луѓе Archives - Република https://republika.mk/tema/lugje/ За подобро да се разбереме Mon, 17 Jun 2024 09:27:56 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png луѓе Archives - Република https://republika.mk/tema/lugje/ 32 32 Луѓето веќе не сакаат да гледаат вести https://republika.mk/vesti/svet/lugeto-veke-ne-sakaat-da-gledaat-vesti/ Mon, 17 Jun 2024 09:27:56 +0000 https://republika.mk/?p=788367

Рекорден број луѓе ширум светот ги избегнуваат вестите, покажа истражувањето на Институтот Ројтерс. Како што е наведено, 39 проценти од испитаниците од 47 земји рекле дека понекогаш или често активно ги избегнуваат вестите, додека во 2017 година, 29 проценти од учесниците во истражувањето го дале тој одговор.

Околу 46 отсто од луѓето одговориле дека се многу или екстремно заинтересирани за вести, во споредба со 63 отсто во 2017 година, пренесе Би-Би-Си.

Главниот автор на ова истражување, Ник Њуман, смета дека падот на интересот за вестите е поврзан со „особено тешките работи во претходните години“, вклучувајќи ја и војната во Украина.

„Имавте пандемии и војни, па затоа е прилично природна реакција луѓето да се оттргнат од вестите, или за да го заштитат своето ментално здравје или само за да продолжат со животот“, објаснува Њуман. Тој посочи дека оние кои селективно ги избегнуваат вестите тоа го прават затоа што се чувствуваат „немоќни“ пред големите светски настани.

Некои луѓе се чувствуваат и преоптоварени и збунети од количината на достапни вести, додека други се уморни од политиката, додава Њуман.

Довербата во вестите остана на вообичаените 40 отсто, а беше за 4 отсто поголема само за време на пандемијата на Ковид.

Кога станува збор за изворот на вестите, околу 73 отсто од испитаниците одговориле дека читаат вести на интернет, додека 50 отсто навеле телевизија, а 14 отсто печатени медиуми.

Кога станува збор за социјалните мрежи, пристапот до платформата Фејсбук е најважен за најголемиот процент од испитаниците, иако веќе подолго време е во постојан пад, додека ЈуТјуб и Вотсап се исто така важни извори на вести.

Интересно е што во подем е ТикТок, за прв пат е пред платформата X, со 13 отсто наспроти 10 отсто корисници.

Истражувањето покажа дека постои широко распространет скептицизам за потенцијалното пишување вести со вештачка интелигенција, особено за посериозни вести како што се политиката или војната.

Истражувањето е спроведено во јануари и февруари годинава, а во него биле опфатени 94.943 испитаници во 47 земји.

 

The post Луѓето веќе не сакаат да гледаат вести appeared first on Република.

]]>

Рекорден број луѓе ширум светот ги избегнуваат вестите, покажа истражувањето на Институтот Ројтерс. Како што е наведено, 39 проценти од испитаниците од 47 земји рекле дека понекогаш или често активно ги избегнуваат вестите, додека во 2017 година, 29 проценти од учесниците во истражувањето го дале тој одговор. Околу 46 отсто од луѓето одговориле дека се многу или екстремно заинтересирани за вести, во споредба со 63 отсто во 2017 година, пренесе Би-Би-Си. Главниот автор на ова истражување, Ник Њуман, смета дека падот на интересот за вестите е поврзан со „особено тешките работи во претходните години“, вклучувајќи ја и војната во Украина. „Имавте пандемии и војни, па затоа е прилично природна реакција луѓето да се оттргнат од вестите, или за да го заштитат своето ментално здравје или само за да продолжат со животот“, објаснува Њуман. Тој посочи дека оние кои селективно ги избегнуваат вестите тоа го прават затоа што се чувствуваат „немоќни“ пред големите светски настани. Некои луѓе се чувствуваат и преоптоварени и збунети од количината на достапни вести, додека други се уморни од политиката, додава Њуман. Довербата во вестите остана на вообичаените 40 отсто, а беше за 4 отсто поголема само за време на пандемијата на Ковид. Кога станува збор за изворот на вестите, околу 73 отсто од испитаниците одговориле дека читаат вести на интернет, додека 50 отсто навеле телевизија, а 14 отсто печатени медиуми. Кога станува збор за социјалните мрежи, пристапот до платформата Фејсбук е најважен за најголемиот процент од испитаниците, иако веќе подолго време е во постојан пад, додека ЈуТјуб и Вотсап се исто така важни извори на вести. Интересно е што во подем е ТикТок, за прв пат е пред платформата X, со 13 отсто наспроти 10 отсто корисници. Истражувањето покажа дека постои широко распространет скептицизам за потенцијалното пишување вести со вештачка интелигенција, особено за посериозни вести како што се политиката или војната. Истражувањето е спроведено во јануари и февруари годинава, а во него биле опфатени 94.943 испитаници во 47 земји.  

The post Луѓето веќе не сакаат да гледаат вести appeared first on Република.

]]>
Ако бомбите не ги убијат луѓето во Газа, болестите ќе ги убијат https://republika.mk/vesti/svet/ako-bombite-ne-gi-ubijat-lugeto-vo-gaza-bolestite-ke-gi-ubijat/ Thu, 16 Nov 2023 20:39:49 +0000 https://republika.mk/?p=702333

Ако бомбите не ги убијат луѓето во Газа, болестите ќе ги убијат, изјави докторката Маргарет Харис, портпарол на Светската здравствена организација (СЗО), за Би-Би-Си Радио 4.

Харис рече дека Палестинците во Газа се соочуваат со „галопирачки гастроентеритис“, ограничена чиста вода, пороен дожд, канализација што не работи, со огромен број луѓе кои живеат во шатори.

Не треба да сте експерт за јавно здравје за да сфатите колку е ова катастрофално, додаде таа, нарекувајќи ја ситуацијата „совршена бура“.

 

The post Ако бомбите не ги убијат луѓето во Газа, болестите ќе ги убијат appeared first on Република.

]]>

Ако бомбите не ги убијат луѓето во Газа, болестите ќе ги убијат, изјави докторката Маргарет Харис, портпарол на Светската здравствена организација (СЗО), за Би-Би-Си Радио 4. Харис рече дека Палестинците во Газа се соочуваат со „галопирачки гастроентеритис“, ограничена чиста вода, пороен дожд, канализација што не работи, со огромен број луѓе кои живеат во шатори.
Не треба да сте експерт за јавно здравје за да сфатите колку е ова катастрофално, додаде таа, нарекувајќи ја ситуацијата „совршена бура“.
 

The post Ако бомбите не ги убијат луѓето во Газа, болестите ќе ги убијат appeared first on Република.

]]>
На Канада ѝ се потребни луѓе: Од следната година ќе дозволи постојан престој за 465.000 лица https://republika.mk/vesti/svet/na-kanada-se-potrebni-lugje-od-slednata-godina-kje-dozvoli-postojan-prestoj-za-465-000-lica/ Wed, 02 Nov 2022 07:41:54 +0000 https://republika.mk/?p=568537

Канада го зголеми бројот на доселеници кои планира да ги прими, до околу половина милион годишно до 2025 година, со цел да го надомести големиот недостиг на домашна работна сила, информираше министерот за имиграција Шон Фрејзер.

Канада има потреба од повеќе луѓе – подвлече тој на прес-конференција.

Повеќе од 900.000 работни места се испразнети во голем дел сектори, а невработеноста изминатите месеци падна на историско ниско ниво и во септември изнесуваше 5,2 отсто.

Затоа, Отава планира да даде дозвола за постојан престој за 465.000 лица во 2023, 485.000 во 2024 и 500.000 во 2025 година.

Канадската Влада сака да ги поправи програмите за селекција на потенцијални доселеници, со цел подобро да одговори на големиот недостиг на работна сила во здравството, во специјализираните работни места, во производството, како и во таканаречниот СТЕМ сектор – наука, технологија, инженерство и математика.

Канада има во план и да ги спои семејствата чии членови живеат во странство, но и да прими помалку бегалци.

Населението на Канада расте речиси двапати побрзо од која било земја на Г7 – додаде Фрејзер.

Истовремено, Канада е пред рекорден бран на заминување во пензија, предупреди пролетта канадското Биро за статистика.

The post На Канада ѝ се потребни луѓе: Од следната година ќе дозволи постојан престој за 465.000 лица appeared first on Република.

]]>

Канада го зголеми бројот на доселеници кои планира да ги прими, до околу половина милион годишно до 2025 година, со цел да го надомести големиот недостиг на домашна работна сила, информираше министерот за имиграција Шон Фрејзер.
Канада има потреба од повеќе луѓе – подвлече тој на прес-конференција.
Повеќе од 900.000 работни места се испразнети во голем дел сектори, а невработеноста изминатите месеци падна на историско ниско ниво и во септември изнесуваше 5,2 отсто. Затоа, Отава планира да даде дозвола за постојан престој за 465.000 лица во 2023, 485.000 во 2024 и 500.000 во 2025 година. Канадската Влада сака да ги поправи програмите за селекција на потенцијални доселеници, со цел подобро да одговори на големиот недостиг на работна сила во здравството, во специјализираните работни места, во производството, како и во таканаречниот СТЕМ сектор – наука, технологија, инженерство и математика. Канада има во план и да ги спои семејствата чии членови живеат во странство, но и да прими помалку бегалци.
Населението на Канада расте речиси двапати побрзо од која било земја на Г7 – додаде Фрејзер.
Истовремено, Канада е пред рекорден бран на заминување во пензија, предупреди пролетта канадското Биро за статистика.

The post На Канада ѝ се потребни луѓе: Од следната година ќе дозволи постојан престој за 465.000 лица appeared first on Република.

]]>