МакеДокс Archives - Република https://republika.mk/tema/makedoks/ За подобро да се разбереме Fri, 23 Aug 2024 11:27:48 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png МакеДокс Archives - Република https://republika.mk/tema/makedoks/ 32 32 „Агент на среќата“, „Баломанија“, „Алое, фикус, авокадо и шест драцени“ и „Кикс“ наградени на „МакеДокс“, посебно признание за „Молкот на разумот“ https://republika.mk/scena/film/agent-na-srekata-balomanija-aloe-fikus-avokado-i-shest-dratseni-i-kiks-nagradeni-na-makedoks-posebno-priznanie-za-molkot-na-razumot/ Fri, 23 Aug 2024 10:36:54 +0000 https://republika.mk/?p=809405

Јубилејното 15. издание на фестивалот на креативен документарен филм „МакеДокс“ заврши на 22 август со објава и доделување на наградите „Кромид“, „Млад кромид“, „Сечкан кромид“, „Кокарче“ и Наградата за најдобри етички идеи. На последната вечер се одржа и македонската премиера на долгометражниот документарен филм „Патување пеш“ („The Walk“) на македонската режисерка Тамара Котевска, а по проекцијата се одржа уникатен концерт со музика од филмот во изведба на пијанистот и композитор Дуке Бојаџиев и неговиот ансамбл.

Комисијата за наградата „Кромид“ за најдобар долгометражен документарен филм беше во состав Кјара Либерти, Надја Тенштет и Владан Петковиќ. Наградата ја доби документарниот филм „Агент на среќата“ на Доротја Зурбо и Арун Бхатараи.

- Наградата „Кромид“ ја доделуваме на еден редок филм кој на возбудлив начин ги комбинира личното и политичкото предизвикувајќи моќни ефекти. Лесно се поврзуваме со главниот јунак благодарение на природата на неговата ситуација, и неговата особено допадлива личност која со љубов е прикажана на начин кој речиси потсетува на лик од фиктивен филм. Токму тоа е она што ја претвора навидум локалната приказна во универзална. Режисерите им посветуваат на страничните протагонисти неочекувано внимание кое изненадува позитивно и го проширува и продлабочува опсегот на филмот, откривајќи ја темната страна на оваа убаво снимена и паметно измонтирана филмска приказна – образложи жирито.

Посебно признание во оваа категорија доби филмот „Молкот на разумот“ на филмската авторка Кумјана Новакова.

- Решивме да дадеме посебно признание на филмот кој во никој случај не е послаб од главниот победник, но имаше фантастичен фестивалски тек со многу награди, а сега го слави своето импресивно фестивалско патување овде во Скопје. Исто така, моравме да споменеме едно толку моќно филмско дело со револуционерна употреба на архива, каде што недостатоците на снимката се претвораат во предности. Концептот и контекстот во кои филмот ја раскажува поразителната и неверојатно важна приказна се создадени низ прецизна и извонредна монтажа. Делумно како политичка и историска археологија, но и како истражување на длабоко лични рани, филмот им дава глас на жените кои претрпеле незамисливи ужаси – објасни жирито.

За наградата „Млад кромид“ од селекцијата „Нови автори“ одлучуваше комисијата во состав Маел Генег, Игор Анѓелков и Ваутер Јансен. Наградата ја доби „Баломанија“ на Сисел Морел Даргис.

- Решивме да наградиме филм кој ни дава увид во подземниот свет за кој досега не сме слушнале, а преку уникатниот пристап на режисерот ја добивме привилегијата да влеземе во животот на протагонистите. Портрет на тоа како обичните луѓе ја гледаат и ценат уметноста и ја слават радоста на животот со сите свои борби. Филмот одржува силен ритам и тек на раскажувањето, а наративот ве држи залепени за екранот, чекајќи да полета последниот џиновски балон – образложи жирито.

Жирито за наградата „Сечкан кромид“ за најдобар краток документарен филм беше во состав Инеке Смитс, Иева Убеле и Мартина Дроанди, а наградата ја доби францускиот документарец „Диви“ на Леонор Мерсиер со образложение: „Овој филм прекрасно ја доловува суровоста на традицијата преку гледиштата и стравот на засегнатите. Приказната се развива чекор по чекор, преку добро изработени кинематографски средства, и по слика и по звук.“

За наградата „Кокарче“ за најдобар студентски документарен филм одлучуваше комисијата во состав Јустина Грачнер Ботоњиќ, Ива Росандиќ и Јована Ѓорѓиовска. Наградата ја доби „Алое, фикус, авокадо и шест драцени“ на Марта Смеречинска.

- Филмот на Марта Смеречинска ги кани гледачите да размислуваат што им се случува на материјалните нешта кои ги поседуваме, кога се селиме од точка А до точка Б. Нашето постоење е често кондензирано во кутии полни со вредни предмети, но овие материјални архиви подобро ќе ги разбереме преку нашите основни вредности и влијанието кое го имаме врз другите околу нас. Копањето низ нашите емоции низ времето е важно интроспективно искуство кое ни дозволува да се подумаме за постојаната промена низ која сите проаѓаме, без разлика на тоа каде се нашите корени – стои во образложението на жирито за наградата „Кокарче“.

Одлуката за Наградата за филм со најдобри етички идеи на 15. „МакеДокс“ ја донесе комисијата во состав Себастијан Кајзер, Драгомир Зупанц и Искра Гешоска.

- Жирито кое ја доделува Наградата за најдобри етички идеи го избра „Кикс“ на Давид Микулан и Балин Ревез како најдобар филм. Зошто? Бидејќи „Кикс“ е фантастичен филм во генералната филмска смисла. Почнува со анти-драматургија и стотици резови во првите минути, уловувајќи ја уличната атмосфера. Улицата е претставена преку начините на кои функционираат и реагираат мозокот и телото - со 100 асоцијации и спонтани чувства. Голем број на отпадници се наоѓаат во непосредното истражување на градот, како и главниот протагонист, кој е дете кое камерата го следи 12 години. Го избравме филмот во категоријата „најдобри етички идеи“ бидејќи овој документарец ги прикажува своите протагонисти без да морализира. Протагонистот Сањи одбива да биде надвладеан од каква било моќ и не му е гајле за ништо. Филмот ги следи него и неговото семејство, прикажувајќи ја неговата убавина, сила, сомнежи и љубов. Како публика, јасно ни е дека се соочуваме со најниското ниво на прекаријат. Но филмот никогаш не го осудува тоа. Го гледаме човечкиот сон на детето, неговите надежи и борбата, кои се отворени како нашите животи. Може, но не мора, да заврши како целосна катастрофа или со криминал. Силата и моралната вредност на филмот ги вклучуваат протагонситите директно во светот во кој живееме и за кој имаме одговорност. И тоа е она што ги прави тие луѓе видливи и ги придобива назад во нашата имагинација, како луѓе кои испаднале од доминантните структури на моќ – образложи жирито.

Во рамки на индустрискиот сегмент МакеКоПроДокс форум на 15. „МакеДокс“ награди добија пет проекти во развој. Проектот „Where I end and You begin“ ја доби наградата на „ДоксБарселона“, „Colors in my eye“ доби награда од „ДОК.фест Минхен“, „Breath under the sun“ освои награда од ФИПАДОЦ, проектот „Florence“ доби награда од Документарната асоцијација на Европа (ДАЕ), а „Moving Sisters“ доби награда од „Dysflims“. Насловите на проектите се на англиски јазик бидејќи тоа беше работен јазик на МакеКоПроДокс форумот.

Јубилејното 15-то издание на Фестивалот на креативен документарен филм „МакеДокс“ со мото „Копање емоции низ времето“ се одржа од 15 до 22 август во Куршумли ан, Музеј на Македонија, Сули ан, МКЦ и „Лабораториум“ во Скопје. На фестивалот беа прикажани 92 документарни остварувања и присуствуваа над 100 гости – филмски автори, продуценти, студенти и професионалци од светот на документарниот филм.

The post „Агент на среќата“, „Баломанија“, „Алое, фикус, авокадо и шест драцени“ и „Кикс“ наградени на „МакеДокс“, посебно признание за „Молкот на разумот“ appeared first on Република.

]]>

Распродадени се билетите за „Помеѓу нежноста и насилството“ и „Патување пеш“ со кои вечерва во Куршумли ан се затвора 15-от „МакеДокс“ https://republika.mk/vesti/kultura/rasprodadeni-se-biletite-za-pomegu-nezhnosta-i-nasilstvoto-i-patuvane-pesh-so-koi-vecherva-vo-kurshumli-an-se-zatvora-15-ot-makedoks/ Thu, 22 Aug 2024 13:02:13 +0000 https://republika.mk/?p=809094

Распродадени се билетите за турскиот краток документарен филм „Помеѓу нежноста и насилството“ на Ширин Бахар Демирел и „Патување пеш“ на македонската режисерка Тамара Котевска со чии филмови се спушта завесата на 15. издание на Фестивалот на креативен документарен филм „МакеДокс“ во Куршумли ан во Скопје, соопшти организаторот.

Последниот ден на јубилејното 15. издание „МакеДокс“, на 22 август, ќе почне со објавата и доделувањето на наградите „Кромид“, „Млад кромид“, „Сечкан кромид“, „Кокарче“ и Наградата за најдобри етички идеи. Врачувањето на наградите ќе се одржи од 20.30 часот, во Куршумли ан, а потоа следат проекциитте на двата филма.

Во рамки на филмската програма, по доделувањето на наградите, ќе се одржи македонската премиера на долгометражниот документарен филм „Патување пеш“ („The Walk“) на македонската режисерка Тамара Котевска. Филмот веќе ја воодушеви светската публика на бројни фестивали, а сега доаѓа и во Скопје.

Документарниот филм „Патување пеш“ го следи патувањето на Амал, џиновска кукла висока 3,5 метри, млада бегалка што патува преку сириската граница во Турција, низ Европа, во обид да си најде дом. Тоа е филм за детската невиност и моќта на имагинацијата во време на криза. Раскажувајќи ја одисејата на Амал, преку два континента, ја пренесува судбината на бегалците низ цел свет. Филмот се снимаше две години на територија на повеќе од 10 земји.

Главен продуцент на филмот „Патување пеш“ е една од најнаградуваните британски филмски компании со фокус на документарни филмови, „Греин Медиа“ (Grain Media), македонски копродуцент е „ОХО Продукција“, a филмот е поддржан и од македонската Агенција за филм. Во филмот учествуваат и актерите Фидаа Зидан од Палестина и Муајад Моин од Сирија, кои ја делат истата судбина како огромен број бегалци кои изгубиле сè, вклучувајќи ги своите домови и фамилии, но продолжуваат да бараат засолниште.

По премиерата на „Патување пеш“ на Тамар Котевска ќе следи уникатно осмислен концерт на Дуке Бојаџиев инспириран од филмот. Концертот е поддржан од УНХЦР - Агенцијата на ОН за бегалци. Дуке Бојаџиев е македонски композитор на филмска музика и пијанист. Низ неговата интернационална кариера во светот на филмската музика има соработувано со добитници на Оскар, како Џонатан Деми и Данис Тановиќ, како и со режисерите Тамара Котевска, Рајко Грлиќ и Столе Попов.

Филмска програма на 22 август ќе има и на Плато пред Музејот на Македонија, каде во 20 часот ќе биде прикажан документарниот филм „Мојата украдена планета“ (Германија / 2024 / 82 мин.) на Фарахназ Шарифи, додека во терминот од 22.30 часот се проекциите на краткиот филм „Помпеја“ (Шпанија / 2023 / 10 мин.) на Марија Кастан де Мигуел и долгометражниот „Да славиме довека“ (Словенија, Италија, Полска, Србија, Австрија / 2024 / 87 мин.) на Маја Доротеја Предлог, кои поради технички проблеми не беа прикажани синоќа.

The post Распродадени се билетите за „Помеѓу нежноста и насилството“ и „Патување пеш“ со кои вечерва во Куршумли ан се затвора 15-от „МакеДокс“ appeared first on Република.

]]>

Распродадени се билетите за турскиот краток документарен филм „Помеѓу нежноста и насилството“ на Ширин Бахар Демирел и „Патување пеш“ на македонската режисерка Тамара Котевска со чии филмови се спушта завесата на 15. издание на Фестивалот на креативен документарен филм „МакеДокс“ во Куршумли ан во Скопје, соопшти организаторот. Последниот ден на јубилејното 15. издание „МакеДокс“, на 22 август, ќе почне со објавата и доделувањето на наградите „Кромид“, „Млад кромид“, „Сечкан кромид“, „Кокарче“ и Наградата за најдобри етички идеи. Врачувањето на наградите ќе се одржи од 20.30 часот, во Куршумли ан, а потоа следат проекциитте на двата филма. Во рамки на филмската програма, по доделувањето на наградите, ќе се одржи македонската премиера на долгометражниот документарен филм „Патување пеш“ („The Walk“) на македонската режисерка Тамара Котевска. Филмот веќе ја воодушеви светската публика на бројни фестивали, а сега доаѓа и во Скопје. Документарниот филм „Патување пеш“ го следи патувањето на Амал, џиновска кукла висока 3,5 метри, млада бегалка што патува преку сириската граница во Турција, низ Европа, во обид да си најде дом. Тоа е филм за детската невиност и моќта на имагинацијата во време на криза. Раскажувајќи ја одисејата на Амал, преку два континента, ја пренесува судбината на бегалците низ цел свет. Филмот се снимаше две години на територија на повеќе од 10 земји. Главен продуцент на филмот „Патување пеш“ е една од најнаградуваните британски филмски компании со фокус на документарни филмови, „Греин Медиа“ (Grain Media), македонски копродуцент е „ОХО Продукција“, a филмот е поддржан и од македонската Агенција за филм. Во филмот учествуваат и актерите Фидаа Зидан од Палестина и Муајад Моин од Сирија, кои ја делат истата судбина како огромен број бегалци кои изгубиле сè, вклучувајќи ги своите домови и фамилии, но продолжуваат да бараат засолниште. По премиерата на „Патување пеш“ на Тамар Котевска ќе следи уникатно осмислен концерт на Дуке Бојаџиев инспириран од филмот. Концертот е поддржан од УНХЦР - Агенцијата на ОН за бегалци. Дуке Бојаџиев е македонски композитор на филмска музика и пијанист. Низ неговата интернационална кариера во светот на филмската музика има соработувано со добитници на Оскар, како Џонатан Деми и Данис Тановиќ, како и со режисерите Тамара Котевска, Рајко Грлиќ и Столе Попов. Филмска програма на 22 август ќе има и на Плато пред Музејот на Македонија, каде во 20 часот ќе биде прикажан документарниот филм „Мојата украдена планета“ (Германија / 2024 / 82 мин.) на Фарахназ Шарифи, додека во терминот од 22.30 часот се проекциите на краткиот филм „Помпеја“ (Шпанија / 2023 / 10 мин.) на Марија Кастан де Мигуел и долгометражниот „Да славиме довека“ (Словенија, Италија, Полска, Србија, Австрија / 2024 / 87 мин.) на Маја Доротеја Предлог, кои поради технички проблеми не беа прикажани синоќа.  

The post Распродадени се билетите за „Помеѓу нежноста и насилството“ и „Патување пеш“ со кои вечерва во Куршумли ан се затвора 15-от „МакеДокс“ appeared first on Република.

]]>
Вечерва доделување на наградите на „МакеДокс“: 15 интернационални професионалци од документарниот филмски свет одлучуваат за наградите https://republika.mk/scena/film/vecherva-dodeluvane-na-nagradite-na-makedoks-15-internatsionalni-profesionaltsi-od-dokumentarniot-filmski-svet-odluchuvaat-za-nagradite/ Thu, 22 Aug 2024 08:03:02 +0000 https://republika.mk/?p=808810

Филмската програма на 15. „МакеДокс“ е распоредена во пет категории – Главна програма, Нови автори, Кратки документарни филмови, Студентски документарци и Програмата за деца и младинци.

На фестивалот ќе се доделат пет награди, „Кромид“, „Млад кромид“, „Сечкан кромид“, „Кокарче“ и Награда за најдобри етички идеи, а во комисиите за наградите членуваат 15 интернационални професионалци од документарниот филмски свет.

Комисијата за наградата „Кромид“ за најдобар долгометражен документарен филм е во состав Кјара Либерти, Надја Тенштет и Владан Петковиќ. Кјара Либерти работи како консултантка за дистрибуција и опфат на документарните филмови, а од 2022 година е коуметничка директорка на фестивалот „Биографилм“ во Болоња. Надја Тенштет е директорка на „ДОК индустри“ на „ДОК Лајпциг“. Работела во областите маркетинг, продажба и набавки во американските дистрибутерски компании „Цајтгајст филмс“ и „Мајлстон филмс“. По враќањето во Европа во 2011 година, работела за меѓународни филмски фестивали и пазари, како што се Филмскиот фестивал во Локарно и Европскиот филмски пазар (ЕФМ) на „Берлинале“. Владан Петковиќ е новинар, филмски критичар и фестивалски програмски уредник. Тој е новинар сениор во „Синеуропа“, дописник за териториите на поранешна Југославија во „Скрин интернешнл“, еден од уредниците на веб-страницата на Меѓународниот фестивал на документарни филмови – Амстердам (ИДФА) и тамошен програмски советник за кратки филмови.

За наградата „Млад кромид“ од селекцијата „Нови автори“ одлучува комисијата во состав Маел Генег, Игор Анѓелков и Ваутер Јансен. По работењето на разни филмски фестивали, Маел Генег започнува да работи во областа на меѓународната филмска дистрибуција, најпрво со „Поан ду жур“ и „Док и Ко“. Игор Анѓелков (1974) со медиско третирање на филмската уметност активно се занимава од 90-тите години на минатиот век преку рецензии во различни дневни, неделни и месечни весници, а потоа и како автор на филмската радиоемисија „Редрум“ на „Канал 103“, а веројатно најпрепознатлив е по филмскиот магазин „Филмополис“ на ТВ Телма. Бил член на жиријата на неколку домашни фестивали, а од 2019 година започнува и неговата активност како член на најстарото здружение на филмски критичари во светот, ФИПРЕСЦИ. Ваутер Јансен е основач на продажната компанија „Сквер ајс“, која претставува смели и авторски внимателно развиени долги и кратки филмови и која заедно со самите филмаџии развива стратегии за фестивалска дистрибуција и продажба на нивните филмови.

Жирито за наградата „Сечкан кромид“ за најдобар краток документарец е во состав Инеке Смитс, Иева Убеле и Мартина Дроанди. По дипломирањето фотографија и визуелна уметност, Инеке студира филмска режија и пишување сценарио на Националната школа за филм и телевизија во Англија, каде што и магистрира во 1994 година. Инеке е обучувачка и предавачка, која работи и како советник во разни фондови и организации. Живее и работи во Холандија и во Грузија, како продуцентка во компанијата за филмска продукција „Нуши филмс“ со седиште во Тбилиси. Иева Убеле има широко портфолио кое опфаќа продукција на документарни филмови со фокус на социјални и еколошки прашања. Од 2019 година, таа ја води својата продукциска куќа „Балтик балкан продакшнс“, посветена на продукција и копродукција на филмови со моќни лични наративи и општествени прашања. Мартина Дроанди е агентка за продажба на документарни филмови и ја основа „ДисФлимс“ (DysFlims), продажна компанија специјализирана за дистрибуција на документарни филмови. Магистрирала режија на документарен филм („ДокНомадс“) и дипломирала социјална антропологија и музика.

За наградата „Кокарче“ за најдобар студентски документарен филм одлучува комисијата во состав Јустина Грачнер Ботоњиќ, Ива Росандиќ и Јована Ѓорѓиовска. Јустина Грачнер Ботоњиќ веќе 13 години предава ТВ-продукција во Средното училиште за мултимедија и графичка технологија во Љубљана, а во последниве две години предава и аудиопродукција. Ива Росандиќ работи на неколку проекти во областа на културата, со фокус на филмската критика и филмската анализа. Во својата работа особено се интересира за националната и регионалната документарна сцена. Јована Ѓорѓиовска е критичарка, основачка и координаторка на „Гледај.мк“ – платформа за филмска и театарска критика основана во 2018 година, чиј главен фокус е развој на критичката мисла во областа на културата.

Наградата за филм со најдобри етички идеи на 15. „МакеДокс“ ќе ја објави комисијата во состав Себастијан Кајзер, Драгомир Зупанц и Искра Гешоска. Себастијан Кајзер е роден во источен Берлин и студирал култура и театар во Берлин, Лајпциг и Москва. Од 2008 до 2017 година бил драматург во Народниот театар во Берлин. Ги иницирал серијата разговори за иднината на Европа со Славој Жижек, Јанис Варуфакис, Едвард Сноуден, Жулијан Асанж и други. Драгомир Зупанц е роден во 1946 година во Љубљана. Во 1971 година дипломира ТВ и филмска режија на Факултетот за драмски уметности во Белград. Бил уредник на забавно-рекреативната програма на ТВ Црна Гора (1985 – 1990) и главен режисер на Радиотелевизија Србија од 1996 до 2010 година. Неговото работно искуство опфаќа реализација на бројни телевизиски програми и филмови, документарни филмови, како и многу ДВД и ВХС-изданија. Искра Гешоска е основачка и претседателка на Контрапункт – асоцијација за развој на критичка теорија, социо-културен активизам и современи уметнички практики. Уште од 1994 година е активна во градењето и зародишот на независниот културен сектор и современите самоорганизациски формати на дејствување во социо-културниот простор. Во 2016 година го основа КРИК – Фестивал за критичка култура и е извршна уредничка на програмата. Беше директорка на независниот културен центар „Точка“ од неговото формирање, па сѐ до неговото затворање (2002 – 2010), како и уредничка во издавачката куќа „Темплум“ и во списанието „Маргина“ во периодот од 1998 до 2008 година. До сега има објавено над 100 есеи, стручни трудови во сферата на критичката теорија, изведувачките уметности, визуелните уметности и културните политики. Во периодот од 2019 до 2024 беше надворешна соработничка и советничка за прашања од областа на културата на тогашниот претседател на Република Македонија, Стево Пендаровски.

Наградите на 15. „МакеДокс“ ќе бидат објавени и врачени на последната вечер, на 22 август, во 20 часот, во Куршумли ан.

The post Вечерва доделување на наградите на „МакеДокс“: 15 интернационални професионалци од документарниот филмски свет одлучуваат за наградите appeared first on Република.

]]>

Филмската програма на 15. „МакеДокс“ е распоредена во пет категории – Главна програма, Нови автори, Кратки документарни филмови, Студентски документарци и Програмата за деца и младинци. На фестивалот ќе се доделат пет награди, „Кромид“, „Млад кромид“, „Сечкан кромид“, „Кокарче“ и Награда за најдобри етички идеи, а во комисиите за наградите членуваат 15 интернационални професионалци од документарниот филмски свет. Комисијата за наградата „Кромид“ за најдобар долгометражен документарен филм е во состав Кјара Либерти, Надја Тенштет и Владан Петковиќ. Кјара Либерти работи како консултантка за дистрибуција и опфат на документарните филмови, а од 2022 година е коуметничка директорка на фестивалот „Биографилм“ во Болоња. Надја Тенштет е директорка на „ДОК индустри“ на „ДОК Лајпциг“. Работела во областите маркетинг, продажба и набавки во американските дистрибутерски компании „Цајтгајст филмс“ и „Мајлстон филмс“. По враќањето во Европа во 2011 година, работела за меѓународни филмски фестивали и пазари, како што се Филмскиот фестивал во Локарно и Европскиот филмски пазар (ЕФМ) на „Берлинале“. Владан Петковиќ е новинар, филмски критичар и фестивалски програмски уредник. Тој е новинар сениор во „Синеуропа“, дописник за териториите на поранешна Југославија во „Скрин интернешнл“, еден од уредниците на веб-страницата на Меѓународниот фестивал на документарни филмови – Амстердам (ИДФА) и тамошен програмски советник за кратки филмови. За наградата „Млад кромид“ од селекцијата „Нови автори“ одлучува комисијата во состав Маел Генег, Игор Анѓелков и Ваутер Јансен. По работењето на разни филмски фестивали, Маел Генег започнува да работи во областа на меѓународната филмска дистрибуција, најпрво со „Поан ду жур“ и „Док и Ко“. Игор Анѓелков (1974) со медиско третирање на филмската уметност активно се занимава од 90-тите години на минатиот век преку рецензии во различни дневни, неделни и месечни весници, а потоа и како автор на филмската радиоемисија „Редрум“ на „Канал 103“, а веројатно најпрепознатлив е по филмскиот магазин „Филмополис“ на ТВ Телма. Бил член на жиријата на неколку домашни фестивали, а од 2019 година започнува и неговата активност како член на најстарото здружение на филмски критичари во светот, ФИПРЕСЦИ. Ваутер Јансен е основач на продажната компанија „Сквер ајс“, која претставува смели и авторски внимателно развиени долги и кратки филмови и која заедно со самите филмаџии развива стратегии за фестивалска дистрибуција и продажба на нивните филмови. Жирито за наградата „Сечкан кромид“ за најдобар краток документарец е во состав Инеке Смитс, Иева Убеле и Мартина Дроанди. По дипломирањето фотографија и визуелна уметност, Инеке студира филмска режија и пишување сценарио на Националната школа за филм и телевизија во Англија, каде што и магистрира во 1994 година. Инеке е обучувачка и предавачка, која работи и како советник во разни фондови и организации. Живее и работи во Холандија и во Грузија, како продуцентка во компанијата за филмска продукција „Нуши филмс“ со седиште во Тбилиси. Иева Убеле има широко портфолио кое опфаќа продукција на документарни филмови со фокус на социјални и еколошки прашања. Од 2019 година, таа ја води својата продукциска куќа „Балтик балкан продакшнс“, посветена на продукција и копродукција на филмови со моќни лични наративи и општествени прашања. Мартина Дроанди е агентка за продажба на документарни филмови и ја основа „ДисФлимс“ (DysFlims), продажна компанија специјализирана за дистрибуција на документарни филмови. Магистрирала режија на документарен филм („ДокНомадс“) и дипломирала социјална антропологија и музика. За наградата „Кокарче“ за најдобар студентски документарен филм одлучува комисијата во состав Јустина Грачнер Ботоњиќ, Ива Росандиќ и Јована Ѓорѓиовска. Јустина Грачнер Ботоњиќ веќе 13 години предава ТВ-продукција во Средното училиште за мултимедија и графичка технологија во Љубљана, а во последниве две години предава и аудиопродукција. Ива Росандиќ работи на неколку проекти во областа на културата, со фокус на филмската критика и филмската анализа. Во својата работа особено се интересира за националната и регионалната документарна сцена. Јована Ѓорѓиовска е критичарка, основачка и координаторка на „Гледај.мк“ – платформа за филмска и театарска критика основана во 2018 година, чиј главен фокус е развој на критичката мисла во областа на културата. Наградата за филм со најдобри етички идеи на 15. „МакеДокс“ ќе ја објави комисијата во состав Себастијан Кајзер, Драгомир Зупанц и Искра Гешоска. Себастијан Кајзер е роден во источен Берлин и студирал култура и театар во Берлин, Лајпциг и Москва. Од 2008 до 2017 година бил драматург во Народниот театар во Берлин. Ги иницирал серијата разговори за иднината на Европа со Славој Жижек, Јанис Варуфакис, Едвард Сноуден, Жулијан Асанж и други. Драгомир Зупанц е роден во 1946 година во Љубљана. Во 1971 година дипломира ТВ и филмска режија на Факултетот за драмски уметности во Белград. Бил уредник на забавно-рекреативната програма на ТВ Црна Гора (1985 – 1990) и главен режисер на Радиотелевизија Србија од 1996 до 2010 година. Неговото работно искуство опфаќа реализација на бројни телевизиски програми и филмови, документарни филмови, како и многу ДВД и ВХС-изданија. Искра Гешоска е основачка и претседателка на Контрапункт – асоцијација за развој на критичка теорија, социо-културен активизам и современи уметнички практики. Уште од 1994 година е активна во градењето и зародишот на независниот културен сектор и современите самоорганизациски формати на дејствување во социо-културниот простор. Во 2016 година го основа КРИК – Фестивал за критичка култура и е извршна уредничка на програмата. Беше директорка на независниот културен центар „Точка“ од неговото формирање, па сѐ до неговото затворање (2002 – 2010), како и уредничка во издавачката куќа „Темплум“ и во списанието „Маргина“ во периодот од 1998 до 2008 година. До сега има објавено над 100 есеи, стручни трудови во сферата на критичката теорија, изведувачките уметности, визуелните уметности и културните политики. Во периодот од 2019 до 2024 беше надворешна соработничка и советничка за прашања од областа на културата на тогашниот претседател на Република Македонија, Стево Пендаровски. Наградите на 15. „МакеДокс“ ќе бидат објавени и врачени на последната вечер, на 22 август, во 20 часот, во Куршумли ан.

The post Вечерва доделување на наградите на „МакеДокс“: 15 интернационални професионалци од документарниот филмски свет одлучуваат за наградите appeared first on Република.

]]>
Kонцерт на македонскиот композитор и пијанист Дуке Бојаџиев вечерва на „МакеДокс“ https://republika.mk/scena/muzika/kontsert-na-makedonskiot-kompozitor-i-pijanist-duke-bojadhiev-vecherva-na-makedoks/ Thu, 22 Aug 2024 07:53:22 +0000 https://republika.mk/?p=808938

По премиерата на филмот „Патување пеш“ во режија на Тамара Котевска“, последната фестивалска вечер на „МакеДокс“ ќе продолжи со концерт на македонскиот композитор и пијанист Дуке Бојаџиев, кој со своите виртуозни композиции инспирирани од филмот ќе ја заокружи магичната вечер.

Дуке Бојаџиев е македонски композитор, продуцент и пијанист. Од најмала возраст имал можност да биде во допир со музиката и медицината, како син на Тодор Бојаџиев, македонски композитор на забавни мелодии и гинеколог по вокација. Свири пијано од три годишна возраст, а компонира од свои десет години. Дипломирал на Медицинскиот факултет во Скопје, и потоа заминал за Бостон, каде дипломирал на колеџот Беркли во 2001 година.

Долги години работи во студио како композитор и продуцент, а од 2005 година и како музички директор и пијанист на култната њујоршка театарска група „Д Ситизенс Бенд“ (The Citizens Band), со која работел две и пол години на големи сцени низ цела Америка. Во неговата кариера остварил соработка со холивудски актери, добитници на  Оскар, меѓу кои и македонскиот режисер, номиниран за Оскар, Столе Попов. Работел на рекламни кампањи на големи фирми, но и како продуцент на ремиксови на пејачката Синди Лопер.

Со свои концерти започна од 2011 година, најнапред во  Античкиот театар во Охрид, а потоа и во Карнеги хол, а соработувал и соМакедонската филхармонија, Тања Царовска, Каролина Гочева, Анѓела Мекласки... и други имиња од музичкиот свет.

Бојаџиев досега има издадено седум соло албуми. Неговата музика е дел од светски познатите компилации „Буда Бар” (Buddha Bar), „Маракеш Експрес” (Marrakech Express) и „Чил аут ин Париз“ (Chill out in Paris). Исто така, продуцирал ремикс за Синди Лопер и за „Блу Мен Груп“, има изработено авторска музика за повеќе македонски и странски филмски остварувања, меѓу кои за филмот „Страв од паѓање“ и за македонскиот филм „До балчак“ на Столе Попов, како и за филмовите на Митко Панов, Иво Трајков, Милчо Манчевски, Данис Тановиќ, како и за овој филм на Тамара Котевска, „Патување пеш“.

Вечерашниот концерт е поддржан од УНХЦР.

The post Kонцерт на македонскиот композитор и пијанист Дуке Бојаџиев вечерва на „МакеДокс“ appeared first on Република.

]]>

По премиерата на филмот „Патување пеш“ во режија на Тамара Котевска“, последната фестивалска вечер на „МакеДокс“ ќе продолжи со концерт на македонскиот композитор и пијанист Дуке Бојаџиев, кој со своите виртуозни композиции инспирирани од филмот ќе ја заокружи магичната вечер. Дуке Бојаџиев е македонски композитор, продуцент и пијанист. Од најмала возраст имал можност да биде во допир со музиката и медицината, како син на Тодор Бојаџиев, македонски композитор на забавни мелодии и гинеколог по вокација. Свири пијано од три годишна возраст, а компонира од свои десет години. Дипломирал на Медицинскиот факултет во Скопје, и потоа заминал за Бостон, каде дипломирал на колеџот Беркли во 2001 година. Долги години работи во студио како композитор и продуцент, а од 2005 година и како музички директор и пијанист на култната њујоршка театарска група „Д Ситизенс Бенд“ (The Citizens Band), со која работел две и пол години на големи сцени низ цела Америка. Во неговата кариера остварил соработка со холивудски актери, добитници на  Оскар, меѓу кои и македонскиот режисер, номиниран за Оскар, Столе Попов. Работел на рекламни кампањи на големи фирми, но и како продуцент на ремиксови на пејачката Синди Лопер. Со свои концерти започна од 2011 година, најнапред во  Античкиот театар во Охрид, а потоа и во Карнеги хол, а соработувал и соМакедонската филхармонија, Тања Царовска, Каролина Гочева, Анѓела Мекласки... и други имиња од музичкиот свет. Бојаџиев досега има издадено седум соло албуми. Неговата музика е дел од светски познатите компилации „Буда Бар” (Buddha Bar), „Маракеш Експрес” (Marrakech Express) и „Чил аут ин Париз“ (Chill out in Paris). Исто така, продуцирал ремикс за Синди Лопер и за „Блу Мен Груп“, има изработено авторска музика за повеќе македонски и странски филмски остварувања, меѓу кои за филмот „Страв од паѓање“ и за македонскиот филм „До балчак“ на Столе Попов, како и за филмовите на Митко Панов, Иво Трајков, Милчо Манчевски, Данис Тановиќ, како и за овој филм на Тамара Котевска, „Патување пеш“. Вечерашниот концерт е поддржан од УНХЦР.

The post Kонцерт на македонскиот композитор и пијанист Дуке Бојаџиев вечерва на „МакеДокс“ appeared first on Република.

]]>
Со македонска премиера на документарецот на Тамара Котевска „Патување пеш“ вечерва се затвора „Македокс“ https://republika.mk/scena/film/so-makedonska-premiera-na-dokumentaretsot-na-tamara-kotevska-patuvane-pesh-vecherva-se-zatvora-makedoks/ Thu, 22 Aug 2024 06:08:01 +0000 https://republika.mk/?p=808852

По светската премиера на DOC NYC, документарниот филм „Патување пеш“ [The Walk], денеска ќе ја доживее својата премиера дома, пред македонската публика, на затворањето на 15-то издание на Македокс во Куршумли Ан во 21 часот.

Документарниот филм на македонската режисерка Тамара Котевска, го следи патувањето на Амал, џиновска кукла висока 3,5 метри, млада бегалка што патува преку сириската граница во Турција, низ Европа, во обид да си најде дом. Филм за детската невиност и моќта на имагинацијата во време на криза, разоткривајќи ја одисејата на Амал, преку два континента, симболот на бегалците низ цел свет. Филмот се снимаше 2 години, на територија на повеќе од 10 земји.

Јас лично бев интимно мотивирана да го направам овој филм баш поради тоа што потекнувам од земја каде што бегалците се невидливи и тоа сите ние го знаеме и сведочиме. Тоа што го видов од овој проект е дека ние не смееме да останеме слепи на овој проблем и многу ми е мило што денеска овој филм е гласот кој се надевам дека ќе ja разбуди македонската публика да сфати дека бегалците не се невидливи и тие постојат секаде околу нас во нашава земја. Се надевам дека овој филм ќе допре до сите и дека ќе направи промена,“ вели режисерката Тамара Котевска.

Филмот имаше европска премиера во конкуренција на најголемиот фестивал за човекови права, во срцето на Женева, Швајцарија – FIFDH, каде имаше 2 проекции, светската премиера во Њујорк. Ова е втор долгометражен документарен филм на нашата млада режисерка Котевска и следи после големиот успех на „Медена земја“ за кој доби три големи награди на филмскиот фестивал Санденс во САД во 2019 год, а имаше и две номинации за Оскар следната 2020 година.

„УНХЦР е горд што соработува со режисерката на филмот Тамара Котевска и со композиторот и уметникот Дуке Бојаџиев, чија музика ја збогатува емоционалната длабочина и моќната порака на филмот. Ве поканувам сите да го погледнете филмот и да се солидаризирате со бегалците,“ истакна Габриел Гуалано де Годој, претставник на УНХЦР во Македонија.

Главен продуцент на филмот „Патување пеш“ е една од најголемите наградувани британски филмски компании со фокус кон документарните филмови, Греин Медиа (GRAIN MEDIA), македонски ко-продуцент е ОХО Продукција, a филмот е поддржан и од македонската Агенција за филм.

Во филмот учествуваат и актерите Фидаа Зидан од Палестина и Муајад Моин од Сирија, кои како што велат од ОХО Продукција, ја делат истата судбина како огромен број бегалци кои изгубиле сè, вклучувајќи ги своите домови и фамилии, но продолжуваат да бараат засолниште.

Во моментов во светот има над 35 милиони бегалци, од кои 14 милиони се деца, а повеќето од нив сирачиња, во чија чест, џиновската кукла Амал активно се движи низ светот со својот патувачки театар“, вели продукцијата.

По премиерата, вечерта ќе продолжи со концерт на македонскиот композитор и пијанист Дуке Бојаџиев, кој со своите виртуозни композиции инспирирани од филмот ќе ја заокружи магичната вечер. Концертот е поддржан од УНХЦР.

The post Со македонска премиера на документарецот на Тамара Котевска „Патување пеш“ вечерва се затвора „Македокс“ appeared first on Република.

]]>

По светската премиера на DOC NYC, документарниот филм „Патување пеш“ [The Walk], денеска ќе ја доживее својата премиера дома, пред македонската публика, на затворањето на 15-то издание на Македокс во Куршумли Ан во 21 часот. Документарниот филм на македонската режисерка Тамара Котевска, го следи патувањето на Амал, џиновска кукла висока 3,5 метри, млада бегалка што патува преку сириската граница во Турција, низ Европа, во обид да си најде дом. Филм за детската невиност и моќта на имагинацијата во време на криза, разоткривајќи ја одисејата на Амал, преку два континента, симболот на бегалците низ цел свет. Филмот се снимаше 2 години, на територија на повеќе од 10 земји.
Јас лично бев интимно мотивирана да го направам овој филм баш поради тоа што потекнувам од земја каде што бегалците се невидливи и тоа сите ние го знаеме и сведочиме. Тоа што го видов од овој проект е дека ние не смееме да останеме слепи на овој проблем и многу ми е мило што денеска овој филм е гласот кој се надевам дека ќе ja разбуди македонската публика да сфати дека бегалците не се невидливи и тие постојат секаде околу нас во нашава земја. Се надевам дека овој филм ќе допре до сите и дека ќе направи промена,“ вели режисерката Тамара Котевска.
Филмот имаше европска премиера во конкуренција на најголемиот фестивал за човекови права, во срцето на Женева, Швајцарија – FIFDH, каде имаше 2 проекции, светската премиера во Њујорк. Ова е втор долгометражен документарен филм на нашата млада режисерка Котевска и следи после големиот успех на „Медена земја“ за кој доби три големи награди на филмскиот фестивал Санденс во САД во 2019 год, а имаше и две номинации за Оскар следната 2020 година.
„УНХЦР е горд што соработува со режисерката на филмот Тамара Котевска и со композиторот и уметникот Дуке Бојаџиев, чија музика ја збогатува емоционалната длабочина и моќната порака на филмот. Ве поканувам сите да го погледнете филмот и да се солидаризирате со бегалците,“ истакна Габриел Гуалано де Годој, претставник на УНХЦР во Македонија.
Главен продуцент на филмот „Патување пеш“ е една од најголемите наградувани британски филмски компании со фокус кон документарните филмови, Греин Медиа (GRAIN MEDIA), македонски ко-продуцент е ОХО Продукција, a филмот е поддржан и од македонската Агенција за филм. Во филмот учествуваат и актерите Фидаа Зидан од Палестина и Муајад Моин од Сирија, кои како што велат од ОХО Продукција, ја делат истата судбина како огромен број бегалци кои изгубиле сè, вклучувајќи ги своите домови и фамилии, но продолжуваат да бараат засолниште.
Во моментов во светот има над 35 милиони бегалци, од кои 14 милиони се деца, а повеќето од нив сирачиња, во чија чест, џиновската кукла Амал активно се движи низ светот со својот патувачки театар“, вели продукцијата.
По премиерата, вечерта ќе продолжи со концерт на македонскиот композитор и пијанист Дуке Бојаџиев, кој со своите виртуозни композиции инспирирани од филмот ќе ја заокружи магичната вечер. Концертот е поддржан од УНХЦР.  

The post Со македонска премиера на документарецот на Тамара Котевска „Патување пеш“ вечерва се затвора „Македокс“ appeared first on Република.

]]>
Кога првпат дојдов, имаше зеленило насекаде, се чувствував како да не живеам во овој град, кажа Бојан Тантуровски, режисер на документарецот „Градина“ https://republika.mk/vesti/kultura/koga-prvpat-dojdov-imashe-zelenilo-nasekade-se-chuvstvuvav-kako-da-ne-zhiveam-vo-ovoj-grad-kazha-bojan-tanturovski-rezhiser-na-dokumentaretsot-gradina/ Wed, 21 Aug 2024 16:53:51 +0000 https://republika.mk/?p=808710

Кога првпат дојдов околу мене сè беше зеленило, се чувствував како да не живеам во овој град, како да сум на друго место. Беше како некоја оаза, изјави Бојан Тантуровски, режисер на документарецот „Градина“, кој синоќа, премиерно беше прикажан на Фестивалот за креативен документарен филм „Македокс“ кој е во тек и завршува утре, на 22 август.

„Градина“ е дебитантски долгометражен документарец на Тантуровски, дипломец по ТВ и филмска режија од Факултетот за драмски уметности во Скопје (ФДУ). Филмот е работен во изминатите пет години и ја следи приказната на група пензионери, урбани герила градинари на периферијата на Скопје, кои се принудени да ги напуштат градините на кои повеќе од 35 години одгледуваат разни земјоделски производи и им служат како еден вид место за социјализација, оддишка од градот, но и систем за преживување подалеку од урбаната џунгла.

Главните ликови се Аранѓел, Стана, Нада, Ахмо и Шемсудин, а синоќа на премиерата пред Куршумли ан пристустуваа Аранѓел (Рацо), неговата сопруга Стана и Ахмо. Отуството на Нада беше оправдано, била во Крива Паланка, а Шемсудин, за жал, починал по снимањето на филмот.

Откако се пензионирав, ги пропешачив сите планини во Македонија, го собрав сиот чај. Потоа решив да дојдам тука, во градината. Подобро е да работиш, отколку да мислиш на нешто, треба ова, треба она.  Вака, полесно ми е, кога доаѓам тука, двапати во денот, раскажуваше Шемсо во „Градина“.

Рацо и Стана пред публиката кажаа дека се многу среќни бидејќи се тука и го изгледаа филмот.

Бојан и Шенте беа секогаш добредојдени во нашата бавча. Тие нè снимаа две години, доаѓаа, убаво си поминувавме, со салата и ракиичка. Тогаш бевме помлади, сега од време на време работиме. Сè уште садиме пиперки, домати, кромид, лук. Во градината имаме 150 килограми домати во моментов. Велат дека најдобрите, најслатките тикви се од нашата градина, така барем Бојан вели, кажа синоќа Рацо.

Овие градини кои се наоѓаат во близина на скопската населба Ново Лисиче, тие ги работат од 1984 година, значи скоро 40 години. Се наоѓаат на парцели од запуштено државно земјиште. Сега се соочени со урбанизација на тоа државно земјиште. Секој од нив имал различен мотив да почне да ја обработува земјата. За некои од нив тоа било место за одмор и релаксација, место за допир со природата, за друг спас од летаргија, извор на дополнителни финансиски средства... Таму во градината, дочекуваат гости кои потоа редовно ги испраќаат со торба пиперки, домати, по некоја тиква.

Соседите не посетуваат во градината, ни помагаат. По земјотресот во 2016 година, градините станаа една огромна дупка, ама еве, тие постојат и денес. Од семка до храна. Сега има храна, ама скапа е. На никого не му се работи, кажа Ахмо пред присутните.

Режисерот Тантуровски објасни дека кинематограферот Кирил Шентевски му покажал некои снимки од градината кои тој ги имал направено претходно, отишле на локацијатата, без да знаат нешто повеќе и така почнало снимањето на документарецот.

Многу брзо се спријателивме со овие луѓе. Почна развојот на приказната, се отвораа нови работи. Овие луѓе нè примија со отворени гради, кажа синоќа Тантуровски.

Овен Тантуровски и Шентевски во екипата која го подготви „Градина“ се и монтажерот Горан Вуќиќ, дизајнерот на звук Марко Наумовски, Пеце Талески и тимот на OXO Продукција.

The post Кога првпат дојдов, имаше зеленило насекаде, се чувствував како да не живеам во овој град, кажа Бојан Тантуровски, режисер на документарецот „Градина“ appeared first on Република.

]]>

Кога првпат дојдов околу мене сè беше зеленило, се чувствував како да не живеам во овој град, како да сум на друго место. Беше како некоја оаза, изјави Бојан Тантуровски, режисер на документарецот „Градина“, кој синоќа, премиерно беше прикажан на Фестивалот за креативен документарен филм „Македокс“ кој е во тек и завршува утре, на 22 август. „Градина“ е дебитантски долгометражен документарец на Тантуровски, дипломец по ТВ и филмска режија од Факултетот за драмски уметности во Скопје (ФДУ). Филмот е работен во изминатите пет години и ја следи приказната на група пензионери, урбани герила градинари на периферијата на Скопје, кои се принудени да ги напуштат градините на кои повеќе од 35 години одгледуваат разни земјоделски производи и им служат како еден вид место за социјализација, оддишка од градот, но и систем за преживување подалеку од урбаната џунгла. Главните ликови се Аранѓел, Стана, Нада, Ахмо и Шемсудин, а синоќа на премиерата пред Куршумли ан пристустуваа Аранѓел (Рацо), неговата сопруга Стана и Ахмо. Отуството на Нада беше оправдано, била во Крива Паланка, а Шемсудин, за жал, починал по снимањето на филмот.
Откако се пензионирав, ги пропешачив сите планини во Македонија, го собрав сиот чај. Потоа решив да дојдам тука, во градината. Подобро е да работиш, отколку да мислиш на нешто, треба ова, треба она.  Вака, полесно ми е, кога доаѓам тука, двапати во денот, раскажуваше Шемсо во „Градина“.
Рацо и Стана пред публиката кажаа дека се многу среќни бидејќи се тука и го изгледаа филмот.
Бојан и Шенте беа секогаш добредојдени во нашата бавча. Тие нè снимаа две години, доаѓаа, убаво си поминувавме, со салата и ракиичка. Тогаш бевме помлади, сега од време на време работиме. Сè уште садиме пиперки, домати, кромид, лук. Во градината имаме 150 килограми домати во моментов. Велат дека најдобрите, најслатките тикви се од нашата градина, така барем Бојан вели, кажа синоќа Рацо.
Овие градини кои се наоѓаат во близина на скопската населба Ново Лисиче, тие ги работат од 1984 година, значи скоро 40 години. Се наоѓаат на парцели од запуштено државно земјиште. Сега се соочени со урбанизација на тоа државно земјиште. Секој од нив имал различен мотив да почне да ја обработува земјата. За некои од нив тоа било место за одмор и релаксација, место за допир со природата, за друг спас од летаргија, извор на дополнителни финансиски средства... Таму во градината, дочекуваат гости кои потоа редовно ги испраќаат со торба пиперки, домати, по некоја тиква.
Соседите не посетуваат во градината, ни помагаат. По земјотресот во 2016 година, градините станаа една огромна дупка, ама еве, тие постојат и денес. Од семка до храна. Сега има храна, ама скапа е. На никого не му се работи, кажа Ахмо пред присутните.
Режисерот Тантуровски објасни дека кинематограферот Кирил Шентевски му покажал некои снимки од градината кои тој ги имал направено претходно, отишле на локацијатата, без да знаат нешто повеќе и така почнало снимањето на документарецот.
Многу брзо се спријателивме со овие луѓе. Почна развојот на приказната, се отвораа нови работи. Овие луѓе нè примија со отворени гради, кажа синоќа Тантуровски.
Овен Тантуровски и Шентевски во екипата која го подготви „Градина“ се и монтажерот Горан Вуќиќ, дизајнерот на звук Марко Наумовски, Пеце Талески и тимот на OXO Продукција.

The post Кога првпат дојдов, имаше зеленило насекаде, се чувствував како да не живеам во овој град, кажа Бојан Тантуровски, режисер на документарецот „Градина“ appeared first on Република.

]]>
6. издание на МакеКоПроДокс форум од 19 до 21 август во МКЦ https://republika.mk/scena/film/6-izdanie-na-makekoprodoks-forum-od-19-do-21-avgust-vo-mkts/ Wed, 21 Aug 2024 15:06:15 +0000 https://republika.mk/?p=808724

Шестото издание на МакеКоПроДокс форумот во рамки на 15. „МакеДокс“ се одржува од 19 до 21 август во МКЦ. Главна цел на форумот е развој на стратегиски план за зголемување на копродукциите на документарни филмови меѓу балканските земји. Форумот на едно место собира претставници од регионалните филмски центри, професионалци од областа на документарниот филм и од филмската индустрија и 9 проекти што се во различни фази на продукција, избрани преку отворен повик.

Форумот беше отворен на 19 август со претставување на проектите и авторите кои учествуваа на работилницата за архивски практики во филмот „Замислување архиви“ на 15. „МакеДокс“, која ја модерираа Кумјана Новакова и Влад Петри. Во присуство на менторите беа претставени четири документарни филмски проекти кои се во фаза на развој.

Во рамки на сесијата беа претставени проектите „Forget me not“ на Ања Медвед од Словенија, „Journey... far away from Africa“ на Разван Марчис од Романија, „The gods must be mistaken“ на Јакоб Кресе како копродукциски проект помеѓу Словенија, Германија, Италија и Хрватска, и проектот „We hid everything important!“ на Карла Црнчевиќ од Хрватска. Менторите на работилницата истакнаа дека станува збор за интересни проекти кои заслужуваат поддршка за понатамошен развој.

Модератори и ментори на тридневниот форум се Хеле Хансен (консултантка за документарен филм, поранешна филмска застапничка за документаристика во Норвешкиот и Данскиот институт), Бриџид О’Шеа (коосновачка на Документарното здружение на Европа), Зејнеп Ѓузел (раководителка на „Doc Station“ во рамки на Програмата за таленти на „Берлинале“, виша консултантка во Документарното здружение на Европа) и продуцентот Виктор Еде (Cinephage Productions) од Франција.

Втора сесија на форумот беше панелот „Архивски материјали и дигитализација“, кој го модерираше Хеле Хансен. Учесници на панелот беа Ериона Вишка од Албанскиот национален архив, Александар Трајковки од Кинотеката на С Македонија и филмските автори Кумјана Новакова и Влад Петри. Дискусијата на панелот се одвиваше помеѓу две позиции – потребата за дигитализирање на архивските снимки и потребите на филмските автори. Влад Петри и Кумјана Новакова низ искуствата на своите филмови „Помеѓу револуциите“, односно „Молкот на разумот“, истакнаа дека авторите се соочуваат со многу тешкотии во наоѓање на архивски материјали за своите филмови. Ериона Вишка од Албанскиот национален архив објасни дека 70 проценти од материјалите што ги поседуваат веќе се дигитализирани и објавени во каталог. Претставникот на македонската Кинотека, Александар Трајковски, рече дека неговата работна позиција е на дигитализација на архивски материјали и дека прават сѐ што е можно во условите во кои се наоѓа неговата установа да се дигитализираат повеќе архивски снимки.

Третата сесија на форумот беше со акцент на презентација на документарните архиви преку „Док Архив Маркет“, кој беше презентиран од директорката на „Док Индустри“ на фестивалот „Док Лајпциг“, Надја Тенстед. Таа ги претстави сите сегменти на професионалниот маркет за архиви, кој ќе се одржи од 28 октомври до 3 ноември оваа година. На маркетот се вклучени најголемите светски платформи за фотографија и видео со нивните архиви што се создавани со години наназад. Директорката Тенстед истакна дека маркетот е создаден со цел да се избегне комплексниот бирократски апарат за добивање информација од државните архиви и да се даде можност за полесен пристап до приватните архиви.

Дел од истата сесија беше и презентацијата на „Документарница“, лабораторија за развој на документарни филмови од Словенија, којашто е создадена од Словенечкиот филмски центар и Друштвото на режисери од Словенија. Презентацијата ја одржа режисерката Петра Селишкар. Станува збор за заедница на словенечките документаристи, кои изнаоѓаат нови и креативни форми на взаемна поддршка во процесот на создавање на креативните документарни филмови.

Во рамки на четвртата сесија на 19 август во соработка со Францускиот институт и Француската амбасада се одржа панел помеѓу претставници на балканските филмски центри и продуценти од Франција, а на панелот се зборуваше за договорите за копродукција помеѓу балканските држави и Франција. Модератор на сесијата беше Хеле Хансен, а учествуваа францускиот продуцент Виктор Еде, продуцентката Морана Икиќ Комљеновиќ од Хрватскиот аудиовизуелен центар и Јана Сари, директорка за промоција при „Хелас филм“ од Грција. Заклучок од дискусијата беше дека има многу малку копродукции помеѓу Франција и балканските држави, бидејќи француските продуценти создаваат високобуџетни продукции, а буџетските можности на балканските продуценти се мали, и тоа се причините што тешко се потпишуваат договори. Хеле Хансен инсистираше да се најде начин како да се надмине проблемот.

Форумот продолжи и на 20 август со поединечни пичинг-сесии помеѓу филмски автори носители на проекти и професионални претставници од филмски центри, продукции и фестивали. На крајот од сесиите ќе бидат објавени и наградените проекти. Раководител на индустри програмата на „МакеДокс“ е Сара Ферро.

The post 6. издание на МакеКоПроДокс форум од 19 до 21 август во МКЦ appeared first on Република.

„Хембој“ на етнологот Елизабета Конеска и „Молкот на разумот“ на Кумјана Новакова денеска на МакеДокс https://republika.mk/scena/film/hemboj-na-etnologot-elizabeta-koneska-i-molkot-na-razumot-na-kumjana-novakova-deneska-na-makedoks/ Mon, 19 Aug 2024 08:13:08 +0000 https://republika.mk/?p=807844

Петтиот ден на јубилејното 15-то издание на Фестивалот на креативен документарен филм „МакеДокс“ ќе почне со отворање на индустрискиот сегмент на фестивалот, во чии рамки ќе се одржи шестото издание на МакеКоПроДокс форумот од 19 до 21 август во МКЦ. Главна цел на форумот е развој на стратегиски план за зголемување на копродукциите на документарни филмови меѓу балканските земји. Форумот на едно место собира претставници од регионалните филмски центри, професионалци од областа на документарниот филм и од филмската индустрија и 9 проекти што се во различни фази на продукција, избрани преку отворен повик.

Форумот ќе биде отворен со претставување на проектите и авторите кои учествуваат на работилницата за архивски практики во филмот „Замислување архиви“ на 15. „МакеДокс“, која ја модерираат Кумјана Новакова и Влад Петри.

Модератори и ментори на тридневниот форум се Хеле Хансен (консултантка за документарен филм, поранешна филмска застапничка за документаристика во Норвешкиот и Данскиот институт), Бриџид О’Шеа (коосновачка на Документарното здружение на Европа), Зејнеп Ѓузел (раководителка на „Doc Station“ во рамки на Програмата за таленти на „Берлинале“, виша консултантка во Документарното здружение на Европа) и продуцентот Виктор Еде (Cinephage Productions) од Франција.

Оваа година имаме значајна соработка со Францускиот институт и Француската амбасада, така што ќе имаме панел помеѓу претставници на балканските филмски центри и продуценти од Франција, а на панелот ќе се зборува за договорите за копродукција помеѓу балканските држави и Франција. Со акцент на документарните архиви директорката на „Док Индустри“ на фестивалот „Док Лајпциг“, Надја Тенстед, ќе ја презентира работата на професионален маркет за архиви. Ќе има презентација и на „Документарница“, која е лабораторија за развој на документарни филмови од Словенија, којашто е создадена од Словенечкиот филмски центар и Друштвото на режисери од Словенија – истакнува Сара Ферро, раководител на индустри програмата на „МакеДокс“.

Во рамки на филмската програма на 19 август во Куршумли ан, со почеток во 21 часот, ќе се одржи македонската премиера на документарниот филм „Молкот на разумот“ на Кумјана Новакова. Темелејќи се исклучиво на архивски материјали и сведоштва, „Молкот на разумот“ на Кумјана Новакова е форензички видеоесеј конструиран како перформативно истражување за првиот случај на Меѓународен кривичен трибунал во кој се донесоа пресуди дека военото силување е форма на тортура, а военото сексуално ропство – злосторство против човештвото. Имајќи ја предвид комплексната тематика, филмот на Новакова досега ги освои наградата „Срцето на Сараево“ за човекови права, наградата за најдобра режија на ИДФА во Амстердам, наградата за најхрабар филм на Авторскиот филмски фестивал во Белград, специјалната награда на жирито на Филмскиот фестивал во Торино и многу други. Како филмски проект беше поддржан со уметнички грант од страна на БИРН, а е во македонско-босанска копродукција.

На платото пред Музеј на Македонија, на 19 август, во 20.30 часот, ќе биде прикажан етнолошко-документарниот филм „Хембој“ во продукција на Музејот на Република Македонија, а чиј автор е етнологот Елизабета Конеска. Снимен во Старата скопска чаршија, каде што сè уште се бојадисуваат стари јакни, панталони, кошули и други видови ткаенини се прикажуваат трите генерации од семејството Незири кои го работат овој занает и го водат дуќанот што го презеле од семејството Бојачиев. Ова е филм за наследството на занаетите и традициите во мултиетничко Скопје.

The post „Хембој“ на етнологот Елизабета Конеска и „Молкот на разумот“ на Кумјана Новакова денеска на МакеДокс appeared first on Република.

]]>

Петтиот ден на јубилејното 15-то издание на Фестивалот на креативен документарен филм „МакеДокс“ ќе почне со отворање на индустрискиот сегмент на фестивалот, во чии рамки ќе се одржи шестото издание на МакеКоПроДокс форумот од 19 до 21 август во МКЦ. Главна цел на форумот е развој на стратегиски план за зголемување на копродукциите на документарни филмови меѓу балканските земји. Форумот на едно место собира претставници од регионалните филмски центри, професионалци од областа на документарниот филм и од филмската индустрија и 9 проекти што се во различни фази на продукција, избрани преку отворен повик. Форумот ќе биде отворен со претставување на проектите и авторите кои учествуваат на работилницата за архивски практики во филмот „Замислување архиви“ на 15. „МакеДокс“, која ја модерираат Кумјана Новакова и Влад Петри. Модератори и ментори на тридневниот форум се Хеле Хансен (консултантка за документарен филм, поранешна филмска застапничка за документаристика во Норвешкиот и Данскиот институт), Бриџид О’Шеа (коосновачка на Документарното здружение на Европа), Зејнеп Ѓузел (раководителка на „Doc Station“ во рамки на Програмата за таленти на „Берлинале“, виша консултантка во Документарното здружение на Европа) и продуцентот Виктор Еде (Cinephage Productions) од Франција.
Оваа година имаме значајна соработка со Францускиот институт и Француската амбасада, така што ќе имаме панел помеѓу претставници на балканските филмски центри и продуценти од Франција, а на панелот ќе се зборува за договорите за копродукција помеѓу балканските држави и Франција. Со акцент на документарните архиви директорката на „Док Индустри“ на фестивалот „Док Лајпциг“, Надја Тенстед, ќе ја презентира работата на професионален маркет за архиви. Ќе има презентација и на „Документарница“, која е лабораторија за развој на документарни филмови од Словенија, којашто е создадена од Словенечкиот филмски центар и Друштвото на режисери од Словенија – истакнува Сара Ферро, раководител на индустри програмата на „МакеДокс“.
Во рамки на филмската програма на 19 август во Куршумли ан, со почеток во 21 часот, ќе се одржи македонската премиера на документарниот филм „Молкот на разумот“ на Кумјана Новакова. Темелејќи се исклучиво на архивски материјали и сведоштва, „Молкот на разумот“ на Кумјана Новакова е форензички видеоесеј конструиран како перформативно истражување за првиот случај на Меѓународен кривичен трибунал во кој се донесоа пресуди дека военото силување е форма на тортура, а военото сексуално ропство – злосторство против човештвото. Имајќи ја предвид комплексната тематика, филмот на Новакова досега ги освои наградата „Срцето на Сараево“ за човекови права, наградата за најдобра режија на ИДФА во Амстердам, наградата за најхрабар филм на Авторскиот филмски фестивал во Белград, специјалната награда на жирито на Филмскиот фестивал во Торино и многу други. Како филмски проект беше поддржан со уметнички грант од страна на БИРН, а е во македонско-босанска копродукција. На платото пред Музеј на Македонија, на 19 август, во 20.30 часот, ќе биде прикажан етнолошко-документарниот филм „Хембој“ во продукција на Музејот на Република Македонија, а чиј автор е етнологот Елизабета Конеска. Снимен во Старата скопска чаршија, каде што сè уште се бојадисуваат стари јакни, панталони, кошули и други видови ткаенини се прикажуваат трите генерации од семејството Незири кои го работат овој занает и го водат дуќанот што го презеле од семејството Бојачиев. Ова е филм за наследството на занаетите и традициите во мултиетничко Скопје.  

The post „Хембој“ на етнологот Елизабета Конеска и „Молкот на разумот“ на Кумјана Новакова денеска на МакеДокс appeared first on Република.

]]>
„Танцувајќи со Камара“ на Сандра Ѓоргиева утревечер на „Македокс“ https://republika.mk/vesti/kultura/tantsuvajki-so-kamara-na-sandra-gorgieva-utrevecher-na-makedoks/ Sat, 17 Aug 2024 13:57:26 +0000 https://republika.mk/?p=807506

Премиерно на „Македокс“, утре во 22.30 часот во „Сули ан“, ќе бидe прикажан краткиот документарен филм „Танцувајќи со Камара“ на режисерката и монтажерка Сандра Ѓоргиева, информираат денеска од нејзиниот тим.

- Катарина Камара е кореографка и танчерка по современ танц од Португалија, која држи часови по танц на затвореници во затворот „Лињо“ во Лисабон. Нејзините силна енергија и авторитет ѝ даваат слобода да се движи во ист простор со мажи осудени на долги затворски казни и одгледани во патријархален систем. Таа верува дека преку танц и разговори, може да им го подобри процесот на рехабилитација, но и да помогне овој свет да стане подобро место за нејзината осумгодишна ќерка, се наведува во соопштението.

Филмот е снимен, режиран и монтиран од Ѓоргиева, како дел од „Еразмус“ - мастер програмата „ДокНомадс“, што се одвива во три универзитети во три земји - Португалија, Унгарија и во Белгија.

Продукцијата е на „ДокНомадс“, под менторство на Виктор Кандеиас, Тиаго Еспања и Маргарида Кардосо.

- Ѓоргиева има завршено Факултет за драмски уметности во Скопје, отсек филмска и ТВ монтажа. Потоа работи во постпродукција на ТВ серии, а паралелно се занимава и со режија и сценарио.  Претходни филмови се „Зелени ѕидови, црна храна“ (2015), „Црно и бело“ (2019), „Еден тон сладолед“ (2021). Во моментов, паралелно со други студии, е во препродукција на краткиот филм „Сертификат за живот“, развиен на Мидпоинт институт, во продукција на „Минимал Колектив“, а поддржан од Агенција за филм, пишува во соопштението.

Фото и видео: Тим на Сандра Ѓоргиева

The post „Танцувајќи со Камара“ на Сандра Ѓоргиева утревечер на „Македокс“ appeared first on Република.

]]>

Премиерно на „Македокс“, утре во 22.30 часот во „Сули ан“, ќе бидe прикажан краткиот документарен филм „Танцувајќи со Камара“ на режисерката и монтажерка Сандра Ѓоргиева, информираат денеска од нејзиниот тим.
- Катарина Камара е кореографка и танчерка по современ танц од Португалија, која држи часови по танц на затвореници во затворот „Лињо“ во Лисабон. Нејзините силна енергија и авторитет ѝ даваат слобода да се движи во ист простор со мажи осудени на долги затворски казни и одгледани во патријархален систем. Таа верува дека преку танц и разговори, може да им го подобри процесот на рехабилитација, но и да помогне овој свет да стане подобро место за нејзината осумгодишна ќерка, се наведува во соопштението.
Филмот е снимен, режиран и монтиран од Ѓоргиева, како дел од „Еразмус“ - мастер програмата „ДокНомадс“, што се одвива во три универзитети во три земји - Португалија, Унгарија и во Белгија. Продукцијата е на „ДокНомадс“, под менторство на Виктор Кандеиас, Тиаго Еспања и Маргарида Кардосо.
- Ѓоргиева има завршено Факултет за драмски уметности во Скопје, отсек филмска и ТВ монтажа. Потоа работи во постпродукција на ТВ серии, а паралелно се занимава и со режија и сценарио.  Претходни филмови се „Зелени ѕидови, црна храна“ (2015), „Црно и бело“ (2019), „Еден тон сладолед“ (2021). Во моментов, паралелно со други студии, е во препродукција на краткиот филм „Сертификат за живот“, развиен на Мидпоинт институт, во продукција на „Минимал Колектив“, а поддржан од Агенција за филм, пишува во соопштението.
Фото и видео: Тим на Сандра Ѓоргиева

The post „Танцувајќи со Камара“ на Сандра Ѓоргиева утревечер на „Македокс“ appeared first on Република.

]]>
„Копање емоции низ времето“ – мото на годинашниот „Македокс“ https://republika.mk/scena/film/kopane-emotsii-niz-vremeto-moto-na-godinashniot-makedoks/ Fri, 16 Aug 2024 17:44:09 +0000 https://republika.mk/?p=807331

Во „Куршумли-ан“, во старата скопска чаршија, започна јубилејното 15-то издание на фестивалот на креативен документарен филм „Македокс“, кој ќе трае до 22 август.

Филмската програма на отворањето на фестивалот се состои од проекција на два документарни филма. Краткиот документарен филм „Како се мери годината?“ (САД, 2022, 29 мин.) на Џеј Розенблат го следи континуитетот во комуникацијата помеѓу татко и ќерка. Режисерот Џеј Розенблат седумнаесет години по ред ја снимал ќерка си Ела на нејзиниот роденден, поставувајќи ѝ ги истите прашања. Во само 29 минути гледаме како едно девојче расте од заодуваче во млада жена со сите убави, а понекогаш и непријатни периоди помеѓу, додека врската со татко ѝ се развива со сите свои сложености. Во рамките на главната фестивалска програма е и долгометражниот документарен филм „Целулоидно подземје“ (Обединето Кралство / Иран, 2023, 80 мин.) на иранскиот автор Ехсан Кошбахт. По завршувањето на Иранската револуција, настојчив филмски колекционер во Техеран станува нетипичен херој кога храбро решава да спаси илјадници филмови од канџите на новиот исламски режим. Иако е извесно дека го чекаат апсење и мачење, тој одлучно ја чува својата скапоцена тајна – приказната за отпорот и опсесијата, видена низ очите на момчето што му го чува грбот. Приказната се отплеткува на филмското платно години подоцна, откако ќе заминат во егзил во Лондон, сликајќи возбудлив портрет на постреволуционерен Иран.

Јубилејното 15-то издание на фестивалот на креативен документарен филм „Македокс“ се одржува со мотото „Копање емоции низ времето“. Тематскиот фокус годинава е ставен на кинотечните архиви од повеќе држави. Ќе бидат прикажани филмови од Централниот државен филмски архив на Албанија, Хрватскиот државен архив, Националниот филмски институт на Унгарија, Словенечката кинотека, Архивот на југословенската кинотека, Црногорската кинотека, Бугарскиот национален филмски архив, Романскиот национален филмски архив и Кинотеката на Македонија. Програмата ќе биде отворена вечерва, во 21 часот, во „Куршумли-ан“, со проекција на филмови од архивата на македонската Кинотека.

Многубројните филмски наслови што годинава ги донесуваме од сите кинотеки на Балканот се доказ дека имаме од што да учиме, ако сакаме. И дека само ако го чуваме сето она што е запишано и меморирано, ќе можеме одново да го читаме и толкуваме и да го користиме во нови приказни. Архивите се тука и за да ни ги доотворат очите, да ни ја доближат и другата страна од приказната, па и третата и да нè соочат со нашите сопствени убедувања. Без архивите тешко дека ќе можеме да разбереме зошто светот е ваков каков што е или, пак, да го преиспитаме нашето место во него како социјални, политички и романтични души, посочува Дарко Набаков, извршен директор на фестивалот.

Во рамките на тематската одредница на фестивалот во сегментот „Македокс+“ ќе се одржи работилница за архивски практики во филмот со наслов „Замислување архиви“. Работилницата ќе се одржи од 15 до 19 август, во студиото „Фх3х“, со менторите Кумјана Новакова, режисерка чие авторство се базира врз истражување, а работи и како филмска кураторка и предавачка, и Влад Петри, романски филмски режисер со голем интерес за политички и општествени теми.
Работилницата ќе спои четири внимателно избрани режисери или тимови. Во фокус е идентификувањето различни стратегии и можности за визуелно конципирање на архивите, со што се проширува креативниот опсег при снимањето филм. Преку ова интензивно заедничко искуство учесниците ќе имаат можност да се приближат до суштината на секој филмски проект, дискутирајќи за различните потенцијални пристапи за секој филм во кој се користат архивски материјали.

The post „Копање емоции низ времето“ – мото на годинашниот „Македокс“ appeared first on Република.

]]>

Во „Куршумли-ан“, во старата скопска чаршија, започна јубилејното 15-то издание на фестивалот на креативен документарен филм „Македокс“, кој ќе трае до 22 август. Филмската програма на отворањето на фестивалот се состои од проекција на два документарни филма. Краткиот документарен филм „Како се мери годината?“ (САД, 2022, 29 мин.) на Џеј Розенблат го следи континуитетот во комуникацијата помеѓу татко и ќерка. Режисерот Џеј Розенблат седумнаесет години по ред ја снимал ќерка си Ела на нејзиниот роденден, поставувајќи ѝ ги истите прашања. Во само 29 минути гледаме како едно девојче расте од заодуваче во млада жена со сите убави, а понекогаш и непријатни периоди помеѓу, додека врската со татко ѝ се развива со сите свои сложености. Во рамките на главната фестивалска програма е и долгометражниот документарен филм „Целулоидно подземје“ (Обединето Кралство / Иран, 2023, 80 мин.) на иранскиот автор Ехсан Кошбахт. По завршувањето на Иранската револуција, настојчив филмски колекционер во Техеран станува нетипичен херој кога храбро решава да спаси илјадници филмови од канџите на новиот исламски режим. Иако е извесно дека го чекаат апсење и мачење, тој одлучно ја чува својата скапоцена тајна – приказната за отпорот и опсесијата, видена низ очите на момчето што му го чува грбот. Приказната се отплеткува на филмското платно години подоцна, откако ќе заминат во егзил во Лондон, сликајќи возбудлив портрет на постреволуционерен Иран. Јубилејното 15-то издание на фестивалот на креативен документарен филм „Македокс“ се одржува со мотото „Копање емоции низ времето“. Тематскиот фокус годинава е ставен на кинотечните архиви од повеќе држави. Ќе бидат прикажани филмови од Централниот државен филмски архив на Албанија, Хрватскиот државен архив, Националниот филмски институт на Унгарија, Словенечката кинотека, Архивот на југословенската кинотека, Црногорската кинотека, Бугарскиот национален филмски архив, Романскиот национален филмски архив и Кинотеката на Македонија. Програмата ќе биде отворена вечерва, во 21 часот, во „Куршумли-ан“, со проекција на филмови од архивата на македонската Кинотека.
Многубројните филмски наслови што годинава ги донесуваме од сите кинотеки на Балканот се доказ дека имаме од што да учиме, ако сакаме. И дека само ако го чуваме сето она што е запишано и меморирано, ќе можеме одново да го читаме и толкуваме и да го користиме во нови приказни. Архивите се тука и за да ни ги доотворат очите, да ни ја доближат и другата страна од приказната, па и третата и да нè соочат со нашите сопствени убедувања. Без архивите тешко дека ќе можеме да разбереме зошто светот е ваков каков што е или, пак, да го преиспитаме нашето место во него како социјални, политички и романтични души, посочува Дарко Набаков, извршен директор на фестивалот.
Во рамките на тематската одредница на фестивалот во сегментот „Македокс+“ ќе се одржи работилница за архивски практики во филмот со наслов „Замислување архиви“. Работилницата ќе се одржи од 15 до 19 август, во студиото „Фх3х“, со менторите Кумјана Новакова, режисерка чие авторство се базира врз истражување, а работи и како филмска кураторка и предавачка, и Влад Петри, романски филмски режисер со голем интерес за политички и општествени теми. Работилницата ќе спои четири внимателно избрани режисери или тимови. Во фокус е идентификувањето различни стратегии и можности за визуелно конципирање на архивите, со што се проширува креативниот опсег при снимањето филм. Преку ова интензивно заедничко искуство учесниците ќе имаат можност да се приближат до суштината на секој филмски проект, дискутирајќи за различните потенцијални пристапи за секој филм во кој се користат архивски материјали.

The post „Копање емоции низ времето“ – мото на годинашниот „Македокс“ appeared first on Република.

]]>
Проекција на филмови од архивата на македонската Кинотека вечерва на ,,МакеДокс” https://republika.mk/vesti/kultura/proektsija-na-filmovi-od-arhivata-na-makedonskata-kinoteka-vecherva-na-makedoks/ Fri, 16 Aug 2024 16:30:40 +0000 https://republika.mk/?p=807300

Со традиционалниот поздрав, високо кренати главици кромид во рацете на целата екипа и сите волонтери што работат на фестивалот, синоќа во Куршумли ан беше отворено јубилејното 15-то издание на фестивалот на креативен документарен филм „МакеДокс“. Со мото „Копање емоции низ времето“, фестивалот се одржува од 15 до 22 август во Куршумли ан, Музеј на Македонија, Сули ан, МКЦ и новиот простор „Лабораториум“ во Скопје.

- Годинава „МакеДокс“ го посветуваме на архивските материјали и нивната употреба во документаристиката. Бројните архивски филмски наслови годинава се доказ дека имаме од што да учиме, ако сакаме. И дека само ако го чуваме сето она што е запишано и меморирано, ќе можеме одново да ги читаме, да ги толкуваме и да ги користиме новите приказни – рече Дарко Набаков, извршен директор на фестивалот.

Објектот Куршумли ан, фестивалско гнездо на „МакеДокс“ во Старата скопска чаршија, беше исполнет до последното столче. Присутната публика со искрен и долготраен аплауз ги поздрави екипата и волонтерите на „МакеДокс“.

- Фестивалот „МакеДокс“ слави 15 години, благодарение на многубројните пријатели, на кои сме им особено благодарни што успејаа да ја разберат и поддржат нашата идеја сите овие години. „МакеДокс“ е тука за вас и поради вас, драга наша публико, на која сме неизмерно благодарни што сте тука со нас – рече Сара Ферро, раководител на индустри програмата на „МакеДокс“.

Филмската програма на 15. „МакеДокс“ почна со филмовите „Како се мери годината?“ (САД, 2022, 29 мин.) на Џеј Розенблат и „Целулоидно подземје“ (Обединето Кралство / Иран, 2023, 80 мин.) на иранскиот автор Ехсан Кошбахт. По филмските проекции, во рамки на музичкиот сегмент „Ноќни приказни“, се одржа концерт на Зарина Првасевда, вокален изведувач и музичар со единствена и алтернативна форма на презентација на македонската, балканската и светската традиционална музика. Вечерта заврши со диџеј-сет на Ишјан твин доцна во ноќта

[caption id="attachment_807310" align="alignnone" width="2048"] Фото:МакеДокс[/caption]

Во рамки на отворањето на фестивалот, во Куршумли ан поставена е „AeternaNova“ – изложба на фотографии на Здружението за истражување, заштита и промоција на културното наследство ВУЛГУС (@vulgus_mk). „AeternaNova“ (кованица од латинските термини „вечна“ и „нова“) презентира нов начин на промовирање и претставување на облековната култура од крајот на 19-иот и почетокот на 20-иот век, конципирајќи ја како мода, наместо како традиција. Проектен тим на изложбата се Филип Петковски, куратор и режисер, Марко Марјановиќ, фотограф, и Ивана Мојсовска Головска, постпродукција на фотографија. Во изложбата се користени народни носии од колекциите на Костадин Балкански, Дамјан Ристовски, Ансамбл „Студио Фолклор“ и Фолклорно студио „Етнос“. Изложбата ќе биде поставена до 22 август во Куршумли ан.

На втората вечер, на 16 август, „МакеДокс“ ќе ја рашири својата филмска мрежа уште на два објекти – во Сули ан и на платото пред Музејот на Македонија. Во централниот фестивалски објект – Куршумли ан ќе биде отворена програмата со тематскиот фокус, кој годинава е ставен на кинотечните архиви од повеќе држави. Програмата ќе биде отворена во 21 часот, во Куршумли ан со проекција на филмови од архивата на македонската Кинотека.

Викенд-програмата на 15. „МакеДокс“, на 17 август, во 11 часот претпладне, ќе биде отворена со анимирани филмови за најмладите во МКЦ. Ветрилото на чешките анимирани класици ќе го размрда застојаниот скопски летен воздух и ќе нѐ одведе на патување назад кон иднината. Билетот е, велат, во една насока, оти кој не би сакал вечно да остане дете? Затоа со задоволство ќе се навратиме на едни подалечни времиња кога јадевме мајмун-попара, учевме странски јазици од телевизија и трчавме од кујната со брзина на светлината штом ќе ја чуевме најавната шпица на омилениот цртан филм. Мајмун-попара, можеби, повеќе не е во мода, но одење во кино е, и тоа како! А на овогодишниот репертоар се епизоди од златните серии на „Пат и Мат“, „Кртко“, „Максипесот Фик“ и „Боб и Бобeк“.

Целосната програма може да се пронајде на официјалната веб-страница на „МакеДокс“ (www.makedox.mk), а може да се симне и фестивалската апликација.

Партнери на „МакеДокс“ се ППФП, МКЦ - Младински културен центар, Кинотека на Република Македонија и фестивалската мрежа „Doc Around Europe“.

The post Проекција на филмови од архивата на македонската Кинотека вечерва на ,,МакеДокс” appeared first on Република.

]]>

Со традиционалниот поздрав, високо кренати главици кромид во рацете на целата екипа и сите волонтери што работат на фестивалот, синоќа во Куршумли ан беше отворено јубилејното 15-то издание на фестивалот на креативен документарен филм „МакеДокс“. Со мото „Копање емоции низ времето“, фестивалот се одржува од 15 до 22 август во Куршумли ан, Музеј на Македонија, Сули ан, МКЦ и новиот простор „Лабораториум“ во Скопје. - Годинава „МакеДокс“ го посветуваме на архивските материјали и нивната употреба во документаристиката. Бројните архивски филмски наслови годинава се доказ дека имаме од што да учиме, ако сакаме. И дека само ако го чуваме сето она што е запишано и меморирано, ќе можеме одново да ги читаме, да ги толкуваме и да ги користиме новите приказни – рече Дарко Набаков, извршен директор на фестивалот. Објектот Куршумли ан, фестивалско гнездо на „МакеДокс“ во Старата скопска чаршија, беше исполнет до последното столче. Присутната публика со искрен и долготраен аплауз ги поздрави екипата и волонтерите на „МакеДокс“. - Фестивалот „МакеДокс“ слави 15 години, благодарение на многубројните пријатели, на кои сме им особено благодарни што успејаа да ја разберат и поддржат нашата идеја сите овие години. „МакеДокс“ е тука за вас и поради вас, драга наша публико, на која сме неизмерно благодарни што сте тука со нас – рече Сара Ферро, раководител на индустри програмата на „МакеДокс“. Филмската програма на 15. „МакеДокс“ почна со филмовите „Како се мери годината?“ (САД, 2022, 29 мин.) на Џеј Розенблат и „Целулоидно подземје“ (Обединето Кралство / Иран, 2023, 80 мин.) на иранскиот автор Ехсан Кошбахт. По филмските проекции, во рамки на музичкиот сегмент „Ноќни приказни“, се одржа концерт на Зарина Првасевда, вокален изведувач и музичар со единствена и алтернативна форма на презентација на македонската, балканската и светската традиционална музика. Вечерта заврши со диџеј-сет на Ишјан твин доцна во ноќта [caption id="attachment_807310" align="alignnone" width="2048"] Фото:МакеДокс[/caption] Во рамки на отворањето на фестивалот, во Куршумли ан поставена е „AeternaNova“ – изложба на фотографии на Здружението за истражување, заштита и промоција на културното наследство ВУЛГУС (@vulgus_mk). „AeternaNova“ (кованица од латинските термини „вечна“ и „нова“) презентира нов начин на промовирање и претставување на облековната култура од крајот на 19-иот и почетокот на 20-иот век, конципирајќи ја како мода, наместо како традиција. Проектен тим на изложбата се Филип Петковски, куратор и режисер, Марко Марјановиќ, фотограф, и Ивана Мојсовска Головска, постпродукција на фотографија. Во изложбата се користени народни носии од колекциите на Костадин Балкански, Дамјан Ристовски, Ансамбл „Студио Фолклор“ и Фолклорно студио „Етнос“. Изложбата ќе биде поставена до 22 август во Куршумли ан. На втората вечер, на 16 август, „МакеДокс“ ќе ја рашири својата филмска мрежа уште на два објекти – во Сули ан и на платото пред Музејот на Македонија. Во централниот фестивалски објект – Куршумли ан ќе биде отворена програмата со тематскиот фокус, кој годинава е ставен на кинотечните архиви од повеќе држави. Програмата ќе биде отворена во 21 часот, во Куршумли ан со проекција на филмови од архивата на македонската Кинотека. Викенд-програмата на 15. „МакеДокс“, на 17 август, во 11 часот претпладне, ќе биде отворена со анимирани филмови за најмладите во МКЦ. Ветрилото на чешките анимирани класици ќе го размрда застојаниот скопски летен воздух и ќе нѐ одведе на патување назад кон иднината. Билетот е, велат, во една насока, оти кој не би сакал вечно да остане дете? Затоа со задоволство ќе се навратиме на едни подалечни времиња кога јадевме мајмун-попара, учевме странски јазици од телевизија и трчавме од кујната со брзина на светлината штом ќе ја чуевме најавната шпица на омилениот цртан филм. Мајмун-попара, можеби, повеќе не е во мода, но одење во кино е, и тоа како! А на овогодишниот репертоар се епизоди од златните серии на „Пат и Мат“, „Кртко“, „Максипесот Фик“ и „Боб и Бобeк“. Целосната програма може да се пронајде на официјалната веб-страница на „МакеДокс“ (www.makedox.mk), а може да се симне и фестивалската апликација. Партнери на „МакеДокс“ се ППФП, МКЦ - Младински културен центар, Кинотека на Република Македонија и фестивалската мрежа „Doc Around Europe“.

The post Проекција на филмови од архивата на македонската Кинотека вечерва на ,,МакеДокс” appeared first on Република.

]]>
„Бекни бе, ќе ми снема лента“ – Мастерклас со Столе Попов викендов на „МакеДокс“ https://republika.mk/scena/film/bekni-be-ke-mi-snema-lenta-masterklas-so-stole-popov-vikendov-na-makedoks/ Fri, 16 Aug 2024 08:36:29 +0000 https://republika.mk/?p=807105

Во рамките на јубилејното 15-то издание на фестивалот на креативен документарен филм МакеДокс, во сабота на 17 август 2024 година во Културниот Центар Лабораториум во Скопје, со почеток во 11:00 часот, ќе имате можност да присуствувате на мастеркласот на Столе Попов со наслов „Бекни бе, ќе ми снема лента“.

Модераторка: Илинденка Петрушева

Настанот е отворен за јавност

Во светот на филмот, величината на режисерот се остварува низ неговите визии, иновации и способноста да ги воведе гледачите во нови светови. Столе Попов е режисер којшто со своето уметничко кредо и креативност го обликува величието на филмот. Неговите филмови го менуваат начинот на кој го гледаме и разбираме светот околу нас. Столе Попов останува водечка фигура на современата кинематографија, во полна смисла на зборот, инспирирајќи ги следните генерации креативци, режисери и љубители на филмот. Сите негови филмски остварувања остануваат врежани во срцата и меморијата на гледачите, оставајќи трајни отпечатоци во културата и историјата на кинематографијата.

Столе Попов е роден во 1950 година во Скопје, НР Македонија. Во 1973 година дипломира филмска режија на Академијата за театар, филм и телевизија во Белград. Во текот на студирањето има снимено 10 краткометражни студентски филмови.

Од 1978 до 1988 година работи како режисер во „Вардар филм“, а од 1985 до 1986 година ја врши должноста директор на таа филмска куќа. Од 1989 година работи како професор по филмска режија на Факултетот за драмски уметности во Скопје и е раководител на катедрата по филмска режија.

Уште со своите први филмови (значи, оние од Академијата за филм во Белград) беше јасно дека ефектуираната способност на Столе Попов за таканареченото „филмско размислување“ во иднина ќе се најде пред бројни творечки предизвици. Така и бидна…!

Една од основните задачи на Кинотеката на Македонија е филмовите од националната продукција трајно да ги заштити и да ги направи достапни за широката културна јавност. За таа цел, во 2011 година, во годината кога Кинотеката го славеше својот 35-годишен јубилеј, првпат реализиравме проект за дигитална реставрација на македонски филмови. Во проектот беа опфатени 7 филма на режисерот Столе Попов, играните ЦРВЕНИОТ КОЊ, СРЕЌНА НОВА ‘49, ТЕТОВИРАЊЕ и ЏИПСИ МЕЏИК, како и документарните филмови ОГАН, АВСТРАЛИЈА, АВСТРАЛИЈА и ДАЕ. Сите реставрирани филмови беа префрлени на ЛТО4 ленти, за нивно архивирање, како и за изработка на нов дубл-негатив и нови филмски копии.

The post „Бекни бе, ќе ми снема лента“ – Мастерклас со Столе Попов викендов на „МакеДокс“ appeared first on Република.

]]>

Во рамките на јубилејното 15-то издание на фестивалот на креативен документарен филм МакеДокс, во сабота на 17 август 2024 година во Културниот Центар Лабораториум во Скопје, со почеток во 11:00 часот, ќе имате можност да присуствувате на мастеркласот на Столе Попов со наслов „Бекни бе, ќе ми снема лента“. Модераторка: Илинденка Петрушева   Настанот е отворен за јавност Во светот на филмот, величината на режисерот се остварува низ неговите визии, иновации и способноста да ги воведе гледачите во нови светови. Столе Попов е режисер којшто со своето уметничко кредо и креативност го обликува величието на филмот. Неговите филмови го менуваат начинот на кој го гледаме и разбираме светот околу нас. Столе Попов останува водечка фигура на современата кинематографија, во полна смисла на зборот, инспирирајќи ги следните генерации креативци, режисери и љубители на филмот. Сите негови филмски остварувања остануваат врежани во срцата и меморијата на гледачите, оставајќи трајни отпечатоци во културата и историјата на кинематографијата.   Столе Попов е роден во 1950 година во Скопје, НР Македонија. Во 1973 година дипломира филмска режија на Академијата за театар, филм и телевизија во Белград. Во текот на студирањето има снимено 10 краткометражни студентски филмови. Од 1978 до 1988 година работи како режисер во „Вардар филм“, а од 1985 до 1986 година ја врши должноста директор на таа филмска куќа. Од 1989 година работи како професор по филмска режија на Факултетот за драмски уметности во Скопје и е раководител на катедрата по филмска режија.   Уште со своите први филмови (значи, оние од Академијата за филм во Белград) беше јасно дека ефектуираната способност на Столе Попов за таканареченото „филмско размислување“ во иднина ќе се најде пред бројни творечки предизвици. Така и бидна…! Една од основните задачи на Кинотеката на Македонија е филмовите од националната продукција трајно да ги заштити и да ги направи достапни за широката културна јавност. За таа цел, во 2011 година, во годината кога Кинотеката го славеше својот 35-годишен јубилеј, првпат реализиравме проект за дигитална реставрација на македонски филмови. Во проектот беа опфатени 7 филма на режисерот Столе Попов, играните ЦРВЕНИОТ КОЊ, СРЕЌНА НОВА ‘49, ТЕТОВИРАЊЕ и ЏИПСИ МЕЏИК, како и документарните филмови ОГАН, АВСТРАЛИЈА, АВСТРАЛИЈА и ДАЕ. Сите реставрирани филмови беа префрлени на ЛТО4 ленти, за нивно архивирање, како и за изработка на нов дубл-негатив и нови филмски копии.

The post „Бекни бе, ќе ми снема лента“ – Мастерклас со Столе Попов викендов на „МакеДокс“ appeared first on Република.

]]>
Изложба на фотографии ,,AeternaNova” на отворањето на МакеДокс https://republika.mk/vesti/kultura/izlozhba-na-fotografii-aeternanova-na-otvoraneto-na-makedoks/ Fri, 16 Aug 2024 08:18:54 +0000 https://republika.mk/?p=807087

Вчеравечер во Куршумли Ан, во склоп на отворање на МакеДокс беше поставена изложбата ,,AeternaNova” – изложба на фотографии на Здружението за истражување, заштита и промоција на културното наследство ВУЛГУС.

AeternaNova (кованица од латинските термини “вечна” и “нова”) презентира нов начин на промовирање и претставување на облековната култура од крајот на 19 от и почетокот на 20 от век, конципирајќи ја како мода, наместо како традиција.

Проектниот тим го сочинуваат Филип Петковски, куратор и режисер, Марко Марјановиќ, фотограф, Ивана Мојсовска Головска, постпродукција на фотографија.

Во изложбата се користени народни носии од колекциите на Костадин Балкански, Дамјан Ристовски, Ансамбл “Студио Фолклор” и Фолклорно студио “Етнос”.

The post Изложба на фотографии ,,AeternaNova” на отворањето на МакеДокс appeared first on Република.

]]>

Вчеравечер во Куршумли Ан, во склоп на отворање на МакеДокс беше поставена изложбата ,,AeternaNova” – изложба на фотографии на Здружението за истражување, заштита и промоција на културното наследство ВУЛГУС. AeternaNova (кованица од латинските термини “вечна” и “нова”) презентира нов начин на промовирање и претставување на облековната култура од крајот на 19 от и почетокот на 20 от век, конципирајќи ја како мода, наместо како традиција. Проектниот тим го сочинуваат Филип Петковски, куратор и режисер, Марко Марјановиќ, фотограф, Ивана Мојсовска Головска, постпродукција на фотографија. Во изложбата се користени народни носии од колекциите на Костадин Балкански, Дамјан Ристовски, Ансамбл “Студио Фолклор” и Фолклорно студио “Етнос”.

The post Изложба на фотографии ,,AeternaNova” на отворањето на МакеДокс appeared first on Република.

]]>
Концерт на Зарина Првасевда на отворањето за фестивалот на креативен документарен филм „МакеДокс“ https://republika.mk/scena/muzika/kontsert-na-zarina-prvasevda-na-otvoraneto-za-festivalot-na-kreativen-dokumentaren-film-makedoks/ Thu, 15 Aug 2024 07:42:38 +0000 https://republika.mk/?p=806343

Под слоганот Копање емоции низ времето, од утре па се до 22 август ќе се одржи јубилејното 15-то издание на МакеДокс – фестивалот на креативен документарен филм.

Во рамките на музичката програма на фестивалот, на 15 август 2024 година во Куршумли Ан, со почеток во 23:00 часот ќе може да го проследите концертот на Зарина Првасевда, а од 24:00 часот свој настап ќе има DJ Ishjan Twin.

Зарина е вокален изведувач и музичар кој изведува и македонска и светска традиционална музика.

Таа се стреми да ја смести традиционалната музика во поинаква, единствена и алтернативна форма, имајќи предвид дека самата музика ја задржува својата автентичност; сето тоа со помош на вокални техники кои кореспондираат со традицијата.

The post Концерт на Зарина Првасевда на отворањето за фестивалот на креативен документарен филм „МакеДокс“ appeared first on Република.

]]>

Под слоганот Копање емоции низ времето, од утре па се до 22 август ќе се одржи јубилејното 15-то издание на МакеДокс – фестивалот на креативен документарен филм. Во рамките на музичката програма на фестивалот, на 15 август 2024 година во Куршумли Ан, со почеток во 23:00 часот ќе може да го проследите концертот на Зарина Првасевда, а од 24:00 часот свој настап ќе има DJ Ishjan Twin. Зарина е вокален изведувач и музичар кој изведува и македонска и светска традиционална музика. Таа се стреми да ја смести традиционалната музика во поинаква, единствена и алтернативна форма, имајќи предвид дека самата музика ја задржува својата автентичност; сето тоа со помош на вокални техники кои кореспондираат со традицијата.

The post Концерт на Зарина Првасевда на отворањето за фестивалот на креативен документарен филм „МакеДокс“ appeared first on Република.

]]>
Свечено отварање на 15. издание на ,,МакеДокс” во Куршумли ан https://republika.mk/vesti/kultura/svecheno-otvarane-na-15-izdanie-na-makedoks-vo-kurshumli-an/ Thu, 15 Aug 2024 07:05:45 +0000 https://republika.mk/?p=806654

Со проекција на краткиот документарен филм „Како се мери годината?“ на Џеј Розенблат и долгометражниот „Целулоидно подземје“ на иранскиот автор Ехсан Кошбахт, утре почнува 15-то издание на Фестивалот на креативен документарен филм „МакеДокс“.

Од „МакеДокс“ информираат дека во тек се последните подготовки во објектот Куршумли ан во Старата скопска чаршија за нивното јубилејно издание.

Фестивалот ќе се одржува до 22 август во Куршумли ан, Музеј на Македонија, Сули ан, МКЦ и новиот простор „Лабораториум“ во Скопје.

Како што соопштија од „МакеДокс“, филмот „Како се мери годината?“ го следи континуитетот во комуникацијата меѓу татко и ќерка. Режисерот Џеј Розенблат седумнаесет години по ред ја снимал ќерка си Ела на нејзиниот роденден, прашувајќи ја истите прашања. Во само 29 минути гледаме како едно девојче расте од заодуваче во млада жена со сите убави, а понекогаш и непријатни периоди помеѓу, додека врската со татко ѝ се развива со сите свои сложености.

Проекции на „Како се мери годината?“ и „Целулоидно подземје“ на отворањето на „МакеДокс“ на 15 август

Првиот долгометражен филм што ќе се прикаже на Фестивалот е „Целулоидно подземје“.

-По завршувањето на Иранската револуција, настојчив филмски колекционер во Техеран станува нетипичен херој кога храбро решава да спаси илјадници филмови од канџите на новиот исламски режим. Иако е извесно дека го чекаат апсење и мачење, тој одлучно ја чува својата скапоцена тајна – приказната за отпорот и опсесијата, видена низ очите на момчето што му го чува грбот. Приказната се отплеткува на филмското платно години подоцна, откако ќе заминат во егзил во Лондон, сликајќи возбудлив портрет на постреволуционерен Иран, велат од фестивалот за филмот „Целулоидно подземје“.

По филмските проекции, во рамки на музичкиот сегмент „Ноќни приказни“ на 15 август во Куршумли ан концерт ќе одржи Зарина Првасевда, вокален изведувач и музичар кој изведува и македонска и светска традиционална музика. Првата вечер на 15. „МакеДокс“ ќе заврши со диџеј-сет на Ишјан твин.

Јубилејното 15-то издание на Фестивалот на креативен документарен филм „МакеДокс“ ќе се одржи со мото „Копање емоции низ времето“. Тематскиот фокус годинава е ставен на кинотечните архиви од повеќе држави. Ќе бидат прикажани филмови од Централниот државен филмски архив на Албанија, Хрватскиот државен архив, Националниот филмски институт на Унгарија, Словенечката кинотека, Архивот на Југословенската кинотека, Црногорската кинотека, Бугарскиот национален филмски архив, Романскиот национален филмски архив и Кинотеката на Македонија. Програмата ќе биде отворена на 16 август, во 21 часот, во Куршумли ан со проекција на филмови од архивата на македонската Кинотека.

- Бројните филмски наслови што годинава ги донесуваме од сите кинотеки на Балканот се доказ дека имаме од што да учиме, ако сакаме. И дека само ако го чуваме сето она што е запишано и меморирано, ќе можеме одново да го читаме и толкуваме и да го користиме во нови приказни. Архивите се тука и за да ни ги доотворат очите, да ни ја доближат и другата страна од приказната, па и третата и да нè соочат со нашите сопствени убедувања. Без архивите тешко дека ќе можеме да разбереме зошто светот е ваков каков што е или, пак, да го преиспитаме нашето место во него како социјални, политички и романтични души, изјави Дарко Набаков, извршен директор на Фестивалот.

Во рамки на тематската одредница на Фестивалот во сегментот „МакеДокс+“ ќе се одржи работилница за архивски практики во филмот со наслов „Замислување архиви“. Работилницата ќе се одржи од 15 до 19 август во студиото „Фх3х“ со менторите Кумјана Новакова, режисерка чиешто авторство се базира врз истражување, а работи и како филмска кураторка и предавачка, и Влад Петри, романски филмски режисер со голем интерес за политички и општествени теми.

Како што најавија од Фестивалот, работилницата ќе спои четири внимателно избрани режисер(к)и или тимови (режисер(к)и и монтажер(к)и). Во фокус е идентификувањето различни стратегии и можности за визуелно конципирање на архивите, со што се проширува креативниот опсег при снимањето филм. Преку ова интензивно заедничко искуство учесниците ќе имаат можност да се приближат до суштината на секој филмски проект, дискутирајќи за различните потенцијални пристапи за секој филм во кој се користат архивски материјали.

Партнери на „МакеДокс“ се ППФП, МКЦ - Младински културен центар, Кинотека на Македонија и фестивалската мрежа „Doc Around Europe“.

The post Свечено отварање на 15. издание на ,,МакеДокс” во Куршумли ан appeared first on Република.

]]>

Со проекција на краткиот документарен филм „Како се мери годината?“ на Џеј Розенблат и долгометражниот „Целулоидно подземје“ на иранскиот автор Ехсан Кошбахт, утре почнува 15-то издание на Фестивалот на креативен документарен филм „МакеДокс“. Од „МакеДокс“ информираат дека во тек се последните подготовки во објектот Куршумли ан во Старата скопска чаршија за нивното јубилејно издание. Фестивалот ќе се одржува до 22 август во Куршумли ан, Музеј на Македонија, Сули ан, МКЦ и новиот простор „Лабораториум“ во Скопје. Како што соопштија од „МакеДокс“, филмот „Како се мери годината?“ го следи континуитетот во комуникацијата меѓу татко и ќерка. Режисерот Џеј Розенблат седумнаесет години по ред ја снимал ќерка си Ела на нејзиниот роденден, прашувајќи ја истите прашања. Во само 29 минути гледаме како едно девојче расте од заодуваче во млада жена со сите убави, а понекогаш и непријатни периоди помеѓу, додека врската со татко ѝ се развива со сите свои сложености. Проекции на „Како се мери годината?“ и „Целулоидно подземје“ на отворањето на „МакеДокс“ на 15 август Првиот долгометражен филм што ќе се прикаже на Фестивалот е „Целулоидно подземје“. -По завршувањето на Иранската револуција, настојчив филмски колекционер во Техеран станува нетипичен херој кога храбро решава да спаси илјадници филмови од канџите на новиот исламски режим. Иако е извесно дека го чекаат апсење и мачење, тој одлучно ја чува својата скапоцена тајна – приказната за отпорот и опсесијата, видена низ очите на момчето што му го чува грбот. Приказната се отплеткува на филмското платно години подоцна, откако ќе заминат во егзил во Лондон, сликајќи возбудлив портрет на постреволуционерен Иран, велат од фестивалот за филмот „Целулоидно подземје“. По филмските проекции, во рамки на музичкиот сегмент „Ноќни приказни“ на 15 август во Куршумли ан концерт ќе одржи Зарина Првасевда, вокален изведувач и музичар кој изведува и македонска и светска традиционална музика. Првата вечер на 15. „МакеДокс“ ќе заврши со диџеј-сет на Ишјан твин. Јубилејното 15-то издание на Фестивалот на креативен документарен филм „МакеДокс“ ќе се одржи со мото „Копање емоции низ времето“. Тематскиот фокус годинава е ставен на кинотечните архиви од повеќе држави. Ќе бидат прикажани филмови од Централниот државен филмски архив на Албанија, Хрватскиот државен архив, Националниот филмски институт на Унгарија, Словенечката кинотека, Архивот на Југословенската кинотека, Црногорската кинотека, Бугарскиот национален филмски архив, Романскиот национален филмски архив и Кинотеката на Македонија. Програмата ќе биде отворена на 16 август, во 21 часот, во Куршумли ан со проекција на филмови од архивата на македонската Кинотека. - Бројните филмски наслови што годинава ги донесуваме од сите кинотеки на Балканот се доказ дека имаме од што да учиме, ако сакаме. И дека само ако го чуваме сето она што е запишано и меморирано, ќе можеме одново да го читаме и толкуваме и да го користиме во нови приказни. Архивите се тука и за да ни ги доотворат очите, да ни ја доближат и другата страна од приказната, па и третата и да нè соочат со нашите сопствени убедувања. Без архивите тешко дека ќе можеме да разбереме зошто светот е ваков каков што е или, пак, да го преиспитаме нашето место во него како социјални, политички и романтични души, изјави Дарко Набаков, извршен директор на Фестивалот. Во рамки на тематската одредница на Фестивалот во сегментот „МакеДокс+“ ќе се одржи работилница за архивски практики во филмот со наслов „Замислување архиви“. Работилницата ќе се одржи од 15 до 19 август во студиото „Фх3х“ со менторите Кумјана Новакова, режисерка чиешто авторство се базира врз истражување, а работи и како филмска кураторка и предавачка, и Влад Петри, романски филмски режисер со голем интерес за политички и општествени теми. Како што најавија од Фестивалот, работилницата ќе спои четири внимателно избрани режисер(к)и или тимови (режисер(к)и и монтажер(к)и). Во фокус е идентификувањето различни стратегии и можности за визуелно конципирање на архивите, со што се проширува креативниот опсег при снимањето филм. Преку ова интензивно заедничко искуство учесниците ќе имаат можност да се приближат до суштината на секој филмски проект, дискутирајќи за различните потенцијални пристапи за секој филм во кој се користат архивски материјали. Партнери на „МакеДокс“ се ППФП, МКЦ - Младински културен центар, Кинотека на Македонија и фестивалската мрежа „Doc Around Europe“.    

The post Свечено отварање на 15. издание на ,,МакеДокс” во Куршумли ан appeared first on Република.

]]>
„МакеДокс“ стартува утре со проекција на краткиот документарен филм „Како се мери годината?“ и долгометражниот документарен филм „Целулоидно подземје“ https://republika.mk/scena/film/makedoks-startuva-utre-so-proektsija-na-kratkiot-dokumentaren-film-kako-se-meri-godinata-i-dolgometrazhniot-dokumentaren-film-tseluloidno-podzemje/ Wed, 14 Aug 2024 11:50:00 +0000 https://republika.mk/?p=806481

Во објектот Куршумли ан во Старата скопска чаршија во тек се последните подготовки за отворањето на јубилејното 15-то издание на Фестивалот на креативен документарен филм „МакеДокс“. Фестивалот ќе се одржи од 15 до 22 август во традиционалните простори на Куршумли ан, Музеј на Македонија, Сули ан, МКЦ и новиот простор „Лабораториум“ во Скопје.

Филмската програма на отворањето на фестивалот на 15 август, од 20.30 часот, содржи проекција на два документарни филма. Краткиот документарен филм „Како се мери годината?“ (САД, 2022, 29 мин.) на Џеј Розенблат го следи континуитетот во комуникацијата помеѓу татко и ќерка. Режисерот Џеј Розенблат седумнаесет години по ред ја снимал ќерка си Ела на нејзиниот роденден, прашувајќи ја истите прашања. Во само 29 минути гледаме како едно девојче расте од заодуваче во млада жена со сите убави, а понекогаш и непријатни периоди помеѓу, додека врската со татко ѝ се развива со сите свои сложености.

Во рамки на главната фестивалска програма на 15 август ќе биде прикажан долгометражниот документарен филм „Целулоидно подземје“ (Обединето Кралство / Иран, 2023, 80 мин.) на иранскиот автор Ехсан Кошбахт. По завршувањето на Иранската револуција, настојчив филмски колекционер во Техеран станува нетипичен херој кога храбро решава да спаси илјадници филмови од канџите на новиот исламски режим. Иако е извесно дека го чекаат апсење и мачење, тој одлучно ја чува својата скапоцена тајна – приказната за отпорот и опсесијата, видена низ очите на момчето што му го чува грбот. Приказната се отплеткува на филмското платно години подоцна, откако ќе заминат во егзил во Лондон, сликајќи возбудлив портрет на постреволуционерен Иран.

По филмските проекции, во рамки на музичкиот сегмент „Ноќни приказни“ на 15 август во Куршумли ан концерт ќе одржи Зарина Првасевда, вокален изведувач и музичар кој изведува и македонска и светска традиционална музика. Таа се стреми да ја смести традиционалната музика во поинаква, единствена и алтернативна форма, имајќи предвид дека самата музика ја задржува својата автентичност; сето тоа со помош на вокални техники кои кореспондираат со традицијата. Првата вечер на 15. „МакеДокс“ ќе заврши со диџеј-сет на Ишјан твин.

Јубилејното 15-то издание на Фестивалот на креативен документарен филм „МакеДокс“ ќе се одржи со мото „Копање емоции низ времето“. Тематскиот фокус годинава е ставен на кинотечните архиви од повеќе држави. Ќе бидат прикажани филмови од Централниот државен филмски архив на Албанија, Хрватскиот државен архив, Националниот филмски институт на Унгарија, Словенечката кинотека, Архивот на Југословенската кинотека, Црногорската кинотека, Бугарскиот национален филмски архив, Романскиот национален филмски архив и Кинотеката на Македонија. Програмата ќе биде отворена на 16 август, во 21 часот, во Куршумли ан со проекција на филмови од архивата на македонската Кинотека.

- Бројните филмски наслови што годинава ги донесуваме од сите кинотеки на Балканот се доказ дека имаме од што да учиме, ако сакаме. И дека само ако го чуваме сето она што е запишано и меморирано, ќе можеме одново да го читаме и толкуваме и да го користиме во нови приказни. Архивите се тука и за да ни ги доотворат очите, да ни ја доближат и другата страна од приказната, па и третата и да нè соочат со нашите сопствени убедувања. Без архивите тешко дека ќе можеме да разбереме зошто светот е ваков каков што е или, пак, да го преиспитаме нашето место во него како социјални, политички и романтични души – посочува Дарко Набаков, извршен директор на фестивалот.

Во рамки на тематската одредница на фестивалот во сегментот „МакеДокс+“ ќе се одржи Работилница за архивски практики во филмот со наслов „Замислување архиви“. Работилницата ќе се одржи од 15 до 19 август во студиото „Фх3х“ со менторите Кумјана Новакова, режисерка чиешто авторство се базира врз истражување, а работи и како филмска кураторка и предавачка, и Влад Петри, романски филмски режисер со голем интерес за политички и општествени теми.

Работилницата ќе спои четири внимателно избрани режисер(к)и или тимови (режисер(к)и и монтажер(к)и). Во фокус е идентификувањето различни стратегии и можности за визуелно конципирање на архивите, со што се проширува креативниот опсег при снимањето филм. Преку ова интензивно заедничко искуство учесниците ќе имаат можност да се приближат до суштината на секој филмски проект, дискутирајќи за различните потенцијални пристапи за секој филм во кој се користат архивски материјали.

Целосната програма може да се пронајде на официјалната веб-страница на „МакеДокс“ (www.makedox.mk), а може да се симне и фестивалската апликација.

https://republika.mk/scena/muzika/kontsert-na-zarina-prvasevda-na-otvoraneto-za-festivalot-na-kreativen-dokumentaren-film-makedoks/

The post „МакеДокс“ стартува утре со проекција на краткиот документарен филм „Како се мери годината?“ и долгометражниот документарен филм „Целулоидно подземје“ appeared first on Република.

]]>

Во објектот Куршумли ан во Старата скопска чаршија во тек се последните подготовки за отворањето на јубилејното 15-то издание на Фестивалот на креативен документарен филм „МакеДокс“. Фестивалот ќе се одржи од 15 до 22 август во традиционалните простори на Куршумли ан, Музеј на Македонија, Сули ан, МКЦ и новиот простор „Лабораториум“ во Скопје. Филмската програма на отворањето на фестивалот на 15 август, од 20.30 часот, содржи проекција на два документарни филма. Краткиот документарен филм „Како се мери годината?“ (САД, 2022, 29 мин.) на Џеј Розенблат го следи континуитетот во комуникацијата помеѓу татко и ќерка. Режисерот Џеј Розенблат седумнаесет години по ред ја снимал ќерка си Ела на нејзиниот роденден, прашувајќи ја истите прашања. Во само 29 минути гледаме како едно девојче расте од заодуваче во млада жена со сите убави, а понекогаш и непријатни периоди помеѓу, додека врската со татко ѝ се развива со сите свои сложености. Во рамки на главната фестивалска програма на 15 август ќе биде прикажан долгометражниот документарен филм „Целулоидно подземје“ (Обединето Кралство / Иран, 2023, 80 мин.) на иранскиот автор Ехсан Кошбахт. По завршувањето на Иранската револуција, настојчив филмски колекционер во Техеран станува нетипичен херој кога храбро решава да спаси илјадници филмови од канџите на новиот исламски режим. Иако е извесно дека го чекаат апсење и мачење, тој одлучно ја чува својата скапоцена тајна – приказната за отпорот и опсесијата, видена низ очите на момчето што му го чува грбот. Приказната се отплеткува на филмското платно години подоцна, откако ќе заминат во егзил во Лондон, сликајќи возбудлив портрет на постреволуционерен Иран. По филмските проекции, во рамки на музичкиот сегмент „Ноќни приказни“ на 15 август во Куршумли ан концерт ќе одржи Зарина Првасевда, вокален изведувач и музичар кој изведува и македонска и светска традиционална музика. Таа се стреми да ја смести традиционалната музика во поинаква, единствена и алтернативна форма, имајќи предвид дека самата музика ја задржува својата автентичност; сето тоа со помош на вокални техники кои кореспондираат со традицијата. Првата вечер на 15. „МакеДокс“ ќе заврши со диџеј-сет на Ишјан твин. Јубилејното 15-то издание на Фестивалот на креативен документарен филм „МакеДокс“ ќе се одржи со мото „Копање емоции низ времето“. Тематскиот фокус годинава е ставен на кинотечните архиви од повеќе држави. Ќе бидат прикажани филмови од Централниот државен филмски архив на Албанија, Хрватскиот државен архив, Националниот филмски институт на Унгарија, Словенечката кинотека, Архивот на Југословенската кинотека, Црногорската кинотека, Бугарскиот национален филмски архив, Романскиот национален филмски архив и Кинотеката на Македонија. Програмата ќе биде отворена на 16 август, во 21 часот, во Куршумли ан со проекција на филмови од архивата на македонската Кинотека. - Бројните филмски наслови што годинава ги донесуваме од сите кинотеки на Балканот се доказ дека имаме од што да учиме, ако сакаме. И дека само ако го чуваме сето она што е запишано и меморирано, ќе можеме одново да го читаме и толкуваме и да го користиме во нови приказни. Архивите се тука и за да ни ги доотворат очите, да ни ја доближат и другата страна од приказната, па и третата и да нè соочат со нашите сопствени убедувања. Без архивите тешко дека ќе можеме да разбереме зошто светот е ваков каков што е или, пак, да го преиспитаме нашето место во него како социјални, политички и романтични души – посочува Дарко Набаков, извршен директор на фестивалот. Во рамки на тематската одредница на фестивалот во сегментот „МакеДокс+“ ќе се одржи Работилница за архивски практики во филмот со наслов „Замислување архиви“. Работилницата ќе се одржи од 15 до 19 август во студиото „Фх3х“ со менторите Кумјана Новакова, режисерка чиешто авторство се базира врз истражување, а работи и како филмска кураторка и предавачка, и Влад Петри, романски филмски режисер со голем интерес за политички и општествени теми. Работилницата ќе спои четири внимателно избрани режисер(к)и или тимови (режисер(к)и и монтажер(к)и). Во фокус е идентификувањето различни стратегии и можности за визуелно конципирање на архивите, со што се проширува креативниот опсег при снимањето филм. Преку ова интензивно заедничко искуство учесниците ќе имаат можност да се приближат до суштината на секој филмски проект, дискутирајќи за различните потенцијални пристапи за секој филм во кој се користат архивски материјали. Целосната програма може да се пронајде на официјалната веб-страница на „МакеДокс“ (www.makedox.mk), а може да се симне и фестивалската апликација. https://republika.mk/scena/muzika/kontsert-na-zarina-prvasevda-na-otvoraneto-za-festivalot-na-kreativen-dokumentaren-film-makedoks/

The post „МакеДокс“ стартува утре со проекција на краткиот документарен филм „Како се мери годината?“ и долгометражниот документарен филм „Целулоидно подземје“ appeared first on Република.

]]>
Патувачкото кино на МакеДокс денеска во Битола https://republika.mk/scena/film/patuvachkoto-kino-na-makedoks-deneska-vo-bitola/ Sat, 10 Aug 2024 14:03:42 +0000 https://republika.mk/?p=805215

Магаренцето на МакеДокс патува веќе петнаесет години и стана препознатливо по своето волшебно самарче.

Патувачкото кино на МакеДокс раскажува и забележува приказни, тоа е неговата суштина. Спојува луѓе, енергии, судбини, преплетува исконски и современи приказни.
На културата гледа пошироко од кино сали и помпезни настани. Ги носи на грб филмовите и го полни самарот со прикани до кои ретко се допира, ако не се оди пред коперација, на сретсело, ако не се испие кафе или ракија, со некои добри луѓе.
Патувачкото кино на МакеДокс секоја година посетува нови 8-10 (помали) места и села во различни региони од Македонија.
Сите проекции се сретсело, под отворено небо и се бесплатни.
МакеДокс магаренцето во 2024 ќе се прошета во Битолско и Демирхисарско.

Годинава магаренцето ќе се растовари во:

  • Битола – 10 август, 20.30 ч, пред Офицерскиот дом,
  • Цапари – 4 и 5 септември, 20.00 ч, сретсело
  • Буково – 6 и 7 септември, 20.00 ч, сретсело
  • Долно Оризари – 8 и 9 септември, 20.00 ч, сретсело

Се гледаме на проекција под отворено небо, за единствено доживување!

The post Патувачкото кино на МакеДокс денеска во Битола appeared first on Република.

]]>

Магаренцето на МакеДокс патува веќе петнаесет години и стана препознатливо по своето волшебно самарче. Патувачкото кино на МакеДокс раскажува и забележува приказни, тоа е неговата суштина. Спојува луѓе, енергии, судбини, преплетува исконски и современи приказни. На културата гледа пошироко од кино сали и помпезни настани. Ги носи на грб филмовите и го полни самарот со прикани до кои ретко се допира, ако не се оди пред коперација, на сретсело, ако не се испие кафе или ракија, со некои добри луѓе. Патувачкото кино на МакеДокс секоја година посетува нови 8-10 (помали) места и села во различни региони од Македонија. Сите проекции се сретсело, под отворено небо и се бесплатни. МакеДокс магаренцето во 2024 ќе се прошета во Битолско и Демирхисарско.   Годинава магаренцето ќе се растовари во:
  • Битола – 10 август, 20.30 ч, пред Офицерскиот дом,
  • Цапари – 4 и 5 септември, 20.00 ч, сретсело
  • Буково – 6 и 7 септември, 20.00 ч, сретсело
  • Долно Оризари – 8 и 9 септември, 20.00 ч, сретсело
Се гледаме на проекција под отворено небо, за единствено доживување!

The post Патувачкото кино на МакеДокс денеска во Битола appeared first on Република.

]]>
МакеДокс корзо за загревање вечерва во МСУ https://republika.mk/scena/muzika/makedoks-korzo-za-zagrevane-vecherva-vo-msu/ Fri, 09 Aug 2024 08:04:23 +0000 https://republika.mk/?p=804840

Во петок ( 9 август) во Музејот на современа уметност од 21 часот ќе се одржи пред фестивалското MакеДокс корзо за загревање.

Петок отсекогаш бил ден за корзо и добра журка. Затоа овој петок протегнете ги нозете до МСУ и дојдете на игранка со диџеј Шурбе…Секој нека си го донесе шанкот од дома…. А ние ќе се погрижиме за вода, ем ракија, вино и по некое пивце за живце. Да се загрееме за 15ка и за копање емоции низ времето”, се вели во најавата на МакеДокс.

The post МакеДокс корзо за загревање вечерва во МСУ appeared first on Република.

15. издание на „МакеДокс“ под мотото „ Копање на емоции низ времето“ од 15-22 август со 92 филмови и повеќе од 100 странски гости https://republika.mk/scena/film/15-izdanie-na-makedoks-pod-mototo-kopane-na-emotsii-niz-vremeto-od-15-22-avgust-so-92-filmovi-i-poveke-od-100-stranski-gosti/ Thu, 08 Aug 2024 11:07:48 +0000 https://republika.mk/?p=804551

Со документарниот филм „Целулоидно подземје“ во иранско-британска продукција, чиј режисер е Ехсан Кошбахт, на 15 август ќе биде отворено 15. издание на Фестивалот на креативен документарен филм „МакеДокс“. Мотото на Фестивалот оваа година е „Копање на емоции низ времето“, затоа што тематски оваа година Фестивалот се фокусира на архивата, односно користењето на архивскиот материјал во документаристиката.

Пред „Целулоидно подземје“, ќе биде прикажан документарниот филм „Како се мери годината“ на американскиот режисер Џеј Росенблат. Фестивалот ќе се одржува до 22 август, во Крушумли ан, Музеј на Македонија, Сули ан, МКЦ и „Лабораториум“ во Скопје.

Како што најави на денешната прес-конференција извршниот директор на фестивалот Дарко Набаков, програмата оваа година е сочинета од 92 филмови кои што се натпреваруваат во пет натпреварувачки категории - главната награда „Кромид“, наградата „Млад кромид“ за млади автори, „Сецкан кромид“ за краток документарен филм, „Кокарче“ наградата за студентски документарен филм и наградата за етички идеи во документарниот филм.

Петнаесет години ги копаме слоевите на кромидот и дојдовме до нашето 15 издание. Овој пат Фестивалот ќе се одржува од 15 август до 22 август на пет локации во градот и ќе угости повеќе од сто странски гости, рече Набаков.

Програмскиот координатор на „МакеДокс“ Петрула Вељановска на прес-конференција напомена дека оваа година фокусот ќе биде на балканските кинотеки и користењето на архивскиот материјал во документарните филмови, секако и негова дигитализација, чување и реставрација.

Со текот на годините сфативме дека архивскиот материјал посебно е симбиотски врзан за документарните филмови и дека е многу значаен за авторите на документарни филмови, затоа што тие најчесто преку користење на архивскиот материјал ги преобликуваат нивните приказни и даваат некои свои нови идеи, нов поглед на работите и на општествено социјалните настани. Иако архивите најчесто ги врзуваме со минатото, сепак преку архивите имаме и длабок поглед на авторите кон иднината, рече Вељановска.

Како што напомена, во фокус програмата оваа година ќе бидат прикажани архивски филмови од кинотеките од поширокиот балкански регион, при што селектираа филмови од повеќе балкански кинотеки.

Програмата во фокус ќе ја отвориме со нашата македонска кинотека во Сули ан, потоа ќе ги имаме програмите со архивски филмови од југословенската кинотека, словенечката, црногорската, унгарската, романската, бугарската и албанската кинотека. Овој пат немаме земја во фокус, туку имаме регион во фокус и тоа се кратки архивски филмови од 60-тите и 70-тите години снимани, дигитализирани и реставрирани во балканските кинотеки, додаде Вељановска.

Што се однесува до главната програма, како што потенцираше, има филмови нови на документаристичката сцена, тоа се „Најмила Фиона“ - холандски филм кој што целосно е изработен од архивски материјали, филмот „Агент на среќата“, „Баломанија“, „Кикс“ и многу други филмови.

Меѓу другото, тука е и филмот „Холивудгејт“, чиј монтажер  е нашиот Атанас Георгиев, а имаме и некои филмови кои што се значајни за македонската документаристика, пред се филмот на Кумјана Новакова - „Молкот на разумот“, кој што доби награда на Амстердамскиот филмски фестивал. Во програмата на „Македокс“ ќе се најде и победникот на Берлинале - „Дахомеј“ на Мати Диоп, а ќе биде прикажан и филмот „Архитектон“ на Виктор Косаковски, додаде Вељановска.

Таа појасни дека покрај другите филмови, на фестивалот македонска премиера ќе има филмот на нашиот режисер Бојан Тантуровски „Градина“.

На затворањето на Фестивалот ќе биде прикажан филмот на Тамара Котевска - „Патување пеш“.

Во програмата за кратки филмови ќе имаме околу 14 филмови. Меѓу нив е филмот од македонската режисерка Марија Џиџева „Сјајот на ѕвездата“ и филмот „Хембој“ на Елизабета Конеска. Во детската програма оваа година донесовме чешки филмови од постарата чешка анимирана школа, додаде Вељановска.

Раководителката на индустри програмата на „МакеДокс“ Сара Ферро напомена дека индустрискиот дел од Фестивалот ќе го почнат со два мастеркласа. Првиот матсерклас ќе се одржи на 17 август од 11 до 13 часот во „Лабораториум“ со режисерот Столе Попов.

Следниот мастерклас е на 18 август на истата локација со холанската режисерка Инеке Смитс и Јероеен Стаут, кој што е уредник на радио содржини.

Ферро информираше дека на почетокот на Фестивалот, од 15 до 18 август ќе се одржи работилница за користење на архивски материјали во документарниот филм „Замислување архиви“, со Кумнјана Новакова и Влад Петри, а одбрани се четири проекти од поширокиот балкански регион кои ќе работат со овие режисери.

The post 15. издание на „МакеДокс“ под мотото „ Копање на емоции низ времето“ од 15-22 август со 92 филмови и повеќе од 100 странски гости appeared first on Република.

]]>

Со документарниот филм „Целулоидно подземје“ во иранско-британска продукција, чиј режисер е Ехсан Кошбахт, на 15 август ќе биде отворено 15. издание на Фестивалот на креативен документарен филм „МакеДокс“. Мотото на Фестивалот оваа година е „Копање на емоции низ времето“, затоа што тематски оваа година Фестивалот се фокусира на архивата, односно користењето на архивскиот материјал во документаристиката. Пред „Целулоидно подземје“, ќе биде прикажан документарниот филм „Како се мери годината“ на американскиот режисер Џеј Росенблат. Фестивалот ќе се одржува до 22 август, во Крушумли ан, Музеј на Македонија, Сули ан, МКЦ и „Лабораториум“ во Скопје. Како што најави на денешната прес-конференција извршниот директор на фестивалот Дарко Набаков, програмата оваа година е сочинета од 92 филмови кои што се натпреваруваат во пет натпреварувачки категории - главната награда „Кромид“, наградата „Млад кромид“ за млади автори, „Сецкан кромид“ за краток документарен филм, „Кокарче“ наградата за студентски документарен филм и наградата за етички идеи во документарниот филм.
Петнаесет години ги копаме слоевите на кромидот и дојдовме до нашето 15 издание. Овој пат Фестивалот ќе се одржува од 15 август до 22 август на пет локации во градот и ќе угости повеќе од сто странски гости, рече Набаков.
Програмскиот координатор на „МакеДокс“ Петрула Вељановска на прес-конференција напомена дека оваа година фокусот ќе биде на балканските кинотеки и користењето на архивскиот материјал во документарните филмови, секако и негова дигитализација, чување и реставрација.
Со текот на годините сфативме дека архивскиот материјал посебно е симбиотски врзан за документарните филмови и дека е многу значаен за авторите на документарни филмови, затоа што тие најчесто преку користење на архивскиот материјал ги преобликуваат нивните приказни и даваат некои свои нови идеи, нов поглед на работите и на општествено социјалните настани. Иако архивите најчесто ги врзуваме со минатото, сепак преку архивите имаме и длабок поглед на авторите кон иднината, рече Вељановска.
Како што напомена, во фокус програмата оваа година ќе бидат прикажани архивски филмови од кинотеките од поширокиот балкански регион, при што селектираа филмови од повеќе балкански кинотеки.
Програмата во фокус ќе ја отвориме со нашата македонска кинотека во Сули ан, потоа ќе ги имаме програмите со архивски филмови од југословенската кинотека, словенечката, црногорската, унгарската, романската, бугарската и албанската кинотека. Овој пат немаме земја во фокус, туку имаме регион во фокус и тоа се кратки архивски филмови од 60-тите и 70-тите години снимани, дигитализирани и реставрирани во балканските кинотеки, додаде Вељановска.
Што се однесува до главната програма, како што потенцираше, има филмови нови на документаристичката сцена, тоа се „Најмила Фиона“ - холандски филм кој што целосно е изработен од архивски материјали, филмот „Агент на среќата“, „Баломанија“, „Кикс“ и многу други филмови.
Меѓу другото, тука е и филмот „Холивудгејт“, чиј монтажер  е нашиот Атанас Георгиев, а имаме и некои филмови кои што се значајни за македонската документаристика, пред се филмот на Кумјана Новакова - „Молкот на разумот“, кој што доби награда на Амстердамскиот филмски фестивал. Во програмата на „Македокс“ ќе се најде и победникот на Берлинале - „Дахомеј“ на Мати Диоп, а ќе биде прикажан и филмот „Архитектон“ на Виктор Косаковски, додаде Вељановска.
Таа појасни дека покрај другите филмови, на фестивалот македонска премиера ќе има филмот на нашиот режисер Бојан Тантуровски „Градина“. На затворањето на Фестивалот ќе биде прикажан филмот на Тамара Котевска - „Патување пеш“.
Во програмата за кратки филмови ќе имаме околу 14 филмови. Меѓу нив е филмот од македонската режисерка Марија Џиџева „Сјајот на ѕвездата“ и филмот „Хембој“ на Елизабета Конеска. Во детската програма оваа година донесовме чешки филмови од постарата чешка анимирана школа, додаде Вељановска.
Раководителката на индустри програмата на „МакеДокс“ Сара Ферро напомена дека индустрискиот дел од Фестивалот ќе го почнат со два мастеркласа. Првиот матсерклас ќе се одржи на 17 август од 11 до 13 часот во „Лабораториум“ со режисерот Столе Попов. Следниот мастерклас е на 18 август на истата локација со холанската режисерка Инеке Смитс и Јероеен Стаут, кој што е уредник на радио содржини. Ферро информираше дека на почетокот на Фестивалот, од 15 до 18 август ќе се одржи работилница за користење на архивски материјали во документарниот филм „Замислување архиви“, со Кумнјана Новакова и Влад Петри, а одбрани се четири проекти од поширокиот балкански регион кои ќе работат со овие режисери.

The post 15. издание на „МакеДокс“ под мотото „ Копање на емоции низ времето“ од 15-22 август со 92 филмови и повеќе од 100 странски гости appeared first on Република.

]]>
MакеДокс корзо за загревање во МСУ https://republika.mk/scena/muzika/makedoks-korzo-za-zagrevane-vo-msu/ Tue, 06 Aug 2024 11:08:55 +0000 https://republika.mk/?p=803867

Во петок во Музејот на современа уметност од 21 часот ќе се одржи пред фестивалското MакеДокс корзо за загревање.

,,Петок отсекогаш бил ден за корзо и добра журка. Затоа овој петок протегнете ги нозете до МСУ и дојдете на игранка со диџеј Шурбе…Секој нека си го донесе шанкот од дома…. А ние ќе се погрижиме за вода, ем ракија, вино и по некое пивце за живце. Да се загрееме за 15ка и за копање емоции низ времето”, се вели во најавата на МакеДокс.

The post MакеДокс корзо за загревање во МСУ appeared first on Република.

]]>

Во петок во Музејот на современа уметност од 21 часот ќе се одржи пред фестивалското MакеДокс корзо за загревање. ,,Петок отсекогаш бил ден за корзо и добра журка. Затоа овој петок протегнете ги нозете до МСУ и дојдете на игранка со диџеј Шурбе…Секој нека си го донесе шанкот од дома…. А ние ќе се погрижиме за вода, ем ракија, вино и по некое пивце за живце. Да се загрееме за 15ка и за копање емоции низ времето”, се вели во најавата на МакеДокс.

The post MакеДокс корзо за загревање во МСУ appeared first on Република.

]]>