магдалена иванова Archives - Република https://republika.mk/tema/magdalena-ivanova/ За подобро да се разбереме Tue, 15 Aug 2023 12:12:26 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png магдалена иванова Archives - Република https://republika.mk/tema/magdalena-ivanova/ 32 32 Апелација: Изречената казна затвор од осум години е досега највисока за ваков вид кривични дела https://republika.mk/vesti/crna-hronika/apelatsija-izrechenata-kazna-zatvor-od-osum-godini-e-dosega-najvisoka-za-vakov-vid-krivichni-dela/ Tue, 15 Aug 2023 12:12:26 +0000 https://republika.mk/?p=672341

Изречената казна затвор од осум години за сообраќајна незгода со смртни последици во предметот на Основниот суд Велес со која осумнаесет годишната затворска казна е намалена, претставува досега највисока изречена казна затвор за ваков вид кривични дела во изминатите пет години, покажува анализата на Апелационен суд Скопје, направена по сопствена иницијатива.

https://republika.mk/vesti/crna-hronika/apelatsija-mu-skina-10-godini-od-kaznata-na-veleshanetsot-shto-pijan-na-peshachki-ja-ubi-magdalena/

Апелациониот суд Скопје, информира дека анализата е направена на досегашната казнена политика на судот за кривично дело од член 300 од Кривичниот законик – Тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот, при што акцент е ставен на предметите каде се бележи смрт на едно или повеќе лица.

Во изминатите пет години, сметано од август 2018 до август 2023 година, Апелациониот суд Скопје постапувал по 173 кривични предмети во врска со член 300 од Кривичниот законик, од кои во 96 се бележат смртни последици, а во 15,8%, со правосилна одлука, изречена е условна казна, односно во 84,2% затворска казна која пак е во опсег од најмалку пет месеци а најмногу седум години и два месеци, се вели во соопштението објавено на веб страницата на Апелација.

Анализата на Апелација, покажува дека најголемиот број изречени казни затвор се во траење од две до пет години, во зависност од утврдената фактичката состојба и олеснителни и отежнителни околности.

Што пак изречената казна затвор од осум години за сообраќајна незгода со смртни последици во предметот на Основниот суд Велес со која осумнаесет годишната затворска казна е намалена, претставува досега највисока изречена казна затвор за ваков вид кривични дела при што од значење е да се напомене дека истата претставува единствена казна изречена за сторено кривично дело кривично дело од член 300 став 2 од Кривичниот законик - Тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот и член 301 став 1 од Кривичниот законик–Неукажување на лице повредено во сообраќајна незгода, посочуваа од Апелација.

Апелациониот суд Скопје, се вели во соопштението, постапува по жалби на одлуки на првостепените судови од своето апелационо подрачје и во рамки на жалбените наводи, при што дел од пресудите по кои е постапувано биле обжалени само во делот на казната или само по однос на решението за трошоци.

Во предметите по кои што постапувал судот 51,6 процент ги потврдил одлуките на првостепените судови, а 48,4 отсто се преиначени, покажува анализата на Апелација.

The post Апелација: Изречената казна затвор од осум години е досега највисока за ваков вид кривични дела appeared first on Република.

]]>

Изречената казна затвор од осум години за сообраќајна незгода со смртни последици во предметот на Основниот суд Велес со која осумнаесет годишната затворска казна е намалена, претставува досега највисока изречена казна затвор за ваков вид кривични дела во изминатите пет години, покажува анализата на Апелационен суд Скопје, направена по сопствена иницијатива. https://republika.mk/vesti/crna-hronika/apelatsija-mu-skina-10-godini-od-kaznata-na-veleshanetsot-shto-pijan-na-peshachki-ja-ubi-magdalena/ Апелациониот суд Скопје, информира дека анализата е направена на досегашната казнена политика на судот за кривично дело од член 300 од Кривичниот законик – Тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот, при што акцент е ставен на предметите каде се бележи смрт на едно или повеќе лица.
Во изминатите пет години, сметано од август 2018 до август 2023 година, Апелациониот суд Скопје постапувал по 173 кривични предмети во врска со член 300 од Кривичниот законик, од кои во 96 се бележат смртни последици, а во 15,8%, со правосилна одлука, изречена е условна казна, односно во 84,2% затворска казна која пак е во опсег од најмалку пет месеци а најмногу седум години и два месеци, се вели во соопштението објавено на веб страницата на Апелација.
Анализата на Апелација, покажува дека најголемиот број изречени казни затвор се во траење од две до пет години, во зависност од утврдената фактичката состојба и олеснителни и отежнителни околности.
Што пак изречената казна затвор од осум години за сообраќајна незгода со смртни последици во предметот на Основниот суд Велес со која осумнаесет годишната затворска казна е намалена, претставува досега највисока изречена казна затвор за ваков вид кривични дела при што од значење е да се напомене дека истата претставува единствена казна изречена за сторено кривично дело кривично дело од член 300 став 2 од Кривичниот законик - Тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот и член 301 став 1 од Кривичниот законик–Неукажување на лице повредено во сообраќајна незгода, посочуваа од Апелација.
Апелациониот суд Скопје, се вели во соопштението, постапува по жалби на одлуки на првостепените судови од своето апелационо подрачје и во рамки на жалбените наводи, при што дел од пресудите по кои е постапувано биле обжалени само во делот на казната или само по однос на решението за трошоци.
Во предметите по кои што постапувал судот 51,6 процент ги потврдил одлуките на првостепените судови, а 48,4 отсто се преиначени, покажува анализата на Апелација.

The post Апелација: Изречената казна затвор од осум години е досега највисока за ваков вид кривични дела appeared first on Република.

]]>
Судски совет нема да го прекине одморот за да ја разгледа скандалозната пресуда во случајот со убиената Магдалена https://republika.mk/vesti/makedonija/sudski-sovet-nema-da-go-prekine-odmorot-za-da-ja-razgleda-skandaloznata-presuda-vo-sluchajot-so-ubienata-magdalena/ Wed, 09 Aug 2023 13:27:59 +0000 https://republika.mk/?p=670428

Заради големата разлика во изречената казна, Судскиот совет најавува дека по годишните одмори, ќе го испита случајот со изречената пресуда на Апелациониот суд во Скопје, со која 18-годишната затворска казна на Основниот суд Велес за сообраќајна несреќа со смртни последици е намалена на 8 години.

https://republika.mk/vesti/crna-hronika/apelatsija-mu-skina-10-godini-od-kaznata-na-veleshanetsot-shto-pijan-na-peshachki-ja-ubi-magdalena/

Советот апелира до Врховниот суд да обезбеди еднаква примена на законите од страна на судовите преку воедначување на судската пракса, посебно за кривичното дело „тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот“.

Советот потсетува дека во неколку наврати и писмено побарал од Врховниот суд, заради невооедначеност на пресудите да се преиспита казнената политика, а по претходно направена анализа на судската пракса, се вели во соопштението од Судскиот совет.

Судскиот совет, исто така, осудува и било каква поделба на судиите по национална припадност и смета дека неодмерените изјави во јавноста предизвикуваат штета по угледот на судството и државата.

Апелациониот суд од Скопје на почетокот на неделава објави дека делумно е уважена жалбата на возачот Ангелче Николов (28) од Велес, кој минатата година на 17 декември, возејќи пијан на пешачки премин во Велес усмрти 11-годишно девојче и тешко ја повреди нејзината мајка, по што избега.

Одлуката има два дела, пресуда и решение. Пресудата се однесува на првостепената пресуда, која е преиначена само во делот за кривичната санкција и е осуден на единствена казна затвор од осум години, во која му се засметува и времето поминато во притвор од 19 декември 2022, до започнување со издржување на казната затвор. Во останатиот дел пресудата се потврдува. Вториот дел е решение, што се однесува на одбиена жалба против мерката притвор, информираа за МИА од Апелација.

Велешанецот Ангелче Николов, кој на 17 декември минатата година на пешачки удри 11-годишно девојче кое почина на самото место, денеска во Основниот суд Велес доби единствена казна од 18 годин

Првостепената пресуда беше изречена во Основниот суд Велес од петчлениот Кривичен совет, со кој претседаваше судијката Габриела Гајдова, во март годинава.

На Николов му се судеше за две кривични дела „тешки дела против безбедноста на луѓето“ и за „не укажување помош на лице повредено во сообраќајна незгода“ за сообраќајката на 17 декември минатата година. Николов по несреќата побегна од местото на несреќата и два дена се криеше од полицијата.

The post Судски совет нема да го прекине одморот за да ја разгледа скандалозната пресуда во случајот со убиената Магдалена appeared first on Република.

]]>

Заради големата разлика во изречената казна, Судскиот совет најавува дека по годишните одмори, ќе го испита случајот со изречената пресуда на Апелациониот суд во Скопје, со која 18-годишната затворска казна на Основниот суд Велес за сообраќајна несреќа со смртни последици е намалена на 8 години. https://republika.mk/vesti/crna-hronika/apelatsija-mu-skina-10-godini-od-kaznata-na-veleshanetsot-shto-pijan-na-peshachki-ja-ubi-magdalena/ Советот апелира до Врховниот суд да обезбеди еднаква примена на законите од страна на судовите преку воедначување на судската пракса, посебно за кривичното дело „тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот“.
Советот потсетува дека во неколку наврати и писмено побарал од Врховниот суд, заради невооедначеност на пресудите да се преиспита казнената политика, а по претходно направена анализа на судската пракса, се вели во соопштението од Судскиот совет.
Судскиот совет, исто така, осудува и било каква поделба на судиите по национална припадност и смета дека неодмерените изјави во јавноста предизвикуваат штета по угледот на судството и државата. Апелациониот суд од Скопје на почетокот на неделава објави дека делумно е уважена жалбата на возачот Ангелче Николов (28) од Велес, кој минатата година на 17 декември, возејќи пијан на пешачки премин во Велес усмрти 11-годишно девојче и тешко ја повреди нејзината мајка, по што избега.
Одлуката има два дела, пресуда и решение. Пресудата се однесува на првостепената пресуда, која е преиначена само во делот за кривичната санкција и е осуден на единствена казна затвор од осум години, во која му се засметува и времето поминато во притвор од 19 декември 2022, до започнување со издржување на казната затвор. Во останатиот дел пресудата се потврдува. Вториот дел е решение, што се однесува на одбиена жалба против мерката притвор, информираа за МИА од Апелација.
Велешанецот Ангелче Николов, кој на 17 декември минатата година на пешачки удри 11-годишно девојче кое почина на самото место, денеска во Основниот суд Велес доби единствена казна од 18 годин Првостепената пресуда беше изречена во Основниот суд Велес од петчлениот Кривичен совет, со кој претседаваше судијката Габриела Гајдова, во март годинава. На Николов му се судеше за две кривични дела „тешки дела против безбедноста на луѓето“ и за „не укажување помош на лице повредено во сообраќајна незгода“ за сообраќајката на 17 декември минатата година. Николов по несреќата побегна од местото на несреќата и два дена се криеше од полицијата.

The post Судски совет нема да го прекине одморот за да ја разгледа скандалозната пресуда во случајот со убиената Магдалена appeared first on Република.

]]>
Бил пијан, возел двојно повеќе од дозволеното, избегал: Обвинение против велешанецот кој ја покоси малата Магдалена https://republika.mk/vesti/crna-hronika/bil-pijan-vozel-dvojno-poveke-od-dozvolenoto-izbegal-obvinenie-protiv-veleshanetsot-koj-ja-pokosi-malata-magdalena/ Tue, 14 Feb 2023 10:00:53 +0000 https://republika.mk/?p=608739

По спроведена истражна постапка, јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Велес поднесе Обвинителен акт против 30-годишен велешанец, за кривично дело – Тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот според член 300 став 2 во врска со член 297 став 1, како и за Неукажување помош на лице пвредено во сообраќајна незгода од член 301 став 1 од Кривичниот законик.

Обвинетиот, на 17.12.2022 година, управувајќи автомобил „Мерцедес“ по улицата „Борис Трајковски“ во Велес, не се придржувал кон сообраќајните прописи, со што го загрозил јавниот сообраќај и го довел во опасност животот на луѓето.

Иако бил во алкохолизирана состојба, тој управувал со автомобилот, па приоѓајќи во близина на обележан пешачки премин, не ги почитувал сообраќајните знаци. Возел со брзина од околу 68 километри на час, што е повеќе од двојно над дозволената брзина на критичниот дел од патот, каде постоел и сообраќаен знак за максимално дозволена брзина од 30 километри на час. Обвинетиот не обрнал внимание на пешаците и со автомобилот удрил во мајка и ќерка кои во тој момент поминувале преку обележаниот пешачки премин. Од ударот мајката се здобила со телесна повреда на челото. Девојчето, пак, било исфрлено 10-тина метри напред, до следниот пешачки премин, каде паднало на земја, се здобило со бројни тешки повреди во пределот на главата и екстремитетите и починало.

Наместо да застане и да им помогне на жртвите, обвинетиот со несмалена брзина продолжил да вози во правец кон населбата Превалец. Обвинителниот акт е поткрепен со изјави на сведоци на настанот, фотодокументација и видео записи од камери на неколку околни објекти, како и со повеќе вештачења извршени по наредба на јавниот обвинител.

По несреќата, обвинетиот го оставил автомобилот на место подалеку од својот дом и го исклучил мобилниот телефон, па не бил достапен до 19.12.2022 година кога се предал на органите на прогонот. Ова за јавниот обвинител неспорно го потврдува стравот дека доколку се брани од слобода, тој би можел повторно да се даде во бегство за да го избегне кривичниот прогон. Освен тоа, нему претходно веќе му биле изречени две прекршочни казни за забрана за управување со моторно возило поради алкохолизираност, кои не ги почитувал, што упатува на веројатност да го повтори кривичното дело. Со тие аргументи, надлежниот јавен обвинител до Основниот суд во Велес достави и посебен предлог за продолжување на претходно определената мерка притвор спрема обвинетиот.​​

The post Бил пијан, возел двојно повеќе од дозволеното, избегал: Обвинение против велешанецот кој ја покоси малата Магдалена appeared first on Република.

]]>

По спроведена истражна постапка, јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Велес поднесе Обвинителен акт против 30-годишен велешанец, за кривично дело – Тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот според член 300 став 2 во врска со член 297 став 1, како и за Неукажување помош на лице пвредено во сообраќајна незгода од член 301 став 1 од Кривичниот законик. Обвинетиот, на 17.12.2022 година, управувајќи автомобил „Мерцедес“ по улицата „Борис Трајковски“ во Велес, не се придржувал кон сообраќајните прописи, со што го загрозил јавниот сообраќај и го довел во опасност животот на луѓето. Иако бил во алкохолизирана состојба, тој управувал со автомобилот, па приоѓајќи во близина на обележан пешачки премин, не ги почитувал сообраќајните знаци. Возел со брзина од околу 68 километри на час, што е повеќе од двојно над дозволената брзина на критичниот дел од патот, каде постоел и сообраќаен знак за максимално дозволена брзина од 30 километри на час. Обвинетиот не обрнал внимание на пешаците и со автомобилот удрил во мајка и ќерка кои во тој момент поминувале преку обележаниот пешачки премин. Од ударот мајката се здобила со телесна повреда на челото. Девојчето, пак, било исфрлено 10-тина метри напред, до следниот пешачки премин, каде паднало на земја, се здобило со бројни тешки повреди во пределот на главата и екстремитетите и починало. Наместо да застане и да им помогне на жртвите, обвинетиот со несмалена брзина продолжил да вози во правец кон населбата Превалец. Обвинителниот акт е поткрепен со изјави на сведоци на настанот, фотодокументација и видео записи од камери на неколку околни објекти, како и со повеќе вештачења извршени по наредба на јавниот обвинител. По несреќата, обвинетиот го оставил автомобилот на место подалеку од својот дом и го исклучил мобилниот телефон, па не бил достапен до 19.12.2022 година кога се предал на органите на прогонот. Ова за јавниот обвинител неспорно го потврдува стравот дека доколку се брани од слобода, тој би можел повторно да се даде во бегство за да го избегне кривичниот прогон. Освен тоа, нему претходно веќе му биле изречени две прекршочни казни за забрана за управување со моторно возило поради алкохолизираност, кои не ги почитувал, што упатува на веројатност да го повтори кривичното дело. Со тие аргументи, надлежниот јавен обвинител до Основниот суд во Велес достави и посебен предлог за продолжување на претходно определената мерка притвор спрема обвинетиот.​​

The post Бил пијан, возел двојно повеќе од дозволеното, избегал: Обвинение против велешанецот кој ја покоси малата Магдалена appeared first on Република.

]]>