македон димитриевски Archives - Република https://republika.mk/tema/makedon-dimitrievski/ За подобро да се разбереме Fri, 02 Sep 2022 21:57:40 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png македон димитриевски Archives - Република https://republika.mk/tema/makedon-dimitrievski/ 32 32 Сè беше фарса и сликање, добивме едно големо ништо од државата, вели таткото на генијот Македон https://republika.mk/vesti/makedonija/se-beshe-farsa-i-slikanje-dobivme-edno-golemo-nishto-od-drzavata-veli-tatkoto-na-genijot-makedon/ Fri, 02 Sep 2022 10:30:42 +0000 https://republika.mk/?p=546706

Денеска покрај медалот по математика добивме и голем пораз од државата, вели таткото на малиот гениј Македон, Владимир Димитровски.

Пред неколку месеци кога Македон ги освои првите златни медали по математика бевме повикани во Министерството за образование на прием кај министерот. Таму бевме дочекани со сите почести многу сликање, поклони ранец и книги за Македон и најважното многу ветувања.

  • прво дека ке се среќаваме еднаш месечно за да видиме како напредува Македон и на кој начин тоа да се артикулира

  • беше ветено од страна на министерот дека ќе стапи во контакт со сите големи амбасади за да и они помогнат во процесот на едукација на Македон

  • дека ќе се формира комисија што ќе направи програма за надарени деца за да може во иднина да ги едуцира овие деца.

  • ни беше кажано дека има потенцијални спонзори кои сакаат да останат анонимни да финансираат неограницени средства во школувањето на Македон, открива Димитровски.

Сега, додава тој, после неколку месеци, покрај многу повици од наша страна до истото тоа министерство конечно ни кажуваат дека сето тоа било една голема фарса и дека од сето тоа што го ветиле нема ништо.

Ни кажаа дека амбасадите не можеле да ги контактираат на соодветно ниво туку во неформални контакти биле незаинтересирани, дека спонзорите одеднаш станаа незаинтересирани, а државата не може да инвестира во ваков тип на образование. Со еден збор добивме едно големо НИШТО на денот кога Македон го доби третиот медал по математика замислите на светско ниво. Што треба едно дете со таков IQ и со такви успеси да направи за да добие поддршка од државата? За сега една големо „0”, напиша Владимир на својот Фејсбук профил.

The post Сè беше фарса и сликање, добивме едно големо ништо од државата, вели таткото на генијот Македон appeared first on Република.

]]>

Претседателот го запозна генијалецот Македон Димитриевски https://republika.mk/zivot/kariera/pretsedatelot-go-zapozna-genijalecot-makedon-dimitrievski/ Thu, 19 May 2022 10:48:09 +0000 https://republika.mk/?p=504306

Претседателот Стево Пендаровски денеска го прими Македон Димитриевски, ученик во второ одделение во ОУ „Лирија“ од Тетово, кој поседува натпросечна интелигенција.

Во разговорот со Македон, претседателот беше запознаен со афинитетите, интересите, досегашните успеси, вештини и знаења кои ги поседува седумгодишниот ученик, како и со неговите желби и предизвици во иднина.

Тој истакна дека му претставува особена чест што има можност да го запознае малиот генијалец, со кој се гордее нашата држава и да го охрабри и поддржи неговиот иден севкупен развој.

„Овие ученици се од посебен интерес за нашето општество и заслужуваат максимална посветеност од страна на државата“, рече претседателот на средбата, посочувајќи дека е неопходно институциите да создадат стимулативна средина која ќе го поддржи, поттикне и насочи развојот на децата со натпросечна интелигенција. „Надарените и талентирани ученици имаат комплексни образовни потреби, што претставува посебен предизвик за образовниот систем и ја наметнува потребата од индивидуализирани програми адаптирани на надарените ученици“, додаде претседателот Пендаровски.

Претседателот му честиташе на Македон за освоениот златен медал на натпреварот „Математика без граници“, во конкуренција на 4000 учесници од 22 земји од светот, и му посака уште многу успеси во иднина.

Македон поседува коефициент на интелигенција 134, говори повеќе странски јазици меѓу кои арапски и кинески, одлично ја усовршил астрономијата, а во фокусот на неговиот постојан интерес е математиката каде поседува знаење соодветно за средно образование.

The post Претседателот го запозна генијалецот Македон Димитриевски appeared first on Република.

]]>

Претседателот Стево Пендаровски денеска го прими Македон Димитриевски, ученик во второ одделение во ОУ „Лирија“ од Тетово, кој поседува натпросечна интелигенција. Во разговорот со Македон, претседателот беше запознаен со афинитетите, интересите, досегашните успеси, вештини и знаења кои ги поседува седумгодишниот ученик, како и со неговите желби и предизвици во иднина. Тој истакна дека му претставува особена чест што има можност да го запознае малиот генијалец, со кој се гордее нашата држава и да го охрабри и поддржи неговиот иден севкупен развој. „Овие ученици се од посебен интерес за нашето општество и заслужуваат максимална посветеност од страна на државата“, рече претседателот на средбата, посочувајќи дека е неопходно институциите да создадат стимулативна средина која ќе го поддржи, поттикне и насочи развојот на децата со натпросечна интелигенција. „Надарените и талентирани ученици имаат комплексни образовни потреби, што претставува посебен предизвик за образовниот систем и ја наметнува потребата од индивидуализирани програми адаптирани на надарените ученици“, додаде претседателот Пендаровски. Претседателот му честиташе на Македон за освоениот златен медал на натпреварот „Математика без граници“, во конкуренција на 4000 учесници од 22 земји од светот, и му посака уште многу успеси во иднина. Македон поседува коефициент на интелигенција 134, говори повеќе странски јазици меѓу кои арапски и кинески, одлично ја усовршил астрономијата, а во фокусот на неговиот постојан интерес е математиката каде поседува знаење соодветно за средно образование.

The post Претседателот го запозна генијалецот Македон Димитриевски appeared first on Република.

]]>