МАЕИ Archives - Република https://republika.mk/tema/maei/ За подобро да се разбереме Sun, 08 Sep 2024 08:13:11 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png МАЕИ Archives - Република https://republika.mk/tema/maei/ 32 32 МАЕИ: Како Македонци од Албанија гордо го славиме празникот на нашата мајка татковина https://republika.mk/vesti/makedonija/maei-kako-makedontsi-od-albanija-gordo-go-slavime-praznikot-na-nashata-majka-tatkovina/ Sun, 08 Sep 2024 08:13:11 +0000 https://republika.mk/?p=814278

Честитка по повод Денот на независноста до сите Македонци каде и да се упати Македонска алијанса за европска интеграција, МАЕИ и од име на целата македонска заедница во Албанија.

Во неа стои дека „овој ден е симбол на долгогодишна борба на Македонците за самостојност, слобода и достоинство“.

Се додава дека на овој историски датум пред 33 години, Македонците храбро и достоинствено го заокружија својот стремеж кон независна држава, исполнета со слобода, суверенитет и иднина заснована на европски вредности и демократски принципи.

Овој ден ни дава поттик и обврска да продолжиме да ја чуваме и градиме Република Македонија како силна, стабилна и просперитетна држава, дел од големото европско семејство.

Се посакува „да ја славиме нашата заедничка историја и да го чествуваме нашето единство, идентитет и култура, каде и да се наоѓаме во светот“.

Како Македонци во Албанија, и ние го делиме гордото наследство на нашата мајка татковина, стоејќи цврсто зад принципите на мир, соработка и интеграција. Нека ни е честит и вековит Денот на независноста на Република Македонија, се нагласува во честитката потпишана од Васил Стерјовски, претседател на МАЕИ.

The post МАЕИ: Како Македонци од Албанија гордо го славиме празникот на нашата мајка татковина appeared first on Република.

]]>

Честитка по повод Денот на независноста до сите Македонци каде и да се упати Македонска алијанса за европска интеграција, МАЕИ и од име на целата македонска заедница во Албанија. Во неа стои дека „овој ден е симбол на долгогодишна борба на Македонците за самостојност, слобода и достоинство“. Се додава дека на овој историски датум пред 33 години, Македонците храбро и достоинствено го заокружија својот стремеж кон независна држава, исполнета со слобода, суверенитет и иднина заснована на европски вредности и демократски принципи.
Овој ден ни дава поттик и обврска да продолжиме да ја чуваме и градиме Република Македонија како силна, стабилна и просперитетна држава, дел од големото европско семејство. Се посакува „да ја славиме нашата заедничка историја и да го чествуваме нашето единство, идентитет и култура, каде и да се наоѓаме во светот“. Како Македонци во Албанија, и ние го делиме гордото наследство на нашата мајка татковина, стоејќи цврсто зад принципите на мир, соработка и интеграција. Нека ни е честит и вековит Денот на независноста на Република Македонија, се нагласува во честитката потпишана од Васил Стерјовски, претседател на МАЕИ.
 
The post МАЕИ: Како Македонци од Албанија гордо го славиме празникот на нашата мајка татковина appeared first on Република.

]]>
Партиите на Македонците во Албанија и Србија договориле заеднички активности и настап пред меѓународните организации за човековите права и слободи https://republika.mk/vesti/makedonija/partiite-na-makedontsite-vo-albanija-i-srbija-dogovorile-zaednichki-aktivnosti-i-nastap-pred-megunarodnite-organizatsii-za-chovekovite-prava-i-slobodi/ Mon, 10 Jun 2024 20:58:25 +0000 https://republika.mk/?p=786384

Единствената македонска партија во Албанија, Македонска алијанса за европска интеграција, МАЕИ и Демократската партија на Македонците во Србија договориле одржување културни манифестации во Пусте, Албанија и во Панчево, Србија.

Ова е договорено на средбата на делегациите на двете партии за време на престојот на делегацијата на МАЕИ во Панчево.

Лидерите на двете партии, Васил Стерјовски и Маја Георгиевска постигнаа согласност еднаш годишно да се организира по една заедничка културна манифестација во Пустец во Албанија и во Панчево во Србија. На средбата присуствуваше и претседателот на Светскиот Македонски Конгрес за Србија и потпретседател на Демократската партија на Македонците во Србија, Душан Јаневски, објави весникот „Македониум".

Се додава дека делегациите размениле информации за положбата, правата и слободите на Македонците во Албанија и во Србија.

Била договорена соработка, координација и размена на искуства и информации во работата на двете партии. Исто така бил договорен заеднички настап пред меѓународните организации за човековите права и слободи.

Двете партии повикаа на семакедонско помирување и обединување заради одбрана на името на државата Македонија, идентитетот на македонскиот народ, правата и слободите на Македонците во соседните земји на Република Македонија и на Македонците во светот, наведува весникот, повикувајќи се на изјава на Стерјовски.

Во рамки на работна посета на Србија, делегацијата на МАЕИ остварила средба и со претставници на Националниот совет на Македонците во Србија, предводена од претседателката Зорица Митровиќ. И на оваа средба разгледани биле можностите за соработка помеѓу Македонците во Албанија и Македонците во Србија.

Како што претходно објави Стерјовски придружуван од Митровиќ, положил свежо цвеќе на бистата на Гоце Делчев во дворот на основното училиште во Јабука, кое го носи неговото име.

The post Партиите на Македонците во Албанија и Србија договориле заеднички активности и настап пред меѓународните организации за човековите права и слободи appeared first on Република.

]]>

Единствената македонска партија во Албанија, Македонска алијанса за европска интеграција, МАЕИ и Демократската партија на Македонците во Србија договориле одржување културни манифестации во Пусте, Албанија и во Панчево, Србија. Ова е договорено на средбата на делегациите на двете партии за време на престојот на делегацијата на МАЕИ во Панчево.
Лидерите на двете партии, Васил Стерјовски и Маја Георгиевска постигнаа согласност еднаш годишно да се организира по една заедничка културна манифестација во Пустец во Албанија и во Панчево во Србија. На средбата присуствуваше и претседателот на Светскиот Македонски Конгрес за Србија и потпретседател на Демократската партија на Македонците во Србија, Душан Јаневски, објави весникот „Македониум".
Се додава дека делегациите размениле информации за положбата, правата и слободите на Македонците во Албанија и во Србија. Била договорена соработка, координација и размена на искуства и информации во работата на двете партии. Исто така бил договорен заеднички настап пред меѓународните организации за човековите права и слободи.
Двете партии повикаа на семакедонско помирување и обединување заради одбрана на името на државата Македонија, идентитетот на македонскиот народ, правата и слободите на Македонците во соседните земји на Република Македонија и на Македонците во светот, наведува весникот, повикувајќи се на изјава на Стерјовски.
Во рамки на работна посета на Србија, делегацијата на МАЕИ остварила средба и со претставници на Националниот совет на Македонците во Србија, предводена од претседателката Зорица Митровиќ. И на оваа средба разгледани биле можностите за соработка помеѓу Македонците во Албанија и Македонците во Србија. Како што претходно објави Стерјовски придружуван од Митровиќ, положил свежо цвеќе на бистата на Гоце Делчев во дворот на основното училиште во Јабука, кое го носи неговото име.

The post Партиите на Македонците во Албанија и Србија договориле заеднички активности и настап пред меѓународните организации за човековите права и слободи appeared first on Република.

]]>
Македонците од Пиринска Македонија испратија книги до Македонците во Албанија https://republika.mk/vesti/makedonija/makedontsite-od-pirinska-makedonija-ispratija-knigi-do-makedontsite-vo-albanija/ Mon, 20 May 2024 17:04:16 +0000 https://republika.mk/?p=780237

Единствената македонска партија во Албанија, Македонска алијанса за европска интеграција, МАЕИ, доби донација на книги од автори Македонци од Пиринска Македонија и од македонската емиграција во Бугарија, информираше Васил Стерјовски, претседател на партијата.

На наше големо задоволство добивме значајна донација на книги од автори Македонци од Пиринска Македонија и од македонската емиграција во Бугарија. Оваа мала „Пиринска библиотека“ ќе биде сместена во нашата канцеларија во Пустец и секој Македонец ќе може да се запознае со маките на македонскиот народ под Пирин, бескрајната борба за правда и слобода, како и со народната култура, традициите и животот на Македонците во Бугарија, рече Стерјовски.

Според него во оваа колекција се вклучени дела од познати имиња како поетот Никола Вапцаров, револуционерот Петар Манџуков, државникот Димитар Влахов, и писателот Борис Сандански, внук на Јане Сандански.

Исто така, додава, тука се и дела од основачот на обединетата македонска организација „Илинден“ и долгогодишен затвореник по бугарските затвори Стојан Георгиев, копретседателот на партијата ОМО Илинден-ПИРИН историчарот професор Стојко Стојков, како и делата на академиците Иван Катарџиев и Ѓорги Поп Атанасов, филозофот Стефан Влахов-Мицов и многу други.

Благодарност за донацијата на ОМО Илинден-ПИРИН поддржани од „Комити“-Скопје и BIBLIOTHECA MACEDONICA. Се надеваме дека во иднина ќе развиваме поголема културна соработка меѓу Македонците во Албанија и Македонците во Бугарија, нагласи Стерјовски.

The post Македонците од Пиринска Македонија испратија книги до Македонците во Албанија appeared first on Република.

]]>

Единствената македонска партија во Албанија, Македонска алијанса за европска интеграција, МАЕИ, доби донација на книги од автори Македонци од Пиринска Македонија и од македонската емиграција во Бугарија, информираше Васил Стерјовски, претседател на партијата.
На наше големо задоволство добивме значајна донација на книги од автори Македонци од Пиринска Македонија и од македонската емиграција во Бугарија. Оваа мала „Пиринска библиотека“ ќе биде сместена во нашата канцеларија во Пустец и секој Македонец ќе може да се запознае со маките на македонскиот народ под Пирин, бескрајната борба за правда и слобода, како и со народната култура, традициите и животот на Македонците во Бугарија, рече Стерјовски.
Според него во оваа колекција се вклучени дела од познати имиња како поетот Никола Вапцаров, револуционерот Петар Манџуков, државникот Димитар Влахов, и писателот Борис Сандански, внук на Јане Сандански. Исто така, додава, тука се и дела од основачот на обединетата македонска организација „Илинден“ и долгогодишен затвореник по бугарските затвори Стојан Георгиев, копретседателот на партијата ОМО Илинден-ПИРИН историчарот професор Стојко Стојков, како и делата на академиците Иван Катарџиев и Ѓорги Поп Атанасов, филозофот Стефан Влахов-Мицов и многу други.
Благодарност за донацијата на ОМО Илинден-ПИРИН поддржани од „Комити“-Скопје и BIBLIOTHECA MACEDONICA. Се надеваме дека во иднина ќе развиваме поголема културна соработка меѓу Македонците во Албанија и Македонците во Бугарија, нагласи Стерјовски.

The post Македонците од Пиринска Македонија испратија книги до Македонците во Албанија appeared first on Република.

]]>
МАЕИ со честитка до претседателката Силјановска-Давкова за изборот и инаугурацијата https://republika.mk/vesti/makedonija/maei-so-chestitka-do-pretsedatelkata-siljanovska-davkova-za-izborot-i-inauguratsijata/ Tue, 14 May 2024 12:20:28 +0000 https://republika.mk/?p=777990

Македонската партија во Албанија, Македонска алијанса за европска интеграција, МАЕИ, упати официјална честитка до претседателката Гордана Силјановска - Давкова, за изборот и преземањето на функцијата.

Со голема радост и чест, во име на Македонска алијанса за европска интеграција (МАЕИ), Ви упатуваме најискрени честитки по повод Вашиот избор за Претседател на Република Македонија. Вашата инаугурација како прва жена Претседател на Република Македонија е историски момент кој го поздравуваме со особено задоволство, стои во честитката на МАЕИ потпишана од лидерот Васил Стерјовски.

Се додава дека, МАЕИ, како единствената партија која што ги брани интересите на Македонците во Албанија „со нетрпение очекува да соработува со Вашата администрација во напорите за зајакнување на врските помеѓу Македонците од Албанија и матичната држава Македонија".

Ви благодариме за Вашата претходна поддршка и ангажман во клучни моменти за македонската заедница во Албанија, особено во 2014 година за време на територијално - административната реформа во Албанија, каде благодарение на вашите совети успеавме да издејствуваме албанската влада да не ја укине општина Пустец населена со 100 отсто македонско население, се нагласува во честитката.

Во Вашата нова улога, се посочува, ја поздравуваме Вашата заложба за чување на македонскиот национален идентитет и суверенитет, и со верба и оптимизам гледаме кон иднината.

Ви посакуваме многу успеси и мудрост во спроведувањето на Вашите функции, за доброто на сите граѓани на Република Македонија и на сите Македонци каде и да се наоѓаат низ светот, посакува МАЕИ во честитката до претседателката Силјановска-Давкова.

The post МАЕИ со честитка до претседателката Силјановска-Давкова за изборот и инаугурацијата appeared first on Република.

]]>

Македонската партија во Албанија, Македонска алијанса за европска интеграција, МАЕИ, упати официјална честитка до претседателката Гордана Силјановска - Давкова, за изборот и преземањето на функцијата. Со голема радост и чест, во име на Македонска алијанса за европска интеграција (МАЕИ), Ви упатуваме најискрени честитки по повод Вашиот избор за Претседател на Република Македонија. Вашата инаугурација како прва жена Претседател на Република Македонија е историски момент кој го поздравуваме со особено задоволство, стои во честитката на МАЕИ потпишана од лидерот Васил Стерјовски. Се додава дека, МАЕИ, како единствената партија која што ги брани интересите на Македонците во Албанија „со нетрпение очекува да соработува со Вашата администрација во напорите за зајакнување на врските помеѓу Македонците од Албанија и матичната држава Македонија". Ви благодариме за Вашата претходна поддршка и ангажман во клучни моменти за македонската заедница во Албанија, особено во 2014 година за време на територијално - административната реформа во Албанија, каде благодарение на вашите совети успеавме да издејствуваме албанската влада да не ја укине општина Пустец населена со 100 отсто македонско население, се нагласува во честитката. Во Вашата нова улога, се посочува, ја поздравуваме Вашата заложба за чување на македонскиот национален идентитет и суверенитет, и со верба и оптимизам гледаме кон иднината. Ви посакуваме многу успеси и мудрост во спроведувањето на Вашите функции, за доброто на сите граѓани на Република Македонија и на сите Македонци каде и да се наоѓаат низ светот, посакува МАЕИ во честитката до претседателката Силјановска-Давкова.

The post МАЕИ со честитка до претседателката Силјановска-Давкова за изборот и инаугурацијата appeared first on Република.

]]>
Почина Фоте Никола истакнат активист и борец за правата на Македонците во Албанија https://republika.mk/vesti/balkan/pochina-fote-nikola-istaknat-aktivist-i-borets-za-pravata-na-makedontsite-vo-albanija/ Mon, 12 Feb 2024 08:12:57 +0000 https://republika.mk/?p=743026

На 78-годишна возраст, синоќа во Тирана почина Фоте Никола, - истакнат македонски активист и борец за правата на Македонците во Албанија, објави македонската партија, Македонска алијанса за европска интеграција, МАЕИ.

Роден е на 4 март 1946 година во село Шулин, област Мала Преспа. Основно образование заврши во Пустец, средно педагошко во Елбасан и Филолошки факултет во Тирана. Тој беше уредник на програмата на македонски јазик во Радио Корча, од самиот нејзин почеток во 1991 година.

Од 2004 до 2014 година, Фоте беше член на комитетот на малцинствата при владата на Република Албанија, застапувајќи го македонското малцинство. Беше автор на повеќе учебници на македонски јазик за македонските ученици во Албанија. Тој е автор и на книгата “Литературни творци од македонското малцинство во Албанија”, објавена на македонски и албански јазик. Исто така беше задолжен за издавањето на преобјавената верзија на албанско - македонскиот речник на Никола Беровски и пишуваше бројни статии за положбата, образованието, фолклорот и традициите на Македонците во Албанија, наведува партијата.

Беше член на Централниот комитет на МАЕИ и почесен советник на дипломатската мисија за мир и просперитет во Тирана. Даде голем придонес во унапредување на правата на Македонците во Албанија.

Погребот на ќе биде денеска во 14:00 часот на градските гробишта во Корча.

Неговата посветеност кон подобрувањето на животот на македонската заедница во Албанија ќе продолжи да живее во срцата на оние кои го познаваа и сакаа. Нека му е вечна слава, стои во објавата.

The post Почина Фоте Никола истакнат активист и борец за правата на Македонците во Албанија appeared first on Република.

]]>

На 78-годишна возраст, синоќа во Тирана почина Фоте Никола, - истакнат македонски активист и борец за правата на Македонците во Албанија, објави македонската партија, Македонска алијанса за европска интеграција, МАЕИ. Роден е на 4 март 1946 година во село Шулин, област Мала Преспа. Основно образование заврши во Пустец, средно педагошко во Елбасан и Филолошки факултет во Тирана. Тој беше уредник на програмата на македонски јазик во Радио Корча, од самиот нејзин почеток во 1991 година.
Од 2004 до 2014 година, Фоте беше член на комитетот на малцинствата при владата на Република Албанија, застапувајќи го македонското малцинство. Беше автор на повеќе учебници на македонски јазик за македонските ученици во Албанија. Тој е автор и на книгата “Литературни творци од македонското малцинство во Албанија”, објавена на македонски и албански јазик. Исто така беше задолжен за издавањето на преобјавената верзија на албанско - македонскиот речник на Никола Беровски и пишуваше бројни статии за положбата, образованието, фолклорот и традициите на Македонците во Албанија, наведува партијата.
Беше член на Централниот комитет на МАЕИ и почесен советник на дипломатската мисија за мир и просперитет во Тирана. Даде голем придонес во унапредување на правата на Македонците во Албанија. Погребот на ќе биде денеска во 14:00 часот на градските гробишта во Корча.
Неговата посветеност кон подобрувањето на животот на македонската заедница во Албанија ќе продолжи да живее во срцата на оние кои го познаваа и сакаа. Нека му е вечна слава, стои во објавата.

The post Почина Фоте Никола истакнат активист и борец за правата на Македонците во Албанија appeared first on Република.

]]>
Силно разочарување, незадоволство и загриженост поради непочитувањето на македонскиот јазик во Пустец https://republika.mk/vesti/balkan/silno-razocharuvane-nezadovolstvo-i-zagrizhenost-poradi-nepochituvaneto-na-makedonskiot-jazik-vo-pustets/ Sat, 03 Feb 2024 08:50:06 +0000 https://republika.mk/?p=739940

Единствената македонска партија во Албанија, Македонска алијанса за европска интеграција, МАЕИ изразува силно разочарување, незадоволство и загриженост поради непочитувањето на македонскиот јазик во јавни активности во Општина Пустец.

Активноста организирана, вчера од Национална агенција за заштитени подрачја во Општина Пустец, при одбележувањето на 24-годишнината од основањето на Националниот парк „Преспа", каде што информациите и банерот беа претставени единствено на албански јазик, претставува непочитување на јазичните права на македонското население во оваа област, стои во партиската реакцијата.

Исто така се наведува дека Општина Пустец е населена со 100 отсто македонско население, кое што е признато од албанската држава и каде што македонскиот јазик е еднакво признаен и треба да се користи во службени и јавни контексти.

Според партијата, игнорирањето на македонскиот јазик во официјалните активности, особено во регион каде што македонското население претставува апсолутно мнозинство, е директно кршење на нивните законски и уставно заштитени права.

Во согласност со Уставот на Република Албанија, Рамковната конвенција за заштита на националните малцинства и законот бр. 96/2017 “За заштита на правата на националните малцинства во Република Албанија”, бараме од сите институции и организации кои работат на територијата на Општина Пустец да го почитуваат, промовираат и употребуваат македонскиот јазик, се посочува во реакцијата.

МАЕИ со барање и очекувања од локалната власт на Општина Пустец.

Очекуваме од Општина Пустец да ги спроведе потребните мерки за да гарантира дека сите активности на нејзината територија ги отсликуваат јазичните права и културните особености на македонската заедница, во согласност со потпишаниот Меморандум за разбирање од 2005 година. Со овој Меморандумот потпишан помеѓу префектурата Корча и општина Пустец „За соработка на полето на заштитата и почитувањето на правата на малцинствата во Албанија“, во ноември 2005 година, општина Пустец се обврзува да создаде соодветни услови, да преземе мерки за зачувување и развој на националниот културен и верски идентитет на македонското малцинство, преку развој на различни активности поврзани со историјата, културата на македонското национално малцинство во Општина Пустец, округот Корча итн, нагласува партијата.

Во името на културната и јазичната разноликост, апелира за итно и одлучно дејствување со цел да се заштитат и почитуваат правата на македонската заедница во Општина Пустец, кои се темел на демократските вредности и европската интеграција на овој регион.

The post Силно разочарување, незадоволство и загриженост поради непочитувањето на македонскиот јазик во Пустец appeared first on Република.

]]>

Единствената македонска партија во Албанија, Македонска алијанса за европска интеграција, МАЕИ изразува силно разочарување, незадоволство и загриженост поради непочитувањето на македонскиот јазик во јавни активности во Општина Пустец.
Активноста организирана, вчера од Национална агенција за заштитени подрачја во Општина Пустец, при одбележувањето на 24-годишнината од основањето на Националниот парк „Преспа", каде што информациите и банерот беа претставени единствено на албански јазик, претставува непочитување на јазичните права на македонското население во оваа област, стои во партиската реакцијата.
Исто така се наведува дека Општина Пустец е населена со 100 отсто македонско население, кое што е признато од албанската држава и каде што македонскиот јазик е еднакво признаен и треба да се користи во службени и јавни контексти. Според партијата, игнорирањето на македонскиот јазик во официјалните активности, особено во регион каде што македонското население претставува апсолутно мнозинство, е директно кршење на нивните законски и уставно заштитени права.
Во согласност со Уставот на Република Албанија, Рамковната конвенција за заштита на националните малцинства и законот бр. 96/2017 “За заштита на правата на националните малцинства во Република Албанија”, бараме од сите институции и организации кои работат на територијата на Општина Пустец да го почитуваат, промовираат и употребуваат македонскиот јазик, се посочува во реакцијата.
МАЕИ со барање и очекувања од локалната власт на Општина Пустец.
Очекуваме од Општина Пустец да ги спроведе потребните мерки за да гарантира дека сите активности на нејзината територија ги отсликуваат јазичните права и културните особености на македонската заедница, во согласност со потпишаниот Меморандум за разбирање од 2005 година. Со овој Меморандумот потпишан помеѓу префектурата Корча и општина Пустец „За соработка на полето на заштитата и почитувањето на правата на малцинствата во Албанија“, во ноември 2005 година, општина Пустец се обврзува да создаде соодветни услови, да преземе мерки за зачувување и развој на националниот културен и верски идентитет на македонското малцинство, преку развој на различни активности поврзани со историјата, културата на македонското национално малцинство во Општина Пустец, округот Корча итн, нагласува партијата.
Во името на културната и јазичната разноликост, апелира за итно и одлучно дејствување со цел да се заштитат и почитуваат правата на македонската заедница во Општина Пустец, кои се темел на демократските вредности и европската интеграција на овој регион.

The post Силно разочарување, незадоволство и загриженост поради непочитувањето на македонскиот јазик во Пустец appeared first on Република.

]]>
МАЕИ бара проширување на истрагите за лажните потврди за „бугарско потекло“, но и за влијание врз пописот https://republika.mk/vesti/balkan/maei-bara-proshiruvane-na-istragite-za-lazhnite-potvrdi-za-bugarsko-poteklo-no-i-za-vlijanie-vrz-popisot/ Sat, 23 Dec 2023 16:30:32 +0000 https://republika.mk/?p=725978

Единствената македонска партија во Албанија, Македонска алијанса за европска интеграција (МАЕИ), по обелоденувањето на скандалот со давањето лажни потврди за бугарско потекло во Острени, Голо Брдо, од лица вработени во албански институции, бара „проширување на полициската акција и во други општини и региони во Албанија, каде што се одвиваат слични незаконски активности“.

Претседателот Васил Стерјовски, изнесувајќи го ставот на партијата за МИА потсетува дека во 2017 година, под закана со вето на Албанија на нејзиниот европски пат, Бугарија издејствува признавање на непостоечко бугарско малцинство, иако на ниту еден попис во Албанија, ниту еден граѓанин не е деклариран за Бугарин.

-Една од мерките за создавање на вештачко бугарско малцинство во Албанија, која Бугарија ја применува, користејќи јанеповолната економска состојба на македонското малцинство во Албанија но и на албанските граѓани заедно, е преку давањето на бугарски пасоши за сите албански граѓани. Македонците и Албанците плаќаат илјадници евра да можат да земат бугарски пасош и да одат да работат на Запад, користејќи ги привилегиите на земјите членки на ЕУ. Ова е бизнис вреден милиони евра, кој работи не само во Албанија, туку и во повеќе земји кои не се членки на Европската унија, како Македонија, Косово, Србија, Украина, Молдавија и други, вели Стерјовски за МИА.

Додава дека Бугарија пред две години, започнала акција во Албанија, каде на сите албански граѓани кои аплицирале за бугарски пасоши почнала да им бара потврди за бугарско потекло издадени од општините каде што живеат.

-Градоначалниците на општините, администраторите на административните единици дури и претседателите на месните заедници, иако немаа никаква ингеренција, за пари започнаа да издаваат вакви потврди. Јавна тајна е дека урнекот како да изгледат потврдите за бугарско потекло ги изготвуваше бугарската амбасада во Тирана, која преку посредниците на бугарските пасоши кој се албански граѓани и луѓе со власт, ги доставуваа до локалните власти за потпис. Уште на самиот почеток пред две години, како партија реагиравме кај албанските власти за овој незаконски и коруптивен феномен кој наголемо се спроведуваше во албанските општини, барајќи од надлежните институции да го спречат овој феномен преку кој Бугарија фиктивно се обидуваше да собери што повеќе вакви потврди се со цел за да прикажи дека во Албанија живеат Бугари, нагласува тој.

Според него, албанските институции не само што не ги спречиле вакви активности туку и ги верифицирале незаконските потврди, прво префектурите па после и министерството за Европа и надворешни работи со Апостил печат.

Стерјовски потсетува и на изјавата на тогашната министерката за Европа и надворешна работи на Албанија, Олта Џачка од 27 март 2023 година на средбата со македонскиот министер за надворешни работи Бујар Османи кога „уверуваше дека има информации за некои спорадични случаи кои ги разгледуваат и бројот на издадени вакви потврди не е голем“.

- „Имам информации за некои спорадични случаи кои ги разгледуваме, во тесна координација сме со институциите на Македонија за да видиме што се тие, кој се самоопределил или колку е голем овој процес, но според досегашните сознанија не е голем. Секоја информација која ќе ја имаме во реално време брзо ќе ја споделиме со колегите од Македонија, рече Џачка, вели Стерјовски.

Но, благодарение на албанската телевизија Топ Чанел се откри дека само општина Булќиза има издадено илјадници вакви потврди, за што МАЕИ изразува благодарсност за откриениот скандал.

Оценува дека доколку „целиот овој скандал не излезеше јавно на телевизија не веруваме дека албанските институции ќе превземеа некоја мерка да се спречаат овие незаконски и коруптивни активности“.

- Бараме надлежните органи да ја прошират истрагата не само за незаконското издавање на потврди за бугарско потекло туку и за влијанието што групата на посредници на бугарски пасоши го имаше за време на пописот на целата територија на Албанија, кои користејќи ја и моќта на власта имаа инсталирано и свои попишувачи и вршеа притисок, закани и поткуп врз албанските граѓани да се декларираат за Бугари, апелира Стерјовски.

- Пописот мина со многу проблеми и директно мешање на Бугарија. Македонска алијанса за европска интеграција пред пописот и за времето на пописот постојано посочуваше за притисокот од страна на посредувачите на бугарските пасоши, бугарската амбасада и ектремистичките групи од Бугарија кои како се покажа и од ова истражувачка сторија беа подржани и од локални албански фукнционери се со цел на пописот да извадат бројка на Бугари, кои во ниту еден досегашен попис ги немало, нагласува Стерјовски, пренесувајќи го ставот на партијата, чиј лидер е.

Деновве скандалот со потврдите за бугарско потекло го разоткрија новинарите на познатата истражувачка емисија Фикс фаре на Топ чанел, по што уапсени беа секретарот на општина Булќиза, Фитим Бала, администраторот на единицата Острени, Љуан Мјештри, кои беа веднаш разрешени од функциите, како и Арлин Лимани,раководител на секторот за социјални услуги во истата единица.

The post МАЕИ бара проширување на истрагите за лажните потврди за „бугарско потекло“, но и за влијание врз пописот appeared first on Република.

]]>

Единствената македонска партија во Албанија, Македонска алијанса за европска интеграција (МАЕИ), по обелоденувањето на скандалот со давањето лажни потврди за бугарско потекло во Острени, Голо Брдо, од лица вработени во албански институции, бара „проширување на полициската акција и во други општини и региони во Албанија, каде што се одвиваат слични незаконски активности“. Претседателот Васил Стерјовски, изнесувајќи го ставот на партијата за МИА потсетува дека во 2017 година, под закана со вето на Албанија на нејзиниот европски пат, Бугарија издејствува признавање на непостоечко бугарско малцинство, иако на ниту еден попис во Албанија, ниту еден граѓанин не е деклариран за Бугарин. -Една од мерките за создавање на вештачко бугарско малцинство во Албанија, која Бугарија ја применува, користејќи јанеповолната економска состојба на македонското малцинство во Албанија но и на албанските граѓани заедно, е преку давањето на бугарски пасоши за сите албански граѓани. Македонците и Албанците плаќаат илјадници евра да можат да земат бугарски пасош и да одат да работат на Запад, користејќи ги привилегиите на земјите членки на ЕУ. Ова е бизнис вреден милиони евра, кој работи не само во Албанија, туку и во повеќе земји кои не се членки на Европската унија, како Македонија, Косово, Србија, Украина, Молдавија и други, вели Стерјовски за МИА. Додава дека Бугарија пред две години, започнала акција во Албанија, каде на сите албански граѓани кои аплицирале за бугарски пасоши почнала да им бара потврди за бугарско потекло издадени од општините каде што живеат. -Градоначалниците на општините, администраторите на административните единици дури и претседателите на месните заедници, иако немаа никаква ингеренција, за пари започнаа да издаваат вакви потврди. Јавна тајна е дека урнекот како да изгледат потврдите за бугарско потекло ги изготвуваше бугарската амбасада во Тирана, која преку посредниците на бугарските пасоши кој се албански граѓани и луѓе со власт, ги доставуваа до локалните власти за потпис. Уште на самиот почеток пред две години, како партија реагиравме кај албанските власти за овој незаконски и коруптивен феномен кој наголемо се спроведуваше во албанските општини, барајќи од надлежните институции да го спречат овој феномен преку кој Бугарија фиктивно се обидуваше да собери што повеќе вакви потврди се со цел за да прикажи дека во Албанија живеат Бугари, нагласува тој. Според него, албанските институции не само што не ги спречиле вакви активности туку и ги верифицирале незаконските потврди, прво префектурите па после и министерството за Европа и надворешни работи со Апостил печат. Стерјовски потсетува и на изјавата на тогашната министерката за Европа и надворешна работи на Албанија, Олта Џачка од 27 март 2023 година на средбата со македонскиот министер за надворешни работи Бујар Османи кога „уверуваше дека има информации за некои спорадични случаи кои ги разгледуваат и бројот на издадени вакви потврди не е голем“. - „Имам информации за некои спорадични случаи кои ги разгледуваме, во тесна координација сме со институциите на Македонија за да видиме што се тие, кој се самоопределил или колку е голем овој процес, но според досегашните сознанија не е голем. Секоја информација која ќе ја имаме во реално време брзо ќе ја споделиме со колегите од Македонија, рече Џачка, вели Стерјовски. Но, благодарение на албанската телевизија Топ Чанел се откри дека само општина Булќиза има издадено илјадници вакви потврди, за што МАЕИ изразува благодарсност за откриениот скандал. Оценува дека доколку „целиот овој скандал не излезеше јавно на телевизија не веруваме дека албанските институции ќе превземеа некоја мерка да се спречаат овие незаконски и коруптивни активности“. - Бараме надлежните органи да ја прошират истрагата не само за незаконското издавање на потврди за бугарско потекло туку и за влијанието што групата на посредници на бугарски пасоши го имаше за време на пописот на целата територија на Албанија, кои користејќи ја и моќта на власта имаа инсталирано и свои попишувачи и вршеа притисок, закани и поткуп врз албанските граѓани да се декларираат за Бугари, апелира Стерјовски. - Пописот мина со многу проблеми и директно мешање на Бугарија. Македонска алијанса за европска интеграција пред пописот и за времето на пописот постојано посочуваше за притисокот од страна на посредувачите на бугарските пасоши, бугарската амбасада и ектремистичките групи од Бугарија кои како се покажа и од ова истражувачка сторија беа подржани и од локални албански фукнционери се со цел на пописот да извадат бројка на Бугари, кои во ниту еден досегашен попис ги немало, нагласува Стерјовски, пренесувајќи го ставот на партијата, чиј лидер е. Деновве скандалот со потврдите за бугарско потекло го разоткрија новинарите на познатата истражувачка емисија Фикс фаре на Топ чанел, по што уапсени беа секретарот на општина Булќиза, Фитим Бала, администраторот на единицата Острени, Љуан Мјештри, кои беа веднаш разрешени од функциите, како и Арлин Лимани,раководител на секторот за социјални услуги во истата единица.

The post МАЕИ бара проширување на истрагите за лажните потврди за „бугарско потекло“, но и за влијание врз пописот appeared first on Република.

]]>
Фетаху: МАЕИ го поздравува откривањето на скандалот со лажните потврди за бугарско потекло во Голо Брдо https://republika.mk/vesti/balkan/fetahu-maei-go-pozdravuva-otkrivaneto-na-skandalot-so-lazhnite-potvrdi-za-bugarsko-poteklo-vo-golo-brdo/ Thu, 21 Dec 2023 22:16:54 +0000 https://republika.mk/?p=725486

Единствената македонска партија во Албанија, Македонска алијанса за европска интеграција, МАЕИ, ја поздрави ангажираноста на новинарите на Фик фаре, на тиранската телевизија Топ чанел, за истражувачката сторија во која се потврдува како за пари се издава лажна потврда за бугарско потекло во административната единица Острени, област Голо Брдо.

Пренесувајќи го партискиот став, Ендрит Фетаху потпретседател на партијата додава дека тоа е уште една потврда дека пописот на населението поминал со многу проблеми.

- Голема благодарност до новинарите на оваа позната емисија, која до сега има откриено низа коруптивни афери. Тоа е уште една потврда на она што ние редовно предупредувавме, дека пописот во Албанија беше следен од многу проблеми и нерегуларности. Исто така ја поздравуваме и експресната акција на полицијата која денеска приведе три лица вмешани во овој скандал, рече за МИА, Фетаху.

Фетаху, кој е син на Кимет Фетаху, еден од најгласните поборници за правата на Македонците во Албанија а по потекло е од Голо Брдо, го посочува, како што вели, веќе кажаното дека македонската задница во Албанија за време на пописот се соочуваше со притисок од страна на поединци и бугарските институции за да не даде точни податоци за етничката припадност а кои биле поддржани и од локални личности.

- Јавна тајна е дека, не само во областите Мала Преспа, Гора и Голо Брдо, каде што е најголема концентрацијата на Македонците, а се најсиромашни области во државата, туку и по градовите, како Елбасан, Либраж и други се вршеше невиден притисок од поединци од Бугарија, но и високи личности, како потпретседателката Јотова и амбасадорот во Тирана, преку уцени, поткуп и слично. Македонците беа уценувани дека ако не се попишат како Бугари ќе им бидат отфрлени барањата за добивање бугарско државјанство или ќе им се одземат веќе добиените државјанства, на што поради големата сиромаштија се принудени да аплицираат за да може да заминат во европските земји за обезбедување основна егзистенција, вели Фетаху.

Тој посочува уште еден проблем во текот на пописот а тоа е што попишувачите, во повеќето случаи, на попишуваното лице не му ги поставувале прашањата кои, според Институтот за статистика, не беа задолжителни за одговор: етничка и верска припадност и јазик.

Пописот на населението во Албанија беше спроведен од 18 септември до 30 октомври, односно до 15 ноември продолжен, но, само за одделени, пред сè ридско-планински области.

МАЕИ, потсетува Фетаху достави барање до Институтот за статистика во продолжениот рок да биде опфатена и Мала Преспа, зашто „голем број семејства не биле посетени“, но истото не беше прифатено.

Инаку, по синоќешната емисија полицијата уапси три лица, меѓу нив и администраторот на административната единица Острени и тие ќе одговараат пред судот во Пешкопеја. На денешната вонредна седница Советот на општина Булќиза, каде територијално припаѓа Острени разрешен е секретарот на советот Фитим Бала, еден од уапсените. Дел од советниците барале оставка и од градоначалничката Фестиме Мјештри, чиј брат Љуан Мјештри, администратор на Острени е еден од вмешаните во скандалот.

The post Фетаху: МАЕИ го поздравува откривањето на скандалот со лажните потврди за бугарско потекло во Голо Брдо appeared first on Република.

]]>

Единствената македонска партија во Албанија, Македонска алијанса за европска интеграција, МАЕИ, ја поздрави ангажираноста на новинарите на Фик фаре, на тиранската телевизија Топ чанел, за истражувачката сторија во која се потврдува како за пари се издава лажна потврда за бугарско потекло во административната единица Острени, област Голо Брдо. Пренесувајќи го партискиот став, Ендрит Фетаху потпретседател на партијата додава дека тоа е уште една потврда дека пописот на населението поминал со многу проблеми. - Голема благодарност до новинарите на оваа позната емисија, која до сега има откриено низа коруптивни афери. Тоа е уште една потврда на она што ние редовно предупредувавме, дека пописот во Албанија беше следен од многу проблеми и нерегуларности. Исто така ја поздравуваме и експресната акција на полицијата која денеска приведе три лица вмешани во овој скандал, рече за МИА, Фетаху. Фетаху, кој е син на Кимет Фетаху, еден од најгласните поборници за правата на Македонците во Албанија а по потекло е од Голо Брдо, го посочува, како што вели, веќе кажаното дека македонската задница во Албанија за време на пописот се соочуваше со притисок од страна на поединци и бугарските институции за да не даде точни податоци за етничката припадност а кои биле поддржани и од локални личности. - Јавна тајна е дека, не само во областите Мала Преспа, Гора и Голо Брдо, каде што е најголема концентрацијата на Македонците, а се најсиромашни области во државата, туку и по градовите, како Елбасан, Либраж и други се вршеше невиден притисок од поединци од Бугарија, но и високи личности, како потпретседателката Јотова и амбасадорот во Тирана, преку уцени, поткуп и слично. Македонците беа уценувани дека ако не се попишат како Бугари ќе им бидат отфрлени барањата за добивање бугарско државјанство или ќе им се одземат веќе добиените државјанства, на што поради големата сиромаштија се принудени да аплицираат за да може да заминат во европските земји за обезбедување основна егзистенција, вели Фетаху. Тој посочува уште еден проблем во текот на пописот а тоа е што попишувачите, во повеќето случаи, на попишуваното лице не му ги поставувале прашањата кои, според Институтот за статистика, не беа задолжителни за одговор: етничка и верска припадност и јазик. Пописот на населението во Албанија беше спроведен од 18 септември до 30 октомври, односно до 15 ноември продолжен, но, само за одделени, пред сè ридско-планински области. МАЕИ, потсетува Фетаху достави барање до Институтот за статистика во продолжениот рок да биде опфатена и Мала Преспа, зашто „голем број семејства не биле посетени“, но истото не беше прифатено. Инаку, по синоќешната емисија полицијата уапси три лица, меѓу нив и администраторот на административната единица Острени и тие ќе одговараат пред судот во Пешкопеја. На денешната вонредна седница Советот на општина Булќиза, каде територијално припаѓа Острени разрешен е секретарот на советот Фитим Бала, еден од уапсените. Дел од советниците барале оставка и од градоначалничката Фестиме Мјештри, чиј брат Љуан Мјештри, администратор на Острени е еден од вмешаните во скандалот.

The post Фетаху: МАЕИ го поздравува откривањето на скандалот со лажните потврди за бугарско потекло во Голо Брдо appeared first on Република.

]]>
МАЕИ во Пустец организира свечено одбележување на Илинден https://republika.mk/vesti/balkan/maei-vo-pustets-organizira-svecheno-odbelezhuvane-na-ilinden/ Tue, 01 Aug 2023 19:04:21 +0000 https://republika.mk/?p=667743

Единствената македонска партија во Албанија, Македонска алијанса за европска интеграција, МАЕИ, во соработка со Општина Пустец, утре на 2 август, организира прослава по повод Илинден.

Според лидерот на партијата Васил Стерјовски, во Пустец, седиштето на истоимената општина, по повод 120 години од Илинденското востание на македонскиот народ во 18.00 часот ќе се одржи свечена академија.

Академијата „120 години од Илинденско востание“ ќе се одржи во просториите на нашата партија во Пустец, во 18.00 часот, на која очекуваме големо присуство на жители од цела Мала Преспа, рече Стерјовски.

Општонароден собир ќе биде одржан на плоштадот „Гоце Делчев“ во Пустец, во 19 часот, со македонски ора и песни, со настап на група од Преспа и детскиот младински фолклорен ансамбал „Срма“ од Куманово.

The post МАЕИ во Пустец организира свечено одбележување на Илинден appeared first on Република.

]]>

Единствената македонска партија во Албанија, Македонска алијанса за европска интеграција, МАЕИ, во соработка со Општина Пустец, утре на 2 август, организира прослава по повод Илинден. Според лидерот на партијата Васил Стерјовски, во Пустец, седиштето на истоимената општина, по повод 120 години од Илинденското востание на македонскиот народ во 18.00 часот ќе се одржи свечена академија. Академијата „120 години од Илинденско востание“ ќе се одржи во просториите на нашата партија во Пустец, во 18.00 часот, на која очекуваме големо присуство на жители од цела Мала Преспа, рече Стерјовски. Општонароден собир ќе биде одржан на плоштадот „Гоце Делчев“ во Пустец, во 19 часот, со македонски ора и песни, со настап на група од Преспа и детскиот младински фолклорен ансамбал „Срма“ од Куманово.

The post МАЕИ во Пустец организира свечено одбележување на Илинден appeared first on Република.

]]>
МАЕИ ги повика Македонците во Албанија да гласаат за Колефски и за нејзината советничка листа https://republika.mk/vesti/balkan/maei-gi-povika-makedontsite-vo-albanija-da-glasaat-za-kolefski-i-za-nejzinata-sovetnichka-lista/ Thu, 04 May 2023 11:16:34 +0000 https://republika.mk/?p=636792

Единствената партија на Македонците во Албанија, Македонска алијанса за европска интеграција, МАЕИ, ги повика Македонците масовно да излезат на 14 мај, денот на локалните избори во Албанија.

Во исто време бара гласот да го дадат за Пали Колефски за градоначалник на општина Пустец и за советничката листа на партијата за оваа општина.

Почитувани Македонски, на 14 мај без двоумење заокружете го бројот 2 за Пали Колефски и број 29 за советничката листа на МАЕИ. Преспа нашиот дом, стои во повикот на партијата.

Колефски, кој ја бара довербата за втор мандат, е кандидат на Социјалистичката партија поддржан од МАЕИ, која за советници има самостојна кандидатска листа.

На последните избори, во јуни 2019 година МАЕИ освои четири места во општинскиот совет во кој сите 15 членови се Македонци.

The post МАЕИ ги повика Македонците во Албанија да гласаат за Колефски и за нејзината советничка листа appeared first on Република.

]]>

Единствената партија на Македонците во Албанија, Македонска алијанса за европска интеграција, МАЕИ, ги повика Македонците масовно да излезат на 14 мај, денот на локалните избори во Албанија. Во исто време бара гласот да го дадат за Пали Колефски за градоначалник на општина Пустец и за советничката листа на партијата за оваа општина.
Почитувани Македонски, на 14 мај без двоумење заокружете го бројот 2 за Пали Колефски и број 29 за советничката листа на МАЕИ. Преспа нашиот дом, стои во повикот на партијата.
Колефски, кој ја бара довербата за втор мандат, е кандидат на Социјалистичката партија поддржан од МАЕИ, која за советници има самостојна кандидатска листа. На последните избори, во јуни 2019 година МАЕИ освои четири места во општинскиот совет во кој сите 15 членови се Македонци.

The post МАЕИ ги повика Македонците во Албанија да гласаат за Колефски и за нејзината советничка листа appeared first on Република.

]]>
Од Пирин порачуваме, ние сме Македонци, наш мајчин јазик е македонскиот и сме неотуѓив дел од македонскиот народ https://republika.mk/vesti/makedonija/od-pirin-porachuvame-nie-sme-makedontsi-nash-majchin-jazik-e-makedonskiot-i-sme-neotugiv-del-od-makedonskiot-narod/ Sun, 23 Apr 2023 16:24:55 +0000 https://republika.mk/?p=633302

Делегација на единствената македонска партија во Албанија, Македонска алијанса за европска интеграција, МАЕИ, предводена од лидерот Васил Стерјовски учествуваше на чествувањето за Јане Сандански.

Почитувани браќа и сестри Македонци и Македонки. Чест и задоволство ми е што сум повторно со вас на денешното традиционално семакедонското одбележување на 108-годишнината од убиството на великанот на македонското револуционерно движење Јане Сандански, рече на почетокот од обраќањето Стерјовски.

Ви носам, додаде, најсрдечни поздрави и поддршка од Македонците во Албанија за „вашата борба за национални и човекови права".

Вам од се срце ви се поклонувам што сте вистински Македонци, што се борите за вашите човекови права во Бугарија, што организирате вакви настани за да ја негувате и сочувате македонштината и за да не ги заборавиме синовите што се бореле и гинеле за Македонија, нагласи тој.

Додаде дека Јане Сандански, со „своето револуционерно дело и саможртвата што ја даде за слободата на Македонија, зазема значајно место во колективната меморија на Македонците". Тој бил чувар на Гоцевите идеали и е најистакнатата национална фигура во Пиринскиот крај и загина како што живееше, како херој.

Според него, девизата на пиринскиот цар  „Да живееш - значи да се бориш: робот за слобода, а слободниот за совршенство" останува како порака за сите нас.

Неговата револуционерна борба за ослободување на Македонија, посочи Стерјовски, и неговата вера во слободата и правдата не поттикнува да продолжиме со нашата борба за слобода и национални права во државите каде што живееме.

Од овде, од гордиот Пирин порачуваме, ние сме Македонци, наш мајчин јазик е македонскиот јазик, ја сакаме и државата Македонија, бидејќи сме нераскинлив и неотуѓив дел од македонскиот народ. Од институциите на Република Македонија бараме да се грижат за Македонците во соседните земји како што сите држави на Балканот и Европска Унија се грижат за своите малцинства, порача Стерјовски.

Ја поздравуваме, кажа тој, неодамнешната средба меѓу македонскиот министер за правда со Стојко Стојков каде разговараа за „положбата на Македонците во Бугарија и не-имплементацијата на пресудите од Европскиот суд за човекови права од страна на Бугарија и се надеваме дека ваквите средби со институциите на Република Македонија ќе продолжат и во иднина".

Се залагаме за потпишување меѓудржавни договори на земјите во регионот за почитување на малцинствата на реципроцитетна основа, каде малцинствата ќе се гледаат како мост на соработка помеѓу државите. Нека е вечен споменот за Јане Сандански и нека се сеќаваме на неговата револуционерна борба, како на инспирација за нашите битки, и да продолжиме да се бориме за слобода и национални права. Вечна му слава на Пиринскиот Цар, рече во обраќањето Стерјовски.

The post Од Пирин порачуваме, ние сме Македонци, наш мајчин јазик е македонскиот и сме неотуѓив дел од македонскиот народ appeared first on Република.

]]>

Делегација на единствената македонска партија во Албанија, Македонска алијанса за европска интеграција, МАЕИ, предводена од лидерот Васил Стерјовски учествуваше на чествувањето за Јане Сандански.
Почитувани браќа и сестри Македонци и Македонки. Чест и задоволство ми е што сум повторно со вас на денешното традиционално семакедонското одбележување на 108-годишнината од убиството на великанот на македонското револуционерно движење Јане Сандански, рече на почетокот од обраќањето Стерјовски.
Ви носам, додаде, најсрдечни поздрави и поддршка од Македонците во Албанија за „вашата борба за национални и човекови права".
Вам од се срце ви се поклонувам што сте вистински Македонци, што се борите за вашите човекови права во Бугарија, што организирате вакви настани за да ја негувате и сочувате македонштината и за да не ги заборавиме синовите што се бореле и гинеле за Македонија, нагласи тој.
Додаде дека Јане Сандански, со „своето револуционерно дело и саможртвата што ја даде за слободата на Македонија, зазема значајно место во колективната меморија на Македонците". Тој бил чувар на Гоцевите идеали и е најистакнатата национална фигура во Пиринскиот крај и загина како што живееше, како херој. Според него, девизата на пиринскиот цар  „Да живееш - значи да се бориш: робот за слобода, а слободниот за совршенство" останува како порака за сите нас. Неговата револуционерна борба за ослободување на Македонија, посочи Стерјовски, и неговата вера во слободата и правдата не поттикнува да продолжиме со нашата борба за слобода и национални права во државите каде што живееме.
Од овде, од гордиот Пирин порачуваме, ние сме Македонци, наш мајчин јазик е македонскиот јазик, ја сакаме и државата Македонија, бидејќи сме нераскинлив и неотуѓив дел од македонскиот народ. Од институциите на Република Македонија бараме да се грижат за Македонците во соседните земји како што сите држави на Балканот и Европска Унија се грижат за своите малцинства, порача Стерјовски.
Ја поздравуваме, кажа тој, неодамнешната средба меѓу македонскиот министер за правда со Стојко Стојков каде разговараа за „положбата на Македонците во Бугарија и не-имплементацијата на пресудите од Европскиот суд за човекови права од страна на Бугарија и се надеваме дека ваквите средби со институциите на Република Македонија ќе продолжат и во иднина".
Се залагаме за потпишување меѓудржавни договори на земјите во регионот за почитување на малцинствата на реципроцитетна основа, каде малцинствата ќе се гледаат како мост на соработка помеѓу државите. Нека е вечен споменот за Јане Сандански и нека се сеќаваме на неговата револуционерна борба, како на инспирација за нашите битки, и да продолжиме да се бориме за слобода и национални права. Вечна му слава на Пиринскиот Цар, рече во обраќањето Стерјовски.

The post Од Пирин порачуваме, ние сме Македонци, наш мајчин јазик е македонскиот и сме неотуѓив дел од македонскиот народ appeared first on Република.

]]>
Стерјовски ги повика Македонците од Албанија масовно да излезат на гласање https://republika.mk/vesti/balkan/sterjovski-gi-povika-makedontsite-od-albanija-masovno-da-izlezat-na-glasane/ Wed, 19 Apr 2023 15:59:06 +0000 https://republika.mk/?p=632176

Во рамки на определениот термин за претставување на политичките партии кои учествуваат на локалните избори, што во Албанија ќе се одржат на 14 мај, попладнево се претстави единствената партија на Македонците во Албанија, Македонска алијанса за европска интеграција, МАЕИ, преку лидерот Васил Стерјовски.

Тој кажа дека на претстојните локални избори МАЕИ настапува во коалиција со Социјалистичка партија, на премиерот Еди Рама и оти според договорот меѓу двете партии, Македонска алијанса за европска интеграција ќе ги подржи кандидатите за градоначалници на Социјалистичка партија.

Членови на МАЕИ се на кандидатските листи за советници на Социјалистичка партија во повеќе општини во Албанија каде што живеат Македонци, додека во општина Пустец која е населена со 100 отсто македонско население, македонската партија ќе настапи со своја советничка листа под реден број 29.

Нашите кандидати на листите на Социјалистичка партија и советничката листа на Македонска алијанса за европска интеграција во Општина Пустец, оценува тој, се лица со интегритет, почитувани во општеството и ќе бидат најсилните гласови за заштита на правата на Македонците во Албанија. МАЕИ е политичка партија на сите Македонци кои живеат на целата територија на Албанија, без разлика на вера, подрачје, култура, економија и социјален состав. Основна цел на ова партија е зачувување на правата, социјалните, политичките и етно културните интереси на сите државјани на Албанија кои по националност се Македонци, кои се идентификуваат преку мајчиниот македонски јазик, преку обичаите и традициите наследени и зачувани со векови, вели Стерјовски.

Додава дека тамошните Македонци се лојални државјани на Република Албанија, но „остануваат горди и достојни Македонци, мајчин јазик им е македонскиот јазик, ја сакаат и државата Македонија, бидејќи се нераскинлив и неотуѓив дел од македонскиот народ“.

Македонска алијанса за европска интеграција е партија од центарот и нејзина главна цел е заштита на македонскиот идентитет, култура, јазик и традиции во Република Албанија. Ниту една друга партија во Република Албанија во својот статут или програма нема ниту една точка за заштита на македонската заедница во Албанија. Македонска алијанса за европска интеграција од самото нејзино формирање во 2005 година е единствениот глас на Македонците и се бори за интеграција во албанското општеството и унапредување на положбата и правата на Македонците во Република Албанија, посочува Стерјоски.

Тој нагласува дека во периодот кој измина, биле исправени пред многу искушенија и предизвици, некогаш заради нивни слабости, некогаш поради притисоци и подметнувања со кои биле соочени и се уште се соочуваат, но никогаш не отстапиле да се борат за правата и слободите на Македонците, во Преспа, Голо Брдо, Гора, Врбник и во цела Албанија.

Успеавме да го одржиме курсот на македонската партија во согласност со барањата и потребите на Македонците во Република Албанија, а резултатите се видливи и бројни, и додава, дека „се разбира, секогаш може и повеќе и подобро. Од права и слободи никогаш доста.

Почитувани Македонци и Македонки во Општина Пустец. Со новата територијална реформа на локалната самоуправа од 2015 година, општина Пустец остана единствена општина населена со 100 отсто Македонци, признати од Република Албанија.

Како партија во општина Пустец ќе настапи со своја советничка листа. Кандидатите за советници на нашата листа се избрани да бидат пред се чесни луѓе и со интегритет, кои доследно ќе ја следат нашата политика за заштита на македонскиот идентитет во Општина Пустец. Тие ќе работат во интерес на Македонците и ќе бидат нивниот глас во Советот на општината, вети Стерјовски.

Според него, локалната самоуправа во Пустец, врз основа на важечката законска регулатива, има надлежности за зачувување и унапредување на македонскиот идентитет, јазик, култура, фолклор и традиции.

Стерјовски вети дека советниците на Македонска алијанса за европска интеграција таму ќе „бидат бранители на интересите на Македонците. Ќе се спротивстават на неправедните одлуки, и ќе го поддржат секој проект кој им служи на интересите на Македонците. Тие ќе бидат промотори на прашањата за заштита на правата на македонската заедница, економскиот развој, развој на туризмот, промоција на подрачјето, управување со отпадот итн“.

Почитувани браќа и сестри Македонци и Македонки, од исклучителна важност е, на овие избори Македонците во општина Пустец да излезат масовно и да гласаат за редниот број 29 за кандидатската листа за членови на Советот на општината Пустец од Македонската алијанса и заедно да продолжиме за доброто на Македонците. Со вашиот глас, ние ќе можеме да продолжиме да се бориме за заштита на македонскиот идентитет и за развој на општината. Има многу нешта за кои треба да се избориме, има многу работа сето тоа да го оствариме, порачува лидерот на МАЕИ, Васил Стерјовски во изборното претставување на албанската државна телевизија.

The post Стерјовски ги повика Македонците од Албанија масовно да излезат на гласање appeared first on Република.

]]>

Во рамки на определениот термин за претставување на политичките партии кои учествуваат на локалните избори, што во Албанија ќе се одржат на 14 мај, попладнево се претстави единствената партија на Македонците во Албанија, Македонска алијанса за европска интеграција, МАЕИ, преку лидерот Васил Стерјовски. Тој кажа дека на претстојните локални избори МАЕИ настапува во коалиција со Социјалистичка партија, на премиерот Еди Рама и оти според договорот меѓу двете партии, Македонска алијанса за европска интеграција ќе ги подржи кандидатите за градоначалници на Социјалистичка партија. Членови на МАЕИ се на кандидатските листи за советници на Социјалистичка партија во повеќе општини во Албанија каде што живеат Македонци, додека во општина Пустец која е населена со 100 отсто македонско население, македонската партија ќе настапи со своја советничка листа под реден број 29.
Нашите кандидати на листите на Социјалистичка партија и советничката листа на Македонска алијанса за европска интеграција во Општина Пустец, оценува тој, се лица со интегритет, почитувани во општеството и ќе бидат најсилните гласови за заштита на правата на Македонците во Албанија. МАЕИ е политичка партија на сите Македонци кои живеат на целата територија на Албанија, без разлика на вера, подрачје, култура, економија и социјален состав. Основна цел на ова партија е зачувување на правата, социјалните, политичките и етно културните интереси на сите државјани на Албанија кои по националност се Македонци, кои се идентификуваат преку мајчиниот македонски јазик, преку обичаите и традициите наследени и зачувани со векови, вели Стерјовски.
Додава дека тамошните Македонци се лојални државјани на Република Албанија, но „остануваат горди и достојни Македонци, мајчин јазик им е македонскиот јазик, ја сакаат и државата Македонија, бидејќи се нераскинлив и неотуѓив дел од македонскиот народ“.
Македонска алијанса за европска интеграција е партија од центарот и нејзина главна цел е заштита на македонскиот идентитет, култура, јазик и традиции во Република Албанија. Ниту една друга партија во Република Албанија во својот статут или програма нема ниту една точка за заштита на македонската заедница во Албанија. Македонска алијанса за европска интеграција од самото нејзино формирање во 2005 година е единствениот глас на Македонците и се бори за интеграција во албанското општеството и унапредување на положбата и правата на Македонците во Република Албанија, посочува Стерјоски.
Тој нагласува дека во периодот кој измина, биле исправени пред многу искушенија и предизвици, некогаш заради нивни слабости, некогаш поради притисоци и подметнувања со кои биле соочени и се уште се соочуваат, но никогаш не отстапиле да се борат за правата и слободите на Македонците, во Преспа, Голо Брдо, Гора, Врбник и во цела Албанија.
Успеавме да го одржиме курсот на македонската партија во согласност со барањата и потребите на Македонците во Република Албанија, а резултатите се видливи и бројни, и додава, дека „се разбира, секогаш може и повеќе и подобро. Од права и слободи никогаш доста.   Почитувани Македонци и Македонки во Општина Пустец. Со новата територијална реформа на локалната самоуправа од 2015 година, општина Пустец остана единствена општина населена со 100 отсто Македонци, признати од Република Албанија.   Како партија во општина Пустец ќе настапи со своја советничка листа. Кандидатите за советници на нашата листа се избрани да бидат пред се чесни луѓе и со интегритет, кои доследно ќе ја следат нашата политика за заштита на македонскиот идентитет во Општина Пустец. Тие ќе работат во интерес на Македонците и ќе бидат нивниот глас во Советот на општината, вети Стерјовски.
Според него, локалната самоуправа во Пустец, врз основа на важечката законска регулатива, има надлежности за зачувување и унапредување на македонскиот идентитет, јазик, култура, фолклор и традиции. Стерјовски вети дека советниците на Македонска алијанса за европска интеграција таму ќе „бидат бранители на интересите на Македонците. Ќе се спротивстават на неправедните одлуки, и ќе го поддржат секој проект кој им служи на интересите на Македонците. Тие ќе бидат промотори на прашањата за заштита на правата на македонската заедница, економскиот развој, развој на туризмот, промоција на подрачјето, управување со отпадот итн“.
Почитувани браќа и сестри Македонци и Македонки, од исклучителна важност е, на овие избори Македонците во општина Пустец да излезат масовно и да гласаат за редниот број 29 за кандидатската листа за членови на Советот на општината Пустец од Македонската алијанса и заедно да продолжиме за доброто на Македонците. Со вашиот глас, ние ќе можеме да продолжиме да се бориме за заштита на македонскиот идентитет и за развој на општината. Има многу нешта за кои треба да се избориме, има многу работа сето тоа да го оствариме, порачува лидерот на МАЕИ, Васил Стерјовски во изборното претставување на албанската државна телевизија.

The post Стерјовски ги повика Македонците од Албанија масовно да излезат на гласање appeared first on Република.

]]>
Пали Колефски кандидат за градоначалник на Пустец https://republika.mk/vesti/balkan/pali-kolefski-kandidat-za-gradonachalnik-na-pustets/ Sun, 16 Apr 2023 12:33:43 +0000 https://republika.mk/?p=631265

Во Пустец, на брегот на Преспанското Езеро, коалицијата на единствената партија на Македонците во Албанија, Македонска алијанса за европска интеграција (МАЕИ) и Социјалистичка партија, вчера попладне,  ја започнаа изборната кампања со промоција на Пали Колефски за градоначалник на општината.

Заблагодарувајќи се на Македонците во Албанија за големото присуство на неговата презентација, Колефски  се осврна на сите реализирани проекти во изминатите четири години.

-И во наредните четири години со поддршка и на владата, општина Пустец ќе се трансформира во  место какво што заслужуваат нејзините жители. Само напред заедно ќе ја направиме Преспа навистина добро место за живеење и работење. Ние сме реални и зборуваме за конкретни проекти а не за соништа, рече  Колефски.

На промоцијата  присуствуваше и министерот Нико Пелеши, кој пред присутните изјави дека Пали Колефски се покажал како добар администратор во изминатите четири години и затоа повторно е кандидиран од Социјалистичка партија заедно  со македонската партија, МАЕИ,  за нов мандат за градоначалник на општина Пустец.

-Поддршката, со даден глас, на 14 мај, за Пали Колефски е една гаранција за сите жители на општина Пустец дека трансформацијата и добрите работи во ова општина ќе продолжат со зголемена динамика во вториот мандат, изјави Пелеши.

Се обрати и претседателот на МАЕИ, Васил Стерјовски кој рече  дека со градоначалникот Колефски во изминатиот период имале одлична комуникација.

Нагласи дека кога Стерјовски беше  пратеник соработувале за решавање на повеќе проблеми со кои се соочуваа Македонците во општина Пустец и една од најголемите придобивки било решавањето на проблемот со вода за пиење  во општина Пустец.

-Градоначалникот Пали Колефски  ја има поддршката на Македонска алијанса за европска интеграција и на советниците на МАЕИ во општина Пустец за сите иницијативи во правец на економски развој на општината,  развој на туризмот, како и во правец на заштита и унапредување на правата на Македонците во општина Пустец, посочи тој.

Стерјовски ги повика Македонците во општина Пустец да го дадат својот глас за  Колефски и за советничката листа на Македонска алијанса за европска интеграција.

The post Пали Колефски кандидат за градоначалник на Пустец appeared first on Република.

]]>

Во Пустец, на брегот на Преспанското Езеро, коалицијата на единствената партија на Македонците во Албанија, Македонска алијанса за европска интеграција (МАЕИ) и Социјалистичка партија, вчера попладне,  ја започнаа изборната кампања со промоција на Пали Колефски за градоначалник на општината. Заблагодарувајќи се на Македонците во Албанија за големото присуство на неговата презентација, Колефски  се осврна на сите реализирани проекти во изминатите четири години. -И во наредните четири години со поддршка и на владата, општина Пустец ќе се трансформира во  место какво што заслужуваат нејзините жители. Само напред заедно ќе ја направиме Преспа навистина добро место за живеење и работење. Ние сме реални и зборуваме за конкретни проекти а не за соништа, рече  Колефски. На промоцијата  присуствуваше и министерот Нико Пелеши, кој пред присутните изјави дека Пали Колефски се покажал како добар администратор во изминатите четири години и затоа повторно е кандидиран од Социјалистичка партија заедно  со македонската партија, МАЕИ,  за нов мандат за градоначалник на општина Пустец. -Поддршката, со даден глас, на 14 мај, за Пали Колефски е една гаранција за сите жители на општина Пустец дека трансформацијата и добрите работи во ова општина ќе продолжат со зголемена динамика во вториот мандат, изјави Пелеши. Се обрати и претседателот на МАЕИ, Васил Стерјовски кој рече  дека со градоначалникот Колефски во изминатиот период имале одлична комуникација. Нагласи дека кога Стерјовски беше  пратеник соработувале за решавање на повеќе проблеми со кои се соочуваа Македонците во општина Пустец и една од најголемите придобивки било решавањето на проблемот со вода за пиење  во општина Пустец. -Градоначалникот Пали Колефски  ја има поддршката на Македонска алијанса за европска интеграција и на советниците на МАЕИ во општина Пустец за сите иницијативи во правец на економски развој на општината,  развој на туризмот, како и во правец на заштита и унапредување на правата на Македонците во општина Пустец, посочи тој. Стерјовски ги повика Македонците во општина Пустец да го дадат својот глас за  Колефски и за советничката листа на Македонска алијанса за европска интеграција.

The post Пали Колефски кандидат за градоначалник на Пустец appeared first on Република.

]]>
МАЕИ поднесе барање за учество на локалните избори во Албанија https://republika.mk/vesti/balkan/maei-podnese-barane-za-uchestvo-na-lokalnite-izbori-vo-albanija/ Tue, 07 Mar 2023 18:16:50 +0000 https://republika.mk/?p=617026

Единствената македонска партија во Албанија, Македонска алијанса за европска интеграција, МАЕИ, поднесе пријава за учество на локалните избори, што ќе се одржат на 14 мај.

- Поднесовме пријава за  учество на изборите со што го запазивме рокот, според изборниот законик. Партиските органи ќе одлучат каде ќе настапиме со кандидатски листи за градоначалник и советници, за што крајниот рок за нивно доставување е 27 месецов, изјави за МИА, Васил Стерјовски, претседател на партијата.

Во меѓувреме Централната изборна комисија на официјалната веб страна објави дека утре на отворена седница за јавноста ќе ги разгледа пријавите на четириесеттина политички субјекти, меѓу нив и МАЕИ, како и на неколку групи граѓани.

Нова локална власт на 14 мај ќе добијат 61 општина. Во единствената македонска општина Пустец, актуелниот градоначалник Пали Колефски веќе потврди дека по вторпат ќе ја бара довербата, како кандидат на владејачката Социјалистичка партија.

The post МАЕИ поднесе барање за учество на локалните избори во Албанија appeared first on Република.

]]>

Единствената македонска партија во Албанија, Македонска алијанса за европска интеграција, МАЕИ, поднесе пријава за учество на локалните избори, што ќе се одржат на 14 мај.
- Поднесовме пријава за  учество на изборите со што го запазивме рокот, според изборниот законик. Партиските органи ќе одлучат каде ќе настапиме со кандидатски листи за градоначалник и советници, за што крајниот рок за нивно доставување е 27 месецов, изјави за МИА, Васил Стерјовски, претседател на партијата.
Во меѓувреме Централната изборна комисија на официјалната веб страна објави дека утре на отворена седница за јавноста ќе ги разгледа пријавите на четириесеттина политички субјекти, меѓу нив и МАЕИ, како и на неколку групи граѓани. Нова локална власт на 14 мај ќе добијат 61 општина. Во единствената македонска општина Пустец, актуелниот градоначалник Пали Колефски веќе потврди дека по вторпат ќе ја бара довербата, како кандидат на владејачката Социјалистичка партија.

The post МАЕИ поднесе барање за учество на локалните избори во Албанија appeared first on Република.

]]>
Македонецот Кимет Фетаху предложен за претседател на Албанија https://republika.mk/vesti/balkan/makedonecot-kimet-fetahu-predlozen-za-pretsedatel-na-albanija/ Wed, 04 May 2022 19:39:53 +0000 https://republika.mk/?p=497607

Eдинствената македонска партија во Албанија, Македонска алијанса за европска интеграција, за нов шеф на албанската држава го предлага проф.д-р Кимет Фетаху. Лидерот на партијата Васил Стерјовски вели дека предлогот е доставен денеска до претседателката на парламентот, Линдита Никола, како и до координаторите на пратеничките групи на Социјалистичката партија, Таулант Бала, на Демократската партија, Енкелејд Алибеај, на „Сојуз за промени", Фатмир Медиу и до Месила Дода, координаторка на пратеничката група „За демократија и интеграција".

„Изразувајќи ја највисоката почит кон Вас и институцијата, Собрание на Република Албанија, со ова писмо, партијата Македонска алијанса за европска интеграција (МАЕИ), како единствена партија која ја претставува македонската заедница во Албанија, дава свој придонес во рамките на консултативниот процес за избор на шеф на државата со кандидатурата на проф. д-р Кимет Фетаху за функцијата Претседател на Република Албанија“, стои во дописот.

Кимет Фетаху е роден 1955 година во селото Требиште, област Голо Брдо. Тој е доктор на науки, универзитетски професор и македонски општественик во Албанија. Има завршено универзитетски студии во Народна Република Кина и во Албанија, во насоката рударство и збогатување на минерали. Во својата професионална кариера е предавач и раководител на секцијата за збогатување на минералите и долгогодишен член на Научниот совет на геолошко-рударскиот факултет каде што уште е активен како професор, a се занимава и со широка општествена дејност, се наведува во образложението на предлогот.

Активен е во организирањето на Македонците во Република Албанија, особено по падот на диктаторскиот режим, во 1990 година. Во 1991 година тој ја формира организацијата на Македонците од Албанија „Братство", која во 1993 година е преименувана во „Мир", чиј претседател е сè уште. Исто така е директор на Центарот за етнички истражувања во Тирана.

„Фетаху даде извонреден придонес во последните 30 години за зајакнување на статусот и правата на македонската заедница и другите етнички заедници во нашето мултикултурно, повеќејазично и мултирелигиско општество, за развојот на цивилното и граѓанското општество. Огромен е неговиот придонес во последните 30 години за зајакнување на статусот и правата на македонската заедница и другите етнички заедници во нашето мултикултурно, повеќејазично и мултирелигиско општество, за развојот на цивилното и граѓанското општество“, се наведува во продолжение.

Стерјовски посочува дека Фетаху како аполитичен кандидат и лојален државјанин на Република Албанија, ги исполнува сите критериуми предвидени во Уставот, како личност со потребното достоинство да биде ППретседател на Републиката, да биде гарант на Уставот, на правата и слободите на граѓаните, на развојот на демократијата, на правдата за сите, за заштита на уставноста и законитоста, на еднаквоста на сите пред Уставот и законите.

„Врз основа на неговиот личен и професионален интегритет, независноста од политиката и посветеноста во развојот на еднаквоста и рамноправноста на сите пред Уставот и законите, ја бараме Вашата поддршка и поддршката од Вашите пратенички групи за кандидатурата на проф.д-р Кимет Фетаху за Претседател на Република Албанија. Изборот на проф.д-р Кимет Фетаху за претседател на Република Албанија од страна на Собранието на Република Албанија ќе и направи голема чест на нашата земја, дома и во светот“, стои во предлог-дописот.

Мандатот на Илир Мета завршувана 24 јули а новиот, парламентот треба да го избере до крајот на месецов. Лидерот на владејачките социјалисти и премиер Еди Рама, упати апел до сите политички субјекти и граѓанскиот сектор да достават предлози.

The post Македонецот Кимет Фетаху предложен за претседател на Албанија appeared first on Република.

]]>

Eдинствената македонска партија во Албанија, Македонска алијанса за европска интеграција, за нов шеф на албанската држава го предлага проф.д-р Кимет Фетаху. Лидерот на партијата Васил Стерјовски вели дека предлогот е доставен денеска до претседателката на парламентот, Линдита Никола, како и до координаторите на пратеничките групи на Социјалистичката партија, Таулант Бала, на Демократската партија, Енкелејд Алибеај, на „Сојуз за промени", Фатмир Медиу и до Месила Дода, координаторка на пратеничката група „За демократија и интеграција".
„Изразувајќи ја највисоката почит кон Вас и институцијата, Собрание на Република Албанија, со ова писмо, партијата Македонска алијанса за европска интеграција (МАЕИ), како единствена партија која ја претставува македонската заедница во Албанија, дава свој придонес во рамките на консултативниот процес за избор на шеф на државата со кандидатурата на проф. д-р Кимет Фетаху за функцијата Претседател на Република Албанија“, стои во дописот.
Кимет Фетаху е роден 1955 година во селото Требиште, област Голо Брдо. Тој е доктор на науки, универзитетски професор и македонски општественик во Албанија. Има завршено универзитетски студии во Народна Република Кина и во Албанија, во насоката рударство и збогатување на минерали. Во својата професионална кариера е предавач и раководител на секцијата за збогатување на минералите и долгогодишен член на Научниот совет на геолошко-рударскиот факултет каде што уште е активен како професор, a се занимава и со широка општествена дејност, се наведува во образложението на предлогот. Активен е во организирањето на Македонците во Република Албанија, особено по падот на диктаторскиот режим, во 1990 година. Во 1991 година тој ја формира организацијата на Македонците од Албанија „Братство", која во 1993 година е преименувана во „Мир", чиј претседател е сè уште. Исто така е директор на Центарот за етнички истражувања во Тирана.
„Фетаху даде извонреден придонес во последните 30 години за зајакнување на статусот и правата на македонската заедница и другите етнички заедници во нашето мултикултурно, повеќејазично и мултирелигиско општество, за развојот на цивилното и граѓанското општество. Огромен е неговиот придонес во последните 30 години за зајакнување на статусот и правата на македонската заедница и другите етнички заедници во нашето мултикултурно, повеќејазично и мултирелигиско општество, за развојот на цивилното и граѓанското општество“, се наведува во продолжение.
Стерјовски посочува дека Фетаху како аполитичен кандидат и лојален државјанин на Република Албанија, ги исполнува сите критериуми предвидени во Уставот, како личност со потребното достоинство да биде ППретседател на Републиката, да биде гарант на Уставот, на правата и слободите на граѓаните, на развојот на демократијата, на правдата за сите, за заштита на уставноста и законитоста, на еднаквоста на сите пред Уставот и законите.
„Врз основа на неговиот личен и професионален интегритет, независноста од политиката и посветеноста во развојот на еднаквоста и рамноправноста на сите пред Уставот и законите, ја бараме Вашата поддршка и поддршката од Вашите пратенички групи за кандидатурата на проф.д-р Кимет Фетаху за Претседател на Република Албанија. Изборот на проф.д-р Кимет Фетаху за претседател на Република Албанија од страна на Собранието на Република Албанија ќе и направи голема чест на нашата земја, дома и во светот“, стои во предлог-дописот.
Мандатот на Илир Мета завршувана 24 јули а новиот, парламентот треба да го избере до крајот на месецов. Лидерот на владејачките социјалисти и премиер Еди Рама, упати апел до сите политички субјекти и граѓанскиот сектор да достават предлози.

The post Македонецот Кимет Фетаху предложен за претседател на Албанија appeared first on Република.

]]>
МАЕИ: Преминот Шиштевац-Крушево ќе ја заживее Гора https://republika.mk/vesti/balkan/maei-preminot-shishtevac-krushevo-kje-ja-zazivee-gora/ Sat, 16 Apr 2022 17:37:14 +0000 https://republika.mk/?p=489371

Единствената партија на Македонците во Албанија, Македонска алијанса за европска интеграција (МАЕИ) го поздрави стапувањето во сила на одлуката за 24-часовно функцонрање на заедничкиот граничен премин Шиштавец-Крушево, во областа на Гора, на албанско-косовската граница.

Овој граничен премин до сега функционираше со ограничено време и служеше само за жителите од пограничниот регион, а од денес ќе работи 24/7 и од премин од Ц преминува во граничен премин од Б категорија.

Сметаме дека 24-часовната работа на овој граничен премин ќе ја заживее областа на Гора и нема да служи само за македонската заедница од областа на Гора, туку низ него ќе може да поминуваат сите граѓани на Албанија и Косово, но и пошироко, стои во соопштението на партијата.

Исто така партијата бара од албанската и македонската влада што побрзо да ја стават во сила одлуката донесена на заедничката седница на двете влади во Подградец,  на 15 декември 2017 година за 24 часа работно време на граничниот премин Требиште-Џепиште, на албанско-македонската граница кај Дебар и да премине од граничен премин од Ц во граничен премин од Б категорија.

Со 24 часовното функционирање на граничниот премин Требиште-Џепиште ќе му се помогне на македонското населението во областа на  Голо Брдо на економски план, бидејќи ќе се зголеми економската соработка меѓу жителите од двете страни на границата, со што економски ќе зајакнува и ќе се развива оваа област во целина, се наведува во соопштението на МАЕИ.

На свеченоста по повод отворањето на преминот со целодневена фрекфенција присуствуваа министерите за внатрешни работи на Албанија, Бледи Чучи и на Косово Џелал Свечка.

The post МАЕИ: Преминот Шиштевац-Крушево ќе ја заживее Гора appeared first on Република.

]]>

Единствената партија на Македонците во Албанија, Македонска алијанса за европска интеграција (МАЕИ) го поздрави стапувањето во сила на одлуката за 24-часовно функцонрање на заедничкиот граничен премин Шиштавец-Крушево, во областа на Гора, на албанско-косовската граница. Овој граничен премин до сега функционираше со ограничено време и служеше само за жителите од пограничниот регион, а од денес ќе работи 24/7 и од премин од Ц преминува во граничен премин од Б категорија.