локдаун Archives - Република https://republika.mk/tema/lokdaun/ За подобро да се разбереме Thu, 12 May 2022 09:53:32 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png локдаун Archives - Република https://republika.mk/tema/lokdaun/ 32 32 Северна Кореја воведе локдаун откако се појавија првите случаи на ковид-19 во земјата https://republika.mk/vesti/svet/severna-koreja-vovede-lokdaun-otkako-se-pojavija-prvite-sluchai-na-kovid-19-vo-zemjata/ Thu, 12 May 2022 09:53:32 +0000 https://republika.mk/?p=501396

Северна Кореја воведе блокада низ целата земја откако ги потврди првите случаи на Ковид -19 од почетокот на пандемијата.

Инфекциите предизвикани од подваријантата БА.2 на високо преносливиот вид Омикрон се откриени во главниот град Пјонгјанг на 8 мај, објавија денеска државните медиуми.

Според Корејската централна новинска агенција (КЦНА), властите не го прецизираа бројот на случаи, но ја опишаа епидемијата како „тешка ситуација“.

На состанокот на владата, со кој претседаваше севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун, се препорачани „најитни“ контролни мерки „за справување со кризата за да се спречи епидемијата“.

Епидемијата предизвикува загриженост за земјата, една од ретките што нема пријавено ниту еден случај на инфекција од почетокот на пандемијата.

Превентивната стратегија на Северна Кореја се потпира на целосно затворање на границите од јануари 2020 година.

Светската здравствена организација нема податоци за вакцини против Ковид-19 во земјата со 25 милиони жители, откако Пјонгјанг постојано одбиваше снабдување со вакцини од меѓународната заедница.

 

The post Северна Кореја воведе локдаун откако се појавија првите случаи на ковид-19 во земјата appeared first on Република.

]]>

Северна Кореја воведе блокада низ целата земја откако ги потврди првите случаи на Ковид -19 од почетокот на пандемијата. Инфекциите предизвикани од подваријантата БА.2 на високо преносливиот вид Омикрон се откриени во главниот град Пјонгјанг на 8 мај, објавија денеска државните медиуми. Според Корејската централна новинска агенција (КЦНА), властите не го прецизираа бројот на случаи, но ја опишаа епидемијата како „тешка ситуација“. На состанокот на владата, со кој претседаваше севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун, се препорачани „најитни“ контролни мерки „за справување со кризата за да се спречи епидемијата“. Епидемијата предизвикува загриженост за земјата, една од ретките што нема пријавено ниту еден случај на инфекција од почетокот на пандемијата. Превентивната стратегија на Северна Кореја се потпира на целосно затворање на границите од јануари 2020 година. Светската здравствена организација нема податоци за вакцини против Ковид-19 во земјата со 25 милиони жители, откако Пјонгјанг постојано одбиваше снабдување со вакцини од меѓународната заедница.  

The post Северна Кореја воведе локдаун откако се појавија првите случаи на ковид-19 во земјата appeared first on Република.

]]>
Оставка на британскиот министер за правда поради скандалот со забавите во локдаунот https://republika.mk/vesti/svet/ostavka-na-britanskiot-minister-za-pravda-poradi-skandalot-so-zabavite-vo-lokdaunot/ Thu, 14 Apr 2022 07:11:00 +0000 https://republika.mk/?p=488169

Министерот за правда на Велика Британија, лорд Дејвид Волфсон, поднесе оставка на функцијата, откако британскиот премиер Борис Џонсон и министерот за финансии Риши Сунак беа казнети заради прекршување на антиковид-правилата во земјата.

Волфсон во писмото испратено до премиерот, а што го објави и преку својот твитер-налог, истакнува дека постапките на Џонсон не се „во согласност со владеењето на правото“.

Лордот Волфсон истакнува дека би било погрешно „таквото однесување на мине неказнето, особено кога многумина други во општеството ги почитуваа правилата и платија висока цена, додека други биле казнувани или кривично гонети за слични, понекогаш наизглед тивијални прекршоци“.

Волфсон е прв член на британската Влада што поднесува оставка по објавувањето на скандалот со забавите организирани за време на антиковид-рестрикциите.

Премиерот Џонсон изрази жалење поради оставката на Лорд Волфсон, притоа фалејќи го неговиот придонес во реформите на правниот систем во земјата.

Опозицијата во Велика Британија веќе се произнесе со барање за оставки на премиерот Џонсон и министерот Сунак откако им беа изречени казни заради кршење на антиковид-мерките и учество на забава организирана во јуни 2020 година.

 

The post Оставка на британскиот министер за правда поради скандалот со забавите во локдаунот appeared first on Република.

]]>

Министерот за правда на Велика Британија, лорд Дејвид Волфсон, поднесе оставка на функцијата, откако британскиот премиер Борис Џонсон и министерот за финансии Риши Сунак беа казнети заради прекршување на антиковид-правилата во земјата. Волфсон во писмото испратено до премиерот, а што го објави и преку својот твитер-налог, истакнува дека постапките на Џонсон не се „во согласност со владеењето на правото“. Лордот Волфсон истакнува дека би било погрешно „таквото однесување на мине неказнето, особено кога многумина други во општеството ги почитуваа правилата и платија висока цена, додека други биле казнувани или кривично гонети за слични, понекогаш наизглед тивијални прекршоци“. Волфсон е прв член на британската Влада што поднесува оставка по објавувањето на скандалот со забавите организирани за време на антиковид-рестрикциите. Премиерот Џонсон изрази жалење поради оставката на Лорд Волфсон, притоа фалејќи го неговиот придонес во реформите на правниот систем во земјата. Опозицијата во Велика Британија веќе се произнесе со барање за оставки на премиерот Џонсон и министерот Сунак откако им беа изречени казни заради кршење на антиковид-мерките и учество на забава организирана во јуни 2020 година.  

The post Оставка на британскиот министер за правда поради скандалот со забавите во локдаунот appeared first on Република.

]]>
Австрија го укина локдаунот за невакцинираните https://republika.mk/vesti/svet/avstrija-go-ukina-lokdaunot-za-nevakciniranite/ Mon, 31 Jan 2022 09:00:10 +0000 https://republika.mk/?p=451795

Во Австрија од полноќ престана да важи локдаунот за невакцинираните кои сега можат повторно да се движат слободно надвор од дома без страв од казна.

Невакцинираните луѓе неколку недели можеа да одат само во самопослуга, аптека, пошта, банка, на лекар, на работа или на училиште и на прошетка, но само со луѓе од исто домаќинство.

Сепак, укинувањето на карантинот не им ги враќа сите слободи на невакцинираните.

Имено, во продавниците кои не продаваат намирници или средства за хигиена важи правилото „2Г“ што значи дека се „отворени“ само за вакцинирани и луѓе кои прележале Ковид-19.

Истото правило важи и за угостителството, хотелите, културните и спортските настани, како и на многу други места.

Она што сега повторно може да го направат невакцинираните е слободно да се движат надвор од дома, како и да ги посетуваат пријателите.

Австриската Влада во саботата донесе одлука за натамошно олеснување на епидемиолошките мерки, според која од 5 февруари работата на угостителските објекти ќе биде продолжена до полноќ.

Следниот чекор предвидува укинување на правилото „2Г“ и преминување на „3Г“ во угостителството.

Сите овие мерки, како што посочија претставници на Владата во Виена, се можни поради новиот сој омикрон, кој ги промени правилата на игра, односно повеќе луѓе се заразени, но состојбата во болниците останува стабилна.

The post Австрија го укина локдаунот за невакцинираните appeared first on Република.

]]>

Во Австрија од полноќ престана да важи локдаунот за невакцинираните кои сега можат повторно да се движат слободно надвор од дома без страв од казна. Невакцинираните луѓе неколку недели можеа да одат само во самопослуга, аптека, пошта, банка, на лекар, на работа или на училиште и на прошетка, но само со луѓе од исто домаќинство. Сепак, укинувањето на карантинот не им ги враќа сите слободи на невакцинираните. Имено, во продавниците кои не продаваат намирници или средства за хигиена важи правилото „2Г“ што значи дека се „отворени“ само за вакцинирани и луѓе кои прележале Ковид-19. Истото правило важи и за угостителството, хотелите, културните и спортските настани, како и на многу други места. Она што сега повторно може да го направат невакцинираните е слободно да се движат надвор од дома, како и да ги посетуваат пријателите. Австриската Влада во саботата донесе одлука за натамошно олеснување на епидемиолошките мерки, според која од 5 февруари работата на угостителските објекти ќе биде продолжена до полноќ. Следниот чекор предвидува укинување на правилото „2Г“ и преминување на „3Г“ во угостителството. Сите овие мерки, како што посочија претставници на Владата во Виена, се можни поради новиот сој омикрон, кој ги промени правилата на игра, односно повеќе луѓе се заразени, но состојбата во болниците останува стабилна.

The post Австрија го укина локдаунот за невакцинираните appeared first on Република.

]]>