луфтанза Archives - Република https://republika.mk/tema/luftanza/ За подобро да се разбереме Tue, 06 Feb 2024 14:36:46 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png луфтанза Archives - Република https://republika.mk/tema/luftanza/ 32 32 „Луфтханза“ предупредува: Поради штрајкот утре ќе бидат откажани до 90 отсто од летовите https://republika.mk/vesti/svet/lufthanza-predupreduva-poradi-shtrajkot-utre-ke-bidat-otkazhani-do-90-otsto-od-letovite/ Tue, 06 Feb 2024 14:36:46 +0000 https://republika.mk/?p=741109

Авиокомпанијата Луфтханза предвидува дека утре ќе бидат откажани до 90 отсто од летовите на германските аеродроми, поради повиците за штрајк на копнениот персонал кој бара повисоки плати.

Поради штрајкот, во моментов претпоставуваме дека 10 до 20 отсто од распоредот на летови на Луфтханза ќе биде достапен на 7 февруари, објави германската авиокомпанија на својата веб-страница.

Синдикатот Верди започна повик за предупредувачки штрајк како дел од спорот за платата на персоналот кој работи со патниците на аеродромот. Таму има 25.000 вработени.

Ова се надополнува на долгиот список штрајкови во последниве месеци на различни сфери во Германија, каде што инфлацијата ја намалува куповната моќ и ги зголемува тензиите меѓу работниците и раководството на компанијата во преговорите за годишните плати.

Синдикатот Верди бара зголемување на платите за 12,5 отсто во период од 12 месеци за вработените во Луфтханза.

Штрајкот од 24 часа ќе го погоди најголемиот аеродром во Германија, Франкфурт, како и аеродромите во Минхен, Хамбург, Берлин и Дизелдорф.

Луфтханза ги повика патниците да се појават на аеродромот само доколку нивниот лет не е откажан.

The post „Луфтханза“ предупредува: Поради штрајкот утре ќе бидат откажани до 90 отсто од летовите appeared first on Република.

]]>

Авиокомпанијата Луфтханза предвидува дека утре ќе бидат откажани до 90 отсто од летовите на германските аеродроми, поради повиците за штрајк на копнениот персонал кој бара повисоки плати.
Поради штрајкот, во моментов претпоставуваме дека 10 до 20 отсто од распоредот на летови на Луфтханза ќе биде достапен на 7 февруари, објави германската авиокомпанија на својата веб-страница.
Синдикатот Верди започна повик за предупредувачки штрајк како дел од спорот за платата на персоналот кој работи со патниците на аеродромот. Таму има 25.000 вработени. Ова се надополнува на долгиот список штрајкови во последниве месеци на различни сфери во Германија, каде што инфлацијата ја намалува куповната моќ и ги зголемува тензиите меѓу работниците и раководството на компанијата во преговорите за годишните плати. Синдикатот Верди бара зголемување на платите за 12,5 отсто во период од 12 месеци за вработените во Луфтханза. Штрајкот од 24 часа ќе го погоди најголемиот аеродром во Германија, Франкфурт, како и аеродромите во Минхен, Хамбург, Берлин и Дизелдорф. Луфтханза ги повика патниците да се појават на аеродромот само доколку нивниот лет не е откажан.

The post „Луфтханза“ предупредува: Поради штрајкот утре ќе бидат откажани до 90 отсто од летовите appeared first on Република.

]]>
Ова се новите линии кои со субвенции од Влата ќе ги воведат „Луфтанза“ и „Визер“ https://republika.mk/vesti/ekonomija/ova-se-novite-linii-koi-so-subventsii-od-vlata-ke-gi-vovedat-luftanza-i-vizer/ Thu, 13 Apr 2023 11:14:05 +0000 https://republika.mk/?p=630530

Со субвенции од Владата, германската авиокомпанија „Луфтханза“ ќе воведе една нова авиолинија - од Скопје до Франкфурт, а унгарски „Визер“ четири - од Скопје до Луксембург, Штутгарт, Салцбург и Љубљана.

Премиерот Димитар Ковачевски и министерот за транспорт и врски Благоја Бочварски на прес-конференција објавија дека е успешен повикот за субвенции за нови авиолинии, што заврши на 31 март и оти е склучен договор со „Луфтханза“ и „Виз Ер“.

„Луфтханза“ ќе лета од Скопје до Франкфурт од 23 април, десет пати неделно, а „Виз Ер“ ќе ги опслужува четирите нови дестинации три пати неделно од 1 ноември годинава.

Финансиската поддршка ќе изнесува седум евра во денарска противвредност по патник во заминување превезен од Меѓународниот аеродром Скопје.

Авиопревозниците „Луфтханза“ и „Визер“ ќе летаат и по неколку пати дневно од нашите аеродроми. Со авиопревозникот „Луфтхаза“ преку Франкфурт, нашите граѓани ќе имаат можност да се поврзат со повеќе од 200 дестинации во повеќе земји во Европа и светот со оглед на тоа дека аеродромот во Франкфурт е еден од неколкуте најголеми аеродроми во светот. Јас сум сигурен дека преку субвенционирање на авиолинии овозможуваме раст на економијата и на воздушниот сообраќај, рече премиерот Ковачевски на прес-конференција во Владата.

Наша стратешка цел, потенцираше тој, е да ги искористиме сите капацитети што ги нудат Меѓународниот аеродром „Скопје“ и охридскиот аеродром „Св. Апостол Павле“.

Заложбата на Владата е да овозможиме квалитетни услуги со поширок спектар на дестинации за граѓаните. Податоците покажуваат дека во 2022 година имаме превезено над 2,3 милиони патници преку нашите два меѓународни аеродроми. Тоа за Cеверна Македонија значи зајакнување на економските врски со европски и светски дестинации, носење на нови инвеститори, но и можност за брзо и непречено движење на нашите граѓани кои сакаат да патуваат во странство или странски граѓани кои доаѓаат во нашата држава или за работа или со туристички цели. Исто така, тоа значи и привлекување на што поголем број странски државјани кои сакаат да ја посетат нашата земја, рече Ковачевски.

Според Бочварски, воведени се нови дестинации за кои имало голем интерес од граѓаните. Има, како што рече тој, дополнителни средства да се објави нов повик кон крајот на годината со цел да се привлечат нови дестинации.

Одговорено е позитивно на барањата за новите пет дестинации од овие две авиокомпании, а секоја друга компанија што ќе сака да оперира од нашите аеродроми кон која било европска дестинација тоа може да го направи и без субвенции. Но, останува правото на Министерството за транспорт и врски, доколку сметаме дека е потребно, а јас сметам дека е потребно и имаме дополнителни средства да објавиме и нов повик кон крајот на оваа година со цел да привлечеме можеби дополнителни авиокомпании но и дополнителни дестинации за нашите граѓани, рече Бочварски.

„Луфтханза“ и „Виз Ер“ за дестинацијата за која ќе добиваат финансиска поддршка ќе имаат обврска и по завршувањето на субвенциите да продолжат да ја оперираат линијата за период за кој добивале субвенциите. Во спротивно, ќе бидат должни да го вратат целиот износ на средства што ги добиле како финансиска поддршка. Ако компанијата добивала субвенции во рок од три години, ќе мора и по истекот на тие три години да ја оперира таа линија без државата да и плаќа на компанијата.

Нашите политики се во насока да го развиеме воздушниот сообраќај во земјата, да обезбедиме квалитетен развој на цивилното воздухопловство, како и да формираме конкурентни цени и нови дестинации за нашите граѓани, како и за привлекување туристи од цела Европа и пошироко, рече министерот Бочварски.

Министерството за транспорт и врски во својот буџет годинава има предвидено 1,1 милион евра за оваа намена, а вкупно пет милиони евра за тригодишната програма.

Повикот со кој се склучени договори со „Луфтханза и „Виз Ер“ е втор годинава, а првиот беше поништен откако Комисијата за евалуација на понудите што ги доставија авиокомпаниите „Виз ер“, „Луфтханза“ и „Ејџиан Ерлајнс“ констатираше дека не ја доставиле пропишаната комплетна документација.

Државава ќе доделува финансиска поддршка за нови летови по пауза од една година. Заклучно со 1 март лани, субвенции по овој основ добиваше „Виз Ер“ преку три последователни договори

The post Ова се новите линии кои со субвенции од Влата ќе ги воведат „Луфтанза“ и „Визер“ appeared first on Република.

]]>

Со субвенции од Владата, германската авиокомпанија „Луфтханза“ ќе воведе една нова авиолинија - од Скопје до Франкфурт, а унгарски „Визер“ четири - од Скопје до Луксембург, Штутгарт, Салцбург и Љубљана. Премиерот Димитар Ковачевски и министерот за транспорт и врски Благоја Бочварски на прес-конференција објавија дека е успешен повикот за субвенции за нови авиолинии, што заврши на 31 март и оти е склучен договор со „Луфтханза“ и „Виз Ер“. „Луфтханза“ ќе лета од Скопје до Франкфурт од 23 април, десет пати неделно, а „Виз Ер“ ќе ги опслужува четирите нови дестинации три пати неделно од 1 ноември годинава. Финансиската поддршка ќе изнесува седум евра во денарска противвредност по патник во заминување превезен од Меѓународниот аеродром Скопје.
Авиопревозниците „Луфтханза“ и „Визер“ ќе летаат и по неколку пати дневно од нашите аеродроми. Со авиопревозникот „Луфтхаза“ преку Франкфурт, нашите граѓани ќе имаат можност да се поврзат со повеќе од 200 дестинации во повеќе земји во Европа и светот со оглед на тоа дека аеродромот во Франкфурт е еден од неколкуте најголеми аеродроми во светот. Јас сум сигурен дека преку субвенционирање на авиолинии овозможуваме раст на економијата и на воздушниот сообраќај, рече премиерот Ковачевски на прес-конференција во Владата.
Наша стратешка цел, потенцираше тој, е да ги искористиме сите капацитети што ги нудат Меѓународниот аеродром „Скопје“ и охридскиот аеродром „Св. Апостол Павле“.
Заложбата на Владата е да овозможиме квалитетни услуги со поширок спектар на дестинации за граѓаните. Податоците покажуваат дека во 2022 година имаме превезено над 2,3 милиони патници преку нашите два меѓународни аеродроми. Тоа за Cеверна Македонија значи зајакнување на економските врски со европски и светски дестинации, носење на нови инвеститори, но и можност за брзо и непречено движење на нашите граѓани кои сакаат да патуваат во странство или странски граѓани кои доаѓаат во нашата држава или за работа или со туристички цели. Исто така, тоа значи и привлекување на што поголем број странски државјани кои сакаат да ја посетат нашата земја, рече Ковачевски.
Според Бочварски, воведени се нови дестинации за кои имало голем интерес од граѓаните. Има, како што рече тој, дополнителни средства да се објави нов повик кон крајот на годината со цел да се привлечат нови дестинации.
Одговорено е позитивно на барањата за новите пет дестинации од овие две авиокомпании, а секоја друга компанија што ќе сака да оперира од нашите аеродроми кон која било европска дестинација тоа може да го направи и без субвенции. Но, останува правото на Министерството за транспорт и врски, доколку сметаме дека е потребно, а јас сметам дека е потребно и имаме дополнителни средства да објавиме и нов повик кон крајот на оваа година со цел да привлечеме можеби дополнителни авиокомпании но и дополнителни дестинации за нашите граѓани, рече Бочварски.
„Луфтханза“ и „Виз Ер“ за дестинацијата за која ќе добиваат финансиска поддршка ќе имаат обврска и по завршувањето на субвенциите да продолжат да ја оперираат линијата за период за кој добивале субвенциите. Во спротивно, ќе бидат должни да го вратат целиот износ на средства што ги добиле како финансиска поддршка. Ако компанијата добивала субвенции во рок од три години, ќе мора и по истекот на тие три години да ја оперира таа линија без државата да и плаќа на компанијата.
Нашите политики се во насока да го развиеме воздушниот сообраќај во земјата, да обезбедиме квалитетен развој на цивилното воздухопловство, како и да формираме конкурентни цени и нови дестинации за нашите граѓани, како и за привлекување туристи од цела Европа и пошироко, рече министерот Бочварски.
Министерството за транспорт и врски во својот буџет годинава има предвидено 1,1 милион евра за оваа намена, а вкупно пет милиони евра за тригодишната програма. Повикот со кој се склучени договори со „Луфтханза и „Виз Ер“ е втор годинава, а првиот беше поништен откако Комисијата за евалуација на понудите што ги доставија авиокомпаниите „Виз ер“, „Луфтханза“ и „Ејџиан Ерлајнс“ констатираше дека не ја доставиле пропишаната комплетна документација. Државава ќе доделува финансиска поддршка за нови летови по пауза од една година. Заклучно со 1 март лани, субвенции по овој основ добиваше „Виз Ер“ преку три последователни договори

The post Ова се новите линии кои со субвенции од Влата ќе ги воведат „Луфтанза“ и „Визер“ appeared first on Република.

]]>
„Луфтанза“ ќе лета и од Скопје https://republika.mk/vesti/ekonomija/luftanza-kje-leta-i-od-skopje/ Mon, 19 Dec 2022 19:00:01 +0000 https://republika.mk/?p=587785

Германскиот авиопревозник Луфтханза влегува на македонскиот авијациски пазар со летови на линијата Франкфурт-Скопје, од 23 април 2023 година, соопшти ТАВ Македонија, откако авиокомпанијата ги закажа летовите помеѓу двата града.

Lufthansa ќе ги поврзе македонскиот главен град со главниот аеродром во Франкфурт нудејќи летови од Меѓународниот аеродром Скопје секој ден во неделата, а во некои денови ќе има по два лета, со авиони од типот Airbus A319, Airbus A320 и Airbus A321.

Среќни сме што Lufthansa одлучи да влезе на македонскиот пазар со отпочнување летови на релација Франкфурт-Скопје. Ова значи дека Меѓународниот аеродром Скопје од април следната година ќе биде поврзан со аеродромот во Франкфурт, кој е главното германско авијациско седиште и еден од најважните трансфер-аеродроми во Европа. Дополнително, високата честота на летовите – авиокомпанијата ќе лета секој ден во неделата, а во некои денови и по два пати дневно, дава одлична флексибилност за нашите патници кои патуваат за Германија и оние што се поврзуваат со Европа и Северна Америка. Оваа нова конекција е особено важна за патниците кои патуваат за бизнис-цели и ќе понуди нови опции за авионскиот карго-превоз кон Германија, која е главен трговски партнер на Македонија. Влезот на групацијата Луфтханза е резултат на континуираните маркетиншки активности на ТАВ, сѐ со цел да привлече нови авиокомпании и да ги убеди да отворат нови дестинации од македонските аеродроми. Одлично е што нашата мрежа на авиолинии ќе се прошири и веруваме дека Луфтханза ќе додаде на вредноста на услугите што им ги нудиме на нашите патници од Меѓународниот аеродром Скопје, изјави Метин Батак, генерален директор на ТАВ Македонија.

Како што велат од Луфтханза, летовите на релација Франкфурт-Скопје се планирани да бидат привлечни и за деловните патници и за туристите.

Германскиот авиопревозник го додава Скопје во својата мрежа на линии од летната сезона во 2023 година со цел да ја зајакне својата позиција во Источна Европа.

Продажбата на авиобилетите е веќе почната. Сите информации за цени и резервации на авионските карти се достапни на веб-страницата на Луфтханза https://www.lufthansa.com/, како и кај лиценцираните туристички агенции кои вршат продажба на авиобилети.

ТАВ Македонија ги заврши 11 месеци од 2022 година со 2,2 милиона (2.190.352) патници на двата македонски аеродроми, Меѓународниот аеродром Скопје и Аеродромот Св. Апостол Павле Охрид, што е зголемување за 74 отсто во споредба со истиот период лани, но сепак за 12 отсто помалку споредбено со 2019 година, која се смета за референтна година во авијацијата пред појавувањето на кризата со ковид-19.

The post „Луфтанза“ ќе лета и од Скопје appeared first on Република.

]]>

Германскиот авиопревозник Луфтханза влегува на македонскиот авијациски пазар со летови на линијата Франкфурт-Скопје, од 23 април 2023 година, соопшти ТАВ Македонија, откако авиокомпанијата ги закажа летовите помеѓу двата града. Lufthansa ќе ги поврзе македонскиот главен град со главниот аеродром во Франкфурт нудејќи летови од Меѓународниот аеродром Скопје секој ден во неделата, а во некои денови ќе има по два лета, со авиони од типот Airbus A319, Airbus A320 и Airbus A321.
Среќни сме што Lufthansa одлучи да влезе на македонскиот пазар со отпочнување летови на релација Франкфурт-Скопје. Ова значи дека Меѓународниот аеродром Скопје од април следната година ќе биде поврзан со аеродромот во Франкфурт, кој е главното германско авијациско седиште и еден од најважните трансфер-аеродроми во Европа. Дополнително, високата честота на летовите – авиокомпанијата ќе лета секој ден во неделата, а во некои денови и по два пати дневно, дава одлична флексибилност за нашите патници кои патуваат за Германија и оние што се поврзуваат со Европа и Северна Америка. Оваа нова конекција е особено важна за патниците кои патуваат за бизнис-цели и ќе понуди нови опции за авионскиот карго-превоз кон Германија, која е главен трговски партнер на Македонија. Влезот на групацијата Луфтханза е резултат на континуираните маркетиншки активности на ТАВ, сѐ со цел да привлече нови авиокомпании и да ги убеди да отворат нови дестинации од македонските аеродроми. Одлично е што нашата мрежа на авиолинии ќе се прошири и веруваме дека Луфтханза ќе додаде на вредноста на услугите што им ги нудиме на нашите патници од Меѓународниот аеродром Скопје, изјави Метин Батак, генерален директор на ТАВ Македонија.
Како што велат од Луфтханза, летовите на релација Франкфурт-Скопје се планирани да бидат привлечни и за деловните патници и за туристите. Германскиот авиопревозник го додава Скопје во својата мрежа на линии од летната сезона во 2023 година со цел да ја зајакне својата позиција во Источна Европа. Продажбата на авиобилетите е веќе почната. Сите информации за цени и резервации на авионските карти се достапни на веб-страницата на Луфтханза https://www.lufthansa.com/, како и кај лиценцираните туристички агенции кои вршат продажба на авиобилети. ТАВ Македонија ги заврши 11 месеци од 2022 година со 2,2 милиона (2.190.352) патници на двата македонски аеродроми, Меѓународниот аеродром Скопје и Аеродромот Св. Апостол Павле Охрид, што е зголемување за 74 отсто во споредба со истиот период лани, но сепак за 12 отсто помалку споредбено со 2019 година, која се смета за референтна година во авијацијата пред појавувањето на кризата со ковид-19.

The post „Луфтанза“ ќе лета и од Скопје appeared first on Република.

]]>
Откажани сите летови на „Луфтханза“ од Германија https://republika.mk/vesti/svet/otkazani-site-letovi-na-lufthanza-od-germanija/ Thu, 01 Sep 2022 14:27:08 +0000 https://republika.mk/?p=546490

Поради еднодневен штрајк на пилотите, германската авиокомпанија „Луфтханза“ за утре откажува над 800 летови, активност што во крајна линија ќе засегне повеќе од 130 илјади патници.

Како што е посочено од компанијата, последиците од штрајкот ќе се почувствуваат во текот на престојниот викенд.

Авионите на „Луфтханза“ лоцирани во странство утре ќе се вратат во Германија, но патниците на кои Германија им е попатна станица патувањето ќе можат да го продолжат дури во текот на викендот.

Сите летови што поаѓаат од германските аеродроми ќе бидат заегнати од штрајкот, со исклучок на летовите на подружницата „Еуровингс“.

Ова е втор поголем штрајк изминатите неколку седмици. На крајот на јули, „Луфтханза“ беше принудена да откаже повеќе од илјада летови поради штрајк на персоналот на аеродромите.

Синдикатот на пилотите бара зголемување на платите за 16 отсто, што досега беше одбивано од раководството.

Немаме ни најмало разбирање за тековниот штрајк. „Луфтханза“ на пилотите им понуди повеќе од поволен пакет, соопшти управата на компанијата.

Пилотите на „Луфтханза“ се меѓу најдобро платените пилоти во светот. Почетната годишна плата е 70 илјади евра, а капетан со долгогодишно искуство може да заработи повеќе од 275 илјади евра годишно.

The post Откажани сите летови на „Луфтханза“ од Германија appeared first on Република.

]]>

Поради еднодневен штрајк на пилотите, германската авиокомпанија „Луфтханза“ за утре откажува над 800 летови, активност што во крајна линија ќе засегне повеќе од 130 илјади патници. Како што е посочено од компанијата, последиците од штрајкот ќе се почувствуваат во текот на престојниот викенд. Авионите на „Луфтханза“ лоцирани во странство утре ќе се вратат во Германија, но патниците на кои Германија им е попатна станица патувањето ќе можат да го продолжат дури во текот на викендот. Сите летови што поаѓаат од германските аеродроми ќе бидат заегнати од штрајкот, со исклучок на летовите на подружницата „Еуровингс“. Ова е втор поголем штрајк изминатите неколку седмици. На крајот на јули, „Луфтханза“ беше принудена да откаже повеќе од илјада летови поради штрајк на персоналот на аеродромите. Синдикатот на пилотите бара зголемување на платите за 16 отсто, што досега беше одбивано од раководството.