логор Archives - Република https://republika.mk/tema/logor/ За подобро да се разбереме Thu, 27 Apr 2023 06:44:23 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png логор Archives - Република https://republika.mk/tema/logor/ 32 32 Почина најстариот нацистички војник https://republika.mk/vesti/svet/pochina-najstariot-natsistichki-vojnik/ Thu, 27 Apr 2023 07:16:06 +0000 https://republika.mk/?p=634452

Јозеф Шуц, најстариот осуден германски нацистички војник за злосторства во Холокаустот, почина на 102-годишна возраст.

Како чувар во „Заксенхаузен“, близу Берлин, Јозеф Шуц беше прогласен виновен минатиот јуни, за помагање во убиството на 3.518 затвореници меѓу 1942 и 1945 година и учество во егзекуција на советски воени затвореници и други злосторства. Доби петгодишна затворска казна, но остана на слобода во очекување на исходот од жалбата до Федералниот суд.

Шуц секогаш одрекуваше дека, како член на СС милицијата, бил чувар во нацистички концентрационен логор. Во „Заксенхаузен“ во Втората светска војна имало вкупно околу 200.000 луѓе, а десетици илјади луѓе биле убиени. Евреи, Роми и други биле убиени од СС, некои умреле од глад, принудна работа, а други - од медицински експерименти.

Шуц не изрази каење на судењето.

Ирмгард Фурхнер, 97-годишна поранешна секретарка на нацистичкиот логор „Штутхоф“ близу Гдањск, Полска, во декември стана првата жена по неколку десетлетија, која е осудена за нацистички злосторства. Таа е виновна за соучесништво во убиство на повеќе од 10.500 затвореници

The post Почина најстариот нацистички војник appeared first on Република.

]]>

Јозеф Шуц, најстариот осуден германски нацистички војник за злосторства во Холокаустот, почина на 102-годишна возраст. Како чувар во „Заксенхаузен“, близу Берлин, Јозеф Шуц беше прогласен виновен минатиот јуни, за помагање во убиството на 3.518 затвореници меѓу 1942 и 1945 година и учество во егзекуција на советски воени затвореници и други злосторства. Доби петгодишна затворска казна, но остана на слобода во очекување на исходот од жалбата до Федералниот суд. Шуц секогаш одрекуваше дека, како член на СС милицијата, бил чувар во нацистички концентрационен логор. Во „Заксенхаузен“ во Втората светска војна имало вкупно околу 200.000 луѓе, а десетици илјади луѓе биле убиени. Евреи, Роми и други биле убиени од СС, некои умреле од глад, принудна работа, а други - од медицински експерименти. Шуц не изрази каење на судењето. Ирмгард Фурхнер, 97-годишна поранешна секретарка на нацистичкиот логор „Штутхоф“ близу Гдањск, Полска, во декември стана првата жена по неколку десетлетија, која е осудена за нацистички злосторства. Таа е виновна за соучесништво во убиство на повеќе од 10.500 затвореници

The post Почина најстариот нацистички војник appeared first on Република.

]]>