Луис Инасио Лула да Силва Archives - Република https://republika.mk/tema/luis-inasio-lula-da-silva/ За подобро да се разбереме Tue, 17 Sep 2024 19:12:17 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Луис Инасио Лула да Силва Archives - Република https://republika.mk/tema/luis-inasio-lula-da-silva/ 32 32 Лула да Силва: Бразил ќе остане неутрален во војната меѓу Русија и Украина https://republika.mk/vesti/svet/lula-da-silva-brazil-ke-ostane-neutralen-vo-vojnata-megu-rusija-i-ukraina/ Wed, 18 Sep 2024 06:16:02 +0000 https://republika.mk/?p=817245

Бразилскиот претседател, Луис Инасио Лула да Силва, порача дека Бразил ќе остане неутрален по прашањето за војната меѓу Русија и Украина.

Лула посочи дека неговата земја не може да заземе страна во тој конфликт и дека оние кои учествуваат во него и кои сега повикуваат на дијалог со Бразил требало да го сторат тоа порано.

Затоа е важно Бразил да не учествува во војната меѓу Украина и Русија. Затоа е важно Бразил јасно да каже дека сакаме мир, не сакаме војна. Оние кои сега сакаат да разговараат со нас можеа да го сторат тоа пред да започне војната“, рече претседателот на Бразил.

Лула изјави дека Бразил инсистира на мирно решавање на конфликтот, обидувајќи се да избегне учество во непријателства.

Го отфрламе масакрот на жени и деца во Палестина. На ист начин го отфрламе тероризмот на Хамас. Но, Бразил се издвојува по една работа: ние сме дел од континентот кој сака мир“, истакна Лула.

Коментарот уследи откако членовите на владата на украинскиот претседател Володимир Зеленски побараа Лула да ја посети Украина и ја критикуваше позицијата на Бразил, која ја сметаат за проруска. Од друга страна, рускиот претседател Владимир Путин го спомена Бразил, заедно со Кина и Индија, како можни посредници за мир.

The post Лула да Силва: Бразил ќе остане неутрален во војната меѓу Русија и Украина appeared first on Република.

]]>

Бразилскиот претседател, Луис Инасио Лула да Силва, порача дека Бразил ќе остане неутрален по прашањето за војната меѓу Русија и Украина. Лула посочи дека неговата земја не може да заземе страна во тој конфликт и дека оние кои учествуваат во него и кои сега повикуваат на дијалог со Бразил требало да го сторат тоа порано.
Затоа е важно Бразил да не учествува во војната меѓу Украина и Русија. Затоа е важно Бразил јасно да каже дека сакаме мир, не сакаме војна. Оние кои сега сакаат да разговараат со нас можеа да го сторат тоа пред да започне војната“, рече претседателот на Бразил.
Лула изјави дека Бразил инсистира на мирно решавање на конфликтот, обидувајќи се да избегне учество во непријателства.
Го отфрламе масакрот на жени и деца во Палестина. На ист начин го отфрламе тероризмот на Хамас. Но, Бразил се издвојува по една работа: ние сме дел од континентот кој сака мир“, истакна Лула.
Коментарот уследи откако членовите на владата на украинскиот претседател Володимир Зеленски побараа Лула да ја посети Украина и ја критикуваше позицијата на Бразил, која ја сметаат за проруска. Од друга страна, рускиот претседател Владимир Путин го спомена Бразил, заедно со Кина и Индија, како можни посредници за мир.

The post Лула да Силва: Бразил ќе остане неутрален во војната меѓу Русија и Украина appeared first on Република.

]]>
Бразилскиот претседател ја спореди војната во Газа со Холокаустот, Израел гневен https://republika.mk/vesti/svet/brazilskiot-pretsedatel-ja-sporedi-vojnata-vo-gaza-so-holokaustot-izrael-gneven/ Sun, 18 Feb 2024 18:06:11 +0000 https://republika.mk/?p=745437

Израел го обвини бразилскиот претседател Луис Инасио Лула да Силва за тривијализирање на холокаустот и навреда на еврејскиот народ, откако ја спореди израелската војна против Хамас во Газа со нацистичкиот геноцид во Втората светска војна.

„Она што се случува во Појасот Газа со палестинскиот народ нема споредба со другите историски моменти. Всушност, тоа постоело кога Хитлер одлучил да ги убие Евреите“, изјави Лула за новинарите на 37. самит на Африканската унија во Адис Абеба.

Министерството за надворешни работи во Ерусалим соопшти дека ќе го повика бразилскиот амбасадор на разговор и ќе го опомени за изјавите кои израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху ги опиша како „срамни и сериозни“.

„Ова е банализирање на холокаустот и обид за напад на еврејскиот народ и правото на Израел на самоодбрана. Споредувањето на Израел со нацистите и Хитлер значи преминување на црвената линија“, наведе Нетанјаху во изјавата.

The post Бразилскиот претседател ја спореди војната во Газа со Холокаустот, Израел гневен appeared first on Република.

Лула: САД да престанат да ја охрабруваат војната во Украина https://republika.mk/vesti/svet/lula-sad-da-prestanat-da-ja-ohrabruvaat-vojnata-vo-ukraina/ Sat, 15 Apr 2023 10:17:03 +0000 https://republika.mk/?p=631004

Претседателот на Бразил, Луис Инасио Лула да Силва вчера на вториот, последен ден од неговата посета на Кина истакна дека САД мора да престанат да „охрабруваат војна“ во Украина и „да почнат да зборуваат за мир“.

Тој истакна дека меѓународната заедница треба да ги убеди рускиот и украинскиот претседател Владимир Путин и Володимир Зеленски дека мирот е во интерес на целиот свет, истакна Лула.

Неопходно е трпение за да се разговара со Путин и Зеленски. Но, пред сè, треба да ги убедиме земјите што доставуваат оружје и промовираат војна да престанат да го прават тоа, посочи Лула.

Посетата на Лула на Кина е со цел да се зајакнат економските врски на Бразил со нејзиниот главен трговски партнер. Тој наведе дека Бразил се „врати“ на меѓународната сцена и оти се надева дека ќе има улога на посредник во конфликтот во Украина.

Лула на средбата со кинескиот претседател Си Џинпинг истакна дека зајакнувањето на врските меѓу Бразил и Кина нема да им наштети на односите на неговата земја со САД.

Кина и Бразил никогаш не воведоа финансиски санкции кон Русија. Двете земји се обидуваат да се позиционираат како посредници.

Лула од Кина отпатува за Обединети Арапски Емирати.

The post Лула: САД да престанат да ја охрабруваат војната во Украина appeared first on Република.

]]>

Претседателот на Бразил, Луис Инасио Лула да Силва вчера на вториот, последен ден од неговата посета на Кина истакна дека САД мора да престанат да „охрабруваат војна“ во Украина и „да почнат да зборуваат за мир“. Тој истакна дека меѓународната заедница треба да ги убеди рускиот и украинскиот претседател Владимир Путин и Володимир Зеленски дека мирот е во интерес на целиот свет, истакна Лула. Неопходно е трпение за да се разговара со Путин и Зеленски. Но, пред сè, треба да ги убедиме земјите што доставуваат оружје и промовираат војна да престанат да го прават тоа, посочи Лула. Посетата на Лула на Кина е со цел да се зајакнат економските врски на Бразил со нејзиниот главен трговски партнер. Тој наведе дека Бразил се „врати“ на меѓународната сцена и оти се надева дека ќе има улога на посредник во конфликтот во Украина. Лула на средбата со кинескиот претседател Си Џинпинг истакна дека зајакнувањето на врските меѓу Бразил и Кина нема да им наштети на односите на неговата земја со САД. Кина и Бразил никогаш не воведоа финансиски санкции кон Русија. Двете земји се обидуваат да се позиционираат како посредници. Лула од Кина отпатува за Обединети Арапски Емирати.

The post Лула: САД да престанат да ја охрабруваат војната во Украина appeared first on Република.

]]>
Бразилскиот претседател бара Украина да се откаже од Крим https://republika.mk/vesti/svet/brazilskiot-pretsedatel-bara-ukraina-da-se-otkazhe-od-krim/ Fri, 07 Apr 2023 06:15:53 +0000 https://republika.mk/?p=628172

Бразилскиот претседател Луис Инасио Лула да Силва предложи Украина да и го отстапи полуостровот Крим на Русија за да стави крај на војната, нагласувајќи дека украинскиот претседател Володимир Зеленски „не може да бара сè“.

- Шефот на руската држава Владимир Путин не може да ја заземе територијата на Украина. Веројатно може да се разговара за прашањето за Крим, тој треба да ги преиспита работите. Ниту Зеленски не може да бара сè … На светот му треба смиреност … Мора да најдеме решение, истакна Лула.

На крајот на јануари Лула излезе со сè уште нејасен предлог за посредување во конфликтот во Украина од страна на група земји. Следната недела бразилскиот претседател треба да му го претстави својот проект на кинескиот колега Си Џинпинг во Пекинг.

Шефот на бразилската држава изјави дека е „уверен“ во шансите за успех на овој проект и се надева дека оваа група на земји ќе се формира по неговото враќање од Кина.

Главниот советник за надворешна политика на Лула, Селсо Аморим, на крајот на март во Москва се состана со Владимир Путин и министерот за надворешни работи Сергеј Лавров, кој се очекува да пристигне во Бразил на 17 април.

The post Бразилскиот претседател бара Украина да се откаже од Крим appeared first on Република.

]]>

Бразилскиот претседател Луис Инасио Лула да Силва предложи Украина да и го отстапи полуостровот Крим на Русија за да стави крај на војната, нагласувајќи дека украинскиот претседател Володимир Зеленски „не може да бара сè“.
- Шефот на руската држава Владимир Путин не може да ја заземе територијата на Украина. Веројатно може да се разговара за прашањето за Крим, тој треба да ги преиспита работите. Ниту Зеленски не може да бара сè … На светот му треба смиреност … Мора да најдеме решение, истакна Лула.
На крајот на јануари Лула излезе со сè уште нејасен предлог за посредување во конфликтот во Украина од страна на група земји. Следната недела бразилскиот претседател треба да му го претстави својот проект на кинескиот колега Си Џинпинг во Пекинг. Шефот на бразилската држава изјави дека е „уверен“ во шансите за успех на овој проект и се надева дека оваа група на земји ќе се формира по неговото враќање од Кина. Главниот советник за надворешна политика на Лула, Селсо Аморим, на крајот на март во Москва се состана со Владимир Путин и министерот за надворешни работи Сергеј Лавров, кој се очекува да пристигне во Бразил на 17 април.

The post Бразилскиот претседател бара Украина да се откаже од Крим appeared first on Република.

]]>
Луис Инасио Лула да Силва e нов претседател на Бразил https://republika.mk/vesti/svet/luis-inasio-lula-da-silva-e-nov-pretsedatel-na-brazil/ Mon, 31 Oct 2022 09:37:17 +0000 https://republika.mk/?p=567687

Изборната администрација на Бразил соопшти дека Луис Инасио Лула да Силва од левичарската Работничка партија го победи актуелниот претседател Жаир Болсонаро и стана нов претседател на државата.

По пребројувањето на 98,8 отсто од гласовите, тој освои 50,8 отсто, а Болсонаро 49,2 отсто. Изборните власти објавија дека победата на Лула е математички сигурна.

Лула, поранешен претседател на земјата од 2003 до 2010 година, вети дека ќе го врати попросперитетното минато на земјата, но се соочува со пречки во поларизираното општество.

Тоа е неверојатно враќање на власт за 77-годишниот Лула, бидејќи неговата затворска казна во 2018 година поради корупциски скандал му забрани да се кандидира на изборите таа година и го отвори патот за победата на тогашниот кандидат Болсонаро и четиригодишната екстремно десничарска политика.

The post Луис Инасио Лула да Силва e нов претседател на Бразил appeared first on Република.

]]>

Изборната администрација на Бразил соопшти дека Луис Инасио Лула да Силва од левичарската Работничка партија го победи актуелниот претседател Жаир Болсонаро и стана нов претседател на државата. По пребројувањето на 98,8 отсто од гласовите, тој освои 50,8 отсто, а Болсонаро 49,2 отсто. Изборните власти објавија дека победата на Лула е математички сигурна. Лула, поранешен претседател на земјата од 2003 до 2010 година, вети дека ќе го врати попросперитетното минато на земјата, но се соочува со пречки во поларизираното општество. Тоа е неверојатно враќање на власт за 77-годишниот Лула, бидејќи неговата затворска казна во 2018 година поради корупциски скандал му забрани да се кандидира на изборите таа година и го отвори патот за победата на тогашниот кандидат Болсонаро и четиригодишната екстремно десничарска политика.

The post Луис Инасио Лула да Силва e нов претседател на Бразил appeared first on Република.

]]>