локали Archives - Република https://republika.mk/tema/lokali/ За подобро да се разбереме Fri, 21 Oct 2022 08:50:47 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png локали Archives - Република https://republika.mk/tema/lokali/ 32 32 Kaзнети четири локали од 360.000 до 800.000 денари поради гласна музика во Центар https://republika.mk/vesti/crna-hronika/kazneti-chetiri-lokali-od-360-000-do-800-000-denari-poradi-glasna-muzika-vo-centar/ Fri, 21 Oct 2022 08:50:47 +0000 https://republika.mk/?p=563951

По зголемениот број пријави од граѓани за гласна музика од угостителските објекти во ноќните часови, особено во летниот период, Секторот за Инспекциски работи на Општина Центар во периодот од мај до септември спроведе акции за мерење на бучавата од гласна музика.

Акциите се спроведени на различни локации на територија на општината, во ноќните часови, после 23 часот. Акциите се спроведени на локации во Капиштец, Дебар маало, Буњаковец, улица Македонија и Кеј 13 Ноември, при што се поминати повеќе локали и опоменати се да ги почитуваат граничните вредности за бучава во животната средина.

Мерењата се извршени од овластена лабораторија за животна средина и мерење на ниво на бучава, со која општината има склучен договор. Согласно извештаите од мерењата на бучава предизвикана од гласна музика, измерените вредности во сите случаи ги надминуваат дозволените гранични вредности, согласно „Правилникот за гранични вредности на нивото на бучава во животна средина“.

За сите локали се започнати инспекциски постапки, согласно Законот за бучава во животна средина, при што правните лица се задолжени со Решенија да преземат мерки во одреден рок, за намалување на бучавата. При контролните мерења, повторно се констатирани надминувања на граничните вредности, за што локалите: Мош, Мечос, Локал 45 и Интермецо се казнети со платен налог за наплата на глоба во висина од 360.000 до 800.000 денари, во зависност од тежината на сторениот прекршок. Доколку правните лица не ја платат глобата, се поведува постапка во Основен суд.

Општина Центар апелира до сите управители и сопственици на угостителски објекти во општината, да се придржуваат до постоечките правилници, да имаат обзир кон жителите кои живеат во непосредна близина на нивните локали и да го почитуваат Законот за заштита од бучава во животната средина.

 

The post Kaзнети четири локали од 360.000 до 800.000 денари поради гласна музика во Центар appeared first on Република.

]]>

По зголемениот број пријави од граѓани за гласна музика од угостителските објекти во ноќните часови, особено во летниот период, Секторот за Инспекциски работи на Општина Центар во периодот од мај до септември спроведе акции за мерење на бучавата од гласна музика. Акциите се спроведени на различни локации на територија на општината, во ноќните часови, после 23 часот. Акциите се спроведени на локации во Капиштец, Дебар маало, Буњаковец, улица Македонија и Кеј 13 Ноември, при што се поминати повеќе локали и опоменати се да ги почитуваат граничните вредности за бучава во животната средина. Мерењата се извршени од овластена лабораторија за животна средина и мерење на ниво на бучава, со која општината има склучен договор. Согласно извештаите од мерењата на бучава предизвикана од гласна музика, измерените вредности во сите случаи ги надминуваат дозволените гранични вредности, согласно „Правилникот за гранични вредности на нивото на бучава во животна средина“. За сите локали се започнати инспекциски постапки, согласно Законот за бучава во животна средина, при што правните лица се задолжени со Решенија да преземат мерки во одреден рок, за намалување на бучавата. При контролните мерења, повторно се констатирани надминувања на граничните вредности, за што локалите: Мош, Мечос, Локал 45 и Интермецо се казнети со платен налог за наплата на глоба во висина од 360.000 до 800.000 денари, во зависност од тежината на сторениот прекршок. Доколку правните лица не ја платат глобата, се поведува постапка во Основен суд. Општина Центар апелира до сите управители и сопственици на угостителски објекти во општината, да се придржуваат до постоечките правилници, да имаат обзир кон жителите кои живеат во непосредна близина на нивните локали и да го почитуваат Законот за заштита од бучава во животната средина.  

The post Kaзнети четири локали од 360.000 до 800.000 денари поради гласна музика во Центар appeared first on Република.

]]>
Ноќна полициска рација во угостителски објекти: Приведени тројца малолетници https://republika.mk/vesti/crna-hronika/nokjna-policiska-racija-vo-ugostitelski-objekti-privedeni-trojca-maloletnici/ Sun, 09 Oct 2022 09:36:19 +0000 https://republika.mk/?p=558999

Во акциска контрола во угостителски објекти на територијата на цела држава утринава во периодот 00:00 до 04:00 часот секторите за внатрешни работи и патролни тимови составени од полициски службеници од Одделот за униформирана полиција, привела четири лица од кои тројца малолетни.

Како што информираат од МВР, при контролата, констатирано е едно кривично дело по член 215 од Кривичниот законик каде при преглед кај П. Р. (25) од Неготино бил пронајден кокаин.

Затекнати се 11 малолетни лица, а констатирани се и две кривични дела по член 204 од Кривичниот законик поради точење алкохол на малолетни лица. Притоа затекнат е странски државјани без соодветна документација за регулиран престој.

The post Ноќна полициска рација во угостителски објекти: Приведени тројца малолетници appeared first on Република.

]]>

Во акциска контрола во угостителски објекти на територијата на цела држава утринава во периодот 00:00 до 04:00 часот секторите за внатрешни работи и патролни тимови составени од полициски службеници од Одделот за униформирана полиција, привела четири лица од кои тројца малолетни. Како што информираат од МВР, при контролата, констатирано е едно кривично дело по член 215 од Кривичниот законик каде при преглед кај П. Р. (25) од Неготино бил пронајден кокаин. Затекнати се 11 малолетни лица, а констатирани се и две кривични дела по член 204 од Кривичниот законик поради точење алкохол на малолетни лица. Притоа затекнат е странски државјани без соодветна документација за регулиран престој.

The post Ноќна полициска рација во угостителски објекти: Приведени тројца малолетници appeared first on Република.

]]>
Две тепачки во локали во центарот на Скопје https://republika.mk/vesti/crna-hronika/dve-tepachki-vo-lokali-vo-centarot-na-skopje/ Fri, 20 May 2022 15:00:50 +0000 https://republika.mk/?p=504901

Министерството за внатрешни работи информираше дека во текот на вчерашниот ден се случи два, одвоени настани со физички напад во локали во центарот на Скопје.

Првиот настан се случил вчера околу 14.30 часот кога во Полициската станица Центар било пријавено дека на булевар „Св.Климент Охридски“ бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу С.Д.(62) и И.Л.(39), двајцата од Скопје.

За вториот настан во СВР Скопје било пријавено дека пред угостителски објект на улица „Македонија“ бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу Ш.Љ.(20) и А.А., двајцата од Скопје, при што биле употребени и остри предмети. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Полицијата презема мерки за расчистување на двата настани.

 

The post Две тепачки во локали во центарот на Скопје appeared first on Република.

]]>

Министерството за внатрешни работи информираше дека во текот на вчерашниот ден се случи два, одвоени настани со физички напад во локали во центарот на Скопје. Првиот настан се случил вчера околу 14.30 часот кога во Полициската станица Центар било пријавено дека на булевар „Св.Климент Охридски“ бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу С.Д.(62) и И.Л.(39), двајцата од Скопје. За вториот настан во СВР Скопје било пријавено дека пред угостителски објект на улица „Македонија“ бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу Ш.Љ.(20) и А.А., двајцата од Скопје, при што биле употребени и остри предмети. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. Полицијата презема мерки за расчистување на двата настани.  

The post Две тепачки во локали во центарот на Скопје appeared first on Република.

]]>
Тројца уапсени и фатени 56 малолетни во угостителски објекти: Масовна акција на Пазарниот инспекторат и МВР https://republika.mk/vesti/crna-hronika/trojca-uapseni-i-fateni-56-maloletni-vo-ugostitelski-objekti-masovna-akcija-na-pazarniot-inspektorat-i-mvr/ Sat, 29 Jan 2022 11:55:13 +0000 https://republika.mk/?p=451133

Полициски службеници од сите сектори за внатрешни работи во рамки на Бирото за јавна безбедност, во координација со инспектори од Државниот пазарен инспекторат од полнок до 4 часот изутрината спровеле акциска контрола во угостителски објекти на целата територија на државата, во која биле исконтролирани 347 угостителски објекти.

При контролата во повеќе угостителски објекти по полноќ, констатирано е присуство на 56 малолетници, спротивно на законот, а на подрачјето на СВР Велес утврдено е кривично дело „точење на алкохол на малолетно лице“, казниво по член 204 од Кривичниот законик и сите се соодветно санкционирани.

 

На подрачјето на СВР Скопје откриени се кривични дела по член 215 од Кривичниот законик, кој се однесува на „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекусори“, при што лишени од слобода се три лица, две на подрачјето на Центар и едно на Карпош. При преглед кај нив се пронајдени и одземени ќеси со бела прашкаста материја, грутчеста материја и марихуана.

 

Во угостителски објект на подрачјето на Центар во Скопје, затекнати биле лица без вакцинален сертификат, на кои ќе им бидат поднесени пријави согласно член 206 од Кривичниот законик, а од страна на ДПИ објектот е запечатен и ќе следи соодветна прекршочна санкција.

 

При спроведената акциска контрола покрената е соодветна постапка против две лица кои се однесувале агресивно и спречувале полициски службеници во вршење на службени дејства. Откриени се три прекршоци од Законот за заштита од пушење, три по член 8 од Законот за прекршоците против за јавниот ред и мир и еден од Законот за странци. Против сите лица кои сториле прекршок или кривично дело ќе биде поднесен соодветен поднесок - информираат од МВР.

The post Тројца уапсени и фатени 56 малолетни во угостителски објекти: Масовна акција на Пазарниот инспекторат и МВР appeared first on Република.

]]>

Полициски службеници од сите сектори за внатрешни работи во рамки на Бирото за јавна безбедност, во координација со инспектори од Државниот пазарен инспекторат од полнок до 4 часот изутрината спровеле акциска контрола во угостителски објекти на целата територија на државата, во која биле исконтролирани 347 угостителски објекти.
При контролата во повеќе угостителски објекти по полноќ, констатирано е присуство на 56 малолетници, спротивно на законот, а на подрачјето на СВР Велес утврдено е кривично дело „точење на алкохол на малолетно лице“, казниво по член 204 од Кривичниот законик и сите се соодветно санкционирани.   На подрачјето на СВР Скопје откриени се кривични дела по член 215 од Кривичниот законик, кој се однесува на „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекусори“, при што лишени од слобода се три лица, две на подрачјето на Центар и едно на Карпош. При преглед кај нив се пронајдени и одземени ќеси со бела прашкаста материја, грутчеста материја и марихуана.   Во угостителски објект на подрачјето на Центар во Скопје, затекнати биле лица без вакцинален сертификат, на кои ќе им бидат поднесени пријави согласно член 206 од Кривичниот законик, а од страна на ДПИ објектот е запечатен и ќе следи соодветна прекршочна санкција.   При спроведената акциска контрола покрената е соодветна постапка против две лица кои се однесувале агресивно и спречувале полициски службеници во вршење на службени дејства. Откриени се три прекршоци од Законот за заштита од пушење, три по член 8 од Законот за прекршоците против за јавниот ред и мир и еден од Законот за странци. Против сите лица кои сториле прекршок или кривично дело ќе биде поднесен соодветен поднесок - информираат од МВР.

The post Тројца уапсени и фатени 56 малолетни во угостителски објекти: Масовна акција на Пазарниот инспекторат и МВР appeared first on Република.

]]>