Мајкл Џеј Фокс Archives - Република https://republika.mk/tema/majkl-dhej-foks/ За подобро да се разбереме Sun, 30 Jun 2024 17:08:51 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Мајкл Џеј Фокс Archives - Република https://republika.mk/tema/majkl-dhej-foks/ 32 32 Мајкл Џеј Фокс настапи со „Колдплеј“ на Гластонбери https://republika.mk/scena/muzika/majkl-dhej-foks-nastapi-so-koldplej-na-glastonberi/ Sun, 30 Jun 2024 17:08:51 +0000 https://republika.mk/?p=792191

Славниот холивудски актер Мајкл Џеј Фокс (63) кој боледува од Паркинсонова болест синоќа беше специјален гостин на концертот на „Колдплеј“, во рамки на музичкиот фестивал Гластонбери. Неговото појавување на сцената расплака иладници во публиката, но и пред малите екрани, кои го следеа пренесот на „Би-би-си“.

Тој се појави на сцената во инвалидска количка и свиреше гитара за време на песните „Fix You“ и „Humankind“.

На Мајкл Џеј Фокс првпат му беше дијагностицирана Паркинсонова болест на 30-годишна возраст, во 1991 година. Со сопругата Трејси Полан основаа фондација која собра две милијарди долари за истражување на оваа болест.

Инаку, „Колдплеј“ испишаа историја со својот настап на Гластонбери и станаа рекордери затоа што веќе шести пат, вклучувајќи го и оној кога дебитираа, настапуваат таму. Култниот бенд дебитираше на фестивалот во 1999 година, а своите ангажмани ги продолжи во 2002, 2005, 2011 и 2016 година. Поради ова, Крис Мартин, пејачот на бендот, му се заблагодари на актерот.

Настапот го следеа повеќе од 100 илјади луѓе, а меѓу нив беа познатите актери Том Круз, Сајмон Пег и Џилијан Андерсон.

https://youtu.be/kM-94LhhQTs?si=kWAgQE9k5iIfQBnc

The post Мајкл Џеј Фокс настапи со „Колдплеј“ на Гластонбери appeared first on Република.

]]>

Славниот холивудски актер Мајкл Џеј Фокс (63) кој боледува од Паркинсонова болест синоќа беше специјален гостин на концертот на „Колдплеј“, во рамки на музичкиот фестивал Гластонбери. Неговото појавување на сцената расплака иладници во публиката, но и пред малите екрани, кои го следеа пренесот на „Би-би-си“. Тој се појави на сцената во инвалидска количка и свиреше гитара за време на песните „Fix You“ и „Humankind“. На Мајкл Џеј Фокс првпат му беше дијагностицирана Паркинсонова болест на 30-годишна возраст, во 1991 година. Со сопругата Трејси Полан основаа фондација која собра две милијарди долари за истражување на оваа болест. Инаку, „Колдплеј“ испишаа историја со својот настап на Гластонбери и станаа рекордери затоа што веќе шести пат, вклучувајќи го и оној кога дебитираа, настапуваат таму. Култниот бенд дебитираше на фестивалот во 1999 година, а своите ангажмани ги продолжи во 2002, 2005, 2011 и 2016 година. Поради ова, Крис Мартин, пејачот на бендот, му се заблагодари на актерот. Настапот го следеа повеќе од 100 илјади луѓе, а меѓу нив беа познатите актери Том Круз, Сајмон Пег и Џилијан Андерсон. https://youtu.be/kM-94LhhQTs?si=kWAgQE9k5iIfQBnc

The post Мајкл Џеј Фокс настапи со „Колдплеј“ на Гластонбери appeared first on Република.

]]>
Во документарец Мајкл Џеј Фокс ги откри деталите за борбата со болеста: „Паркинсоновата болест е подарок што одзема“ https://republika.mk/scena/film/vo-dokumentarets-majkl-dhej-foks-gi-otkri-detalite-za-borbata-so-bolesta-parkinsonovata-bolest-e-podarok-shto-odzema/ Wed, 15 Nov 2023 10:11:41 +0000 https://republika.mk/?p=701741

Мајкл Џеј Фокс светски познатиот актер без размислување се согласил да го сними документарниот филм „Сепак: филм за Мајкл Џеј Фокс“ во режија на оскаровецот за докумнетарци Дејвис Гугенхајм.

Филмот беше премиерно прикажан на почетокот на годината во Санденс, а на доделувањето на наградите за документарни филмови од „Critics Choice“ во 2023 година во Лос Анџелес, филмското сведоштво за тоа каков е секојдневието на актерот кој се прослави со улогата на Марти Мекфлај во трилогијата „Враќање во Иднината“ која добила дури пет престижни награди, вклучувајќи ја и категоријата најдобар биографски документарен филм.

https://www.youtube.com/watch?v=yHgMSR4F1Ak

Неговата цел беше да даде што е можно поедноставен одговор на прашањето, како изгледа животот на поранешна филмска ѕвезда без шарени, холивудски филтри? Малкумина се осмелија да го прашаат актерот со тешко движење како функционира секој ден во неговите четири ѕида.

Universal Pictures

Вака е создаден болно искрениот документарец кој ги пушта гледачите во приватниот свет на актерот и неговото семејство, ги снима неговите лични и професионални триумфи и борби и открива што точно се случило кога на 29-годишна возраст се соочил со неизлечива болест. .

Тој бил среде снимањето на романтичната комедија „Док Холивуд“ и речиси преку ноќ, во 1990 година, дозна дека поради раната Паркинсонова болест, во најдобар случај му претстојат уште десет години работа во филмот и телевизијата.

*PREMIUM-EXCLUSIVE* Beloved "Back to the Future" star Michael J. Fox spends New Year in Tulum, Mexico

Тој го дозна ова токму додека ја разгрануваше својата кариера, во 1988 година, и се ожени со една година постарата американска актерка Трејси Полан, колешка од ситкомот на NBC „Family Ties“.

Инаку, Мајкл во последно време искрено и отворено зборува за својата борба со Паркинсоновата болест.

13th Governors Awards in Los Angeles

- Реков дека Паркинсоновата болест е подарок. Тоа е подарок што продолжува да ми одзема, но ми го промени животот на толку многу позитивни начини. Еден од нив е создавање на фондација, која финансира истражување за развој на терапии за оние кои живеат со Паркинсонова болест - објасни неодамна тој за Town&Country.

The post Во документарец Мајкл Џеј Фокс ги откри деталите за борбата со болеста: „Паркинсоновата болест е подарок што одзема“ appeared first on Република.

]]>

Мајкл Џеј Фокс светски познатиот актер без размислување се согласил да го сними документарниот филм „Сепак: филм за Мајкл Џеј Фокс“ во режија на оскаровецот за докумнетарци Дејвис Гугенхајм. Филмот беше премиерно прикажан на почетокот на годината во Санденс, а на доделувањето на наградите за документарни филмови од „Critics Choice“ во 2023 година во Лос Анџелес, филмското сведоштво за тоа каков е секојдневието на актерот кој се прослави со улогата на Марти Мекфлај во трилогијата „Враќање во Иднината“ која добила дури пет престижни награди, вклучувајќи ја и категоријата најдобар биографски документарен филм. https://www.youtube.com/watch?v=yHgMSR4F1Ak Неговата цел беше да даде што е можно поедноставен одговор на прашањето, како изгледа животот на поранешна филмска ѕвезда без шарени, холивудски филтри? Малкумина се осмелија да го прашаат актерот со тешко движење како функционира секој ден во неговите четири ѕида. Universal Pictures Вака е создаден болно искрениот документарец кој ги пушта гледачите во приватниот свет на актерот и неговото семејство, ги снима неговите лични и професионални триумфи и борби и открива што точно се случило кога на 29-годишна возраст се соочил со неизлечива болест. . Тој бил среде снимањето на романтичната комедија „Док Холивуд“ и речиси преку ноќ, во 1990 година, дозна дека поради раната Паркинсонова болест, во најдобар случај му претстојат уште десет години работа во филмот и телевизијата. *PREMIUM-EXCLUSIVE* Beloved "Back to the Future" star Michael J. Fox spends New Year in Tulum, Mexico Тој го дозна ова токму додека ја разгрануваше својата кариера, во 1988 година, и се ожени со една година постарата американска актерка Трејси Полан, колешка од ситкомот на NBC „Family Ties“. Инаку, Мајкл во последно време искрено и отворено зборува за својата борба со Паркинсоновата болест. 13th Governors Awards in Los Angeles - Реков дека Паркинсоновата болест е подарок. Тоа е подарок што продолжува да ми одзема, но ми го промени животот на толку многу позитивни начини. Еден од нив е создавање на фондација, која финансира истражување за развој на терапии за оние кои живеат со Паркинсонова болест - објасни неодамна тој за Town&Country.

The post Во документарец Мајкл Џеј Фокс ги откри деталите за борбата со болеста: „Паркинсоновата болест е подарок што одзема“ appeared first on Република.

]]>