ловење Archives - Република https://republika.mk/tema/lovenje/ За подобро да се разбереме Sat, 28 Sep 2024 11:43:58 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png ловење Archives - Република https://republika.mk/tema/lovenje/ 32 32 И тоа се сетија: Полицајци, маскирани во кокошки, ги ловат арогантните возачи https://republika.mk/vesti/svet/i-toa-se-setija-politsajtsi-maskirani-vo-kokoshki-gi-lovat-arogantnite-vozachi/ Sat, 28 Sep 2024 12:10:16 +0000 https://republika.mk/?p=820531

Запирање на автомобил за да можат пешаците да поминат на пешачки премин е дел од културата на возење, но пред сè е обврска регулирана со сообраќајните прописи.

Но, што ако возачите не ги почитуваат правилата и возачката култура не им е позната?

Во Сан Франциско, возачите често не го следат ова правило. Затоа полицијата поведе интересна иницијатива која се одвива на пешачки премини.

Имено, полицијата во Сан Франциско одлучи да ги казни возачите кои не застануваат на пешачки премини со употреба на упадливи костими.

Ако видите џиновска кокошка на пешачки премин и не застанете, ќе добиете парична казна. Затоа што има полицаец во костум на кокошка кој го известува својот колега, кој е малку подалеку од преминот, дека возачот не застанал.


Секако после тоа следи прекршочна пријава.

„Ако возачите не забележат некој облечен во џиновски костум од кокошка, тогаш тие навистина имаат проблем“, вели поручникот Џонатан Озол.

Очигледно, по лансирањето на оваа кампања, возачите сепак возат повнимателно. Ако ништо друго, ќе забават за да видат што прави џиновското шарено пиле на пешачкиот премин.

Казните за непропуштање на пешаците на пешачки одат и до 400 долари.

The post И тоа се сетија: Полицајци, маскирани во кокошки, ги ловат арогантните возачи appeared first on Република.

]]>

Запирање на автомобил за да можат пешаците да поминат на пешачки премин е дел од културата на возење, но пред сè е обврска регулирана со сообраќајните прописи. Но, што ако возачите не ги почитуваат правилата и возачката култура не им е позната? Во Сан Франциско, возачите често не го следат ова правило. Затоа полицијата поведе интересна иницијатива која се одвива на пешачки премини. Имено, полицијата во Сан Франциско одлучи да ги казни возачите кои не застануваат на пешачки премини со употреба на упадливи костими. Ако видите џиновска кокошка на пешачки премин и не застанете, ќе добиете парична казна. Затоа што има полицаец во костум на кокошка кој го известува својот колега, кој е малку подалеку од преминот, дека возачот не застанал. Секако после тоа следи прекршочна пријава. „Ако возачите не забележат некој облечен во џиновски костум од кокошка, тогаш тие навистина имаат проблем“, вели поручникот Џонатан Озол. Очигледно, по лансирањето на оваа кампања, возачите сепак возат повнимателно. Ако ништо друго, ќе забават за да видат што прави џиновското шарено пиле на пешачкиот премин. Казните за непропуштање на пешаците на пешачки одат и до 400 долари.

The post И тоа се сетија: Полицајци, маскирани во кокошки, ги ловат арогантните возачи appeared first on Република.

]]>