Маја Санду Archives - Република https://republika.mk/tema/maja-sandu/ За подобро да се разбереме Mon, 21 Aug 2023 19:40:32 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Маја Санду Archives - Република https://republika.mk/tema/maja-sandu/ 32 32 Македонија ќе и помага на Молдавија со споделување искуства и консултации околу молдавскиот кандидатски статус за ЕУ https://republika.mk/vesti/makedonija/kovachevski-sandu-moldavija-mozhe-da-smeta-na-pomosh-od-makedonija-vo-nasoka-na-spodeluvane-iskustva-i-konsultatsii-okolu-moldavskiot-kandidatski-status-za-eu/ Mon, 21 Aug 2023 19:38:20 +0000 https://republika.mk/?p=674340

Премиерот Димитар Ковачевски во Атина се сретна со претседателката на Молдавија, Маја Санду, при што двајцата изразиле задоволство од билатералната соработка, како и уверување дека поддршката ќе продолжи и во иднина, со цел постигнување на стратешките евроинтегративни цели на земјите.

Како што соопшти владината прес-служба, во таа насока, било посочено дека Молдавија, по добивањето на кандидатскиот статус од ЕУ, во јуни минатата година, може да смета на помош од Македонија во насока на споделување искуства и консултации, бидејќи нашата држава, има 100 отсто усогласување со заедничка надворешна и безбедносна политика на Европската Унија, како и преку 40 проценти усогласување со европското законодавство.

Соговорниците размениле мислења за значењето на евроинтеграцискиот процес кој што е во функција на зацврстување на мирот, стабилноста на европскиот континент.

Во овој контекст, премиерот Ковачевски ја нагласил потребата од итно интегрирање на регионот на Западен Балкан во ЕУ и истакнал дека конкретно Македонија има поддршка од меѓународната заедница во текот на целиот процес.

Ковачевски и Санду истакнаале дека интензивирањето на економската соработка меѓу  Македонија и Молдавија ќе придонесе за економски развој на двете земји.

Ковачевски во Атина е на покана на грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис, по повод одбележувањето на 20 години од одржувањето на Самитот ЕУ-Западен Балкан во Солун и „Декларацијата од Солун“.

Во владината делегација која ја предводи премиерот Ковачевски е и заменикот на претседателот на Владата за европски прашања, Бојан Маричиќ.

The post Македонија ќе и помага на Молдавија со споделување искуства и консултации околу молдавскиот кандидатски статус за ЕУ appeared first on Република.

]]>

Премиерот Димитар Ковачевски во Атина се сретна со претседателката на Молдавија, Маја Санду, при што двајцата изразиле задоволство од билатералната соработка, како и уверување дека поддршката ќе продолжи и во иднина, со цел постигнување на стратешките евроинтегративни цели на земјите. Како што соопшти владината прес-служба, во таа насока, било посочено дека Молдавија, по добивањето на кандидатскиот статус од ЕУ, во јуни минатата година, може да смета на помош од Македонија во насока на споделување искуства и консултации, бидејќи нашата држава, има 100 отсто усогласување со заедничка надворешна и безбедносна политика на Европската Унија, како и преку 40 проценти усогласување со европското законодавство. Соговорниците размениле мислења за значењето на евроинтеграцискиот процес кој што е во функција на зацврстување на мирот, стабилноста на европскиот континент. Во овој контекст, премиерот Ковачевски ја нагласил потребата од итно интегрирање на регионот на Западен Балкан во ЕУ и истакнал дека конкретно Македонија има поддршка од меѓународната заедница во текот на целиот процес. Ковачевски и Санду истакнаале дека интензивирањето на економската соработка меѓу  Македонија и Молдавија ќе придонесе за економски развој на двете земји. Ковачевски во Атина е на покана на грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис, по повод одбележувањето на 20 години од одржувањето на Самитот ЕУ-Западен Балкан во Солун и „Декларацијата од Солун“. Во владината делегација која ја предводи премиерот Ковачевски е и заменикот на претседателот на Владата за европски прашања, Бојан Маричиќ.

The post Македонија ќе и помага на Молдавија со споделување искуства и консултации околу молдавскиот кандидатски статус за ЕУ appeared first on Република.

]]>
Руските пранкери Вован и Лексус по разговорот со Маја Санду открија: Молдавија сака да даде дел од својата територија на Украина https://republika.mk/vesti/svet/ruskite-prankeri-vovan-i-leksus-po-razgovorot-so-maja-sandu-otkrija-moldavija-saka-da-dade-del-od-svojata-teritorija-na-ukraina/ Tue, 04 Oct 2022 19:54:52 +0000 https://republika.mk/?p=557365

Молдавија e подготвена да ѝ даде дел од својата територија на Украина на користење за период од неколку години.

Претседателката Маја Санду ова го кажа при разговор со руските пранкери Вован и Лексус, мислејќи дека разговара со премиерот на Украина, Денис Шмигаљ. Блогерите го објавија видеото на Телеграм.

Знаете, кога бев во Киев, разговаравме за прашањето за селото Ѓурѓулешти (во регионот Чагул во Молдавија, на границата со Романија и Украина) и излеговме со предлог. Вашите луѓе дојдоа и ја погледнаа територијата, која сме подготвени да ви ја отстапиме. Засега се обидуваме целосно да ги решиме правните прашања во врска со пристаништето. Сепак, можеме да ви предложиме земја што ќе можете да ја користите во следните неколку години“, рекла Санду.

Натаму во разговорот, според објавениот фрагмент, лажниот Шмигал ја прашува Санду дало мисли дека е време да спроведе мобилизација во Молдавија, на што добил одговор „Се разбира, мора да бидеме подготвени за тоа“.

Рекла и дека „голем предизвик“ за нејзината земја може да биде зголемувањето на бројот на украинските бегалци во Молдавија поради руската инвазија.

Администрацијата на претседателката на Молдавија oбјави дека видеоснимката од разговорот на Маја Санду со руските пранкери е фалсификат. Молдавија беше загрижена дека конфликтот од Украина може да се префрли и на нивно тло затоа што имаат руско малцинство.

Инаку, руските пранкери изминативе години на сличен начин „измамија“ повеќе политичари.

The post Руските пранкери Вован и Лексус по разговорот со Маја Санду открија: Молдавија сака да даде дел од својата територија на Украина appeared first on Република.

]]>

Молдавија e подготвена да ѝ даде дел од својата територија на Украина на користење за период од неколку години. Претседателката Маја Санду ова го кажа при разговор со руските пранкери Вован и Лексус, мислејќи дека разговара со премиерот на Украина, Денис Шмигаљ. Блогерите го објавија видеото на Телеграм.
Знаете, кога бев во Киев, разговаравме за прашањето за селото Ѓурѓулешти (во регионот Чагул во Молдавија, на границата со Романија и Украина) и излеговме со предлог. Вашите луѓе дојдоа и ја погледнаа територијата, која сме подготвени да ви ја отстапиме. Засега се обидуваме целосно да ги решиме правните прашања во врска со пристаништето. Сепак, можеме да ви предложиме земја што ќе можете да ја користите во следните неколку години“, рекла Санду.
Натаму во разговорот, според објавениот фрагмент, лажниот Шмигал ја прашува Санду дало мисли дека е време да спроведе мобилизација во Молдавија, на што добил одговор „Се разбира, мора да бидеме подготвени за тоа“. Рекла и дека „голем предизвик“ за нејзината земја може да биде зголемувањето на бројот на украинските бегалци во Молдавија поради руската инвазија. Администрацијата на претседателката на Молдавија oбјави дека видеоснимката од разговорот на Маја Санду со руските пранкери е фалсификат. Молдавија беше загрижена дека конфликтот од Украина може да се префрли и на нивно тло затоа што имаат руско малцинство. Инаку, руските пранкери изминативе години на сличен начин „измамија“ повеќе политичари.

The post Руските пранкери Вован и Лексус по разговорот со Маја Санду открија: Молдавија сака да даде дел од својата територија на Украина appeared first on Република.

]]>
Санду: Историски ден за Молдавија https://republika.mk/vesti/svet/sandu-istoriski-den-za-moldavija/ Thu, 23 Jun 2022 21:43:53 +0000 https://republika.mk/?p=519089

Претседателката на Молдавија, Маја Санду, вечерва изјави дека потегот на Европската унија да и додели кандидатски статус на нејзината земја е историски ден.

Таа додаде дека Молдавија е пред тежок пат, за кој ќе треба многу работа и труд.

„Сепак, ние сме подготвени да го направиме тоа заедно за да обезбедиме подобра иднина за (молдавските) граѓани“, рече Санду.

Во објава на Фејсбук таа изјави дека членството во ЕУ ќе донесе повеќе просперитет, повеќе можности и повеќе ред во таа мала земја, која се наоѓа меѓу Украина и Романија.

The post Санду: Историски ден за Молдавија appeared first on Република.

Претседателката на Молдавија со порака до Русија: Повлечете се од Придњестровје https://republika.mk/vesti/svet/pretsedatelkata-na-moldavija-so-poraka-do-rusija-povlechete-se-od-pridnjestrovje/ Thu, 17 Mar 2022 07:43:12 +0000 https://republika.mk/?p=474038

Русија мора да ги повлече војниците од Придњестровје, бидејќи игра значајна улога во овој регион, изјави претседателката на Молдавија, Маја Санду.

Русија има значајна улога во конфликтот во Придњестровје, од нејзиниот почеток па се до тоа што се случува денеска. Бараме од вас да ја повлечете руската војска и да ја ликвидирате муницијата во складиштата на левиот брег - појасни Санду.

Таа наведе дека Русија испровоцирала вооружен конфликт во Придњестровје, со тоа што таму пратила „свои луѓе“ во 1992 година, јавија руски медиуми.

Санду зборува за „потполно повлекување“ на р уските војници од регионот, уште од почетокот на својот мандат.

The post Претседателката на Молдавија со порака до Русија: Повлечете се од Придњестровје appeared first on Република.

]]>

Русија мора да ги повлече војниците од Придњестровје, бидејќи игра значајна улога во овој регион, изјави претседателката на Молдавија, Маја Санду.
Русија има значајна улога во конфликтот во Придњестровје, од нејзиниот почеток па се до тоа што се случува денеска. Бараме од вас да ја повлечете руската војска и да ја ликвидирате муницијата во складиштата на левиот брег - појасни Санду.
Таа наведе дека Русија испровоцирала вооружен конфликт во Придњестровје, со тоа што таму пратила „свои луѓе“ во 1992 година, јавија руски медиуми. Санду зборува за „потполно повлекување“ на р уските војници од регионот, уште од почетокот на својот мандат.

The post Претседателката на Молдавија со порака до Русија: Повлечете се од Придњестровје appeared first on Република.

]]>