локалитет Archives - Република https://republika.mk/tema/lokalitet/ За подобро да се разбереме Wed, 21 Aug 2024 14:30:12 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png локалитет Archives - Република https://republika.mk/tema/lokalitet/ 32 32 Љутков: Ќе дадеме силна поддршка за локалитетот „Билазора“ да го добие местото што го заслужува https://republika.mk/vesti/kultura/lutkov-ke-dademe-silna-poddrshka-za-lokalitetot-bilazora-da-go-dobie-mestoto-shto-go-zasluzhuva/ Wed, 21 Aug 2024 16:08:29 +0000 https://republika.mk/?p=808735

Министерот за култура и туризам, Зоран Љутков, при денешната посета на археолошкиот локалитет Градиште – Билазора кој се наоѓа кај селото Кнежје, Светиниколско, истакна дека еден од најголемите и најзначајни раноантички градови во внатрешноста на Балканот има големо културно и научно значење и неискористен потенцијал за развивање културен туризам и затоа во наредниот период Министерството за култура и туризам ќе даде силна поддршка за „Билазора“ да го добие местото што го заслужува.

– Археолошкиот локалитет „Билазора“ е еден од неколкуте најзначајни бисери на македонската археолошка мапа, затоа сакам да потсетам дека од 2008 до 2017 година овде се вршеа континуирани арехолошки истражувања, кои извесен период беа во категоријата капитални проекти како што прилега на еден локалитет каков што е „Билазора“, најголемиот град на Пајонците, еден од најстарите и најразвиени балкански народи – потенцираше Љутков, најавувајќи дека овие многу значајни истражувања ќе бидат довршени со поддршка од Министерството за култура и туризам, со што овој локалитет со огромни културни, научни и туристички потенцијали конечно ќе се стави во вистинска функција.

– Со реализирањето на последната фаза од истражувањата на кралската палата со  конзервацијата на откриените архитектонски остатоци на локалитетот ќе се отворат вратите за целосно афирмирање на „Билазора“  како еден од најзначајните археолошки, културни и туристички пунктови од раната антика на Балканот –  истакна министерот Љутков.

За време на посетата, министерот Љутков се сретна со директорот на Музејот на Свети Николе, Александар Нацев, со градоначалникот на Општина Свети Николе, Дејан Владев, како и проф.д-р Ратко Дуев, декан на Филозофскиот факултет во Скопје и проф. д-р Драги Митревски, раководител на стручната екипа што ги реализира археолошките истражувања на овој локалитет, со кои се договори да ги разгледаат сите можности и сериозно да се обрне внимание на промоција на културното наследство на „Билазора“ во туристички цели.

При посетата беше потенцирано дека во наредниот период ќе се работи на заживување и збогатување на локалитетот со придружни културни, едукативни и комерцијални содржини, со цел поквалитетна промоција на културното наследство и поттикнување одржлив економски развој преку организирање театарски, филмски и литературни фестивали, ликовни колонии и концерти.

Од буџетот на Министерството за култура и туризам во 2024 година за локалитетот „Билазора“ се издвоени 844 000 денари. Годинашните систематски археолошки истражувања на „Билазора“, за кои се обезбедени се 304 000 денари, ќе се реализираат во септември, а во тек е непосредната заштита на пронајдените археолошки предмети, за што се издвоени 240 000 денари.

Во Музејот на Свети Николе веќе е изложена постојана археолошка поставка посветена на „Билазора“ каде што може да се видат сите движни наоди откриени на локалитетот и да се добијат сите информации за неговото значење.

The post Љутков: Ќе дадеме силна поддршка за локалитетот „Билазора“ да го добие местото што го заслужува appeared first on Република.

]]>

Локалитетот „Дувало“ во Косел прогласен за природна реткост https://republika.mk/zivot/kaleidoskop/lokalitetot-duvalo-vo-kosel-proglasen-za-prirodna-retkost/ Wed, 31 Jul 2024 08:01:36 +0000 https://republika.mk/?p=801893

Уникатната тектонска појава на локалитетот „Дувло“ во атарот на селото Косел  е прогласена за природна реткост согласно решението на Министерството за животна средина и просторно планирање.

На иницијатива на Одделението за заштита и влијание врз животната средина при Општина Охрид, Министерството за животна средина и просторно планирање донесе решение за прогласување на „Уникатната тектонска појава на локалитетот Дувало Косел“ во атарот на село Косел, Општина Охрид, за природна реткост.

Со цел да се спречи оштетување, уништување и нагрдување на природната реткост „Уникатната тектонска појава на локалитетот Дувало Косел“, како и извршување на други активности од страна на физички и правни лица со кои дирекно или индирекно може да се загрози природната реткост, градоначалникот се грижи и презема активности за чување и одржување на природната реткост заради спречување на: секаков вид градежно-технички активности, изведување земјени работи на локалитетот, пренамена на земјиштето на пошироката околина на локалитетот, оградување, пошумување или сеча и воопшто промена на постоечката вегетација во околината, особено ако е без претходна стручна консулатција, предизвикување пожар во поширока околина на локалитетот и фрлање отпадоци, смет, градежен шут и други материјали на локалитетот и неговото опкружување, се наведува во решението.

Локалитетот Дувло се наоѓа на оддлеченост од 7 километри  северно од Охрид, на десната страна од регионалниот пат Охрид – Битола во село Косел и е на надморска височина од 750 метри и површина од 0,49 хектари.

Со оваа природна реткост стопанисува Општина Охрид, а со цел да се обезбеди нејзина заштита  од  општинскиот буџет се издвоени еден милион денари.

The post Локалитетот „Дувало“ во Косел прогласен за природна реткост appeared first on Република.

]]>

Уникатната тектонска појава на локалитетот „Дувло“ во атарот на селото Косел  е прогласена за природна реткост согласно решението на Министерството за животна средина и просторно планирање. На иницијатива на Одделението за заштита и влијание врз животната средина при Општина Охрид, Министерството за животна средина и просторно планирање донесе решение за прогласување на „Уникатната тектонска појава на локалитетот Дувало Косел“ во атарот на село Косел, Општина Охрид, за природна реткост.
Со цел да се спречи оштетување, уништување и нагрдување на природната реткост „Уникатната тектонска појава на локалитетот Дувало Косел“, како и извршување на други активности од страна на физички и правни лица со кои дирекно или индирекно може да се загрози природната реткост, градоначалникот се грижи и презема активности за чување и одржување на природната реткост заради спречување на: секаков вид градежно-технички активности, изведување земјени работи на локалитетот, пренамена на земјиштето на пошироката околина на локалитетот, оградување, пошумување или сеча и воопшто промена на постоечката вегетација во околината, особено ако е без претходна стручна консулатција, предизвикување пожар во поширока околина на локалитетот и фрлање отпадоци, смет, градежен шут и други материјали на локалитетот и неговото опкружување, се наведува во решението.
Локалитетот Дувло се наоѓа на оддлеченост од 7 километри  северно од Охрид, на десната страна од регионалниот пат Охрид – Битола во село Косел и е на надморска височина од 750 метри и површина од 0,49 хектари. Со оваа природна реткост стопанисува Општина Охрид, а со цел да се обезбеди нејзина заштита  од  општинскиот буџет се издвоени еден милион денари.  

The post Локалитетот „Дувало“ во Косел прогласен за природна реткост appeared first on Република.

]]>
Ново откритие во „Тумба Маџари“, локалитетот ќе се прогласи за културно наследство од особено значење, најави министерот за култура и туризам Зоран Љутков https://republika.mk/vesti/kultura/novo-otkritie-vo-tumba-madhari-lokalitetot-ke-se-proglasi-za-kulturno-nasledstvo-od-osobeno-znachene-najavi-ministerot-za-kultura-i-turizam-zoran-lutkov/ Thu, 04 Jul 2024 12:42:32 +0000 https://republika.mk/?p=793433

Министерот за култура и туризам, Зоран Љутков денеска од неолитскиот локалитет „Тумба Маџари“ ја информираше јавноста за новото откритие од актуелните археолошки истражувања, фигурина од типот на „Голема Мајка“.

Новооткриената фигурина, заедно со уште една амфора, се значајни предмети кои ја збогатуваат ризницата на раритетни откритија на тлото на државата и даваат посебна ексклузивност на македонската археологија, историја и култура“, рече министерот Љутков.

Тој додаде дека за Министерството за култура и туризам, новите откритија се важни и во насока на тоа што укажуваат дека границите на локалитетот се прошируваат.

Жалам што во годините наназад археолошки истражувања биле во застој, се определувале средства само за одржување, но како што сум информиран веќе е изготвен Елаборат за валоризација на локалитетот и Министерството за култура и туризам ќе даде силна поддршка во заштитата на културното наследство како наш врвен приоритет.

Овој локалитет ќе се прогласи за културно наследство од особено значење и ‘Тумба Маџари’, како дел од урбано Скопје, повидливо ќе се стави и во функција на културниот туризам“, истакна Љутков, кој додаде дека вгодина, ќе бидат зголемени минималните средства кои годинава се определни за поддршка на археолошките истражувања на локалитетот.

Министерот Љутков го истакна партнерскиот однос на Археолошкиот музеј и Општина Газа Баба во одржувањето на вредниот локалитет, и посочи дека грижата за „Тумба Маџари“ е успешен пример на соработка помеѓу централните установи и локалната самоуправа.

Градоначалникот на Општина Гази Баба, Бобан Стефковски изрази задоволство од продолжување на истражувањата на локалитетот и новите откритија, додавајќи дека тие продолжуваат со негова афирмација и промоција надвор од границите на државата.

Тој ја поддржа иницијативана на Министерството за прогласување на локалитетот за културно наследство од особено значење што, како што рече ќе обезбеди трајна заштита на ова непроценливо културно наследство.

Директорката на Археолошкиот музеј, Славица Бабамова, во годината во која Музејот одбележува 100 години од своето формирање, му врачи награда на градоначалникот Стефковски, за децениската поддршка што ја добиваат во заштитата на првиот музеј под отворено небо.

Со оглед на тоа што археолошките истражувања на локалитетот годинава продолжуваат по 10 годишен застој, раководителката на проектот, археологот Елена Стојанова-Канзурова, посочи на уникатноста на наодите од Скопскиот и од Пелагонискиот регион од неолитскиот период во светски рамки, и токму поради тоа најави апликација за нивно впишување на листата на светско културно наследство на УНЕСКО.

The post Ново откритие во „Тумба Маџари“, локалитетот ќе се прогласи за културно наследство од особено значење, најави министерот за култура и туризам Зоран Љутков appeared first on Република.

]]>

Министерот за култура и туризам, Зоран Љутков денеска од неолитскиот локалитет „Тумба Маџари“ ја информираше јавноста за новото откритие од актуелните археолошки истражувања, фигурина од типот на „Голема Мајка“.
Новооткриената фигурина, заедно со уште една амфора, се значајни предмети кои ја збогатуваат ризницата на раритетни откритија на тлото на државата и даваат посебна ексклузивност на македонската археологија, историја и култура“, рече министерот Љутков.
Тој додаде дека за Министерството за култура и туризам, новите откритија се важни и во насока на тоа што укажуваат дека границите на локалитетот се прошируваат.
Жалам што во годините наназад археолошки истражувања биле во застој, се определувале средства само за одржување, но како што сум информиран веќе е изготвен Елаборат за валоризација на локалитетот и Министерството за култура и туризам ќе даде силна поддршка во заштитата на културното наследство како наш врвен приоритет. Овој локалитет ќе се прогласи за културно наследство од особено значење и ‘Тумба Маџари’, како дел од урбано Скопје, повидливо ќе се стави и во функција на културниот туризам“, истакна Љутков, кој додаде дека вгодина, ќе бидат зголемени минималните средства кои годинава се определни за поддршка на археолошките истражувања на локалитетот.
Министерот Љутков го истакна партнерскиот однос на Археолошкиот музеј и Општина Газа Баба во одржувањето на вредниот локалитет, и посочи дека грижата за „Тумба Маџари“ е успешен пример на соработка помеѓу централните установи и локалната самоуправа. Градоначалникот на Општина Гази Баба, Бобан Стефковски изрази задоволство од продолжување на истражувањата на локалитетот и новите откритија, додавајќи дека тие продолжуваат со негова афирмација и промоција надвор од границите на државата. Тој ја поддржа иницијативана на Министерството за прогласување на локалитетот за културно наследство од особено значење што, како што рече ќе обезбеди трајна заштита на ова непроценливо културно наследство. Директорката на Археолошкиот музеј, Славица Бабамова, во годината во која Музејот одбележува 100 години од своето формирање, му врачи награда на градоначалникот Стефковски, за децениската поддршка што ја добиваат во заштитата на првиот музеј под отворено небо. Со оглед на тоа што археолошките истражувања на локалитетот годинава продолжуваат по 10 годишен застој, раководителката на проектот, археологот Елена Стојанова-Канзурова, посочи на уникатноста на наодите од Скопскиот и од Пелагонискиот регион од неолитскиот период во светски рамки, и токму поради тоа најави апликација за нивно впишување на листата на светско културно наследство на УНЕСКО.  

The post Ново откритие во „Тумба Маџари“, локалитетот ќе се прогласи за културно наследство од особено значење, најави министерот за култура и туризам Зоран Љутков appeared first on Република.

]]>
По пауза од 40 години струмичките археолози повторно го истражуваат локалитетот „Свети 40 Севастиски маченици“ во Банско https://republika.mk/vesti/kultura/po-pauza-od-40-godini-strumichkite-arheolozi-povtorno-go-istrazhuvaat-lokalitetot-sveti-40-sevastiski-machenitsi-vo-bansko/ Mon, 15 May 2023 11:53:29 +0000 https://republika.mk/?p=640982

По пауза од речиси четири децении струмичките археолози повторно вршат археолошки истражувања на локалитетот „Свети 40 Севастиски маченици“ во селото Банско.

Тимот на „Завод и Музеј Струмица“ го предводат археолозите Душко Цветанов и Ване Секулов и според нив станува збор за средновековна црква изградена во периодот 11-12 век.

Сакралниот објект поседува синтронос на источната страна што упатува на заклучокот дека била епископско седиште. Во 2021 година на црквата беа извршени конзерваторски-реставраторски работи со што овој значаен споменик на културата за средновековната духовна култура на Струмица и струмичко во континуитет го добива својот заслужен третман, информираа од „Завод и Музеј Струмица“.

Стручен тим од оваа установа, во сорабтка со д-р Трајче Нацев од Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип, почна и со реализација на проектот ,,Изработка на основен проект за конзервација и реставрација на Пирг кулата во село Мокриево", која била изградена во периодот од 5-6 век, а најверојатно била активна и во периодот на Цар Самуил.

Проектите се од годишната програма на институцијата и се поддржани од Министерството за култура.

The post По пауза од 40 години струмичките археолози повторно го истражуваат локалитетот „Свети 40 Севастиски маченици“ во Банско appeared first on Република.

]]>

По пауза од речиси четири децении струмичките археолози повторно вршат археолошки истражувања на локалитетот „Свети 40 Севастиски маченици“ во селото Банско. Тимот на „Завод и Музеј Струмица“ го предводат археолозите Душко Цветанов и Ване Секулов и според нив станува збор за средновековна црква изградена во периодот 11-12 век.
Сакралниот објект поседува синтронос на источната страна што упатува на заклучокот дека била епископско седиште. Во 2021 година на црквата беа извршени конзерваторски-реставраторски работи со што овој значаен споменик на културата за средновековната духовна култура на Струмица и струмичко во континуитет го добива својот заслужен третман, информираа од „Завод и Музеј Струмица“.
Стручен тим од оваа установа, во сорабтка со д-р Трајче Нацев од Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип, почна и со реализација на проектот ,,Изработка на основен проект за конзервација и реставрација на Пирг кулата во село Мокриево", која била изградена во периодот од 5-6 век, а најверојатно била активна и во периодот на Цар Самуил. Проектите се од годишната програма на институцијата и се поддржани од Министерството за култура.

The post По пауза од 40 години струмичките археолози повторно го истражуваат локалитетот „Свети 40 Севастиски маченици“ во Банско appeared first on Република.

]]>
Продолжува оштетувањето на археолошкиот локалитет Влахо кај Живојно, целосно е уништена источната периферија https://republika.mk/vesti/kultura/prodolzhuva-oshtetuvaneto-na-arheoloshkiot-lokalitet-vlaho-kaj-zhivojno-tselosno-e-unishtena-istochnata-periferija/ Wed, 01 Mar 2023 11:58:27 +0000 https://republika.mk/?p=614645

Центар за истражување на предисторијата известува дека археолошкиот локалитет Влахо кај Живојно и понатаму се оштетува поради експлоатација на јаглен.

За жал, и покрај укажувањата на Управата за заштита на културно наследство и Завод и музеј – Битола да се запре оштетувањето на локалитетот до негово истражување, противзаконски се продолжи со копањето за јаглен во рамки на оваа значајна неолитска населба. Како резултат на овој крајно неетичен чин, целосно е уништена источната периферија на локалитетот со што е оневозможено негово истражување и трајно се изгубени битни информации поврзани со животот во неолитот“, велат од овој центар.

Како што велат оттаму, при девастирачките работи со багери оштетени се неколку ровови и повеќе неолитски куќи, а исфрлени се и илјадници остатоци од керамички садови, фигурини и алатки.

Благодарение на резултатите добиени од геомагнетното скенирање може да се увиди кои делови од локалитетот се уништени и оштетени, што претставува несовесно и намерно остранување на евидентни археолошки содржини. Направениот укоп за јаглен во источниот дел на локалитетот ќе предизвика натамошен одрон на археолошките слоеви што се наоѓаат до него, како и континуирано оштетување на локалитетот. Ваквото неодговорно уништување на археолошки локалитети е недозволиво, особено што Македонија е потписничка на Фаро конвенцијата иницирана од Советот на Европа, при што државите се заложуваат да го заштитат културното наследство. Оштетувањето на локалитетот Влахо веќе предизвикува остри реакции од страна на меѓународните институции и стручњаци кои го осудуваат овој вандалски чин. Тоа воедно дава и лоша слика за земјата во која не се почитуваат законите за заштита на културното наследство“ додаваат оттаму.

The post Продолжува оштетувањето на археолошкиот локалитет Влахо кај Живојно, целосно е уништена источната периферија appeared first on Република.

Археолошкиот локалитет „Баргала“ ќе се осветли на есен https://republika.mk/vesti/kultura/arheoloshkiot-lokalitet-bargala-kje-se-osvetli-na-esen/ Thu, 28 Jul 2022 07:10:35 +0000 https://republika.mk/?p=534063

Археолошкиот локалитет „Баргала“ конечно ќе биде осветлен. Директорот на НУ Завод и музеј – Штип Митко Штерјов вели дека реалзиацијата на проектот ќе се случи на есен. Средствата се обезбедени преку Центарот за развој на Источно-планскиот регион, Министерството за локална самоуправа и Бирото за рамномерен регионален развој.

Штерјов појаснува дека минатата година конкуриле со два проекти, првиот е за реконструкција на штипската Саат кула, а вториот и осветлување на локалитетот „Баргала“.

По неколку процеси за вреднување на проектите, на крајот остана да се реализира само проектот за осветлување на „Баргала“, а проектот за реставрација и конзервација на Саат кулата не помина. Можеби, е до финансиските средства, не ја знаеме причината. Меѓутоа, ние сме задоволни кога ќе помине барем еден проект. Сепак, сите проекти заслужуваат и во понатамошниот период се надеваме дека ќе дојде ред и за овој, вели Штерјов.

Очекува активностите на „Баргала“ да почнат во септември, со цел поголема безбедност на овој значаен локалитет во источниот регион.

Тоа е процес којшто треба да се одвива, се надевам дека од есен ќе почне да се реализира, бидејќи така се и проектните програми со Источно-планскиот регион и со Општина Карбинци. Се надеваме дека во септември или октомври ќе почне со реализација овој проект. Ние, како Завод и Музеј имаме неколку проекти коишто ги конкуриравме и понатаму ќе ги конкурираме, што заедно со општините, така и на меѓународни проекти, проекти од Министерството. Тоа е реставрација и конзервација на „Св. Илија“, односно „усамедин Пашина џамија, а и оној што сите сакаме да се реализира е за конзервација на тврдината Исар, додава Штерјов.

Штипската саат кула со помош на волонтери беше ставена во функција во 2018 година, кога и повторно се слушна отчукувањето на саатот од кулата. Инаку, според пишаните документи, овој споменик на културата е изграден од турски бег во 1650 година.

The post Археолошкиот локалитет „Баргала“ ќе се осветли на есен appeared first on Република.