Лука Павиќевиќ Archives - Република https://republika.mk/tema/luka-pavikjevikj/ За подобро да се разбереме Sun, 11 Jun 2023 13:22:38 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Лука Павиќевиќ Archives - Република https://republika.mk/tema/luka-pavikjevikj/ 32 32 Лидерот на средношколците за пробиените тестови: Виновни се и тие што препишувале и тие што дозволиле да се препишува https://republika.mk/vesti/makedonija/liderot-na-srednoshkoltsite-za-probienite-testovi-vinovni-se-i-tie-shto-prepishuvale-i-tie-shto-dozvolile-da-se-prepishuva/ Sun, 11 Jun 2023 13:27:36 +0000 https://republika.mk/?p=650153

Тоа што се случи вчера претставува пропаст на нашата колективна свест, совест и доблест. За таквите дејства не се виновни само учениците, туку и системот што тоа го дозволил, изјави претседателот на Сојузот на средношколци во заминување Лука Павиќевиќ.

- Вината припаѓа на сите – и на тие што препишувале, и на тие што дозволиле да се препишува, рече Павиќевиќ, прашан за коментар на тоа што се случи вчера на полагањето на вториот екстерен испит, кога тестот по Англиски јазик бил споделен во вибер-група во која биле вклучени околу 7000 матуранти т.е. над половина од бројот на кандидати што го полагале испитот по тој предмет.

Досегашниот средношколски лидер, кој се избори во преговори со МОН за олеснување на државната матура за оваа генерација матуранти, смета дека треба да има санкции ако се утврди дека матурантите препишувале и дека за тоа треба да одлучи Државниот испитен центар.

- Тоа го одлучува Државниот испитен центар. Но, ако се утврди навистина дека препишале, тогаш апсолутно да. Тоа е ставено и во самите инструкции, рече Павиќевиќ.

За оваа генерација олеснувањето на државната матура било многу потребно бидејќи, како што рече, „беа изгубени небаре сите четири наставни години“.

- Мило ми е што новото раководство на Сојузот на средношколци ќе се залага за новата концепција на државна матура која го поставува целиот процес на едно повисоко ниво, изјави Павиќевиќ по соопштувањето на резултатите од изборот на негов наследник на лидерското место на Сојузот.

The post Лидерот на средношколците за пробиените тестови: Виновни се и тие што препишувале и тие што дозволиле да се препишува appeared first on Република.

]]>

Тоа што се случи вчера претставува пропаст на нашата колективна свест, совест и доблест. За таквите дејства не се виновни само учениците, туку и системот што тоа го дозволил, изјави претседателот на Сојузот на средношколци во заминување Лука Павиќевиќ.
- Вината припаѓа на сите – и на тие што препишувале, и на тие што дозволиле да се препишува, рече Павиќевиќ, прашан за коментар на тоа што се случи вчера на полагањето на вториот екстерен испит, кога тестот по Англиски јазик бил споделен во вибер-група во која биле вклучени околу 7000 матуранти т.е. над половина од бројот на кандидати што го полагале испитот по тој предмет.
Досегашниот средношколски лидер, кој се избори во преговори со МОН за олеснување на државната матура за оваа генерација матуранти, смета дека треба да има санкции ако се утврди дека матурантите препишувале и дека за тоа треба да одлучи Државниот испитен центар. - Тоа го одлучува Државниот испитен центар. Но, ако се утврди навистина дека препишале, тогаш апсолутно да. Тоа е ставено и во самите инструкции, рече Павиќевиќ. За оваа генерација олеснувањето на државната матура било многу потребно бидејќи, како што рече, „беа изгубени небаре сите четири наставни години“.
- Мило ми е што новото раководство на Сојузот на средношколци ќе се залага за новата концепција на државна матура која го поставува целиот процес на едно повисоко ниво, изјави Павиќевиќ по соопштувањето на резултатите од изборот на негов наследник на лидерското место на Сојузот.

The post Лидерот на средношколците за пробиените тестови: Виновни се и тие што препишувале и тие што дозволиле да се препишува appeared first on Република.

]]>
Павиќевиќ: Единствената константна во Македонија е неквалитетот во образованието https://republika.mk/vesti/makedonija/pavikevik-edinstvenata-konstantna-vo-makedonija-e-nekvalitetot-vo-obrazovanieto/ Mon, 27 Mar 2023 06:00:20 +0000 https://republika.mk/?p=623969

Додека образовните програми редовно се менуваат, единствената константа е неквалитетот на образованието, вели за #Детектор Претседателот на Сојузот на средношколци на Македонија.

Јас би кажал дека ако реформите во нашиот образовен систем се некоја целовремена иновација и дека постојано се најавуваат нови реформи последните триесетина години, единствено нешто што е континуитет е неквалитеот. Конкретно, ако зборуваме за учебниците, јас кога бев во основно имаше некои учебници каде што пишува со некакви графички описи дали луѓето од бела раса биле влакнести по кожата, луѓето од црна раса не биле, па се дефинираа луѓе од жолта раса. Сега добивме учебници каде што Бугарија е наш западен сосед, а Албанија наш источен сосед, вели Павиќевиќ за Детектор.

Тој додава дека учениците можат да се снајдат и без учебници, но кога ги имаат учебниците, тогаш и квалитетот на знаење е поголем.

The post Павиќевиќ: Единствената константна во Македонија е неквалитетот во образованието appeared first on Република.

Средношколците против самопрогласениот лидер на средношколци Павлиќевиќ https://republika.mk/vesti/makedonija/srednoshkolcite-protiv-samoproglaseniot-lider-na-srednoshkolci-pavlikjevikj/ Wed, 27 Apr 2022 18:21:34 +0000 https://republika.mk/?p=494415

Сакаме да реагираме на вчерашниот настан на претседателот на Сојузот на средношколци во гостувањето на телевизија Сител. Воедно прашуваме со кого се консултирал Лука Павлиќевиќ јавно да изнесе ставови во името на сите средношколци кои се спротивно на мислењето на мнозинството од нас, реагира средношколецот Петар Мицкоски на денешната изјава пред Министерството за образование.

Оттаму, Мицкоски прашува од каде е правото на Павиќевиќ да врши притисок врз професорите, додавајќи дека тие како средношколци ги поддржуваат барањата на професорите за достоинствени плати кои како што рече ќе бидат на ниво на нивниот труд и ангажман.

Каде претседателот на сојузот ги носел одлуките и кој му дава за право без да праша и без наша дозвола да врши притисок врз професорите. Ние како средношколци сме свесни дека е важно наставата да продолжи и ние сакаме да има настава. Но, истовремено сме свесни за тежината на наставничката професија која покрај доброто образование бара и дополнителен личен ангажман на секој професор со учениците. Наставниците се наши втори родители како што училиштето е наш втор дом затоа ги поддржуваме нашите наставници во барањето за достоинствени плати кои ќе бидат на ниво на нивниот труд и ангажман. Наставниците ја креираат иднината на општеството и заслужуваат да бидат наградени за тоа, дециден е средношколецот Мицкоски.

The post Средношколците против самопрогласениот лидер на средношколци Павлиќевиќ appeared first on Република.

]]>

Сакаме да реагираме на вчерашниот настан на претседателот на Сојузот на средношколци во гостувањето на телевизија Сител. Воедно прашуваме со кого се консултирал Лука Павлиќевиќ јавно да изнесе ставови во името на сите средношколци кои се спротивно на мислењето на мнозинството од нас, реагира средношколецот Петар Мицкоски на денешната изјава пред Министерството за образование. Оттаму, Мицкоски прашува од каде е правото на Павиќевиќ да врши притисок врз професорите, додавајќи дека тие како средношколци ги поддржуваат барањата на професорите за достоинствени плати кои како што рече ќе бидат на ниво на нивниот труд и ангажман.
Каде претседателот на сојузот ги носел одлуките и кој му дава за право без да праша и без наша дозвола да врши притисок врз професорите. Ние како средношколци сме свесни дека е важно наставата да продолжи и ние сакаме да има настава. Но, истовремено сме свесни за тежината на наставничката професија која покрај доброто образование бара и дополнителен личен ангажман на секој професор со учениците. Наставниците се наши втори родители како што училиштето е наш втор дом затоа ги поддржуваме нашите наставници во барањето за достоинствени плати кои ќе бидат на ниво на нивниот труд и ангажман. Наставниците ја креираат иднината на општеството и заслужуваат да бидат наградени за тоа, дециден е средношколецот Мицкоски.

The post Средношколците против самопрогласениот лидер на средношколци Павлиќевиќ appeared first on Република.

]]>
Ковачевски го допре дното: Праќа партиски средношколец од приватнo школo како Павиќевиќ да го саботира штрајкот на наставниците https://republika.mk/vesti/makedonija/kovachevski-go-dopre-dnoto-prakja-partiski-srednoshkolec-od-privatno-shkolo-kako-pavikjevikj-da-go-sabotira-shtrajkot-na-nastavnicite/ Tue, 26 Apr 2022 20:00:46 +0000 https://republika.mk/?p=493992

Ковачевски го допре дното.  Праќа партиски средношколец од приватни школи како Лука Павиќевиќ да го саботираат штрајкот на наставниците, обвинуваат од ВМРО ДПМНЕ.

Имено младиот Павиќевиќ учи во приватно училиште каде една година се плаќа и неколку илјади евра. А наставниците на истото не се под штрајк.

Лука Павиќевиќ, таканаречен лидер на средношколците, скроен по мерките на Ковачевски е кадар на СДСМ близок до Бојан Маричиќ и Стево Пендаровски.

Малиот Павиќевиќ е близок и со Петар Колев, кој важи за близок на бугарските политики кои ја негираат Македонија.

Таканаречениот лидер на средношколците поддржувал и промена на име, а за сето тоа е награден со некаква квази функција - лидер на средношколците.

Овие кадри на СДСМ како Павиќевиќ, се претставуваат како независни и неутрални, а извршуваат насоки на владата.

Срамота е што СДСМ се впушти во злоупотреба на деца на средношколска возраст, индоктринирајќи ги политички, велат од ВМРО ДПМНЕ.

Лука Павиќевиќ е близок со сите функционери на СДСМ, а и поддржувач на политиките на власта, промената на името, но и бугарските политики на негирање на Македонија, што може да се види и од неговите објави на социјалните мрежи.

The post Ковачевски го допре дното: Праќа партиски средношколец од приватнo школo како Павиќевиќ да го саботира штрајкот на наставниците appeared first on Република.

]]>

Ковачевски го допре дното.  Праќа партиски средношколец од приватни школи како Лука Павиќевиќ да го саботираат штрајкот на наставниците, обвинуваат од ВМРО ДПМНЕ. Имено младиот Павиќевиќ учи во приватно училиште каде една година се плаќа и неколку илјади евра. А наставниците на истото не се под штрајк. Лука Павиќевиќ, таканаречен лидер на средношколците, скроен по мерките на Ковачевски е кадар на СДСМ близок до Бојан Маричиќ и Стево Пендаровски. Малиот Павиќевиќ е близок и со Петар Колев, кој важи за близок на бугарските политики кои ја негираат Македонија. Таканаречениот лидер на средношколците поддржувал и промена на име, а за сето тоа е награден со некаква квази функција - лидер на средношколците. Овие кадри на СДСМ како Павиќевиќ, се претставуваат како независни и неутрални, а извршуваат насоки на владата. Срамота е што СДСМ се впушти во злоупотреба на деца на средношколска возраст, индоктринирајќи ги политички, велат од ВМРО ДПМНЕ. Лука Павиќевиќ е близок со сите функционери на СДСМ, а и поддржувач на политиките на власта, промената на името, но и бугарските политики на негирање на Македонија, што може да се види и од неговите објави на социјалните мрежи.

The post Ковачевски го допре дното: Праќа партиски средношколец од приватнo школo како Павиќевиќ да го саботира штрајкот на наставниците appeared first on Република.

]]>