Литија Archives - Република https://republika.mk/tema/litija/ За подобро да се разбереме Tue, 17 Sep 2024 07:42:16 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Литија Archives - Република https://republika.mk/tema/litija/ 32 32 Во петок литија со икона од Света Гора во центарот на Скопје https://republika.mk/vesti/skopje/vo-petok-litija-so-ikona-od-sveta-gora-vo-tsentarot-na-skopje/ Tue, 17 Sep 2024 07:42:16 +0000 https://republika.mk/?p=816973

Во петок, на 20 септември во Скопје, монасите од Света Гора заедно со игуменот на манастирот Хиландар, преосветениот архимандрит Методиј, ќе донесат копија од иконата на Богородица „Трирачица“, која ќе биде осветена, а потоа ќе се одржи литија низ улиците на главниот град.

 

Подарокот од манастирот Хиландар пристигнува во црквата Рождество на Пресвета Богородица во Скопје во 17:00 часот, а во 17:30 часот ќе има вечерна богослужба и празнична литија со иконата низ центарот на Скопје.

„Ние, како редовни гости на манастирот Хиландар на Света Гора, благодарение на нашето братско здружение Мир, хармонија и стабилност, ги повикуваме сите верници заедно да го прославиме овој голем православен чин и да се молиме за здравје, љубов, среќа, мир, слога и единство, се вели во најавата за настанот.

Во сабота во 09:00 часот ќе се одржи Света литургија на Архиепископијата, со која ќе чиноначалствува Неговото Блаженство Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан.

The post Во петок литија со икона од Света Гора во центарот на Скопје appeared first on Република.

]]>

Во петок, на 20 септември во Скопје, монасите од Света Гора заедно со игуменот на манастирот Хиландар, преосветениот архимандрит Методиј, ќе донесат копија од иконата на Богородица „Трирачица“, која ќе биде осветена, а потоа ќе се одржи литија низ улиците на главниот град.   Подарокот од манастирот Хиландар пристигнува во црквата Рождество на Пресвета Богородица во Скопје во 17:00 часот, а во 17:30 часот ќе има вечерна богослужба и празнична литија со иконата низ центарот на Скопје.
„Ние, како редовни гости на манастирот Хиландар на Света Гора, благодарение на нашето братско здружение Мир, хармонија и стабилност, ги повикуваме сите верници заедно да го прославиме овој голем православен чин и да се молиме за здравје, љубов, среќа, мир, слога и единство, се вели во најавата за настанот.
Во сабота во 09:00 часот ќе се одржи Света литургија на Архиепископијата, со која ќе чиноначалствува Неговото Блаженство Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан.

The post Во петок литија со икона од Света Гора во центарот на Скопје appeared first on Република.

]]>
Литија со моштите на „Свети Георгиј Победоносец“ во Струга https://republika.mk/vesti/makedonija/litija-so-moshtite-na-sveti-georgij-pobedonosets-vo-struga/ Tue, 07 May 2024 07:15:08 +0000 https://republika.mk/?p=774925

На раскошно украсени епитафи и традиционалните торжества, моштите на „Свети Георгиј Победоносец“, чудотворната икона на светецот и Крнинската икона на Богородица, денеска ќе ја осветат Струга.

Традиционално, на 7 мај, моштите и чудотворните икони носени од угледни граѓани, предводени од локалното свештенство и братството и сестринството од Бигорски, манастирите во Рајчица и Пречиста, по вечерната служба ќе тргнат од храмот „Свети Георгиј“ и ќе поминат низ струшките улици, покрај кејот на реката Црн Дрим, низ Чаршијата придружувани од голем број верници.

Сестра Ефимија од женскиот манастир во Рајчица за МИА информира дека и годинава поворката ќе ја води церемонијално полициско возило, кое на симболичен начин ќе го одбележи чествувањето на свети великомаченик Георгиј, како покровител на полициските и безбедносни сили. Меѓу возилото и литијата ќе дефилира коњаник, облечен во римска трибунска воена облека, изработена од автентични материјали, којашто е верна копија на оригиналните воени оклопи од тоа време, дело на познат италијански експерт за историјата на древната Римска империја. Коњаникот, кој во раката ќе држи палмова гранка како симбол на мирот, ќе има улога на посебен редар и најавувач на процесијата.

На чело на Еордијата ќе биде член од Бигорското братство со клепало, потоа носачи на крстови, рипиди, знамиња, псалти и братството на Бигорскиот манастир, оркестарот на Град Скопје, чудотворните икони на Свети Георгиј Победоносец и Пресвета Богородица – Крнинска, сестринствата од манастирите во Рајчица и Пречиста, свештенството на Дебарско-кичевската епархија, митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј и епископот Антаниски г. Партениј, и најпосле, најголемата светиња – моштите на светецот во раскошно украсен епитаф, појаснува сестра Ефимија.

Моштите, додава, и овој пат ќе бидат носени од четворица видни граѓани, а ќе бидат придружувани и чувани од четворица капетани од сејменската гарда на Бигорскиот манастир, облечени во традиционална мијачка носија, со сејменски ќостек на градите, на којшто е претставен ликот на Свети Јован Крстител. Зад сердарите ќе оди сејменската гарда, чии членови ќе бидат, исто така, облечени во традиционални мијачки носии, со ќостек на градите со ликот на Свети Георгиј Победоносец.

– Традиционално, моштите на светецот ќе пристигнат од нашиот манастир во Рајчица, а чудотворната икона на Пресвета Богородица од манастирот Пречиста во Кичево. Овие големи светињи ќе бидат поставени за поклонение во храмот „Свети Георгиј“ во Струга. Во 16 часот ќе биде отслужена ктиторската вечерна богослужба, после што ќе следи Еордијата, која ќе започне веднаш по богослужбата во 17 часот. Литијата ќе тргне од храмот на светителот, ќе поминува низ централните градски улици, од другата страна на кејот на реката Црн Дрим, низ Чаршијата и повторно ќе се врати во црквата, истакна сестра Ефимија.

Верниците и сите добронамерници ќе се движат после гардата, а оние кои не можат да се вклучат во Литијата, ќе останат на двете страни од улиците и заедно со дечињата облечени во народна носија ќе ги поздравуваат моштите со зборовите „Христос воскресна! Навистина воскресна!”.

The post Литија со моштите на „Свети Георгиј Победоносец“ во Струга appeared first on Република.

]]>

На раскошно украсени епитафи и традиционалните торжества, моштите на „Свети Георгиј Победоносец“, чудотворната икона на светецот и Крнинската икона на Богородица, денеска ќе ја осветат Струга. Традиционално, на 7 мај, моштите и чудотворните икони носени од угледни граѓани, предводени од локалното свештенство и братството и сестринството од Бигорски, манастирите во Рајчица и Пречиста, по вечерната служба ќе тргнат од храмот „Свети Георгиј“ и ќе поминат низ струшките улици, покрај кејот на реката Црн Дрим, низ Чаршијата придружувани од голем број верници. Сестра Ефимија од женскиот манастир во Рајчица за МИА информира дека и годинава поворката ќе ја води церемонијално полициско возило, кое на симболичен начин ќе го одбележи чествувањето на свети великомаченик Георгиј, како покровител на полициските и безбедносни сили. Меѓу возилото и литијата ќе дефилира коњаник, облечен во римска трибунска воена облека, изработена од автентични материјали, којашто е верна копија на оригиналните воени оклопи од тоа време, дело на познат италијански експерт за историјата на древната Римска империја. Коњаникот, кој во раката ќе држи палмова гранка како симбол на мирот, ќе има улога на посебен редар и најавувач на процесијата. На чело на Еордијата ќе биде член од Бигорското братство со клепало, потоа носачи на крстови, рипиди, знамиња, псалти и братството на Бигорскиот манастир, оркестарот на Град Скопје, чудотворните икони на Свети Георгиј Победоносец и Пресвета Богородица – Крнинска, сестринствата од манастирите во Рајчица и Пречиста, свештенството на Дебарско-кичевската епархија, митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј и епископот Антаниски г. Партениј, и најпосле, најголемата светиња – моштите на светецот во раскошно украсен епитаф, појаснува сестра Ефимија. Моштите, додава, и овој пат ќе бидат носени од четворица видни граѓани, а ќе бидат придружувани и чувани од четворица капетани од сејменската гарда на Бигорскиот манастир, облечени во традиционална мијачка носија, со сејменски ќостек на градите, на којшто е претставен ликот на Свети Јован Крстител. Зад сердарите ќе оди сејменската гарда, чии членови ќе бидат, исто така, облечени во традиционални мијачки носии, со ќостек на градите со ликот на Свети Георгиј Победоносец. – Традиционално, моштите на светецот ќе пристигнат од нашиот манастир во Рајчица, а чудотворната икона на Пресвета Богородица од манастирот Пречиста во Кичево. Овие големи светињи ќе бидат поставени за поклонение во храмот „Свети Георгиј“ во Струга. Во 16 часот ќе биде отслужена ктиторската вечерна богослужба, после што ќе следи Еордијата, која ќе започне веднаш по богослужбата во 17 часот. Литијата ќе тргне од храмот на светителот, ќе поминува низ централните градски улици, од другата страна на кејот на реката Црн Дрим, низ Чаршијата и повторно ќе се врати во црквата, истакна сестра Ефимија. Верниците и сите добронамерници ќе се движат после гардата, а оние кои не можат да се вклучат во Литијата, ќе останат на двете страни од улиците и заедно со дечињата облечени во народна носија ќе ги поздравуваат моштите со зборовите „Христос воскресна! Навистина воскресна!”.

The post Литија со моштите на „Свети Георгиј Победоносец“ во Струга appeared first on Република.

]]>
Традиционалната Литија со моштите на „Свети Георгиј Победоносец“ денеска низ струшките улици https://republika.mk/zivot/kaleidoskop/traditsionalnata-litija-so-moshtite-na-sveti-georgij-pobedonosets-deneska-niz-strushkite-ulitsi/ Sun, 07 May 2023 08:06:51 +0000 https://republika.mk/?p=637877

На раскошно украсен епитаф, со локалното свештенство и братството и сестринството од Бигорски, манастирите во Рајчица и Пречиста, со традиционалните торжества, денеска во Струга ќе се одржи познатата струшка Литија (Еордија) со моштите на „Свети Георгиј Победоносец“, чудотворната икона на светецот и Крнинската икона на Богородица.

На Еордијата, како што појасни за МИА сестра Ефимија од женскиот манастир во Рајчица, ќе и претходи церемонијално полициско возило, кое на симболичен начин ќе го одбележи чествувањето на свети великомаченик Георгиј, како покровител на полициските и безбедносни сили, кои без оглед на нивната национална и верска припадност, секогаш се тука за да ги чуваат мирот и безбедноста. Меѓу возилото и литијата ќе дефилира коњаник, облечен во римска трибунска воена облека, изработена од автентични материјали, којашто е верна копија на оригиналните воени оклопи од тоа време. Дело на познат италијански експерт за историјата на древната Римска империја. Коњаникот, кој во раката ќе држи палмова гранка како симбол на мирот, ќе има улога на посебен редар и најавувач на процесијата.

– На чело на Еордијата ќе биде член од Бигорското братство со клепало, потоа носачи на крстови, рипиди, знамиња, псалти и братството на Бигорскиот манастир, оркестарот на Град Скопје, чудотворните икони на Свети Георгиј Победоносец и Пресвета Богородица – Крнинска, сестринствата од манастирите во Рајчица и Пречиста, свештенството на Дебарско-кичевската епархија, митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј и епископот Антаниски г. Партениј, и најпосле, најголемата светиња – моштите на светецот во раскошно украсен епитаф, изјави сестра Ефимија.

Моштите, додаде, и овој пат ќе бидат носени од четворица видни граѓани, а ќе бидат придружувани и чувани од четворица капетани од сејменската гарда на Бигорскиот манастир, облечени во традиционална мијачка носија, со сејменски ќостек на градите, на кој е претставен ликот на Свети Јован Крстител. Зад сердарите ќе оди сејменската гарда, чии членови ќе бидат, исто така, облечени во традиционални мијачки носии, со ќостек на градите со ликот на Свети Георгиј Победоносец.

– Традиционално, моштите на светецот ќе пристигнат од нашиот манастир во Рајчица, а чудотворната икона на Пресвета Богородица од манастирот Пречиста во Кичево. Овие големи светињи ќе бидат поставени за поклонение во храмот „Свети Георгиј“ во Струга. Во 16 часот ќе биде отслужена ктиторската вечерна богослужба, после што ќе следи Еордијата, која ќе започне веднаш по богослужбата во 17 часот. Литијата ќе тргне од храмот на светителот, ќе поминува низ централните градски улици, од другата страна на кејот на реката Црн Дрим, низ Чаршијата и повторно ќе се врати во црквата, истакна сестра Ефимија.

Верниците и сите добронамерници, како што посочи отец Васко Голабоски, кој е дел од организацискиот одбор на Струшката Еордија, ќе се движат после гардата, а оние што не можат да се вклучат поради многубројниот народ, ќе останат на двете страни од улиците и заедно со дечињата облечени во народна носија ќе ги поздравуваат моштите со зборовите „Христос воскресна! Навистина воскресна!”.

По завршувањето на свечената Литија, во дворот на храмот „Свети Георгиј Победоносец” во Струга, со своја културно-уметничка програма ќе настапи кичевското играорно друштво „Бисер“, како и хорот „Митрополит Козма Пречистански“ од Кичево, кои за Струшката Еордија подготвиле специјална програма.

За време на Еордијата, струшката полиција ќе спроведе посебен сообраќаен режим, а за поголема безбедност градоначалникот Рамис Мерко оствари координативен состанок со со претставници од црквата „Свети Георгиј“ и Полициската станица во Струга.

The post Традиционалната Литија со моштите на „Свети Георгиј Победоносец“ денеска низ струшките улици appeared first on Република.

]]>

На раскошно украсен епитаф, со локалното свештенство и братството и сестринството од Бигорски, манастирите во Рајчица и Пречиста, со традиционалните торжества, денеска во Струга ќе се одржи познатата струшка Литија (Еордија) со моштите на „Свети Георгиј Победоносец“, чудотворната икона на светецот и Крнинската икона на Богородица. На Еордијата, како што појасни за МИА сестра Ефимија од женскиот манастир во Рајчица, ќе и претходи церемонијално полициско возило, кое на симболичен начин ќе го одбележи чествувањето на свети великомаченик Георгиј, како покровител на полициските и безбедносни сили, кои без оглед на нивната национална и верска припадност, секогаш се тука за да ги чуваат мирот и безбедноста. Меѓу возилото и литијата ќе дефилира коњаник, облечен во римска трибунска воена облека, изработена од автентични материјали, којашто е верна копија на оригиналните воени оклопи од тоа време. Дело на познат италијански експерт за историјата на древната Римска империја. Коњаникот, кој во раката ќе држи палмова гранка како симбол на мирот, ќе има улога на посебен редар и најавувач на процесијата.
– На чело на Еордијата ќе биде член од Бигорското братство со клепало, потоа носачи на крстови, рипиди, знамиња, псалти и братството на Бигорскиот манастир, оркестарот на Град Скопје, чудотворните икони на Свети Георгиј Победоносец и Пресвета Богородица – Крнинска, сестринствата од манастирите во Рајчица и Пречиста, свештенството на Дебарско-кичевската епархија, митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј и епископот Антаниски г. Партениј, и најпосле, најголемата светиња – моштите на светецот во раскошно украсен епитаф, изјави сестра Ефимија.
Моштите, додаде, и овој пат ќе бидат носени од четворица видни граѓани, а ќе бидат придружувани и чувани од четворица капетани од сејменската гарда на Бигорскиот манастир, облечени во традиционална мијачка носија, со сејменски ќостек на градите, на кој е претставен ликот на Свети Јован Крстител. Зад сердарите ќе оди сејменската гарда, чии членови ќе бидат, исто така, облечени во традиционални мијачки носии, со ќостек на градите со ликот на Свети Георгиј Победоносец.
– Традиционално, моштите на светецот ќе пристигнат од нашиот манастир во Рајчица, а чудотворната икона на Пресвета Богородица од манастирот Пречиста во Кичево. Овие големи светињи ќе бидат поставени за поклонение во храмот „Свети Георгиј“ во Струга. Во 16 часот ќе биде отслужена ктиторската вечерна богослужба, после што ќе следи Еордијата, која ќе започне веднаш по богослужбата во 17 часот. Литијата ќе тргне од храмот на светителот, ќе поминува низ централните градски улици, од другата страна на кејот на реката Црн Дрим, низ Чаршијата и повторно ќе се врати во црквата, истакна сестра Ефимија.
Верниците и сите добронамерници, како што посочи отец Васко Голабоски, кој е дел од организацискиот одбор на Струшката Еордија, ќе се движат после гардата, а оние што не можат да се вклучат поради многубројниот народ, ќе останат на двете страни од улиците и заедно со дечињата облечени во народна носија ќе ги поздравуваат моштите со зборовите „Христос воскресна! Навистина воскресна!”. По завршувањето на свечената Литија, во дворот на храмот „Свети Георгиј Победоносец” во Струга, со своја културно-уметничка програма ќе настапи кичевското играорно друштво „Бисер“, како и хорот „Митрополит Козма Пречистански“ од Кичево, кои за Струшката Еордија подготвиле специјална програма. За време на Еордијата, струшката полиција ќе спроведе посебен сообраќаен режим, а за поголема безбедност градоначалникот Рамис Мерко оствари координативен состанок со со претставници од црквата „Свети Георгиј“ и Полициската станица во Струга.

The post Традиционалната Литија со моштите на „Свети Георгиј Победоносец“ денеска низ струшките улици appeared first on Република.

]]>
Свечена литија со иконата на Пресвета Богородица Брзопослушница во Струмица https://republika.mk/vesti/makedonija/svechena-litija-so-ikonata-na-presveta-bogoroditsa-brzoposlushnitsa-vo-strumitsa/ Fri, 21 Apr 2023 21:00:55 +0000 https://republika.mk/?p=632727

тре во Струмица ќе се одржи свечена Литија со иконата на Пресвета Богородица Брзопослушница, а денеска по отслужување на Вечерна богослужба во манастирот „Свети Петнаесет Тивериополски свештеномаченици“ иконата ќе биде пренесена во храмот „Свети Григориј и Свети Димитриј Палама“, каде ќе биде оставена за поклонение на верниците, информираа од Струмичката епархија на МПЦ-ОА.

Свечената литија утре ќе тргне во 10 часот од пред храмот на „Свети Димитриј и Свети Григориј Палама во Струмица, а свечената поворка ќе се движи кон градскиот плоштад „Гоце Делчев“.

Пред шест години, во втората недела од Великиот пост, посветена на Свети Григориј Палама заштитникот на Струмичката епархија, иконата беше донесена во манастирот „Светите Петнаесет Тивериополски свештеномаченици“ во Струмица како подарок од братството на светогорскиот манастир Дохијар.

The post Свечена литија со иконата на Пресвета Богородица Брзопослушница во Струмица appeared first on Република.

]]>

тре во Струмица ќе се одржи свечена Литија со иконата на Пресвета Богородица Брзопослушница, а денеска по отслужување на Вечерна богослужба во манастирот „Свети Петнаесет Тивериополски свештеномаченици“ иконата ќе биде пренесена во храмот „Свети Григориј и Свети Димитриј Палама“, каде ќе биде оставена за поклонение на верниците, информираа од Струмичката епархија на МПЦ-ОА. Свечената литија утре ќе тргне во 10 часот од пред храмот на „Свети Димитриј и Свети Григориј Палама во Струмица, а свечената поворка ќе се движи кон градскиот плоштад „Гоце Делчев“. Пред шест години, во втората недела од Великиот пост, посветена на Свети Григориј Палама заштитникот на Струмичката епархија, иконата беше донесена во манастирот „Светите Петнаесет Тивериополски свештеномаченици“ во Струмица како подарок од братството на светогорскиот манастир Дохијар.

The post Свечена литија со иконата на Пресвета Богородица Брзопослушница во Струмица appeared first on Република.

]]>
Литија за спас на Србија: Свештеници од СПЦ водеа поворка од илјадници противници на Европрајд https://republika.mk/vesti/balkan/litija-za-spas-na-srbija-sveshtenici-od-spc-vodea-povorka-od-iljadnici-protivnici-na-evroprajd/ Mon, 29 Aug 2022 06:53:26 +0000 https://republika.mk/?p=545089

Илјадници противници на Европрајд, што требаше да се одржи во Белград во септември, протестираа синоќа и покрај изјавата на српскиот претседател Александар Вучиќ дека настанот ќе биде „откажан или одложен“.

Во Белград, парадата на гордоста требаше да се одржи на 17 септември, но Вучиќ во саботата изјави дека ќе биде „откажана или одложена“.

Неделниот протест, одржан за време на црковната празнична поворка, беше предводен од свештеници на Српската православна црква, од кои некои епископи велат дека парадата ги загрозува традиционалните семејни вредности и дека треба да биде забранета.

„Спасете ги нашите деца и семејство“, „Држете ги рацете подалеку од нашите деца“ гласеа транспарентите што ги носеа демонстрантите.

Вучиќ во саботата рече дека парадата ќе биде откажана или ќе се одржи подоцна од безбедносни причини. Според него, одржувањето на манифестацијата не е можно во моментите на „тешка криза на Косово и Метохија“ која, како што оцени, нема да заврши барем до 31 октомври.

Тоа ќе се случи, но во некои други и посреќни времиња, рече тој.

Претставникот на ОН во Србија ја критикуваше забраната на Белград за Европрајд.

Тоа е против меѓународните обврски на Србија за човековите права, рече Франсоа Џејкоб, координатор на ОН во Србија.

The post Литија за спас на Србија: Свештеници од СПЦ водеа поворка од илјадници противници на Европрајд appeared first on Република.

]]>

Илјадници противници на Европрајд, што требаше да се одржи во Белград во септември, протестираа синоќа и покрај изјавата на српскиот претседател Александар Вучиќ дека настанот ќе биде „откажан или одложен“. Во Белград, парадата на гордоста требаше да се одржи на 17 септември, но Вучиќ во саботата изјави дека ќе биде „откажана или одложена“. Неделниот протест, одржан за време на црковната празнична поворка, беше предводен од свештеници на Српската православна црква, од кои некои епископи велат дека парадата ги загрозува традиционалните семејни вредности и дека треба да биде забранета. „Спасете ги нашите деца и семејство“, „Држете ги рацете подалеку од нашите деца“ гласеа транспарентите што ги носеа демонстрантите. Вучиќ во саботата рече дека парадата ќе биде откажана или ќе се одржи подоцна од безбедносни причини. Според него, одржувањето на манифестацијата не е можно во моментите на „тешка криза на Косово и Метохија“ која, како што оцени, нема да заврши барем до 31 октомври.
Тоа ќе се случи, но во некои други и посреќни времиња, рече тој.
Претставникот на ОН во Србија ја критикуваше забраната на Белград за Европрајд.
Тоа е против меѓународните обврски на Србија за човековите права, рече Франсоа Џејкоб, координатор на ОН во Србија.

The post Литија за спас на Србија: Свештеници од СПЦ водеа поворка од илјадници противници на Европрајд appeared first on Република.

]]>
Мицкоски во Струга присуствуваше на традиционалната струшка литија https://republika.mk/vesti/makedonija/mickoski-vo-struga-prisustvuvashe-na-tradicionalnata-strushka-litija/ Sat, 07 May 2022 17:17:22 +0000 https://republika.mk/?p=499183

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски по денешната посета на Охрид, присуствуваше и на традиционална струшка литија.

Во Струга на традиционална струшка литија, напиша Мицкоски на Фејсбук и сподели фотогалерија од струшката литија.

Со отслужување на ктиторската вечерна богослужба во храмот „Свети Георгиј Победоносец“ во Струга и молитвена поворка низ градот, попладнево се одржа познатата струшка Литија (Еордија) со моштите на „Свети Георгиј Победоносец“, чудотворната икона на светецот и Крнинската икона на Богородица.

Молитвената поворка од храмот на светителот, според традицијата, се движеше низ централните градски улици, покрај кејот на реката Црн Дрим, низ Чаршијата и повторно се вратија во црквата, каде верниците имаа можност да се поклонат пред моштите на Свети Георгиј.

 

The post Мицкоски во Струга присуствуваше на традиционалната струшка литија appeared first on Република.

]]>

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски по денешната посета на Охрид, присуствуваше и на традиционална струшка литија.
Во Струга на традиционална струшка литија, напиша Мицкоски на Фејсбук и сподели фотогалерија од струшката литија.
Со отслужување на ктиторската вечерна богослужба во храмот „Свети Георгиј Победоносец“ во Струга и молитвена поворка низ градот, попладнево се одржа познатата струшка Литија (Еордија) со моштите на „Свети Георгиј Победоносец“, чудотворната икона на светецот и Крнинската икона на Богородица. Молитвената поворка од храмот на светителот, според традицијата, се движеше низ централните градски улици, покрај кејот на реката Црн Дрим, низ Чаршијата и повторно се вратија во црквата, каде верниците имаа можност да се поклонат пред моштите на Свети Георгиј.  

The post Мицкоски во Струга присуствуваше на традиционалната струшка литија appeared first on Република.

]]>