мајкл карпентер Archives - Република https://republika.mk/tema/majkl-karpenter/ За подобро да се разбереме Sat, 10 Dec 2022 10:47:00 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png мајкл карпентер Archives - Република https://republika.mk/tema/majkl-karpenter/ 32 32 Османи на заедничка средба со амбасадорите Рикер и Карпентер https://republika.mk/vesti/makedonija/osmani-na-zaednichka-sredba-so-ambasadorite-riker-i-karpenter/ Sat, 10 Dec 2022 10:53:50 +0000 https://republika.mk/?p=583960

Министерот за надворешни работи Бујар Османи оствари средба со амбасадорот Филип Рикер, виш советник за процесите на преговори во регионот на Кавказот при Стејт департментот и амбасадорот Мајкл Карпентер, постојан претставник на САД при ОБСЕ во Виена.

Како што информираат од кабинетот на Османи, на средбата се дискутирало за претстојното претседавање на Македонија со ОБСЕ во 2023 година, приоритетите и можностите кои треба да се искористат за справување со геополитичките предизвици, како и поддршката на САД во овој процес.

ОБСЕ треба да има неминовна, би рекол, клучна улога во менаџирањето, стабилизацијата, но и во процесите на постконфликтното градење мир и доверба во Украина и пошироко во регионот на ОБСЕ. Како претседавач со Организацијата ќе работиме на зајакнување на улогата на ОБСЕ во оваа смисла, во поддршка на нејзината релевантност. Самите предизвици ја прават Организација денес порелевантна од било кога и наша задача ќе биде да ја зачуваме и да овозможиме адекватни услови да функционира со полн потенцијал, посочил Османи.

Соговорниците се согласиле дека функционалноста и зајакната улога на ОБСЕ, како регионална безбедносна организација, е особено потребна со цел да се овозможи теренска поддршка на обидите за прекин на воените дејствија и одржувањето стабилноста на територијата на Украина.

На средбата било реафирмирано стратешкото партнерство меѓу Македонија и САД, како и основните постулати на соработка дефинирани во Стратешкиот дијалог кој се одржа во јуни оваа година во Вашингтон.

САД продолжуваат со силна поддршка за земјава, вклучувајќи ја и поддршката и во делот за претстојното претседавање на земјава со ОБСЕ, велат од МНР.

The post Османи на заедничка средба со амбасадорите Рикер и Карпентер appeared first on Република.

]]>

Министерот за надворешни работи Бујар Османи оствари средба со амбасадорот Филип Рикер, виш советник за процесите на преговори во регионот на Кавказот при Стејт департментот и амбасадорот Мајкл Карпентер, постојан претставник на САД при ОБСЕ во Виена. Како што информираат од кабинетот на Османи, на средбата се дискутирало за претстојното претседавање на Македонија со ОБСЕ во 2023 година, приоритетите и можностите кои треба да се искористат за справување со геополитичките предизвици, како и поддршката на САД во овој процес.
ОБСЕ треба да има неминовна, би рекол, клучна улога во менаџирањето, стабилизацијата, но и во процесите на постконфликтното градење мир и доверба во Украина и пошироко во регионот на ОБСЕ. Како претседавач со Организацијата ќе работиме на зајакнување на улогата на ОБСЕ во оваа смисла, во поддршка на нејзината релевантност. Самите предизвици ја прават Организација денес порелевантна од било кога и наша задача ќе биде да ја зачуваме и да овозможиме адекватни услови да функционира со полн потенцијал, посочил Османи.
Соговорниците се согласиле дека функционалноста и зајакната улога на ОБСЕ, како регионална безбедносна организација, е особено потребна со цел да се овозможи теренска поддршка на обидите за прекин на воените дејствија и одржувањето стабилноста на територијата на Украина. На средбата било реафирмирано стратешкото партнерство меѓу Македонија и САД, како и основните постулати на соработка дефинирани во Стратешкиот дијалог кој се одржа во јуни оваа година во Вашингтон.