литературна вечер Archives - Република https://republika.mk/tema/literaturna-vecher/ За подобро да се разбереме Sun, 02 Jun 2024 07:51:06 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png литературна вечер Archives - Република https://republika.mk/tema/literaturna-vecher/ 32 32 Проект „Читај ја Маедонија“: Литературна вечер посветена на академик Влада Урошевиќ во Москва https://republika.mk/vesti/kultura/proekt-chitaj-ja-maedonija-literaturna-vecher-posvetena-na-akademik-vlada-uroshevik-vo-moskva/ Sun, 02 Jun 2024 08:18:53 +0000 https://republika.mk/?p=784028

Во организација на поетесата Олга Панкина, позната руска македонистка и преведувачка во Москва, Русија, се одржа литературна вечер посветена на академик Влада Урошевиќ во рамки на нејзиниот отворен проект „Читаj jа Македониjа!”.

Проектот што доследно го реализира од 2014 година, се покажал како многу успешен, појаснува Олга Панкина, која има преведено и препеано на руски околу 300 македонски автори – поетски, прозни, драмски, критичко-есеистички творби презентирани во рамките на антологиски избори, панорами и одделни објави.

Ми се појави идеја да ги презентирам во Русија редовно, системски, во рамки на еден литературен проект. Го насловив „Читај ја Македонија!” Под тоа мото одржав многу литературни настани – промоции, книжевни разговори, омажи и изложби на книги, претставувајќи ја современата македонска литература како богата и разнолика – жанровски, стилски, тематски, генерациски. Во изминатите 10 години jа претставив на разни терени и во разни градови – најмногу секако во Москва и на најблиското подрачjе Подмосковjе, но и во градовите Внуково, Зеленоград, Долгопрудниј, подалеку  во Твер, Санкт-Петербург, Пjатигорск, Ханти-Мансијск, како и на помали места, на пример во станицата „Новопесковска” на Краснодарската покраина – вели Панкина која е посветена на популаризација на македонската култура во Русија.

Низ цела година таа одржува литературни и културни настани, а оваа година, вели, му е посветена на академик Влада Урошевиќ по повод неговото прогласување за добитник на „Златен венец” на Струшките вечери на поезијата за 2023 година и 90-годишнината од неговото раѓање.

На настанот Олга Панкина го претстави Влада Урошевиќ како поет, прозен автор, критичар, есеист, антологичар и преведувач. Неговото богато творештвото, додава таа, им е познато на руските читатели благодарение на романите „Невестата на змеjот”, „Дива лига” и „Маџун”, а и на расказите „Сабја”, „Кукла”, „Вишнов ликер” и други.

Посебно во своето излагање таа се задржа на поетската збирка „Пејач во кулата” за која во 2017 година Влада Урошевиќ jа доби највисоката руска награда за поезија “Златен витез” и на поновата, насловена „Jужна sвезда”, која лани ја објави Центарот за книга „Рудомино”. Двете поетски книги се проследени со исклучителни колажи на авторот.

Олга Панкина го презентира и мартовскиот број на најреномираното руско списание „Иностранаја литература” чие мото е изреката “Запознај ги утрешните класици!” каде се објавени песни на Влада Урошевиќ во нејзин препев. Панкина напиша и кратка белешка за него како поет, изразувајќи надеж дека читателите и преку превод ќе jа почувствуваат убавината на поетскиот израз на овој голем македонски автор.

Таа најави дека во јунскиот број на „Иностранаја литература” ќе бидат претставени низа раскази на Влада Урошевиќ, а наесен исто така во нејзин превод ќе излезе од печат нова книга – избор раскази на Влада Урошевиќ. Таа го наслови „Дирижабл над поле со пченки”. Книгата, вели таа, ќе биде подарок на Влада Урошевиќ за роденденот, но пред сѐ на руските читатели кои високо го ценат неговото извонредно творештво.

Артисти на театарот „Город”, на литературна вечер посветена на академик Урошевиќ, рецитираа песни и извадоци од неговите романи на македонски и на руски јазик.

Присутните на настанот му ја испратија на Влада Урошевиќ видеоснимката со честитки за јубилејот, наведува Панкина.

The post Проект „Читај ја Маедонија“: Литературна вечер посветена на академик Влада Урошевиќ во Москва appeared first on Република.

]]>

Во организација на поетесата Олга Панкина, позната руска македонистка и преведувачка во Москва, Русија, се одржа литературна вечер посветена на академик Влада Урошевиќ во рамки на нејзиниот отворен проект „Читаj jа Македониjа!”. Проектот што доследно го реализира од 2014 година, се покажал како многу успешен, појаснува Олга Панкина, која има преведено и препеано на руски околу 300 македонски автори – поетски, прозни, драмски, критичко-есеистички творби презентирани во рамките на антологиски избори, панорами и одделни објави.
Ми се појави идеја да ги презентирам во Русија редовно, системски, во рамки на еден литературен проект. Го насловив „Читај ја Македонија!” Под тоа мото одржав многу литературни настани – промоции, книжевни разговори, омажи и изложби на книги, претставувајќи ја современата македонска литература како богата и разнолика – жанровски, стилски, тематски, генерациски. Во изминатите 10 години jа претставив на разни терени и во разни градови – најмногу секако во Москва и на најблиското подрачjе Подмосковjе, но и во градовите Внуково, Зеленоград, Долгопрудниј, подалеку  во Твер, Санкт-Петербург, Пjатигорск, Ханти-Мансијск, како и на помали места, на пример во станицата „Новопесковска” на Краснодарската покраина – вели Панкина која е посветена на популаризација на македонската култура во Русија.
Низ цела година таа одржува литературни и културни настани, а оваа година, вели, му е посветена на академик Влада Урошевиќ по повод неговото прогласување за добитник на „Златен венец” на Струшките вечери на поезијата за 2023 година и 90-годишнината од неговото раѓање. На настанот Олга Панкина го претстави Влада Урошевиќ како поет, прозен автор, критичар, есеист, антологичар и преведувач. Неговото богато творештвото, додава таа, им е познато на руските читатели благодарение на романите „Невестата на змеjот”, „Дива лига” и „Маџун”, а и на расказите „Сабја”, „Кукла”, „Вишнов ликер” и други. Посебно во своето излагање таа се задржа на поетската збирка „Пејач во кулата” за која во 2017 година Влада Урошевиќ jа доби највисоката руска награда за поезија “Златен витез” и на поновата, насловена „Jужна sвезда”, која лани ја објави Центарот за книга „Рудомино”. Двете поетски книги се проследени со исклучителни колажи на авторот. Олга Панкина го презентира и мартовскиот број на најреномираното руско списание „Иностранаја литература” чие мото е изреката “Запознај ги утрешните класици!” каде се објавени песни на Влада Урошевиќ во нејзин препев. Панкина напиша и кратка белешка за него како поет, изразувајќи надеж дека читателите и преку превод ќе jа почувствуваат убавината на поетскиот израз на овој голем македонски автор. Таа најави дека во јунскиот број на „Иностранаја литература” ќе бидат претставени низа раскази на Влада Урошевиќ, а наесен исто така во нејзин превод ќе излезе од печат нова книга – избор раскази на Влада Урошевиќ. Таа го наслови „Дирижабл над поле со пченки”. Книгата, вели таа, ќе биде подарок на Влада Урошевиќ за роденденот, но пред сѐ на руските читатели кои високо го ценат неговото извонредно творештво. Артисти на театарот „Город”, на литературна вечер посветена на академик Урошевиќ, рецитираа песни и извадоци од неговите романи на македонски и на руски јазик. Присутните на настанот му ја испратија на Влада Урошевиќ видеоснимката со честитки за јубилејот, наведува Панкина.

The post Проект „Читај ја Маедонија“: Литературна вечер посветена на академик Влада Урошевиќ во Москва appeared first on Република.

]]>
Вечер посветена на истакнатиот бугарски писател Алек Попов https://republika.mk/vesti/kultura/vecher-posvetena-na-istaknatiot-bugarski-pisatel-alek-popov/ Tue, 02 Apr 2024 14:16:21 +0000 https://republika.mk/?p=761321

Во Бугарскиот културен центар во Скопје денеска со почеток во 18 часот ќе се одржи Вечер посветена на истакнатиот бугарски писател Алек Попов кој неодамна почина.

Алек Попов (роден во Софија, 1966 год.) е и одличен автор на куси раскажувачки форми, неговите раскази од збирките „Мрсни сништа“ и „Ниво за напреднати“ се влезени во многу национални и меѓународни антологии на раскази. Попов е и драматург и есеист. На нашата публика ѝ е познат и како косценарист на популарната ТВ-серија „Преспав“. Неговиот прв роман, кој доживеа огромен успех, комичната сатира „Мисија Лондон“, се базира на неговото искуство како аташе за култура на Бугарија во Лондон и е преведен на 16 јазици. Романот на македонски го издаде редакцијата „Детска радост“ во превод на Александар Прокопиев. Според книгата бугарскиот режисер Димитар Митовски сними филм во 2010 година кој стана најпопуларниот бугарски филм во поновата кинематографија, за кој „Вараети“ напиша дека е „феномен“. Во 2011 година филмот во кој нашиот Огнен Антов беше копродуцент ја доби наградата „Unbribable Award” на програмата на „Транспаренси интернешенл“ на Филмскиот фестивал во Мотовун, Хрватска.

Вториот роман на Попов – „Црната кутија“ исто така е добитник на награди. Во 2007 година ја доби наградата „Елијас Канети“. Досега е објавуван на шест јазици, вклучително и на англиски. Изданието на германски јазик е бестселер, исто како и оригиналот на бугарски. Третиот роман е „Сестрите Палавееви: во бурата на историјата“. Во 2013 година ја доби наградата „Хеликон“ за најдобра прозна книга, а е преведен на германски и на српски јазик. Вториот дел од овој роман е објавен во 2017 година. „Сестрите Палавееви“ наскоро ќе излезе од печат во издание на „Прозарт медиа“.

Попов е добитник на многу литературни награди, меѓу кои: наградата „Хеликон“ за најдобра прозна книга на годината во 2002 и во 2013 година, Чудмировата награда за сатирична фантастика, наградата „The Reading Man Prize“, националната награда „Иван Радоев“ за драма, награда за современ бугарски роман на Фондацијата „Елизабета Костова“ и „Питер Овен паблишерс“.

Во 2012 година Алек Попов е избран за дописен член на Бугарската академија на науките во областа на уметноста.

https://republika.mk/vesti/kultura/pochina-alek-popov-eden-od-najvazhnite-i-najpoznatite-sovremeni-bugarski-pisateli-i-avtor-na-romanite-misija-london-sestrite-palaveevi-vo-burata-na-istorijata-i-tsrnata-kutija/

The post Вечер посветена на истакнатиот бугарски писател Алек Попов appeared first on Република.

]]>

Во Бугарскиот културен центар во Скопје денеска со почеток во 18 часот ќе се одржи Вечер посветена на истакнатиот бугарски писател Алек Попов кој неодамна почина. Алек Попов (роден во Софија, 1966 год.) е и одличен автор на куси раскажувачки форми, неговите раскази од збирките „Мрсни сништа“ и „Ниво за напреднати“ се влезени во многу национални и меѓународни антологии на раскази. Попов е и драматург и есеист. На нашата публика ѝ е познат и како косценарист на популарната ТВ-серија „Преспав“. Неговиот прв роман, кој доживеа огромен успех, комичната сатира „Мисија Лондон“, се базира на неговото искуство како аташе за култура на Бугарија во Лондон и е преведен на 16 јазици. Романот на македонски го издаде редакцијата „Детска радост“ во превод на Александар Прокопиев. Според книгата бугарскиот режисер Димитар Митовски сними филм во 2010 година кој стана најпопуларниот бугарски филм во поновата кинематографија, за кој „Вараети“ напиша дека е „феномен“. Во 2011 година филмот во кој нашиот Огнен Антов беше копродуцент ја доби наградата „Unbribable Award” на програмата на „Транспаренси интернешенл“ на Филмскиот фестивал во Мотовун, Хрватска. Вториот роман на Попов – „Црната кутија“ исто така е добитник на награди. Во 2007 година ја доби наградата „Елијас Канети“. Досега е објавуван на шест јазици, вклучително и на англиски. Изданието на германски јазик е бестселер, исто како и оригиналот на бугарски. Третиот роман е „Сестрите Палавееви: во бурата на историјата“. Во 2013 година ја доби наградата „Хеликон“ за најдобра прозна книга, а е преведен на германски и на српски јазик. Вториот дел од овој роман е објавен во 2017 година. „Сестрите Палавееви“ наскоро ќе излезе од печат во издание на „Прозарт медиа“. Попов е добитник на многу литературни награди, меѓу кои: наградата „Хеликон“ за најдобра прозна книга на годината во 2002 и во 2013 година, Чудмировата награда за сатирична фантастика, наградата „The Reading Man Prize“, националната награда „Иван Радоев“ за драма, награда за современ бугарски роман на Фондацијата „Елизабета Костова“ и „Питер Овен паблишерс“. Во 2012 година Алек Попов е избран за дописен член на Бугарската академија на науките во областа на уметноста. https://republika.mk/vesti/kultura/pochina-alek-popov-eden-od-najvazhnite-i-najpoznatite-sovremeni-bugarski-pisateli-i-avtor-na-romanite-misija-london-sestrite-palaveevi-vo-burata-na-istorijata-i-tsrnata-kutija/

The post Вечер посветена на истакнатиот бугарски писател Алек Попов appeared first on Република.

]]>