мајмунска сипаница Archives - Република https://republika.mk/tema/majmunska-sipanica/ За подобро да се разбереме Fri, 29 Jul 2022 20:52:29 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png мајмунска сипаница Archives - Република https://republika.mk/tema/majmunska-sipanica/ 32 32 Потврден првиот смртен случај од мајмунски сипаници во Европа https://republika.mk/zivot/zdravje/potvrden-prviot-smrten-sluchaj-od-majmunski-sipanici-vo-evropa/ Fri, 29 Jul 2022 20:52:29 +0000 https://republika.mk/?p=534886

Шпанија го пријави првиот смртен случај од мајмунски сипаници во Европа, објави Министерството за здравство на земјата.

Бразил, исто така, ја објави својата прва смрт поврзана со вирусот претходно денеска.

Станува збор за 41-годишен маж, кој, како што соопшти бразилското Министерство за здравство, боледувал и од лимфом и имал ослабен имунолошки систем.

Досега во Шпанија се потврдени 4.298 случаи на мајмунски сипаници.

The post Потврден првиот смртен случај од мајмунски сипаници во Европа appeared first on Република.

]]>

Шпанија го пријави првиот смртен случај од мајмунски сипаници во Европа, објави Министерството за здравство на земјата. Бразил, исто така, ја објави својата прва смрт поврзана со вирусот претходно денеска. Станува збор за 41-годишен маж, кој, како што соопшти бразилското Министерство за здравство, боледувал и од лимфом и имал ослабен имунолошки систем. Досега во Шпанија се потврдени 4.298 случаи на мајмунски сипаници.

The post Потврден првиот смртен случај од мајмунски сипаници во Европа appeared first on Република.

]]>
Дали вакцината против мајмунски сипаници ќе стане задолжителна за ризнични групи граѓани https://republika.mk/zivot/zdravje/dali-vakcinata-protiv-majmunski-sipanici-kje-stane-zadolzitelna-za-riznichni-grupi-gragjani/ Fri, 08 Jul 2022 16:06:58 +0000 https://republika.mk/?p=526050

Француската национална здравствена управа (HAS) денеска препорача проширување на кампањата за вакцинација против мајмунски сипаници, нагласувајќи дека оние кои се изложени на најголем ризик од заразување со вирусот преку сексуален контакт треба да ја примат вакцината.

Мажите кои имаат сексуални односи со други мажи и транс лицата кои имаат повеќе сексуални партнери треба да се вакцинираат, наведува ХАС, додавајќи дека вакцината треба да ја примат и лица кои се занимаваат со проституција.

Досега ХАС препорачуваше само реактивна вакцинација, што значи дека штом ќе се потврди случај на мајмунска сипаница, вакцината треба да се даде на возрасни лица кои биле во контакт со заразеното лице.

Со оглед на ширењето на вирусот на мајмунски сипаници и тешкотиите во следењето на контактите на заразените лица, ХАС сега препорачува превентивна вакцинација за некои групи за кои вели дека се изложени на посебен ризик.

The post Дали вакцината против мајмунски сипаници ќе стане задолжителна за ризнични групи граѓани appeared first on Република.

]]>

Француската национална здравствена управа (HAS) денеска препорача проширување на кампањата за вакцинација против мајмунски сипаници, нагласувајќи дека оние кои се изложени на најголем ризик од заразување со вирусот преку сексуален контакт треба да ја примат вакцината. Мажите кои имаат сексуални односи со други мажи и транс лицата кои имаат повеќе сексуални партнери треба да се вакцинираат, наведува ХАС, додавајќи дека вакцината треба да ја примат и лица кои се занимаваат со проституција. Досега ХАС препорачуваше само реактивна вакцинација, што значи дека штом ќе се потврди случај на мајмунска сипаница, вакцината треба да се даде на возрасни лица кои биле во контакт со заразеното лице. Со оглед на ширењето на вирусот на мајмунски сипаници и тешкотиите во следењето на контактите на заразените лица, ХАС сега препорачува превентивна вакцинација за некои групи за кои вели дека се изложени на посебен ризик.

The post Дали вакцината против мајмунски сипаници ќе стане задолжителна за ризнични групи граѓани appeared first on Република.

]]>
Прв случај на лице заразено со мајмунски сипаници во Хрватска https://republika.mk/vesti/balkan/prv-sluchaj-na-lice-zarazeno-so-majmunski-sipanici-vo-hrvatska/ Thu, 23 Jun 2022 21:37:35 +0000 https://republika.mk/?p=519085

Потврден е првиот случај на лице заразено со мајмунски сипаници во Хрватска, дознава ХРТ од Клиниката за инфективни болести „Д-р Фран Михаљевиќ“ во Загреб.

Имено, станува збор за личност која престојувала во Италија и Шпанија. Пациентот има поблага форма на болеста, не е хоспитализиран, но е во домашна изолација.

Минатиот месец, водечки советник на СЗО рече дека епидемијата на мајмунски сипаници надвор од Африка веројатно се проширила преку сексуалната активност помеѓу мажи за време на забави во Шпанија и во Белгија. Сипаниците се пренесуваат преку близок кожен или сексуален контакт.

The post Прв случај на лице заразено со мајмунски сипаници во Хрватска appeared first on Република.

]]>

Потврден е првиот случај на лице заразено со мајмунски сипаници во Хрватска, дознава ХРТ од Клиниката за инфективни болести „Д-р Фран Михаљевиќ“ во Загреб. Имено, станува збор за личност која престојувала во Италија и Шпанија. Пациентот има поблага форма на болеста, не е хоспитализиран, но е во домашна изолација. Минатиот месец, водечки советник на СЗО рече дека епидемијата на мајмунски сипаници надвор од Африка веројатно се проширила преку сексуалната активност помеѓу мажи за време на забави во Шпанија и во Белгија. Сипаниците се пренесуваат преку близок кожен или сексуален контакт.

The post Прв случај на лице заразено со мајмунски сипаници во Хрватска appeared first on Република.

]]>
СЗО: Се шират мајмунските сипаници- 780 случаи во 27 земји, а се очекува дополнително зголемување https://republika.mk/zivot/zdravje/szo-se-shirat-majmunskite-sipanici-780-sluchai-vo-27-zemji-a-se-ochekuva-dopolnitelno-zgolemuvanje/ Sun, 05 Jun 2022 19:49:39 +0000 https://republika.mk/?p=511545

Вкупно 780 лабораториски потврдени случаи се пријавени во 27 земји каде болеста не е ендемична, соопшти во неделата Светската здравствена организација, оценувајќи дека ризикот од нив е умерен во светот.

Овој број секако е потценет поради ограничените епидемиолошки информации и „многу е веројатно дека другите земји ќе откријат случаи и дека ќе дојде до ново ширење на вирусот“, додава СЗО, а пренесува Хина.

Пријавени се мал број хоспитализации, а пациентите се сместени во изолација.

Земјите каде болеста не е ендемична, а пријавени се најмногу случаи се: Велика Британија (207), Шпанија (156), Португалија (138), Канада (58) и Германија (57). Случаи се пријавени и надвор од Европа и Северна Америка – по еден – во Аргентина, Австралија, Мароко и Обединетите Арапски Емирати.
„Иако сегашниот ризик за здравјето на луѓето и општата јавност е низок, ризикот за јавното здравје може да се зголеми доколку вирусот ја искористи можноста да се вкорени во неендемични земји како раширен човечки патоген“, објави агенцијата на ОН во новата проценка на болеста.

The post СЗО: Се шират мајмунските сипаници- 780 случаи во 27 земји, а се очекува дополнително зголемување appeared first on Република.

]]>

Вкупно 780 лабораториски потврдени случаи се пријавени во 27 земји каде болеста не е ендемична, соопшти во неделата Светската здравствена организација, оценувајќи дека ризикот од нив е умерен во светот. Овој број секако е потценет поради ограничените епидемиолошки информации и „многу е веројатно дека другите земји ќе откријат случаи и дека ќе дојде до ново ширење на вирусот“, додава СЗО, а пренесува Хина. Пријавени се мал број хоспитализации, а пациентите се сместени во изолација. Земјите каде болеста не е ендемична, а пријавени се најмногу случаи се: Велика Британија (207), Шпанија (156), Португалија (138), Канада (58) и Германија (57). Случаи се пријавени и надвор од Европа и Северна Америка – по еден – во Аргентина, Австралија, Мароко и Обединетите Арапски Емирати. „Иако сегашниот ризик за здравјето на луѓето и општата јавност е низок, ризикот за јавното здравје може да се зголеми доколку вирусот ја искористи можноста да се вкорени во неендемични земји како раширен човечки патоген“, објави агенцијата на ОН во новата проценка на болеста.

The post СЗО: Се шират мајмунските сипаници- 780 случаи во 27 земји, а се очекува дополнително зголемување appeared first on Република.

]]>
Стевановиќ: Следиме препораки и внимаваме на состојбата со мајмунските сипаници https://republika.mk/vesti/makedonija/stevanovikj-sledime-preporaki-i-vnimavame-na-sostojbata-so-majmunskite-sipanici/ Wed, 25 May 2022 19:59:25 +0000 https://republika.mk/?p=506939

Ги следиме препораките, внимаваме на состојбата, како во земјата, така и надвор. Апелираме до луѓето кои патуваат, да внимаваат, да се заштитат, да држат дистанца. Патувањето во ризичните подрачја не се препорачува и затоа треба да бидеме исклучително одговорни, апелира Милена Стевановиќ, директорка на Универзитетска Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби во врска со мајмунските сипаници.

Во гостување на Сител Телевизја, во Тема на денот, Стевановиќ посочи дека не треба да се потценува нашиот здравствен систем и оти сите пациенти ќе бидат следени, евидентирани и третирани на Клиниката за инфективни болести.

– Немојте да ја намалувате вредноста на нашиот систем. Нашиот систем е далеку од идеален, но е подготвен и цврсто стоиме на нашите нозе и имаме капацитет да се справиме со заразна болест. Во моментот кога ќе излезат комерцијалните тестови за сипаниците, ќе ги имаме и ние – додаде таа.

Во однос на инкубацијата за мајмунските сипаници, Стевановиќ појасни дека таа трае 21 ден, што значи дека човек може да биде инфициран до 21 ден, а да нема никакви симптоми, како што се појава на висока температура, главоболка, отекување на лимфните жлезди.

Како и секоја друга вирусна инфекција, така и кај мајмунските сипаници, таа вели дека најпогодени би биле младите, повозрасните лица и лицата со хронични болести.

– Прекинатите ланци на вакцинација, ќе доведе до појава на сериозни вирусни болести. Мојот апел е вакцинацијата да не престане и да не се дозволи пропуштање на вакцинацијата кај децата. Тоа е причина зошто ни се јавуваат поранешните вирусни болести – вели Стевановиќ.

The post Стевановиќ: Следиме препораки и внимаваме на состојбата со мајмунските сипаници appeared first on Република.

]]>

Ги следиме препораките, внимаваме на состојбата, како во земјата, така и надвор. Апелираме до луѓето кои патуваат, да внимаваат, да се заштитат, да држат дистанца. Патувањето во ризичните подрачја не се препорачува и затоа треба да бидеме исклучително одговорни, апелира Милена Стевановиќ, директорка на Универзитетска Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби во врска со мајмунските сипаници.
Во гостување на Сител Телевизја, во Тема на денот, Стевановиќ посочи дека не треба да се потценува нашиот здравствен систем и оти сите пациенти ќе бидат следени, евидентирани и третирани на Клиниката за инфективни болести.
– Немојте да ја намалувате вредноста на нашиот систем. Нашиот систем е далеку од идеален, но е подготвен и цврсто стоиме на нашите нозе и имаме капацитет да се справиме со заразна болест. Во моментот кога ќе излезат комерцијалните тестови за сипаниците, ќе ги имаме и ние – додаде таа.
Во однос на инкубацијата за мајмунските сипаници, Стевановиќ појасни дека таа трае 21 ден, што значи дека човек може да биде инфициран до 21 ден, а да нема никакви симптоми, како што се појава на висока температура, главоболка, отекување на лимфните жлезди. Како и секоја друга вирусна инфекција, така и кај мајмунските сипаници, таа вели дека најпогодени би биле младите, повозрасните лица и лицата со хронични болести.
– Прекинатите ланци на вакцинација, ќе доведе до појава на сериозни вирусни болести. Мојот апел е вакцинацијата да не престане и да не се дозволи пропуштање на вакцинацијата кај децата. Тоа е причина зошто ни се јавуваат поранешните вирусни болести – вели Стевановиќ.

The post Стевановиќ: Следиме препораки и внимаваме на состојбата со мајмунските сипаници appeared first on Република.

]]>
Во Грција засега нема сомнителен случај на мајмунски сипаници https://republika.mk/vesti/balkan/vo-grcija-zasega-nema-somnitelen-sluchaj-na-majmunski-sipanici/ Fri, 20 May 2022 08:42:43 +0000 https://republika.mk/?p=504694

Кај нас досега не е евидентиран сомнителен случај на мајмунски сипаници, соопштуваат од Националната организација за јавно здравје на Грција и додаваат дека во соработка со европските организации, но и СЗО и внимателно ја следат ситуацијата, јави дописничката на МИА од Атина.

Паралелно, на граѓаните им препорачуваат да ги следат упатствата на лекарите во случај на осип или невообичаено оштетување на кожата.

Објаснуваат дека првиот случај на мајмунските сипаници беше регистриран на почетокот на месецов во Велика Британија кај лице кое се вратило од Нигерија и оттогаш има спорадични случаи и во други европски земји – Португалија, Шпанија, Италија

Додаваат дека болеста се пренесува од човек на човек преку контакт со кожни лезии, телесни течности и/или контаминирани предмети на пациентот, како и преку респираторни капки по продолжен близок контакт на кратко растојание, симптомите вклучуваат треска, главоболка, исцрпеност, а најчесто се појавува и карактеристичен осип еден до пет дена по почетокот на симптомите.

-Иако не постои специјална терапија, повеќето пациенти целосно закрепнуваат во рок од неколку седмици. Појавувањето случаи во Велика Британија без претходно патување, како и појавувањето спорадични случаи во други европски земји укажуваат на тоа дека болеста најверојатно се шири во заедницата. Се нагласува дека врз основа на досегашните епидемиолошки податоци, опасноста за општата популација е низок, бидејќи болеста е обично лесна и се самоограничува, со релативно мало ширење, соопштуваат од Националната организација за јавно здравје на Грција.

The post Во Грција засега нема сомнителен случај на мајмунски сипаници appeared first on Република.

]]>

Кај нас досега не е евидентиран сомнителен случај на мајмунски сипаници, соопштуваат од Националната организација за јавно здравје на Грција и додаваат дека во соработка со европските организации, но и СЗО и внимателно ја следат ситуацијата, јави дописничката на МИА од Атина.
Паралелно, на граѓаните им препорачуваат да ги следат упатствата на лекарите во случај на осип или невообичаено оштетување на кожата. Објаснуваат дека првиот случај на мајмунските сипаници беше регистриран на почетокот на месецов во Велика Британија кај лице кое се вратило од Нигерија и оттогаш има спорадични случаи и во други европски земји – Португалија, Шпанија, Италија Додаваат дека болеста се пренесува од човек на човек преку контакт со кожни лезии, телесни течности и/или контаминирани предмети на пациентот, како и преку респираторни капки по продолжен близок контакт на кратко растојание, симптомите вклучуваат треска, главоболка, исцрпеност, а најчесто се појавува и карактеристичен осип еден до пет дена по почетокот на симптомите.
-Иако не постои специјална терапија, повеќето пациенти целосно закрепнуваат во рок од неколку седмици. Појавувањето случаи во Велика Британија без претходно патување, како и појавувањето спорадични случаи во други европски земји укажуваат на тоа дека болеста најверојатно се шири во заедницата. Се нагласува дека врз основа на досегашните епидемиолошки податоци, опасноста за општата популација е низок, бидејќи болеста е обично лесна и се самоограничува, со релативно мало ширење, соопштуваат од Националната организација за јавно здравје на Грција.

The post Во Грција засега нема сомнителен случај на мајмунски сипаници appeared first on Република.

]]>
Потврден случај на мајмунска сипаница https://republika.mk/zivot/zdravje/potvrden-sluchaj-na-majmunska-sipanica/ Sat, 07 May 2022 18:57:46 +0000 https://republika.mk/?p=499223

На едно лице во Англија му е дијагностициран вирусот на мајмунска сипаница, соопшти британската агенција за здравствена безбедност. Пациентот неодамна бил во Нигерија, каде што се верува дека се заразил пред да дојде во Велика Британија, соопшти здравствената агенција.

Тој сега се лекува на специјалистичка клиника за инфективни болести во Лондон.

Мајмунски сипаници е ретка вирусна инфекција од која повеќето луѓе се опоравуваат за неколку недели, пренесува Би-би-си.

Упатените велат дека мајмунските сипаници не се шират лесно меѓу луѓето и дека ризикот за пошироката јавност е многу мал. Првата регистрирана епидемија на вирусот во Велика Британија бил во 2018 година, а оттогаш здравствените власти потврдија неколку случаи.

Првичните симптоми на мајмунска сипаница вклучуваат треска, главоболка, болки во мускулите, болки во грбот, отечени лимфни јазли и исцрпеност, соопшти УКХСА.

Може да се развие осип, кој често започнува на лицето, а потоа се шири на други делови од телото. Осипот се менува и поминува низ различни фази пред конечно да се формира краста, која подоцна паѓа, велат здравствените работници.

Предупредуваат дека вирусот може да се шири кога некој е во близок контакт со заразено лице. Вирусот може да влезе во телото преку оштетената кожа, респираторниот тракт или преку очите, носот или устата.

Може да се пренесе и преку контакт со заразени животни како што се мајмуни, стаорци и верверички или преку предмети контаминирани со вируси како постелнина и облека.

The post Потврден случај на мајмунска сипаница appeared first on Република.

]]>

На едно лице во Англија му е дијагностициран вирусот на мајмунска сипаница, соопшти британската агенција за здравствена безбедност. Пациентот неодамна бил во Нигерија, каде што се верува дека се заразил пред да дојде во Велика Британија, соопшти здравствената агенција. Тој сега се лекува на специјалистичка клиника за инфективни болести во Лондон.
Мајмунски сипаници е ретка вирусна инфекција од која повеќето луѓе се опоравуваат за неколку недели, пренесува Би-би-си.
Упатените велат дека мајмунските сипаници не се шират лесно меѓу луѓето и дека ризикот за пошироката јавност е многу мал. Првата регистрирана епидемија на вирусот во Велика Британија бил во 2018 година, а оттогаш здравствените власти потврдија неколку случаи. Првичните симптоми на мајмунска сипаница вклучуваат треска, главоболка, болки во мускулите, болки во грбот, отечени лимфни јазли и исцрпеност, соопшти УКХСА. Може да се развие осип, кој често започнува на лицето, а потоа се шири на други делови од телото. Осипот се менува и поминува низ различни фази пред конечно да се формира краста, која подоцна паѓа, велат здравствените работници. Предупредуваат дека вирусот може да се шири кога некој е во близок контакт со заразено лице. Вирусот може да влезе во телото преку оштетената кожа, респираторниот тракт или преку очите, носот или устата. Може да се пренесе и преку контакт со заразени животни како што се мајмуни, стаорци и верверички или преку предмети контаминирани со вируси како постелнина и облека.

The post Потврден случај на мајмунска сипаница appeared first on Република.

]]>