мачета Archives - Република https://republika.mk/tema/macheta/ За подобро да се разбереме Sun, 09 Jun 2024 10:29:25 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png мачета Archives - Република https://republika.mk/tema/macheta/ 32 32 Браќа познати криминалци со мачета и палки влетале во слаткарница на Широк сокак https://republika.mk/vesti/crna-hronika/braka-poznati-kriminaltsi-so-macheta-i-palki-vletale-vo-slatkarnitsa-na-shirok-sokak/ Sun, 09 Jun 2024 10:29:25 +0000 https://republika.mk/?p=785892

Основното јавно обвинителство Битола поведе постапка против три лица, кои се осомничени дека во група сториле кривично дело – Насилство од член 386 став 3 од Кривичниот законик.

На 5 јуни попладне, во слаткарница на улицата Широк сокак, осомничените извршиле грубо насилство врз две лица. Замавнувале кон оштетените со мачета и со метална палка, им се заканувале, а со своите дејствија предизвикале страв, несигурност и загрозување и кај останатите гости и случајни минувачи. Двајца од осомничените се браќа, претходно осудувани, соопшти битолското ОЈО.

За едниот од нив по предлог на јавниот обвинител, Основниот суд во Битола определи мерка притвор, а за другиот – куќен притвор во траење од 8 дена.

The post Браќа познати криминалци со мачета и палки влетале во слаткарница на Широк сокак appeared first on Република.

]]>

13-годишно момче жртва на лудакот со мачета во Лондон https://republika.mk/vesti/svet/13-godishno-momche-zhrtva-na-ludakot-so-macheta-vo-london/ Tue, 30 Apr 2024 13:22:35 +0000 https://republika.mk/?p=772652

Тринаесетгодишно момче им подлегна на повредите здобиени по денешниот напад во североисточниот дел на Лондон, што го изврши 36-годишен маж со мачета. Повредени се други четири лица, меѓу кои и двајца полициски службеници.

Нападот почнал околу седум часот утрово, кога мажот прво маж со автомобилот удрил во куќа, па почнал да напаѓа луѓе оружјето.

Триесет и шестгодишниот напаѓач е уапсен, соопшти полицијата. Оттаму додаваат дека не веруваат дека напаѓачот имал помагачи, а истрагата за мотивите на нападот е во тек.

 Веруваме дека жртвите биле случајно избрани, изјави шефот на локалната полиција Стјуарт Бел.

The post 13-годишно момче жртва на лудакот со мачета во Лондон appeared first on Република.

]]>

Тринаесетгодишно момче им подлегна на повредите здобиени по денешниот напад во североисточниот дел на Лондон, што го изврши 36-годишен маж со мачета. Повредени се други четири лица, меѓу кои и двајца полициски службеници. Нападот почнал околу седум часот утрово, кога мажот прво маж со автомобилот удрил во куќа, па почнал да напаѓа луѓе оружјето. Триесет и шестгодишниот напаѓач е уапсен, соопшти полицијата. Оттаму додаваат дека не веруваат дека напаѓачот имал помагачи, а истрагата за мотивите на нападот е во тек.
 Веруваме дека жртвите биле случајно избрани, изјави шефот на локалната полиција Стјуарт Бел.

The post 13-годишно момче жртва на лудакот со мачета во Лондон appeared first on Република.

]]>
Маж со возило влетал во куќа па почнал мачета да напаѓа луѓе во Лондон https://republika.mk/vesti/svet/mazh-so-vozilo-vletal-vo-kuka-pa-pochnal-macheta-da-napaga-luge-vo-london/ Tue, 30 Apr 2024 10:29:52 +0000 https://republika.mk/?p=772552

Околу седум часот утрово, маж почнал да напаѓа луѓе со мачета во североисточен Лондон. Пред тоа со автомобилот удрил во куќа.

Лондонската служба за брза помош соопшти дека пет лица биле избодени со нож и пренесени во болници. Меѓу нападнатите наводно имало и двајца полицајци.

Денеска околу 7 часот добивме пријава дека возило удрило во куќа во областа Тарлоу Гарденс. Имаше извештаи за избодени луѓе. Во овој момент знаеме дека осомничениот продолжил да напаѓа други припадници на јавноста и двајца полицајци, соопштија од полицијата.

Триесет и штестгодишниот напаѓач е уапсен, соопшти полицијата. Оттаму додаваат дека не веруваат дека напаѓачот имал помагачи, а истрагата за мотивите на нападот е во тек.

The post Маж со возило влетал во куќа па почнал мачета да напаѓа луѓе во Лондон appeared first on Република.

]]>

Околу седум часот утрово, маж почнал да напаѓа луѓе со мачета во североисточен Лондон. Пред тоа со автомобилот удрил во куќа. Лондонската служба за брза помош соопшти дека пет лица биле избодени со нож и пренесени во болници. Меѓу нападнатите наводно имало и двајца полицајци.
Денеска околу 7 часот добивме пријава дека возило удрило во куќа во областа Тарлоу Гарденс. Имаше извештаи за избодени луѓе. Во овој момент знаеме дека осомничениот продолжил да напаѓа други припадници на јавноста и двајца полицајци, соопштија од полицијата.
Триесет и штестгодишниот напаѓач е уапсен, соопшти полицијата. Оттаму додаваат дека не веруваат дека напаѓачот имал помагачи, а истрагата за мотивите на нападот е во тек.

The post Маж со возило влетал во куќа па почнал мачета да напаѓа луѓе во Лондон appeared first on Република.

]]>
Уапсено момчето кое утрово во Загреб влезе во гимназија со мачета https://republika.mk/vesti/balkan/uapseno-momcheto-koe-utrovo-vo-zagreb-vleze-vo-gimnazija-so-macheta/ Mon, 06 Mar 2023 20:18:50 +0000 https://republika.mk/?p=616577

По три часа бегство полицијата му влезе во трага и го приведе 18-годишното момче кое денеска ги исплаши сите во Класичната гимназија во Загреб.

-Денеска околу 13.50 часот на подрачјето на Медвечшак во просториите на образовната установа дошло дотогаш непознато момче. Во ходникот го сретнал момчето кое го барал на кое му се заканил со остар предмет и по заканите избегал. Информациите кои ги собра загребската полиција резултираа со потрага по момчето и негово приведување.

Според хрватските медиуми, неофицијално станува збор за инцидент по врсничка караница поради која момчето влегло во училишната зграда.

The post Уапсено момчето кое утрово во Загреб влезе во гимназија со мачета appeared first on Република.

]]>

По три часа бегство полицијата му влезе во трага и го приведе 18-годишното момче кое денеска ги исплаши сите во Класичната гимназија во Загреб. -Денеска околу 13.50 часот на подрачјето на Медвечшак во просториите на образовната установа дошло дотогаш непознато момче. Во ходникот го сретнал момчето кое го барал на кое му се заканил со остар предмет и по заканите избегал. Информациите кои ги собра загребската полиција резултираа со потрага по момчето и негово приведување. Според хрватските медиуми, неофицијално станува збор за инцидент по врсничка караница поради која момчето влегло во училишната зграда.

The post Уапсено момчето кое утрово во Загреб влезе во гимназија со мачета appeared first on Република.

]]>
Ослободен Тони Ѓоргиевски, битолскиот суд потврди дека во самоодбрана го убил зетот кој на врата му зачука со мачета https://republika.mk/vesti/crna-hronika/osloboden-toni-gjorgievski-bitolskiot-sud-potvrdi-deka-vo-samoodbrana-go-ubil-zetot-koj-na-vrata-mu-zachuka-so-macheta/ Mon, 10 Oct 2022 09:18:06 +0000 https://republika.mk/?p=559366

Битолчанецот Тони Ѓорѓевски-Фердо доби ослободителна пресуда за убиството на зетот Стојанче Соколов (44). Судот ја прифати ваквата одбрана односно дека Ѓорѓевски го сторил делото во самоодбрана и нужна одбрана. Пресудата е донесена осум месеци по настанот.

Конечно судот по осум месеци донесе правилна пресуда, ослободителна за мојот татко. Тој е конечно слободен, фала ви на сите за поддршката, напиша неговиот син Јове Ѓоргиевски.

Ѓоргиевски додека траеше истрагата беше во притвор. Неговото семејство организираше и протест, на кој бараше слобода за битолчанецот. Битолското обвинителство го товареше за убиство.

https://republika.mk/vesti/crna-hronika/ako-tatko-mi-ne-go-ubieshe-so-garancija-nie-kje-bevme-mrtvi-svedoshtvo-na-sinot-na-protestot-za-sloboda-na-toni-gjorgievski/

Семејството Ѓоргиевски 20 години имаше проблем со сега покојниот зет. Тие сведочеа дека пријавувале во полиција, социјални служби – но тоа било залудно. Убиениот рано наутро упаднал во домот на таткото на неговата поранешна сопруга и ѝ се заканувал држејќи во рацете мачета. Таткото во тој момент го извадил оружјето и пукал, по што неговиот поранешен зет починал.

The post Ослободен Тони Ѓоргиевски, битолскиот суд потврди дека во самоодбрана го убил зетот кој на врата му зачука со мачета appeared first on Република.

]]>

Битолчанецот Тони Ѓорѓевски-Фердо доби ослободителна пресуда за убиството на зетот Стојанче Соколов (44). Судот ја прифати ваквата одбрана односно дека Ѓорѓевски го сторил делото во самоодбрана и нужна одбрана. Пресудата е донесена осум месеци по настанот.
Конечно судот по осум месеци донесе правилна пресуда, ослободителна за мојот татко. Тој е конечно слободен, фала ви на сите за поддршката, напиша неговиот син Јове Ѓоргиевски.
Ѓоргиевски додека траеше истрагата беше во притвор. Неговото семејство организираше и протест, на кој бараше слобода за битолчанецот. Битолското обвинителство го товареше за убиство. https://republika.mk/vesti/crna-hronika/ako-tatko-mi-ne-go-ubieshe-so-garancija-nie-kje-bevme-mrtvi-svedoshtvo-na-sinot-na-protestot-za-sloboda-na-toni-gjorgievski/ Семејството Ѓоргиевски 20 години имаше проблем со сега покојниот зет. Тие сведочеа дека пријавувале во полиција, социјални служби – но тоа било залудно. Убиениот рано наутро упаднал во домот на таткото на неговата поранешна сопруга и ѝ се заканувал држејќи во рацете мачета. Таткото во тој момент го извадил оружјето и пукал, по што неговиот поранешен зет починал.

The post Ослободен Тони Ѓоргиевски, битолскиот суд потврди дека во самоодбрана го убил зетот кој на врата му зачука со мачета appeared first on Република.

]]>
„Плати до вечер или отидоа прстите“: Лихвари со мачета му се заканувале на должник https://republika.mk/vesti/crna-hronika/plati-do-vecher-ili-otidoa-prstite-lihvari-so-macheta-mu-se-zakanuvale-na-dolznik/ Mon, 30 May 2022 09:46:27 +0000 https://republika.mk/?p=508665

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство – Скопје донесе наредба за спроведување истражна постапка против две лица, за кои постои основано сомнение дека сториле кривично дело „изнуда“ од член 258 став 2 од Кривичниот законик, соопшти ОЈО-Скопје.

Со употреба на сила и сериозна закана со опасно орудие – мачета и на особено насилен начин, според скопското обвинителство, тие присилиле едно оштетено лице да им даде парични средства во износ од 360.000 денари.

Оштетениот, во текот на летото 2021 година, од осомничените позајмил 55.000 денари, кои според устен договор требало да ги враќа со камата од 28.000 денари за секои 20 дена и за секој дополнителен ден доцнење уште по 1.000 денари. Врз основа на овој договор, во периодот од јануари 2022 до 09.05.2022 година, оштетениот на осомничените им исплаќал парични износи од 120.000, 180.000 и 60.000 денари. Во целиот тој период осомничените, инаку вработени во агенција за обезбедување, телефонски му се заканувале дека ќе го убијат ако не ги врати парите. Во неколку наврати доаѓале и во неговиот дом, заканувајќи му се нему и на неговиот татко, велат од обвинителство.

Од обвинителство појаснуваат дека на 25 мај осомничените го повикале оштетениот пред маркет на улицата „Македонско-косовска бригада“ и го однеле во мала уличка, при што го удирале, барајќи им веднаш да им ги врати парите.

На 26 мај, пак, го повикале во катна гаража во Карпош, каде што работеле како обезбедување, па му побарале да им даде уште 300.000 денари. Кога оштетениот кажал дека нема, еден од осомничените извадил опасно орудие – мачета, заканувајќи се на оштетениот дека ќе му ги исече прстите и ќе го убие ако до крајот на денот не ги исплати парите. Го ставиле оштетениот во автомобил и заедно со него се упатиле кон Чаир, но биле пресретнати од полициски службеници, велат од ОЈО Скопје.

Надлежниот јавен обвинител оцени дека постои опасност осомничените да се дадат во бегство, да влијаат врз сведоците и врз оштетениот или да го повторат делото, па до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор.​​

The post „Плати до вечер или отидоа прстите“: Лихвари со мачета му се заканувале на должник appeared first on Република.

]]>

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство – Скопје донесе наредба за спроведување истражна постапка против две лица, за кои постои основано сомнение дека сториле кривично дело „изнуда“ од член 258 став 2 од Кривичниот законик, соопшти ОЈО-Скопје. Со употреба на сила и сериозна закана со опасно орудие – мачета и на особено насилен начин, според скопското обвинителство, тие присилиле едно оштетено лице да им даде парични средства во износ од 360.000 денари.
Оштетениот, во текот на летото 2021 година, од осомничените позајмил 55.000 денари, кои според устен договор требало да ги враќа со камата од 28.000 денари за секои 20 дена и за секој дополнителен ден доцнење уште по 1.000 денари. Врз основа на овој договор, во периодот од јануари 2022 до 09.05.2022 година, оштетениот на осомничените им исплаќал парични износи од 120.000, 180.000 и 60.000 денари. Во целиот тој период осомничените, инаку вработени во агенција за обезбедување, телефонски му се заканувале дека ќе го убијат ако не ги врати парите. Во неколку наврати доаѓале и во неговиот дом, заканувајќи му се нему и на неговиот татко, велат од обвинителство.
Од обвинителство појаснуваат дека на 25 мај осомничените го повикале оштетениот пред маркет на улицата „Македонско-косовска бригада“ и го однеле во мала уличка, при што го удирале, барајќи им веднаш да им ги врати парите.
На 26 мај, пак, го повикале во катна гаража во Карпош, каде што работеле како обезбедување, па му побарале да им даде уште 300.000 денари. Кога оштетениот кажал дека нема, еден од осомничените извадил опасно орудие – мачета, заканувајќи се на оштетениот дека ќе му ги исече прстите и ќе го убие ако до крајот на денот не ги исплати парите. Го ставиле оштетениот во автомобил и заедно со него се упатиле кон Чаир, но биле пресретнати од полициски службеници, велат од ОЈО Скопје.
Надлежниот јавен обвинител оцени дека постои опасност осомничените да се дадат во бегство, да влијаат врз сведоците и врз оштетениот или да го повторат делото, па до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор.​​

The post „Плати до вечер или отидоа прстите“: Лихвари со мачета му се заканувале на должник appeared first on Република.

]]>
Ученик со мачета уби професор во Прага https://republika.mk/vesti/svet/uchenik-so-macheta-ubi-profesor-vo-praga/ Thu, 31 Mar 2022 13:39:53 +0000 https://republika.mk/?p=481465

Чешки професор е убиен денеска со мачета во средно училиште во Прага, а напаѓачот, кој побегнал од местото на злосторството, е уапсен, соопшти полицијата.

Директорот на училиштето изјавил, според пишувањата на медиумите, дека напаѓачот бил ученик од истото училиште.

Ученик околу пладне со мачета нападнал професор. За жал, професорот починал од повредите на местото на несреќата, соопшти полицијата на Твитер. Напаѓачот ја оставил мачетата на местото на злосторството и побегнал.

Во потрагата по осомничениот биле вклучени стотина полицајци и хеликоптер.

Полицијата го уапси осомничениот, изјави подоцна министерот за внатрешни работи Вит Ракушан.

The post Ученик со мачета уби професор во Прага appeared first on Република.

]]>

Чешки професор е убиен денеска со мачета во средно училиште во Прага, а напаѓачот, кој побегнал од местото на злосторството, е уапсен, соопшти полицијата. Директорот на училиштето изјавил, според пишувањата на медиумите, дека напаѓачот бил ученик од истото училиште.
Ученик околу пладне со мачета нападнал професор. За жал, професорот починал од повредите на местото на несреќата, соопшти полицијата на Твитер. Напаѓачот ја оставил мачетата на местото на злосторството и побегнал.
Во потрагата по осомничениот биле вклучени стотина полицајци и хеликоптер.
Полицијата го уапси осомничениот, изјави подоцна министерот за внатрешни работи Вит Ракушан.

The post Ученик со мачета уби професор во Прага appeared first on Република.

]]>
Во Битола, дедо го застрелал поранешниот зет, откако тој му влегол дома со мачета да ја нападне ќерка му https://republika.mk/vesti/crna-hronika/vo-bitola-dedo-go-zastrelal-poraneshniot-zet-otkako-toj-mu-vlegol-doma-so-macheta-da-ja-napadne-kjerka-mu/ Mon, 21 Feb 2022 15:11:52 +0000 https://republika.mk/?p=461567

Убиство ја потресе утрово Битола кога татко бранејќи ја својата ќерка од насилството на поранешниот сопруг го застрелал зетот.

Убиениот рано утрото упаднал во домот на таткото на неговата поранешна сопруга и и се заканувал држејќи во рацете мачета. Таткото во тој момент го извадил оружјето и пукал, по што неговиот поранешен зет починал на лице место. Според полицискиот извештај, екипата на Итната медицинска помош само ја констатирала смрт. Убиениот пред извесен период се вратил од одлежување на казна затвор и ѝ бил добро познат на полицијата со дебело криминално досие.

Денеска во Битола, полициски службеници од СВР Битола го лишиле од слобода Т.Ѓ. (62) од Битола затоа што околу 05.55 часот во претсобјето од неговата куќа со пиштол пукал и го погодил С.С.(44) од Битола, кој починал на местото. Според пријавеното, претходно С.С. со употреба на сила влегол во куќата на Т.Ѓ. и со остар предмет се заканувал на ќерката на Т.Ѓ, која е негова поранешна сопруга“, стои во извештајот на СВР Битола.

Увид на местото на настанот извршиле Јавен обвинител и екипа од СВР Битола. По наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција.

The post Во Битола, дедо го застрелал поранешниот зет, откако тој му влегол дома со мачета да ја нападне ќерка му appeared first on Република.

]]>

Убиство ја потресе утрово Битола кога татко бранејќи ја својата ќерка од насилството на поранешниот сопруг го застрелал зетот. Убиениот рано утрото упаднал во домот на таткото на неговата поранешна сопруга и и се заканувал држејќи во рацете мачета. Таткото во тој момент го извадил оружјето и пукал, по што неговиот поранешен зет починал на лице место. Според полицискиот извештај, екипата на Итната медицинска помош само ја констатирала смрт. Убиениот пред извесен период се вратил од одлежување на казна затвор и ѝ бил добро познат на полицијата со дебело криминално досие.