м-так Archives - Република https://republika.mk/tema/m-tak/ За подобро да се разбереме Tue, 24 Jan 2023 15:23:35 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png м-так Archives - Република https://republika.mk/tema/m-tak/ 32 32 Маиците на Зеленски ѝ носат голем профит на украинската компанија „М-ТАК“ https://republika.mk/vesti/svet/maitsite-na-zelenski-nosat-golem-profit-na-ukrainskata-kompanija-m-tak/ Tue, 24 Jan 2023 15:38:58 +0000 https://republika.mk/?p=600576

Од почетокот на руско-украинската војна, претседателот на Украина, Володимир Зеленски вообичаено се појавува во јавноста во веќе препознатливата маслинесто-зелена маица, дури и кога се среќава со претставници на други земји.

„Форбс“ открива дека Зеленски на тој начин го промовира украинскиот бренд за облека „М-ТАК“, којшто произведува опрема за лов и туризам, како и разни додатоци за оружје, воена и тактичка облека и чевли. Покрај Зеленски, таква облека носат и врховниот командант на украинските вооружени сили Валериј Залужни, како и стотици илјади војници и цивили во Украина.

Војната уништи бројни компании и корпорации, но таа е многу плодна за други фирми, како „М-ТАК“, која вработила 750 шивачки повеќе, кои работат во три смени, а според познавачите, годишниот приход е околу 150 милиони евра.

Сѐ што имаат е со врвен квалитет, а имаат само еден минус… Тешко е да се купат нови работи бидејќи ги нема (доволно) на пазарот, вели Александар Камишин, шеф на Украинската државна железница, кој исто така носи „М-ТАК“ облека.

Компанијата е основана од Александар Карашев од Киев, на почетокот на ова илјадалетие. Со својата партнерка Наталија Коржењук, Карашев ја отворил продавницата Милитарист во Киев, каде што првично продавале увезена опрема, а до 2014 година имале шест продавници. Карашев успеал да набави и неколку воени камиони и оклопни транспортери за потребите на своето хоби.

На крајот, тој ги донирал возилата на армијата кога избувна конфликтот во Донбас, а војниците полека почнале да пристигнуваат во неговите продавници да се опремат за војната. Со тоа почна растот на неговиот бренд.

The post Маиците на Зеленски ѝ носат голем профит на украинската компанија „М-ТАК“ appeared first on Република.

]]>

Од почетокот на руско-украинската војна, претседателот на Украина, Володимир Зеленски вообичаено се појавува во јавноста во веќе препознатливата маслинесто-зелена маица, дури и кога се среќава со претставници на други земји. „Форбс“ открива дека Зеленски на тој начин го промовира украинскиот бренд за облека „М-ТАК“, којшто произведува опрема за лов и туризам, како и разни додатоци за оружје, воена и тактичка облека и чевли. Покрај Зеленски, таква облека носат и врховниот командант на украинските вооружени сили Валериј Залужни, како и стотици илјади војници и цивили во Украина. Војната уништи бројни компании и корпорации, но таа е многу плодна за други фирми, како „М-ТАК“, која вработила 750 шивачки повеќе, кои работат во три смени, а според познавачите, годишниот приход е околу 150 милиони евра.
Сѐ што имаат е со врвен квалитет, а имаат само еден минус… Тешко е да се купат нови работи бидејќи ги нема (доволно) на пазарот, вели Александар Камишин, шеф на Украинската државна железница, кој исто така носи „М-ТАК“ облека.
Компанијата е основана од Александар Карашев од Киев, на почетокот на ова илјадалетие. Со својата партнерка Наталија Коржењук, Карашев ја отворил продавницата Милитарист во Киев, каде што првично продавале увезена опрема, а до 2014 година имале шест продавници. Карашев успеал да набави и неколку воени камиони и оклопни транспортери за потребите на своето хоби. На крајот, тој ги донирал возилата на армијата кога избувна конфликтот во Донбас, а војниците полека почнале да пристигнуваат во неговите продавници да се опремат за војната. Со тоа почна растот на неговиот бренд.

The post Маиците на Зеленски ѝ носат голем профит на украинската компанија „М-ТАК“ appeared first on Република.

]]>