Љупчо Соколовски Archives - Република https://republika.mk/tema/ljupcho-sokolovski/ За подобро да се разбереме Mon, 12 Aug 2024 08:55:08 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Љупчо Соколовски Archives - Република https://republika.mk/tema/ljupcho-sokolovski/ 32 32 И годинава ќе сведочиме на квалитена народна песна на „Охрид фест“ https://republika.mk/scena/estrada/i-godinava-ke-svedochime-na-kvalitena-narodna-pesna-na-ohrid-fest/ Mon, 12 Aug 2024 07:17:32 +0000 https://republika.mk/?p=805732

На три недели пред 31-вото издание на „Охрид фест“, уметничкиот директор на фолк вечерта, Љупчо Соколовски открива ексклузивитети врзани за учесниците, музиката што ќе преовладува и порачува дека и годинава ќе сведочиме на квалитена народна песна.

Како и минатата така и годинава, како уметнички директор на Фолк вечер на Охрид фест, целта ми е да имаме квалитетни песни што ќе бидат на високо ниво, бидејќи според многу компетентни критичари и новинари од музичката фела добивме позитивни критики за ланското издание. „Охрид фест“ беше еден од најдобрите фестивали за 2023 година. Песните што ќе се разлеат од Долни Сарај на 30 август се во духот на охридскиот мелос, можеби со помодерни аранжмани но сепак ќе биде запазен звукот на мандолината, тамбурата, кларинетот и виолината. Да потсетам дека лани имаше доста наши музички звезди кои се претставија со навистина квалитетни композиции. Го следиме тој модел: ќе бидат изведени 20 песни од различни автори, што значи дека песните стилски ќе се разликуваат, ќе имаме различни мелодии.  Инаку, годинава сум уште поинспириран: ќе настапат еминентни имиња од фолк сцената, и секако, им даваме шанса на млади надежни музички имиња. Ќе набројам само дел од учесниците: Благица Павловска, Катерина Танева, Горан Кукиќ, Ленче Кукиќ, Нино Величковски, Ирена Спасовска, Влатко Миладиноски, групата Биоритам, Драган Николовски, Благоја Грујовски, Анета Арсовска, Петар Нечовски, Катерина Ристова...

Открива дека потешко е да се обезбеди квалитетно пејачко име, од причина што тие се предходно веќе ангажирани, станува збор за викенди кога најмногу се активни и настапуваат.

Како уметнички директор на Фолк вечер можам да се пофалам  дека годинава беше полесно да се дојде до звучни имиња , бидејќи две години наназад воведов доста промени во уметничкиот дел, што е резултат на моето залагање и идеа како треба да се третира еден реномиран фестивал како што е Охрид фест. И секако да не заборавам на соработката со прекрасниот тим што стои зад овој фестивал, а истото го препознаа новинарите, медиумите, порталите, со што прави еден фестивал да блесне.... Ќе повторам, годинава имаме доста големи музички имиња, фестивалот ќе биде вистински празник на музиката. Инаку, фестивалите секако и ден денес се популарни бидејќи имаме нови песни, а тоа е како ново засадено дрво, така што секоја песна ќе си остави свој белег во свое време, а и во македонската музичка ризница. Исто така е многу важно што на секое издание се раѓаат нови млади квалитетни музички имиња, кои имаат простор да се покажат пред публиката и да се промовираат, а тоа е нешто што е многу потребно во ова време.

Соколовски смета дека фестивалите допринесуваат за зачувување на нашата фолк песна и дека кај нашите изведувачи има уште надеж дека преку фестивалите народот ќе има простор да чуе и види нешто добро. Нашиот мелос е многу убав, колку повеќе нови песни се раѓаат- толку повеќе ќе се намали просторот за туѓа музика .

The post И годинава ќе сведочиме на квалитена народна песна на „Охрид фест“ appeared first on Република.

]]>

Љупчо Соколовски, уметнички директор на Фолк вечер на „Охрид фест“: 29-то издание со Наум Петрески, Сузе Спасовска, Зуица Лазова, Катерина Танева, Благоја Груевски, Петар Нечовски https://republika.mk/scena/muzika/ljupcho-sokolovski-umetnichki-direktor-na-folk-vecher-na-ohrid-fest-29-to-izdanie-so-naum-petreski-suze-spasovska-zuica-lazova-katerina-taneva-blagoja-gruevski-petar-nechovski/ Thu, 21 Jul 2022 08:05:47 +0000 https://republika.mk/?p=531662

Љупчо Соколовски, уметничкиот директор на Фолк вечер на „Охрид фест“ посочува дека  29-то издание на фестивалот ќе се реализира со учество на Наум Петрески, Сузе Спасовска, Зуица Лазова, Катерина Танева, Благоја Груевски, Петар Нечовски.

И годинава Фолк вечер на „Охрид фест“ ја продолжува музичката традиција поткрепена со нашите најдобри пеачи, кои ќе изведуваат песни на докажани авторски тимови- не информира Љупчо Соколовски, уметничкиот директор на првата, Фолк вечер на спомнатиот фестивал.Подготовките се во тек, се работи под полна пареа а сите музички гурмани, оние што го почитуваат македонскиот мелос нека го запомнат 2 септември, бидејќи тогаш ќе празнува народната песна на фестивалот. „Охрид фест“ со години им пркоси на модерни, современи продукциски технологии, автентичен е во звукот и мелодијата поради претпознатливата охридска песна.

Фестивалот тежнее песните да го издржат тестот на времето, па во тој контекст, што ќе доминира годинава?

Секако дека и оваа година ќе биде запазен мелосот на овој фестивал: виолината, тамбурата, кларинетот, мандолината... Ќе имаме 18 нови градски песни од веќе докажани композитори, текстописци, аранжери, сето тоа полеано со бисерните грла на нашите најдобри изведувачи. Патем, отсекогаш „Охрид фест“ асоцирал на староградски-медитерански мелос што се негувал со децении. Задоволен сум што продолжуваме под полна пареа, Уметничкиот директор со селекцијата што ја прави, му дава особен белег на фестивалот.

Која е твојата музичка цел и кои се учесниците што ќе ги видиме годинава?

Пред се, сакам да имаме одличен фестивал, на македонската јавност да и презентираме 18 одлични песни а годинава ќе преовладуваат веќе докажани изведувачи и професионалци. Секако дека ќе има и дебитанти, кои со својот квалитет ќе го оправдаат учеството а за да снимките звучат професионално, аудио записите ќе бидат реализирани во професионални студија. Најдобрите песни ќе бидат наградени од стручно жири. По фестивалската вечер ќе имаме дружба со колегите како што порано често се правеше на овој фестивал, за да се чувствуваме како дома. Што се однесува до учесниците, ќе ја видиме и слушнеме нашата докажана фолк елита: Наум Петрески , Зуица Лазова ,Сузана Спасовска , Благоја Груевски , Катерина Танева, Стојне Николова, Ивана Наумова, групите „Академци“, „ Чардак“, потоа, Кирил Белистојаноски, Милован Секолуски, Петар Нечовски ..., списокот не е конечен, но на сите изведувачи им посакувам успех на ова 29-то издание на „Охрид фест“.

The post Љупчо Соколовски, уметнички директор на Фолк вечер на „Охрид фест“: 29-то издание со Наум Петрески, Сузе Спасовска, Зуица Лазова, Катерина Танева, Благоја Груевски, Петар Нечовски appeared first on Република.