Лиза Макинерни Archives - Република https://republika.mk/tema/liza-makinerni/ За подобро да се разбереме Sun, 08 May 2022 09:29:19 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Лиза Макинерни Archives - Република https://republika.mk/tema/liza-makinerni/ 32 32 Ирската писателка, Лиза Макинерни, вечерва ќе гостува на Саемот на книга https://republika.mk/vesti/kultura/irskata-pisatelka-liza-makinerni-vecherva-kje-gostuva-na-saemot-na-kniga/ Sun, 08 May 2022 09:29:19 +0000 https://republika.mk/?p=499392

Ирската писателка, Лиза Макинерни, авторка на романот „Свети ереси“, вечерва ќе биде гостинка на Саемот на книга во промотивниот центар во салата „Борис Трајковски“.

Макинерни претходно ќе се сретне со љубителите на нејзината книга на штандот на издавачката куќа „Бата прес“.

Делото од англиски го преведе Ацо Пероски, а ќе го промовира Пепи Стамков.

Објавувањето е поддржано од Секторот за евроинтеграции на Министерството за култура и програмата Креативна Европа на Европската Унија. Ова е уште една од десетте книги од десет различни европски јазици што „Бата прес“ ги објавува во минатата и оваа година во рамките на проектот „Отворени книги – отворени граници“ - информираат од издавачката куќа „Бата прес“.

Лиза Макинерни е родена 1981 година во работничко семејство, во Галвеј, Ирска. По завршувањето на средното училиште студирала англиски јазик и географија на Универзитетскиот колеџ во Корк. Пишува романи, кратки раскази, есеи, статии. Како блогер, активна е на социјалните мрежи. Ги објавила романите: „Свети ереси“, „Чуда од крв“, „Правилата на Откровението“.

За романот „Свети ереси“ ја има добиено престижната награда за жена автор на фикција и наградата Дезмонд Елиот во 2016 година.

The post Ирската писателка, Лиза Макинерни, вечерва ќе гостува на Саемот на книга appeared first on Република.

]]>

Ирската писателка, Лиза Макинерни, авторка на романот „Свети ереси“, вечерва ќе биде гостинка на Саемот на книга во промотивниот центар во салата „Борис Трајковски“. Макинерни претходно ќе се сретне со љубителите на нејзината книга на штандот на издавачката куќа „Бата прес“. Делото од англиски го преведе Ацо Пероски, а ќе го промовира Пепи Стамков.
Објавувањето е поддржано од Секторот за евроинтеграции на Министерството за култура и програмата Креативна Европа на Европската Унија. Ова е уште една од десетте книги од десет различни европски јазици што „Бата прес“ ги објавува во минатата и оваа година во рамките на проектот „Отворени книги – отворени граници“ - информираат од издавачката куќа „Бата прес“.
Лиза Макинерни е родена 1981 година во работничко семејство, во Галвеј, Ирска. По завршувањето на средното училиште студирала англиски јазик и географија на Универзитетскиот колеџ во Корк. Пишува романи, кратки раскази, есеи, статии. Како блогер, активна е на социјалните мрежи. Ги објавила романите: „Свети ереси“, „Чуда од крв“, „Правилата на Откровението“. За романот „Свети ереси“ ја има добиено престижната награда за жена автор на фикција и наградата Дезмонд Елиот во 2016 година.

The post Ирската писателка, Лиза Макинерни, вечерва ќе гостува на Саемот на книга appeared first on Република.

]]>
„Бата прес“ го објави трилерот „Свети ереси“, авторката Лиза Макинерни доаѓа на Саемот на книга во Скопје https://republika.mk/vesti/kultura/bata-pres-go-objavi-trilerot-sveti-eresi-avtorkata-liza-makinerni-doagja-na-saemot-na-kniga-vo-skopje/ Mon, 18 Apr 2022 07:02:38 +0000 https://republika.mk/?p=489761

Во издание на „Бата прес“, деновиве излезе од печат психолошкиот роман, трилер „Свети ереси“ од ирската авторка Лиза Макинерни. Делото од англиски на македонски го преведе Ацо Пероски, а објавувањето е поддржано од Секторот за евроинтеграции на Министерството за култура и програмата Креативна Европа на Европската Унија.

Ова е уште една од десетте книги од десет различни европски јазици што „Бата прес“ ги објавува во минатата и оваа година во рамките на проектот „Отворени книги – отворени граници“.

Романот првпат ќе се промовира на годинешниов саем на книгата, во почетокот на мај годинава и по тој повод најавено е доаѓањето на авторката и средби со љубителите на книгата.

По четириесет години во егзил, Морин се враќа во Корк за повторно да се соедини со нејзиниот син Џими, кого била принудена да го напушти, откако една ноќ, убила непознат натрапник во нејзиниот дом и со тоа предизвикува серија настани што ќе го потресат целиот град и ќе откријат различни ликови и случувања на маргините на ирското општество.

Петнаесетгодишниот Рајан би направил сѐ за да не личи на својот татко, алкохоличарот Џими.

Во дејствието што се одвива во Ирска и Лондон присутен е голем број млади ликови од распаднати семејства, сторијата е преполна со убиства, банди, секс, дрога, алкохол…

Лиза Макинерни (Lisa McInerney) е родена 1981 година во работничко семејство, во Галвеј, Ирска.

Ги објавила романите: „Свети ереси“ во 2015, „Чуда од крв“ во 2017 и „Правилата на Откровението“ во 2021 година.

Романот „Свети ереси“ ја доби престижната награда „Бејлис“ за најдобра женска фикција во 2016 година, а истата година е добитник и на наградата „Дезмонд Елиот“ за дебитантски роман.

The post „Бата прес“ го објави трилерот „Свети ереси“, авторката Лиза Макинерни доаѓа на Саемот на книга во Скопје appeared first on Република.

]]>

Во издание на „Бата прес“, деновиве излезе од печат психолошкиот роман, трилер „Свети ереси“ од ирската авторка Лиза Макинерни. Делото од англиски на македонски го преведе Ацо Пероски, а објавувањето е поддржано од Секторот за евроинтеграции на Министерството за култура и програмата Креативна Европа на Европската Унија. Ова е уште една од десетте книги од десет различни европски јазици што „Бата прес“ ги објавува во минатата и оваа година во рамките на проектот „Отворени книги – отворени граници“. Романот првпат ќе се промовира на годинешниов саем на книгата, во почетокот на мај годинава и по тој повод најавено е доаѓањето на авторката и средби со љубителите на книгата. По четириесет години во егзил, Морин се враќа во Корк за повторно да се соедини со нејзиниот син Џими, кого била принудена да го напушти, откако една ноќ, убила непознат натрапник во нејзиниот дом и со тоа предизвикува серија настани што ќе го потресат целиот град и ќе откријат различни ликови и случувања на маргините на ирското општество. Петнаесетгодишниот Рајан би направил сѐ за да не личи на својот татко, алкохоличарот Џими. Во дејствието што се одвива во Ирска и Лондон присутен е голем број млади ликови од распаднати семејства, сторијата е преполна со убиства, банди, секс, дрога, алкохол… Лиза Макинерни (Lisa McInerney) е родена 1981 година во работничко семејство, во Галвеј, Ирска. Ги објавила романите: „Свети ереси“ во 2015, „Чуда од крв“ во 2017 и „Правилата на Откровението“ во 2021 година. Романот „Свети ереси“ ја доби престижната награда „Бејлис“ за најдобра женска фикција во 2016 година, а истата година е добитник и на наградата „Дезмонд Елиот“ за дебитантски роман.

The post „Бата прес“ го објави трилерот „Свети ереси“, авторката Лиза Макинерни доаѓа на Саемот на книга во Скопје appeared first on Република.

]]>