лош здив Archives - Република https://republika.mk/tema/losh-zdiv/ За подобро да се разбереме Thu, 07 Dec 2023 10:09:48 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png лош здив Archives - Република https://republika.mk/tema/losh-zdiv/ 32 32 Оваа храна е одличен сојузник во борбата против лошиот здив https://republika.mk/zivot/kaleidoskop/ovaa-hrana-e-odlichen-sojuznik-vo-borbata-protiv-loshiot-zdiv/ Thu, 07 Dec 2023 10:09:48 +0000 https://republika.mk/?p=720635

Повеќе од 50 проценти од општата популација се соочува со проблемот на лош здив, познат како халитоза, кој може да биде срамен и може да има психолошко влијание врз поединецот.

Овој феномен често станува забележлив кога човек се чувствува непријатно за време на разговор со други, честопати обидувајќи се да го прикрие проблемот со ставање на тупаницата пред устата.

Но, лошиот здив може да произлезе од различни причини, вклучително и конзумирање на одредени намирници како кромид, зголемено лачење во устата, но може да биде и причина за метаболички заболувања, пушење, консумирање алкохол, како и лоша орална хигиена.

Еден од природните начини да се ослободите од лошиот здив е да јадете моркови.

Морковите можат позитивно да влијаат на оралното здравје на неколку начини:

Природна четка за заби

Морковите, поради нивната крцкава текстура и високата содржина на влакна, можат да дејствуваат како природна четка за заби, помагајќи да се отстрани плакот и забниот камен од забите.

Придонесува за здравјето на непцата

Морковите се извор на витамини како А, К и биотин, кои се клучни за зајакнување и подобрување на здравјето на непцата.

Зајакнување на забите

Содржината на калциум и фосфор во морковот може да придонесе за зајакнување на забите, а редовното џвакање моркови може да помогне во зајакнувањето на самата вилица.

Заедно со морковите, некои други природни начини за борба против лошиот здив вклучуваат консумирање јогурт кој содржи пробиотици, бобинки, портокали и дињи богати со витамин Ц и следење на правилата за орална хигиена како редовно миење со забен конец.

Исто така, посетата на стоматолог може да биде од клучно значење, особено ако лошиот здив е предизвикан од пародонтална болест.

The post Оваа храна е одличен сојузник во борбата против лошиот здив appeared first on Република.

]]>

Повеќе од 50 проценти од општата популација се соочува со проблемот на лош здив, познат како халитоза, кој може да биде срамен и може да има психолошко влијание врз поединецот. Овој феномен често станува забележлив кога човек се чувствува непријатно за време на разговор со други, честопати обидувајќи се да го прикрие проблемот со ставање на тупаницата пред устата. Но, лошиот здив може да произлезе од различни причини, вклучително и конзумирање на одредени намирници како кромид, зголемено лачење во устата, но може да биде и причина за метаболички заболувања, пушење, консумирање алкохол, како и лоша орална хигиена. Еден од природните начини да се ослободите од лошиот здив е да јадете моркови. Морковите можат позитивно да влијаат на оралното здравје на неколку начини: Природна четка за заби Морковите, поради нивната крцкава текстура и високата содржина на влакна, можат да дејствуваат како природна четка за заби, помагајќи да се отстрани плакот и забниот камен од забите. Придонесува за здравјето на непцата Морковите се извор на витамини како А, К и биотин, кои се клучни за зајакнување и подобрување на здравјето на непцата. Зајакнување на забите Содржината на калциум и фосфор во морковот може да придонесе за зајакнување на забите, а редовното џвакање моркови може да помогне во зајакнувањето на самата вилица. Заедно со морковите, некои други природни начини за борба против лошиот здив вклучуваат консумирање јогурт кој содржи пробиотици, бобинки, портокали и дињи богати со витамин Ц и следење на правилата за орална хигиена како редовно миење со забен конец. Исто така, посетата на стоматолог може да биде од клучно значење, особено ако лошиот здив е предизвикан од пародонтална болест.

The post Оваа храна е одличен сојузник во борбата против лошиот здив appeared first on Република.

]]>