Љупчо Константинов Archives - Република https://republika.mk/tema/ljupcho-konstantinov/ За подобро да се разбереме Thu, 17 Oct 2024 14:28:36 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Љупчо Константинов Archives - Република https://republika.mk/tema/ljupcho-konstantinov/ 32 32 Ин мемориам: Почина Љупчо Константинов, големиот македонски музички мајстор https://republika.mk/vesti/kultura/in-memoriam-pochina-lupcho-konstantinov-golemiot-makedonski-muzichki-majstor/ Thu, 17 Oct 2024 12:00:45 +0000 https://republika.mk/?p=828033

Големиот македонски мајстор на филмската музика, композиторот Љупчо Константинов почина денеска.
Константинов е автор на музиката за филмовите „Среќна нова 49“, „Македонска сага“, „Црвениот коњ“, „Тетовирање“, „Јужна патека“, „Хај-фај“ и други.
Од неговата песна „Еј ти, младо момче“ во изведба на групата „Индекси“, неговата наградувана и изведувана авторска музика се смета за македонско музичко богатство. Дипломирал на Музичката академија во Белград. Компонирал музика во играни, документарни и анимирани филмови, во голем број на телевизиски филмови, серии и драми.
Добитник е на повеќе награди и признанија меѓу кои наградата „11 Октомври“ за животно дело во областа на културата и уметноста, „Златен објектив“ за 2023 година, која ја доделува Кинотеката на Македонија и многу други.
Константинов во 2019 година ја доби наградата „Голема ѕвезда на македонскиот филм“ што ја доделува Друштвото на филмски работници на Македонија која му беше врачена на јубилејното 40. издание на фестивалот „Браќа Манаки“ во Битола.
-Станува збор за една исклучителна појава во македонската кинематографија, човек кој со посебна боја ги обои филмовите како „Среќна нова ’49“ и „Тетовирање“, филмови што македонската публика исклучително многу ги сакаше сите овие години. Тој има соработувано со Паоло Маѓели,Томаж Пандур, Мустафа Надаревиќ, Пенелопе Круз, Роберто Чули, Озрен Прохиќ, Бранко Гапо, Димитрие Османли, Столе Попов, Антонио Митриќевски. Потпишува повеќе од 35 наслови на филмска музика. Еден миг го имаше помалку на сцената, за сега на 76 годишна возраст да се врати на голема врата и работи во странство, рече тогаш претседателот на ДФРМ, Игор Иванов и додаде дека критериумите се многу високо поставени, но дека Константинов ги исполнува целосно.

The post Ин мемориам: Почина Љупчо Константинов, големиот македонски музички мајстор appeared first on Република.

]]>

Големиот македонски мајстор на филмската музика, композиторот Љупчо Константинов почина денеска. Константинов е автор на музиката за филмовите „Среќна нова 49“, „Македонска сага“, „Црвениот коњ“, „Тетовирање“, „Јужна патека“, „Хај-фај“ и други. Од неговата песна „Еј ти, младо момче“ во изведба на групата „Индекси“, неговата наградувана и изведувана авторска музика се смета за македонско музичко богатство. Дипломирал на Музичката академија во Белград. Компонирал музика во играни, документарни и анимирани филмови, во голем број на телевизиски филмови, серии и драми. Добитник е на повеќе награди и признанија меѓу кои наградата „11 Октомври“ за животно дело во областа на културата и уметноста, „Златен објектив“ за 2023 година, која ја доделува Кинотеката на Македонија и многу други. Константинов во 2019 година ја доби наградата „Голема ѕвезда на македонскиот филм“ што ја доделува Друштвото на филмски работници на Македонија која му беше врачена на јубилејното 40. издание на фестивалот „Браќа Манаки“ во Битола. -Станува збор за една исклучителна појава во македонската кинематографија, човек кој со посебна боја ги обои филмовите како „Среќна нова ’49“ и „Тетовирање“, филмови што македонската публика исклучително многу ги сакаше сите овие години. Тој има соработувано со Паоло Маѓели,Томаж Пандур, Мустафа Надаревиќ, Пенелопе Круз, Роберто Чули, Озрен Прохиќ, Бранко Гапо, Димитрие Османли, Столе Попов, Антонио Митриќевски. Потпишува повеќе од 35 наслови на филмска музика. Еден миг го имаше помалку на сцената, за сега на 76 годишна возраст да се врати на голема врата и работи во странство, рече тогаш претседателот на ДФРМ, Игор Иванов и додаде дека критериумите се многу високо поставени, но дека Константинов ги исполнува целосно.

The post Ин мемориам: Почина Љупчо Константинов, големиот македонски музички мајстор appeared first on Република.

]]>
Композиторот Љупчо Константинов добитиник на 11- Октомвриската награда за животно дело https://republika.mk/vesti/kultura/kompozitorot-lupcho-konstantinov-dobitinik-na-11-oktomvriskata-nagrada-za-zhivotno-delo/ Wed, 11 Oct 2023 13:41:05 +0000 https://republika.mk/?p=690192

На свеченост во Собранието на Република Македонија денеска на истакнатиот композитор Љупчо Константинов му беше врачена  Државната награда „11 Октомври“ за 2023 година за животно дело во областа на културата и уметноста.

Претседателката на Одборот за доделување на ова високо државно признание Синоличка Трпкова истакна дека секое дрво има корен и секој народ има корен, а денешната награда е симбол на нашата слобода за која треба секојдневно да се бориме но и симбол на нашиот корен.

-Но слободата подразбира и лична и колективна одговорност за нашето денес и за нашето утре. Чувањето на слободата е наша обврска и одговорност, зашто таа слобода и денес е загрозена од непризнавањето и отсуството на почит, негирањето на нашата самобитност, јазик и историја. Во ова време на цивилизациски, технолошки и културни достигнувања кога светот е оддалечен само еден  клик од нас, зар има место за непријателство, нетрпение, условување, закани, особено од оние што ни се најблиски? Јас сепак верувам во добрината и разумот на обичниот човек да се справи со сето она што влече длабоко назад. Јас верувам во солидарност, подавање рака за да се отворат хоризонтите за надеж, пријателство, соработка и заедништво. Од срце сакам оваа награда да продолжи да ги вреднува постигнувањата на заслужни и истакнати поединци, граѓани на Македонија, достигања што се доказ дека ни сме слободни луѓе во наша слободна држава која ни овозможува да твориме во сите области на нашето заедничко живеење, во културата, уметноста и образованието, рече Трпкова.

Таа подвлече дека Одборот за доделување на оваа награда во посочените области, годинава одбра само еден, но како што рече, вреден добитник.

Композиторот Константинов истакна дека патот кој го минал до оваа свечена пригода беше долг и трнлив со стотици табаци испишана нотна хартија и илјадници часови поминати во музичките студија на создавање музика за програмските потреби на радиото и музика наменета за театарската сцена, филмската уметност и телевизијата што е, рече, негова главна животна преокупација.

-Јазикот на музиката не познава граници таа ја поседува неверојатната моќ да допре длабоко во нашите чувства без разлика на припадноста, потеклото и верата. Во изминативе 50 години имав можност да работам на голем број значајни проекти како во бившите републики од некогашната заедничка држава, така и надвор од неа, соработувајќи со бројни уметници во различни културни средини, со некои од кои денес одржува пријателски врски што ме прави особено богат. Наградата „11 Октомври“ ја доживувам како одраз на почит и благодатен дар од страна на државата на која и припаѓам и одѕив на нејзината моќ и мудрост. Таа на најубав можен начин ја заокружува мојата досегашна кариера и ме обврзува понатаму да бидам уште подобар, рече Константинов.

Се заблагодари за поддршката на семејството, на уметниците со кои соработувал и на Сојузот на композитори на чиј предлог е избран за носител на ова високо државно одличје.

Љупчо Константинов е роден 11 декември 1946 година во Охрид. Средно музичко училиште завршил во Битола, а Музичка академија во Белград. Најголем дел од својот работен век го поминал во МРТ како музички новинар, продуцент, уредник на забавната програма на МРТ, а својот работен век го завршува како композитор за програмските потреби на МРТ.

Во својот опус вбројува повеќе забавни композиции, над 200 аранжмани. Како автор на музика се јавува во играни документарни и анимирани филмови, во ТВ филмови, серии и драми. Во текот на повеќе од 40 години соработувал со голем број познати имиња од театарската, филмската и телевизиската уметност во земјава и надвор од неа. За своето богато творештво носител е на голем број домашни и меѓународни награди и признанија, како и Наградата за животно дело на Сојузот на композиторите од Македонија.

Константинов остави траен белег во македонското музичко творештво со својот раскошен талент. Ќе остане запаметен почнувајќи од неговата авторска песна „Еј ти младо момче“, што култната екс-ју група „Индекси“ ја изведе на Скопскиот фестивал во 1971, преку бројните претстави во најголем дел носители на видни награди, се до неговата непроценлива музика во долгометражните филмови „Среќна нова 49“, „Македонската сага“, „Црвениот коњ“,  „Тетовирани“ и многу други.

Со државната награда „11 Октомври“ се оддава највисоко признание за животно дело во областа на науката, уметноста, стопанството и во другите дејности од јавен интерес.

The post Композиторот Љупчо Константинов добитиник на 11- Октомвриската награда за животно дело appeared first on Република.

]]>

На свеченост во Собранието на Република Македонија денеска на истакнатиот композитор Љупчо Константинов му беше врачена  Државната награда „11 Октомври“ за 2023 година за животно дело во областа на културата и уметноста. Претседателката на Одборот за доделување на ова високо државно признание Синоличка Трпкова истакна дека секое дрво има корен и секој народ има корен, а денешната награда е симбол на нашата слобода за која треба секојдневно да се бориме но и симбол на нашиот корен. -Но слободата подразбира и лична и колективна одговорност за нашето денес и за нашето утре. Чувањето на слободата е наша обврска и одговорност, зашто таа слобода и денес е загрозена од непризнавањето и отсуството на почит, негирањето на нашата самобитност, јазик и историја. Во ова време на цивилизациски, технолошки и културни достигнувања кога светот е оддалечен само еден  клик од нас, зар има место за непријателство, нетрпение, условување, закани, особено од оние што ни се најблиски? Јас сепак верувам во добрината и разумот на обичниот човек да се справи со сето она што влече длабоко назад. Јас верувам во солидарност, подавање рака за да се отворат хоризонтите за надеж, пријателство, соработка и заедништво. Од срце сакам оваа награда да продолжи да ги вреднува постигнувањата на заслужни и истакнати поединци, граѓани на Македонија, достигања што се доказ дека ни сме слободни луѓе во наша слободна држава која ни овозможува да твориме во сите области на нашето заедничко живеење, во културата, уметноста и образованието, рече Трпкова. Таа подвлече дека Одборот за доделување на оваа награда во посочените области, годинава одбра само еден, но како што рече, вреден добитник. Композиторот Константинов истакна дека патот кој го минал до оваа свечена пригода беше долг и трнлив со стотици табаци испишана нотна хартија и илјадници часови поминати во музичките студија на создавање музика за програмските потреби на радиото и музика наменета за театарската сцена, филмската уметност и телевизијата што е, рече, негова главна животна преокупација. -Јазикот на музиката не познава граници таа ја поседува неверојатната моќ да допре длабоко во нашите чувства без разлика на припадноста, потеклото и верата. Во изминативе 50 години имав можност да работам на голем број значајни проекти како во бившите републики од некогашната заедничка држава, така и надвор од неа, соработувајќи со бројни уметници во различни културни средини, со некои од кои денес одржува пријателски врски што ме прави особено богат. Наградата „11 Октомври“ ја доживувам како одраз на почит и благодатен дар од страна на државата на која и припаѓам и одѕив на нејзината моќ и мудрост. Таа на најубав можен начин ја заокружува мојата досегашна кариера и ме обврзува понатаму да бидам уште подобар, рече Константинов. Се заблагодари за поддршката на семејството, на уметниците со кои соработувал и на Сојузот на композитори на чиј предлог е избран за носител на ова високо државно одличје. Љупчо Константинов е роден 11 декември 1946 година во Охрид. Средно музичко училиште завршил во Битола, а Музичка академија во Белград. Најголем дел од својот работен век го поминал во МРТ како музички новинар, продуцент, уредник на забавната програма на МРТ, а својот работен век го завршува како композитор за програмските потреби на МРТ. Во својот опус вбројува повеќе забавни композиции, над 200 аранжмани. Како автор на музика се јавува во играни документарни и анимирани филмови, во ТВ филмови, серии и драми. Во текот на повеќе од 40 години соработувал со голем број познати имиња од театарската, филмската и телевизиската уметност во земјава и надвор од неа. За своето богато творештво носител е на голем број домашни и меѓународни награди и признанија, како и Наградата за животно дело на Сојузот на композиторите од Македонија. Константинов остави траен белег во македонското музичко творештво со својот раскошен талент. Ќе остане запаметен почнувајќи од неговата авторска песна „Еј ти младо момче“, што култната екс-ју група „Индекси“ ја изведе на Скопскиот фестивал во 1971, преку бројните претстави во најголем дел носители на видни награди, се до неговата непроценлива музика во долгометражните филмови „Среќна нова 49“, „Македонската сага“, „Црвениот коњ“,  „Тетовирани“ и многу други. Со државната награда „11 Октомври“ се оддава највисоко признание за животно дело во областа на науката, уметноста, стопанството и во другите дејности од јавен интерес.

The post Композиторот Љупчо Константинов добитиник на 11- Октомвриската награда за животно дело appeared first on Република.

]]>
Композиторот Љупчо Константинов добитник на наградата „11 Октомври“ https://republika.mk/vesti/kultura/kompozitorot-lupcho-konstantinov-dobitnik-na-nagradata-11-oktomvri/ Fri, 06 Oct 2023 16:03:51 +0000 https://republika.mk/?p=688655

Одборот за доделување на државната награда ”11 Октомври“,
согласно Законот за државните награди, Законот за изменување и
дополнување на законот за државните награди („Службен весник на РМ”
бр.52/06,54/07,74/12, 99/18 и „Службен весник на РСМ“ бр. 98/19) и
Правилникот за работа на Одборот, на својата последна седница донесе
О Д Л У К А
за доделување на државната награда,,11 Октомври“ за 2023
година за највисоко признание за животно дело во областа на
науката, уметноста, стопанството и другите дејности од јавен
интерес на Република Македонија

1. За животно дело во областа на културата и уметноста, наградата
му се доделува на:

- Љупчо Константинов, композитор

Наградата на добитниците ќе им биде врачена на 11 Октомври 2023
година (среда) во 12 часот во Собранието на Република Северна
Македонија.

The post Композиторот Љупчо Константинов добитник на наградата „11 Октомври“ appeared first on Република.

]]>

Одборот за доделување на државната награда ”11 Октомври“, согласно Законот за државните награди, Законот за изменување и дополнување на законот за државните награди („Службен весник на РМ” бр.52/06,54/07,74/12, 99/18 и „Службен весник на РСМ“ бр. 98/19) и Правилникот за работа на Одборот, на својата последна седница донесе О Д Л У К А за доделување на државната награда,,11 Октомври“ за 2023 година за највисоко признание за животно дело во областа на науката, уметноста, стопанството и другите дејности од јавен интерес на Република Македонија 1. За животно дело во областа на културата и уметноста, наградата му се доделува на: - Љупчо Константинов, композитор Наградата на добитниците ќе им биде врачена на 11 Октомври 2023 година (среда) во 12 часот во Собранието на Република Северна Македонија.

The post Композиторот Љупчо Константинов добитник на наградата „11 Октомври“ appeared first on Република.

]]>