Македонија 2025 Archives - Република https://republika.mk/tema/makedonija-2025/ За подобро да се разбереме Fri, 07 Jun 2024 13:14:57 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Македонија 2025 Archives - Република https://republika.mk/tema/makedonija-2025/ 32 32 Поддршка за млади таленти: Пријавете се за стипендија од Фондацијата МК2025! https://republika.mk/zivot/kariera/poddrshka-za-mladi-talenti-prijavete-se-za-stipendija-od-fondatsijata-mk2025/ Fri, 07 Jun 2024 13:14:57 +0000 https://republika.mk/?p=785550

Фондацијата МК2025 го објавува повикот за прием на апликации за стипендии во склоп на Фондот за поддршка на талентирани средношколци „Таленти денес - лидери утре“ за тековната 2024/2025 година.

По успешноста на пилот-проектот за стипендии во 2019/2020 година, Фондацијата МК2025 обезбедува средства за финансиска поддршка на талентирани млади од Македонија. Преку овој фонд, и оваа година ќе стипендираме 10 млади таленти.

Поддршката за секој/а стипендист/ка изнесува 60.000 (шеесет илјади) МКД, исплатени во 10 (десет) еднакви месечни износи на годишно ниво. Стипендиите ќе се доделуваат само за месеците во кои се одвива настава (почнувајќи од септември 2024 до јуни 2025г.).

Критериуми за аплицирање

● Средношколци (од прва до трета година) на редовни студии во државни средни училишта;
● Средношколци со успех над 4.70;
● Добитници на награди или учесници на државни и/или меѓународни натпревари во областа на природни и општествени науки, компјутерско програмирање и останати области; и
● Кандидати-ученици кои доаѓаат од социјално ранливи семејства со вкупен (бруто) финансиски приход во семејството до 800.000 МКД годишно.

Повеќе за програмата, начинот на аплицирање и потребна документација тука.

Апликациите се поднесуваат на Платформата тука. 

Осознајте ги импресиите на нашите поранешни и сегашни стипендисти тука.

Покрај редовната стипендија, Фондот обезбедува менторство и обуки за личен и професионален развој на кандидатите, пракси во истакнати македонски компании, и слични активности/поддршка кои ќе бидат во интерес на професионалениот развој на корисниците. Стипендистите ќе бидат поканети на годишните настани и активности во организација на Фондацијата МК2025.

Фондот за поддршка на талентирани средношколци „Таленти денес - лидери утре“ досега има обезбедено 40 стипендии.

Крајниот рок за испраќање на документите е 25.07.2024 год.

Не ја пропуштајте оваа прилика! Аплицирајте сега и станете дел од нашето семејство на идни лидери!

The post Поддршка за млади таленти: Пријавете се за стипендија од Фондацијата МК2025! appeared first on Република.

]]>

Фондацијата МК2025 го објавува повикот за прием на апликации за стипендии во склоп на Фондот за поддршка на талентирани средношколци „Таленти денес - лидери утре“ за тековната 2024/2025 година. По успешноста на пилот-проектот за стипендии во 2019/2020 година, Фондацијата МК2025 обезбедува средства за финансиска поддршка на талентирани млади од Македонија. Преку овој фонд, и оваа година ќе стипендираме 10 млади таленти. Поддршката за секој/а стипендист/ка изнесува 60.000 (шеесет илјади) МКД, исплатени во 10 (десет) еднакви месечни износи на годишно ниво. Стипендиите ќе се доделуваат само за месеците во кои се одвива настава (почнувајќи од септември 2024 до јуни 2025г.).

Критериуми за аплицирање

● Средношколци (од прва до трета година) на редовни студии во државни средни училишта; ● Средношколци со успех над 4.70; ● Добитници на награди или учесници на државни и/или меѓународни натпревари во областа на природни и општествени науки, компјутерско програмирање и останати области; и ● Кандидати-ученици кои доаѓаат од социјално ранливи семејства со вкупен (бруто) финансиски приход во семејството до 800.000 МКД годишно. Повеќе за програмата, начинот на аплицирање и потребна документација тука. Апликациите се поднесуваат на Платформата тука.  Осознајте ги импресиите на нашите поранешни и сегашни стипендисти тука. Покрај редовната стипендија, Фондот обезбедува менторство и обуки за личен и професионален развој на кандидатите, пракси во истакнати македонски компании, и слични активности/поддршка кои ќе бидат во интерес на професионалениот развој на корисниците. Стипендистите ќе бидат поканети на годишните настани и активности во организација на Фондацијата МК2025. Фондот за поддршка на талентирани средношколци „Таленти денес - лидери утре“ досега има обезбедено 40 стипендии. Крајниот рок за испраќање на документите е 25.07.2024 год. Не ја пропуштајте оваа прилика! Аплицирајте сега и станете дел од нашето семејство на идни лидери!

The post Поддршка за млади таленти: Пријавете се за стипендија од Фондацијата МК2025! appeared first on Република.

]]>
Мицкоски на средба со „Македонија 2025“: Следува забрзан економски развој и подобрување на животниот стандард на граѓаните https://republika.mk/vesti/makedonija/mitskoski-na-sredba-so-makedonija-2025-sleduva-zabrzan-ekonomski-razvoj-i-podobruvane-na-zhivotniot-standard-na-graganite/ Fri, 17 May 2024 15:40:27 +0000 https://republika.mk/?p=779272

Денеска претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, заедно со потпретседателот Гордана Кочоска Димитриеска, членовите на ИК Сања Божиновска и Трајко Славески, меѓународниот секретар Стефан Андоновски и Зоран Ставрески, оствари средба со раководството на Македонија 2025.

На средбата беше потенцирана потребата од забрзан економски развој на Македонија и трансформација на државата, за што претседателот Мицкоски кажа дека е еден од приоритетите на ВМРО-ДПМНЕ како идна влада.

Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ ќе овозможи регулативна предвидливост за компаниите, поволен и ефикасен даночен систем и даночна администрација.

Воедно потенцирано е дека владата ќе работи на целосна дигитализација и на институциите и на услугите.

За да се подобри животниот стандард на граѓаните, потребно е да се подобри бизнис климата, што е еден од главните приоритети на ВМРО-ДПМНЕ.

The post Мицкоски на средба со „Македонија 2025“: Следува забрзан економски развој и подобрување на животниот стандард на граѓаните appeared first on Република.

]]>

Денеска претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, заедно со потпретседателот Гордана Кочоска Димитриеска, членовите на ИК Сања Божиновска и Трајко Славески, меѓународниот секретар Стефан Андоновски и Зоран Ставрески, оствари средба со раководството на Македонија 2025. На средбата беше потенцирана потребата од забрзан економски развој на Македонија и трансформација на државата, за што претседателот Мицкоски кажа дека е еден од приоритетите на ВМРО-ДПМНЕ како идна влада. Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ ќе овозможи регулативна предвидливост за компаниите, поволен и ефикасен даночен систем и даночна администрација. Воедно потенцирано е дека владата ќе работи на целосна дигитализација и на институциите и на услугите. За да се подобри животниот стандард на граѓаните, потребно е да се подобри бизнис климата, што е еден од главните приоритети на ВМРО-ДПМНЕ.

The post Мицкоски на средба со „Македонија 2025“: Следува забрзан економски развој и подобрување на животниот стандард на граѓаните appeared first on Република.

]]>
Втор ден Самит „Македонија 2025“ со панели за справување со корупцијата, странски инвестиции, дигитализација https://republika.mk/vesti/ekonomija/vtor-den-samit-makedonija-2025-so-paneli-za-spravuvane-so-koruptsijata-stranski-investitsii-digitalizatsija/ Thu, 16 May 2024 05:35:41 +0000 https://republika.mk/?p=778541

Тринаесеттото издание на дводневниот Самит Македонија 2025 денеска ќе биде заокружено со панели за справување со корупцијата, за стратегии за привлекување странски инвестиции и за градење прилагодливи синџири за снабдување, за искористување на дигиталните здравствени иновации за подобри медицински услуги во регионот....

Активностите почнуваат со обраќање на амбасадорката на САД во државава Анџела Агелер, по што ќе почне првиот панел насловен „Чувари на интегритетот: Справување со владината корупција за просперитетна иднина“.

Во рамки на Самитот на Македонија2025, Фондацијата „Центар за дигитална трансформација Го Дигитал Скопје“ денеска ќе потпише меморандум за соработка со партнерите кои го поддржуваат Центарот: МАКЕДОНИЈА 2025, Швајцарска програма за зголемување на пазарната вработливост (ИМЕ), Виза Југоисточна Европа и Клириншка куќа-Клириншки интербанкарски системи АД Скопје.

Фондацијата „Центар за дигитална трансформација Го Дигитал Скопје“ е новоформирана фондација која ќе работи на креирање екосистем за дигитална трансформација на македонските микро, мали и средни претпријатиј .

Од организацијата Македонија 2025 на отворањето на Самитот вчера порачаа дека е потребна интензивна и темелна акција во наредниот период со вклучување на сите реурси со оглед на бавниот напредок и заостанувањето на државава на повеќето меѓународни рангирања и извештаи. Истакнаа дека дијаспората подава рака и оти треба да се фокусираме на дигитализацијата, борбата против корупцијата, подобра регулатива и стабилни институции.

Самитот е регионална платформа за размена на искуства, зајакнување на соработката и вмрежување на компаниите од регионот и дијаспората.

The post Втор ден Самит „Македонија 2025“ со панели за справување со корупцијата, странски инвестиции, дигитализација appeared first on Република.

]]>

Тринаесеттото издание на дводневниот Самит Македонија 2025 денеска ќе биде заокружено со панели за справување со корупцијата, за стратегии за привлекување странски инвестиции и за градење прилагодливи синџири за снабдување, за искористување на дигиталните здравствени иновации за подобри медицински услуги во регионот.... Активностите почнуваат со обраќање на амбасадорката на САД во државава Анџела Агелер, по што ќе почне првиот панел насловен „Чувари на интегритетот: Справување со владината корупција за просперитетна иднина“. Во рамки на Самитот на Македонија2025, Фондацијата „Центар за дигитална трансформација Го Дигитал Скопје“ денеска ќе потпише меморандум за соработка со партнерите кои го поддржуваат Центарот: МАКЕДОНИЈА 2025, Швајцарска програма за зголемување на пазарната вработливост (ИМЕ), Виза Југоисточна Европа и Клириншка куќа-Клириншки интербанкарски системи АД Скопје. Фондацијата „Центар за дигитална трансформација Го Дигитал Скопје“ е новоформирана фондација која ќе работи на креирање екосистем за дигитална трансформација на македонските микро, мали и средни претпријатиј . Од организацијата Македонија 2025 на отворањето на Самитот вчера порачаа дека е потребна интензивна и темелна акција во наредниот период со вклучување на сите реурси со оглед на бавниот напредок и заостанувањето на државава на повеќето меѓународни рангирања и извештаи. Истакнаа дека дијаспората подава рака и оти треба да се фокусираме на дигитализацијата, борбата против корупцијата, подобра регулатива и стабилни институции. Самитот е регионална платформа за размена на искуства, зајакнување на соработката и вмрежување на компаниите од регионот и дијаспората.

The post Втор ден Самит „Македонија 2025“ со панели за справување со корупцијата, странски инвестиции, дигитализација appeared first on Република.

]]>
Претседателката Силјановска Давкова се сретна со претставници на „Македонија 2025“ https://republika.mk/vesti/makedonija/pretsedatelkata-siljanovska-davkova-se-sretna-so-pretstavnitsi-na-makedonija-2025/ Wed, 15 May 2024 13:42:47 +0000 https://republika.mk/?p=778395

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска ги прими Никица Мојсоска Блажевски, извршен директор на Македонија 2025, Мајкл Чкламовски, претседател на Одборот на директори и членовите на Одборот, Невенка Димитрова, Џон И. Битов, Мајк Зафировски и Митре Кутановски, по повод одржувањето на 13. Самит Македонија 2025.

На средбата, претставниците на Македонија 2025 упатија честитки за изборот на претседателката Сиљановска Давкова, посакувајќи ѝ успешно извршување на функцијата.

Како што соопшти Кабинетот на Сиљановска Давкова, можноста за поголема координација и подлабока соработка меѓу дијаспората и матичната држава за остварување на националните интереси, дома и во светот, беа меѓу главните теми на разговорот.

Соговорниците ја информираа претседателката Сиљановска Давкова за целите на дводневниот самит, во чиј фокус се стратешкото лидерство во ера на брзи промени и иновации, дигиталната трансформација и поголема регионална соработка како основа за создавање просперитетни економии. Учесниците имаат можност да разменат искуства и за потенцијалите на вештачката интелигенција, дигиталните здравствени иновации, како и за демократските аспекти и слободата на говорот во ера на дигитализација.

-Во таа насока беа нагласени очекувањата од придобивките на годинашниот самит што ќе обедини над 450 учесници и околу 50 експерти од бизнис и научната заедница од повеќе држави, овозможувајќи вмрежување и соработка со потенцијални инвеститори. Претседателката Сиљановска Давкова изрази благодарност за континуираниот придонес на Македонија 2025, чиишто иницијативи, проекти и активности поттикнуваат позитивни процеси во согласност со приоритетите за одржлив раст и развој во земјава, регионот и пошироката глобална заедница. Во тој контекст ја нагласи нејзината заложба за идна плодна соработка со организацијата, наведуваат од Кабинетот на Сиљановска Давкова.

The post Претседателката Силјановска Давкова се сретна со претставници на „Македонија 2025“ appeared first on Република.

]]>

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска ги прими Никица Мојсоска Блажевски, извршен директор на Македонија 2025, Мајкл Чкламовски, претседател на Одборот на директори и членовите на Одборот, Невенка Димитрова, Џон И. Битов, Мајк Зафировски и Митре Кутановски, по повод одржувањето на 13. Самит Македонија 2025. На средбата, претставниците на Македонија 2025 упатија честитки за изборот на претседателката Сиљановска Давкова, посакувајќи ѝ успешно извршување на функцијата. Како што соопшти Кабинетот на Сиљановска Давкова, можноста за поголема координација и подлабока соработка меѓу дијаспората и матичната држава за остварување на националните интереси, дома и во светот, беа меѓу главните теми на разговорот. Соговорниците ја информираа претседателката Сиљановска Давкова за целите на дводневниот самит, во чиј фокус се стратешкото лидерство во ера на брзи промени и иновации, дигиталната трансформација и поголема регионална соработка како основа за создавање просперитетни економии. Учесниците имаат можност да разменат искуства и за потенцијалите на вештачката интелигенција, дигиталните здравствени иновации, како и за демократските аспекти и слободата на говорот во ера на дигитализација. -Во таа насока беа нагласени очекувањата од придобивките на годинашниот самит што ќе обедини над 450 учесници и околу 50 експерти од бизнис и научната заедница од повеќе држави, овозможувајќи вмрежување и соработка со потенцијални инвеститори. Претседателката Сиљановска Давкова изрази благодарност за континуираниот придонес на Македонија 2025, чиишто иницијативи, проекти и активности поттикнуваат позитивни процеси во согласност со приоритетите за одржлив раст и развој во земјава, регионот и пошироката глобална заедница. Во тој контекст ја нагласи нејзината заложба за идна плодна соработка со организацијата, наведуваат од Кабинетот на Сиљановска Давкова.

The post Претседателката Силјановска Давкова се сретна со претставници на „Македонија 2025“ appeared first on Република.

]]>
Македонија 2025: Дијаспората подава рака, да се фокусираме на дигитализација, борба против корупцијата, подобра регулатива и стабилни институции https://republika.mk/vesti/ekonomija/makedonija-2025-dijasporata-podava-raka-da-se-fokusirame-na-digitalizatsija-borba-protiv-koruptsijata-podobra-regulativa-i-stabilni-institutsii/ Wed, 15 May 2024 12:04:06 +0000 https://republika.mk/?p=778354

Постојано подаваме рака, сакаме да и помогнеме на која и да е влада за да го подобриме системот на привлекување инвестиции, и странски, но и од дијаспората. Не сме до сега многу успешни во тоа. Во моментов подаваме рака за две клучни области - дигитализација и конкурентност, конкурентност повеќе во смисла како да ја подобриме регулативата, како да создадеме повеќе извозници, но како да ги промениме и институциите за да бидат по наклонети кон економски развој и сето тоа во насока на постигнување пет отсто стапка на раст, порачаа директорите на Македонија 2025.

Тие денеска, на прес-конференцијата по првиот панел од Самитот во Скопје, истакнаа дека за да има што повеќе инвестиции од дијаспората во земјава, неопходни се стабилни институции, економски можности за инвестирање и искоренување на корупцијата.

Дијаспората, како што беше речено, засега им помага на домашните фирми за да почнат или да реализираат што поголем извоз, но таа помош и поддршка треба подобро да се канализира.

Еден од приоритетите на кои мора да се работи, нагласија директорите, е и брендирање на државата, на тоа како ќе не препознаваат во светот - како бизнис дестинација, дестинација со одлични образовни институции,... Тие повторно укажаа и на потребата од подобар образовен систем и инфраструктура, што ќе овозможи да фатиме економски приклучок со сите останати земји во регионот и пошироко.

Инвестициите од дијаспората или наречени директни инвестиции од дијаспора се нешто што оди заедно „рака под рака“ со странските директни инвестиции и веројатно важат истите услови и за дијаспората и за странците дали ќе инвестираат. Условите се знае кои се, стабилни институции, силни институции, да нема корупција и секако, да има економски можности за инвестирање. Од оние што се присутни на Самитот, членови на Одборот, директори,..., тоа се приватни формации и да, инвестирале во Македонија, имаат свои бизниси тука, но уште поважно е дека работат со домашните бизниси, им го трасираат патот во тоа да работат, извезуваат низ целиот свет, а исто така и преку нашата посебна програма „Контектум мк“ или „Поврзете се со Македонија“ голем дел или 90 лица од дијаспората се вклучени во менторирање и работа со домашни компании токму за да им помогнат како да почнат да извезуваат или да го зголемат својот извоз. Дијаспората навистина многу помага, но мислам дека треба повеќе да се канализира таа поддршка и се надевам дека со градење силни институции, дијаспората уште повеќе ќе се вклучи во економскиот и демократскиот развој на Македонија - изјави извршната директорка на Македонија 2025, Никица Мојсовска Блажевски.

Осврнувајќи се на она што треба да се подобри на институционално и на државно ниво, извршната директорка рече дека некогаш властите имаат слух, а некогаш не.

Ние сме невладина организација, инвестираме доста време, енергија и средства за да ги направиме работите подобро. Меѓутоа, за да имаме поголем импакт навистина морате да соработувате со владата и со владините институции. Ние правиме обука за наставници во основно образование како да предаваат подобро, да ги заинтересираат децата, меѓутоа ќе обучиме 50 или 100 наставници, а сосема е друг импактот ако ги обучиме сите наставници од основно образование во Македонија - објасни Мојсовска Блажевски.

Васко Кроневски, член на Одборот на директори, потенцира дека иновациите и новите технологии се клучниот начин за економски развој, борба против корупцијата и постигнување раст од најмалку пет проценти.

Неопходна е дигитализација на владини услуги за граѓани, на владини услуги за компании, но неопходни се и дигитална писменост за граѓаните и дигитални бизниси. Подготвени сме заедно со владата да им помогнеме на бизнисите да се трансформираат дигитално. Во голема мера постои начин како државата може да помогне. Постојат многу начини како може да се поттикне развојот на малите и средни претпријатија низ дигитализација. Треба сите да работиме на создавање еко систем за дигитализација на малите претпријатија - истакна Кроневски.

Тој смета дека недостасуваат вистински консултанти кои знаат и ја разбираат проблематиката на секоја од индустриите кај малите и средни претпријатија кои би имале дигитални вештини за да можат да изработат стратегии за развој и да им се помогне да тргнат по тој пат.

Ни недостасува и свеснот кај малите и средните претпријатија, кај претприемачите, за придобивките од дигитализацијата и како таа ќе ги направи поконкурентни на странските пазари и поимуни на влијанието на глобализацијата на домашниот пазар. Зголемувањето на дигиталните вештини исто така. Ова се полиња каде може со регулатива, со најразлични поддршки од државата, низ даночни олеснувања и други придобивки да им се помогне на компаниите за тие да ги реинвестираат средствата во оваа област. Тука сме да зборуваме со државата за најразлични програми и се надеваме дека ќе најдеме разбирање за заеднички партнерски однос за имплементација на некои од овие мерки - рече Кроневски.

Живко Мукаетов, член на Одборот на директори, се осврна на создавањето квалитетни кадри и укажа дека мора да се инвестира во нови технологии, знаење и вештини.

 

-Ќе биде многу тешко ако сите ние во својот сегмент на работење не се охрабриме и ако дополнително не внесеме енергија и ресурси, секако, потпомогнати со клима добра за раст и развој. Ако секој во својот дел на делување даде екстра ангажман, а убеден сум дека имаме и ресурси и знаење, ќе можеме да одиме напред и да го следиме приклучокот. Ни треба комбинација од она што ние го даваме и од она што се нови технологии, како и добра, мотивирачка климаза работа, со конкретна поддршка на одредени програми за да може да ги подбутнеме работите, оцени Мукаетов.

Директорите на Македонија 2025 најавија состаноци со повеќе владини институции и со идниот мандатар на владата Христијан Мицкоски и неговиот тим. Мицкоски утре, како што е предвидено, треба да го затвори дводневниот Самит.

-Ќе подадеме рака за поддршка и помош во било каква и да е форма - човечки ресурси, знаење, контакти, финансиски средства, навистина сме спремни. Неколку пати упативме пораки дека ова е еден пресврт или може да биде и треба да биде пресврт во нашата економија и развој и дека ние сме спремни тука да одиграме многу конструктивна улога, заклучи извршната директорка на Македонија 2025, Никица Мојсовска Блажевски.

The post Македонија 2025: Дијаспората подава рака, да се фокусираме на дигитализација, борба против корупцијата, подобра регулатива и стабилни институции appeared first on Република.

]]>

Постојано подаваме рака, сакаме да и помогнеме на која и да е влада за да го подобриме системот на привлекување инвестиции, и странски, но и од дијаспората. Не сме до сега многу успешни во тоа. Во моментов подаваме рака за две клучни области - дигитализација и конкурентност, конкурентност повеќе во смисла како да ја подобриме регулативата, како да создадеме повеќе извозници, но како да ги промениме и институциите за да бидат по наклонети кон економски развој и сето тоа во насока на постигнување пет отсто стапка на раст, порачаа директорите на Македонија 2025. Тие денеска, на прес-конференцијата по првиот панел од Самитот во Скопје, истакнаа дека за да има што повеќе инвестиции од дијаспората во земјава, неопходни се стабилни институции, економски можности за инвестирање и искоренување на корупцијата. Дијаспората, како што беше речено, засега им помага на домашните фирми за да почнат или да реализираат што поголем извоз, но таа помош и поддршка треба подобро да се канализира. Еден од приоритетите на кои мора да се работи, нагласија директорите, е и брендирање на државата, на тоа како ќе не препознаваат во светот - како бизнис дестинација, дестинација со одлични образовни институции,... Тие повторно укажаа и на потребата од подобар образовен систем и инфраструктура, што ќе овозможи да фатиме економски приклучок со сите останати земји во регионот и пошироко.
Инвестициите од дијаспората или наречени директни инвестиции од дијаспора се нешто што оди заедно „рака под рака“ со странските директни инвестиции и веројатно важат истите услови и за дијаспората и за странците дали ќе инвестираат. Условите се знае кои се, стабилни институции, силни институции, да нема корупција и секако, да има економски можности за инвестирање. Од оние што се присутни на Самитот, членови на Одборот, директори,..., тоа се приватни формации и да, инвестирале во Македонија, имаат свои бизниси тука, но уште поважно е дека работат со домашните бизниси, им го трасираат патот во тоа да работат, извезуваат низ целиот свет, а исто така и преку нашата посебна програма „Контектум мк“ или „Поврзете се со Македонија“ голем дел или 90 лица од дијаспората се вклучени во менторирање и работа со домашни компании токму за да им помогнат како да почнат да извезуваат или да го зголемат својот извоз. Дијаспората навистина многу помага, но мислам дека треба повеќе да се канализира таа поддршка и се надевам дека со градење силни институции, дијаспората уште повеќе ќе се вклучи во економскиот и демократскиот развој на Македонија - изјави извршната директорка на Македонија 2025, Никица Мојсовска Блажевски.
Осврнувајќи се на она што треба да се подобри на институционално и на државно ниво, извршната директорка рече дека некогаш властите имаат слух, а некогаш не.
Ние сме невладина организација, инвестираме доста време, енергија и средства за да ги направиме работите подобро. Меѓутоа, за да имаме поголем импакт навистина морате да соработувате со владата и со владините институции. Ние правиме обука за наставници во основно образование како да предаваат подобро, да ги заинтересираат децата, меѓутоа ќе обучиме 50 или 100 наставници, а сосема е друг импактот ако ги обучиме сите наставници од основно образование во Македонија - објасни Мојсовска Блажевски.
Васко Кроневски, член на Одборот на директори, потенцира дека иновациите и новите технологии се клучниот начин за економски развој, борба против корупцијата и постигнување раст од најмалку пет проценти.
Неопходна е дигитализација на владини услуги за граѓани, на владини услуги за компании, но неопходни се и дигитална писменост за граѓаните и дигитални бизниси. Подготвени сме заедно со владата да им помогнеме на бизнисите да се трансформираат дигитално. Во голема мера постои начин како државата може да помогне. Постојат многу начини како може да се поттикне развојот на малите и средни претпријатија низ дигитализација. Треба сите да работиме на создавање еко систем за дигитализација на малите претпријатија - истакна Кроневски.
Тој смета дека недостасуваат вистински консултанти кои знаат и ја разбираат проблематиката на секоја од индустриите кај малите и средни претпријатија кои би имале дигитални вештини за да можат да изработат стратегии за развој и да им се помогне да тргнат по тој пат.
Ни недостасува и свеснот кај малите и средните претпријатија, кај претприемачите, за придобивките од дигитализацијата и како таа ќе ги направи поконкурентни на странските пазари и поимуни на влијанието на глобализацијата на домашниот пазар. Зголемувањето на дигиталните вештини исто така. Ова се полиња каде може со регулатива, со најразлични поддршки од државата, низ даночни олеснувања и други придобивки да им се помогне на компаниите за тие да ги реинвестираат средствата во оваа област. Тука сме да зборуваме со државата за најразлични програми и се надеваме дека ќе најдеме разбирање за заеднички партнерски однос за имплементација на некои од овие мерки - рече Кроневски.
Живко Мукаетов, член на Одборот на директори, се осврна на создавањето квалитетни кадри и укажа дека мора да се инвестира во нови технологии, знаење и вештини.   -Ќе биде многу тешко ако сите ние во својот сегмент на работење не се охрабриме и ако дополнително не внесеме енергија и ресурси, секако, потпомогнати со клима добра за раст и развој. Ако секој во својот дел на делување даде екстра ангажман, а убеден сум дека имаме и ресурси и знаење, ќе можеме да одиме напред и да го следиме приклучокот. Ни треба комбинација од она што ние го даваме и од она што се нови технологии, како и добра, мотивирачка климаза работа, со конкретна поддршка на одредени програми за да може да ги подбутнеме работите, оцени Мукаетов. Директорите на Македонија 2025 најавија состаноци со повеќе владини институции и со идниот мандатар на владата Христијан Мицкоски и неговиот тим. Мицкоски утре, како што е предвидено, треба да го затвори дводневниот Самит. -Ќе подадеме рака за поддршка и помош во било каква и да е форма - човечки ресурси, знаење, контакти, финансиски средства, навистина сме спремни. Неколку пати упативме пораки дека ова е еден пресврт или може да биде и треба да биде пресврт во нашата економија и развој и дека ние сме спремни тука да одиграме многу конструктивна улога, заклучи извршната директорка на Македонија 2025, Никица Мојсовска Блажевски.

The post Македонија 2025: Дијаспората подава рака, да се фокусираме на дигитализација, борба против корупцијата, подобра регулатива и стабилни институции appeared first on Република.

]]>
Самит Македонија 2025: Повик за мобилизирање на сите ресурси за економски развој https://republika.mk/vesti/ekonomija/samit-makedonija-2025-povik-za-mobilizirane-na-site-resursi-za-ekonomski-razvoj/ Wed, 15 May 2024 08:25:13 +0000 https://republika.mk/?p=778184

Потребна е интензивна и темелна акција во наредниот период. Напредокот е бавен и недоволен за да ги постигнеме нашите цели и неопходни се силни и решителни активности, порача на отворањето на 13. Самит „Македонија 2025“, Никица Мојсовска Блажевски, извршен директор на Македонија 2025.

На повеќето меѓународни рангирања и извештаи, посочи, државава заостанува и зад земјите во регионот и зад аспиративните врсници. Предизвиците за Македонија покрај ниското ниво на економски развој се и големите геополитички промени кои влијаат на малите економии, како и големиот одлив на мозоци.

Се чини дека нови линии на поделба континуирано се развиваат во земјата. Нискиот животен стандард и нискиот квалитет на живот дополнително ја влошуваат поделбата што доведува до битка за тоа кој ќе го зграби поголемиот дел од јавниот колач – јавни вработувања, тендери, злоупотреба на јавните ресурси итн. Етничката поделба е силна и се чини дека навлегува во секоја суштинска дискусија и јавна дебата. Долгата транзиција и отсуството на значаен напредок ги попречуваат нашите погледи кон реалноста и нашата способност да размислуваме долгорочно. Сегашните геополитички случувања дополнително наметнуваат сложеност и неизвесност на целокупното окружување и на расположивиот простор за реформи. Сето ова како и бавниот напредок во приближувањето кон животниот стандард на ЕУ нешто што е цел на секој еден граѓани во оваа држава повикува на интензивна и темелна акција во наредниот период - рече Мојсовска Блажевски.

Се осврна на изборните резултати на последните парламентарни и претседателски избори кои како што рече, дадоа силна поддршка за нова политилка опција и нова програма и идеологија.

Меѓутоа, свесни се дека предизвиците на патот се многу многу големи, потенцираше извршната директорка на „Македонија 2025“.

Го повтори повикот на „Македонија 2025“ за здружување на сите на патот до просперитет преку платформата „Една визија за збрзан раст“.

Фундаментите на оваа визија се: нулта толеранција за корупција, континуиран раст на БДП над пет проценти, преку зголемени инвестиции во образование, деловни и регулаторни реформи, поддршка на извозот и намалување на сивата економија, квалитена и ефикасна јавна администрација и пристапување во Европската унија. Апелираме и ги повикуваме политички партии, бизнис заедницата, академската јавност и сите граѓани да ги здружиме напорите и ресурсите за создавање подобра иднина. Мора да ги мобилизираме сите наши ресурси денес за да ја обликуваме нашата иднина - рече Мојсовска Блажевски.

Најави дека „Македонија 2025 ќе ја активира целата своја мрежа и ресурси за да ги поддржи овие принципи кои се фундаментални за забрзан раст.

Во тек на Самитот ќе се одржат 12 панели со над 50 говорници кои ќе говорат пред 500 гости.

Идејата на основачите на „Македонија 2025“ е се поддржи развојот на Македонија со тоа што земјата до 2025 година би станала развиена земја, членка на евроатлантските интеграции, односно на НАТО и ЕУ.

Организацијата „Македонија 2025“ минатата година спровела 40 програми во кои биле вклучени над 1500 лица, средношколци, студенти, менаџери, компании. Од основањето на организацијата досега се спроведени програми за поддршка на економскиот развој во вредност од четири милиони долари.

The post Самит Македонија 2025: Повик за мобилизирање на сите ресурси за економски развој appeared first on Република.

]]>

Потребна е интензивна и темелна акција во наредниот период. Напредокот е бавен и недоволен за да ги постигнеме нашите цели и неопходни се силни и решителни активности, порача на отворањето на 13. Самит „Македонија 2025“, Никица Мојсовска Блажевски, извршен директор на Македонија 2025. На повеќето меѓународни рангирања и извештаи, посочи, државава заостанува и зад земјите во регионот и зад аспиративните врсници. Предизвиците за Македонија покрај ниското ниво на економски развој се и големите геополитички промени кои влијаат на малите економии, како и големиот одлив на мозоци.
Се чини дека нови линии на поделба континуирано се развиваат во земјата. Нискиот животен стандард и нискиот квалитет на живот дополнително ја влошуваат поделбата што доведува до битка за тоа кој ќе го зграби поголемиот дел од јавниот колач – јавни вработувања, тендери, злоупотреба на јавните ресурси итн. Етничката поделба е силна и се чини дека навлегува во секоја суштинска дискусија и јавна дебата. Долгата транзиција и отсуството на значаен напредок ги попречуваат нашите погледи кон реалноста и нашата способност да размислуваме долгорочно. Сегашните геополитички случувања дополнително наметнуваат сложеност и неизвесност на целокупното окружување и на расположивиот простор за реформи. Сето ова како и бавниот напредок во приближувањето кон животниот стандард на ЕУ нешто што е цел на секој еден граѓани во оваа држава повикува на интензивна и темелна акција во наредниот период - рече Мојсовска Блажевски.
Се осврна на изборните резултати на последните парламентарни и претседателски избори кои како што рече, дадоа силна поддршка за нова политилка опција и нова програма и идеологија. Меѓутоа, свесни се дека предизвиците на патот се многу многу големи, потенцираше извршната директорка на „Македонија 2025“. Го повтори повикот на „Македонија 2025“ за здружување на сите на патот до просперитет преку платформата „Една визија за збрзан раст“.
Фундаментите на оваа визија се: нулта толеранција за корупција, континуиран раст на БДП над пет проценти, преку зголемени инвестиции во образование, деловни и регулаторни реформи, поддршка на извозот и намалување на сивата економија, квалитена и ефикасна јавна администрација и пристапување во Европската унија. Апелираме и ги повикуваме политички партии, бизнис заедницата, академската јавност и сите граѓани да ги здружиме напорите и ресурсите за создавање подобра иднина. Мора да ги мобилизираме сите наши ресурси денес за да ја обликуваме нашата иднина - рече Мојсовска Блажевски.
Најави дека „Македонија 2025 ќе ја активира целата своја мрежа и ресурси за да ги поддржи овие принципи кои се фундаментални за забрзан раст. Во тек на Самитот ќе се одржат 12 панели со над 50 говорници кои ќе говорат пред 500 гости. Идејата на основачите на „Македонија 2025“ е се поддржи развојот на Македонија со тоа што земјата до 2025 година би станала развиена земја, членка на евроатлантските интеграции, односно на НАТО и ЕУ. Организацијата „Македонија 2025“ минатата година спровела 40 програми во кои биле вклучени над 1500 лица, средношколци, студенти, менаџери, компании. Од основањето на организацијата досега се спроведени програми за поддршка на економскиот развој во вредност од четири милиони долари.

The post Самит Македонија 2025: Повик за мобилизирање на сите ресурси за економски развој appeared first on Република.

]]>
Почнува 13. Самит „Македонија 2025“ https://republika.mk/vesti/ekonomija/pochnuva-13-samit-makedonija-2025/ Wed, 15 May 2024 05:46:52 +0000 https://republika.mk/?p=778107

Стратешко лидерство во ера на брзи промени и иновации, дигитална трансформација и поголема регионална соработка како основа за создавање на просперитетни економии, се темите во фокусот на годинешното дводневно издание на Самитот Македонија 2025, кој ќе се одржува од денеска во Скопје, во организација на меѓународната невладина организација „Македонија 2025“.

Најавени се над 450 учесници и над 50 експерти од бизнис и научната заедница од повеќе држави.

Покрај промените што ги носи дигиталната трансформација во општествата и во водењето на бизнисите, на Самитот ќе се дискутира и за моќта и потенцијалите на вештачката интелигенција и искористување на дигиталните здравствени иновации за унапредување на медицинските услуги во Југоисточна Европа. Демократијата, слободата на говорот во ера на дигитализација исто така ќе бидат дел од темите на Самитот Македонија 2025, како и многу други теми поврзани со бизнис моделите и стратегиите за брз и успешна трансформација.

Организаторот најави дека на отворањето на Самитот Македонија 2025 ќе се обратат и претседателката на државата Гордана Силјановска Давкова, Никица Мојсовска Блажевски, извршен директор на Македонија 2025 и Мајкл Чкламовски претседател на Одборот на директори на организацијата. На затворањето на Самитот Македонија 2025, соопштија организаторите, ќе се обрати претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицковски, кој се очекува да биде и иден мандатар за составување на новата Влада.

Главна цел на Самитот Македонија 2025 е поврзување и споделување на знаења и искуства помеѓу професионалците од различни земји и области, во функција на раст. Ќе има можност за вмрежување и остварување на нови партнерства и соработка со потенцијални инвеститори.

Ќе порачаме дека ние како организација сме спремни и отворени за поддршка на новата влада за постигнување на повисоки стапки на раст од 5 или 6 проценти и за начинот како да дојдеме до тоа, изјави извршната директорка Мојсовска Блажевски.

Во пресрет на Самитот, „Македонија 2025“ организираше предавања на високообразовни институции, работилници во коморите и во компаниите со совети како да растат бизнисите, како и средби со државни институции во областа на дигтализацијата, економијата и привлекување на инвестиции, како и со политичките партии.

The post Почнува 13. Самит „Македонија 2025“ appeared first on Република.

]]>

Стратешко лидерство во ера на брзи промени и иновации, дигитална трансформација и поголема регионална соработка како основа за создавање на просперитетни економии, се темите во фокусот на годинешното дводневно издание на Самитот Македонија 2025, кој ќе се одржува од денеска во Скопје, во организација на меѓународната невладина организација „Македонија 2025“. Најавени се над 450 учесници и над 50 експерти од бизнис и научната заедница од повеќе држави. Покрај промените што ги носи дигиталната трансформација во општествата и во водењето на бизнисите, на Самитот ќе се дискутира и за моќта и потенцијалите на вештачката интелигенција и искористување на дигиталните здравствени иновации за унапредување на медицинските услуги во Југоисточна Европа. Демократијата, слободата на говорот во ера на дигитализација исто така ќе бидат дел од темите на Самитот Македонија 2025, како и многу други теми поврзани со бизнис моделите и стратегиите за брз и успешна трансформација. Организаторот најави дека на отворањето на Самитот Македонија 2025 ќе се обратат и претседателката на државата Гордана Силјановска Давкова, Никица Мојсовска Блажевски, извршен директор на Македонија 2025 и Мајкл Чкламовски претседател на Одборот на директори на организацијата. На затворањето на Самитот Македонија 2025, соопштија организаторите, ќе се обрати претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицковски, кој се очекува да биде и иден мандатар за составување на новата Влада. Главна цел на Самитот Македонија 2025 е поврзување и споделување на знаења и искуства помеѓу професионалците од различни земји и области, во функција на раст. Ќе има можност за вмрежување и остварување на нови партнерства и соработка со потенцијални инвеститори.
Ќе порачаме дека ние како организација сме спремни и отворени за поддршка на новата влада за постигнување на повисоки стапки на раст од 5 или 6 проценти и за начинот како да дојдеме до тоа, изјави извршната директорка Мојсовска Блажевски.
Во пресрет на Самитот, „Македонија 2025“ организираше предавања на високообразовни институции, работилници во коморите и во компаниите со совети како да растат бизнисите, како и средби со државни институции во областа на дигтализацијата, економијата и привлекување на инвестиции, како и со политичките партии.

The post Почнува 13. Самит „Македонија 2025“ appeared first on Република.

]]>
Македонија2025: Владата и парламентот да го отфрлат францускиот предлог https://republika.mk/vesti/makedonija/makedonija2025-vladata-i-parlamentot-da-go-otfrlat-francuskiot-predlog/ Fri, 15 Jul 2022 13:29:47 +0000 https://republika.mk/?p=529369

Македонија е дел од Европа, ги споделува нејзините граѓански вредности и придонесува за нејзиниот просперитет. Македонија2025 силно ја поддржува целта на Македонија за влез во ЕУ. Сепак, од нашата земја уште еднаш се бара да направи невидени отстапки за да ги задоволи едностраните барања на соседот, земја-членка на ЕУ која го користи принципот на консензус на ЕУ за да ја игнорира желбата на сите други членки, како и на Европската комисија, Македонија да започне со пристапните преговори.

Македонија2025 цврсто верува дека Владата и Парламентот треба да го отфрлат францускиот предлог од следниве причини:
Народот на Република Македонија, вклучително и дел од пратениците, не ја виде целосната содржина на предлогот. Недостатокот на транспарентност, неможноста за правилно и разумно размислување, очигледното отсуство на евалуација и должно внимание се многу проблематични. Можеби најзначајно, наводните вклучувања на отстапки кои резултираат со деградација на најосновните човекови права, вклучително
и правото на јазик, историја и идентитет, сите укажуваат на фактот дека гласањето за францускиот предлог би било несовесно.
Предлогот, како што го разбираме, не носи никаква опиплива корист за земјата; Бугарското прифаќање на предлогот, не ја спречува Бугарија да го блокира почетокот на преговорите или да го попречи пристапот на Македонија.
Со тоа што ќе се согласи на отстапките во Францускиот предлог, Македонија ќе испрати силен сигнал до Европската Унија и до светот дека лесно подлегнуваме кон континуираните прекршувања на нашето право на самоопределување.
Несоодветно е билатералниот спор за јазикот и идентитетот да се меша со размислувања поврзани со преговорите за пристапување во ЕУ, особено кога овие прашања никогаш не биле формално покренати од страна на Комисијата како главен приоритет што треба да се реши пред почетокот на преговорите.
Идентитетските прашања не смеат да бидат предуслов за преговори.

Ја повикуваме меѓународната заедница да го почитува нашето право да постоиме како Македонци, да
го почитува нашето право да го негуваме нашиот јазик и да ја славиме историјата на
нашата нација.
Културата никогаш не била проблем за другите нации кога сакале да се приклучат на ЕУ. Повикуваме на единство меѓу сите главни политички чинители за ова прашање, вклучително и единство во македонското општество: академската заедница, граѓанското општество, бизнисот и граѓаните. Мора да го зачуваме нашето достоинство и почит кон нашиот народ и земја. Не треба да ги напуштаме нашите основни принципи
под силен притисок на Бугарија, Франција или Европската комисија. Земјата постојано ја демонстрираше својата желба и посветеност за влез во ЕУ. Меѓутоа, прифаќањето на францускиот предлог без обелоденување на неговата содржина едноставно не е прифатлив избор. Во официјалното објавување на овој став, ние во Македонија2025 го имавме предвид сето тоа што го бараат дозволуваат околностите, и ги одмеривме
значајните негативни долгорочни импликации за земјата, нашиот народ и најважно, младите наспроти ветените придобивки од согласноста за францускиот предлог, велат од Макеоднија 2025.

Македонија2025 е непрофитна, неполитичка организација со примарен фокус на економски и лидерски развој, која соработува со бизнис секторот, владата и академијата, со цел генерирање можности и градење капацитети за економски раст, на тој начин помагајќи во градењето на посилна нација.

The post Македонија2025: Владата и парламентот да го отфрлат францускиот предлог appeared first on Република.

]]>

Македонија е дел од Европа, ги споделува нејзините граѓански вредности и придонесува за нејзиниот просперитет. Македонија2025 силно ја поддржува целта на Македонија за влез во ЕУ. Сепак, од нашата земја уште еднаш се бара да направи невидени отстапки за да ги задоволи едностраните барања на соседот, земја-членка на ЕУ која го користи принципот на консензус на ЕУ за да ја игнорира желбата на сите други членки, како и на Европската комисија, Македонија да започне со пристапните преговори. Македонија2025 цврсто верува дека Владата и Парламентот треба да го отфрлат францускиот предлог од следниве причини: Народот на Република Македонија, вклучително и дел од пратениците, не ја виде целосната содржина на предлогот. Недостатокот на транспарентност, неможноста за правилно и разумно размислување, очигледното отсуство на евалуација и должно внимание се многу проблематични. Можеби најзначајно, наводните вклучувања на отстапки кои резултираат со деградација на најосновните човекови права, вклучително и правото на јазик, историја и идентитет, сите укажуваат на фактот дека гласањето за францускиот предлог би било несовесно. Предлогот, како што го разбираме, не носи никаква опиплива корист за земјата; Бугарското прифаќање на предлогот, не ја спречува Бугарија да го блокира почетокот на преговорите или да го попречи пристапот на Македонија. Со тоа што ќе се согласи на отстапките во Францускиот предлог, Македонија ќе испрати силен сигнал до Европската Унија и до светот дека лесно подлегнуваме кон континуираните прекршувања на нашето право на самоопределување. Несоодветно е билатералниот спор за јазикот и идентитетот да се меша со размислувања поврзани со преговорите за пристапување во ЕУ, особено кога овие прашања никогаш не биле формално покренати од страна на Комисијата како главен приоритет што треба да се реши пред почетокот на преговорите. Идентитетските прашања не смеат да бидат предуслов за преговори. Ја повикуваме меѓународната заедница да го почитува нашето право да постоиме како Македонци, да го почитува нашето право да го негуваме нашиот јазик и да ја славиме историјата на нашата нација. Културата никогаш не била проблем за другите нации кога сакале да се приклучат на ЕУ. Повикуваме на единство меѓу сите главни политички чинители за ова прашање, вклучително и единство во македонското општество: академската заедница, граѓанското општество, бизнисот и граѓаните. Мора да го зачуваме нашето достоинство и почит кон нашиот народ и земја. Не треба да ги напуштаме нашите основни принципи под силен притисок на Бугарија, Франција или Европската комисија. Земјата постојано ја демонстрираше својата желба и посветеност за влез во ЕУ. Меѓутоа, прифаќањето на францускиот предлог без обелоденување на неговата содржина едноставно не е прифатлив избор. Во официјалното објавување на овој став, ние во Македонија2025 го имавме предвид сето тоа што го бараат дозволуваат околностите, и ги одмеривме значајните негативни долгорочни импликации за земјата, нашиот народ и најважно, младите наспроти ветените придобивки од согласноста за францускиот предлог, велат од Макеоднија 2025. Македонија2025 е непрофитна, неполитичка организација со примарен фокус на економски и лидерски развој, која соработува со бизнис секторот, владата и академијата, со цел генерирање можности и градење капацитети за економски раст, на тој начин помагајќи во градењето на посилна нација.

The post Македонија2025: Владата и парламентот да го отфрлат францускиот предлог appeared first on Република.

]]>
Почна Самитот „Македонија 2025“ https://republika.mk/vesti/makedonija/pochna-samitot-makedonija-2025/ Wed, 18 May 2022 08:58:25 +0000 https://republika.mk/?p=503719

Во Скопје почна Самитот што го организира „Македонија 2025“ на кој присуствуваат креатори на политики, лидери на компании, претставници на дипломатскиот кор, меѓународни организации, академската и граѓанската заедница.

Фокусот на годинашниот самит е ставен на она што може да се направи за да се избегнат кризите и да се подобри животниот стандард на граѓаните и деловното опкружување за бизнисите. Ќе се разговара за дигитализацијата, развојот на технологијата, важноста на лидерството, градењето на глобални брендови, дигиталните општества, работните места и човечкиот капитал, како и „блок-чеин“ технологиите.

На самитот присуствуваат премиерот Димитар Ковачевски и српската премиерка Ана Брнабиќ кои ќе се обратат на првиот панел.

Извршната директорка на „Македонија 2025“ Никица Мојсовска-Блажевски, осврнувајќи се на работата на „Македонија 2025“, рече дека со низата програми што ги реализираат, организацијата помага во создавањето на силни успешни компании и им помага на младите да станат успешни.

Џон Битов, еден од основачите на „Македонија 2025“ рече дека 2022 година е предизвиувачки тешка година не само за Македонија, туку и за сите останатите држави, но оти сите во државава треба да се обединиме околу платформата за просперитетна Македонија.

The post Почна Самитот „Македонија 2025“ appeared first on Република.

]]>

Во Скопје почна Самитот што го организира „Македонија 2025“ на кој присуствуваат креатори на политики, лидери на компании, претставници на дипломатскиот кор, меѓународни организации, академската и граѓанската заедница. Фокусот на годинашниот самит е ставен на она што може да се направи за да се избегнат кризите и да се подобри животниот стандард на граѓаните и деловното опкружување за бизнисите. Ќе се разговара за дигитализацијата, развојот на технологијата, важноста на лидерството, градењето на глобални брендови, дигиталните општества, работните места и човечкиот капитал, како и „блок-чеин“ технологиите. На самитот присуствуваат премиерот Димитар Ковачевски и српската премиерка Ана Брнабиќ кои ќе се обратат на првиот панел. Извршната директорка на „Македонија 2025“ Никица Мојсовска-Блажевски, осврнувајќи се на работата на „Македонија 2025“, рече дека со низата програми што ги реализираат, организацијата помага во создавањето на силни успешни компании и им помага на младите да станат успешни. Џон Битов, еден од основачите на „Македонија 2025“ рече дека 2022 година е предизвиувачки тешка година не само за Македонија, туку и за сите останатите држави, но оти сите во државава треба да се обединиме околу платформата за просперитетна Македонија.

The post Почна Самитот „Македонија 2025“ appeared first on Република.

]]>