Мајчин јазик Archives - Република https://republika.mk/tema/majchin-jazik/ За подобро да се разбереме Thu, 23 Feb 2023 08:32:33 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Мајчин јазик Archives - Република https://republika.mk/tema/majchin-jazik/ 32 32 Над 68 отсто од македонските граѓани знаат втор јазик https://republika.mk/vesti/makedonija/nad-68-otsto-od-makedonskite-gragani-znaat-vtor-jazik/ Thu, 23 Feb 2023 08:32:33 +0000 https://republika.mk/?p=612185

Македонија е над европскиот просек според познавањето странски јазици. Во земјава јазик различен од мајчиниот зборуваат 68,3 отсто од граѓаните.

Според податоците на Евростат што ги објави Еуроњуз по повод Меѓународниот ден на мајчиниот јазик, во Европа околу 65 отсто од населението знае барем еден странски јазик. За споредба, во САД само околу 20 отсто од возрасната популација зборува друг јазик.

Постојат значителни варијации меѓу регионите на Стариот континент. Во нордиските земји голем процент од луѓето знаат најмалку два јазика, додека во Јужна Европа тоа не е случај.

Спротивно на тоа, во Велика Британија, Босна и Херцеговина, Романија, Албанија, Унгарија и Бугарија помалку од 50 отсто од луѓето се повеќејазични.

Луѓето во земјите каде што англискиот е мајчин јазик не изгледаат заинтересирани за учење друг јазик, па затоа само половина од Ирците зборуваат и разбираат барем уште еден странски јазик, а најлошо во Европа стои Велика Британија, каде што јазик различен од мајчиниот знае едвај 34 отсто од населението.

Од земјите во нашето опкружување, најдобро позиционирана е Србија каде што 79,3 отсто знаат и друг јазик, следува Хрватска со 73,2 отсто, Грција 66,5, а на дното се Бугарија со 49,5, Албанија со 40 проценти и Босна и Херцеговина со 39 проценти.

The post Над 68 отсто од македонските граѓани знаат втор јазик appeared first on Република.

]]>

Македонија е над европскиот просек според познавањето странски јазици. Во земјава јазик различен од мајчиниот зборуваат 68,3 отсто од граѓаните. Според податоците на Евростат што ги објави Еуроњуз по повод Меѓународниот ден на мајчиниот јазик, во Европа околу 65 отсто од населението знае барем еден странски јазик. За споредба, во САД само околу 20 отсто од возрасната популација зборува друг јазик. Постојат значителни варијации меѓу регионите на Стариот континент. Во нордиските земји голем процент од луѓето знаат најмалку два јазика, додека во Јужна Европа тоа не е случај. Спротивно на тоа, во Велика Британија, Босна и Херцеговина, Романија, Албанија, Унгарија и Бугарија помалку од 50 отсто од луѓето се повеќејазични. Луѓето во земјите каде што англискиот е мајчин јазик не изгледаат заинтересирани за учење друг јазик, па затоа само половина од Ирците зборуваат и разбираат барем уште еден странски јазик, а најлошо во Европа стои Велика Британија, каде што јазик различен од мајчиниот знае едвај 34 отсто од населението. Од земјите во нашето опкружување, најдобро позиционирана е Србија каде што 79,3 отсто знаат и друг јазик, следува Хрватска со 73,2 отсто, Грција 66,5, а на дното се Бугарија со 49,5, Албанија со 40 проценти и Босна и Херцеговина со 39 проценти.

The post Над 68 отсто од македонските граѓани знаат втор јазик appeared first on Република.

]]>
Гир: Македонската книжевност има многу да и понуди на ЕУ https://republika.mk/vesti/kultura/gir-makedonskata-knizhevnost-ima-mnogu-da-i-ponudi-na-eu/ Wed, 22 Feb 2023 12:47:10 +0000 https://republika.mk/?p=611934

Заштитата и промоцијата на мајчиниот јазик преку литературата беше темата на втората дебата од серијалот „#Culture Talks“, што ја организираше денеска „Европската куќа“ во Скопје (Europe House). На дебатата, која се одржа по повод Меѓународниот ден на мајчиниот јазик, беше истакнато виталното значење на овој ден за промоција и заштита на сите јазици, но, истовремено и за подигнување на свеста за лингвистичката и културна разноликост.

Панелисти на дебатата беа: амбасадорот Дејвид Гир, шеф на Делегацијата на ЕУ; министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска; проф. д-р Весна Мојсова-Чепишевска, редовен професор на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје и директор на Семинарот за македонски јазик, литература и култура; Петар Андоновски, писател и лауреат на Европската награда за литература; и Дејан Василевски, лектор по македонски јазик.

Како голем чекор во заштитата на мајчиниот јазик беше посочен проектот за дигитализација на досиејата на Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“. Во контекст на овие активности, министерката за култура, Бисера Костадиновска-Стојчевска напомена дека за да ја заштитиме литературата, претходно мора да работиме, да го негуваме мајчиниот македонски јазик, да го сочуваме секој дијалект, секоја буква.

Костадиновска-Стојчевска го изрази своето задоволство што македонскиот јазик е признаен како официјален во Европската Унија и ги напомена активностите кои се преземаат во насока на негова заштита и промоција.

Tаа нагласи дека годинава во културата се прославуваат неколку значајни јубилеи, и во тој контекст поддржани се неколку проекти на Институтот за македонски јазик преку кои достојно ќе биде одбележан нивниот седум децениски јубилеј, како и одбележувањето на 120 години од објавувањето на книгата на Мисирков „За македонцките работи“.

Министерката за култура се осврна и на поддршката на манифестациите кои имаат огромно значење за промоцијата на нашиот јазик, како што се Струшките вечери на поезијата и Семинарот за македонски јазик, литература и култура. Таа потсети дека годинава поддршка добиле 500-тини наслови на близу 40 манифестации во издавачката дејност.

Амбасадорот Дејвид Гир истакна дека со задоволство се приклучува, како што рече, на оваа прослава на мајчиниот јазик. Тој додаде дека за него англискиот јазик е мајчин јазик, јазик со кој е лично поврзан и чувствува дека има предност што зборува на јазик кој е широко распространет, исто како што тоа на пример го чувствува некој од Шпанија и слично.

За неговото познавање на македонската литература, амбасадорот Гир рече дека неговите соработници секогаш се трудат да го запознаат со тоа што нему му причинува задоволство. Тој додаде дека македонската книжевност има многу да и понуди на Европската Унија.

Ваквите настани се фасцинантни и многу излагања овде ми ги отворија очите. Оваа култура има што да каже не само тука, но и во ЕУ, додаде Гир.

Весна Мојсова-Чепишевска, редовен професор на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје и директор на Семинарот за македонски јазик, литература и култура истакна дека нашата литертура опстојува низ минатото без разлика колку бил негиран македонскиот јазик.

Во врска со прашањето зошто малку се изучува македонскиот јазик, Мојсова-Чепишевска рече дека квантитетот не секогаш дава квалитет, а македонскиот јазик треба да го изучуваат оние студенти кои вистински го сакаат јазикот и кои  вистински сакаат да го применуваат.

Македонскиот јазик треба да го учи најдобриот, тој што вистински сака да го учи. Писателите се една добра армија која го чува јазикот, а преку преводот тие стануваат европски автори, рече Мојсова-Чепишевска.

За лекторатите на македонски јазик во светот, Мојсова-Чепишевска кажа дека имаме десет лекторати, кои имаат образовна и едукативна цел, но остваруваат функција и на културна дипломатија. Таа посочи дека состојбата не е, како што кажа розова, но, не е ни лоша, и дека има напори да се отворат и во Турција и во Кина.

Петар Андоновски, писател и лауреат на Европската награда за литература истакна дека активностите на Семинарот за македонски јазик, литература и култура  за промоција на македонскиот јазик се навистина значајни, но, како што рече, не може целата борба да падне на грижата на поединци, а за тоа повеќе треба да направи државата.

Андоновски ја истакна потребата од формирање на Агенција за книга која ќе работи на промоција и афирмација на македонската книжевност во светот. Тој ја посочи и важноста од учеството на саемите на книгата, особено на оној во Франкфурт, каде треба да се има поразличен пристап во промоцијата.

Дејан Василевски, лектор по македонски јазик ги сподели своите искуства во однос на примената на македонскиот јазик и додаде дека состојбата со примената во повеќе аспекти е лоша.

Македонските автори се трудат да пишуваат литературно. За преводите, примената е послаба, според мене тоа е заради  ниските цени на преводите. Лоша е состојбата во примената на македонскиот јазик во медиумите и интернет порталите кои речиси и да немаат лектор, се пласираат информации кои воопшто не се лекторирани, истакна Василевски.

Тој додаде дека потребна е поголема контрола на примената на јазикот, и истакна дека тоа ќе се уреди со новиот Инспекторат за примена на македонскиот јазик чие формирање е предвидено со новиот предлог-закон за употребата на македонскиот јазик.

Во дебатата свои размислувања на посочената тема дадоа и студенти, новинари, лектори, библиотекари и други.

The post Гир: Македонската книжевност има многу да и понуди на ЕУ appeared first on Република.

Јачева-Улчар: Мојот мајчин јазик ги живее најдраматичните и најкритичните моменти од своето постоење https://republika.mk/vesti/makedonija/jacheva-ulchar-mojot-majchin-jazik-gi-zhivee-najdramatichnite-i-najkritichnite-momenti-od-svoeto-postoene/ Tue, 21 Feb 2023 10:14:21 +0000 https://republika.mk/?p=611428

Мојот мајчин јазик ги живее најдраматичните и најкритичните моменти од своето постоење на долгата историска оска, пишува македонистката и професор од Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“ Елка Јачева-Улчар по повод Меѓународниот ден на мајчиниот јазик.

Денес, за оние на југот македонскиот јазик не постои, оти таму некој се договорил дека нема луѓе што зборуваат македонски. На исток, некој во моментов се договара дека нема Македонци што зборуваат македонски долу под Пирин. Дома некој безимен повторно се договори дека ќе му ја одземе сврзувачката моќ што ја имаше до неодамна: единствено средство за комуникација за сите што живеат во Македонија, независно колку ги има и што се по род. Без дури и помисла за скратување на јазичните права на немакедонците што се родиле и живеат тука. Мојот мајчин јазик ги живее најдраматичните и најкритичните моменти од своето постоење на долгата историска оска. И не е таа загроза само инострана, инојазична. На мојот мајчин јазик дома му е куса љубовта од младите Македонци. На мојот мајчин јазик му е кусо знаењето на учителите на младите Македонци. На мојот мајчин јазик му станува кус бројот на неговите говорители. На мојот мајчин јазик му е куса грижата за него од државата. На мојот мајчин јазик му е куса негата во јавниот простор. Многу нешта дома му се кусо на мојот мајчин јазик. Само едни нешта ич не му се куси: неговата уникатност на која се испишани страници и страници литература, неговата глаголивост на која се раскажни усно илјадници приказни, неговата милозвучност на која се испеани најубавите народни песни на Балканот… па затоа и ќе живее долго… толку долго колку што ќе живее и последниот човек што зборува МАКЕДОНСКИ…, пишува професорката.

The post Јачева-Улчар: Мојот мајчин јазик ги живее најдраматичните и најкритичните моменти од своето постоење appeared first on Република.

Ќулавкова: Толку многу е заштитен македонскиот идентитет што предметот македонски јазик ќе се викал мајчин јазик https://republika.mk/vesti/makedonija/kjulavkova-tolku-mnogu-e-zashtiten-makedonskiot-identitet-shto-predmetot-makedonski-jazik-kje-se-vikal-majchin-jazik/ Sat, 20 Aug 2022 13:33:09 +0000 https://republika.mk/?p=542338

Толку многу е заштитен македонскиот идентитет од нашите званични политики што предметот македонски јазик во образовните институции ќе се викал мајчин јазик, наставниците се по мајчин јазик, а мајчин е секој и никој, реагира академик Катица Ќулавкова.

Прикривањето на името на еден конкретен државен јазик во сопствената држава зад опши генерички поими е увод во домицилен културоцид. Да нема дилема, порача академик Ќулавкова.

The post Ќулавкова: Толку многу е заштитен македонскиот идентитет што предметот македонски јазик ќе се викал мајчин јазик appeared first on Република.

Љутков: Демократските држави во светот на овој ден преземаат серија на активности https://republika.mk/vesti/makedonija/ljutkov-demokratskite-drzavi-vo-svetot-na-ovoj-den-prezemaat-serija-na-aktivnosti/ Mon, 21 Feb 2022 12:21:12 +0000 https://republika.mk/?p=461462

Мајчиниот јазик е сврзно ткиво коe движејќи се низ вековите и низ генерациите, на најдобар можен начин го определува нашето место под сонцето. Со него точно знаеме кои сме, од каде потекнуваме кон што се движиме и каде припаѓаме! Токму затоа, демократските држави во светот на овој ден преземаат серија на активности кои имаат за цел понатамошно да го зацврстат ставот кај луѓето и кај владите за големото значење на мајчиниот јазик, истакна Зоран Љутков, претседател на комисија за култура и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ на денешната трибина по повод 21 февруари – Меѓународниот ден на мајчиниот јазик насловена „Мајчиниот јазик е идентитет“.

Љутков додаде дека јазикот е систем од знаци што служат за меѓусебна комуникација.

Да, ова е една од најприфатените определби за јазикот во светот. Точно е тоа дека јазикот е најсложениот систем за комуникација на Земјава, но не поради бројноста и различноста на јазиците во светот, не и поради сложените граматички правила што постојат во нив. Тој е најсложениот систем за комуникација поради вредноста на духот што го носи во себе. Со овој дар што ни е даден се љуби и се мрази, со него се радуваме но и тагуваме, можеме да мечтаеме, ама и да страдаме, а со писмото сето ова го запишуваме, ставаме печат на нашето постоење. Писмото е неизбришлив белег за тоа што е создадено во минатото, за тоа што го живееме сега и за тоа што се задолжуваме во иднината. Тоа е непрекината низа печати за постоењето на човекот. Технологијата го движи светот напред, притоа, создавајќи и други системи за комуникација, но ниту еден од нив го нема надминато дарот даден од Бога за човекот , а тоа е јазикот, појасни Љутков.

Љутков посочи дека јазикот станува препознатлив нишан за специфичноста на секој народ одделно. Тој почнува да го придружува начинот на живеење на народот, отпрво пренесувајќи го сознанието од колено на колено, а потоа и со преточената мисла на пергаментот, хартијата, на писмото, создавајќи ја традицијата - стожерот за опстојување на секој народ. Меѓутоа, никогаш доста од повеќе и од поголема грижа за мајчиниот јазик!

Никогаш доста од поголем институционален ангажман за заштита и за грижа на мајчиниот јазик! Конечно, никогаш доста од поголеми и посеопфатни залагања кои уште повеќе ќе ја зацврстат претставата во однос на потребата од уште поголемо негување на оваа наша особеност, нагласи Љутков.

The post Љутков: Демократските држави во светот на овој ден преземаат серија на активности appeared first on Република.

]]>

Мајчиниот јазик е сврзно ткиво коe движејќи се низ вековите и низ генерациите, на најдобар можен начин го определува нашето место под сонцето. Со него точно знаеме кои сме, од каде потекнуваме кон што се движиме и каде припаѓаме! Токму затоа, демократските држави во светот на овој ден преземаат серија на активности кои имаат за цел понатамошно да го зацврстат ставот кај луѓето и кај владите за големото значење на мајчиниот јазик, истакна Зоран Љутков, претседател на комисија за култура и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ на денешната трибина по повод 21 февруари – Меѓународниот ден на мајчиниот јазик насловена „Мајчиниот јазик е идентитет“. Љутков додаде дека јазикот е систем од знаци што служат за меѓусебна комуникација.
Да, ова е една од најприфатените определби за јазикот во светот. Точно е тоа дека јазикот е најсложениот систем за комуникација на Земјава, но не поради бројноста и различноста на јазиците во светот, не и поради сложените граматички правила што постојат во нив. Тој е најсложениот систем за комуникација поради вредноста на духот што го носи во себе. Со овој дар што ни е даден се љуби и се мрази, со него се радуваме но и тагуваме, можеме да мечтаеме, ама и да страдаме, а со писмото сето ова го запишуваме, ставаме печат на нашето постоење. Писмото е неизбришлив белег за тоа што е создадено во минатото, за тоа што го живееме сега и за тоа што се задолжуваме во иднината. Тоа е непрекината низа печати за постоењето на човекот. Технологијата го движи светот напред, притоа, создавајќи и други системи за комуникација, но ниту еден од нив го нема надминато дарот даден од Бога за човекот , а тоа е јазикот, појасни Љутков.
Љутков посочи дека јазикот станува препознатлив нишан за специфичноста на секој народ одделно. Тој почнува да го придружува начинот на живеење на народот, отпрво пренесувајќи го сознанието од колено на колено, а потоа и со преточената мисла на пергаментот, хартијата, на писмото, создавајќи ја традицијата - стожерот за опстојување на секој народ. Меѓутоа, никогаш доста од повеќе и од поголема грижа за мајчиниот јазик!
Никогаш доста од поголем институционален ангажман за заштита и за грижа на мајчиниот јазик! Конечно, никогаш доста од поголеми и посеопфатни залагања кои уште повеќе ќе ја зацврстат претставата во однос на потребата од уште поголемо негување на оваа наша особеност, нагласи Љутков.

The post Љутков: Демократските држави во светот на овој ден преземаат серија на активности appeared first on Република.

]]>
ВО ЖИВО: Трибина „Мајчиниот јазик е идентитет” https://republika.mk/vesti/makedonija/vo-zivo-tribina-majchiniot-jazik-e-identitet/ Mon, 21 Feb 2022 11:28:37 +0000 https://republika.mk/?p=461417

The post ВО ЖИВО: Трибина „Мајчиниот јазик е идентитет” appeared first on Република.