Лосон Archives - Република https://republika.mk/tema/loson/ За подобро да се разбереме Mon, 12 Feb 2024 14:19:57 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Лосон Archives - Република https://republika.mk/tema/loson/ 32 32 Пендаровски на средба со амбасадорот Метју Лосон: Обединетото Кралство ќе продолжи со конкретната поддршка во остварувањето на македонските стратешки приоритети https://republika.mk/vesti/makedonija/pendarovski-na-sredba-so-ambasadorot-metju-loson-obedinetoto-kralstvo-ke-prodolzhi-so-konkretnata-poddrshka-vo-ostvaruvaneto-na-makedonskite-strateshki-prioriteti/ Mon, 12 Feb 2024 12:27:09 +0000 https://republika.mk/?p=743214

Претседателот Стево Пендаровски денеска го прими амбасадорот на Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска, Метју Лосон.

На средбата се разговараше за билатералните односи и соработката меѓу двете држави, како и за актуелните случувања и предизвици во регионот, при што соговорниците изразија задоволство од развојот на севкупните односи, кои ги карактеризира пријателство, меѓусебна доверба и цврсто партнерство.

Претседателот Пендаровски и амбасадорот Лосон разменија мислења и информации за актуелните прашања поврзани со интеграцијата на нашата земја во Европската Унија, за соработката и делувањето на двете држави во рамки на НАТО Алијансата, како и за билатерални прашања од взаемен интерес.

Претседателот Пендаровски изрази увереност дека Обединетото Кралство ќе продолжи со конкретната поддршка и помош во остварувањето на македонските стратешки приоритети и се заблагодари за постојаната британска поддршка за клучните прашања од нашата независност до денес.

The post Пендаровски на средба со амбасадорот Метју Лосон: Обединетото Кралство ќе продолжи со конкретната поддршка во остварувањето на македонските стратешки приоритети appeared first on Република.

]]>

Пендаровски ги прими акредитивните писма на новоименуваниот амбасадор на Обединетото Кралство, Метју Лосон https://republika.mk/vesti/makedonija/pendarovski-gi-primi-akreditivnite-pisma-na-novoimenuvaniot-ambasador-na-obedinetoto-kralstvo-metju-loson/ Wed, 27 Jul 2022 10:23:06 +0000 https://republika.mk/?p=533729

Претседателот Стево Пендаровски денеска ги прими акредитивните писма на новоименуваниот амбасадор на Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска, Метју Лосон.

На свечената церемонија, претседателот Пендаровски истакна дека Република Македонија придава големо значење на развојот на односите и соработката со Обединетото Кралство, оценувајќи дека Обединетото Кралство имаше круцијална улога во развојот на Република Македонија како европска демократија.

„Особено ги цениме силните партнерски односи кои ги негуваме во рамки на НАТО, посебно во време кога се соочуваме со сериозни глобални безбедносни предизвици. Ве уверувам дека Македонија ќе продолжи активно да придонесува кон сите идни мировни процеси како земја – сојузник и партнер на НАТО, а во интерес на добробитта на европскиот континент и пошироко“, рече претседателот Пендаровски.

На церемонијата амбасадорот Лосон истакна дека односите меѓу двете држави се навистина важни за Обединетото Кралство.

Ја зголемуваме нашата поддршка и за Македонија и за регионот со цел да ги поддржиме вашите напори за градење просперитет во безбедно и стабилно соседство. Успехот во овие области исто така ќе биде од корист за Обединетото Кралство и Европа како целина“, рече амбасадорот Лосон.

Претседателот Пендаровски на амбасадорот Лосон му посака успешно извршување на значајната дипломатска мисија.

The post Пендаровски ги прими акредитивните писма на новоименуваниот амбасадор на Обединетото Кралство, Метју Лосон appeared first on Република.