Лозово Archives - Република https://republika.mk/tema/lozovo/ За подобро да се разбереме Tue, 17 Sep 2024 15:51:00 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Лозово Archives - Република https://republika.mk/tema/lozovo/ 32 32 Во тек е пријавувањето за маратонот „11 Октомври“ Лозово 2024 https://republika.mk/sport/ostanati-sportovi/vo-tek-e-prijavuvaneto-za-maratonot-11-oktomvri-lozovo-2024/ Tue, 17 Sep 2024 15:48:03 +0000 https://republika.mk/?p=817176

Трета година по ред во Општина Лозово се организира атлетска трка насловена маратон „11 Октомври“, која се организира во чест на празникот. Се работи за четири различни трки., на кои покрај возрасните мажи и жени можат да учествуваат и деца и млади од седум до 18 години. Главната трка, за возрасните на 15 километри ќе изнесува 120 минути од стартот на трката.

Градоначалникот на Општина Лозово Бошко Цветковски информира дека за разлика од другите трки во земјава и оваа трета година за оваа трка не се плаќа котизација, туку трката е бесплатна за сите учесници. Заинтересираните може да се пријават на телефонот на 032/ 458-458 или во порака на официјалната ФБ страна на организаторот.

Патеката за трката маратон „11-ти Октомври“ Лозово 2024 е кружна, при што учесниците на трката на 15 километри трчаат еден круг. Стартот и целта на патеката е на ул. „Маршал Тито“ бб Лозово, пред поштата и патеката опфаќа локални асфалтирани и земјени патишта кои поминуваат низ населени места по следниот редослед: Лозово, Милино, Каратманово, Дорфулија, Лозово. Со оглед на тоа што патеката е со должина од 15 километри, освежителни станици ќе има поставено на повеќе локации долж патеката.

Оваа година ќе бидат опфатени четири различни трки и тоа на 15.000 метри, на 100 метри, на 200 и на 400 метри.

Првата, односно главната трка на 15.000 метри ќе започне во 10:00 часот и ќе биде за возрасни учесници, трката на 100 метри ќе започне пет минути подоцна и на неа учество ќе можат да земат деца од седум до 10 години, потоа на 200 метри ќе се натпреваруваат деца од 11 до 14 година и нивниот старт ќе биде во 10:20 часот и на 400 метри за тинејџерите од 15 до 18 години со старт во 10:40 часот.

Организаторите појаснуваат дека при евентуални промени во термините за старт сите учесници ќе бидат известени преку официјалниот фејсбук профил на организаторот. На крајот од трката предвидени се и награди за најбрзите тројца учесници во трката на 15 километри во две категории, мажи и жени.

The post Во тек е пријавувањето за маратонот „11 Октомври“ Лозово 2024 appeared first on Република.

]]>

Трета година по ред во Општина Лозово се организира атлетска трка насловена маратон „11 Октомври“, која се организира во чест на празникот. Се работи за четири различни трки., на кои покрај возрасните мажи и жени можат да учествуваат и деца и млади од седум до 18 години. Главната трка, за возрасните на 15 километри ќе изнесува 120 минути од стартот на трката. Градоначалникот на Општина Лозово Бошко Цветковски информира дека за разлика од другите трки во земјава и оваа трета година за оваа трка не се плаќа котизација, туку трката е бесплатна за сите учесници. Заинтересираните може да се пријават на телефонот на 032/ 458-458 или во порака на официјалната ФБ страна на организаторот. Патеката за трката маратон „11-ти Октомври“ Лозово 2024 е кружна, при што учесниците на трката на 15 километри трчаат еден круг. Стартот и целта на патеката е на ул. „Маршал Тито“ бб Лозово, пред поштата и патеката опфаќа локални асфалтирани и земјени патишта кои поминуваат низ населени места по следниот редослед: Лозово, Милино, Каратманово, Дорфулија, Лозово. Со оглед на тоа што патеката е со должина од 15 километри, освежителни станици ќе има поставено на повеќе локации долж патеката. Оваа година ќе бидат опфатени четири различни трки и тоа на 15.000 метри, на 100 метри, на 200 и на 400 метри. Првата, односно главната трка на 15.000 метри ќе започне во 10:00 часот и ќе биде за возрасни учесници, трката на 100 метри ќе започне пет минути подоцна и на неа учество ќе можат да земат деца од седум до 10 години, потоа на 200 метри ќе се натпреваруваат деца од 11 до 14 година и нивниот старт ќе биде во 10:20 часот и на 400 метри за тинејџерите од 15 до 18 години со старт во 10:40 часот. Организаторите појаснуваат дека при евентуални промени во термините за старт сите учесници ќе бидат известени преку официјалниот фејсбук профил на организаторот. На крајот од трката предвидени се и награди за најбрзите тројца учесници во трката на 15 километри во две категории, мажи и жени.

The post Во тек е пријавувањето за маратонот „11 Октомври“ Лозово 2024 appeared first on Република.

]]>
Загина 59-годишна жена во пожар во куќа во село Лозово https://republika.mk/vesti/crna-hronika/zagina-59-godishna-zhena-vo-pozhar-vo-kuka-vo-selo-lozovo/ Wed, 28 Aug 2024 15:18:37 +0000 https://republika.mk/?p=810959

Вчера во 17.06 часот во СВР Штип, било пријавено дека во с.Лозово, настанал пожар во куќа сопственост на К.Т.Б.(59), која починала на местото на настанот.

Од страна на лекар констатирана била смрт како последица на изгореници.

Пожарот бил изгаснат од Територијалната противпожарна единица Свети Николе, а увид извршила увидна екипа на ОВР Свети Николе во присуство на инспектор од Дирекцијата за заштита и спасување.

The post Загина 59-годишна жена во пожар во куќа во село Лозово appeared first on Република.

]]>

Вчера во 17.06 часот во СВР Штип, било пријавено дека во с.Лозово, настанал пожар во куќа сопственост на К.Т.Б.(59), која починала на местото на настанот. Од страна на лекар констатирана била смрт како последица на изгореници. Пожарот бил изгаснат од Територијалната противпожарна единица Свети Николе, а увид извршила увидна екипа на ОВР Свети Николе во присуство на инспектор од Дирекцијата за заштита и спасување.  

The post Загина 59-годишна жена во пожар во куќа во село Лозово appeared first on Република.

]]>
Два дена се трага по маж од Лозово, најдена му е торбата https://republika.mk/zivot/dva-dena-se-traga-po-mazh-od-lozovo-najdena-mu-e-torbata/ Sun, 11 Aug 2024 13:24:43 +0000 https://republika.mk/?p=805459

Речиси 48 часа е исчезнат граѓанин од општина Лозово, на кој му се губи секаков траг, информира градоначалникот на општината, Бошко Цветковски.

Станува збор за Исмаил Муратов кој последен пат бил виден во близина на базенот кој служи за водоснабдителниот систем за питка вода во населено место Дорфулија.

-Во организираните потраги темелно беше пребаран теренот кој се наоѓа во близина каде беше пронајдена торба со храна и вода за која се претпоставува дека е негова, но за жал не успеавме да го пронајдеме…, информира Цветковски.

The post Два дена се трага по маж од Лозово, најдена му е торбата appeared first on Република.

]]>

Речиси 48 часа е исчезнат граѓанин од општина Лозово, на кој му се губи секаков траг, информира градоначалникот на општината, Бошко Цветковски. Станува збор за Исмаил Муратов кој последен пат бил виден во близина на базенот кој служи за водоснабдителниот систем за питка вода во населено место Дорфулија.
-Во организираните потраги темелно беше пребаран теренот кој се наоѓа во близина каде беше пронајдена торба со храна и вода за која се претпоставува дека е негова, но за жал не успеавме да го пронајдеме…, информира Цветковски.

The post Два дена се трага по маж од Лозово, најдена му е торбата appeared first on Република.

]]>
Mицкоски: Децентрализација за да ја доближиме владата преку општините до секој дом https://republika.mk/vesti/makedonija/mitskoski-detsentralizatsija-za-da-ja-doblizhime-vladata-preku-opshtinite-do-sekoj-dom/ Tue, 31 Oct 2023 12:32:11 +0000 https://republika.mk/?p=696676

За мене претставува посебно задоволство денеска да сум овде на покана на градоначалникот, на покана на Бошко во Лозово, токму на денот кога практично пред две години Бошко беше избран за градоначалник овде во општина Лозово, изјави лидерот Мицкоски.

Самите слушнавте дека и покрај тоа што станува збор за малубројна општина, географска секако голема, но малубројна по број на жители, со скромни услови, со мал буџет можат да се направат многу работи. Навистина импресивно.

Ја користам оваа прилика да му честитам на градоначалникот, на советниците кои што ја поддржуваат работата на градоначалникот, администрацијата која што е исто така логистика и поддршка на работата на градоначалникот, и да им посакам уште многу проекти. Со нас е и пратеникот Ласовска, која што доаѓа од овој крај, која што во рамките на Парламентот дава несебична поддршка преку поднесување на амандмани и секогаш кога Буџетот е на Дневен ред, ребалансот или прераспределба на средства од Буџетот.

Но, за жал имајќи ја во предвид би рекол карактерот на оваа Влада на ДУИ и СДСМ, СДСМ и ДУИ, како ви е полесно, тешко успева да ги убеди да тие амандмани бидат прифатени, а тоа се амандмани кои што се однесуваат на проекти кои што директно доаѓаат од граѓаните од општина Лозово.

Но, добрата вест е што за неколку месеци ВМРО-ДПМНЕ ќе ја предводи идната Влада и еден од основните проекти ќе биде децентрализација на средства кон општините за потребите на граѓаните. Целта наша е да ја доближиме Владата преку општините до секој дом, да реализираме проекти кои што досега со децении не биле реализирани, биле ветувани и не биле реализирани. Цениме дека на тој начин ќе можеме да го подобриме квалитетот на живот, на луѓето овде во општина Лозово и насекаде низ цела територија на Македонија. И на тој начин ќе покажеме дека не се сите исти, дека има политичари кои што мислат за народот, и мислат за иднината на Македонија. Така што ценам дека преку оваа децентрализација која што од прилика би била околу 15-тина милиони денари годишно овде во Лозово имајќи во предвид дека капиталните инвестиции односно средствата кои што се слободни за капитални инвестиции во општина Лозово се околу осум милиони тоа значи практично триплирање на тој буџет. Три пати повеќе ќе има од тоа што имало досега. И тоа така помножено со еден четиригодишен мандат ќе дојдеме до бројка од милион евра, која што директно ќе биде вложена од централниот Буџет овде во општина Лозово, надвор од средствата кои што се предвидени во самата општина за изработка на капиталните инвестиции.

Така што уште еднашка честитам на Бошко, на советниците, на администрацијата, на Благица, Марија која е координаторот од Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ за општина Лозово, што се фокусирани, храбро и одлучно работат и само така да продолжат. Тоа што е ветено пред две години треба да се испорача затоа што мораме да излеземе од оној дим каде што сите се претставени дека се исти. Не сме сите исти, многу сме различни, од едната страна ги имаме овие кои што шест години буквално ништо не направија, и ние кои што за две години со скромни средства преку општините каде што имаме наши градоначалници односно градоначалници од редовите на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата покажуваме и докажуваме дека можело поинаку.

The post Mицкоски: Децентрализација за да ја доближиме владата преку општините до секој дом appeared first on Република.

]]>

За мене претставува посебно задоволство денеска да сум овде на покана на градоначалникот, на покана на Бошко во Лозово, токму на денот кога практично пред две години Бошко беше избран за градоначалник овде во општина Лозово, изјави лидерот Мицкоски. Самите слушнавте дека и покрај тоа што станува збор за малубројна општина, географска секако голема, но малубројна по број на жители, со скромни услови, со мал буџет можат да се направат многу работи. Навистина импресивно. Ја користам оваа прилика да му честитам на градоначалникот, на советниците кои што ја поддржуваат работата на градоначалникот, администрацијата која што е исто така логистика и поддршка на работата на градоначалникот, и да им посакам уште многу проекти. Со нас е и пратеникот Ласовска, која што доаѓа од овој крај, која што во рамките на Парламентот дава несебична поддршка преку поднесување на амандмани и секогаш кога Буџетот е на Дневен ред, ребалансот или прераспределба на средства од Буџетот. Но, за жал имајќи ја во предвид би рекол карактерот на оваа Влада на ДУИ и СДСМ, СДСМ и ДУИ, како ви е полесно, тешко успева да ги убеди да тие амандмани бидат прифатени, а тоа се амандмани кои што се однесуваат на проекти кои што директно доаѓаат од граѓаните од општина Лозово.
Но, добрата вест е што за неколку месеци ВМРО-ДПМНЕ ќе ја предводи идната Влада и еден од основните проекти ќе биде децентрализација на средства кон општините за потребите на граѓаните. Целта наша е да ја доближиме Владата преку општините до секој дом, да реализираме проекти кои што досега со децении не биле реализирани, биле ветувани и не биле реализирани. Цениме дека на тој начин ќе можеме да го подобриме квалитетот на живот, на луѓето овде во општина Лозово и насекаде низ цела територија на Македонија. И на тој начин ќе покажеме дека не се сите исти, дека има политичари кои што мислат за народот, и мислат за иднината на Македонија. Така што ценам дека преку оваа децентрализација која што од прилика би била околу 15-тина милиони денари годишно овде во Лозово имајќи во предвид дека капиталните инвестиции односно средствата кои што се слободни за капитални инвестиции во општина Лозово се околу осум милиони тоа значи практично триплирање на тој буџет. Три пати повеќе ќе има од тоа што имало досега. И тоа така помножено со еден четиригодишен мандат ќе дојдеме до бројка од милион евра, која што директно ќе биде вложена од централниот Буџет овде во општина Лозово, надвор од средствата кои што се предвидени во самата општина за изработка на капиталните инвестиции.
Така што уште еднашка честитам на Бошко, на советниците, на администрацијата, на Благица, Марија која е координаторот од Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ за општина Лозово, што се фокусирани, храбро и одлучно работат и само така да продолжат. Тоа што е ветено пред две години треба да се испорача затоа што мораме да излеземе од оној дим каде што сите се претставени дека се исти. Не сме сите исти, многу сме различни, од едната страна ги имаме овие кои што шест години буквално ништо не направија, и ние кои што за две години со скромни средства преку општините каде што имаме наши градоначалници односно градоначалници од редовите на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата покажуваме и докажуваме дека можело поинаку.

The post Mицкоски: Децентрализација за да ја доближиме владата преку општините до секој дом appeared first on Република.

]]>
Голем пожар кај Лозово, ќе интервенираат ер-тракторите и хеликотерите https://republika.mk/vesti/crna-hronika/golem-pozhar-kaj-lozovo-ke-interveniraat-er-traktorite-i-helikoterite/ Wed, 16 Aug 2023 12:25:06 +0000 https://republika.mk/?p=672741

Попладнево изби голем пожар во борова шума кај месноста Кишински рид во Општина Лозово.

[caption id="attachment_672745" align="alignnone" width="1600"] фото: ЦУК[/caption]

Поради тешко пристапниот терен и опасноста од голема штета по оваа зимзелена шума кон пожарот се упатија трите ер-трактори на ДЗС и два хеликоптери на МВР.

The post Голем пожар кај Лозово, ќе интервенираат ер-тракторите и хеликотерите appeared first on Република.

]]>

Попладнево изби голем пожар во борова шума кај месноста Кишински рид во Општина Лозово. [caption id="attachment_672745" align="alignnone" width="1600"] фото: ЦУК[/caption] Поради тешко пристапниот терен и опасноста од голема штета по оваа зимзелена шума кон пожарот се упатија трите ер-трактори на ДЗС и два хеликоптери на МВР.

The post Голем пожар кај Лозово, ќе интервенираат ер-тракторите и хеликотерите appeared first on Република.

]]>
Жител на Лозово превезувал мигранти од Сирија, кога го сопреле се обидел да избега https://republika.mk/vesti/crna-hronika/zitel-na-lozovo-prevezuval-migranti-od-sirija-koga-go-soprele-se-obidel-da-izbega/ Thu, 06 Oct 2022 14:49:02 +0000 https://republika.mk/?p=558066

На регионалниот пат Удово - Демир Капија, во близина на село Градец, синоќа во 18:50 часот полициски службеници од Полициската станица за гранични проверки и граничен надзор „Богородица“ го привеле 23-годишниот М.А. од Лозово.

Тој бил забележан од полицијата како со возило „волво“ со италијански национални ознаки превезува мигранти. Возилото било запрено, а тој се обидел да избега, но бил спречен и лишен од слобода - информираат од МВР.

Во возилото биле пронајдени шест лица, сите мигранти од Сирија, кои биле спроведени во прифатно-транзитен центар за понатамошна постапка.

М.А. е приведен во полициска станица. По целосно расчистување и документирање на случајот, во координација со Јавен обвинител, против него ќе биде поднесена соодветна пријава - соопштија од МВР.

The post Жител на Лозово превезувал мигранти од Сирија, кога го сопреле се обидел да избега appeared first on Република.

Град колку пинг понг топче паѓаше во Лозово https://republika.mk/vesti/makedonija/grad-kolku-ping-pong-topche-pagjashe-vo-lozovo/ Sun, 29 May 2022 14:30:27 +0000 https://republika.mk/?p=508336

 Центарот за управување со кризи (ЦУК) апелира до граѓаните на внимателност поради силно локално невреме и можни опасни порои од обилен дожд. Од Центарот информираат за силен и голем град во Општина Лозово и дека во Тетово улиците, одредени подвозници и пониските дворови се речиси целосно поплавени, како и подрумите и приземјата на повеќе куќи. Град имаше и во Полошкиот регион, а силна нестабилност со грмотевици и дожд има и во скопско.
– Регионалниот центар за управување со кризи – РЦУК Тетово со дел од своите вработени е на терен и иницираше преку директен контакт со градоначалникот на Општина Тетово свикување на локалниот Главен штаб за управување со кризи на Општина Тетово. Инаку, на терен со пумпи за испумпување на водата од критични места и помош на граѓаните се излезени Територијалната противпожарна единица и од ДЗС Тетово, припадници од МВР за регулирање на сообраќајот особено таму каде не може да се помине под поплавени подвозници, информира ЦУК.
Нестабилна облачна маса е забележлива и во Скопската котлина, каде се очекува пороен дожд и грмежи, а краткотрајно се можни и поинтензивни просеци со град и силен ветер.
Од ЦУК наведуваат дела уште во претпладневните часови е забележана нестабилност во западните делови од земјава, најпрво во Охридско-Преспанскиот регион, а потоа интензивна линија на нестабилност се разви и се прошири од Полошкиот регион на југ се до Пелагонија.
Согласно информациите од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), ЦУК повторно превентивно апелира и препорачува на граѓаните во земјава да избегнуваат локално движење во и покрај суводолици и други стари корита – водотеци, како и во долови по коишто се слевале порано порои од обилни дождови.
– Конкретно, концентрацијата на врнежи на одреден простор е со голема веројатност можна во делови на земјава, проследено со силно локално невреме. Постои голема можност да биде голема и опасна поројната вода по околината таму каде што ќе зафати обилниот локален дожд што се предвидува да падне во делови од земјава. Во населените места се препорачува внимателност при движење покрај висококатници, од коишто заради силен локален ветер е можно да паднат работи од зградите и делови од нивата конструкција, прозорци и покриви, апелира ЦУ

The post Град колку пинг понг топче паѓаше во Лозово appeared first on Република.

Илиевски: Кој е Зоран Атанасов што точел бензин на сметка на ЈПКД Лозово? https://republika.mk/vesti/makedonija/ilievski-koj-e-zoran-atanasov-shto-tochel-benzin-na-smetka-na-jpkd-lozovo/ Sat, 29 Jan 2022 18:08:28 +0000 https://republika.mk/?p=451297

Јордан Илиевски, директор на ЈКПД Лозово во статус на фејсбук објавува дека на сметка на ЈПКД Лозово во октомви минатата година е точено гориво во вкупен износ од 158,375.00 денари.

Тој пишува дека поранешниот в.д.директор наточил на 31.10.2021 година во 00.07 после полноќ 182 литри гориво.

Кога зборуваме за чест и одговорност треба да се спомене дека на сметка на ЈПКД Лозово за месец октомври е точено гориво во вкупен износ од 158,375.00 денари. ⛔
Дали сметате дека станува збор за премногу потрошено гориво за само еден месец ? Во прилог само мал дел од испратниците од кои на една се гледа дека поранешниот в.д.директор наточил на 31.10.2021 година во 00.07 после полноќ 182 литри гориво.⛔
Дополнително прашање кој е Зоран Атанасов што на 06.10.2021 наточил бензин на сметка на Јавното Претпријатие и се потпишал ? Дали се работи за поранешниот директор на Агенција за храна и ветеринарство и советник на Зоран Заев ?⛔. Поради вака нерационално работење претпријатието е доведено во милионски долгови и секојдневно да биде под закани од блокирање на сметка, нередовно земање на плата на вработените и неможност од редовно извршување и сервисирање на обврските кон граѓаните, пишува Илиевски.

The post Илиевски: Кој е Зоран Атанасов што точел бензин на сметка на ЈПКД Лозово? appeared first on Република.

]]>

Јордан Илиевски, директор на ЈКПД Лозово во статус на фејсбук објавува дека на сметка на ЈПКД Лозово во октомви минатата година е точено гориво во вкупен износ од 158,375.00 денари. Тој пишува дека поранешниот в.д.директор наточил на 31.10.2021 година во 00.07 после полноќ 182 литри гориво.
Кога зборуваме за чест и одговорност треба да се спомене дека на сметка на ЈПКД Лозово за месец октомври е точено гориво во вкупен износ од 158,375.00 денари. ⛔ Дали сметате дека станува збор за премногу потрошено гориво за само еден месец ? Во прилог само мал дел од испратниците од кои на една се гледа дека поранешниот в.д.директор наточил на 31.10.2021 година во 00.07 после полноќ 182 литри гориво.⛔ Дополнително прашање кој е Зоран Атанасов што на 06.10.2021 наточил бензин на сметка на Јавното Претпријатие и се потпишал ? Дали се работи за поранешниот директор на Агенција за храна и ветеринарство и советник на Зоран Заев ?⛔. Поради вака нерационално работење претпријатието е доведено во милионски долгови и секојдневно да биде под закани од блокирање на сметка, нередовно земање на плата на вработените и неможност од редовно извршување и сервисирање на обврските кон граѓаните, пишува Илиевски.  

The post Илиевски: Кој е Зоран Атанасов што точел бензин на сметка на ЈПКД Лозово? appeared first on Република.

]]>