Љумир Абдиџику Archives - Република https://republika.mk/tema/ljumir-abdidziku/ За подобро да се разбереме Fri, 16 Feb 2024 07:16:35 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Љумир Абдиџику Archives - Република https://republika.mk/tema/ljumir-abdidziku/ 32 32 Лидерот на опозицијата: Косово е заложник на популистичкото лудило на Владата на Курти https://republika.mk/vesti/balkan/liderot-na-opozitsijata-kosovo-e-zalozhnik-na-populistichkoto-ludilo-na-vladata-na-kurti/ Fri, 16 Feb 2024 07:16:35 +0000 https://republika.mk/?p=744629

Лидерот на опозицискиот Демократски сојуз на Косово (ЛДК), Љумир Абдиџику вели дека, додека Албанија напредува „со крупни чекори“, Косово станало „заложник на популистичкото лудило“ на владата на премиерот Албин Курти, јави дописникот на МИА од Приштина.

Коментирајќи ја вчерашната посета на американскиот државен секретар, Ентони Блинкен на Тирана, Абдиџику на неговата страница на Фејсбук напиша дека „години наназад една таква посета не би била можна без да се скокне до Приштина“.

– Американскиот државен секретар во посета на Албанија. Таму зборува за рекордниот број на туристи, за песните на Дуа (Липа), за работата на Мира Мурати во ЧетГПТ, за квалификацијата на Албанија на европското првенство во фудбал и за извонредното партнерство меѓу двете пријателски земји. Години наназад една таква посета не би била можна без да се скокне до Приштина. Косово како дестинација беше природно, напиша Абдиџику.

Косовскиот опозициски лидер вели дека е среќен за напредокот на Албанија, додека косовските челници во исто време „се гордеат со политичкиот мрак“ во кој се наоѓа земјата веќе три години, односно од доаѓањето на власт на партијата на Курти, Движење самоопределување.

Алудирајќи на последните изјави на заменикот државен секретар, Џејмс О’Брајан и на американскиот амбасадор во Приштина, Џеф Ховениер, дека Владата на Курти му наштети на партнерството со Вашингтон со непочитувањето на барањата за одлагање на забраната на српскиот динар, Абдиџику порача дека властите во Приштина „ракоплескаат на несреќата“ што ја предизвикале и „промовираат делириум“.

-Денеска, во истиот час и во истиот ден во Косово, кое е мрачно поради популизмот, САД ни говорат за историски најниски односи. За разнишување на партнерството и криза во комуникацијата. Среќен сум поради напредокот на Албанија. Во економијата, културата, туризмот, спортот и дипломатијата. Тие ни бегаат со големи чекори. Го прават тоа мудро, како земја на НАТО и со партнери! Додека Косово, нашата држава, стана заложник на популистичкото лудило. Тие ракоплескаат на судирите. Го поттикнуваат делириумот. Се фалат со сиот политички терор што не придружува веќе три години, напиша Абдиџику

The post Лидерот на опозицијата: Косово е заложник на популистичкото лудило на Владата на Курти appeared first on Република.

]]>

Лидерот на опозицискиот Демократски сојуз на Косово (ЛДК), Љумир Абдиџику вели дека, додека Албанија напредува „со крупни чекори“, Косово станало „заложник на популистичкото лудило“ на владата на премиерот Албин Курти, јави дописникот на МИА од Приштина. Коментирајќи ја вчерашната посета на американскиот државен секретар, Ентони Блинкен на Тирана, Абдиџику на неговата страница на Фејсбук напиша дека „години наназад една таква посета не би била можна без да се скокне до Приштина“.
– Американскиот државен секретар во посета на Албанија. Таму зборува за рекордниот број на туристи, за песните на Дуа (Липа), за работата на Мира Мурати во ЧетГПТ, за квалификацијата на Албанија на европското првенство во фудбал и за извонредното партнерство меѓу двете пријателски земји. Години наназад една таква посета не би била можна без да се скокне до Приштина. Косово како дестинација беше природно, напиша Абдиџику.
Косовскиот опозициски лидер вели дека е среќен за напредокот на Албанија, додека косовските челници во исто време „се гордеат со политичкиот мрак“ во кој се наоѓа земјата веќе три години, односно од доаѓањето на власт на партијата на Курти, Движење самоопределување. Алудирајќи на последните изјави на заменикот државен секретар, Џејмс О’Брајан и на американскиот амбасадор во Приштина, Џеф Ховениер, дека Владата на Курти му наштети на партнерството со Вашингтон со непочитувањето на барањата за одлагање на забраната на српскиот динар, Абдиџику порача дека властите во Приштина „ракоплескаат на несреќата“ што ја предизвикале и „промовираат делириум“.
-Денеска, во истиот час и во истиот ден во Косово, кое е мрачно поради популизмот, САД ни говорат за историски најниски односи. За разнишување на партнерството и криза во комуникацијата. Среќен сум поради напредокот на Албанија. Во економијата, културата, туризмот, спортот и дипломатијата. Тие ни бегаат со големи чекори. Го прават тоа мудро, како земја на НАТО и со партнери! Додека Косово, нашата држава, стана заложник на популистичкото лудило. Тие ракоплескаат на судирите. Го поттикнуваат делириумот. Се фалат со сиот политички терор што не придружува веќе три години, напиша Абдиџику

The post Лидерот на опозицијата: Косово е заложник на популистичкото лудило на Владата на Курти appeared first on Република.

]]>
Косовската опозиција ќе ја тужи владата на Уставен суд ако не ги исплати наставниците-штрајкувачи https://republika.mk/vesti/balkan/kosovskata-opozicija-kje-ja-tuzi-vladata-na-ustaven-sud-ako-ne-gi-isplati-nastavnicite-shtrajkuvachi/ Fri, 07 Oct 2022 13:09:22 +0000 https://republika.mk/?p=558424

Лидерот на опозицискиот Демократски сојуз на Косово (ЛДК), Љумир Абдиџику изјави дека неговата партија ќе се обрати на Уставниот суд поради одлуката на Владата на Албин Курти да не им ги исплатите платите на наставниците кои штрајкуваа минатиот месец, јави дописникот на МИА од Приштина.

На седница на Собранието, Абдиџику го повтори неодамнешното ветување дадено на наставниците дека тие секако ќе ги добијат платите за месец септември, порано или подоцна.

Почитувани наставници, ви гарантирам дека вашите плати ќе ги добиете. Тие ќе се исплатат порано или подоцна, сфатете го ова како мое и ветување на ЛДК. Ќе го искористиме секој законски пат за да ја прекинеме неправдата што ја нанесува оваа власт. Ќе се обратиме на Уставниот суд и со тоа ќе ја урнеме оваа срамна одлука - порача Абдиџику.

Тој порача дека владата на Курти ги казнува само наставниците, иако имаше и други вработени во јавниот сектор кои штрајкуваа со истите барања.

Дваесет и пет илјади косовски семејства се оставени без нивните месечни приходи. Ова нивно казнување се случува во време без преседан со рекордна инфлација и на прагот на една тешка зима. Ова казнување е ново ниско ниво на бесчувствителност кон луѓето во оваа држава. Штрајкот се прекина и со тоа паднаа и фантазиите на власта за наводно уривање на владата. Ова е борбата на Курти денес, и против кого – против наставниците со плата од 400 евра - изјави Абдиџику.

Образовните работници во Косово, организирани од Обединетиот синдикат на образованието, науката и културата (СБАШК), штрајкуваа од 25 август до 3 октомври, со барање за надоместок од по 100 евра месечно до донесувањето на законот за плати. Нивното барање упорно го отфрла премиерот Курти, кој го обвинува СБАШК дека се манипулирани од опозицијата со цел да го урнат од власт.

Тужба за владата доколку не ги исплати платите на наставниот кадар претходно најави и Демократската партија на Косово, која е најголема парламентарна опозициска партија.

The post Косовската опозиција ќе ја тужи владата на Уставен суд ако не ги исплати наставниците-штрајкувачи appeared first on Република.

]]>

Лидерот на опозицискиот Демократски сојуз на Косово (ЛДК), Љумир Абдиџику изјави дека неговата партија ќе се обрати на Уставниот суд поради одлуката на Владата на Албин Курти да не им ги исплатите платите на наставниците кои штрајкуваа минатиот месец, јави дописникот на МИА од Приштина. На седница на Собранието, Абдиџику го повтори неодамнешното ветување дадено на наставниците дека тие секако ќе ги добијат платите за месец септември, порано или подоцна.
Почитувани наставници, ви гарантирам дека вашите плати ќе ги добиете. Тие ќе се исплатат порано или подоцна, сфатете го ова како мое и ветување на ЛДК. Ќе го искористиме секој законски пат за да ја прекинеме неправдата што ја нанесува оваа власт. Ќе се обратиме на Уставниот суд и со тоа ќе ја урнеме оваа срамна одлука - порача Абдиџику.
Тој порача дека владата на Курти ги казнува само наставниците, иако имаше и други вработени во јавниот сектор кои штрајкуваа со истите барања.
Дваесет и пет илјади косовски семејства се оставени без нивните месечни приходи. Ова нивно казнување се случува во време без преседан со рекордна инфлација и на прагот на една тешка зима. Ова казнување е ново ниско ниво на бесчувствителност кон луѓето во оваа држава. Штрајкот се прекина и со тоа паднаа и фантазиите на власта за наводно уривање на владата. Ова е борбата на Курти денес, и против кого – против наставниците со плата од 400 евра - изјави Абдиџику.
Образовните работници во Косово, организирани од Обединетиот синдикат на образованието, науката и културата (СБАШК), штрајкуваа од 25 август до 3 октомври, со барање за надоместок од по 100 евра месечно до донесувањето на законот за плати. Нивното барање упорно го отфрла премиерот Курти, кој го обвинува СБАШК дека се манипулирани од опозицијата со цел да го урнат од власт. Тужба за владата доколку не ги исплати платите на наставниот кадар претходно најави и Демократската партија на Косово, која е најголема парламентарна опозициска партија.

The post Косовската опозиција ќе ја тужи владата на Уставен суд ако не ги исплати наставниците-штрајкувачи appeared first on Република.

]]>