литература и култура Archives - Република https://republika.mk/tema/literatura-i-kultura/ За подобро да се разбереме Thu, 17 Aug 2023 07:38:40 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png литература и култура Archives - Република https://republika.mk/tema/literatura-i-kultura/ 32 32 Во Охрид почнува Летната школа по македонски јазик: Учествуваат 70 странски македонисти https://republika.mk/vesti/kultura/vo-ohrid-pochnuva-letnata-shkola-po-makedonski-jazik-uchestvuvaat-70-stranski-makedonisti/ Thu, 17 Aug 2023 07:38:40 +0000 https://republika.mk/?p=672873

Во Охрид утре ќе пристигнат околу 70 странски македонисти и слависти од 18 држави за да бидат дел од 56. Летна школа на Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” во Скопје (МСМЈЛК при УКИМ).

Како што најавија од МСМЈКЛ при УКИМ, по пристигнувањето на странските македонисти и слависти и по отпочнување со лекторската настава, на 18 август во Конгресниот центар на УКИМ во Охрид ќе се одржи свечено отворање на настанот, а свечено обраќање ќе има ректорот на УКИМ, проф. д-р Никола Јанкуловски,  обраќање ќе има и директорката на МСМЈЛК при УКИМ, проф. д-р Весна Мојсова-Чепишевска. Традицинално, на отворањето ќе биде промовиран и зборникот од предавања од претходната летна школа на МСМЈЛК при УКИМ, а промотор ќе биде проф. д-р Гордана Алексова, долгогодишна лекторка на школите на Семинарот.

Пријавени се семинаристи од Кина, САД, Кореја, Италија, Франција, Грција, Турција, Полска, Словачка, Унгарија, Украина, Романија, Русија, Словенија, Хрватска, Србија, Албанија и Чешка. Оттаму додаваат дека значајно е што бројот на семинаристите се зголемува во споредба со претходните години што е уште еден показател и за континуираното зголемување за македонистиката во меѓународната академска заедница.

Составот на учесниците уште еднаш потврдува дека се остварува определбата на МСМЈЛК при УКИМ, македонскиот јазик да одекнува насекаде низ светот – се вели во соопштението.

Програмата на Школата е конципирана така што семинаристите ќе следат лекторска настава. Организирани се лекторски групи за сите нивоа на познавање на македонскиот јазик – почетно, средно и напредно кое е со две поднивоа, за јазик, и за литература. На Школата ќе се одржат и единаесет предавања на еминентни истражувачи, за важни теми за македонскиот јазик, литература и култура, при што дел од нив ќе бидат во чест на важни јубилеи за македонистиката и за македонската историја кои се чествуваат во 2023 година.

Според МСМЈЛК , тоа се пред сè јубилеите 120 години од објавувањето на книгата „За македонцките работи“ од Крсте Мисирков, како и 120 години од Илинденското востание и 100 години од раѓањето на Ацо Шопов.

Во рамките на Школата ќе биде организирана и јазична работилница, а за семинаристите коишто се интересираат за македонскиот фолклор, традиционално ќе се одржи и курс по македонски ора. Во рамките на Школата ќе се одржат и промоции на книги, книжевни средби и интерактивни настани, а семинаристите ќе бидат специјални гости и на 35. меѓународна манифестација „Поетска ноќ во Велестово“, информира Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура.

По завршувањето на Летната школа, од 1 до 3 септември во Конгресниот центар на УКИМ во Охрид ќе се одржува и јубилејната, 50. Меѓународна научна конференција на МСМЈЛК при УКИМ.

The post Во Охрид почнува Летната школа по македонски јазик: Учествуваат 70 странски македонисти appeared first on Република.

]]>

Во Охрид утре ќе пристигнат околу 70 странски македонисти и слависти од 18 држави за да бидат дел од 56. Летна школа на Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” во Скопје (МСМЈЛК при УКИМ). Како што најавија од МСМЈКЛ при УКИМ, по пристигнувањето на странските македонисти и слависти и по отпочнување со лекторската настава, на 18 август во Конгресниот центар на УКИМ во Охрид ќе се одржи свечено отворање на настанот, а свечено обраќање ќе има ректорот на УКИМ, проф. д-р Никола Јанкуловски,  обраќање ќе има и директорката на МСМЈЛК при УКИМ, проф. д-р Весна Мојсова-Чепишевска. Традицинално, на отворањето ќе биде промовиран и зборникот од предавања од претходната летна школа на МСМЈЛК при УКИМ, а промотор ќе биде проф. д-р Гордана Алексова, долгогодишна лекторка на школите на Семинарот. Пријавени се семинаристи од Кина, САД, Кореја, Италија, Франција, Грција, Турција, Полска, Словачка, Унгарија, Украина, Романија, Русија, Словенија, Хрватска, Србија, Албанија и Чешка. Оттаму додаваат дека значајно е што бројот на семинаристите се зголемува во споредба со претходните години што е уште еден показател и за континуираното зголемување за македонистиката во меѓународната академска заедница.
Составот на учесниците уште еднаш потврдува дека се остварува определбата на МСМЈЛК при УКИМ, македонскиот јазик да одекнува насекаде низ светот – се вели во соопштението.
Програмата на Школата е конципирана така што семинаристите ќе следат лекторска настава. Организирани се лекторски групи за сите нивоа на познавање на македонскиот јазик – почетно, средно и напредно кое е со две поднивоа, за јазик, и за литература. На Школата ќе се одржат и единаесет предавања на еминентни истражувачи, за важни теми за македонскиот јазик, литература и култура, при што дел од нив ќе бидат во чест на важни јубилеи за македонистиката и за македонската историја кои се чествуваат во 2023 година. Според МСМЈЛК , тоа се пред сè јубилеите 120 години од објавувањето на книгата „За македонцките работи“ од Крсте Мисирков, како и 120 години од Илинденското востание и 100 години од раѓањето на Ацо Шопов.
Во рамките на Школата ќе биде организирана и јазична работилница, а за семинаристите коишто се интересираат за македонскиот фолклор, традиционално ќе се одржи и курс по македонски ора. Во рамките на Школата ќе се одржат и промоции на книги, книжевни средби и интерактивни настани, а семинаристите ќе бидат специјални гости и на 35. меѓународна манифестација „Поетска ноќ во Велестово“, информира Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура.
По завршувањето на Летната школа, од 1 до 3 септември во Конгресниот центар на УКИМ во Охрид ќе се одржува и јубилејната, 50. Меѓународна научна конференција на МСМЈЛК при УКИМ.

The post Во Охрид почнува Летната школа по македонски јазик: Учествуваат 70 странски македонисти appeared first on Република.

]]>
„Шчо напраифме и шчо требит да праиме за однапред“ за македонскиот јазик, литература и култура? https://republika.mk/vesti/kultura/shcho-napraifme-i-shcho-trebit-da-praime-za-odnapred-za-makedonskiot-jazik-literatura-i-kultura/ Sat, 31 Dec 2022 08:48:54 +0000 https://republika.mk/?p=592196

Директорката на Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј" во Скопје, проф. д-р Весна Мојсова-Чепишевска вели дека е вистинско време Семинарот да го постави Мисирковото прашање: „Шчо напраифме и шчо требит да праиме за однапред?" за македонскиот јазик, литература и култура и нивната афирмација во светот. Таа потсетува и на мислата на Блаже Конески дека „јазикот е нашата единствена комплетна татковина"

Во својата новогодишна порака до јавноста Мојсова-Чепишевска прашува и што направивме за нашата македонска приказна која ја раскажуваме на странските универзитетски центри и воопшто во странските културни средини... Тоа ни е и обврска кон нашите претходници кои ги поставија темелите на македонистиката, пред странските македонисти и слависти кои заедно со нас, таа приказна ја раскажуваат низ светот, но и пред генерациите што остануваат и доаѓаат по нас, заради кои мора да мислиме „шчо требит да праиме за однапред", вели таа. Понатаму Мојсова Чепишевска вели:

„Во годината што ја оставаме зад нас ни се случи јубилејната, 55. Летна школа, со околу 60 учесници од 17 држави, а меѓу нив, покрај универзитетските професори и значајни истражувачи од славистичкиот свет и истакнатите книжевни преведувачи беа и нови, млади посветеници на македонистиката. Тие се една од гаранциите дека во годините пред нас, македонската приказна уште повеќе ќе се раскажува низ светот. А за да им овозможиме да ја раскажуваат снажно и автентично и мошне важно, за приказната да е втемелена во знаење, како што нè учеше и Горан Стефановски, објавивме и нови изданија на учебниците за македонски јазик, литература и култура за странци, подготвени според меѓународните стандарди, како и прв аудио-учебник – за да може не само да се прочита, туку и да се чуе и разбере македонскиот збор.

Колкава е моќта на научната вистина за македонистиката се потврди и на Втората зимска школа што ја организиравме на далечина и на 49. Меѓународна научна конференција посветена ма македонскиот јазик, литература и култура. Но, и секојдневно се потврдува во наставата и научната работа на над 20 странски универзитетски центри во светот на кои се изучува македонистиката, од кои во повеќе од 10 има и лекторати по македонски јазик. Токму од оваа 2022 година, бројот на универзитетски центри и лекторати е и поголем. Се отвори и Катедра за македонски јазик и Лекторат по македонски јазик на Факултетот за јазици, историја и географија на Анкарскиот универзитет во Турција. Веќе се направија и последните подготовки и за отпочнување настава и учење на македонскиот јазик на престижниот Факултет за странски јазици на Универзитетот во Пекинг. Со Лекторат по македонски јазик, македонската приказна ќе се раскажува и во Кина. Но, не запираме тука – оствареното ни дава верба, надеж и сили и натаму да препознаваме каде сѐ има интерес да се изучуваат македонскиот јазик, литература и култура и да се заложиме македонската приказна да почне да се раскажува и на други универзитетски центри во светот.

Во оваа 2022 година, кога одбележавме и 60 години македонистика на Универзитетот во Љубљана и кога меѓу другото се успеа македонскиот јазик да можат да го изучуваат и сите студенти на Истанбулскиот универзитет каде македонистиката се изучува непрекинато 36 години, ни се случија и бројни книжевни преводи од македонски јазик со влог на некогашни и сегашни студенти од нашите лекторати низ светот и учесници на нашите школи, но и бројни нови научни трудови и монографски публикации од странски македонисти.

Дали направивме доволно, најверојатно ќе покаже времето пред нас, но знаеме дека го сторивме сето она што можевме не само за да се раскажува и покажува нашата приказна, туку и за да се случи нејзино следно поглавје. За тоа поглавје ќе работиме и во 2023 година. Силна е желбата повторно да се отвори Лекторатот по македонски јазик на Факултетот за странски јазици на Универзитетот во Тирана, но и барем да започнат одредени активности за лекторати и на други универзитетски центри во странски културни средини во кои има интерес за македонскиот збор и македонската мисла.

Во 2023. ќе се одржи и јубилејната, 50. Меѓународна научна конференција на МСМЈЛК при УКИМ. Научна конференција со најдолга традиција во нашата држава, а воедно и научна конференција за јазик, национална литература и култура со најдолга традиција во регионот! И тоа во годината кога ќе се навршат 100 години од раѓањето на знаменитиот поет на нашата приказна, Ацо Шопов, заради што и Научната конференција ќе биде и во чест на неговото дело. Исто како и Третата зимска школа и 56. Летна школа на МСМЈЛК при УКИМ, коишто ќе ги организираме во 2023 година. Токму со Зимската школа, за која веќе има голем интерес кај странските македонисти и слависти, чествувањето и новото навраќање кон делото на Шопов ќе го започнеме уште кон крајот на јануари, со посакување годината да ја завршиме и со преводи од неговото творештво на повеќе странски јазици преку кои македонската поетска реч уште еднаш ќе одекне низ светот.

Но, во годината што е пред нас ќе се случат и други јубилеи значајни за странската македонистика. Меѓу нив и половина век македонски јазик, литература и култура на Националниот институт за ориентални јазици и цивилизации (ИНАЛКО) во Париз, и тоа откако во 2022 година, македонистиката доби статус на ретка научна дисциплина во Франција, со што се гарантира нејзината заштита и самостојност. Ама и 35 години македонистика на Факултетот за хуманистика во Сосновјец при Шлезискиот универзитет во Катовице, Полска, и исто толку години на унгарскиот универзитет ЕЛТЕ во Будимпешта и 15 години на Филозофскиот факултет при Универзитетот во Риека, кој заедно со Филозофскиот факултет во Загреб е еден од центрите на македонистиката во Хрватска.

Ама сето остварено досега и сето она што го планираме и посакуваме да се оствари и „шчо требит да праиме за однапред" не би било остварилово без влогот на странските македонисти и слависти кои се најважните раскажувачи на македонската приказна во светот. Затоа, и во овие празнични мигови, должни сме да им упатиме благодарност.

Во исто време, благодарност упатуваме и до најголемиот поддржувач на активностите и заложбите на МСМЈЛК при УКИМ, ректорот на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј" во Скопје, проф. д-р Никола Јанкуловски и до ректорската управа. Затоа што ако зад секоја иницијатива и активност на МСМЈЛК при УКИМ не стои и Универзитетот, нашата мисија не би можела да се остварува или барем не онака како што ја остваруваме.

Благодарни сме и на институциите што ја препознаваат нашата мисија и ни овозможија поддршка во 2022 година, кога ни беше потребна, пред сѐ на Филолошкиот факултет „Блаже Конески", на Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков" и на Институтот за македонска литертура. Но, и на Министерството за култура и на Министерството за образование и наука, кои овозможија финансиска поддршка за дел од активностите кои ги остваривме во годинава што останува зад нас. Искрено, се надеваме дека во 2023 година, поддршката може и треба да е и посилна и поголема, затоа што афирмацијата на македонскиот јазик, литература и култура низ светот мора да е наш државен приоритет за кој секој ќе го даде својот влог.

Речиси секојдневно ја цитираме мислата на Блаже Конески дека „јазикот е нашата единствена комплетна татковина". Дел од долгот и обврската што ги имаме кон таа наша татковина е да сториме сè што можеме на македонски јазик, но и на сите други јазици на кои говорат странските посветеници на македонистиката, нашата македонска приказна да се раскажува ширум светот.

Посакувам во следните 365 дена, на сите да ни се исполнат желбите коишто силно и искрено ги посакуваме. Меѓу нив, и нашата заедничка желба, која чинам е најсилна – во годината што е пред нас, заедно со странските македонисти и слависти и со странските универзитетски и научни центри да започнеме уште едно ново, моќно поглавје од нашата приказна со кое македонскиот збор уште посилно ќе одекне низ светот.

 

The post „Шчо напраифме и шчо требит да праиме за однапред“ за македонскиот јазик, литература и култура? appeared first on Република.

]]>

Директорката на Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј" во Скопје, проф. д-р Весна Мојсова-Чепишевска вели дека е вистинско време Семинарот да го постави Мисирковото прашање: „Шчо напраифме и шчо требит да праиме за однапред?" за македонскиот јазик, литература и култура и нивната афирмација во светот. Таа потсетува и на мислата на Блаже Конески дека „јазикот е нашата единствена комплетна татковина" Во својата новогодишна порака до јавноста Мојсова-Чепишевска прашува и што направивме за нашата македонска приказна која ја раскажуваме на странските универзитетски центри и воопшто во странските културни средини... Тоа ни е и обврска кон нашите претходници кои ги поставија темелите на македонистиката, пред странските македонисти и слависти кои заедно со нас, таа приказна ја раскажуваат низ светот, но и пред генерациите што остануваат и доаѓаат по нас, заради кои мора да мислиме „шчо требит да праиме за однапред", вели таа. Понатаму Мојсова Чепишевска вели: „Во годината што ја оставаме зад нас ни се случи јубилејната, 55. Летна школа, со околу 60 учесници од 17 држави, а меѓу нив, покрај универзитетските професори и значајни истражувачи од славистичкиот свет и истакнатите книжевни преведувачи беа и нови, млади посветеници на македонистиката. Тие се една од гаранциите дека во годините пред нас, македонската приказна уште повеќе ќе се раскажува низ светот. А за да им овозможиме да ја раскажуваат снажно и автентично и мошне важно, за приказната да е втемелена во знаење, како што нè учеше и Горан Стефановски, објавивме и нови изданија на учебниците за македонски јазик, литература и култура за странци, подготвени според меѓународните стандарди, како и прв аудио-учебник – за да може не само да се прочита, туку и да се чуе и разбере македонскиот збор. Колкава е моќта на научната вистина за македонистиката се потврди и на Втората зимска школа што ја организиравме на далечина и на 49. Меѓународна научна конференција посветена ма македонскиот јазик, литература и култура. Но, и секојдневно се потврдува во наставата и научната работа на над 20 странски универзитетски центри во светот на кои се изучува македонистиката, од кои во повеќе од 10 има и лекторати по македонски јазик. Токму од оваа 2022 година, бројот на универзитетски центри и лекторати е и поголем. Се отвори и Катедра за македонски јазик и Лекторат по македонски јазик на Факултетот за јазици, историја и географија на Анкарскиот универзитет во Турција. Веќе се направија и последните подготовки и за отпочнување настава и учење на македонскиот јазик на престижниот Факултет за странски јазици на Универзитетот во Пекинг. Со Лекторат по македонски јазик, македонската приказна ќе се раскажува и во Кина. Но, не запираме тука – оствареното ни дава верба, надеж и сили и натаму да препознаваме каде сѐ има интерес да се изучуваат македонскиот јазик, литература и култура и да се заложиме македонската приказна да почне да се раскажува и на други универзитетски центри во светот. Во оваа 2022 година, кога одбележавме и 60 години македонистика на Универзитетот во Љубљана и кога меѓу другото се успеа македонскиот јазик да можат да го изучуваат и сите студенти на Истанбулскиот универзитет каде македонистиката се изучува непрекинато 36 години, ни се случија и бројни книжевни преводи од македонски јазик со влог на некогашни и сегашни студенти од нашите лекторати низ светот и учесници на нашите школи, но и бројни нови научни трудови и монографски публикации од странски македонисти. Дали направивме доволно, најверојатно ќе покаже времето пред нас, но знаеме дека го сторивме сето она што можевме не само за да се раскажува и покажува нашата приказна, туку и за да се случи нејзино следно поглавје. За тоа поглавје ќе работиме и во 2023 година. Силна е желбата повторно да се отвори Лекторатот по македонски јазик на Факултетот за странски јазици на Универзитетот во Тирана, но и барем да започнат одредени активности за лекторати и на други универзитетски центри во странски културни средини во кои има интерес за македонскиот збор и македонската мисла. Во 2023. ќе се одржи и јубилејната, 50. Меѓународна научна конференција на МСМЈЛК при УКИМ. Научна конференција со најдолга традиција во нашата држава, а воедно и научна конференција за јазик, национална литература и култура со најдолга традиција во регионот! И тоа во годината кога ќе се навршат 100 години од раѓањето на знаменитиот поет на нашата приказна, Ацо Шопов, заради што и Научната конференција ќе биде и во чест на неговото дело. Исто како и Третата зимска школа и 56. Летна школа на МСМЈЛК при УКИМ, коишто ќе ги организираме во 2023 година. Токму со Зимската школа, за која веќе има голем интерес кај странските македонисти и слависти, чествувањето и новото навраќање кон делото на Шопов ќе го започнеме уште кон крајот на јануари, со посакување годината да ја завршиме и со преводи од неговото творештво на повеќе странски јазици преку кои македонската поетска реч уште еднаш ќе одекне низ светот. Но, во годината што е пред нас ќе се случат и други јубилеи значајни за странската македонистика. Меѓу нив и половина век македонски јазик, литература и култура на Националниот институт за ориентални јазици и цивилизации (ИНАЛКО) во Париз, и тоа откако во 2022 година, македонистиката доби статус на ретка научна дисциплина во Франција, со што се гарантира нејзината заштита и самостојност. Ама и 35 години македонистика на Факултетот за хуманистика во Сосновјец при Шлезискиот универзитет во Катовице, Полска, и исто толку години на унгарскиот универзитет ЕЛТЕ во Будимпешта и 15 години на Филозофскиот факултет при Универзитетот во Риека, кој заедно со Филозофскиот факултет во Загреб е еден од центрите на македонистиката во Хрватска. Ама сето остварено досега и сето она што го планираме и посакуваме да се оствари и „шчо требит да праиме за однапред" не би било остварилово без влогот на странските македонисти и слависти кои се најважните раскажувачи на македонската приказна во светот. Затоа, и во овие празнични мигови, должни сме да им упатиме благодарност. Во исто време, благодарност упатуваме и до најголемиот поддржувач на активностите и заложбите на МСМЈЛК при УКИМ, ректорот на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј" во Скопје, проф. д-р Никола Јанкуловски и до ректорската управа. Затоа што ако зад секоја иницијатива и активност на МСМЈЛК при УКИМ не стои и Универзитетот, нашата мисија не би можела да се остварува или барем не онака како што ја остваруваме. Благодарни сме и на институциите што ја препознаваат нашата мисија и ни овозможија поддршка во 2022 година, кога ни беше потребна, пред сѐ на Филолошкиот факултет „Блаже Конески", на Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков" и на Институтот за македонска литертура. Но, и на Министерството за култура и на Министерството за образование и наука, кои овозможија финансиска поддршка за дел од активностите кои ги остваривме во годинава што останува зад нас. Искрено, се надеваме дека во 2023 година, поддршката може и треба да е и посилна и поголема, затоа што афирмацијата на македонскиот јазик, литература и култура низ светот мора да е наш државен приоритет за кој секој ќе го даде својот влог. Речиси секојдневно ја цитираме мислата на Блаже Конески дека „јазикот е нашата единствена комплетна татковина". Дел од долгот и обврската што ги имаме кон таа наша татковина е да сториме сè што можеме на македонски јазик, но и на сите други јазици на кои говорат странските посветеници на македонистиката, нашата македонска приказна да се раскажува ширум светот. Посакувам во следните 365 дена, на сите да ни се исполнат желбите коишто силно и искрено ги посакуваме. Меѓу нив, и нашата заедничка желба, која чинам е најсилна – во годината што е пред нас, заедно со странските македонисти и слависти и со странските универзитетски и научни центри да започнеме уште едно ново, моќно поглавје од нашата приказна со кое македонскиот збор уште посилно ќе одекне низ светот.  

The post „Шчо напраифме и шчо требит да праиме за однапред“ за македонскиот јазик, литература и култура? appeared first on Република.

]]>