македонија е бугарска Archives - Република https://republika.mk/tema/makedonija-e-bugarska/ За подобро да се разбереме Mon, 28 Nov 2022 09:25:40 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png македонија е бугарска Archives - Република https://republika.mk/tema/makedonija-e-bugarska/ 32 32 Костадинов: Ми честитаа дека конечно им ја кажав историската вистина „един народ две држави“ сред Скопје https://republika.mk/vesti/makedonija/kostadinov-mi-chestitaa-deka-konechno-im-ja-kazav-istoriskata-vistina-edin-narod-dve-drzavi-sred-skopje/ Mon, 28 Nov 2022 09:25:40 +0000 https://republika.mk/?p=579000

Ја кажав историската и реалната политичка вистина во моментов, нешто што во принцип не се случува многу често во Македонија, се пофали пратеникот и лидер на бугарската партија „Преродба“ Костадин Костадинов во интервју за БТВ, откако за време на отворањето на Културниот бугарски центар во Скопје пред новинарите рече дека Македонија е втора бугарска држава и затоа треба да бидеме една држава која ќе се протега од Црно Море до Охридско Езеро и дека македонскиот јазик е дијалект на бугарскиот.

Изјавите беа осудени од македонскиот премиер Димитар Ковачевски, кој рече дека за него лично таквите политичари воопшто не мора да доаѓаат тука, но Костадинов сепак уште официјално не е персона нон грата во Македонија.

https://republika.mk/vesti/makedonija/kostadinov-ne-e-pozelen-vo-makedonija-poracha-kovachevski/

Какви територијални претензии кажав кон Македонија, освен што кажав дека во земјата живеат луѓе кои се сметаат себеси за Бугари, кои зборуваат бугарски јазик, дека ние зборуваме ист јазик како и луѓето во Македонија. Сега го нарекуваат македонски, но тоа не значи дека не се разбираме и дека секој нормален филолог во светот знае дека тоа е дијалект на бугарскиот јазик, потенцирал Костадинов.

За изјавата дека „Бугарија и Македонија се две земји кои треба да бидат една“, бугарскиот пратеник коментира дека тоа го сакале сите бугарски преродбеници.

Од моментот кога пристигнав во Македонија, додека не се вратив назад и буквално до денес, добивам многу честитки од Бугарите од Македонија кои велат: „Конечно некој отиде и им ја кажа вистината на македонските новинари во центарот на Скопје, нагласил лидерот на „Преродба“.

The post Костадинов: Ми честитаа дека конечно им ја кажав историската вистина „един народ две држави“ сред Скопје appeared first on Република.

]]>

Ја кажав историската и реалната политичка вистина во моментов, нешто што во принцип не се случува многу често во Македонија, се пофали пратеникот и лидер на бугарската партија „Преродба“ Костадин Костадинов во интервју за БТВ, откако за време на отворањето на Културниот бугарски центар во Скопје пред новинарите рече дека Македонија е втора бугарска држава и затоа треба да бидеме една држава која ќе се протега од Црно Море до Охридско Езеро и дека македонскиот јазик е дијалект на бугарскиот. Изјавите беа осудени од македонскиот премиер Димитар Ковачевски, кој рече дека за него лично таквите политичари воопшто не мора да доаѓаат тука, но Костадинов сепак уште официјално не е персона нон грата во Македонија. https://republika.mk/vesti/makedonija/kostadinov-ne-e-pozelen-vo-makedonija-poracha-kovachevski/
Какви територијални претензии кажав кон Македонија, освен што кажав дека во земјата живеат луѓе кои се сметаат себеси за Бугари, кои зборуваат бугарски јазик, дека ние зборуваме ист јазик како и луѓето во Македонија. Сега го нарекуваат македонски, но тоа не значи дека не се разбираме и дека секој нормален филолог во светот знае дека тоа е дијалект на бугарскиот јазик, потенцирал Костадинов.
За изјавата дека „Бугарија и Македонија се две земји кои треба да бидат една“, бугарскиот пратеник коментира дека тоа го сакале сите бугарски преродбеници.

Од моментот кога пристигнав во Македонија, додека не се вратив назад и буквално до денес, добивам многу честитки од Бугарите од Македонија кои велат: „Конечно некој отиде и им ја кажа вистината на македонските новинари во центарот на Скопје, нагласил лидерот на „Преродба“.

The post Костадинов: Ми честитаа дека конечно им ја кажав историската вистина „един народ две држави“ сред Скопје appeared first on Република.

]]>
Костадинов со нова провокација од центарот на Скопје: Македонија е втора бугарска држава https://republika.mk/vesti/balkan/kostadinov-so-nova-provokacija-od-centarot-na-skopje-makedonija-e-vtora-bugarska-drzava/ Fri, 25 Nov 2022 16:24:38 +0000 https://republika.mk/?p=578338

Бугарскиот пратеник Костадин Костадинов на отворањето на Културно информативниот центар на Бугарија во Скопје го повтори радикалниот став дека Македонија е втора бугарска држава, односно треба да бидеме една држава која ќе се протега од Црно Море до Охридско езеро.

Се разбира, Македонија е втора бугарска држава. Секој Бугарин во Бугарија ја сака Македонија, ние сме еден народ, зборуваме еден јазик и имаме заедничка култура. Јас ништо не ве убедувам, имате глава на рамењата. Јас ви велам, ли како да се чувствувате? Зошто тогаш на луѓето тука кои сакаат да се чувствуваат како Бугари им забранувате така да се чувствуваат? Со вас зборувам еден ист јазик, се разбираме. Јас немам против да чувствувате како Македонци – рече тој.

Во центарот на Скопје Костадинов и неколкумина негови колеги од партијата ја негираа македонската посебност и историскиот факт дека тогашна фашистичка Бугарија не окупирала, а не не ослободила како што сметаат тие.

Бугарија и Македонија воделе војна, кога било тоа? Имавте ли држава во Втората светска војна? Дајте ми документи каде што има окупација. Тука се создадени комитети кои ги пречекале бугарските војски. Кој ги избрка германските војски, нашите војски ве ослободиле. Документите тоа го велат - истакна тој.

The post Костадинов со нова провокација од центарот на Скопје: Македонија е втора бугарска држава appeared first on Република.

Костадинов: Едно да биде јасно – Македонија е бугарска https://republika.mk/vesti/makedonija/kostadinov-edno-da-bide-jasno-makedonija-e-bugarska/ Wed, 02 Nov 2022 11:22:14 +0000 https://republika.mk/?p=568727

Лидерот на бугарската парламентарна партија Преродба од собраниската говорница го дефинираше отворањето на македонскиот клуб во Благоевград како обид за провокација.

Во неделата бевме сведоци на обид за провокација – за постоењето на едно непостоечко малцинство во Бугарија, организирано директно или индиректно од нашата соседна земја. Оваа провокација беше спречена од потомците на Никола Вапцаров, изјави Костадинов, пренесува БНТ.

Според него, ова нема да биде единствената ваква провокација:

Пред четири месеци, кога го укинавме ветото предупредивме дека се отвора Пандорината кутија. Во Скопје е потпишан договорсо ЕК – договорот за заедничко обезбедување со „Фронтекс“ е потпишан на таканаречениот македонски јазик кој може да стане официјален во ЕУ. Логиката на ветото е да се решат сите прашања пред почетокот на преговарачкиот процес. Сето тоа ја потврди загриженоста на Преродба, додаде тој.

Ќе настрадаат сите бугарски организации во Македонија, дециден е претседателот на партијата Костадин Костадинов.

Македонија тврди дека носат провокативни имиња. 100 пати повторена лага станува вистина. Книгата за Никола Вапцаров ќе ја претставиме во парламентот каде тој се дефинира како Бугарин. Ќе зборуваме за бугарската историја – во Брисел и Стразбур, за да биде јасно едно: Македонија е бугарска, заклучи тој.

The post Костадинов: Едно да биде јасно – Македонија е бугарска appeared first on Република.

Македонија е бугарска: Бугарскиот европратеник Џамбаски со нови провокации https://republika.mk/vesti/balkan/makedonija-e-bugarska-bugarskiot-evropratenik-dzambaski-so-novi-provokacii/ Sun, 30 Oct 2022 08:53:55 +0000 https://republika.mk/?p=567307

Бугарскиот европратеник Ангел Џамбаски повторно испрати провокации во пресрет на отворањето на македонскиот клуб „Никола Вапцаров“ во Благоевград.

Џамбаски ги повика сите да излезат на протест со цел да се урне „македонизмот мотивиран од србоманите од Скопје“.

Бугарскиот национален интерес мора да биде заштитен затоа секој вистински Бугарин треба в недела да дојде во Благоевград пред споменикот на Георги Николов Делчев. Заедно да ја заштитиме иднината, сегашноста и минатото, напиша Џамбаски, споделувајќи фотографии со транспаренти на кои пишува дека „Македонија е бугарска“.

The post Македонија е бугарска: Бугарскиот европратеник Џамбаски со нови провокации appeared first on Република.

]]>

Бугарскиот европратеник Ангел Џамбаски повторно испрати провокации во пресрет на отворањето на македонскиот клуб „Никола Вапцаров“ во Благоевград. Џамбаски ги повика сите да излезат на протест со цел да се урне „македонизмот мотивиран од србоманите од Скопје“.