Љубомир Бранѓилоца Archives - Република https://republika.mk/tema/lubomir-brangilotsa/ За подобро да се разбереме Tue, 24 Oct 2023 06:53:03 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Љубомир Бранѓилоца Archives - Република https://republika.mk/tema/lubomir-brangilotsa/ 32 32 Последниот концерт на фестивалот „Денови на македонска музика“ посветен на делото и творештвото на неодамна починатиот македонски композитор Љубомир Бранѓолица https://republika.mk/vesti/kultura/posledniot-kontsert-na-festivalot-denovi-na-makedonska-muzika-posveten-na-deloto-i-tvoreshtvoto-na-neodamna-pochinatiot-makedonski-kompozitor-lubomir-brangolitsa/ Tue, 24 Oct 2023 06:53:03 +0000 https://republika.mk/?p=694355

Во Камерната сала на Филхармонија вечер со почеток во 19 часот ќе се одржи последниот концерт од годинашното издание на фестивалот „Денови на македонска музика“ кој ќе биде посветен на делото и творештвото на неодамна починатиот македонски композитор Љубомир Бранѓолица.

На концертниот омаж, публиката ќе има можност да чуе дела од опусот за гудачки оркестар на авторот во изведба на солистите: Татјана Петрушевска- обоа, Здравко Ангелов – кларинет, Марјан Милошевски – фагот и Мартин Димитров – виолина кои ќе настапат заедно со гудачкиот оркестар „Ајга“ под диригентската палка од маестро Борјан Цанев, најави Сојузот на композитори на Македонија (СОКОМ).

Љубомир Бранѓолица (1932 – 2023) е дел од македонската музичка сцена во втората половина на дваесеттиот век. Во неговиот исклучително богат творечки опус се сместени опери, балети, камерни и хорски композиции, популарни и детски песни и аранжмани на творби од други, наши и странски автори. Опусот на авторот опфаќа 18 целовечерни балети. Сите тие (освен една „Бајазит и Оливера“) се изведени на сцената на Македонската опера и балет (порано МНТ) во периодот од 1959 („Велеградски варијации“) до 2013 година („Александар Македонски“).

-Главна карактеристика на композиторскиот јазик на Љубомир Бранѓолица, без оглед на видот на композициите или жанрот на кој тие му припаѓаат е неоромантичарскиот музички израз.Во неговото творештво речиси нема поведување по авангардните струења на дваесеттиот век. Неговите дела се тонални, со раскошна мелодика и со вешта оркестрација. Тоа е една од причините што постојано живеат на репертоарот на македонските и на светските музички уметници и ансамбли, стои во најавата од СОКОМ.

Организатори на концертот „Омаж на Љубомир Бранѓолица“ се СОКОМ, Претседателот на државата и Филхармонија, а се реализира со поддршка на Министерството за култура.

The post Последниот концерт на фестивалот „Денови на македонска музика“ посветен на делото и творештвото на неодамна починатиот македонски композитор Љубомир Бранѓолица appeared first on Република.

]]>

Во Камерната сала на Филхармонија вечер со почеток во 19 часот ќе се одржи последниот концерт од годинашното издание на фестивалот „Денови на македонска музика“ кој ќе биде посветен на делото и творештвото на неодамна починатиот македонски композитор Љубомир Бранѓолица. На концертниот омаж, публиката ќе има можност да чуе дела од опусот за гудачки оркестар на авторот во изведба на солистите: Татјана Петрушевска- обоа, Здравко Ангелов – кларинет, Марјан Милошевски – фагот и Мартин Димитров – виолина кои ќе настапат заедно со гудачкиот оркестар „Ајга“ под диригентската палка од маестро Борјан Цанев, најави Сојузот на композитори на Македонија (СОКОМ). Љубомир Бранѓолица (1932 – 2023) е дел од македонската музичка сцена во втората половина на дваесеттиот век. Во неговиот исклучително богат творечки опус се сместени опери, балети, камерни и хорски композиции, популарни и детски песни и аранжмани на творби од други, наши и странски автори. Опусот на авторот опфаќа 18 целовечерни балети. Сите тие (освен една „Бајазит и Оливера“) се изведени на сцената на Македонската опера и балет (порано МНТ) во периодот од 1959 („Велеградски варијации“) до 2013 година („Александар Македонски“). -Главна карактеристика на композиторскиот јазик на Љубомир Бранѓолица, без оглед на видот на композициите или жанрот на кој тие му припаѓаат е неоромантичарскиот музички израз.Во неговото творештво речиси нема поведување по авангардните струења на дваесеттиот век. Неговите дела се тонални, со раскошна мелодика и со вешта оркестрација. Тоа е една од причините што постојано живеат на репертоарот на македонските и на светските музички уметници и ансамбли, стои во најавата од СОКОМ. Организатори на концертот „Омаж на Љубомир Бранѓолица“ се СОКОМ, Претседателот на државата и Филхармонија, а се реализира со поддршка на Министерството за култура.

The post Последниот концерт на фестивалот „Денови на македонска музика“ посветен на делото и творештвото на неодамна починатиот македонски композитор Љубомир Бранѓолица appeared first on Република.

]]>
Почина Љубомир Бранѓолица, композитор кој твореше во различни жанрови, а особено се истакна со музиката за балет https://republika.mk/vesti/kultura/pochina-lubomir-brangolitsa-kompozitor-koj-tvoreshe-vo-razlichni-zhanrovi-a-osobeno-se-istakna-so-muzikata-za-balet/ Mon, 24 Jul 2023 14:25:30 +0000 https://republika.mk/?p=664815

На 90 годишна возраст, почина Љубомир Бранѓолица, најплоден домашен композитор кој твореше во различни жанрови, а особено се истакна со музиката за балет, со творби за 18 целовечерни претстави.

Роден 1932 во Херцег Нови, Љубомир Бранѓолица, потекнува од музичко семејство и од дете посетувал часови по пијано, во Дубровник. Во Военото музичко училиште во Загреб се запишал 1946, а средното музичко образование го стекнал во Ријека. Откако не го примиле на отсекот за пијано, туку на теоретскиот смер, кусо се задржал на Музичката академија во Белград и 1950 почнал да работи во Салонскиот оркестар при Домот на ЈНА , со кој ја извел првата композиција „ Интермецо“. 1954 дошол да работи во домовите на ЈНА во Куманово и Скопје, а од 1957 бил ангажиран во нашиот Балетскиот ансамбал, за кој напишал музика за 18 целовечерни претстави, меѓу кои е и неговото монументално дело „ Дубровничка легенда“, дополнува Џипунова.

Покрај музиката за балет, во богатиот опус на Бранѓолица има опери, камерни и хорски композиции, но и популарни песни и аранжмани на творби од наши и странски автори. Како композитор на филмска музика започнал 1964 година, со музиката за документарецот „ Кеј 13 Ноември“. За својата работа од Сојузот на композитори во 2006 година ја добил наградата за животно дело „ Трајко Прокопиев“.

Љубомир Бранѓолица ќе биде погребан утре во 09 часот, на гробиштата во Бутел. По него за вечноста останува дигитализираниот опус.

 

The post Почина Љубомир Бранѓолица, композитор кој твореше во различни жанрови, а особено се истакна со музиката за балет appeared first on Република.

]]>

На 90 годишна возраст, почина Љубомир Бранѓолица, најплоден домашен композитор кој твореше во различни жанрови, а особено се истакна со музиката за балет, со творби за 18 целовечерни претстави. Роден 1932 во Херцег Нови, Љубомир Бранѓолица, потекнува од музичко семејство и од дете посетувал часови по пијано, во Дубровник. Во Военото музичко училиште во Загреб се запишал 1946, а средното музичко образование го стекнал во Ријека. Откако не го примиле на отсекот за пијано, туку на теоретскиот смер, кусо се задржал на Музичката академија во Белград и 1950 почнал да работи во Салонскиот оркестар при Домот на ЈНА , со кој ја извел првата композиција „ Интермецо“. 1954 дошол да работи во домовите на ЈНА во Куманово и Скопје, а од 1957 бил ангажиран во нашиот Балетскиот ансамбал, за кој напишал музика за 18 целовечерни претстави, меѓу кои е и неговото монументално дело „ Дубровничка легенда“, дополнува Џипунова. Покрај музиката за балет, во богатиот опус на Бранѓолица има опери, камерни и хорски композиции, но и популарни песни и аранжмани на творби од наши и странски автори. Како композитор на филмска музика започнал 1964 година, со музиката за документарецот „ Кеј 13 Ноември“. За својата работа од Сојузот на композитори во 2006 година ја добил наградата за животно дело „ Трајко Прокопиев“. Љубомир Бранѓолица ќе биде погребан утре во 09 часот, на гробиштата во Бутел. По него за вечноста останува дигитализираниот опус.  

The post Почина Љубомир Бранѓолица, композитор кој твореше во различни жанрови, а особено се истакна со музиката за балет appeared first on Република.

]]>