Македонци Archives - Република https://republika.mk/tema/makedonci/ За подобро да се разбереме Sun, 27 Oct 2024 18:56:44 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Македонци Archives - Република https://republika.mk/tema/makedonci/ 32 32 Посиромашните Македонци би се откажале од храна за да купат цигари https://republika.mk/vesti/makedonija/posiromashnite-makedontsi-bi-se-otkazhale-od-hrana-za-da-kupat-tsigari/ Sun, 27 Oct 2024 19:12:37 +0000 https://republika.mk/?p=831465

Македонците се убедливо најголеми потрошувачи на цигари во регионот и во топ 10 во светот. Дури 46% од возрасните се пушачи на цигари, притоа не сметајќи ги електронските цигари и другите тутунски производи.

За споредба, во Европската Унија пушачи се 18,4%, а во светот 17% од населението. Речиси секој втор пушач во Македонија троши повеќе од една кутија цигари дневно. Од година в година возраста на која младите почнуваат да пушат драстично се намалува. Просекот во Македонија е 13 и пол години, анализира Алфа.

Истражувањето на тинк-тенкот Аналитика покажува дека пушењето може да доведе до 39 илјади смртни случаи во следните 40 години. И покрај застрашувачките бројки, анализата покажала дека Македонците немаат намера да се откажат од пушењето. Богатите истовремено конзумирале и повеќе алкохол, оние од средна класа заради пушењето не трошат на образование, додека посиромашните попрво би избрале цигара, отколку да си купат нешто за јадење. Дури 13% од платата ја трошат на тутунски производи.

Кај посиромашните домаќинства, трошоците кои се направени за набавка на цигари влијаат да се исфрлат трошоците поврзани со набавка на храна, млеко и млечни производи. Фамилиите имаат значајно нарушување на нивниот животен стандард затоа што имаат издатоци за цигари“, вели Кристијан Кожески – Економски Факултет при УКИМ зa Алфа.

Истражувачите препорачуваат властите да ги едуцираат граѓаните за штетните ефекти на цигарите врз здравјето на луѓето, но и врз нивниот семеен буџет. Дополнително, зголемувањето на акцизата за 16% годишно треба да доведе до натамошно поскапување на цигарите за околу 13% во 2025 и 2026 година, а со тоа и до откажување од пушење на дел од луѓето и намалување на трошоците за здравствени услуги. Покачувањето на акцизата би значело и плус 30 милиони евра во државниот буџет годишно.

Конкретно за Македонија имавме пример ако се зголеми акцизата за 15 проценти некаде за 10 отсто ќе се зголемат приходите од акциза во тој дел од буџетот. Она што сите симулациски модели го покажаа е тоа дека со зголемувањето на акцизата за цигарите дефинитивно доаѓа да кажам еве на англиски до win win стратегија, дека ќе дојде до зголемување на приходите во буџетот од една страна, а од друга страна намалување на потрошувачката на цигари, што е една важна цел во споредба со она краткорочно полнење на буџетот. Од здравствен аспект доаѓа до намалување на преваленцата го видовме тоа од податоците за Македонија некаде 1 до 2 проценти, рече Мирјана Чизмовиќ од Институт за социо-економски анализи, Универзитет Медитеран, Црна Гора.

Македонците пушат најевтини цигари во Западен Балкан, односно кутија просечно чинела 2,4 евра лани. На акциза отпаѓаат 1,12 евра. Во Македонија акцизата изнесува 56 евра на илјада цигари, што е значително под правилата во ЕУ за 90 евра. Дополнително, Унијата ќе го разгледува и предлогот акцизата да се зголеми и до 200 евра за 1000 цигари, што значително ќе ги поскапе цигарите.

The post Посиромашните Македонци би се откажале од храна за да купат цигари appeared first on Република.

]]>

Македонците се убедливо најголеми потрошувачи на цигари во регионот и во топ 10 во светот. Дури 46% од возрасните се пушачи на цигари, притоа не сметајќи ги електронските цигари и другите тутунски производи. За споредба, во Европската Унија пушачи се 18,4%, а во светот 17% од населението. Речиси секој втор пушач во Македонија троши повеќе од една кутија цигари дневно. Од година в година возраста на која младите почнуваат да пушат драстично се намалува. Просекот во Македонија е 13 и пол години, анализира Алфа. Истражувањето на тинк-тенкот Аналитика покажува дека пушењето може да доведе до 39 илјади смртни случаи во следните 40 години. И покрај застрашувачките бројки, анализата покажала дека Македонците немаат намера да се откажат од пушењето. Богатите истовремено конзумирале и повеќе алкохол, оние од средна класа заради пушењето не трошат на образование, додека посиромашните попрво би избрале цигара, отколку да си купат нешто за јадење. Дури 13% од платата ја трошат на тутунски производи.
Кај посиромашните домаќинства, трошоците кои се направени за набавка на цигари влијаат да се исфрлат трошоците поврзани со набавка на храна, млеко и млечни производи. Фамилиите имаат значајно нарушување на нивниот животен стандард затоа што имаат издатоци за цигари“, вели Кристијан Кожески – Економски Факултет при УКИМ зa Алфа.
Истражувачите препорачуваат властите да ги едуцираат граѓаните за штетните ефекти на цигарите врз здравјето на луѓето, но и врз нивниот семеен буџет. Дополнително, зголемувањето на акцизата за 16% годишно треба да доведе до натамошно поскапување на цигарите за околу 13% во 2025 и 2026 година, а со тоа и до откажување од пушење на дел од луѓето и намалување на трошоците за здравствени услуги. Покачувањето на акцизата би значело и плус 30 милиони евра во државниот буџет годишно.
Конкретно за Македонија имавме пример ако се зголеми акцизата за 15 проценти некаде за 10 отсто ќе се зголемат приходите од акциза во тој дел од буџетот. Она што сите симулациски модели го покажаа е тоа дека со зголемувањето на акцизата за цигарите дефинитивно доаѓа да кажам еве на англиски до win win стратегија, дека ќе дојде до зголемување на приходите во буџетот од една страна, а од друга страна намалување на потрошувачката на цигари, што е една важна цел во споредба со она краткорочно полнење на буџетот. Од здравствен аспект доаѓа до намалување на преваленцата го видовме тоа од податоците за Македонија некаде 1 до 2 проценти, рече Мирјана Чизмовиќ од Институт за социо-економски анализи, Универзитет Медитеран, Црна Гора.
Македонците пушат најевтини цигари во Западен Балкан, односно кутија просечно чинела 2,4 евра лани. На акциза отпаѓаат 1,12 евра. Во Македонија акцизата изнесува 56 евра на илјада цигари, што е значително под правилата во ЕУ за 90 евра. Дополнително, Унијата ќе го разгледува и предлогот акцизата да се зголеми и до 200 евра за 1000 цигари, што значително ќе ги поскапе цигарите.

The post Посиромашните Македонци би се откажале од храна за да купат цигари appeared first on Република.

]]>
ВИДЕО: Еве како Македонците во Пиринска Македонија преку ноќ станаа Бугари! https://republika.mk/vesti/makedonija/video-eve-kako-makedontsite-vo-pirinska-makedonija-preku-nok-stanaa-bugari/ Fri, 25 Oct 2024 20:32:04 +0000 https://republika.mk/?p=831087

Бугарската национална телевизија објави прилог посветен на селото Боровичане во општина Петрич кое е на неколку километри од границата со Македонија.Баба Илинка, жителка на Боровичане која во 1965 била полномошник, се присети дека тогаш селото требало да се нарече прво македонско а потоа бугарско и како сите жители кои биле Македонци ги пишале како Бугари.

За една ноќ ги направив документите на 360 жители. Од Македонци ги напишавме Бугари, се пофали Илинка.

The post ВИДЕО: Еве како Македонците во Пиринска Македонија преку ноќ станаа Бугари! appeared first on Република.

]]>

Бугарската национална телевизија објави прилог посветен на селото Боровичане во општина Петрич кое е на неколку километри од границата со Македонија.Баба Илинка, жителка на Боровичане која во 1965 била полномошник, се присети дека тогаш селото требало да се нарече прво македонско а потоа бугарско и како сите жители кои биле Македонци ги пишале како Бугари. За една ноќ ги направив документите на 360 жители. Од Македонци ги напишавме Бугари, се пофали Илинка.

The post ВИДЕО: Еве како Македонците во Пиринска Македонија преку ноќ станаа Бугари! appeared first on Република.

]]>
Советот на Европа го потврдува Мицкоски, Бугарија не ги почитува малцинските права https://republika.mk/vesti/makedonija/sovet-na-evropa-makedontsite-vo-bugarija-ne-mozhat-da-gi-uzhivaat-individualnite-maltsinski-prava/ Thu, 10 Oct 2024 15:31:28 +0000 https://republika.mk/?p=825304

Политичката нестабилност во Бугарија има директни негативни последици врз имплементацијата на правата на малцинствата во земјата. И покрај одредени чекори коишто ги презема земјата, не може да се забележи значителен напредок во спроведувањето на препораките за да се обезбеди ефективен пристап до правата на малцинствата содржани во Рамковна конвенција, се наведува во најновиот извештај на Советодавниот комитет на Советот на Европа во однос на заштитата на правата на малцинствата во Бугарија, пренесува Дојче веле.

„Со оглед на тоа што Бугарија има сè поактивна улога во промовирањето на правата на лицата кои припаѓаат на бугарските малцинства во странство, истите напори не можат да се забележат во земјата. Генерално, постои забележителен недостаток на свест за малцинските права како составен дел на човековите права“, се наведува во извештајот.

Не се спроведуваат препораките

Во него се критикува дека не се направени напори за спроведување на голем број долгогодишни препораки во врска со ваквите прашања како принципот на слободна самоидентификација, поддршка за унапредување и заштита на малцинските права, вклучително и јазичните права, како и потребата да се обезбеди целосна еднаквост на сите што живеат во Бугарија, како и општествена интеграција.

„Лицата кои се идентификуваат како Македонци продолжуваат да бараат заштита според Рамковната конвенција, но властите не признаваат постоење на објективни критериуми, што им отежнува остварување на индивидуалните права. Нивните обиди за регистрација на здруженија не успеаја. Исто така, Помаците изразија желба за заштита, но властите не ги признаваат нивните самоидентификациони критериуми“, се наведува во извештајот, а пренсува ДВ.

Во документот се упатуваат препораки до бугарските власти да ги усогласат своите активности со Рамковната конвенција за заштита на националните малцинства. Притоа се нотира дека се потребни повеќе активности од властите во голем број сфери поврзани со правата на потребни се лица кои припаѓаат на националните малцинства.

Принцип на еднаквост 

Комитетот порачува дека правата на малцинствата и нивната ефективна реализација мора да бидат приоритет за властите. Тој укажува дека е важно да се следи практичен пристап кон лицата кои се самоидентификуваат како Македонци и Помаци и да се примени принципот на еднаквост и еднаков пристап до правата, како и на промовирање на меѓусебно почитување и разбирање, особено во образованието, културата и медиумите.

Во извештајот се наведува дека според пописот од 2021 година, Турците претставуваат најголемо малцинство во Бугарија со 8,4% од населението, по што следуваат Ромите (4,4%). Според резултатите, 14.870 лица се самоидентификувале како Помаци, 14.218 како Руси, 5.306 како Ерменци, 2.071 лице како Каракачијани, 1.643 како Власи, 1.625 како Грци, 1.153 како Евреи и
1.143 како Македонци.

Претставниците на одредени национални малцинства ги оспоруваат резултатите од пописот од 2021 година и сметаат дека реалните бројки на нивното соодветно малцинство се значително повисоки од прикажаните во резултатите од пописот.

„Лицата кои се идентификуваат како Македонци известиле за обиди од властите да ги обесхрабрат во нивната самоидентификација. Пријавени се и инциденти за време на јавни настани и пречки во организирање протести. Учесниците во истражувањето забележуваат дека свеста за малцинските права во бугарското општество е на ниско ниво“, се вели во извештајот.

Во извештајот се нотира и дека Европскиот суд за човекови права во 12 случаи против Бугарија утврдил повреди на член 11  во однос на слободата на собирање и слобода на здружување на организациите на Македонците во Бугарија.

The post Советот на Европа го потврдува Мицкоски, Бугарија не ги почитува малцинските права appeared first on Република.

]]>

Политичката нестабилност во Бугарија има директни негативни последици врз имплементацијата на правата на малцинствата во земјата. И покрај одредени чекори коишто ги презема земјата, не може да се забележи значителен напредок во спроведувањето на препораките за да се обезбеди ефективен пристап до правата на малцинствата содржани во Рамковна конвенција, се наведува во најновиот извештај на Советодавниот комитет на Советот на Европа во однос на заштитата на правата на малцинствата во Бугарија, пренесува Дојче веле.
„Со оглед на тоа што Бугарија има сè поактивна улога во промовирањето на правата на лицата кои припаѓаат на бугарските малцинства во странство, истите напори не можат да се забележат во земјата. Генерално, постои забележителен недостаток на свест за малцинските права како составен дел на човековите права“, се наведува во извештајот.
Не се спроведуваат препораките Во него се критикува дека не се направени напори за спроведување на голем број долгогодишни препораки во врска со ваквите прашања како принципот на слободна самоидентификација, поддршка за унапредување и заштита на малцинските права, вклучително и јазичните права, како и потребата да се обезбеди целосна еднаквост на сите што живеат во Бугарија, како и општествена интеграција.
„Лицата кои се идентификуваат како Македонци продолжуваат да бараат заштита според Рамковната конвенција, но властите не признаваат постоење на објективни критериуми, што им отежнува остварување на индивидуалните права. Нивните обиди за регистрација на здруженија не успеаја. Исто така, Помаците изразија желба за заштита, но властите не ги признаваат нивните самоидентификациони критериуми“, се наведува во извештајот, а пренсува ДВ.
Во документот се упатуваат препораки до бугарските власти да ги усогласат своите активности со Рамковната конвенција за заштита на националните малцинства. Притоа се нотира дека се потребни повеќе активности од властите во голем број сфери поврзани со правата на потребни се лица кои припаѓаат на националните малцинства. Принцип на еднаквост  Комитетот порачува дека правата на малцинствата и нивната ефективна реализација мора да бидат приоритет за властите. Тој укажува дека е важно да се следи практичен пристап кон лицата кои се самоидентификуваат како Македонци и Помаци и да се примени принципот на еднаквост и еднаков пристап до правата, како и на промовирање на меѓусебно почитување и разбирање, особено во образованието, културата и медиумите. Во извештајот се наведува дека според пописот од 2021 година, Турците претставуваат најголемо малцинство во Бугарија со 8,4% од населението, по што следуваат Ромите (4,4%). Според резултатите, 14.870 лица се самоидентификувале како Помаци, 14.218 како Руси, 5.306 како Ерменци, 2.071 лице како Каракачијани, 1.643 како Власи, 1.625 како Грци, 1.153 како Евреи и 1.143 како Македонци. Претставниците на одредени национални малцинства ги оспоруваат резултатите од пописот од 2021 година и сметаат дека реалните бројки на нивното соодветно малцинство се значително повисоки од прикажаните во резултатите од пописот.
„Лицата кои се идентификуваат како Македонци известиле за обиди од властите да ги обесхрабрат во нивната самоидентификација. Пријавени се и инциденти за време на јавни настани и пречки во организирање протести. Учесниците во истражувањето забележуваат дека свеста за малцинските права во бугарското општество е на ниско ниво“, се вели во извештајот.
Во извештајот се нотира и дека Европскиот суд за човекови права во 12 случаи против Бугарија утврдил повреди на член 11  во однос на слободата на собирање и слобода на здружување на организациите на Македонците во Бугарија.

The post Советот на Европа го потврдува Мицкоски, Бугарија не ги почитува малцинските права appeared first on Република.

]]>
Македонските граѓани најмногу депортирани од Германија https://republika.mk/vesti/makedonija/makedonskite-gragani-najmnogu-deportirani-od-germanija/ Fri, 30 Aug 2024 10:57:18 +0000 https://republika.mk/?p=811536

Во првите три месеци од годинава од Германија се протерани 483 македонски државјани. Соопшти германското Министерство за внатрешни работи. Податоците велат дека во првиот квартал од годинава од Германија во земјава депортирани се 483 граѓани. Лани пак бројот на граѓани од земјава кои престојувале или работеле во најсилната европска економија изнесува 1177 македонски граѓани.

Германските власти освен македонски државјани во последниве неколку години депортирале најмногу граѓани од Турција, Албанија, Србија, Авганистан и Сирија.

 

The post Македонските граѓани најмногу депортирани од Германија appeared first on Република.

]]>

Во првите три месеци од годинава од Германија се протерани 483 македонски државјани. Соопшти германското Министерство за внатрешни работи. Податоците велат дека во првиот квартал од годинава од Германија во земјава депортирани се 483 граѓани. Лани пак бројот на граѓани од земјава кои престојувале или работеле во најсилната европска економија изнесува 1177 македонски граѓани. Германските власти освен македонски државјани во последниве неколку години депортирале најмногу граѓани од Турција, Албанија, Србија, Авганистан и Сирија.  

The post Македонските граѓани најмногу депортирани од Германија appeared first on Република.

]]>
Ахмети: Македонците мора да соработуваат со Албанците или нема да постојат https://republika.mk/vesti/makedonija/ahmeti-makedontsite-mora-da-sorabotuvaat-so-albantsite-ili-nema-da-postojat/ Tue, 13 Aug 2024 12:33:22 +0000 https://republika.mk/?p=806173

На свечената академија во хотелот „Александар Палас“ по повод 23-годишнината од потпишувањето на Рамковниот договор, лидерот на Али Ахмети рече дека Македонците мора да соработуваат со Албанците, бидејќи, во спротивно, нема да постојат.

Тој исто така посочи дека треба конечно да се заборави сопственоста на државата, бидејќи сега сите заедно сме сопственици и заедно сме господари и на доброто и на злото.

Македонците како нација можат да напредуваат само во добра комуникација, хармонија и однос со Албанците. Во спротивно, ќе бидат проголтани од Србите, Бугарите и од Грците. А ова не ви го кажувам само овде, им го кажав на сите политички претставници на македонската заедница. Само со нас, со соработка и заеднички живот можат да си ја зачуваат својата историја, својот национален идентитет, инаку им е судено да не постојат. Така што, нека биде ова комеморација на 23-годишнината од Охридскиот мировен договор кој има посебна заслуга за тоа што оваа земја не беше поделена, не се раздели, затоа што не прифати ОВК, туку прифати целосен договор меѓу двете заедници и малите заедници во нивните области каде што живеат. Затоа, ние го штитиме, се бориме овој договор ниту да биде прекршен ниту загрозен, затоа што е спас и за Албанците и Македонците како две најголеми заедници. Сопственоста за која размислуваа во 1990-тите треба да се заборави затоа што заедно сме сопственици и заедно сме господари и на доброто и на лошото. Во оваа ситуација, какви драматични и опасни случувања има во Европа, недалеку од нас , навистина сите треба да мислиме дека Европа е во пламен и во војна, изјави Ахмети.

The post Ахмети: Македонците мора да соработуваат со Албанците или нема да постојат appeared first on Република.

]]>

На свечената академија во хотелот „Александар Палас“ по повод 23-годишнината од потпишувањето на Рамковниот договор, лидерот на Али Ахмети рече дека Македонците мора да соработуваат со Албанците, бидејќи, во спротивно, нема да постојат. Тој исто така посочи дека треба конечно да се заборави сопственоста на државата, бидејќи сега сите заедно сме сопственици и заедно сме господари и на доброто и на злото.
Македонците како нација можат да напредуваат само во добра комуникација, хармонија и однос со Албанците. Во спротивно, ќе бидат проголтани од Србите, Бугарите и од Грците. А ова не ви го кажувам само овде, им го кажав на сите политички претставници на македонската заедница. Само со нас, со соработка и заеднички живот можат да си ја зачуваат својата историја, својот национален идентитет, инаку им е судено да не постојат. Така што, нека биде ова комеморација на 23-годишнината од Охридскиот мировен договор кој има посебна заслуга за тоа што оваа земја не беше поделена, не се раздели, затоа што не прифати ОВК, туку прифати целосен договор меѓу двете заедници и малите заедници во нивните области каде што живеат. Затоа, ние го штитиме, се бориме овој договор ниту да биде прекршен ниту загрозен, затоа што е спас и за Албанците и Македонците како две најголеми заедници. Сопственоста за која размислуваа во 1990-тите треба да се заборави затоа што заедно сме сопственици и заедно сме господари и на доброто и на лошото. Во оваа ситуација, какви драматични и опасни случувања има во Европа, недалеку од нас , навистина сите треба да мислиме дека Европа е во пламен и во војна, изјави Ахмети.

The post Ахмети: Македонците мора да соработуваат со Албанците или нема да постојат appeared first on Република.

]]>
Министерството за човекови и малцински права им го честита Илинден на Македонците во Србија https://republika.mk/vesti/balkan/ministerstvoto-za-chovekovi-i-maltsinski-prava-im-go-chestita-ilinden-na-makedontsite-vo-srbija/ Fri, 02 Aug 2024 15:52:46 +0000 https://republika.mk/?p=802861

Српскиот министер за човекови и малцински права и социјален дијалог Томислав Жигманов на претседателката на Националниот совет на македонското национално малцинство Зорица Митровиќ, на организациите и здруженијата, како и на сите припадници на македонската национална заедница во Република Србија им го честита празникот Илинден, јави дописникот на МИА од Белград.

-Овој празник, кој е и национален празник на Македонија, се слави на 2 август и има посебно значење во историјата на овој народ, бидејќи во ист ден се слават два големи настани - првиот, споменот на 2 август, 1903 година, кога во Крушево се подигна Илинденското востание против османлиската власт, во кое учествуваа 30.000 востаници, а вториот настан е споменот на 2 август 1944 година, кога во манастирот Прохор Пчињски се одржа првото заседание на Антифашистичкото собрание на народното ослободување на Македонија (АСНОМ), се наведува во соопштенеито на ова министерство.

Во времето на Социјалистичка Федеративна Република Југославија, Македонците имаа статус на конститутивна нација. Статусот на национално малцинство во Република Србија го стекнаа со донесувањето на Законот за заштита на правата и слободите на националните малцинства од февруари 2002 година, и оттогаш забрзано ја развиваат својата малцинска институционална инфраструктура.

Во соопштението се наведува дека најголемиот број Македонци во Србија, а особено во Војводина, дошле по Втората светска војна од денешна Македонија и од северна Грција, од каде што биле протерани за време на граѓанската војна. Тие ги остваруваат малцинските права загарантирани со Уставот на Србија и законите во областа на негувањето на културата, образованието, информирањето и службената употреба на македонскиот јазик и писмо.

Според резултатите од Пописот во 2022 година, во Србија живеат 14.767 припадници на македонската национална заедница, што е за речиси осум илјади помалку од претходниот Попис од 2011 година, кога имало 22.755 македонци.

Тие припаѓаат на група територијално расфрлани национални заедници, а повеќето од нив живеат на територијата на градот Белград и во Јужен Банат - во градовите Пландиште, Јабука, Глогоњ, Качарево и во Панчево, каде што се наоѓаше седиштето на Македонскиот национален совет, кој неодамна беше преместен во Нови Сад.

-Министерството за човекови и малцински права и социјален дијалог со гордост истакнува дека Владата на Србија и покраинската влада се посветени на афирмирање на вредноста на мултикултурализмот, кој се заснова на поддршка за зачувување и развој на националната самосвест на сите заедници. Затоа, ќе продолжиме посветено да работиме за да ги обезбедиме сите неопходни предуслови - од имплементација на законите, преку материјални и финансиски ресурси до малцинските чувствителни политики - за Македонците во Република Србија успешно да продолжат да ги развиваат своите национални институции и животните перспективите на припадниците на својата заедница, се наведува во честитката до македонците во Србија на министерството за човекови и малцински права и социјален дијалог.

The post Министерството за човекови и малцински права им го честита Илинден на Македонците во Србија appeared first on Република.

]]>

Српскиот министер за човекови и малцински права и социјален дијалог Томислав Жигманов на претседателката на Националниот совет на македонското национално малцинство Зорица Митровиќ, на организациите и здруженијата, како и на сите припадници на македонската национална заедница во Република Србија им го честита празникот Илинден, јави дописникот на МИА од Белград. -Овој празник, кој е и национален празник на Македонија, се слави на 2 август и има посебно значење во историјата на овој народ, бидејќи во ист ден се слават два големи настани - првиот, споменот на 2 август, 1903 година, кога во Крушево се подигна Илинденското востание против османлиската власт, во кое учествуваа 30.000 востаници, а вториот настан е споменот на 2 август 1944 година, кога во манастирот Прохор Пчињски се одржа првото заседание на Антифашистичкото собрание на народното ослободување на Македонија (АСНОМ), се наведува во соопштенеито на ова министерство. Во времето на Социјалистичка Федеративна Република Југославија, Македонците имаа статус на конститутивна нација. Статусот на национално малцинство во Република Србија го стекнаа со донесувањето на Законот за заштита на правата и слободите на националните малцинства од февруари 2002 година, и оттогаш забрзано ја развиваат својата малцинска институционална инфраструктура. Во соопштението се наведува дека најголемиот број Македонци во Србија, а особено во Војводина, дошле по Втората светска војна од денешна Македонија и од северна Грција, од каде што биле протерани за време на граѓанската војна. Тие ги остваруваат малцинските права загарантирани со Уставот на Србија и законите во областа на негувањето на културата, образованието, информирањето и службената употреба на македонскиот јазик и писмо. Според резултатите од Пописот во 2022 година, во Србија живеат 14.767 припадници на македонската национална заедница, што е за речиси осум илјади помалку од претходниот Попис од 2011 година, кога имало 22.755 македонци. Тие припаѓаат на група територијално расфрлани национални заедници, а повеќето од нив живеат на територијата на градот Белград и во Јужен Банат - во градовите Пландиште, Јабука, Глогоњ, Качарево и во Панчево, каде што се наоѓаше седиштето на Македонскиот национален совет, кој неодамна беше преместен во Нови Сад. -Министерството за човекови и малцински права и социјален дијалог со гордост истакнува дека Владата на Србија и покраинската влада се посветени на афирмирање на вредноста на мултикултурализмот, кој се заснова на поддршка за зачувување и развој на националната самосвест на сите заедници. Затоа, ќе продолжиме посветено да работиме за да ги обезбедиме сите неопходни предуслови - од имплементација на законите, преку материјални и финансиски ресурси до малцинските чувствителни политики - за Македонците во Република Србија успешно да продолжат да ги развиваат своите национални институции и животните перспективите на припадниците на својата заедница, се наведува во честитката до македонците во Србија на министерството за човекови и малцински права и социјален дијалог.

The post Министерството за човекови и малцински права им го честита Илинден на Македонците во Србија appeared first on Република.

]]>
Македонците во Србија го одбележаа Илинден https://republika.mk/vesti/balkan/makedontsite-vo-srbija-go-odbelezhaa-ilinden/ Fri, 02 Aug 2024 11:58:39 +0000 https://republika.mk/?p=802764

И годинава претставници на бројните македонски здруженија во Србија, на Македонскиот национален совет, претставници од Министерството за малцински и човекови права, со полагање венци и цвеќе на бистата на Гоце Делчев во Јабука крај Панчево, во истоименото училиште, им оддадоа почит на двата Илиндена, јави дописникот на МИА од Белград.

Најголемиот македонски национален празник покрај во Јабука се чествуваше со пригодна програма и во повеќето градови каде живее бројната македонска заедница, изјави Зорица Митровиќ, претседател на Македонскиот национален совет во Србија.

-Централната манифестација е во Јабука каде е најголемата концентрација на македонската заедница. Вчера Илинден беше одбележан во Ниш, Врање, Качарево, во Белград, а централната прослава одлучивме да ја одбележиме преку соработка на МПЦ-ОА и СПЦ. Организиравме литургија на македонски јазик во црквата Св. Пророк Илија во Јабука и ќе одржиме свечена седница на Националниот совет, изјави Митровиќ.

Според законските прописи кои ги регулираат празниците за малцинствата, 2 Август се признава како Државен празник за македонското национално малцинство во Србија и тој е неработен ден за Македонците, со можност за негово одбележување.

-Илинден е најголем празник на Македонците и значаен датум на македонското малцинство во Србија и обврска на Министерството за малцински и човекови права е овој празник заеднички со своите сограѓани да се одбележи. Наша задача е да ги поттикнеме во сите активности што ги преземаат и да им помогнеме, оти богатството на едно општество и на Србија е во различноста, изјави Александар Радосављевиќ, помошник-министер во Министерството за човекови и малцински права на Република Србија.

На барање на македонската заедница во Србија, во Јабука во православниот храм Св. Пророк Илија, се одржи првата литургија на македонски јазик од македонски свештеник. Литургија ја одржа јеромонахот Дионисиј Богев од манастирот Беркасово во Срем со благослов од надлежните епископи на Српската православна црква (СПЦ), сремскиот епископ Василиј и банатскиот епископ Никанор, како и архиепископот на МПЦ-ОА г.г. Стефан.

The post Македонците во Србија го одбележаа Илинден appeared first on Република.

]]>

И годинава претставници на бројните македонски здруженија во Србија, на Македонскиот национален совет, претставници од Министерството за малцински и човекови права, со полагање венци и цвеќе на бистата на Гоце Делчев во Јабука крај Панчево, во истоименото училиште, им оддадоа почит на двата Илиндена, јави дописникот на МИА од Белград. Најголемиот македонски национален празник покрај во Јабука се чествуваше со пригодна програма и во повеќето градови каде живее бројната македонска заедница, изјави Зорица Митровиќ, претседател на Македонскиот национален совет во Србија.
-Централната манифестација е во Јабука каде е најголемата концентрација на македонската заедница. Вчера Илинден беше одбележан во Ниш, Врање, Качарево, во Белград, а централната прослава одлучивме да ја одбележиме преку соработка на МПЦ-ОА и СПЦ. Организиравме литургија на македонски јазик во црквата Св. Пророк Илија во Јабука и ќе одржиме свечена седница на Националниот совет, изјави Митровиќ.
Според законските прописи кои ги регулираат празниците за малцинствата, 2 Август се признава како Државен празник за македонското национално малцинство во Србија и тој е неработен ден за Македонците, со можност за негово одбележување.
-Илинден е најголем празник на Македонците и значаен датум на македонското малцинство во Србија и обврска на Министерството за малцински и човекови права е овој празник заеднички со своите сограѓани да се одбележи. Наша задача е да ги поттикнеме во сите активности што ги преземаат и да им помогнеме, оти богатството на едно општество и на Србија е во различноста, изјави Александар Радосављевиќ, помошник-министер во Министерството за човекови и малцински права на Република Србија.
На барање на македонската заедница во Србија, во Јабука во православниот храм Св. Пророк Илија, се одржи првата литургија на македонски јазик од македонски свештеник. Литургија ја одржа јеромонахот Дионисиј Богев од манастирот Беркасово во Срем со благослов од надлежните епископи на Српската православна црква (СПЦ), сремскиот епископ Василиј и банатскиот епископ Никанор, како и архиепископот на МПЦ-ОА г.г. Стефан.

The post Македонците во Србија го одбележаа Илинден appeared first on Република.

]]>
Македонците 49-ти во светот според просечниот коефициент на интелигенција https://republika.mk/vesti/makedonija/makedontsite-49-ti-vo-svetot-spored-prosechniot-koefitsient-na-inteligentsija/ Tue, 09 Jul 2024 08:08:15 +0000 https://republika.mk/?p=794790

Македонските граѓани се 49-ти во светот според просечниот коефициент на интелигенција, покажува рангирањето објавено на страницата „International IQ test“. Листата е составена врз основа на резултатите од 1.691.740 лица од целиот свет кои направиле еден ист тест за интелигенција во 2023 година.

Според оваа листа, Македонците имаат просечен коефициент на интелигенција од 98,83. Тоа е блиску до општиот просек којшто изнесува коефициент 100. Претходниот минатогодишен резултат за македонските граѓани бил 98,21 коефициентен поен.

Во првите 10 земји се наоѓаат: Јужна Кореја (со просечен коефициент на интелигенција од 107,54), Кина (106,99), Иран (106,84), Јапонија (106,18), Сингапур (106,18), Австрија (102,71), Канада (102,6), Германија (102,36), Словенија (102,31) и Монголија со просечен коефициент 102,3.

Од нашето поблиско опкружување, Бугарите имаат просечен коефициент 101,71, Србите – 100,66, Хрватите – 99,73, Босанците – 99,57, Црна Гора има 99,34 просечни поени, Грција е со коефициент 97,51 и Албанија има просек од 97,28 коефициентни поени.

The post Македонците 49-ти во светот според просечниот коефициент на интелигенција appeared first on Република.

]]>

Македонските граѓани се 49-ти во светот според просечниот коефициент на интелигенција, покажува рангирањето објавено на страницата „International IQ test“. Листата е составена врз основа на резултатите од 1.691.740 лица од целиот свет кои направиле еден ист тест за интелигенција во 2023 година. Според оваа листа, Македонците имаат просечен коефициент на интелигенција од 98,83. Тоа е блиску до општиот просек којшто изнесува коефициент 100. Претходниот минатогодишен резултат за македонските граѓани бил 98,21 коефициентен поен. Во првите 10 земји се наоѓаат: Јужна Кореја (со просечен коефициент на интелигенција од 107,54), Кина (106,99), Иран (106,84), Јапонија (106,18), Сингапур (106,18), Австрија (102,71), Канада (102,6), Германија (102,36), Словенија (102,31) и Монголија со просечен коефициент 102,3. Од нашето поблиско опкружување, Бугарите имаат просечен коефициент 101,71, Србите – 100,66, Хрватите – 99,73, Босанците – 99,57, Црна Гора има 99,34 просечни поени, Грција е со коефициент 97,51 и Албанија има просек од 97,28 коефициентни поени.

The post Македонците 49-ти во светот според просечниот коефициент на интелигенција appeared first on Република.

]]>
Македонците во Бугарија со реакција до Радев: Софија ги тепаше своите граѓани со македонска самосвест и никој не е казнет https://republika.mk/vesti/balkan/makedontsite-vo-bugarija-so-reaktsija-do-radev-sofija-gi-tepashe-svoite-gragani-so-makedonska-samosvest-i-nikoj-ne-e-kaznet/ Thu, 04 Jul 2024 07:43:02 +0000 https://republika.mk/?p=793273

Здруженијата на Македонците во Бугарија ги осудуваат последните изјави на бугарскиот претседател Румен Радев насочени кон Македонија. Во нивната реакција стои дека „цинизам е претседател на држава каде редовно се кршат човековите права и има толку многу, критики од меѓународните институции за правата на човекот и толку многу пресуди во Судот за човекови права во Стразбур да изговара такви зборови“.

Македонските здруженија тврдат дека Бугарија ги тепаше своите граѓани со македонска самосвест во годините на демократијата и дека имаше напади врз македонски собири и врз македонски клубови.

Разликата е што за тоа во Бугарија апсолутно никој не е суден, ниту осуден, ниту казнет. Никој не е дури ниту вербално укорен, во медиумите или од политичари. Не го слушнавме Радев да го осуди нападот врз македонскиот клуб Никола Вапцаров во Благоевград, на пример, а ниту било кој бугарски политичар. Македонските политичари ги осудија нападите во Македонија и судот постапи по случаите. Тоа за Бугарија е несонив стандард.

Може ли Радев да посочи еден бугарски државјанин со македонски идентитет кој држи позиција во администрацијата сега или да држел таква во Бугарија во последните 60 години? Не може. Таков нема и не може да има. Ние лесно се сеќаваме на луѓе со бугарска самосвест кој држеле исклучително високи позиции во Македонија – Димитар Димитров, Младен Србиновски, Ѓорѓи Трендафилов и други, посочуваат здруженијата на Македонците преку објава на социјалните мрежи.

Оттаму велат дека Радев цитира 150.000 од Македонија кои добиле бугарско државјанство на основа на бугарско потекло.

Колку од нив имале високи позиции во Македонија? Еден премиер како Љубчо Георгиевски веднаш доаѓа на ум… Да се претставува тепан од своите другари по криминал како тепан поради својот бугарски идентитет, само покажува колку нема аргументи Радев и колку бескрајно далеку се наоѓа тој од реалноста, стои меѓу другото во реакцијата на Партијата и здруженијата на Македонците во Бугарија – ОМО „Илинден“-Пирин, ОМО „Илинден“, Правозаштитен комитет „Толеранција“, Друштво на репресираните Македонци во Бугарија, Друштво за заштита на основни човекови права, Граѓанска иницијатива за признавање на македонско национално малцинство во Бугарија и Македонски дискусионен клуб за етничка толеранција.

Бугарскиот претседател му одговори на премиерот Христијан Мицкоски околу можноста за репреговарање на Договорот за добрососедство. Радев вели дека на македонскиот државен врв му недостасува познавање по уставно право и европското законодавство.

Уште претходно, Комитетот на министри на Советот на Европа ги повика бугарските власти да ги почитуваат 14-те пресуди на Европскиот суд за човекови права и да дозволат регистрација на здруженија чија цел е признавање на македонското малцинство во Бугарија.

Официјална Софија не признава постоење на македонскиот јазик и вели дека е дијалект на бугарскиот јазик.

The post Македонците во Бугарија со реакција до Радев: Софија ги тепаше своите граѓани со македонска самосвест и никој не е казнет appeared first on Република.

]]>

Здруженијата на Македонците во Бугарија ги осудуваат последните изјави на бугарскиот претседател Румен Радев насочени кон Македонија. Во нивната реакција стои дека „цинизам е претседател на држава каде редовно се кршат човековите права и има толку многу, критики од меѓународните институции за правата на човекот и толку многу пресуди во Судот за човекови права во Стразбур да изговара такви зборови“. Македонските здруженија тврдат дека Бугарија ги тепаше своите граѓани со македонска самосвест во годините на демократијата и дека имаше напади врз македонски собири и врз македонски клубови. Разликата е што за тоа во Бугарија апсолутно никој не е суден, ниту осуден, ниту казнет. Никој не е дури ниту вербално укорен, во медиумите или од политичари. Не го слушнавме Радев да го осуди нападот врз македонскиот клуб Никола Вапцаров во Благоевград, на пример, а ниту било кој бугарски политичар. Македонските политичари ги осудија нападите во Македонија и судот постапи по случаите. Тоа за Бугарија е несонив стандард. Може ли Радев да посочи еден бугарски државјанин со македонски идентитет кој држи позиција во администрацијата сега или да држел таква во Бугарија во последните 60 години? Не може. Таков нема и не може да има. Ние лесно се сеќаваме на луѓе со бугарска самосвест кој држеле исклучително високи позиции во Македонија – Димитар Димитров, Младен Србиновски, Ѓорѓи Трендафилов и други, посочуваат здруженијата на Македонците преку објава на социјалните мрежи. Оттаму велат дека Радев цитира 150.000 од Македонија кои добиле бугарско државјанство на основа на бугарско потекло. Колку од нив имале високи позиции во Македонија? Еден премиер како Љубчо Георгиевски веднаш доаѓа на ум… Да се претставува тепан од своите другари по криминал како тепан поради својот бугарски идентитет, само покажува колку нема аргументи Радев и колку бескрајно далеку се наоѓа тој од реалноста, стои меѓу другото во реакцијата на Партијата и здруженијата на Македонците во Бугарија – ОМО „Илинден“-Пирин, ОМО „Илинден“, Правозаштитен комитет „Толеранција“, Друштво на репресираните Македонци во Бугарија, Друштво за заштита на основни човекови права, Граѓанска иницијатива за признавање на македонско национално малцинство во Бугарија и Македонски дискусионен клуб за етничка толеранција. Бугарскиот претседател му одговори на премиерот Христијан Мицкоски околу можноста за репреговарање на Договорот за добрососедство. Радев вели дека на македонскиот државен врв му недостасува познавање по уставно право и европското законодавство. Уште претходно, Комитетот на министри на Советот на Европа ги повика бугарските власти да ги почитуваат 14-те пресуди на Европскиот суд за човекови права и да дозволат регистрација на здруженија чија цел е признавање на македонското малцинство во Бугарија. Официјална Софија не признава постоење на македонскиот јазик и вели дека е дијалект на бугарскиот јазик.

The post Македонците во Бугарија со реакција до Радев: Софија ги тепаше своите граѓани со македонска самосвест и никој не е казнет appeared first on Република.

]]>
МД Илинден-Тирана бара нов попис под меѓународен мониторинг https://republika.mk/vesti/makedonija/md-ilinden-tirana-bara-nov-popis-pod-megunaroden-monitoring/ Sat, 29 Jun 2024 20:30:23 +0000 https://republika.mk/?p=791946

Македонското друштво Илинден-Тирана остро реагира по објавените пописни резултати, кои се однесуваат на бројот на Македонците во Албанија.

Не ги признаваме и со огорченост ги отфрламе прелиминарните пописни резултати во Република Албанија, кои ги сметаме за груб пописен фалсификат, по желба на Бугарија. Јавна тајна е дека Бугарија го контролираше пописот, што го потврдува и фактот дека во Бугарија за време на пописниот период во Република Албанија, на социјалните мрежи беа објавувани фотографии од пописните формулари како се изјаснувале жителите во Република Албанија“, пишува во реакцијата.

Се додава дека “овие податоци се заштитени со закон, но објавуваните материјали покажуваа дека бугарските служби имале пристап до нив”.

Во име на Македонците во Република Албанија не само што не ги признаваме фалсификуваните пописни податоци за македонското национално малцинство, туку бараме и од државата и од меѓународните институции да го сторат истото, бидејќи овие фалсификувани резултати се против уставниот поредок и европските аспирации на Република Албанија“, нагласуваат од МД Илинден.

Исто така друштвото бара спроведување на нов попис, заснован на меѓународни стандарди и под меѓународен мониторинг, за да се гарантира чесен и транспарентен процес кој ќе ја одразува етничката реалност во Република Албанија.

Воедно, од Специјалното обвинителство за организиран криминал и корупција на Република Албанија бараме да поведе истрага не само за ИНСТАТ, туку и за “сите показатели за незаконски извршена попишувачка активност од страна на попишувачите, бидејќи отворен е сомнежот во нивната улога во пописот”.

Ги повикува европските институции, кои, како што пишува во реакцијата, тврдат дека се темелат на демократското однесување во однос на основните човекови права, да се позанимаваат со суровото и бескрупулозно нафрлање на бугарските емисари врз македонското национално малцинство во Република Албанија.

Македонско друштво Илинден-Тирана ќе го информира раководството на Федералната унија на европските националности, ФУЕН за грубиот пописен фалсификат, зашто во Албанија етнички Бугари нема. Во ниту еден попис од 11. претходно спроведени ниту едно лице не се изјаснило како Бугарин. Нив ги нема на целата територија на Албанија, освен во бугарската амбасада“, се посочува во реакцијата потпишана од претседателот Никола Ѓурѓај и на огранокот за Голо Брдо, Фатри Фетаху.

На пописот кој беше спроведен од 18 септември до 30 октомври, а во неколку рурални подрачја продолжен до 15 ноември, како Македонци попишани се 2.281 лице, наспроти 7.957 Бугари.

 

The post МД Илинден-Тирана бара нов попис под меѓународен мониторинг appeared first on Република.

]]>

Македонското друштво Илинден-Тирана остро реагира по објавените пописни резултати, кои се однесуваат на бројот на Македонците во Албанија.
Не ги признаваме и со огорченост ги отфрламе прелиминарните пописни резултати во Република Албанија, кои ги сметаме за груб пописен фалсификат, по желба на Бугарија. Јавна тајна е дека Бугарија го контролираше пописот, што го потврдува и фактот дека во Бугарија за време на пописниот период во Република Албанија, на социјалните мрежи беа објавувани фотографии од пописните формулари како се изјаснувале жителите во Република Албанија“, пишува во реакцијата.
Се додава дека “овие податоци се заштитени со закон, но објавуваните материјали покажуваа дека бугарските служби имале пристап до нив”.
Во име на Македонците во Република Албанија не само што не ги признаваме фалсификуваните пописни податоци за македонското национално малцинство, туку бараме и од државата и од меѓународните институции да го сторат истото, бидејќи овие фалсификувани резултати се против уставниот поредок и европските аспирации на Република Албанија“, нагласуваат од МД Илинден.
Исто така друштвото бара спроведување на нов попис, заснован на меѓународни стандарди и под меѓународен мониторинг, за да се гарантира чесен и транспарентен процес кој ќе ја одразува етничката реалност во Република Албанија. Воедно, од Специјалното обвинителство за организиран криминал и корупција на Република Албанија бараме да поведе истрага не само за ИНСТАТ, туку и за “сите показатели за незаконски извршена попишувачка активност од страна на попишувачите, бидејќи отворен е сомнежот во нивната улога во пописот”. Ги повикува европските институции, кои, како што пишува во реакцијата, тврдат дека се темелат на демократското однесување во однос на основните човекови права, да се позанимаваат со суровото и бескрупулозно нафрлање на бугарските емисари врз македонското национално малцинство во Република Албанија.
Македонско друштво Илинден-Тирана ќе го информира раководството на Федералната унија на европските националности, ФУЕН за грубиот пописен фалсификат, зашто во Албанија етнички Бугари нема. Во ниту еден попис од 11. претходно спроведени ниту едно лице не се изјаснило како Бугарин. Нив ги нема на целата територија на Албанија, освен во бугарската амбасада“, се посочува во реакцијата потпишана од претседателот Никола Ѓурѓај и на огранокот за Голо Брдо, Фатри Фетаху.
На пописот кој беше спроведен од 18 септември до 30 октомври, а во неколку рурални подрачја продолжен до 15 ноември, како Македонци попишани се 2.281 лице, наспроти 7.957 Бугари.  

The post МД Илинден-Тирана бара нов попис под меѓународен мониторинг appeared first on Република.

]]>
„Друштво Преспа“ од Тирана: Албанската Влада легитимира пописен фалсификат за Македонците, дозволувајќи грубо мешање на Бугарија во внатрешните работи https://republika.mk/vesti/makedonija/drushtvo-prespa-od-tirana-albanskata-vlada-legitimira-popisen-falsifikat-za-makedontsite-dozvoluvajki-grubo-meshane-na-bugarija-vo-vnatreshnite-raboti/ Sat, 29 Jun 2024 10:35:02 +0000 https://republika.mk/?p=791784

Организацијата за заштита на правата на Македонците во Албанија „Друштво Преспа“, денеска соопшти дека како најстара македонска организација во Албанија формирана во 1991 година, ги отфрла прелиминарните пописни резултати во Албанија од минатогодишниот попис одржан од 18 септември до 30 октомври, па продолжен до 16 ноември, за бројот на Македонците и „Бугарите“ и ги смета за груб пописен фалсификат.

Друштво Преспа изразува загриженост од објавата на Институтот за статистика на Албанија (ИНСТАТ) дека во Албанија живеат 2.281 „Северномакедонци“, иако на пописот во 2011 година биле регистрирани (ни тогаш прифатливи) 5.512 Македонци. Потсетуваме дека не станува збор за доселеници во Албанија од државата „Cеверна Македонија“, која во спротивност со меѓународното право под тоа име постои од 11 јануари 2019 година според Договорот Димитров-Коѕиас од 17 јуни 2018 година, туку за домородно македонско население кое со векови живее во свои домови и на своја автохтона територија, стои во реакцијата на Друштвото.

Тие, како што наведуваат, за груб пописен фалсификат ја сметаат објавената бројка од 7.957 „Бугари“ во Албанија, повеќе од пописот во Македонија во 2021 година - 3.504. Опстојуваат на тврдењето дека „во Албанија „етнички Бугари“ нема, во ниту еден попис од 1912 до 2023 година, не постои макар еден „Бугарин“ на целата територија на Албанија“.

Воедно, од Друшвото упатуваат протест до Претседателот, Собранието и Владата на Албанија, бидејќи, како што посочуваат, подлегнале на бугарските закани за пристапувањето на Албанија во Европската Унија, доколку Тирана не впиши „Бугари“ во Законот за националните малцинства и доколку не декларира „Бугари“ на последниот попис на населението.

Од Друштво Преспа со остри критики и кон општинската управа на Пустец, чиј градоначалник, се наведува понатаму, во последниот и актуелниот мандат беше сервилен кон бугарската пропаганда и бројни посети на бугарски претставници со материјална помош за општината Пустец, иако се знаеше дека тоа Софија го прави само за да ги прикаже Македонците за Бугари во Албанија.

Друштвото Преспа, за несоодветна ја сметааат реакцијата и на единствената македонска партија во Албанија - Македонска алијанса за европска интеграција, која, како дел од коалицијата на општинската власт, за повеќето настани со „Бугарите“, партиципира со свои вработени во општинската администрација и советници во Советот на општината Пустец: Имено, не го одвратија градоначалникот од прием на гости од бугарската амбасада во Тирана, бугарската фондација „Бугарска памет“ и владата во Софија и прифаќањето на материјална помош за општината, иако се знаеше дека тоа Бугарија го прави за да покаже пред светот дека Македонците во Пустец се „Бугари“.

Во реакцијата од Друшвото се бара Европската Унија да преземе мерки против Република Бугарија која, се наведува, врши манипулација со Македонците во балканските држави, им дава бугарски пасоши како можност за емиграција во Западна Европа поради сиромаштијата во Албанија, под услов да потпишат писмена изјава дека се „Бугари по потекло“.

Друштво Преспа најавува дека ќе организира неформален попис на Македонците во Албанија, како што тоа од поодамна го сторила Грчката заедница во Албанија и бара од властите во земјава да изразат протест поради пописниот фалсификат.

Друштво Преспа бара Македонската Влада да протестира поради фалсификуваниот попис во Албанија, отфрлен дури и од албанската опозиција и да превземе конкретни мерки според уставната грижа за Македонците во соседните држави на државата Македонија! Друштво Преспа бара одговорност од Владата на Албанија, затоа што овозможи бугарската амбасада во Тирана и бугарската влада во Софија грубо да се мешаат во внатрешните работи на Албанија за време на одржувањето на пописот со поткуп и делење бугарски пасоши во населените места каде живеат Македонци во Албанија, стои во соопштението од Друштвото Преспа од Тирана.

Претставникот на македонската амбасада во Тирана, Љуфтим Спахиу и членот на Комитетот за малцинства, Марјана Косотофски, вчера на презентирањето на пописните резултати од ИНСТАТ, демонстративно ја напуштиле салата откако не им бил даден одговор на прашањето зошто на прегледот за бројот на малцинствата за сите стои она што се, само за македонското стоело име на државата Cеверна Македонија, на албански јазик и „Северно Македонци“ на англиски јазик.

The post „Друштво Преспа“ од Тирана: Албанската Влада легитимира пописен фалсификат за Македонците, дозволувајќи грубо мешање на Бугарија во внатрешните работи appeared first on Република.

]]>

Организацијата за заштита на правата на Македонците во Албанија „Друштво Преспа“, денеска соопшти дека како најстара македонска организација во Албанија формирана во 1991 година, ги отфрла прелиминарните пописни резултати во Албанија од минатогодишниот попис одржан од 18 септември до 30 октомври, па продолжен до 16 ноември, за бројот на Македонците и „Бугарите“ и ги смета за груб пописен фалсификат. Друштво Преспа изразува загриженост од објавата на Институтот за статистика на Албанија (ИНСТАТ) дека во Албанија живеат 2.281 „Северномакедонци“, иако на пописот во 2011 година биле регистрирани (ни тогаш прифатливи) 5.512 Македонци. Потсетуваме дека не станува збор за доселеници во Албанија од државата „Cеверна Македонија“, која во спротивност со меѓународното право под тоа име постои од 11 јануари 2019 година според Договорот Димитров-Коѕиас од 17 јуни 2018 година, туку за домородно македонско население кое со векови живее во свои домови и на своја автохтона територија, стои во реакцијата на Друштвото. Тие, како што наведуваат, за груб пописен фалсификат ја сметаат објавената бројка од 7.957 „Бугари“ во Албанија, повеќе од пописот во Македонија во 2021 година - 3.504. Опстојуваат на тврдењето дека „во Албанија „етнички Бугари“ нема, во ниту еден попис од 1912 до 2023 година, не постои макар еден „Бугарин“ на целата територија на Албанија“. Воедно, од Друшвото упатуваат протест до Претседателот, Собранието и Владата на Албанија, бидејќи, како што посочуваат, подлегнале на бугарските закани за пристапувањето на Албанија во Европската Унија, доколку Тирана не впиши „Бугари“ во Законот за националните малцинства и доколку не декларира „Бугари“ на последниот попис на населението. Од Друштво Преспа со остри критики и кон општинската управа на Пустец, чиј градоначалник, се наведува понатаму, во последниот и актуелниот мандат беше сервилен кон бугарската пропаганда и бројни посети на бугарски претставници со материјална помош за општината Пустец, иако се знаеше дека тоа Софија го прави само за да ги прикаже Македонците за Бугари во Албанија. Друштвото Преспа, за несоодветна ја сметааат реакцијата и на единствената македонска партија во Албанија - Македонска алијанса за европска интеграција, која, како дел од коалицијата на општинската власт, за повеќето настани со „Бугарите“, партиципира со свои вработени во општинската администрација и советници во Советот на општината Пустец: Имено, не го одвратија градоначалникот од прием на гости од бугарската амбасада во Тирана, бугарската фондација „Бугарска памет“ и владата во Софија и прифаќањето на материјална помош за општината, иако се знаеше дека тоа Бугарија го прави за да покаже пред светот дека Македонците во Пустец се „Бугари“. Во реакцијата од Друшвото се бара Европската Унија да преземе мерки против Република Бугарија која, се наведува, врши манипулација со Македонците во балканските држави, им дава бугарски пасоши како можност за емиграција во Западна Европа поради сиромаштијата во Албанија, под услов да потпишат писмена изјава дека се „Бугари по потекло“. Друштво Преспа најавува дека ќе организира неформален попис на Македонците во Албанија, како што тоа од поодамна го сторила Грчката заедница во Албанија и бара од властите во земјава да изразат протест поради пописниот фалсификат.
Друштво Преспа бара Македонската Влада да протестира поради фалсификуваниот попис во Албанија, отфрлен дури и од албанската опозиција и да превземе конкретни мерки според уставната грижа за Македонците во соседните држави на државата Македонија! Друштво Преспа бара одговорност од Владата на Албанија, затоа што овозможи бугарската амбасада во Тирана и бугарската влада во Софија грубо да се мешаат во внатрешните работи на Албанија за време на одржувањето на пописот со поткуп и делење бугарски пасоши во населените места каде живеат Македонци во Албанија, стои во соопштението од Друштвото Преспа од Тирана.
Претставникот на македонската амбасада во Тирана, Љуфтим Спахиу и членот на Комитетот за малцинства, Марјана Косотофски, вчера на презентирањето на пописните резултати од ИНСТАТ, демонстративно ја напуштиле салата откако не им бил даден одговор на прашањето зошто на прегледот за бројот на малцинствата за сите стои она што се, само за македонското стоело име на државата Cеверна Македонија, на албански јазик и „Северно Македонци“ на англиски јазик.

The post „Друштво Преспа“ од Тирана: Албанската Влада легитимира пописен фалсификат за Македонците, дозволувајќи грубо мешање на Бугарија во внатрешните работи appeared first on Република.

]]>
Македонците живеат најкратко од сите во Западен Балкан https://republika.mk/zivot/kaleidoskop/makedontsite-zhiveat-najkratko-od-site-vo-zapaden-balkan/ Sun, 09 Jun 2024 11:07:28 +0000 https://republika.mk/?p=785895

Жителите на Косово се најдолговечни на Западен Балкан, со просек од 80 години, се посочува во извештајот на Светска банка за очекуваниот животен век на светското население, пренесува Бета.

Населението во Косово е четири до пет години подолговечно од жителите на другите земји од Западен Балкан.

Очекуваниот животен век во Албанија е 77 години, во Црна Гора 76, во Босна и Херцеговина и во Србија 75, а во Македонија 74 години.

The post Македонците живеат најкратко од сите во Западен Балкан appeared first on Република.

]]>

Жителите на Косово се најдолговечни на Западен Балкан, со просек од 80 години, се посочува во извештајот на Светска банка за очекуваниот животен век на светското население, пренесува Бета. Населението во Косово е четири до пет години подолговечно од жителите на другите земји од Западен Балкан. Очекуваниот животен век во Албанија е 77 години, во Црна Гора 76, во Босна и Херцеговина и во Србија 75, а во Македонија 74 години.

The post Македонците живеат најкратко од сите во Западен Балкан appeared first on Република.

]]>
Македонците од денеска многу полесно до работа во Германија https://republika.mk/zivot/kariera/makedontsite-od-deneska-mnogu-polesno-do-rabota-vo-germanija/ Sat, 01 Jun 2024 12:42:07 +0000 https://republika.mk/?p=783866

Во Германија денеска стапија во сила новите правила во врска со визите за квалификувани работници од земји надвор од Европската унија, кои овозможуваат влез во земјата и барање работа до една година, под услов да се исполнат одредени критериуми.

Друг елемент од правилата што ќе стапат во сила од денеска во Германија е проширувањето на прописите за државјаните на земјите од Западен Балкан, соопшти германското МВР.

Според ова правило, работниците од Србија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Република Македонија, Албанија и Косово можат многу полесно да одат во Германија на неопределено време, и тоа до 50.000 годишно, што е двојно повеќе од претходно, се наведува на сајтот на Министерството.

 

The post Македонците од денеска многу полесно до работа во Германија appeared first on Република.

]]>

Во Германија денеска стапија во сила новите правила во врска со визите за квалификувани работници од земји надвор од Европската унија, кои овозможуваат влез во земјата и барање работа до една година, под услов да се исполнат одредени критериуми. Друг елемент од правилата што ќе стапат во сила од денеска во Германија е проширувањето на прописите за државјаните на земјите од Западен Балкан, соопшти германското МВР. Според ова правило, работниците од Србија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Република Македонија, Албанија и Косово можат многу полесно да одат во Германија на неопределено време, и тоа до 50.000 годишно, што е двојно повеќе од претходно, се наведува на сајтот на Министерството.  

The post Македонците од денеска многу полесно до работа во Германија appeared first on Република.

]]>
Македонците во Албанија го одбележаа Денот на сесловенските просветители, светите браќа Кирил и Методиј https://republika.mk/vesti/balkan/makedontsite-vo-albanija-go-odbelezhaa-denot-na-seslovenskite-prosvetiteli-svetite-braka-kiril-i-metodij/ Fri, 24 May 2024 11:39:15 +0000 https://republika.mk/?p=781385

Во организација на Македонска алијанса за европска интеграција, МАЕИ, а во соработка со здруженијата на Македонците со потекло од Егејска Македонија, денеска им беше оддадена почит на семакедонските и сесловенските просветители, светите браќа Кирил и Методиј, за нивното големо дело, ширењето на словенската писменост.

На настанот, што се одржа во Музејот „Стерјо Спасе“ во село Глобочани, претседателот на партијата Васил Стерјовски оцени дека солунските браќа се исклучителни личности, чие дело во ширењето на словенската писменост останува фундамент во нашата култура и образование.

-Македонците од Албанија, сме горди наследници на нивната мисија, продолжувајќи да гo чуваме и негуваме македонскиот јазик, култура и традиции. Ова манифестација е одраз на нашата заедничка решеност да го зајакнеме и сочуваме македонскиот идентитет преку границите, рече тој.

Исто така, додаде, не можеме да останеме неми на историските настани кои ги обележаа Македонците од Егејскиот дел на Македонија.

Нивната борба и страдања, нагласи тој, особено за време на граѓанската војна во Грција 1946-1949 година, оставија длабоки рани. Поддршката на насилно прогонетите Македонци од Егејскиот дел на Македонија и на секоја иницијатива за враќање на нивните права е израз на нашата солидарност и обврска кон правдата.

-Сакам да ја искористам оваа прилика, за да потенцирам дека историјата не треба да се заборави и треба активно да се работи за тоа таквите горчливи периоди никогаш повеќе да не се повторат. Нека овој настан биде уште еден чекор кон засилување на врските и меѓусебното разбирање меѓу сите Македонци. Нека е честит и за многу години денот на македонските и сесловенските просветители, посака Стерјовски.

На свеченоста присуствуваа заменик градоначалникот на општина Пустец, Атанас Плоча, отец Алексо Темелко, како и претставници на училиштата и други гости.

Присутните ги поздравија и Ташко Јовановски претседател на Здружението за духовно обединување Сетинци, Попадинци и Крушоради од Лерин во Македонија, професорката Нада Јурукова која зборуваше за животот и делото на светите браќа Кирил и Методиј, како и професорката Виолета Ачковска која во своето обраќање зборуваше за Македонците од Егејска Македонија и граѓанската војна во Грција 1946-1949 година.

The post Македонците во Албанија го одбележаа Денот на сесловенските просветители, светите браќа Кирил и Методиј appeared first on Република.

]]>

Во организација на Македонска алијанса за европска интеграција, МАЕИ, а во соработка со здруженијата на Македонците со потекло од Егејска Македонија, денеска им беше оддадена почит на семакедонските и сесловенските просветители, светите браќа Кирил и Методиј, за нивното големо дело, ширењето на словенската писменост. На настанот, што се одржа во Музејот „Стерјо Спасе“ во село Глобочани, претседателот на партијата Васил Стерјовски оцени дека солунските браќа се исклучителни личности, чие дело во ширењето на словенската писменост останува фундамент во нашата култура и образование.
-Македонците од Албанија, сме горди наследници на нивната мисија, продолжувајќи да гo чуваме и негуваме македонскиот јазик, култура и традиции. Ова манифестација е одраз на нашата заедничка решеност да го зајакнеме и сочуваме македонскиот идентитет преку границите, рече тој.
Исто така, додаде, не можеме да останеме неми на историските настани кои ги обележаа Македонците од Егејскиот дел на Македонија. Нивната борба и страдања, нагласи тој, особено за време на граѓанската војна во Грција 1946-1949 година, оставија длабоки рани. Поддршката на насилно прогонетите Македонци од Егејскиот дел на Македонија и на секоја иницијатива за враќање на нивните права е израз на нашата солидарност и обврска кон правдата.
-Сакам да ја искористам оваа прилика, за да потенцирам дека историјата не треба да се заборави и треба активно да се работи за тоа таквите горчливи периоди никогаш повеќе да не се повторат. Нека овој настан биде уште еден чекор кон засилување на врските и меѓусебното разбирање меѓу сите Македонци. Нека е честит и за многу години денот на македонските и сесловенските просветители, посака Стерјовски.
На свеченоста присуствуваа заменик градоначалникот на општина Пустец, Атанас Плоча, отец Алексо Темелко, како и претставници на училиштата и други гости. Присутните ги поздравија и Ташко Јовановски претседател на Здружението за духовно обединување Сетинци, Попадинци и Крушоради од Лерин во Македонија, професорката Нада Јурукова која зборуваше за животот и делото на светите браќа Кирил и Методиј, како и професорката Виолета Ачковска која во своето обраќање зборуваше за Македонците од Егејска Македонија и граѓанската војна во Грција 1946-1949 година.

The post Македонците во Албанија го одбележаа Денот на сесловенските просветители, светите браќа Кирил и Методиј appeared first on Република.

]]>
Македонците во Брисел и Луксембург го одбележаа Велигден https://republika.mk/vesti/makedonija/makedontsite-vo-brisel-i-luksemburg-go-odbelezhaa-veligden/ Sun, 05 May 2024 15:45:03 +0000 https://republika.mk/?p=774551

Стотина македонски верници синоќа го одбележаа Христовото воскресение со присуство на Велигденската литургија во „Капелата за Европа“ во Брисел.

Литургијата ја организираше Црковниот одбор на Македонската православна црква „Св. Пророк Илија“ од Брисел.

Со литургијата богослужеше свештеникот на Македонската православна црква - Охридска Архиепископија, отец Жарко Ѓориевски.

Денеска, пак, во организација на Црковниот одбор на Македонската православна црква „Св. Апостол Тома“ од Луксембург ќе биде богослужена Велигденска литургија и во луксембуршката Православна катедрала „Св. Никола“ во Луксембург.

И со оваа литургија ќе богослужи со отецот Жарко Ѓориевски, кој од страна на Европската епархија на МПЦ-ОА е назначен за одговорен свештеник за активностите на Црквата во Белгија и Луксембург.

 

The post Македонците во Брисел и Луксембург го одбележаа Велигден appeared first on Република.

]]>

Стотина македонски верници синоќа го одбележаа Христовото воскресение со присуство на Велигденската литургија во „Капелата за Европа“ во Брисел. Литургијата ја организираше Црковниот одбор на Македонската православна црква „Св. Пророк Илија“ од Брисел. Со литургијата богослужеше свештеникот на Македонската православна црква - Охридска Архиепископија, отец Жарко Ѓориевски. Денеска, пак, во организација на Црковниот одбор на Македонската православна црква „Св. Апостол Тома“ од Луксембург ќе биде богослужена Велигденска литургија и во луксембуршката Православна катедрала „Св. Никола“ во Луксембург. И со оваа литургија ќе богослужи со отецот Жарко Ѓориевски, кој од страна на Европската епархија на МПЦ-ОА е назначен за одговорен свештеник за активностите на Црквата во Белгија и Луксембург.  

The post Македонците во Брисел и Луксембург го одбележаа Велигден appeared first on Република.

]]>
Македонските државјани во Србија гласаат на претседателските избори https://republika.mk/vesti/balkan/makedonskite-drzhavjani-vo-srbija-glasaat-na-pretsedatelskite-izbori/ Tue, 23 Apr 2024 12:00:18 +0000 https://republika.mk/?p=769733

Македонските државјани во Србија денеска гласаaт на претседателските избори. 31 граѓанин, запишани во посебниот извод на Избирачкиот список во македонската амбасада во Белград, од 07.00 до 19.00 часот го остваруваат своето граѓанско право за избор на нов претседател на државата, јави дописникот на МИА од Белград.

Гласањето на Избачкото место 5025 тече нормално, отворено е изутрина во 07 часот согласно законските прописи, а ќе се затвори во 19 часот. На ова избирачко место пријавени се 31 гласачи, изјави Емрије Мустафи, заменик претседател на ИО на Избирачко место бр. 5025 во Белград.

Македонските државјани во Србија и во дијаспората по трет пат гласаат на претседателските избори. Најмногу пријавени за гласање во Белград имаше на Претседателските избори во 2014 година кога гласаа 421 граѓанин. Во 2019 година имаше запишано 60 граѓани, а денес 31 граѓанин беа запишани во избирачкиот список во Македонската амбасада во Белград.

Од новиот претседател очекувам помош и подршка, заедно со Владата и Собранието да се донесе нов закон за дијаспората да може електронски граѓаните да се пријават и електронски да гласаат, изјави по гласањето Славе Груевски од Горњи Милановац.

Според изборните правила, гласачите со нивни податоци и фотографија во избирачкиот список на прстот беа обележани со невидлив УВ спреј, а пред влегувањето во просторијата беа проверувани со УВ-лампа. Можеше да се гласа, според изборните правила со новите пасоши и со лични карти со старото име на државата и неистечен рок на важност.

Македонците од Србија и од целата дијаспора можат да гласаат само на Претседатеслките избори, но не и на парламентарните избори, поради недоволен број на пријавени гласачи.

The post Македонските државјани во Србија гласаат на претседателските избори appeared first on Република.

]]>

Македонските државјани во Србија денеска гласаaт на претседателските избори. 31 граѓанин, запишани во посебниот извод на Избирачкиот список во македонската амбасада во Белград, од 07.00 до 19.00 часот го остваруваат своето граѓанско право за избор на нов претседател на државата, јави дописникот на МИА од Белград. Гласањето на Избачкото место 5025 тече нормално, отворено е изутрина во 07 часот согласно законските прописи, а ќе се затвори во 19 часот. На ова избирачко место пријавени се 31 гласачи, изјави Емрије Мустафи, заменик претседател на ИО на Избирачко место бр. 5025 во Белград. Македонските државјани во Србија и во дијаспората по трет пат гласаат на претседателските избори. Најмногу пријавени за гласање во Белград имаше на Претседателските избори во 2014 година кога гласаа 421 граѓанин. Во 2019 година имаше запишано 60 граѓани, а денес 31 граѓанин беа запишани во избирачкиот список во Македонската амбасада во Белград. Од новиот претседател очекувам помош и подршка, заедно со Владата и Собранието да се донесе нов закон за дијаспората да може електронски граѓаните да се пријават и електронски да гласаат, изјави по гласањето Славе Груевски од Горњи Милановац. Според изборните правила, гласачите со нивни податоци и фотографија во избирачкиот список на прстот беа обележани со невидлив УВ спреј, а пред влегувањето во просторијата беа проверувани со УВ-лампа. Можеше да се гласа, според изборните правила со новите пасоши и со лични карти со старото име на државата и неистечен рок на важност. Македонците од Србија и од целата дијаспора можат да гласаат само на Претседатеслките избори, но не и на парламентарните избори, поради недоволен број на пријавени гласачи.

The post Македонските државјани во Србија гласаат на претседателските избори appeared first on Република.

]]>
11 повредени македонски државјани во сообраќајната несреќа во Италија пуштени се дома, хируршки ќе се интервенира само кај еден патник https://republika.mk/vesti/svet/11-povredeni-makedonski-drzhavjani-vo-soobrakajnata-nesreka-vo-italija-pushteni-se-doma-hirurshki-ke-se-intervenira-samo-kaj-eden-patnik/ Fri, 05 Apr 2024 11:02:46 +0000 https://republika.mk/?p=762618

Во врска со вчерашната сообраќајка во Италија, Министерството за надворешни работи преку Амбасадата во Рим доби информации дека по соодветна лекарска помош за добиените лесни повреди во болница во градот Сан Бенедето дел Тронто 11 патници, државјани на Македонија во текот на вчерашниот ден беа пуштени дома во добра здравствена состојба.

Додека 12-тиот патник, наш државјанин се наоѓа во болница во Анкона, каде што во текот на денешниот ден ќе има хируршка интервенција за добиените повреди во нога и рака.

Министерството преку Амбасадата во Рим останува во континуирана комуникација со надлежните италијански институции, кои работат на целосно расчистување на случајот.

The post 11 повредени македонски државјани во сообраќајната несреќа во Италија пуштени се дома, хируршки ќе се интервенира само кај еден патник appeared first on Република.

]]>

Во врска со вчерашната сообраќајка во Италија, Министерството за надворешни работи преку Амбасадата во Рим доби информации дека по соодветна лекарска помош за добиените лесни повреди во болница во градот Сан Бенедето дел Тронто 11 патници, државјани на Македонија во текот на вчерашниот ден беа пуштени дома во добра здравствена состојба. Додека 12-тиот патник, наш државјанин се наоѓа во болница во Анкона, каде што во текот на денешниот ден ќе има хируршка интервенција за добиените повреди во нога и рака. Министерството преку Амбасадата во Рим останува во континуирана комуникација со надлежните италијански институции, кои работат на целосно расчистување на случајот.

The post 11 повредени македонски државјани во сообраќајната несреќа во Италија пуштени се дома, хируршки ќе се интервенира само кај еден патник appeared first on Република.

]]>
Македонците од денеска кираџии во сопствената држава, коментираат српските медиуми https://republika.mk/vesti/makedonija/makedontsite-od-deneska-kiradhii-vo-sopstvenata-drzhava-komentiraat-srpskite-mediumi/ Sun, 28 Jan 2024 17:12:04 +0000 https://republika.mk/?p=737854

Медиумите од регионот пишуваат за изборот на Талат Џафери за прв премиер Албанец. „Новости“ пишува дека Македонците од денеска се кираџии во сопствената држава, пренесувајќи ја и пораката од пратеникот Антонио Милошоски дека „Џафери не може да биде добар премиер“.

Српска „Република“ пишува дека Македонија доби за прв пат премиер Албанец, кој е еден од водачите на УЧК во 2001 година.


„Вести онлајн“ пренесува анализа за случувањата во Македонија и што ќе ја очекува земјата во следниот период по изборите.

Бугарската телевизија „БТВ“ пишува дека Македонија го доби првиот премиер кој е етнички Албанец.

Грчките медиуми исто така ја пренесуваат информацијата дека Талат Џафери е избран за привремен премиер во Македонија.

 

The post Македонците од денеска кираџии во сопствената држава, коментираат српските медиуми appeared first on Република.

]]>

Медиумите од регионот пишуваат за изборот на Талат Џафери за прв премиер Албанец. „Новости“ пишува дека Македонците од денеска се кираџии во сопствената држава, пренесувајќи ја и пораката од пратеникот Антонио Милошоски дека „Џафери не може да биде добар премиер“. Српска „Република“ пишува дека Македонија доби за прв пат премиер Албанец, кој е еден од водачите на УЧК во 2001 година. „Вести онлајн“ пренесува анализа за случувањата во Македонија и што ќе ја очекува земјата во следниот период по изборите. Бугарската телевизија „БТВ“ пишува дека Македонија го доби првиот премиер кој е етнички Албанец. Грчките медиуми исто така ја пренесуваат информацијата дека Талат Џафери е избран за привремен премиер во Македонија.  

The post Македонците од денеска кираџии во сопствената држава, коментираат српските медиуми appeared first on Република.

]]>
Македонците од Пустец на протест, бараат огревно дрво https://republika.mk/vesti/makedonija/makedontsite-od-pustets-na-protest-baraat-ogrevno-drvo/ Sun, 19 Nov 2023 13:58:57 +0000 https://republika.mk/?p=703197

Македонците од општина Пустец годинава не можат да обезбедат огревно дрво. Порано ги обезбедуваше општината во договор со Националната агенција за заштитени подрачја, но сега тоа истата не го дозволува, јави весникот „Македониум“.

Револтот тие го искажале на протест пред општина Пустец, на денот кога се очекувала посетата на директорката на Националната агенција за заштитени подрачја, но таа ја откажала посетата, а жителите биле примени од градоначалникот Пали Колефски.

Ги поддржувам жителите во нивното барање за снабдување со огревно дрва бидејќи тоа е елементарно право. Ние сме планинска област и огревното дрво е незаменливо. Општината од мај направи список на жители за тоа колку огревно дрво ќе им треба за зимата. Барањето го доставивме до Агенцијата за заштитени подрачја. Сметавме дека ќе се реши како и претходните години, изјавил Колефски.

Според него, во изминатите години ова прашање го решавале во договор со Агенција, која прави маркирање на дрвата што може да се сечат, бидејќи станува збор за заштитено подрачје.

Сакаме да одиме да ги купиме дрвата како и досега, но ништо, изјавил Цветко Китани, претседател на месната заедница на село Леска.

Станува збор за околу 800 семејства за кои се потребни до осум илјади кубни метри огревно дрво. Општината чека дозвола од Националната агенција за заштитени подрачја за спроведување на договорот, бидејќи целата територија на општината има статус на национален парк „Преспа”.

The post Македонците од Пустец на протест, бараат огревно дрво appeared first on Република.

]]>

Македонците од општина Пустец годинава не можат да обезбедат огревно дрво. Порано ги обезбедуваше општината во договор со Националната агенција за заштитени подрачја, но сега тоа истата не го дозволува, јави весникот „Македониум“. Револтот тие го искажале на протест пред општина Пустец, на денот кога се очекувала посетата на директорката на Националната агенција за заштитени подрачја, но таа ја откажала посетата, а жителите биле примени од градоначалникот Пали Колефски.
Ги поддржувам жителите во нивното барање за снабдување со огревно дрва бидејќи тоа е елементарно право. Ние сме планинска област и огревното дрво е незаменливо. Општината од мај направи список на жители за тоа колку огревно дрво ќе им треба за зимата. Барањето го доставивме до Агенцијата за заштитени подрачја. Сметавме дека ќе се реши како и претходните години, изјавил Колефски.
Според него, во изминатите години ова прашање го решавале во договор со Агенција, која прави маркирање на дрвата што може да се сечат, бидејќи станува збор за заштитено подрачје.
Сакаме да одиме да ги купиме дрвата како и досега, но ништо, изјавил Цветко Китани, претседател на месната заедница на село Леска.
Станува збор за околу 800 семејства за кои се потребни до осум илјади кубни метри огревно дрво. Општината чека дозвола од Националната агенција за заштитени подрачја за спроведување на договорот, бидејќи целата територија на општината има статус на национален парк „Преспа”.

The post Македонците од Пустец на протест, бараат огревно дрво appeared first on Република.

]]>
Николоски од Стразбур: Во борба за Македонија и правата на Македонците https://republika.mk/vesti/makedonija/nikoloski-od-strazbur-vo-borba-za-makedonija-i-pravata-na-makedontsite/ Tue, 10 Oct 2023 16:24:46 +0000 https://republika.mk/?p=689973

Пратеникот и потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски учествува на сесијата на Парламентарното собрание на Совет на Европа (ПССЕ).

Во Совет на Европа во Стразбур во борба за Македонија и правата на Македонците.

Помеѓу другото ќе зборуваме и за:

- масовното следење на комуникации со малициозен софтвер како Пегасус и Предатор, како и сомнежите за следење на раководството на ВМРО - ДПМНЕ од страна на власта на СДСМ и ДУИ.

- предизвиците на екстремно десната идеологија и загрозувањето на правата на Македонците во Бугарија и во Албанија како резултат на оваа идеологија.

Секогаш за Македонија!, истакна Николоски.

The post Николоски од Стразбур: Во борба за Македонија и правата на Македонците appeared first on Република.

]]>

Пратеникот и потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски учествува на сесијата на Парламентарното собрание на Совет на Европа (ПССЕ).
Во Совет на Европа во Стразбур во борба за Македонија и правата на Македонците. Помеѓу другото ќе зборуваме и за: - масовното следење на комуникации со малициозен софтвер како Пегасус и Предатор, како и сомнежите за следење на раководството на ВМРО - ДПМНЕ од страна на власта на СДСМ и ДУИ. - предизвиците на екстремно десната идеологија и загрозувањето на правата на Македонците во Бугарија и во Албанија како резултат на оваа идеологија. Секогаш за Македонија!, истакна Николоски.

The post Николоски од Стразбур: Во борба за Македонија и правата на Македонците appeared first on Република.

]]>