентуално продолжување на рокот, јави дописничката на МИА од Атина. Владините извори од Грција објаснуваат дека 12 февруари како краен датум за приспособување на документите, особено на патните исправи и регистарските таблици на автомобилите е временски рок одреден пред пет години, а официјална Атина очекува целосна имплементација. На прашањето на дописничката на МИА од Атина дали постоела комуникација и барање од Македонија до Грција за евентуално продолжување на рокот, грчките дипломатски извори одговараат негативно.
„Личните документи ќе се менуваат кога ќе им истече рокот, за граѓаните да немаат дополнителни трошоци“ – со заложби како оваа, пред 5 години, Владата предводена од Зоран Заев ја уверуваше јавноста, дека Преспанскиот договор, помеѓу другите последици, нема и финансиски да ги оптовари граѓаните. https://republika.mk/vesti/makedonija/vlasta-vo-2018-uveruvashe-i-vetuvashe-deka-dokumentite-ke-ni-vazhat-do-istekot/
Во однос на трите меморандуми со Македонија, истите извори објаснуваат дека тие се поврзани и со почитувањето на Договорот од Преспа и како тој се имплементира, а во Парламентот за ратификација ќе бидат донесени во соодветното време кое ќе го одлучи грчката Влада. Истите извори потенцираат дека Атина инсистира на доследно и строго почитување на Договорот од Преспа.

The post „Имавте доволно време“, вели Грција за промената на пасошите appeared first on Република.

]]>
Македонија е „даночен рај“ за грчките бизниси https://republika.mk/vesti/ekonomija/makedonija-e-danochen-raj-za-grchkite-biznisi/ Fri, 29 Dec 2023 11:47:45 +0000 https://republika.mk/?p=727808

Вкупно 42 земји, меѓу кои и Македонија се најдоа на листата држави со привилегиран даночен статус за 2022 година објавена од Министерството за национална економија и финансии на Грција, јави дописничката на МИА од Атина.

Како земји кои имаат привилегиран даночен статус Министерството ги дефинира оние држави во кои „правното лице или правниот ентитет подлежи на данок на добивка или приход или капитал чија стапка е еднаква или пониска од 60 проценти од даночната стапка на правните лица и правните ентитети согласно одредбите на грчкото даночно законодавство, во случај да се даночни резиденти или со постојана деловна активност во Грција“.

Од Европа, на листата, освен Македонија, вклучени се и Бугарија, Кипар, Албанија, Косово, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Монако, Унгарија, Унгарија.

Одлуката за одредување на државите кои имаат привилегиран даночен статус за 2022 година е потпишана од министерот за национална економија и финансии на Грција Костис Хаѕидакис и неговиот заменик Харис Теохарис и веќе е објавена во Службен весник.

Истите земји што и оваа година се на листата, беа вклучени и на онаа за даночната 2021 година, со исклучок на островите Токелау кои се вметнати на новата листа за 2022 година.

The post Македонија е „даночен рај“ за грчките бизниси appeared first on Република.

]]>

Вкупно 42 земји, меѓу кои и Македонија се најдоа на листата држави со привилегиран даночен статус за 2022 година објавена од Министерството за национална економија и финансии на Грција, јави дописничката на МИА од Атина. Како земји кои имаат привилегиран даночен статус Министерството ги дефинира оние држави во кои „правното лице или правниот ентитет подлежи на данок на добивка или приход или капитал чија стапка е еднаква или пониска од 60 проценти од даночната стапка на правните лица и правните ентитети согласно одредбите на грчкото даночно законодавство, во случај да се даночни резиденти или со постојана деловна активност во Грција“. Од Европа, на листата, освен Македонија, вклучени се и Бугарија, Кипар, Албанија, Косово, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Монако, Унгарија, Унгарија. Одлуката за одредување на државите кои имаат привилегиран даночен статус за 2022 година е потпишана од министерот за национална економија и финансии на Грција Костис Хаѕидакис и неговиот заменик Харис Теохарис и веќе е објавена во Службен весник. Истите земји што и оваа година се на листата, беа вклучени и на онаа за даночната 2021 година, со исклучок на островите Токелау кои се вметнати на новата листа за 2022 година.

The post Македонија е „даночен рај“ за грчките бизниси appeared first on Република.

]]>
Грција ќе го укине Центарот за македонски јазик во Лерин, се повикува на Преспански https://republika.mk/vesti/makedonija/grtsija-ke-go-ukine-tsentarot-za-makedonski-jazik-vo-lerin-se-povikuva-na-prespanski/ Fri, 06 Jan 2023 11:56:32 +0000 https://republika.mk/?p=594144

Основачите на Центарот за македонски јазик во Лерин деновиве добија покани за на суд по приговорот на јавниот обвинител за укинување на првостепеното судско решение за регистрација на ова невладино здружение на Македонците во Грција. Како што дознава МКД.мк, во образложението грчките правосудни органи се повикуваат на Преспанскиот договор и постоењето на македонскиот јазик само во рамките на границите на Македонија.

Лани во Лерин судските власти ја регистрираа невладината организација Центар за македонски јазик чија цел е изучувањето на македонскиот јазик. Ова веднаш беше оценето како многу важен настан во Грција, а македонските политичари потписници на Преспанскиот договор ова веднаш го оквалификуваа како само еден од големите успеси на потписот во Нивици на 17 јуни 2018 година.

Едно од основните права на човекот е да може да зборува, да комуницира и да се образува на својот мајчин јазик. Нашиот обид беше да се создадеме здружение, организација на такви основи кое ќе се обиде да го зачува македонскиот јазик во Грција и на легален начин да се обиде да се воведе изучување на македонски јазик во грчките училишта таму каде што е тоа потребно. Тоа се заврши успешно и се согласувам дека е тоа многу важен настан. Како првично, задоволство ни е тоа што судските државни органи донесоа одлука да се регистрира здружение кое се занимава со македонскиот јазик. Тоа e голем успех, некогаш такво нешто беше недостижна цел. Сега има надеж дека македонскиот јазик ќе го слушнеме и во училиштата, изјави тогаш еден од основачите на Центарот.

Целата сторија на МКД.мк

The post Грција ќе го укине Центарот за македонски јазик во Лерин, се повикува на Преспански appeared first on Република.

]]>

Основачите на Центарот за македонски јазик во Лерин деновиве добија покани за на суд по приговорот на јавниот обвинител за укинување на првостепеното судско решение за регистрација на ова невладино здружение на Македонците во Грција. Како што дознава МКД.мк, во образложението грчките правосудни органи се повикуваат на Преспанскиот договор и постоењето на македонскиот јазик само во рамките на границите на Македонија. Лани во Лерин судските власти ја регистрираа невладината организација Центар за македонски јазик чија цел е изучувањето на македонскиот јазик. Ова веднаш беше оценето како многу важен настан во Грција, а македонските политичари потписници на Преспанскиот договор ова веднаш го оквалификуваа како само еден од големите успеси на потписот во Нивици на 17 јуни 2018 година.  
Едно од основните права на човекот е да може да зборува, да комуницира и да се образува на својот мајчин јазик. Нашиот обид беше да се создадеме здружение, организација на такви основи кое ќе се обиде да го зачува македонскиот јазик во Грција и на легален начин да се обиде да се воведе изучување на македонски јазик во грчките училишта таму каде што е тоа потребно. Тоа се заврши успешно и се согласувам дека е тоа многу важен настан. Како првично, задоволство ни е тоа што судските државни органи донесоа одлука да се регистрира здружение кое се занимава со македонскиот јазик. Тоа e голем успех, некогаш такво нешто беше недостижна цел. Сега има надеж дека македонскиот јазик ќе го слушнеме и во училиштата, изјави тогаш еден од основачите на Центарот.
Целата сторија на МКД.мк

The post Грција ќе го укине Центарот за македонски јазик во Лерин, се повикува на Преспански appeared first on Република.

]]>
Честитка на „Твитер“ од Грција за Денот на независноста https://republika.mk/vesti/makedonija/chestitka-na-tviter-od-grcija-za-denot-na-nezavisnosta/ Thu, 08 Sep 2022 07:50:30 +0000 https://republika.mk/?p=548556

Честитка по повод Денот на независноста упати Министерството за надворешни работи на Грција преку официјалниот „Твитер” профил, изразувајќи „најдобри желби до народот и Владата”, јави дописничката на МИА од Атина.

Грција им честита и ги изразува своите најдобри желби до народот и Владата на Cеверна Македонија бидејќи денеска го слават нивниот Ден на независноста!, напишаа од грчкото МНР.

Паралелно, заедно со твитот, објавија и фотографија со македонското знаме и пораката: „Честит Ден на Независноста, Cеверна Македонија!”.

The post Честитка на „Твитер“ од Грција за Денот на независноста appeared first on Република.

Убиец меѓу мигрантите фатени ноќва кај Удово https://republika.mk/vesti/crna-hronika/ubiec-megju-migrantite-fateni-nokjva-kaj-udovo/ Sat, 06 Aug 2022 09:17:39 +0000 https://republika.mk/?p=537339

Пакистанец осомничен за фемицид, односно за убиство на неговата девојка во Грција, синоќа, заедно со група нелегални мигранти бил откриен и уапсен во Македонија и предаден на грчките власти, јави дописничката на МИА од Атина.

https://republika.mk/vesti/crna-hronika/uapsen-26-godishnik-koj-kriumcharel-12-migranti/

Пакистанецот на околу 20-годишна возраст беше главниот осомничен за убиството на неговата 17-годишна девојка, што се случи во вторникот во атинска населба и оттогаш му се изгуби секаква трага.

Преку тесната и континуирана соработка на полициите на двете земји, резултираше со апсење на осомничениот Пакистанец.

Од грчкото Министерство за цивилна заштита во чија надлежност е полицијата, соопштија дека имале информации дека осомничениот се наоѓа во северна Грција, со цел да избега во некоја од земјите од централна Европа.

Полициските власти во северна Грција веднаш стапија во контакт со соодветните служби од балканските земји и постоеше континуирана и тесна соработка, а се зајакнаа и контролите на граничните премини. Како резултат на засилените контроли, беше откриена група нелегални имигранти во Cеверна Македонија, во која е утврдено дека беше и осомничениот сторител на грозоморното убиство, соопштија од надлежното грчко Министерство.

Пакистанецот е веќе предаден на грчките власти, а министерот за цивилна заштита на Грција Такис Теодорикакос преку социјалните мрежи информираше дека „осомничениот за убиството на 17-годишната Николета во Атина, ќе биде изведен пред надлежниот обвинител“.

The post Убиец меѓу мигрантите фатени ноќва кај Удово appeared first on Република.

]]>

Пакистанец осомничен за фемицид, односно за убиство на неговата девојка во Грција, синоќа, заедно со група нелегални мигранти бил откриен и уапсен во Македонија и предаден на грчките власти, јави дописничката на МИА од Атина. https://republika.mk/vesti/crna-hronika/uapsen-26-godishnik-koj-kriumcharel-12-migranti/ Пакистанецот на околу 20-годишна возраст беше главниот осомничен за убиството на неговата 17-годишна девојка, што се случи во вторникот во атинска населба и оттогаш му се изгуби секаква трага. Преку тесната и континуирана соработка на полициите на двете земји, резултираше со апсење на осомничениот Пакистанец. Од грчкото Министерство за цивилна заштита во чија надлежност е полицијата, соопштија дека имале информации дека осомничениот се наоѓа во северна Грција, со цел да избега во некоја од земјите од централна Европа.