локхид мартин Archives - Република https://republika.mk/tema/lokhid-martin/ За подобро да се разбереме Wed, 13 Nov 2024 15:03:23 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png локхид мартин Archives - Република https://republika.mk/tema/lokhid-martin/ 32 32 Значајно се зголемува производството и испораката на американските борбени авиони Ф-35 https://republika.mk/vesti/svet/znachajno-se-zgolemuva-proizvodstvoto-i-isporakata-na-amerikanskite-borbeni-avioni-f-35/ Wed, 13 Nov 2024 15:02:38 +0000 https://republika.mk/?p=834878

Американската компанија „Локхид Мартин“ достигна стапка на производство од 20 борбени авиони Ф-35 месечно, што пак ќе го елиминира заостанатото производство предизвикано од едногодишното исклучување.

Производството на авионот беше прекинато во летото 2023 година поради дефекти во софтверот на комплексот „Tech Refresh 3“ (TR-3), кој не ги помина сите потребни тестови. Во јули 2024 година, американската влада продолжи да ги прифаќа авионите Ф-35, дозволувајќи и на компанијата да ги зголеми испораките и да почне со испорака на претпродукциски авиони што беа во складиште.

Според компанијата, за само три и пол месеци биле испорачани повеќе од 60 авиони. „Локхид Мартин“ планира да го зголеми бројот на испорачани Ф-35 на бројка од 90 до 110 до крајот на 2024 година, што бара месечни испораки од 15 до 23 авиони.

The post Значајно се зголемува производството и испораката на американските борбени авиони Ф-35 appeared first on Република.

]]>

Американската компанија „Локхид Мартин“ достигна стапка на производство од 20 борбени авиони Ф-35 месечно, што пак ќе го елиминира заостанатото производство предизвикано од едногодишното исклучување. Производството на авионот беше прекинато во летото 2023 година поради дефекти во софтверот на комплексот „Tech Refresh 3“ (TR-3), кој не ги помина сите потребни тестови. Во јули 2024 година, американската влада продолжи да ги прифаќа авионите Ф-35, дозволувајќи и на компанијата да ги зголеми испораките и да почне со испорака на претпродукциски авиони што беа во складиште. Според компанијата, за само три и пол месеци биле испорачани повеќе од 60 авиони. „Локхид Мартин“ планира да го зголеми бројот на испорачани Ф-35 на бројка од 90 до 110 до крајот на 2024 година, што бара месечни испораки од 15 до 23 авиони.

The post Значајно се зголемува производството и испораката на американските борбени авиони Ф-35 appeared first on Република.

]]>
Полска потпиша договори вредни 250 милиони долари за производство и сервисирање ракетни системи од САД https://republika.mk/vesti/svet/polska-potpisha-dogovori-vredni-250-milioni-dolari-za-proizvodstvo-i-servisirane-raketni-sistemi-od-sad/ Sat, 26 Aug 2023 16:44:01 +0000 https://republika.mk/?p=676080

Полскиот министер за одбрана, Мариуш Блашчак, потпиша договори со американските компании за производство на оружје, „Рајтеон и „Локхид Мартин“, кои обезбедуваат производство и поправка на елементи за националниот систем за противракетна одбрана со среден дострел „Висла“.

Вкупната вредност на договорот е околу 250 милиони долари. Во согласност со него, во Полска ќе се основа производствена и поправна база за постројките на системот „Висла“, вклучувајќи ги радарите „ЛТАМДС гоуст ај“ (LTAMDS Ghost Eye) и ракетите „ПАК-3 МСЕ“ (PAC-3 MSE).

https://twitter.com/MON_GOV_PL/status/1695046400440991907

Потпишаните договори се однесуваат и на стекнување дополнителни можности за сервисирање на авиони Ф-16 и Ц-130. Покрај тоа, Полска ќе добие надлежности и лиценци за производство на гориво за ракетите Хајмарс МЛРС, како и надлежности поврзани со ракетите ПАК-3 МСЕ за системот „Висла“. За сервисирање на овие системи, ќе се создаде нова база за поправка и производство во земјата.

Офсет договорите се долгорочен договор за набавка. Офсет значи компензација обезбедена од добавувачот на клиентот во форма на поддоговори за контра трговија или инвестициски обврски.

Со други зборови: се очекува „Рајтеон“ и „Локхид Мартин“ да инвестираат дел од приходите од договорот во полската економија. Веројатно, тоа ќе се реализира преку изградба на индустриски претпријатија.

The post Полска потпиша договори вредни 250 милиони долари за производство и сервисирање ракетни системи од САД appeared first on Република.

]]>

Полскиот министер за одбрана, Мариуш Блашчак, потпиша договори со американските компании за производство на оружје, „Рајтеон и „Локхид Мартин“, кои обезбедуваат производство и поправка на елементи за националниот систем за противракетна одбрана со среден дострел „Висла“. Вкупната вредност на договорот е околу 250 милиони долари. Во согласност со него, во Полска ќе се основа производствена и поправна база за постројките на системот „Висла“, вклучувајќи ги радарите „ЛТАМДС гоуст ај“ (LTAMDS Ghost Eye) и ракетите „ПАК-3 МСЕ“ (PAC-3 MSE). https://twitter.com/MON_GOV_PL/status/1695046400440991907 Потпишаните договори се однесуваат и на стекнување дополнителни можности за сервисирање на авиони Ф-16 и Ц-130. Покрај тоа, Полска ќе добие надлежности и лиценци за производство на гориво за ракетите Хајмарс МЛРС, како и надлежности поврзани со ракетите ПАК-3 МСЕ за системот „Висла“. За сервисирање на овие системи, ќе се создаде нова база за поправка и производство во земјата. Офсет договорите се долгорочен договор за набавка. Офсет значи компензација обезбедена од добавувачот на клиентот во форма на поддоговори за контра трговија или инвестициски обврски. Со други зборови: се очекува „Рајтеон“ и „Локхид Мартин“ да инвестираат дел од приходите од договорот во полската економија. Веројатно, тоа ќе се реализира преку изградба на индустриски претпријатија.

The post Полска потпиша договори вредни 250 милиони долари за производство и сервисирање ракетни системи од САД appeared first on Република.

]]>
НАСА ја избра компанијата за производство на оружје „Локхид Мартин“ да развие летало за на Марс https://republika.mk/zivot/kaleidoskop/nasa-ja-izbra-kompanijata-za-proizvodstvo-na-oruzhje-lokhid-martin-da-razvie-letalo-za-na-mars/ Fri, 28 Jul 2023 08:25:31 +0000 https://republika.mk/?p=666171

Американската Национална воздушно-вселенска администрација (НАСА) и Напредната одбранбена агенција за истражувачки проекти (ДАРПА) ја избраа компанијата „Локхид Мартин“ за конструкција и развој на вселенско летало со нуклеарен термички ракетен мотор за идните мисии на Марс.

Нуклеарниот термички погон (НТП) има неколку предности во однос на ракетите со хемиски погон. Пред сѐ, тој е два до пет пати поделотворен и им овозможува на вселенските летала побрзо движење. Покрај тоа, намалениот баран простор за горивото остава повеќе место за складирање научна опрема и други основни работи на самото летало.

Исто така, нуклеарните мотори го олеснуваат менувањето на траекторијата на вселенското летало за повратно патување порано од очекуваното. Овие фактори заедно го прават НТП скоро идеален метод за патување до Марс.

Овие помоќни и поделотворни нуклеарни термални погонски системи можат да обезбедат пократко време на транзит меѓу дестинациите. Намалувањето на тоа време е битно за човековите мисии на Марс за да се ограничи изложеноста на екипажот на радијација, изјави Кирк Шајрман, одговорен за месечеви и вселенски истражувања во „Локхид Мартин“.

Системот НТП ќе користи нуклеарен реактор за брзо загревање на водородот до екстремно високи температури, а потоа тој гас се насочува низ млазницата на моторот за да се создаде потисок за вселенското летало. Пред НТП да им дозволи на првите луѓе да патуваат на Марс, може да се користи и за пократки летови. Овој погон би можел да го направи и преносот на материјали до Месечината уште полесен и побрз.

https://www.youtube.com/watch?v=LSIlLUKiiGE&embeds_referring_euri=https%3A%2F%2Fmia.mk%2F&source_ve_path=MjM4NTE&feature=emb_title

The post НАСА ја избра компанијата за производство на оружје „Локхид Мартин“ да развие летало за на Марс appeared first on Република.

]]>

Американската Национална воздушно-вселенска администрација (НАСА) и Напредната одбранбена агенција за истражувачки проекти (ДАРПА) ја избраа компанијата „Локхид Мартин“ за конструкција и развој на вселенско летало со нуклеарен термички ракетен мотор за идните мисии на Марс. Нуклеарниот термички погон (НТП) има неколку предности во однос на ракетите со хемиски погон. Пред сѐ, тој е два до пет пати поделотворен и им овозможува на вселенските летала побрзо движење. Покрај тоа, намалениот баран простор за горивото остава повеќе место за складирање научна опрема и други основни работи на самото летало. Исто така, нуклеарните мотори го олеснуваат менувањето на траекторијата на вселенското летало за повратно патување порано од очекуваното. Овие фактори заедно го прават НТП скоро идеален метод за патување до Марс.
Овие помоќни и поделотворни нуклеарни термални погонски системи можат да обезбедат пократко време на транзит меѓу дестинациите. Намалувањето на тоа време е битно за човековите мисии на Марс за да се ограничи изложеноста на екипажот на радијација, изјави Кирк Шајрман, одговорен за месечеви и вселенски истражувања во „Локхид Мартин“.
Системот НТП ќе користи нуклеарен реактор за брзо загревање на водородот до екстремно високи температури, а потоа тој гас се насочува низ млазницата на моторот за да се создаде потисок за вселенското летало. Пред НТП да им дозволи на првите луѓе да патуваат на Марс, може да се користи и за пократки летови. Овој погон би можел да го направи и преносот на материјали до Месечината уште полесен и побрз. https://www.youtube.com/watch?v=LSIlLUKiiGE&embeds_referring_euri=https%3A%2F%2Fmia.mk%2F&source_ve_path=MjM4NTE&feature=emb_title

The post НАСА ја избра компанијата за производство на оружје „Локхид Мартин“ да развие летало за на Марс appeared first on Република.

]]>