литиски крстови Archives - Република https://republika.mk/tema/litiski-krstovi/ За подобро да се разбереме Tue, 24 Sep 2024 19:26:26 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png литиски крстови Archives - Република https://republika.mk/tema/litiski-krstovi/ 32 32 Реставрирани две ремек-дела од ризницата на Бигорскиот Манастир https://republika.mk/zivot/restavrirani-dve-remek-dela-od-riznitsata-na-bigorskiot-manastir/ Tue, 24 Sep 2024 19:26:26 +0000 https://republika.mk/?p=819379

Претставници на Националниот конзерваторски центар – Скопје, денеска на Бигорскиот манастир „Свети Јован Крстител“ му ги предадоа двата литиски крстови од драгоцената манастирска збирка старини, кои беа реставрирани од стручен тим на Националната установа. Уникатните реликвии, создадени од легендарните бигорски зографи Михаил и неговиот син Даниил јеромонах, му беа предадени на игуменот на Обителта, Епископот Антаниски г. Партениј.

– Посебно значајно за нас е тоа што меѓу нив беа и конзерваторите советници Јехона Спахиу Јанчевска и Невенка Величковска, кои вложија огромни напори и извонредно стручна посветеност во нивната конзервација и реставрација и лично ги донесоа крстовите. Тие беа топло пречекани од страна на нашиот Старец и игумен епископ Антаниски г. Партениј, кој им изрази голема благодарност за нивната стручна и макотрпна работа, љубов и посветеност кон зачувувањето на ова свето наследство. Тој исто така го изрази своето задоволство поради мошне стручниот и научен пристап кон целиот процес, вели отец Кирил.

Во изјава за МИА, отец Кирил појасни дека станува збор за Процесиски крст – Распетие/Богојавление2 и Процесиски крст – Распетие/Преображение.

– Двата процесиски крста се датирани во четириесеттите години на XIX век. Иконописот е на зографите Михаил и Даниил од Самарина, додека резбата се смета дека ја изработиле мијачките резбари. Конзерваторско-реставраторските зафати, се однесуваа на носачот, резбата, подлогата, боениот слој, позлатата, заштитниот слој и металните држачи. Скршените делови од резбата се вратија на своите места, а за враќање на одреден откршен дел од изрезбан ружин цвет се преземаа минимални реставраторски интервенции, нагласи отец Кирил.

Според него, двата процесиски крстови имаат стилска и хронолошка блискост и со други дела, особено со други два процесиски крста, исто така од Бигорскиот манастир, коишто се дело на зографите Михаил и Даниил од Самарина и на мијачките резбари.

-Двата литиски крста ќе бидат составен дел од богатата манастирска ризница со милениумска историја. Интересно е да се напомене дека крстовите, по Божја промисла, му се враќаат на Бигорскиот манастир во пресрет на празникот Воздвижение на Чесниот и Животворен Крст – Крстовден, посочува отец Кирил.

The post Реставрирани две ремек-дела од ризницата на Бигорскиот Манастир appeared first on Република.

]]>