луксузни автомобили Archives - Република https://republika.mk/tema/luksuzni-avtomobili/ За подобро да се разбереме Sat, 30 Dec 2023 10:00:55 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png луксузни автомобили Archives - Република https://republika.mk/tema/luksuzni-avtomobili/ 32 32 Вработени во МВР и авто-плац од Кочани меѓу обвинетите за шверц на луксузни автомобили https://republika.mk/vesti/makedonija/vraboteni-vo-mvr-i-avto-plats-od-kochani-megu-obvinetite-za-shverts-na-luksuzni-avtomobili/ Sat, 30 Dec 2023 10:15:59 +0000 https://republika.mk/?p=728130

Основното јавно обвинителство Скопје ја заврши истражната постапка и поднесе обвинение против 18 физички и едно правно лице за повеќе кривични дела, меѓу кои продолжено криумчарење, фалсификување исправи, компјутерски фалсификат, прикривање стоки кои се предмет на криумчарење и царинска измама, спречување докажување и злоупотреба на лични податоци.

Како што соопшти Јавното обвинителство, во периодот од август 2020 година до април 2022 година, обвинетите вршеле пренос преку царинска линија на непријавени стоки – луксузни автомобили во вкупна вредност од големи размери. Тие ја избегнувале царинската контрола, фалсификувале службени исправи и лажните јавни исправи ги употребувале како вистински за да ги регистрираат автомобилите, а потоа со цел да ги прикријат кривичните дела, ги сокривале возилата и меѓусебно ги препродавале по неколкупати во краток временски период. За прикривање на возилата кои биле предмет на криумчарење и царински измами е обвинето и правното лице – авто салон од Кочани.

Меѓу обвинетите се и пет службени лица – референти за управни работи во МВР кои во целиот тој период на останатите им ставале на располагање средства за извршување на кривичните дела – регистарски таблици и сообраќајни дозволи изработени спротивно на Законот за возила и со употреба на фалсификуваните документи.

Автомобилите, од кои најголем дел биле предмет на меѓународни потраги, се набавувале во различни европски земји и се внесувале во земјава со променети идентификациски броеви на шасиите и со фалсификувани документи за да им се прикрие потеклото. Потоа обвинетите службени лица од МВР вршеле регистрација на возилата врз основа на лажна документација. По повеќекратната меѓусебна купопродажба, обвинетите трајно ги отуѓувале автомобилите, продавајќи ги на физички и правни лица во државава.

-Во текот на истрагата, јавниот обвинител обезбеди докази дека овој начин бил искористен за криумчарење на вкупно 15 возила со проценета вкупна вредност од над половина милион евра. За тројца од обвинетите, меѓу кои и една државјанка на Република Србија со привремен престој во земјава, надлежниот јавен обвинител предложи да им биде продолжена претходно определената мерка притвор. За истиот кривично-правен настан веќе има една правосилна пресуда против обвинет врз основа на спогодба, додека за едно инволвирано лице постапката е прекината бидејќи е недостапен на органите на прогон, наведува Јавното обвинителство.

The post Вработени во МВР и авто-плац од Кочани меѓу обвинетите за шверц на луксузни автомобили appeared first on Република.

]]>

Основното јавно обвинителство Скопје ја заврши истражната постапка и поднесе обвинение против 18 физички и едно правно лице за повеќе кривични дела, меѓу кои продолжено криумчарење, фалсификување исправи, компјутерски фалсификат, прикривање стоки кои се предмет на криумчарење и царинска измама, спречување докажување и злоупотреба на лични податоци. Како што соопшти Јавното обвинителство, во периодот од август 2020 година до април 2022 година, обвинетите вршеле пренос преку царинска линија на непријавени стоки – луксузни автомобили во вкупна вредност од големи размери. Тие ја избегнувале царинската контрола, фалсификувале службени исправи и лажните јавни исправи ги употребувале како вистински за да ги регистрираат автомобилите, а потоа со цел да ги прикријат кривичните дела, ги сокривале возилата и меѓусебно ги препродавале по неколкупати во краток временски период. За прикривање на возилата кои биле предмет на криумчарење и царински измами е обвинето и правното лице – авто салон од Кочани. Меѓу обвинетите се и пет службени лица – референти за управни работи во МВР кои во целиот тој период на останатите им ставале на располагање средства за извршување на кривичните дела – регистарски таблици и сообраќајни дозволи изработени спротивно на Законот за возила и со употреба на фалсификуваните документи. Автомобилите, од кои најголем дел биле предмет на меѓународни потраги, се набавувале во различни европски земји и се внесувале во земјава со променети идентификациски броеви на шасиите и со фалсификувани документи за да им се прикрие потеклото. Потоа обвинетите службени лица од МВР вршеле регистрација на возилата врз основа на лажна документација. По повеќекратната меѓусебна купопродажба, обвинетите трајно ги отуѓувале автомобилите, продавајќи ги на физички и правни лица во државава.
-Во текот на истрагата, јавниот обвинител обезбеди докази дека овој начин бил искористен за криумчарење на вкупно 15 возила со проценета вкупна вредност од над половина милион евра. За тројца од обвинетите, меѓу кои и една државјанка на Република Србија со привремен престој во земјава, надлежниот јавен обвинител предложи да им биде продолжена претходно определената мерка притвор. За истиот кривично-правен настан веќе има една правосилна пресуда против обвинет врз основа на спогодба, додека за едно инволвирано лице постапката е прекината бидејќи е недостапен на органите на прогон, наведува Јавното обвинителство.

The post Вработени во МВР и авто-плац од Кочани меѓу обвинетите за шверц на луксузни автомобили appeared first on Република.

]]>
Детали за бандата од Македонија која крадела автомобили на Халкидики https://republika.mk/vesti/balkan/detali-za-bandata-od-makedonija-koja-kradela-avtomobili-na-halkidiki/ Sat, 09 Sep 2023 12:26:13 +0000 https://republika.mk/?p=680250

Разбиена е криминална група од Македонија која крадела луксузни возила од викендички на Халкидики, по истрага на полициски службеници од Одделот за безбедност Полигирос.

За случајот, како што беше претходно објавија грчките медиуми, уапсени се 3 лица од Македонија, а поведена е постапка против уште 3 нивни соучесници.

Како што произлезе од полициската истрага, наведените лица формирале криминална организација со структурирани активности и различни улоги, со цел кражба на луксузните возила од голема парична вредност.

Според нивната криминална шема, тие првин ги лоцирале луксузните возила на туристите на Халкидики, а потоа упаѓале во нивните сместувачки капацитети, со цел да им ги одземат клучевите и да ги украдат возилата.

Од досегашната истрага произлезе дека тие учествувале во вкупно 18 кражби на возила на различни делови на Халкидики, од кои се пронајдени седум украдени возила, во една кражба на возило во подрачјето на Солун и во една кражба на регистарски таблички од паркирани возила на подрачјето на Солун.

 

The post Детали за бандата од Македонија која крадела автомобили на Халкидики appeared first on Република.

]]>

Разбиена е криминална група од Македонија која крадела луксузни возила од викендички на Халкидики, по истрага на полициски службеници од Одделот за безбедност Полигирос. За случајот, како што беше претходно објавија грчките медиуми, уапсени се 3 лица од Македонија, а поведена е постапка против уште 3 нивни соучесници. Како што произлезе од полициската истрага, наведените лица формирале криминална организација со структурирани активности и различни улоги, со цел кражба на луксузните возила од голема парична вредност. Според нивната криминална шема, тие првин ги лоцирале луксузните возила на туристите на Халкидики, а потоа упаѓале во нивните сместувачки капацитети, со цел да им ги одземат клучевите и да ги украдат возилата. Од досегашната истрага произлезе дека тие учествувале во вкупно 18 кражби на возила на различни делови на Халкидики, од кои се пронајдени седум украдени возила, во една кражба на возило во подрачјето на Солун и во една кражба на регистарски таблички од паркирани возила на подрачјето на Солун.  

The post Детали за бандата од Македонија која крадела автомобили на Халкидики appeared first on Република.

]]>
Петмина вработени во МВР меѓу 20 осомничени за шверцање луксузни возила https://republika.mk/vesti/makedonija/petmina-vraboteni-vo-mvr-megu-20-osomnicheni-za-shvertsane-luksuzni-vozila/ Wed, 05 Jul 2023 11:42:35 +0000 https://republika.mk/?p=658363

По спроведена претходна постапка, Основното јавно обвинителство Скопје денеска поведе истрага против осум лица за продолжени кривични дела – Криумчарење, Прикривање на стоки кои се предмет на криумчарење и царинска измама, Компјутерски фалсификат и Фалсификување исправи.

Уште 12 физички и едно правно лице се осомничени за кривични дела кои се гонат во скратена постапка, велат од ОЈО, додавајќи дека меѓу осомничените се и пет службени лица – референти за управни работи во МВР.

Во текот на претходната постапка обезбедени се докази дека во текот на 2021 и 2022 година, осомничените организирале и учествувале во пренесување на патнички моторни возила избегнувајќи ја царинската контрола како непријавена стока во вкупна вредност од големи размери, употребувале лажни јавни исправи како вистинити за да ги регистрираат автомобилите, по што ги продавале возилата за кои знаеле дека се предмет на кривично дело. Автомобилите, од кои најголем дел биле предмет на меѓународни потраги, се набавувале во различни европски земји и внесувале во земјава со променети идентификациски броеви на шасиите и со фалсификувани документи за да им се прикрие потеклото. Потоа осомничените службени лица од МВР вршеле регистрација на возилата врз основа на лажна документација. Со цел да се прикријат трагите, автомобилите меѓусебно ги препродавале по неколкупати за краток временски период, по што трајно ги оттуѓувале на физички и правни лица во државава. Во текот на постапката обезбедени се докази за внес и препродажба на 14 вакви автомобили и еден мотор, со вкупна првично проценета вредност од над 500.000 евра, велат од ОЈО.

Јавниот обвинител до Основниот кривичен суд Скопје денеска достави предлог за определување мерка притвор за осум осомничени за кои ќе се води истрага, додека за останатите се предложени мерки на претпазливост.

До овој момент од слобода се лишени вкупно 18 лица, додека по 2 се уште се трага и за нив ќе биде предложена мерка притвор во отсуство.

The post Петмина вработени во МВР меѓу 20 осомничени за шверцање луксузни возила appeared first on Република.

]]>

По спроведена претходна постапка, Основното јавно обвинителство Скопје денеска поведе истрага против осум лица за продолжени кривични дела – Криумчарење, Прикривање на стоки кои се предмет на криумчарење и царинска измама, Компјутерски фалсификат и Фалсификување исправи. Уште 12 физички и едно правно лице се осомничени за кривични дела кои се гонат во скратена постапка, велат од ОЈО, додавајќи дека меѓу осомничените се и пет службени лица – референти за управни работи во МВР.
Во текот на претходната постапка обезбедени се докази дека во текот на 2021 и 2022 година, осомничените организирале и учествувале во пренесување на патнички моторни возила избегнувајќи ја царинската контрола како непријавена стока во вкупна вредност од големи размери, употребувале лажни јавни исправи како вистинити за да ги регистрираат автомобилите, по што ги продавале возилата за кои знаеле дека се предмет на кривично дело. Автомобилите, од кои најголем дел биле предмет на меѓународни потраги, се набавувале во различни европски земји и внесувале во земјава со променети идентификациски броеви на шасиите и со фалсификувани документи за да им се прикрие потеклото. Потоа осомничените службени лица од МВР вршеле регистрација на возилата врз основа на лажна документација. Со цел да се прикријат трагите, автомобилите меѓусебно ги препродавале по неколкупати за краток временски период, по што трајно ги оттуѓувале на физички и правни лица во државава. Во текот на постапката обезбедени се докази за внес и препродажба на 14 вакви автомобили и еден мотор, со вкупна првично проценета вредност од над 500.000 евра, велат од ОЈО.
Јавниот обвинител до Основниот кривичен суд Скопје денеска достави предлог за определување мерка притвор за осум осомничени за кои ќе се води истрага, додека за останатите се предложени мерки на претпазливост. До овој момент од слобода се лишени вкупно 18 лица, додека по 2 се уште се трага и за нив ќе биде предложена мерка притвор во отсуство.

The post Петмина вработени во МВР меѓу 20 осомничени за шверцање луксузни возила appeared first on Република.

]]>
Како изгледаат потопени милиони: Во поплавена гаража засекогаш уништени десетина луксузни возила https://republika.mk/zivot/tehnologija/kako-izgledaat-potopeni-milioni-vo-poplavena-garaza-zasekogash-unishteni-desetina-luksuzni-vozila/ Mon, 20 Jun 2022 16:54:27 +0000 https://republika.mk/?p=517741

Сезоната на урагани веќе започна оваа година на Флорида, а јужниот дел на оваа американска држава е погоден од обилни дождови.

Во видеото објавено од корисникот на Инстаграм, Florida_Corvette_Owners, 10 или повеќе суперавтомобили со шестцифрени цени се потонати во подземна гаража. На видеото може да се видат два „ролс-ројса“, C7 „корвета“, „ферари 488“, „ферари SF90“, „ферари Рома“, „плимут“, „мекларен SLR“ и „мерцедес“ - сите во кал по поплавата.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by @florida_corvette_owners


Судејќи според ознаките до каде стигнало нивото на водата и преостанатата кал на автомобилите, веројатно нема многу што би можело да се спаси од овие вредни возила.

 

The post Како изгледаат потопени милиони: Во поплавена гаража засекогаш уништени десетина луксузни возила appeared first on Република.

]]>

Сезоната на урагани веќе започна оваа година на Флорида, а јужниот дел на оваа американска држава е погоден од обилни дождови. Во видеото објавено од корисникот на Инстаграм, Florida_Corvette_Owners, 10 или повеќе суперавтомобили со шестцифрени цени се потонати во подземна гаража. На видеото може да се видат два „ролс-ројса“, C7 „корвета“, „ферари 488“, „ферари SF90“, „ферари Рома“, „плимут“, „мекларен SLR“ и „мерцедес“ - сите во кал по поплавата.
 
View this post on Instagram
 

A post shared by @florida_corvette_owners

Судејќи според ознаките до каде стигнало нивото на водата и преостанатата кал на автомобилите, веројатно нема многу што би можело да се спаси од овие вредни возила.  

The post Како изгледаат потопени милиони: Во поплавена гаража засекогаш уништени десетина луксузни возила appeared first on Република.

]]>
„Порше“, „мерцедеси“, „бе-ем-ве“: Четворица скопјани ќе се гонат за малверзациите со луксузни возила https://republika.mk/vesti/crna-hronika/porshe-mercedesi-be-em-ve-chetvorica-skopjani-kje-se-gonat-za-malverzaciite-so-luksuzni-vozila/ Thu, 09 Jun 2022 14:06:19 +0000 https://republika.mk/?p=513213

Единицата за внатрешни работи – Одделение за криминалистички работи Ѓорче Петров, поднесе кривична пријава против четворица скопјани осомничени за сторени 30 кривични дела за да прибават за себе противправна имотна корист, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Кривичната пријава против Г.Т. (39), Н.К. (25), Ф.Ф. (30) и Н.Н. (41), сите од Скопје, е поднесена на 7 јуни 2022.

Од нив, 11 кривични дела „фалсификување на исправа“, предвидено и казниво по чл. 378, две кривични дела „прикривање“, по чл. 261 став 3, едно кривично дело „несовесно работење во службата“, по чл.353-в, шест кривични дела „злоупотреба на службена положба и овластување“ по чл. 353, шест кривични дела „помагање“, по чл. 24, четири кривични дела „поттикнување“ по чл. 23 во врска со „злоупотреба на службена положба и овластување“ по чл.353, сите според Кривичниот законик со што се стекнале со вкупна имотна корист од 13.179.464 денари, стои во соопштението од МВР.

Оттаму образложуваат дека првопријавениот Г.Т. во декември 2020 година набавил возило „бмв“, со сообраќајна дозвола од ЕУ, која ја приложил во станица за технички преглед во Скопје и по извршениот технички преглед ги поднел на обработка документите на шалтер во МВР, по што станал сопственик на возилото, стекнувајќи се со противправна имотна корист од 2.519.440 денари. Во март 2021, набавил уште едно возило „бмв“ и возило „мерцедес“ од земја на ЕУ, каде по извршениот технички преглед и обработка на податоци третопријавениот, вработен како референт во Сектор за управно надзорни работи, ги внел во информатичкиот систем на МВР, по што првопријавениот се стекнал со противправна имотна корист од 41.781.472 денари, односно 2.861.320 денари. Во јули 2020, Г.Т. набавил и „рено“ од земја на ЕУ, а третопријавениот податоците од возилото по извршен технички преглед ги внел во информатичкиот систем на МВР и без да има осигурителна полиса, која дополнително е вметната, му овозможил на Г.Т. да стане сопственик и да се стекне со противправна имотна корист од 709.632 денари. Во август 2020, првопријавениот набавил возило „фиат“ од земја на ЕУ, а во мај 2021 набавил „тојота“ од странство, а третопријавениот ги обработил документите и ги внел во информатичкиот систем на МВР, овозможувајќи му да стане сопственик на возилата и да се стекне со противправна имотна корист од 967.120 денари, односно 1.550 денари.

Второпријавениот Н.К. во мај набавил „порше кајен“ од земја од ЕУ, каде по извршениот технички преглед ги поднел документите на шалтер во МВР и вработениот му овозможил да стане сопственик на возилото и да се стекне со противправна имотна корист од 2.852 денари, а четвртопријавениот Н.Н. по извршени проверки преку МВР констатирано е дека повеќе пати управувал возила со непостоечка, односно фалсификувана исправа.

Од страна на полициски службеници од ОКР Ѓорче Петров извршен е претрес кај горенаведените лица во дом и други простории каде се пронајдена и одземена документација која што е сопственост на МВР – Одделение за управни работи Скопје, во која биле пронајдени и одземени седум оригинални досиеа за возила кои беа под сомнение за извршените кривични дела, се наведува во соопштението.

Дополнуваат дека од страна на Судија на претходна постапка за Н.К. и Ф.Ф. е одредена мерка притвор, за Г.Т. е распишана централна потерница, додека за Н.Н. во тек е постапка за дополнителна истрага.

The post „Порше“, „мерцедеси“, „бе-ем-ве“: Четворица скопјани ќе се гонат за малверзациите со луксузни возила appeared first on Република.

]]>

Единицата за внатрешни работи – Одделение за криминалистички работи Ѓорче Петров, поднесе кривична пријава против четворица скопјани осомничени за сторени 30 кривични дела за да прибават за себе противправна имотна корист, информираат од Министерството за внатрешни работи. Кривичната пријава против Г.Т. (39), Н.К. (25), Ф.Ф. (30) и Н.Н. (41), сите од Скопје, е поднесена на 7 јуни 2022.
Од нив, 11 кривични дела „фалсификување на исправа“, предвидено и казниво по чл. 378, две кривични дела „прикривање“, по чл. 261 став 3, едно кривично дело „несовесно работење во службата“, по чл.353-в, шест кривични дела „злоупотреба на службена положба и овластување“ по чл. 353, шест кривични дела „помагање“, по чл. 24, четири кривични дела „поттикнување“ по чл. 23 во врска со „злоупотреба на службена положба и овластување“ по чл.353, сите според Кривичниот законик со што се стекнале со вкупна имотна корист од 13.179.464 денари, стои во соопштението од МВР.
Оттаму образложуваат дека првопријавениот Г.Т. во декември 2020 година набавил возило „бмв“, со сообраќајна дозвола од ЕУ, која ја приложил во станица за технички преглед во Скопје и по извршениот технички преглед ги поднел на обработка документите на шалтер во МВР, по што станал сопственик на возилото, стекнувајќи се со противправна имотна корист од 2.519.440 денари. Во март 2021, набавил уште едно возило „бмв“ и возило „мерцедес“ од земја на ЕУ, каде по извршениот технички преглед и обработка на податоци третопријавениот, вработен како референт во Сектор за управно надзорни работи, ги внел во информатичкиот систем на МВР, по што првопријавениот се стекнал со противправна имотна корист од 41.781.472 денари, односно 2.861.320 денари. Во јули 2020, Г.Т. набавил и „рено“ од земја на ЕУ, а третопријавениот податоците од возилото по извршен технички преглед ги внел во информатичкиот систем на МВР и без да има осигурителна полиса, која дополнително е вметната, му овозможил на Г.Т. да стане сопственик и да се стекне со противправна имотна корист од 709.632 денари. Во август 2020, првопријавениот набавил возило „фиат“ од земја на ЕУ, а во мај 2021 набавил „тојота“ од странство, а третопријавениот ги обработил документите и ги внел во информатичкиот систем на МВР, овозможувајќи му да стане сопственик на возилата и да се стекне со противправна имотна корист од 967.120 денари, односно 1.550 денари. Второпријавениот Н.К. во мај набавил „порше кајен“ од земја од ЕУ, каде по извршениот технички преглед ги поднел документите на шалтер во МВР и вработениот му овозможил да стане сопственик на возилото и да се стекне со противправна имотна корист од 2.852 денари, а четвртопријавениот Н.Н. по извршени проверки преку МВР констатирано е дека повеќе пати управувал возила со непостоечка, односно фалсификувана исправа.
Од страна на полициски службеници од ОКР Ѓорче Петров извршен е претрес кај горенаведените лица во дом и други простории каде се пронајдена и одземена документација која што е сопственост на МВР – Одделение за управни работи Скопје, во која биле пронајдени и одземени седум оригинални досиеа за возила кои беа под сомнение за извршените кривични дела, се наведува во соопштението.
Дополнуваат дека од страна на Судија на претходна постапка за Н.К. и Ф.Ф. е одредена мерка притвор, за Г.Т. е распишана централна потерница, додека за Н.Н. во тек е постапка за дополнителна истрага.

The post „Порше“, „мерцедеси“, „бе-ем-ве“: Четворица скопјани ќе се гонат за малверзациите со луксузни возила appeared first on Република.

]]>
Над 8.000 луксузни автомобили заглавени во белгиско пристаниште поради санкциите против Русија https://republika.mk/vesti/svet/nad-8-000-luksuzni-avtomobili-zaglaveni-vo-belgisko-pristanishte-poradi-sankciite-protiv-rusija/ Mon, 02 May 2022 18:49:16 +0000 https://republika.mk/?p=496413

Поради санкциите против Русија, во пристаништето Зибриж во Белгија, речиси еден месец стојат повеќе од 8.000 нови луксузни автомобили.

Според странските медиуми, станува збор за серија луксузни автомобили кои пристигнале по море од Азија на почетокот на април и требало да бидат претоварени и транспортирани во Русија. Но, во меѓувреме се воведени построги санкции со кои се забранува извоз на возила вредни над 50.000 евра. Како резултат на тоа, многу скапи автомобили останаа заробени во Белгија.

Станува збор за серија луксузни модели, од американскиот Кадилак и јапонскиот Лексус до германските премиум производители предводени од Мерцедес, кои се особено посакувани во Русија.

Покрај автомобили, на пристаништето има и друга стока која остана заглавена поради санкциите. Досега се запрени околу 1.100 контејнери на пат кон Русија, тврдат неименувани извори од управата на пристаништето.

The post Над 8.000 луксузни автомобили заглавени во белгиско пристаниште поради санкциите против Русија appeared first on Република.

]]>

Поради санкциите против Русија, во пристаништето Зибриж во Белгија, речиси еден месец стојат повеќе од 8.000 нови луксузни автомобили. Според странските медиуми, станува збор за серија луксузни автомобили кои пристигнале по море од Азија на почетокот на април и требало да бидат претоварени и транспортирани во Русија. Но, во меѓувреме се воведени построги санкции со кои се забранува извоз на возила вредни над 50.000 евра. Како резултат на тоа, многу скапи автомобили останаа заробени во Белгија. Станува збор за серија луксузни модели, од американскиот Кадилак и јапонскиот Лексус до германските премиум производители предводени од Мерцедес, кои се особено посакувани во Русија. Покрај автомобили, на пристаништето има и друга стока која остана заглавена поради санкциите. Досега се запрени околу 1.100 контејнери на пат кон Русија, тврдат неименувани извори од управата на пристаништето.

The post Над 8.000 луксузни автомобили заглавени во белгиско пристаниште поради санкциите против Русија appeared first on Република.

]]>