Љубе Бошкоски Archives - Република https://republika.mk/tema/ljube-boshkoski/ За подобро да се разбереме Mon, 06 Mar 2023 12:44:12 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Љубе Бошкоски Archives - Република https://republika.mk/tema/ljube-boshkoski/ 32 32 Полицијата презема мерки за пронаѓање на исчезнатиот 26-годишен скопјанец кој се поврзува со Љубе Бошкоски https://republika.mk/vesti/crna-hronika/politsijata-prezema-merki-za-pronagane-na-ischeznatiot-26-godishen-skopjanets-koj-se-povrzuva-so-lube-boshkoski/ Mon, 06 Mar 2023 12:44:12 +0000 https://republika.mk/?p=616430

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска потврди дека се постапува по случајот со исчезнувањето на 26-годишното момче кое, според пишувањата во медиумите, е роднина на политичарот и лидер на „Обединети за Македонија“ Љубе Бошкоски.

Од вчера се преземаат активности во низа на оперативно-криминалистички постапки од страна на Секторот за внатрешни работи Скопје. Ќе ги согледаме сите факти што ќе произлезат од истрагата за да видиме и да откриеме за лицето кое се води како исчезнато, изјави Спасовски, одговарајќи на новинарски прашања по конференцијата на тема „Униформа, оклоп кој значи ранливост - нашата секојдневна борба на два фронта“, што ја организираше Министерството за труд и социјална политика.

Според апелот на социјалните мрежи за пронаоѓање на 26-годишното момче, трагата му се губи кај Амбасадата на Чешка во Скопје.

Случајот вчера го потврдија и од Министерството за внатрешни работи во дневниот билтен.

На 04.03.2023 во 08.00 часот во СВР Скопје, М.К.(32) од Скопје пријавил дека од домот се оддалечил неговиот брат С.К.(26), се наведува во полицискиот билтен.

The post Полицијата презема мерки за пронаѓање на исчезнатиот 26-годишен скопјанец кој се поврзува со Љубе Бошкоски appeared first on Република.

]]>

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска потврди дека се постапува по случајот со исчезнувањето на 26-годишното момче кое, според пишувањата во медиумите, е роднина на политичарот и лидер на „Обединети за Македонија“ Љубе Бошкоски.
Од вчера се преземаат активности во низа на оперативно-криминалистички постапки од страна на Секторот за внатрешни работи Скопје. Ќе ги согледаме сите факти што ќе произлезат од истрагата за да видиме и да откриеме за лицето кое се води како исчезнато, изјави Спасовски, одговарајќи на новинарски прашања по конференцијата на тема „Униформа, оклоп кој значи ранливост - нашата секојдневна борба на два фронта“, што ја организираше Министерството за труд и социјална политика.
Според апелот на социјалните мрежи за пронаоѓање на 26-годишното момче, трагата му се губи кај Амбасадата на Чешка во Скопје. Случајот вчера го потврдија и од Министерството за внатрешни работи во дневниот билтен.
На 04.03.2023 во 08.00 часот во СВР Скопје, М.К.(32) од Скопје пријавил дека од домот се оддалечил неговиот брат С.К.(26), се наведува во полицискиот билтен.

The post Полицијата презема мерки за пронаѓање на исчезнатиот 26-годишен скопјанец кој се поврзува со Љубе Бошкоски appeared first on Република.

]]>
Ослободителна пресуда за Љубе Бошкоски во „Кампања“ https://republika.mk/vesti/crna-hronika/osloboditelna-presuda-za-lube-boshkoski-vo-kampana/ Wed, 22 Feb 2023 12:06:17 +0000 https://republika.mk/?p=611909

Основниот кривичен суд Скопје во повторената постапка врз основа на пресуда на Европскиот суд за човекови права, денеска донесе ослободителна пресуда за Љубе Бошкоски, во врска со случајот „Кампања“.

Лидерот на Обединети за Македонија и советник во Владата беше уапсен на 6 јуни 2011 година, пред ресторанот „Воденица“ во Скопје, под сомнение за нелегално финансирање на изборната кампања. Во 2014 тој беше осуден на пет години затвор, а во 2016 година излезе од затворот во Идризово каде ја отслужуваше казната.

Европскиот суд за човекови права во 2020 година пресуди дека на Бошкоски му биле прекршени правата на фер судење во однос на повикување и испитување на сведоци.

Во 2021 година, по барање на одбраната, судењето против Љубе Бошкоски за предметот „Кампања“ беше вратено на повторно судење.

Кривичниот совет при Основниот кривичен суд Скопје постапувајќи по барање на одбраната на Љ.Б. претходно осуден во предметот во јавноста познат како „Кампања“, го уважи барањето за повторно судење на предметот. Претходно, за барањето за повторно судење, а согласно и пресудата на Судот за човекови права во Стразбур, добиено е позитивно милење од надлежниот јавен обвинител по што е уважено барањето, за кое странките не вложиле жалба пред Апелациониот суд и истото е веќе правосилно, соопшти Кривичниот суд своевремено.

Од страна на Специјалното обвинителство во 2017 година беше поднесено обвинение за тортура и нечовечно постапување при апсењето на Бошкоски во „Кампања“, против тогашниот директор на УБК Сашо Мијалков и седуммина припадници на „алфите“ во МВР. Судењето започна на 28.02.2018 година, а пред самиот крај, судењето се врати од почеток поради промена на член-поротник во Судечкиот совет.

Во јули 2021, Кривичниот суд донесе ослободителна пресуда за Сашо Мијалков во предметот „Тортура“. Според Судот, обвинителството не докажало надвор од основано сомнение дека обвинетите се виновни за делот мачење и друго сурово, нечовечко или понижувачко постапување и казнување.

Процесот го води судијката Елена Илиевска Јосифовиќ.

The post Ослободителна пресуда за Љубе Бошкоски во „Кампања“ appeared first on Република.

]]>

Основниот кривичен суд Скопје во повторената постапка врз основа на пресуда на Европскиот суд за човекови права, денеска донесе ослободителна пресуда за Љубе Бошкоски, во врска со случајот „Кампања“. Лидерот на Обединети за Македонија и советник во Владата беше уапсен на 6 јуни 2011 година, пред ресторанот „Воденица“ во Скопје, под сомнение за нелегално финансирање на изборната кампања. Во 2014 тој беше осуден на пет години затвор, а во 2016 година излезе од затворот во Идризово каде ја отслужуваше казната. Европскиот суд за човекови права во 2020 година пресуди дека на Бошкоски му биле прекршени правата на фер судење во однос на повикување и испитување на сведоци. Во 2021 година, по барање на одбраната, судењето против Љубе Бошкоски за предметот „Кампања“ беше вратено на повторно судење.
Кривичниот совет при Основниот кривичен суд Скопје постапувајќи по барање на одбраната на Љ.Б. претходно осуден во предметот во јавноста познат како „Кампања“, го уважи барањето за повторно судење на предметот. Претходно, за барањето за повторно судење, а согласно и пресудата на Судот за човекови права во Стразбур, добиено е позитивно милење од надлежниот јавен обвинител по што е уважено барањето, за кое странките не вложиле жалба пред Апелациониот суд и истото е веќе правосилно, соопшти Кривичниот суд своевремено.
Од страна на Специјалното обвинителство во 2017 година беше поднесено обвинение за тортура и нечовечно постапување при апсењето на Бошкоски во „Кампања“, против тогашниот директор на УБК Сашо Мијалков и седуммина припадници на „алфите“ во МВР. Судењето започна на 28.02.2018 година, а пред самиот крај, судењето се врати од почеток поради промена на член-поротник во Судечкиот совет. Во јули 2021, Кривичниот суд донесе ослободителна пресуда за Сашо Мијалков во предметот „Тортура“. Според Судот, обвинителството не докажало надвор од основано сомнение дека обвинетите се виновни за делот мачење и друго сурово, нечовечко или понижувачко постапување и казнување. Процесот го води судијката Елена Илиевска Јосифовиќ.

The post Ослободителна пресуда за Љубе Бошкоски во „Кампања“ appeared first on Република.

]]>